Да мие заби 2 пати на ден, а долна облека еднаш дневно....
Море убаво тумачење бара ова...напишано е како банкарски договор.
Само да прецизирала машински или рачно перењето,да не и бучи машината додека одмара
< ="text/" ="">spodeli(); Испратена: 26.Јули.2011 во 22:31
За мене идеалниот треба има минимум ССС, оти не трпам неописменет и
припрост маж. Да има прочитано бар 20 книги и да познава бар еден
странски јазик.Пожелно е да има познавање за работа со компјутери
Microsoft Office, Photoshop и така натаму. Да не користи зборови во
говорот на кои не им го знае ни значењето и да не се прави стручен за
нешто за кое не ни слушнал. Да мие заби 2 пати на ден, а долна облека
еднаш дневно. Да сече нокти и да ги чисти ушите. Да се бања најмалку 3
пати неделно. Да не е мрзлив и џаболебар. Да ме сака и почитува, и да
не е подложен на влијанија од околината. Е така!
Еден ден запознав еден прекрасен господин и се заљубив. Кога стана јасно дека ќе се земеме, одлучив да престанам да јадам грав. Неколку месеци подоцна......на мојот роденден, ми се расипа автомобилот додека се враќав дома од работа. Со оглед на тоа дека живеев на село, му се јавив на маж ми и му кажав дека ќе доцнам затоа што морам пешки до дома.
Одејќи така, по пат наидов на мало кафанче од кое се ширеше мирис на грав и едноставно не можев да одолеам.
Бидејќи пред себе имав пат од неколку километри, претпоставив дека по пат ќе се ослободам од сите нус појави. Влегов во кафанчето и за час „средив“ три порции грав. Кога продолжив да пешачам се потрудив да ги испуштам сите гасови.
Кога стигнав дома, сопругот беше среќен што ме гледа и весело ми рече:
„Драга, имам изненадување за вечера!“.
Ми ги врза очите и ме одведе до масата.
Седнав, и токму кога сакаше да ми го тргне превезот, заѕвоне телефонот. Ме натера да му ветам дека нема да го тргнам превезот додека не се врати, и отиде да се јави.
Гравот кој го изедов се уште работеше во мојот стомак и притисокот стана неподнослив, така што ја искористив приликата додека да се врати маж ми да пуштам еден гас на страна.
Не само што беше гласен, туку и смрдеше на ѓубре и твор истовремено. Ја зедов салфетката од масата и жустро ја бркав смрдеата.
Потоа се наслонив на другата страна и си пуштив уште три. Смрдеата беше полоша од готвена и отстоена зелка. Решив да го слушам телефонскиот разговор од соседната соба, и си продолжив да си се олеснувам во наредните неколку минути.
Задоволството беше неописливо. Кога поздравувањето преку телефонот го означи крајот на мојата слобода, направив уште неколку брзи кружни движења со салфетката за да ја раздувам миризбата, и со чувство на задоволство и олеснување, ја спуштив раката.
На лицето сигурно го имав најневиниот израз кога мојот маж се врати и се извини што се задржа толку долго. Ме праша дали сум ѕиркала, но јас го уверив дека не отворив око.
Во тој момент, ми го тргна превезот и дванаесет гости кои седеа околу масата во еден глас викнаа:
Крави добиле пролив откако изеле цела нива лути пиперки
Кравите во близина на штипското село Лесковица изеле цела нива со пиперки, а за нивното ново мени сопственикот станал свесен откако целата штала заударала на реа од испровоцираната нужда од лутите пиперки. Сопственикот веднаш повикал ветеринарна служба која го смирила дека иако лутите пиперки предизвикаа нарушување во системот за варење кај добитокот, за среќа тоа не предизвикува ризици за здравјето на добитокот. Сепак, тој препорачал стриктен режим на исхрана и терапија со лекови која ќе треба да се прима во наредните два три дена. За да им се опорави стомакот, кравите ќе мора да бидат на диетална исхрана што подразбира суво сено. Ќе треба да се воздржат и од буницата, млечната трева и детелината. За нова доза на пиперки не смеат ни да сонуваат. За случајот била информирана и полицијата која според направениот записник утврдила дека кравите измезиле 600 корени пиперки, во вкупна вредност од 50 евра. Сопственикот на нивата во моментот на правење на записникот се уште не знаел што се случило со неговата бавча, бидејќи бил на пазар во Штип.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
- Маж од Австрија успеа во своите настојувања да му биде дозволено на фотографијата од возачката дозвола да носи цедалка на главата, бидејќи така му налагаат религиозните убедувања, потврди виенската полиција. Религиозниот скептик Нико Алм изјави дека е член на пародичната религија основана во САД, Црква на летачкото шпагети-чудовиште, чиишто следбеници се нарекуваат пастафаријанци. Алм вели дека добил инспирација за ваквата иницијатива кога разбрал дека во Австрија е дозволено да се носи украс на главата од религиозни причини на фотографија за официјални документи. "Сметам дека овој исклучок треба да се однесува и на мене и едноставно ја зедов цедалката за тестенини како симбол на Црквата на летачкото шпагети-чудовиште и ја ставив на глава", изјави тој за мрежата ОРФ. Полицискиот портпарол изјави за ДПА дека службата за издавање возачки дозволи одлучила да му издаде дозвола на Алм неколку години откако тој аплицирал, бидејќи лицето целосно му се гледало, а не бидејќи го прифаќа кујнското помагало како религиозен симбол. Црквата на летачкото шпагети-чудовиште постои од 2005 година во знак на протест против одлуката на Образовниот одбор на државата Канзас да воведе верско учење во јавните училишта. "Ако зборуваме за верско учење, единствената догма дозволена во Црквата на летачкото шпагети-чудовиште е негирањето на догмата", стои на нивниот веб-сајт.
Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот