Испечати | Затвори го прозорот

Поткровје

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Дом и градина
Опис на форумот: Уредување, фенг шуи, ентериер
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26815
Датум на принтање: 29.Март.2024 во 16:33
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Поткровје
Постирано од: Valerija
Наслов: Поткровје
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 22:47





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 22:49







-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 22:49


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Декември.2013 во 08:03




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Декември.2013 во 08:03


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Декември.2013 во 08:06
Резултат со слика за photos of potkrovje


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Декември.2013 во 16:31
http://tocka.com.mk/images/content/sodrzina/sobi-potkrovje-07.jpg


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Декември.2013 во 18:44

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17029-staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce" rel="nofollow - Старо поткровје претворено во женствено катче

Средувањето на поткровјето секогаш е огромно задоволство, посебно ако треба да го претворите во нешто уникатно и по ваш вкус. Исто е и со овој стар стан од 50 метри квадратни кои со неколку едноставни измени е претворен во весело, женствено катче.

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-01

Реновираниот и трансформиран стан е одлична мешавина од традиционалната градба и современиот ентериер.

Целиот стан е поделен на два дела. Во првиот спаѓа дневната соба која во продолжение има прекрасна кујна со шанк и трпезарија, додека во вториот спаѓа спалната соба и мала бања.

Овој мал стан е доказ дека креативноста и функционалноста навистина одат заедно.

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-02

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-03

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-04

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-05

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-06

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-07

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-08

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-09



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 19:13





Адаптација на поткровје



Поткровјето како дом во минатото најмногу го користеле студентите, уметниците и боемите поради пониската кирија и “престојот под небо”. Тогаш поткровјето се сметало за помалку вреден простор, но во поново време, со примена на новите сознанија и материјали, овозможена е поквалитетна градба на поткровјето, а решени се и проблемите со изолацијата. 




Со набројување на добрите и лошите страни на поткровјето можат да се отстранат сомневањата дека тоа е помалку вреден простор.

Лоши:

Поголем дел од лошите особини важат за поткровја кои се уредени пред триесетина и повеќе години. 

• можност за прокапување 
• последен кат 
• лоша топлинска изолација (во зима студено, во лето многу топло) 
• лоша звучна изолација 
• четврт или повисок кат без лифт 
• постоечките отвори најчесто се премали или дотраени 
• приодот на оџаците многу често не е решен 
• многу често отсуство на балкони или тераси 
• подовите se изведени без “пливачки под”, бучавата се пренесува во станот подолу 
• дрвена таванска конструкција која не ги задоволува денешните барања 
• приклучоците за комунални инсталации не задоволуваат (струја, вода, канализација т.е. најчесто се со премали пречници). 


Добри:

• нема станови над поткровјето 
• нема бучава 
• помала бучава од улицата 
• помала прашина од улица 
• добра осветленост 
• претежно добар поглед 
• обично нема носечки столбови 
• докажано е дека луѓето кои живеат на повисоките катови без лифт имаат помалу срцеви тегоби од оние на приземје или на прв кат, поради тоа што повеќе се движат. 




Денешната технологија овозможува да се отстранат скоро сите недостатоци кои се јавуваа кај постарите поткровја. При адаптација на поткровјето прво се санира подната и кровна конструкција, а многу е важно да се постави правилна изолација на кровот. Како најголема иновација се смета токму решението за изолацијата, каде освен топлинската изолација, предвидено е и природно вентилирање на просторот под кровот, како и природно вентилирање на самата топлинска изолација. Природното вентилирање на просторот под кровот е битно поради намалено влијание од директното загревање, што спречува зголемување на температурата дури и до двојни вредности од надворешната температурата на воздухот.





Во случај да се определите за уредување на поткровјето, најдобро е овластен архитект да ве посоветува како да го сторите тоа, да се дијагностицира состојбата и носивоста на материјалите и констукцијата, за да може да се дадат првите предлози за уредувањето. Најдобро е да се предвиди употреба на полесни материјали. Наједноставно и по цена најдостапно решение е сувата монтажа, односно употребата на гипсените плочи за обложување на кровот и изведба на преградните ѕидови. 




Наједноставно и најефтино решение е кога само спалната соба е сместена во поткровјето, додека бањата е на понискиот кат. Така уреденото поткровје станува дел од дом со два ката каде не е потребно засилување на подната конструкција и поставување на “пливачки под”. Со избор на кровните, или каде е возможно и класични прозорци, во поткровјето внесуваме светло. 




И на ова ставка не би требало да се штеди. Кога се работи за детска соба потребно е да се обезбеди површина на отворите во вредност од 1/8 од површината на подот, за да се создадат услови за развој на детето во просторот каде истовремено ќе учи, игра и спие. 


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 19:15

Префинето поткровје – за удобно и среќно секојдневие …


Станбените простори доаѓаат во повеќе облици и големини – од големи куќи до мали станови…

Но според многумина поткровјата се вистински предизвик кој доколку се дизајнира според желбите може да преставува вистинско задоволство…

Стилизираното поткровје е дизајнирано од Fabio Gianoli. италијански дизајнер за внатрешно уредување. Поткровјето се наоѓа во Сондрио, градот во срцето на долината Valtelline, Ломбардија, северна Италија.

Контрасни бои кои формираат интересен исполнет простор, кој со помош на перфектно поставеното осветлување го чини ова поткровје максимално елегнатно и префинето…

Погледнете како изгледа перфекцијата во дизајнирањето !!!




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 19:24

http://www.kafepauza.mk/art-i-dizajn/potkrovje-za-koe-sonuvate/" rel="nofollow - Поткровје за кое сонувате


Минимализам, јасна и чиста линија и топлина во просторот се основните карактеристики на ова прекрасно поткровје, уредено од страна на внатрешниот дизајнер Нана Лагерман од Шведска.Поткровје за кое сонувате
Поткровје за кое сонуватеПоткровје за кое сонуватеПоткровје за кое сонуватеПоткровје за кое сонувате


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 19:37
Поради овие соби ќе посакате да живеете на поткровје

Собите на поткровје имаат некоја необична привлечност.
Собите на поткровје имаат посебен шарм и топлина. Уредувањето на таквиот простор носи многу предизвици.

Се надеваме дека интересните примери подолу ќе ви дадат барем појдовна точка и ќе ве инспирираат собата да си ја уредите на најдобар можен начин.

Значи, ништо не може да ве спречи собата на поткровје да ја направите како од соништата, погледнете ги примерите и почнете да креирате.



























































-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2014 во 09:10

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/22366-potkrovje-vo-njujork-inspirirano-od-eden-nostalgicen-son" rel="nofollow - - Поткровје во Њујорк, инспириранo од еден носталгичен сон


Неверојатното поткровје во Њујорк на актерот Bradley Darryl Wong e продаденo за $3.250.000 долари. Чини вистинско мало богатство, но и самиот е таков. Иако делува како за него да застанало времето, сепак во себе крие многу минато, историја и душа.

potkrovje-vo-njujork-inspirirano-od-eden-nostalgicen-son-01

Изработено е по пат на реновирање, но со цел да се задржи стариот изглед, да се употребат стари елементи, да не се избришат трагите на она што било и поминало.

Ќе забележите врати кои потсетуваат на канцеларии на детективи од минатото, стари телефони и часовници кои го запреле времето, но чуваат многу драги спомени и моменти.

Дрвените полици и фиоки од некогашните библиотеки и ѕидовите со топли бои или чергичките на дрвениот под го даваат тоа посебно чувство на сигурност, дом и спокој.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Април.2014 во 07:40

Уредете го поткровјето: Погледот на небото е најубав со правилен распоред


Поткровјата се синоним за шармантен и романтичен животен простор исполнет со необични коси ѕидови, греди и прозорци со поглед кон небото. Становите на поткровје се исти како и оние на приземје, се продаваат поевтино, бидејќи ѕидовите се пониски и просторот ќе ви биде уникатен.


Становите на поктровје веднаш ве предизвикуваат да почнете да мечтаете на високо, а мебелот кроен по мерка за станот ви помага да го реализирате сонот. Постојат и безброј парчиња мебел на расклопување, кои совршено ќе се вклопат во малиот простор. Особено внимание треба да се обрне на прозорците, кои треба да бидат големи.

Прозорци

За време на распоредувањето на мебелот водете сметка на светлината. Прозорците кои гледаат на север и исток ќе имаат поблага светлост, од оние на јужната и западната страна од кои ќе продира и топлина.

Кујна



Искористете го косиот ѕид за уредување на кујна по мерка. Со оглед на тоа дека многу кујни во малите станови немаат прозорци, овде можете да си вметнете прозорец на кровот, кој целосно ќе ви пренесува светлина, а и секогаш кога ќе готвите ќе може да го отворате.

Поглед

При изборот на стан на поткровје, избегнувајте ги становите кои имаат прозорци само на кровот. Ќе ви се ограничи погледот само на небото и за брзо време тоа ќе ви стане монотоно. 

Идеален простор за детска игра и креативна работа


Многу куќи кријат неискористени тавани на кои се наоѓаат неискористени работи, а токму тој простор можете да го искористите за дополнителна соба за гости, детска соба, простор за учење или играње. Таванскиот простор е оддалечен од останатите соби, па таму е целосна тишина за одмор и релаксација. Преуредете го целиот таван, но проверете ја неговата сигурност. Доколку е потребно поставете неколку столбови.

Спалната соба може да биде добро изолирана

Многу е важна топлинската изолација на поткровјата. Летото е потопло отколку на пониските катови, а зиме потешко може да се затопли, па важно е да обезбедите што помало губење на топлинската енергија. Клима уредот е морален за време на летниот период, особено ако на поткровјето се наоѓа и вашата спална соба. Стручњаците препорачуваат клима уредот да се постави што повисоко во просторијата, а прозорците на југ ќе го заштедат греењето за време на зимниот период.


За сè останато искористете ја вашата имагинација. Играјте си со бои и контрасти и уживајте во вашето ново катче!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Октомври.2014 во 14:15

http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/25918-fantasticno-potkrovje-vo-srceto-na-istanbul" rel="nofollow -

Сопственикот на ова совршено поткровје е маж кој сакал да живее во простор подреден по неговите потреби. Токму така, исполнувањето на желбите прераснало во уникатна реализација.

fantasticno-potkrovje-vo-srceto-na-istanbul-01.jpg

Поткровјето се протега на 180 метри квадратни, а по желба на сопственикот, како доминантен материјал е користено дрвото кое му дава посебен природен шмек и топлина.

Просторот нема балкон, па затоа архитектите решиле да ја пропуштат светлината низ големи прозорци и стаклени ѕидови, кои даваат чувство на свежина.

Во кујната доминира големиот камин и бетонската работна плотна која се трансформира во удобна маса.

Бетонот кој е користен во галеријата, тоалетот и спалната соба, му дава на целиот простор по малку индустриски шарм.

Токму индустрискиот начин на уредување, помешан со светлината и погледот кон срцето на Истанбул, е она што го двои овој простор од сите останати на светот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Ноември.2014 во 08:41
Мини поткровје од 20 м2

Минијатурен станбен простор, со преубави решенија и детали во ентериерот.

Ентериер од само 20 метри квадратни содржи се’ што е потребно за удобен живот, прилагоден на современите потреби на денешницата. Можеби звучи неверојатно, но овојпат ве видиме токму во еден таков мини дом. Минијатурното поткровје е сместено во срцето на Барселона и е вистински пример за убава и креативна организација на просторот. Неговиот одличен дизајн е заслуга на архитектот Anthony Chevallier, задолжен за комплетната трансформација на станот, и тоа за само месец и половина. Станот е со специфична правоаголна форма која финишира со купола, па целта била да се задржи автентичноста на градбата со внатрешниот дизајн. Замислата на архитектот била да го преуреди налик на луксузна хотелска соба, без притоа да ја загуби топлината на домот. Резултатот е шик и елегантен станбен простор, во кој секое катче е естетски привлечно, но има и практична намена. Внимателно е искористен секој центиметар, а детално е испланирана позицијата дури и на најосновните нешта. Така, креиран е отворен план во кој комуницираат дневниот престој со работната зона, кујната и трпезаријата, додека во просторот под куполата сместена е спалната соба, за што подобро да се искористи поволната положба и убавите глетки од прозорците. Целиот стан е темелно реновиран, и оспособен со сите технички предуслови за комфор и модерниот животен стил на станарите. Деталите се избрани со вкус, и во целост ја следат префинетата нота во ентериерот. Пронајдете ја омилената инспирација и за вашиот дом!

001

002

003

004

005

006

007

008

009



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Јануари.2015 во 20:43
Луксузно поткровје во Тел Авив


Модерна екстраваганција накусо го опишува ентериерот на "Antokolsky Penthouse".

Луксузното поткровје, сместено во зграда во северниот дел на Тел Авив, зафаќа импозантна површина од 600 метри квадратни, цел кат во зградата, која е искористена до последен милиметар за мегаломанско уживање со поглед од сите четири страни на урбаниот живот во Тел Авив.


Во апартманот се изгубени границите помеѓу внатрешниот и надворешниот простор, ентериерот се слева кон пространата тераса со бесконечен базен што се претопува со линијата на хоризонтот. Проектот за ентериерот е дело на израелскиот архитект Пицу Кедем, кој пространиот ентериер го дели од терасата само со стаклена лизгачка врата, како тенка стаклена кожа.


Целиот дом е дизајниран во индустриски стил, употребувајќи темен камен за делот околу базенот, гранит за површината на кујнската опрема, под од терацо, метални панели и бетонски ѕидови. Мебелот е во модерен стил, со неколку парчиња со ретро карактер. Сивилото на овие материјали е оживеано со декоративни елементи, како вградените колоритни елементи во канцеларијата, полиците, столовите и шкафовите во повеќе бои, шарените килими и импресивната колекција вибрантни уметнички дела поставени низ целиот простор. Се внимава на деталите, како и на тоа просторот да не биде оптоварен со декорации. Дневната соба, по чија должина се протега огромна библиотека, е во ист, светол простор со кујната и со трпезаријата. Особено ни се допаѓа што славините од чешмите во бањата се заменети со црвени навртки од вентили, момент што ги потенцира посветеноста на детали и искреноста кон индустрискиот стил во овој апартман.

















-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 05:58






-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 01:56
не сум фан на буквално поткровје со класичниот закосен плафон, ама затоа дефинитивно би живеел на покривот од некоја зграда, во некое студио, so излез на покривот како тераса

а одамна фаворит на простори за живеење, ми се сатнови/куќи со голем отворен стаклен ѕид на дневната соба и спалните на платформа од која имаш поглед на целиот простор, нешто слично како во првиот пост љубов


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Јануари.2015 во 15:17

Така, дневната соба изгледа весело, динамично и модерно, додека пак неодамна реновираната кујна на семејството му нуди простор за работа и дружење. 

Во продолжение уживајте во разгледувањето на овој прекрасен дом и можеби токму помеѓу овие фотографии ќе пронајдете инспирација за уредување на некој агол од вашиот дом. 
























-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 08:32

http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/30205-skandinavsko-potkrovje-so-staklen-pod-foto" rel="nofollow -

Овој елегантен стан на 2 ката во кој дневната светлина преовладува во секоја просторија, се наоѓа во самиот центар на Стокхолм, Шведска.

skandinavsko-potkrovje-so-staklen-pod-foto-01.jpg

Со своите 117 метри квадратни површина, ова поткровје спаѓа во едно од покомотните.

Станот на првото ниво има спална соба, трпезарија, работен простор и бања, додека на второто ниво се наоѓа главната спална соба и мала галерија.

Интересно е што во ова поткровје дневна соба не постои, односно главен збор има огромната бела кујна.

Стаклениот под е најспецифичниот момент, низ кој се ѕирка целиот простор на долниот кат.

