Испечати | Затвори го прозорот

Болка во увото или оталгија

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27027
Датум на принтање: 14.Мај.2024 во 19:56
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Болка во увото или оталгија
Постирано од: zamislena
Наслов: Болка во увото или оталгија
Датум на внесување: 15.Март.2014 во 00:27

Болка во увото може да се јави во било кој период од животот без разлика на годините. Тоа е и една од најголемите причини кога родителите, децата веднаш ги носат на лекар доколку се пожалат на болка во ушите.

Болката може да се појави и само на едното уво, но може да се појави и на двете истовремено. Таа е секогаш со различен интензитет, почнувајки од лесна болка до тешко подносливи болки, како и со различен карактер на болката како што е тапа болка, остра болка и жаречка болка.

Таа болка во ушите се нарекува оталгија. Најчести предизвикувачи: се инфекција на увото, повреда или иритација. Но може да станува збор и за радијална болка. Радијалната болка е резултат на повреда или инфекција на структури во близина на увото, како забите или вилицата, која се проширува кон увото и симулира оталгија.

Никогаш немојте да ја занемарувате болката во ушите, доколку осетите и најмала болка обратете се до вашиот лекар за да не настанат поголеми компликации.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk