Испечати | Затвори го прозорот

МОРМОНИ

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=9969
Датум на принтање: 10.Мај.2024 во 12:24
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: МОРМОНИ
Постирано од: Isis
Наслов: МОРМОНИ
Датум на внесување: 27.Октомври.2007 во 12:50

Ова е религија која беше основана од човек кој тврдеше дека на рид во Њујорк ги нашол плочите на кои што се запишани десетте заповеди. Колонистите кои се населиле и ја основале сојузната американска држава Јута, имаат своја верзија на христијанството.
Основале црква на Исус Христос – Светец на последните денови. Членовите на оваа црква попознати се како „мормони“. Тие веруваат, дека Бог, покрај Библијата и 10 те Божји заповеди, оставил и некои други инструкции на луѓето. „Книгата на мормоните“ ја пронел Џозеф Смит, кому ангелот-пророк Мормони, му покажал каде да ја најде.
Мормоните „ветената земја“ ја нашле на крајбрежјето на Соленото езеро во пустинското срце во САД и таму го градат својот свет верувајќи дека рајот ќе биде остварен на земјата и дека ќе се наоѓа на територијата на САД. Некогаш практицирале и полигамија (некои имале и по десетици жени) но овој вид на изразувања на верата е напуштен бидејќи полигамијата е со закон забранета.



Коментари:
Постирано од: mali simo
Датум на внесување: 27.Октомври.2007 во 13:07

како се викале ???

МОРМОНИ   ИЛИ   МОРОНИ




-------------
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ



Постирано од: transcript
Датум на внесување: 28.Октомври.2007 во 01:09
Originally posted by mali simo mali simo напиша:


како се викале ???

МОРМОНИ   ИЛИ   МОРОНИ




nee podobro prvin da se zaprasas koi se ovie mormoni, da gi proucis i posle da kazes nesto za niv?



Постирано од: Isis
Датум на внесување: 28.Октомври.2007 во 10:15
Верувањата на мормоните

-Исус Христос е спасител и откупител на светот
-Цело човештво ке воскресне.Но само мормоните ќе бидат во Третото највисоко небо.
-Бог-Отец некогаш бил смртно суштество кое станало Бог
-На луѓето ќе им се суфи според делата
-Откупот за личниот грев може да се постигне преку покорност на мормноските евангелија, и со добри дела
-Исус и Бог-Отец имале полигамни бракови
-Црквата на мормоните е Божјото Кралство на земјата.
-Крштевањето е неопходно за крстениот да се зближи со Бог.Затоа се крштеваат и мртвите
-Бракот е институција која ќе ја има и во идниот живот.Со тој со којшто сте се венчале во мормонски храм,сте се венчале за цела вечност
-За време на 1000 годишното царство на Исус на Земјата, сите мормони ќе се соединат, а Евреите ќе се вратат во Ерусалим



-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 28.Октомври.2007 во 10:25
На Судниот Ден, на сите ќе им се суди според делата.Оние кои направиле најмногу добрини ќе живеат на Новата Земја, а оние кои не направиле ништо посебно,ќе живат на друго место.Оние луѓе кои ги направиле најголемите гревови ќе бидат вечно во Пеколот.Но овие луѓе ке бидат малкумина



-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 28.Октомври.2007 во 10:34
Како живеат мормоните

-Даваат десеток од својот приход во Црквата
-Постат еднаш месечно, месо јадат умерено
-Не пушат,не пијат алкохол, кафе, чај
-Еднаш неделно имаат семејна вечер каде целото семејство,пее,се моли,и игра разни друштвени игри
-Имаат програми за рекреација на млади,но всушност на тој начин врбуваат млади луѓе во нивната вера
-Абортусот е осуден,но ако некоја мормонка е силувана или бременоста е плод на инцест слободно може да абортира, и заедницата нема да ја осуди
-Проповедаат воздржување од мастурбација,гледање порнографија и менување на сексуални партнери
-Предбрачниот секс не е дозволен, а во бракот се бара верност




-------------


Постирано од: Секташ
Датум на внесување: 01.Ноември.2007 во 01:14
Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:

Верувањата на мормоните

-Исус Христос е спасител и откупител на светот
-Цело човештво ке воскресне.
 
Од верувањето на мормоните само ова е вистина.


-------------
.......Тој е челник на назаретската секта. Дела 24:5


Постирано од: Секташ
Датум на внесување: 01.Ноември.2007 во 01:17
Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:

Како живеат мормоните

-Даваат десеток од својот приход во Црквата
-Не пушат,не пијат алкохол, кафе
-Еднаш неделно имаат семејна вечер каде целото семејство,пее,се   моли,и игра разни друштвени игри
-Проповедаат воздржување од мастурбација,гледање порнографија и менување на сексуални партнери
-Предбрачниот секс не е дозволен, а во бракот се бара верност


 
А ова им го препорачувам на сите луѓе кој сакаат да живеат по христијанските стандарди и етика.големо%20гушкање


-------------
.......Тој е челник на назаретската секта. Дела 24:5


Постирано од: Hanibal_King
Датум на внесување: 01.Ноември.2007 во 19:54
STO SE ZAMARATE SO GLUPOSTI!!!!!
KAKVI MORMONI KAKVI MORONIголема%20насмевка!


-------------
BOGOSLOV


Постирано од: bicufce
Датум на внесување: 27.Август.2008 во 15:29
Затоа што гледам дека прилично добро се разбирате во ова, мене ми треба мала помош. Може? Сакам да знам што значи Endowment и Sealed to parents. Значи не само како течат тие обреди, туку и што значат, како би се превеле на македонски.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 27.Август.2008 во 17:59
Opomena za mali simo i Hanibal King - znaete koi se pravilata na ovoj podforum:



http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=12389 - http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=12389


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 27.Август.2008 во 18:18
Ацелера - црквата нивна се вика Church of Jesus Christ and the Later Day Saints, односно, Црква на Исус Христос и Светците од поново време.

Многу се застапени во САД, ги има доста и во Европа (најмногу во Германија). Не сум доволно запознаен со нивното религиозно учење, но познавам неколкумина тука, и можам да кажам дека се исклучително чесни и предани луѓе, кај кои семејството и заедницата се поважни од личниот живот. Имаат неверојатно чувство за долг кон заедницата и многу се помагаат едни со други.
Една од работите која е типична за нив - кога момчето ќе наполни 18 години, ќе заврши средно, го праќаат надвор од местото во кое живее, да работи или да учи во друг град, во друга мормонска заедница, за да стекне искуство, за да научи повеќе, да стекне контакти, за кога ќе се врати да биде вистински маж, спремен да оствари семејство.
Проблемот со оваа заедница не е во самата оригинална група, туку во разно-разните секти кои излегуваат од неа, кои за себе тврдат дека се Мормони, но Мормоните не сакаат да имаат ништо со нив... таквите секти имаат доста изопачени и настрани учења.

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 27.Август.2008 во 18:58
Originally posted by bicufce bicufce напиша:

Затоа што гледам дека прилично добро се разбирате во ова, мене ми треба мала помош. Може? Сакам да знам што значи Endowment и Sealed to parents. Значи не само како течат тие обреди, туку и што значат, како би се превеле на македонски.
 
Не знам како би го превеле ова Endowment.  Тоа е едно посебно посветување кое го добиваат одредени (избрани) мормони. Тоа е еден вид свет завет, света церемонија при што "избраникот" се обдарува со посебни дарови и за посебна мисија. Ритуалот е доста симболичен. Тоа се прави исклучиво во Мормонските храмови. Избраникот добива еден вид свето ритуално миење со што избраникот се удостојува да ја облече наметка на светото свештенство. Потоа следи кулминативната фаза кога избраниот ја облекува наметката на светото свештенство. Потоа се помазува со светото масло. Потоа следи посветувањето при што избраникот добива и ново духовно име. По ова има серии од рецитирања при што избраникот дава одредени завети пред Бог.
Навистина не знам кој е најсоодветниот збор за превод на овој збор на македонски јазик, ете можеби: Посебно свето посветување кај мормоните.
 
Sealed to parents би го превел како "сврзан за родителите".
Мормоните веруваат во два вида на брак. Привремен (до смртта) и Вечен брак (со кој сопружниците се заедно во брак и по смртта). Овие брачни завети се извршуваат исклучиво во Мормонскиот храм. Доколку двајца мормонски сопружници склучат вечен брачен завет (Sealed one to each other) тие подоцна можат и нивните деца да ги врзат за себе (со нивна дозвола!) за да бидат семејство и во вечноста. И ова е еден ритуал што се извршува во мормонските храмови при жто децата (по нивна желба) се врзуваат за своите родители и потоа ти се Sealed to their parents) среќа
 


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk