Испечати | Затвори го прозорот

Христос или (кривоверните) милитантни верзии?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27584
Датум на принтање: 12.Мај.2024 во 14:45
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Христос или (кривоверните) милитантни верзии?
Постирано од: spiros
Наслов: Христос или (кривоверните) милитантни верзии?
Датум на внесување: 27.Март.2016 во 12:56


Утринава во ирски даблин се слави (грегоријански) Големден (Воскресение=Велигден) но и 100 години од вооруженото востание на ирците против големобританската империја, кое беше крваво угушено од страна на големобританците. Покрај милитантниот пораз, овој ден во ирска важи како денот на кој што започнува “слободата и независноста“ на ирците.

Дали ирците, македонците, грците, албанците, бугарите, србите, ... арабите и евреите, покрај толку големи борби и пролиена крв (во минатото и сегашноста), се навистина слободни и можат на тој начин да дојдат до Вистинската Слобода?

За жал и (околу) 2000 г. после Христовото раѓање, неверниците и кривоверниците предводени од нивните (духовни и национални) водачи, се’уште (процентуално) повеќе го љубат “ослободителниот пат“ на Исус Варава одколку на Исус Христос!(види во Матеј 27:17)

Да, пред (околу) 2000 г. израелскиот народ - предводен со неговите тогашни духовни водачи - на демократски начин (мнозински) Го одфрли Совршениот Пат БОЖЈИ (Исус Христос) и го избра патот на милитантното (верско и национално) борење за “слобода“, чиј што репрезетант тогаш беше Исус Варава. (види во Матеј 27:26)

Што треба уште да му се случи на човештвото за да се разбуди и одлучи за Вистинскиот Исус (Христос), Вистинскиот Пат и Вистинската Слобода, а да го заврти грбот на крвавиот империализам, крвавиот национализам, крвавиот фундаментализам ... ?








-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!






Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk