Испечати | Затвори го прозорот

Напиток кој го намалува холестеролот

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31649
Датум на принтање: 14.Мај.2024 во 16:53
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Напиток кој го намалува холестеролот
Постирано од: pajser
Наслов: Напиток кој го намалува холестеролот
Датум на внесување: 31.Јануари.2024 во 09:46
Моќен напиток кој го намалува холестеролот


Магдоносот содржи две групи на специјални состојки, многу важни за здравјето.

Магдоносот во секојдневната подготовка на храната е исклучителен сојузник на здравјето, а на јадењата им се додава како ситно дополнување главно поради вкусот. Меѓутоа, со тоа правиме многу и за нашето здравје.


Магдоносот содржи две групи специјални состојки, многу важни за здравјето. Во првата група се состојките – природни етерични масла, а во другата спаѓаат – флавоноидите. Покрај нив, магдоносот исто така е богат и со витамините Ц, А и К, па се препорачува да се консумира во сезоните на грип и настинки. Направете го овој едноставен напиток со кој брзо ќе го намалите холестеролот.

Состојки: 1,5 литар вода, 3 китки магднос, 1 кг лимон, сода бикарбона

Подготовка:

Лимоновата кора добро измијте ја со сода бикарбона за се отстранат пестицидите и нечистотијата. Водата зовријте ја и оставете ја да се олади. Во поголем сад исецкајте го на кришки лимонот, а магдоносот исецкајте го ситно и прелијте ги со оладената вода. Затворете го садот и ставете го во фрижидер да отстои еден ден. На крај изблендирајте ја смесата со рачен блендер и секојдневно консумирајте по 100 мл од добиениот напиток.



-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk