Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27867 Датум на принтање: 22.Мај.2025 во 22:30 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: ЧизкејкПостирано од: Valerija
Наслов: Чизкејк
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 09:35
Со овошје,сладолед,кикирики,кафе и многу други варијанти
Чоколаден чизкејк со јагоди
Состојки
Подлога
200 гр. сендвич колачиња
40 гр. путер
Чоколаден дел
200 гр. крем сирење
150 гр. шеќер
100 гр. црна чоколада
2 јајца
2 лажици какао
3 лажици ликер од чоколадо (по вкус)
1 лажичка ванила
Дел со јагоди
700 гр. јагоди
3 лажици шеќер
1 лимон (сок)
3 пакетчиња желатин
За украсување
по желба слаткарски крем, слатка павлака
Ова е еден декоративен и многу вкусен чоколаден чизкејк комбиниран со јагоди и слаткарски крем од ванила.
Подготовка
1. Најпрво раздвојте ги сендвич колачињата. Белиот фил во средината ставете го во посебен сад и тој ќе ви послужи за чоколадниот дел од чизкејкот.
2. Потоа иситнете ги колачињата за да добиете трошки и измешајте ги со путерот. Смесата убаво втиснете ја во округол сад за печење со пречник 18 см. и ставете да се пече на 160Ц 10 мин.
3. За тоа време во садот со белиот фил од колачињата, додадете го крем сирењето и шеќерот и изматете со миксер само да се соединат.
4. Додадете го какаото, растопеното чоколадо, јајцата едно по едно, ванила и по вкус ликерот од чоколадо. Не е потребно да матите многу, доволно е само да се поврзат состојките.
5. Смесата ставете ја врз испечената и изладена подлога од колачиња и ставете повторно да се пече на 160Ц 30-40 мин.
6. Испечениот колач оставете го убаво да се олади и потоа пренесете го на подлога, а околу него ставете обрач за торта.
7. Од вкупната грамажа на јагоди одземете 200 гр. исецкајте ги, додадете им шеќер и половина од лимоновиот сок и ставете ги на оган 5-6 мин само да се растопи шеќерот. Добиената смеса испасирајте ја и поминете ја преку ситна цедалка. Желатинот растворете го согласно упатството на пакетчето и додадете го во топлата смеса од јагоди. Измешајте убаво и вратете ја смесата на оган уште 2-3 мин. додека желатинот да се растопи.
8. Остатокот од 500 гр. јагоди исечете го на резанки и покапете го со сок од половина лимон. Додадете ја смесата од пире и желатин. Измешајте убаво, треба да имате течност до врвот на јагодите.Во овој момент во зависнот од тоа колку ви се водести јагодите, ке процените дали треба да додадете допонително вода (отприлика 50-100мл) или не.
9. Кога ќе се подолади смесата и ќе почне да се згуснува внимателно ставете ја врз испечениот колач. Најпрвин малку јагоди со течност и ќе го ставите калапот во фрижидер. Кога добро ќе се олади и стегне внимателно ќе ги ставите и остатокот од јагодите.
10. Колачот ќе го оставите во фрижидер да се олади и убаво да се стегне желатинот(3-4ч минимум) и потоа може да го извадите прстенот и да го украсите по желба.
11. Кај мене е украсено со слаткарски крем. Рецептот за негова подготовка го имате на следниот линк, а ќе ви биде потребна половина од дозата во рецептот.
*место слаткарски крем колачот можете да украсите со изматена слатка павлака.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Коментари: Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 09:38
1. За основата, прво измелете ги бисквитите и растопете го путерот. Додадете го топлиот путер и румот во бисквитите и измешајте со рака за подеднакво да се распореди путерот. Во калап за торта бр.24 распоредете ги бисквитите и полека со рака притиснете од горе за убаво да се израмни. Ставете го калапот во фрижидер додека го подготвувате кремот.
2. Доколку користите урда изберете поквалитетна (домашна) урда. Исто така може да користите крем сирење или маскарпоне, по желба. Со урдата вкусот ми е некако најубав и добивам убава конзистенција па затоа и најчесто ја користам.
Урдата ставете ја во садот за матење со шеќерот во прав и матете убаво додека се добие убава кремаста смеса. Претходно чоколадото стопете го на пареа и оставете малку да се олади. Потоа додадете во садот и матете да се изедначи. Павлаката изматете ја во цврст снег и постепено додавајте во садот. На крај додадете го румот и кафете и убаво изматете. Кремот убаво распоредете го во калапот, израмнете со шпатула и оставете во фрижедер да се стегне (најубаво преку ноќ).
3. За карамелот, шеќерот ставете го во тава на оган да се растопи. Не мешајте со ништо (за да не ви кристализира) може да ја протресувате тавата од време на време за подеднакво да се стопи шеќерот. Кога шеќерот е веќе целосно растопен, додадете ги коцките путер и (дури сега) промешајте за путерот да се растопи. Кога путерот е растопен, тргнете од оган и внимателно ставајте од слатката павлака (ќе почне да врие и да се крева нагоре па внимавајте да не се изгорите). Количината на слатка павлака зависи која густина сакате да ја постигнете. Кога ќе се олади се стегнува и добивате одличен карамел крем кој може да го користите колачи, торти, комбинации од кремови. Може да се чува во тегличка во фрижидер и неколку денови.
4. Кога тортата е стегната, извадете ја од калапот, декорирајте по желба и послужете. Пред служење нека биде 15тина мин на собна температура.
Добар апетит =)
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 09:46
Чоколаден чизкејк со круши
Состојки
Подлога
250 гр мелени бисквити
150 гр путер
Фил
440 гр крем сирење
300 гр чоколада за готвење
3 јајца
100 гр шеќер во прав
50 мл млеко
400 гр исецкани круши
1 лажица шеќер
1/4 лажиче цимет
4 лажици вода
сок од половина лимон
80 гр нишесте
Калап за торта со пречник 26 цм намачкајте го со путер и на дното и страните обложете го со хартија за печење.
Стопете го путерот и измешајте го со мелените бисквити. Ставете ги во калапот и со лажица израмнете ги. Оставете ги во фрижидер и припремете го филот.
Крушите ставете ги во тава, додајте ја водата, сокот од лимон, циметот и една лажица шеќер и на среден оган нека се динстаат додека течноста испари. Потоа оставете ги да оладат.
Чоколадата стопете ја на пареа и оладете ја.
Сирењето изматете го со шеќерот во прав. Додајте ја чоколадата и продолжите со матењето да се изедначат. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно, млекото и нишестото. На крај додајте ги крушите и измешајте ги со лажица.
Смесата истурете ја во калапот со бисквити и печете во загреана рерна на 170 степени околу 50-60 минути.
Печената торта оставете ја неколку часа целосно да се олади и послужете ја.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 09:52
Чоколаден чизкејк со кафе
Состојки
Основа
250 гр бисквити
100 гр маргарин
Фил со домашно маскарпоне
500 гр кисело млеко со повисока масленост
80 гр шлаг крем
250 мл млеко / вода
3 лажички шеќер во прав
1 кесичка желатин
1 лажица инстант кафе
1 кесичка ванилин шеќер
100 гр темно чоколадо
1 лажичка кафе за декорација плус чоколадни бонбони
1. Прво започнете со подготовка на домашно маскарпоне. Едноставно, земате кисело млеко или павлака со повисока масленост, го ставате го во газа и оставате да се цеди неколку часа, најдобро цела ноќ. Добиената смеса е всушност маскарпоне.
2. Изблендирајте ги бисквитите и додадете го маргаринот. Се заедно белндирајте и по потреба ако не ви се врзува смесата додадете малце вода или млеко.
3. Основата распределете ја во калап бр. 22 и убаво израмнете со чаша.
4. Шлаг кремот изматете го со млеко или вода. Додадете го шеќерот во прав и ванилата. Постојано матејќи додадете го и домашното маскарпоне.
5. Во меѓувреме растопето го чоколадото.
6. Во ѓезве, ставете 1 лажица инстант кафе и 5 лажици ладна вода. Убаво промешајте. Потоа додадете го и желатинот и оставете да набабри. Потоа на оган растопете го и оставете малце да се излади.
7. Од белиот крем одвојте 4-5 лажици.
8. Со постојано матење додадете го стопеното чоколадо, кое предходно малце се изладило.
9. Потоа додадете го желатинот со кафе и миксајте додека да се спојат убаво сите состојки.
10. Кафе чоколадниот крем распределете го врз основата и оставте го во замрзнувач на 1 час, да се излади и фати коричка во горниот слој.
11. Потоа врз него распределете го останатиот бел фил и повторно вратете во замрзнувач на 1-2 часа.
12. За декорација користев инстант кафе во прав и чоколадни бонбони.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 09:55
Чизкејк со капини и готов пандишпан
Состојки
500 гр рикота или несолена урда
500 гр капини
200 гр шеќер
150 гр шеќер во прав
1 лимон
1 екстракт од бутер ванила
400 мл слатка павлака
4 лажици цврста кисела павлака
1 пакетче желатин
1 пакетче згуснувач за торти
1 готова кора падишпан
Ставете ги капините со шеќерот да се сварат. Варете ги околу 5 минути откако ќе почнат да вријат. Процедете ги преку сито.
300 гр изварка и 150 гр шеќер во прав изматете. Додадете 2 лажици кисела павлака, рендана кора од пола лимон и екстракт од бутер ванила.
Посебно изматете ги преостанатите 200 гр изварка со пулпата од капините. Додадете ја другата половина изрендан лимон и исцедете сок од половина лимон. Убаво изматете со миксер, па додадете ги преостанатите 2 лажици кисела павлака.
Спремете го желатинот спрема упатството. 2/3 додадете во белиот фил, а 1/3 во филот со капини.
На страна изматете ја слатката павлака, па додадете ја на двете места по пола. Измиксирајте ги.
Исечете ја готовата кора паднишпан спрема дното на калапот. Кај мене е 5тоаголен, но отприлика одговара за калап 26, 28. Обложете го дното на калапот со паднишпанот, премачкајте во висина од 1 см со филот од капини, ставете пола од белиот фил, премачкајте го грубо и одозгора додадете 3-4 лажици од филот со капини, па измешајте грубо и нееднакво, за да дојди мермерен колорит. Повторете ја постапката уште еднаш на истиот начин со филовите.
По желба одозгора можи да ставите капини или некое друго овошје, иако не мора, бидејќи преливот ќе е темен од капиновиот сируп.
Спремете го преливот за торти спрема упатството, но наместо со вода, користете го сирупот од капини, кој доколку има потреба ќе го дополните со вода за потребата. Во мојот случај течноста требаше да е 250 мл.
Прелијте ја тортата одозгора. По желба можи да попрскате со шарени трошки. Ставете ја во фрижидер неколку саати убаво да се стегни. Пред служење декорирајте (по желба) одозгора со шлаг.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 09:59
Чизкејк сладолед
Состојки
200 мл. слатка павлака
100 мл. кондензирано млеко
100 гр. крем сирење
Кората на 1 лимета
2 раце малини
1. Слатката павлака се става во еден сад и се мати до добивање на крем.
2. На слатката павлака и се додава кондензиранто млеко и крем сирењето и се мати да се соедини.
3. Кората од лиметата се ренда на ситно и се додава во смесата.
4. Малинките се мијат, се додаваат во смесата и внимателно се промешува.
5. Сладоледот се става во замрзнувач да стегни и се сервира со натрошени бисквити.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 10:07
Чизкејк со ореви и вишни
Состојки
Тесто
120 гр мелен анзак бисквит
250 гр крем сирење
50 гр мелени ореви
Фил
250мл слатка павлака
100 гр шеќер (или по вкус)
30 гр ванилин шеќер
4 јајца
4 големи лажици брашно
сируп од слатко од вишни за боја на филот и/или црвена прехранбена боја
Прелив
по потреба/желба вишни и сируп од свишни
За тестото соединете ги сите состојки со рака. Натапкајте ги на тавче со обрач. Јас користам масна хартија во тавчето бидејки не се затвора баш нај нај за да не тече смесата. На главната фотографија не се забележува филот, бидејки хартијата го крие.
Печете во загреана рерна на 200 степени 20 мин.
Извадете од рерна и оставете да се олади. Рерната намалете ја на 100 степени и подгответе го филот.
Матете ја слатката павлака. Додадете го сирупот од слатко од вишни додека да ја добиете посакуваната боја. Доколку не сакате боја во филот, прескокнете ја таа постапка. Пробајте на вкус дали е доволно благо, ако е доволно благо додадете го само ванилинипт шеќер. Ако не е додадете го и шеќер. Јајцата додавајте ги едно по едно. Следното јајце додадете го од како предходното убаво ќе се измати.
Додадете го брашното.
Уште еднаш да повторам, доколку не сакате боја на филот можете да го прескокнете го делот за сирупот од слатко од вишни и прехранбената боја, нема да има голема разлика во вкусот, тоа е заради празничноста :)
Печете во рерна еден час на 100 степени. Извадете да се олади, а подоцна ставете во фрижидер, да се доолади барем 6 часа или преку ноќ.
Пред послужување наредете ги вишните и премачкајте со сокот од слаткото.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 19:41
Чизкејк тортички со лимон
Вкусни колачиња кои ќе ве освојат…
СОСТОЈКИ:
30 гр мелени бисквити
1 лажица шеќер
1 лажица растопен маргарин
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
230 гр крем сирење
55 гр шеќер
1/2 лажичка сок од лимон
1/2 лажичка кора од лимон
1/4 лажичка екстракт од ванила
1 јајце
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Рерната вклучете ја на 170 степени. Намастете 6 вдлабнатини во калап за мафини.
Во сад со средна големина измешајте бисквити, шеќер и маргарин. Масата распоредете ја рамномерно во калапот. Печете во рерна околу 5 минути, а потоа извадете да се излади. Не ја исклучувајте рерната.
Соединете крем сирење, шеќер, сок од лимон, кора од лимон и ванила, а потоа додајте и јајце.
Ставајте од масата во калапот до 3/4 од вдлабнатините. Печете во рерна околу 25 минути.
Чизкејкот можете да го прелиете со овошен прелив или да го украсите по желба.
Уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Мај.2018 во 16:34
Чизкејк со шумско овошје
Брзо и лесно до неодолив десерт!
СОСТОЈКИ:
300 гр мелени бисквити
125 гр путер
1 дл млеко
300 гр крем сирење
200 гр шеќер
1 чаша кисела павлака Пекабела
250 мл слатка павлака
500 гр смрзнато шумско овошје
1,5 кесичка желатин
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
За тестото измешајте мелени бисквити со путер и студено млеко. Масата ставете ја во калап со страни кои се отстрануваат.
За првиот фил разматете крем сирење со половина од шеќерот и кисела павлака, и на крај додајте разматена слатка павлака. Филот ставете го преку направената кора. Ставете во фрижидер да стегне.
За вториот фил шумското овошје згответе го со останатиот шеќер и додајте желатин кој претходно сте го измешале со малку сок од овошјето. Изладената смеса прелијте ја преку филот од сирење. Кога желатинот ќе стегне, тргнете ги страните од калапот.
Послужете и уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Мај.2018 во 19:10
Ананас чизкејк
Состојки
за подлога
300 гр мелени бисквити
6 лажици сок од ананас
12 лажици растопен путер
за крем
300 гр маскарпоне сирење
500 мл слатка павлака
150 гр шеќер во прав
500 гр конзервиран ананас во парчиња
1 кесичка желатин
5 лажици вода
за прелив
150 мл сок од ананас
1 кесичка желатин
5 лажици вода
1. Најпрво се приготвува подлогата. Мелените бисквите се мешаат со сокот од ананас и растопениот путер. Смесата треба да изгледа како воден песок. Се става во калап (бр.26) со обрач кој се вади (може да го обложите и со фолија за да може полесно да се извади). За порамномерно да ја нанесете може да употребите и чаша - со дното притиснете ја убаво смесата и ставете го калапот во фрижидер, да се стегне додека го спремате кремот.
2. Маскарпоне сирењето го матиме со шеќерот во прав, а посебно ја матиме слатката павлака, па ги соединуваме. За тоа време желатинот го натопуваме во 5 лажици вода и чекаме да набубри околу 10 минути. Потоа го ставаме на тивок оган да се растопи. Го додаваме во кремот и матиме со миксер убаво да се соедини. Парчињата ананас, ги цедиме од водата, да бидат убаво исушени и ги додаваме во смесата со кремот. Може да оставите дел од ананасот и за одозгора.
3. Преливот го спремаме така што желатинот го ставаме во сад со 5 лажици вода, 10-тина мунути да набубри. За тоа време сокот од ананас, го ставаме на тивок оган, не да врие и кога желатинот е спремен, го додаваме во сокот. Мешаме кратко колку да се растопи. Чекаме да се излади па го прелеваме врз кремот.
Забелешка - Свежиот ананас не се поднесува добро со желатинот, па затоа во овој рецепт се одлучив за конзервиран, и преливот го направив со сок. Во секој случај, комбинацијата е многу вкусна. Пробајте ја!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Мај.2018 во 19:41
Чизкејк со нутела
Состојки
тесто
250 гр бисквити мелени
70мл вода
1 лажица нутела
100 гр путер
фил
500гр крем сирење неутрално
2 ванили
400 гр нутела
100 гр шеќер во прав
Чискејк кој се прави за 15 минути.
Мелеме бисквити и ги префрламе во сад.
На страна топиме путер и нутела па додаваме и вода и месиме тесто од бисквитот.
Го расплескуваме на намастен калап за тарт.
Убаво тапкаме со рацете на среде потeнко, а по краевите подебело.
Одиме со подготовка на филот.
Крем сирењето се мати со шеќерот во прав и со нутелата,
Се додава ванилата и се мати.
Кога е матен филот, нанесете го врз бисквитот рамномерно.
Листовите од бадем се попрскуваат врз чискејкот и се става во ладилник.
Уживајте во прекрасниов брз десерт.
На здравје.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Јуни.2018 во 19:27
Чизкејк со киви - без печење
Состојки
Подлога
300 гр бисквити
180 гр путер или маргарин
5 лажици кисело млеко
Крем
150 гр шеќер во прав
250 гр маскарпоне
200мл слатка павлака
9гр желатин
5-6 лажици вода
100 гр бело чоколадо
Глазура
3 киви
1 паковка тортенгуст
3 лажици шеќер
200мл вода
Овој десерт се топи во уста. Еве ја подготовката.
Ставете ги бисквитите во кеса и со сукалка издробете ги на ситно.
Можете да ги сомелете и со машинка.
Путерот или маргаринот стопете го и додадете го во садот.
Додадете го киселото млеко.
Префрлете ја смесата во калап, притиснете на подлогата која претходно е премачкана со стопен путер.
Кога ја оформивте подлогата, ставете го калапот во ладилник.
Ќе го подготвиме вториот бел дел.
Слатката павлака ја матиме да се згусне добро. Додаваме и фиксатор за павлака да стои цврсто.
Во истиот сад го додаваме маскарпоне сирењето, па мешаме убаво со миксерот.
Во 5-6 лажици ладна вода го разматуваме желатинот и оставаме да згусне.
Кога е така набабрен, го префрламе во сад на оган и мешаме додека не се растопи, но никако да зоврие.
Приготвениот течен желатин, го додавам во садот кај филот, додаваме и стопено бело чоколадо.
Миксираме добро, додека не го добиеме тој убав пенест крем.
Откако е готов го префрламе во калапот и со шпатула израмнуваме добро.
Повторно враќаме во ладилник.
Тортенгустот го разматуваме со 3 лажици шеќер и 200 мл вода.
Мешаме да нема грутчиња, го ставаме на оган да згусне, но не да зоврие.
Тргаме од оганот и оставаме да одмори 1 минута.
Кивите ги лупиме и сечеме на тркалца. Ги редиме рамномерно врз колачот, а потоа прелеваме со смесата која ќе ја користимека ко глазура.
Покриваме секаде со глазурата, ја потполнуваме секоја дупка.
Садот го ставаме во ладилник 2часа. После 2 часа, сечете и сервирајте.
На здравје со убавиов летен десерт.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Јули.2018 во 10:43
Нутела-чизкејк
Приготвување:
Смелете ги бисквитите во блендер, додајте им го путерот и 1 лажица нутела и убаво измешајте. Додајте 3 лажици од лешниците и продолжете да мелете додека да добиете влажна смеса со форма на песок.
Истурете ја смесата во калап за торта и со помош на чаша со рамно дно притискајте ја на дното и на страните за еднакво да се распореди. Ставете го калапот во фрижидер за да се олади.
Изматете го сирењето заедно со шеќерот во прав додека да се изедначат, а потоа додајте ја останатата нутела и продолжете да матите додека да се спојат.
Извадете го калапот од фрижидер и внимателно прелејте ја подлогата од бисквити со смесата од нутела. Одозгора расфрлајте ги останатите сечкани лешници и ставете ја тортата во фрижидер најмалку четири часа или преку ноќ.
Сервирајте ја тукушто извадена од фрижидер.
Состојки:
300 г бисквити
5 лажици стопен несолен путер
800 г нутела (на собна температура)
200 г лешници, печени и крупно сечкани
450 г сирење маскарпоне или филаделфија
70 г шеќер во пра
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Октомври.2018 во 21:28
Есенски десерт: Чизкејк од тиква
Потребни состојки:
2 шолји мелени бисквити
3 лажици кафеав шеќер
½ лажичка мелен цимет
120 грама стопен путер
За филот:
230 грама крем-сирење
420 грама пире од варена тиква
3 јајца и 1 жолчка
¼ шолја кисела павлака
1 ½ шолја шеќер
½ лажичка мелен цимет
1/8 лажичка мускатно оревче
1/8 лажичка каранфилче
2 лажици брашно
1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови.
2. Во сад со средна големина ставете ги бисквитите, шеќерот и циметот. Додајте путер. Замесете, префрлете ја смесата во сад за печење и израмнете ја.
3. Изматете го крем-сирењето и додајте пире од тиква, јајца, жолчки, кисела павлака, шеќер и зачини. Добро измешајте.
4. Прелијте ја смесата врз кората и ставете ја во рерна. Печете го колачот околу еден час. Кога ќе се испече и излади, ставете го во фрижидер да отстои четири часа пред да го послужите.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Октомври.2018 во 13:49
Прво го приготвуваме филот:
Ја матиме слатка павлака до степен на јако згуснување.
Желатинот го раствараме и оставаме да набабри.
Овошјето го блендираме добро, го растопуваме желатинот на малку топло и така течен го додаваме во овошјето.
Во еден сад ги помешуваме овошјето, павлаката, растопената чоколада, шеќерот во прав и крем сирењето, соединуваме и ставаме во фрижидер.
Оставаме да постои на ладно додека ја приготвуваме подлогата.
На оган ги топиме белата чоколада и путерот и ја соединуваме со топчињата.
Калапот каде ќе ја редиме подлогата го обложуваме со најлонска фолија.
Притискаме на дното и ја ставаме подлогата.
Го топиме и второто чоколадо темното со путер.
Го прелеваме врз првата смеса и ставаме да се стврдне.
Кога е стврднато го вадиме од калапот и го превртуваме од доле да дојде темната страна.
Потоа го дополнуваме калапот со филот и враќаме назад во ладилник..
Јас ја замрзнав целосно и ја сечев за убави ивици да пресечам.
Вкусот е како овошен јогурт.
Забелешка
Да напоменам дека ако го чувате поголго во ладилник, потешко ќе се сече подлогата доле.
Се стврднува многу и ќе ви пука при сечењето.
На здравје!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2018 во 08:59
Чизкејк со динстани јаболка
за основата:
200 g мелени бисквити
1 лажица цимет
70 g стопен путер
(или 200 g мелени грахам крекери, дигестивни колачи или холандски спекулас колачи + 70 g путер)
за филот (користете шоља од 250 ml):
400 g кремсир
1 шоља кисела павлака
1 шоља слатка павлака
1 шоља шеќер
3 јајца
3 лажици брашно
за јаболката:
мааалце путер (ама и не мора)
2 големи јаболка
сок од еден лимон
малце вода
2 – 3 лажици шеќер
цимет
Јас не ги мелам бисквитите во машина, туку ги гмечам со толчник, ама секако можете да ги сомелете како сакате. помешајте ги со циметот и путерот и притиснете ги на дното на тавче со пречник од околу 22 cm. ставете го тестото да се пече празно околу 6 – 7 минути во рерна загреана на 170°C.
Додека тестото се пече, изматете ги со миксер состојките за филот. кога тестото малку ќе се подолади сипете го филот и ставете го чизкејкот да се пече на 170°C, 30 – 50 минути, во зависност од рерната. овој чизкејк беше готов за 30 минути. кога е готово во средината треба да е полуцврсто. почекајте малку да се олади па ставете го во фрижидер да отстои неколку саати пред да го послужите.
За јаболката не е некој строг рецепт. излупете ги и исечете ги на кришки. ставете ги во тенџере заедно со другите состојки и оставете ги да се динстаат на средно околу 10-тина минути, со повремено мешање. ако се јаболката благи, може и да не ставате шеќер. и погледнувајте дали пуштиле многу течност или воопшто не пуштиле и почнале да се лепат. ако треба додајте малку вода, неколку лажици. вака зготвени јаболката се одлични и со мусли или гранола, или врз некој друг колач.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Јануари.2019 во 12:07
Чизкејк со џин тоник
За почетокот на годината, одлучивме да направиме комбинација од омилената торта на многумина и коктел во еден незаборавен десерт и со него да “наздравиме” за новата 2019 година.
Потребни состојки:
- 200 гр. чајни колачиња
- 100 гр. путер
- 500 гр. крем сирење
- 25 гр. шеќер во прав
- 50 мл. џин
- 1 чајна лажичка исцеден сок од лимета (или лимон)
- кора од една лимета
- 100 гр. бело чоколадо
- 300 мл. павлака за шлаг
Начин на припрема:
1. Сомелете ги чајните колачиња со миксер или во блендер додека не добиете прав.
2. Измешајте ги колачињата со растопениот путер, а смесата втиснете ја во калап за торта и ставете ја во фрижидер за да се зацврсти.
3. Во големиот сад, измешајте го крем сирењето, шеќерот, џинот, сокот од исцедената лимета и изрендана кора додека не добиете хомогена смеса.
4. Растопете го белото чоколадо на пареа и оставете малку да се излади (околу 2 минути), пред да го измешате со смесата за филот.
5. Во посебен сад изматете ја павлаката за шлаг и полека вмешајте ја во смесата од сирењето и белото чоколадо.
6. Прелијте ја смесата врз тестото и вратете го калапот во фрижидер на барем шест часа, а идеално е да го оставите преку ноќ.
7. Вака подготвениот десерт послужете го со вашиот омилен коктел.
На здравје!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Април.2019 во 11:07
Dave’s Kitchen: Чизкејк во чаша
Чизкејкот во чаша е вистинскиот рецепт за пролетно уживање!
Потребни состојки:
1 пакување пишкоти
200 гр. неутрално крем сирење
Кора од лимон
Сок од 1/2 лимон
2 кесички шлаг
250 мл млеко
3 лажички слатко од вишни или цреши
Овошје и мрвици за декорација
Начин на подготовка:
Во сад ставете ги крем сирењето, кесичките шлаг, млекото, сокот и кората од лимон. Матете со миксер додека не добиете густ крем (околу 10 мин.)
Во блендер изблендирајте го слаткото од цреши или вишни и додадете го во смесата. Пишкотите потопете ги во млеко и наредете еден слој во чаша за сервирање. Врз нив додајте од филот, наредете повторно од пишкотите потопени во млеко и повторно од филот.
Декорирајте со овошје, пишкоти и ресана. Добар апетит и забавно готвење!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Јули.2019 во 12:54
Летен десерт без печење: Лимон чизкејк
Во пеколните летни денови кога ни на памет не ви паѓа да ја вклучите рерната, а сепак сакате да одушевите со спектакуларен десерт, најдобро кулинарско решение е чизкејк со лимон.
Балансираната комбинација од освежителен фил од лимон и слатка база од кекси ќе ве маѓепса од првото залче.
За да ја подготвите основата, иситнете ги кексите во блендер. Додајте 100 грама растопен путер и прстофат сол. Промешајте со лажица.
Смесата префрлете ја во калап со обрач кој се вади. Разнесете ја рамномерно по дното и со помош на рацете или помагало со рамно дно натапкајте ја. Ставете ја во фрижидер да се зацврсти.
За да го подготвите филот, во длабок сад ставете го крем сирењето и кондензираното млеко и измешајте ги со миксер. Додајте го лимонот и повторно миксирајте за да добиете хомогена смеса.
Во одделен сад изматете ја слатката павлака за да добиете густа пена.
Малку по малку од пената додавајте во смесата и со лажица бавно соединувајте ги. Не мешајте агресивно за да ја задржите воздушестата структура.
Извадете ја основата од кекс од фрижидерот и над неа рамномерно нанесете го филот. Измазнете ја површината и повторно ставете го калапот во фрижидерот.
За финалниот слој, во тенџере измешајте ги сите состојки за преливот (путерот е пожелно да биде растопен). Ставете го тенџерето на многу тивок оган и мешајте со маталка. Гответе на ниска до средна температура околу 10-15 минути, а притоа постојано мешајте. Ќе знаете дека е готово кога смесата ќе започне да се згуснува. Откако ќе ја тргнете од оган, исцедете го преливот преку цедалка за да добиете максимално мазен финиш.
Минимално оладете го добиениот жолт прелив и пред да започне премногу да се згустува, прелијте го врз чизкејкот.
Оставете го десертот да се лади најмалку 4-5 часа пред консумирање. Служете го ладен.
За декорација користете шлаг пена, тенки парчиња лимон, рендана кора од цитрусни овошја, боровинки или какво и да било сезонско овошје.
Овој десерт за чизкејк нема да ве остави рамнодушни.
Состојки:
За корка
65 гр. мелени бисквити
90 гр. сецкани ореви
Лажица шеќер
40 гр. путер
За филот
120 + 125 мл слатка павлака
170 гр. црно чоколадо
220 гр. кафеав шеќер
Три лажици брашно
Лажичка екстракт од ванила
¼ лажичка сол
Две лажички јаворов сируп
Три јајца
Начин на подготовка:
Загрејте на рерната на 180 степени.
Обложете го тавчето со хартија, а потоа измешајте кекс, ореви и шеќер, па додајте го растопениот путер и промешајте. Соединете ја смесата и рамномерно распоредете, па печете 10 минути.
Додека се лади кората, во помало тавче додајте 120 мл. слатка павлака и оставете да зоврие, додајте чоколадо и измешајте.
Изматете го крем сирењето и додајте шеќер, 125 мл. слатка павлака, брашно, екстракт од ванила, сол и две лажици јаворов сируп. Измешајте ги состојките и додајте ги јајцата, па изматете.
Прелијте ја смесата преку корката, ставете 3 лажици од смесата, а преостанатиот дел измешајте го со чоколадото. Направете шари со помош на чепкалка за заби.
Печете околу 50-60 минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2020 во 09:47
https://www.crnobelo.com/hrana/recepti/75467-bez-pecenje-cokoladen-cizkejk" rel="nofollow - - Без печење: Чоколаден чизкејк
Ви се јаде благичко додека сте дома нели? Сакате да подготвите нешто на брзинка? Што велите за чоколаден чизкејк без печење?
Потребни состојки:
За подлогата:
150g мелени бисквити
100ml млеко
100g топен маргарин
100g шеќер
100g стопено чоколадо за готвење
За филот:
200g стопено млечно чоколадо
400ml слатка павлака
300g крем сирење
130g шеќер во прав
За глазурата:
150ml слатка павлака
150g чоколадо за готвење
Подготовка:
На подлогата:
Измешајте ги бисквититите, млекото, стопениот маргарин, шеќерот и чоколадото за готвење. Смесата поставете ја на подлога со дијаметар од околу 25cm и распоредете ја смесата. Подготвената подлога ставете ја во фрижидер додека го подготвувате филот.
Подготовка на филот:
Изматете ја слатката павлака додека да добие цврстина. Во посебен сад изматете го крем сирењето со шеќерот во прав. Додадете го стопеното млечно чоколадо и измешајте ги заедно.
Додадете ја оваа смеса во смесата од слатката павлака и соединете ги состојките. Добиената смеса ставете ја во калапот врз подлогата. Тортата ставете ја во фрижидерот додека ја подготвувате глазурата.
Подготовка на глазурата:
Слатката павлака загрејте ја до вриење на средна температура. Додадете го чоколадото за готвење и мешајте додека не се растопи. Глазурата оставете ја да се олади и потоа прелијте го филот во калапот. Тортата оставете ја во фрижидер во текот на ноќта за да се стврдне добро.
Декорирајте со овошје по желба.
На здравје десерт!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Мај.2020 во 11:38
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Мај.2020 во 14:35
Чоколаден чизкејк без печење – Кралот на сите десерт и по вкус и по изглед
Многумина го избегнуваат правењето на чизкејк, бидејќи по правило е посложен десерт за правење, но не и нашиот чоколаден крал! Денес ви го подготвивме најлесниот и највкусен рецепт за чизкејк!
Состојки
300грбисквити со вкус на какао
100грпутер
400гркрем сирење
150гршеќер во прав
400грмлечно чоколадо
200млпавлака
Начин на подготовка
Сомелете ги бисквитите на ситни тронки. Растопете го путерот и измешајте го со бисквитите. Добиената смеса поставете ја на дното на соодветен сад и распоредете ја подеднакво на целата површина. Оставете да се излади во ладилникот на 1 час.
Растопете 250 гр чоколадо. Изматете го сирењето, а потоа во истото додадете ги шеќерот и чоколадото. Изматете 100 мл павлака одделно и додадете кон претходната смеса, а потоа додадете ја во садот и исто подеднакво распоредете ја.
За глазурата, растопете го преостанатото чоколадо и измешајте го со 100 мл павлака.
Покријте го чизкејкот со добиената глазура и поставете го десертот во ладилникот, да се излади 4 часа. Пред неговото сервирање може да го декорирате со какао и чоколадо.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Јуни.2020 во 22:29
Cheesecakeкој вашето семејство ќе го обожава
Тајната на овој неверојатен чизкеј е во тоа што состојките се подготвуваат загреани на собан температура. Уште едне важен трик е што чизкејкот не се пече класично во рерна туку во сад со вода. Поради тоа на него после печењето нема пукнатини.
Кремастиот дел да нема грутки Стефани нагласува пред подготовката треба барем десет до дваесет минути јајцата и крем сирењето да ги извадите од фрижидер. Важно е состојките да не ги мешате пресилно, ниту пак предолго, бидејќи чиз кејкот при печењето нема убаво да нарасне туку едноставно ќе “потоне“.
Состојки за Чизкеј:
100 g растопен маргарин
300 g дробени бисквити
200 g шеќер во прав
1 лажичка пченкарно брашно
3 јајца
2 лажички лимунов сок
неколку капки чиста ванила или екстракт од ванила
прстофат сол
2 шолји кисела павлака за готвење
Cheesecake – Подготовка:
Рерната вклучете ја на 180°C и лесно загревајте ја. Дното и страните на калапот со димензии 22 x 6 сантиметри премачкајте ги со маргариот. Исечете хартија за печење така да едниот дел да го прекрие дното на калапот, а другиот страните. Хартијата премачкајте ја со масло за готвење.
Издробените бисквите ставете ги во калапот и во него лесно измешајте го растопениот маргарин. Добиената смеса втиснете ја на дното на калапот, користејќи чаша или нешто слично. Изматете го крем – сирењето со електричен миксер да добиете глатка смеса. Водите сметка да не матите премногу за да не биде смесата премногу мека после печењето. Потоа ставете го пченкарното брашно, па додадете ги јајцата, едно по едно, мешајќи секојпат кога додавате за да добиете глатка смеса. Сипете го сокот од лимонот, ванилата и солтта. Измешајте ја и киселата павлака додека не се соедини со сите состојки.
Смесата ставете ја во калап кој ќе го поставите во поголем сад за печење. Во него ставете врела вода во висина до половина од садот. Печете 50 минути, а потоа исклучете ја рерната ама вратичката не ја отварајте наредниот час. Овој чекотр е многу важен и Стефани особено го нагласува.
После еден час извадете го калапот од вода и колачот во потполност изладете го пред сервирање на решетката во вашиот фрижидер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Јули.2020 во 22:01
Dave’s Kitchen: Чизкејк со малини и ванила
http://www.idividi.com.mk/stil/ishrana/1210869/index.html" rel="nofollow - - Чизкејкот е совршен летен десерт, лесен за подготовка, а уште полесен за јадење. Од кујната на https://www.facebook.com/daveskitchenofficial/" rel="nofollow -
Потребни состојки:
За основата:
150 гр мелени бисквити
150 гр мелени ореви, бадеми или лешници
2 лажици шеќер
200 гр растопен путер
За филот:
400 гр крем сирење
200 мл млеко
3 кесички за шлаг крема
4 лажици шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
1 пакетче желатин, растворен во вода и растопен на пареа
За преливот со малини:
300 гр малини
80 гр шеќер
Сок од 1 лимон
2 кесички ванилин шеќер
1 кесичка желатин растворен во вода
Начин на подготовка:
Во длабок сад ставете ги сите состојки за основата на чизкејкот и добро промешајте. Распределете ја смесата во округло тавче на механизам и оставете во ладилник да се стегне додека не го направите филот од крем сирењето.
Во длабок сад ставете го крем сирењето кое било на собна температура и додајте го млекото, кесичките за шлаг крема, шеќерот во прав и екстрактот од ванила. Добро промешајте со миксер матејќи околу 5 минути додека не добиете убава хомогена мазна структура на филот.
Додајте го претходно растворениот и растопен на пареа желатин и добро промешајте. Претурете го филот врз основата и оставете во ладилник да се стегне.
Во тенџере на оган загрејте ги малините, шеќерот, сокот од лимон и ванилиниот шеќер.
Варете околу 7-8 минути и тргнете од оган. Прецедете ја смесата за да ги отстраните сите семки од малините. Во жешкиот прелив од малини додајте го растворениот желатин и промешајте додека комплетно не се растопи.
Оставете да се излади околу 20-30 минути, а потоа прелијте го врз горниот дел од чизкејкот. Оставете да се стегне околу 4 часа. Послужете и уживајте.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Јули.2020 во 22:22
Чизкејк од праски и манго – Комбинација на вкусови која не остава никого рамнодушен
Овој лесен чизкејк создаден од чудесна овошна комбинација од праски и манго, многумина ќе се согласат дека претставува идеален летен десерт, кој едноставно не остава никого рамнодушен! Совршен за летните горештини!
Состојки
За филот
500млслатка павлака
400гркрем сирење
80млсвежо млеко
6листовижелатин
Половинаманго
120гршеќер
За пандишпанот
200грбисквити со путер
125грпутер
За преливот
Половинаманго
1голема зрела праска
3-4супени лажицишеќер
2листажелатин
Начин на подготовка
Сомелете го бисквитите во блендер. Следно, растопете го путерот и измешајте го со бисквитите. Добиеното тесто додадете го во соодветен калап, лесно распоредете го и складирајте го во ладилникот.
Поставете ја павлаката да се приготвува на оган, додадете млеко и шеќер и веднаш штом течноста ќе зоврие, додадете го крем сирењето и мешајте додека не се стопи. За да побрзо ја направите смесата хомогена, користете маталка.
Отстранете ја смесата од оганот и оставете ја на страна,за кратко, а во меѓувреме растворете го желатинот. Потоа додадете го во смесата и измешајте. Не го додавајте желатинот во врела течност, за да не ги изгуби неговите својства.
Врз затегнатиот чизкејк додадете фил од манго и праски. Измешајте ги двата вида на овошје и во добиеното пире, растворете го шеќерот. Додадете шеќер колку што сакате, по ваш вкус.
Повторно потопете ги листовите желатин во ладна вода. Загрејте малку вода (не треба да врие) и растворете го желатинот во остата. Истурете во мешавината на овошје и промешајте.
Нанесете тенок слој од овошната мешавина врз чизкејкот и повторно ставете го во ладилникот, со цел желатинот да се зацврсти. Оставете го во ладилникот околу 4 часа, пред да сервирате.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Септември.2020 во 22:50
Dave’s Kitchen: Освежителен чизкејк со шумско овошје
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Декември.2020 во 20:25
https://www.kafepauza.mk/zivot/recept-za-chizkejk-so-liker-od-portokal/" rel="nofollow - - Рецепт за чизкејк со ликер од портокал
Можете да направите чизкејк на многу начини, но овој вкус нема да го заборавите толку лесно затоа што е посебен.
Потребни состојки:
За подлога:
масло
300 грама чоколадни кекси
2 лажици какао во прав
90 грама стопен путер
За крем:
560 грама крем сирење
150 грама маскарпоне
150 грама шеќер во прав
300 милилитри слатка павлака
рендана кора од 2 портокали
За желе:
100 милилитри ликер од портокал
230 милилитри прошек
65 милилитри газирана вода
20 милилитри шеќерен сируп
6 листа желе
Начин на подготовка:
Премачкајте го плехот со масло. Во блендер, измешајте ги кексите со какаото, потоа ставете ги во еден сад и додајте го путерот. Ставете ја смесата во плехот, израмнете ја и цврсто притиснете ја со прстите.
За кремот, со миксер изматете ги маскарпонето, крем сирењето, шеќерот во прав и павлаката. Потоа, додајте ја кората од портокал и измешајте. Со лажица нанесете го кремот на подлогата и оставете го да се излади неколку часа.
За да направите желе, со метална лажица измешајте ги ликерот, прошекот, газираната вода и сирупот. Обидете се да оставите колку што можете повеќе меури. Натопете го желатинот во вода и оставете го да стои додека не стане мек и еластичен. Затоплете ја смесата од ликерот, а потоа тргнете ја настрана и додајте го желатинот откако ќе го извадите од водата. Добро измешајте и оставете да се излади. Прелијте го кремот и оставете го колачот во фрижидер најмалку 6 часа.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Декември.2020 во 20:30
https://www.kafepauza.mk/zivot/chizkejk-so-fstaci/" rel="nofollow - - Чизкејк со ф’стаци
Пробајте го овој необичен, но супер вкусен рецепт: Чизкејк со ф’стаци.
Потребни состојки:
130 г брашно
60 г мелени бадеми
50 г шеќер
115 г омекнат путер
700 г крем сирење
200 г кондензирано млеко
4 лажици густин
1 лажица екстракт од ф’стаци
3 јајца
Начин на подготовка:
Во поголем сад ставете ги брашното, бадемите, путерот и шеќерот и спојте ги состојките со мешање. Ронливата смеса нанесете ја во калап за печење со обрач. Ставете ја кората 30 минути во фрижидер.
Во друг длабок сад ставете го крем сирењето, кондензираното млеко, густинот, екстрактот од ф’стаци и јајцата и изматете ја смесата со миксер. Нанесете ја смесата врз кората во калапот и печете го колачот 90 минути на 180 ᵒС.
Откако колачот ќе се излади исечете парчиња и послужете ги со изматен шлаг и дробени ф’стаци.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Декември.2020 во 11:10
https://www.kafepauza.mk/zivot/magichen-recept-za-chizkejk-so-sovrsheni-sloevi/" rel="nofollow - - „Магичен“ рецепт за чизкејк со совршени слоеви
Потребни состојки:
За украсување:
250 милилитри шлаг
175 милилитри кондензирано млеко
1 лажичка екстракт од ванила
За основата:
4 лажици путер
150 г експандиран ориз
едно големо пакетче маршмалоу
За филот:
2 лажици желатин во прав растворен во 175 милилитри ладна вода
250 г крем сирење филаделфија
175 милилитри кондензирано млеко
375 милилитри шлаг
250 г стопено бело чоколадо
една лажица екстракт од ванила
две капки од различни бои
Начин на подготовка:
Растопете го путерот и маршмалоу, додајте го експандираниот ориз и притиснете во сад по избор.
Во мал сад растворете го желатинот со водата. Оставете 5 минути, а потоа во микробранова за 30 секунди.
Во блендер измешајте го крем сирењето, кондензираното млеко и шлагот. Потоа додајте го стопеното чоколадо, екстрактот од ванила и желатинот и блендирајте пак.
Разделете ја смесата во 6 различни чинии и додадете различни бои во секоја чинија.
Земете една од обоените смеси и ставете ја врз веќе подготвената основа. Потоа оставете 20 минути во фрижидер. Повторете го истото со сите слоеви. Овој чекор е малку подолг, но ве уверуваме дека вреди!
Кога сите слоеви се готови, оставете во фрижидер за неколку часа.
За украсувањето, блендирајте го шлагот со кондензираното млеко и екстрактот од ванила. Ставете ја смесата во шприц за декорација и украсете по желба!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!