Плус, главната спална соба е одвоена со стаклен ѕид кој физички го одделува просторот, но целиот кат го прави визуелно поголем.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Omar
Датум на внесување: 16.Април.2015 во 20:06


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 16.Април.2015 во 20:07


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 16.Април.2015 во 20:08


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 16.Април.2015 во 20:08


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Јуни.2015 во 20:06

Прекрасно поткровје со стаклен под

Комбинација од стакло, дрво и бела боја го отсликуваат ова прекрасно поткровје во Стокхолм, Шведска. Овие прекрасни 120 квадратни метри на две нивоа ќе ве воодушеват со стаклените подови, кои се традиционални за скандинавскиот стил на уредување.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Септември.2015 во 09:26

Импресивно поткровје


Оваа поткровје , кое се наоѓа во центарот на Гетеборг, Шведска, се протега на 59 квадратни метри и импресионира не само со стилскиот и модерен ентериер , кој е решен во класичната комбинација црно-бело, туку и со поголемиот прозорец, што служи како мини тераса , каминот на дрва за студените ноќи и високите тавани со дрвени греди, што пружаат чувство на просторност.

Станот располага со дневна зона, во која како на второ ниво – по скалите кон прозорците, има мал кабинет , како и кујна, спална, бања и ходник…

Да ѕирнеме во секој агол од овој импресивен простор.

12

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Октомври.2015 во 12:11

http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/34566-potkrovje-za-koe-site-sonuvame" rel="nofollow -

Поткровјето е најголемиот предизвик за оние кои се занимаваат со уредување на домот, но затоа пак е најголемо уживање за сите нас.

potkrovje-za-koe-site-sonuvame-01.jpg

Сите веројатно си сонувате како би ви изгледало совршеното станче, со прекрасен поглед од тераса и топло уредување.

Идеално би било ако биде во скандинавски стил, но со нешто потопли бои и материјали.

Токму такво е ова поткровје – малечко, но удобно и топло.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Декември.2015 во 10:07

http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/36186-crno-belo-potkrovje-za-mlad-bracen-par" rel="nofollow -

Проектот претставува обнова на веќе постоечки станбен простор во Португалија каде измените имаат за цел да внесат свежина и модерни елементи, истовремено задржувајќи ги спомените од минатото.

crno-belo-potkrovje-za-mlad-bracen-par-01.jpg

Покривот од греди е елементот со кој се задржува руралноста, но истиот е обоен во бела боја која заедно со црната се доминантни бои низ целиот простор.

Покрај црната и белата боја искористен е и дрвениот под кој придонесува за контраст, како во поглед на бојата, така и во поглед на текстурата.

Новиот елемент кој е додаден во долниот дел и изгледа како дел од мебелот покрај тоа што создава еден вид на просторна поделба помеѓу кујната и дневниот простор, претставува основа за кујнските елементи, тоалетот, шпајзот и скалите кои водат кон горниот дел.

Долниот дел е минималистички опремен и постои еден вид на поделба на четири основни делови: влез, дневен престој, трпезарија и кујна.

Горниот дел, кој во минатото бил користен за сушење семиња, сега е претворен во работен простор.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Февруари.2016 во 16:04

Уникатен стан на поткровје

Пoткровните простори секогаш се третирале како да служат само за добивање на дополнителен простор во рамките на кровните конструкции. Во поново време ова се менува и овие простори можат да бидат доволно шик, урбани и убаво уредени и истите да се употребуваат како удобни домови.

Овој стан кој се наоѓа во поткровен простор се наоѓа во Милано и истиот се карактеризира со простран дневен простор и паметно поделени спални соби.

На долното ниво се наоѓа отворен дневен простор за живеење и забава околу кој гравитираат кујната, трпезаријата и барот кој е инспириран од индустрискиот дизајн.

Со употребата на белата боја на ѕидовите, подовите и плафонот, во целиот дом има чиста и топла атмосфера.

На второто ниво е поставена спалната соба а до неа се доаѓа преку скали кои се од челична конструкција, како и целото второ ниво. Подот на дел од второто ниво е конструирано од индустриска решетка што овозможува визуелна поврзаност помеѓу двете нивоа.

1-potrovje

2-potrovje

3-potrovje

4-potrovje

5-potrovje

6-potrovje

7-potrovje

8-potrovje

9-potrovje

10-potrovje

11-potrovje

12-potrovje

13-potrovje



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Февруари.2016 во 08:07

http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/38353-malo-potkrovje-sozdadeno-za-mladi-parovi" rel="nofollow -

Таванските простории несомнено имаат свој шарм и животот во нив е одличен, но истовремено нивното уредување е предизвик само по себе.

malo-potkrovje-sozdadeno-za-mladi-parovi-1.jpg

Бидејќи овие домови се претежно мали и понекогаш ниски, кога ги декорираме секогаш треба да се обрне многу поголемо внимание на деталите.

Денес ви претставуваме мало поткровје со површина од 37м2, што може да се пофали со функционален и добро уреден ентериер, совршен за живот во пар.

За да се обезбеди доволно простор за сите потребни простории, внатрешноста е организирана како живеалиште со отворен план. Кујната и дневната соба се споени во едно, заземајќи го средишниот дел на станот, а спалната соба и бањата се на надворешната страна.

Во станот доминира белата боја, која дава чувство на смиреност и визуелно го зголемува просторот. Покрај белите ѕидови и тавани, голем дел од мебелот исто така е во бела боја, а тоа во комбинација со дрвениот под го доловува чувството на скандинавските ентериери.

Друг фактор кој помага изгледа поголемо отколку што е всушност е големото количество природна светлина која доаѓа од големите прозорци.

Можеме да забележиме дека нема многу мебел, што е разбирливо, со оглед на неколкуте простории. Декоративните елементи исто така се со ограничен број, но се поставени на одлично избрани места и успеваат да влијаат позитивно. Црно-белите слики се избрани како совршен декор на намерно незавршениот бетонски ѕид, што го дели ходникот и кујната.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Јуни.2017 во 21:27

Модерен стан за fashion девојки: Поткровје од 42 квадрати кое ќе Ве воодушеви!


Практично, модерно, шик, креативно катче во кое веднаш ќе се заљубите!

Овој простор е сместен во мало поткровје на југот од Шпанија. Со оглед на тоа дека се работи само за една просторија, добрите идеи и функционалниот мебел се повеќе од потребни, а дизајнерката на ентериер Марта Родригез успешно ја исполнила оваа работа.

Квалитетното дрво доминира во просторот и дава посебен шмек и топлина. Комбинацијата на бели ѕидови и виолетов мебел се покажала како одлична, додека плакарот во кој се сместени кујнските елементи е одлична идеја за гарсониери каде не треба сите детали да бидат видливи на прв поглед. 

Љубителите на рустикалните бањи ќе ги воодушеви дрвената када, а останатите интересни детали погледнете ги подолу: 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 27.Октомври.2017 во 01:43
nema poubavo nesto od potkrovje.na deteto moe sobata mu e na potkrovje.ima nesto magicno.kako vo bajkite e.


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Ноември.2018 во 10:35
Резултат со слика за photos of potkrovje


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Ноември.2018 во 10:36
Резултат со слика за photos of potkrovje


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Ноември.2018 во 10:36
Резултат со слика за photos of potkrovje


Поврзана слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Ноември.2018 во 10:37
Поврзана слика


Поврзана слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Ноември.2018 во 10:39
Поврзана слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Ноември.2018 во 10:42
Поврзана слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Ноември.2018 во 10:46
Резултат со слика за photos of potkrovje


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Февруари.2020 во 22:35


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Февруари.2020 во 22:35


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Февруари.2020 во 22:43




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Февруари.2020 во 22:44








-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Февруари.2020 во 22:44


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Февруари.2020 во 22:46


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Февруари.2020 во 11:11


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Февруари.2020 во 11:11


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Февруари.2020 во 11:13


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Февруари.2020 во 11:13


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Февруари.2020 во 11:15


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Август.2020 во 13:08

Ако барате идеја како да го уредите поткровјето, следете некои од следниве совети за подобро да го искористите:

Бели ѕидови

Белата боја создава илузија на пространост, а бидејќи поткровјето е мал простор, белите ѕидови се најдобар избор.

Ако, пак, во оваа просторија имате прозорци, тогаш можете да го обоите спротивниот ѕид со некоја впечатлива боја. Поради прозорецот, силната боја нема да го „затвори“ просторот и ќе направи собата да изгледа уште поудобно.

kako-da-ja-uredite-sobata-vo-potkrovje-02.jpg

Најдете му добро место на креветот

Ако имате прозорец на косиот ѕид, најдобро ќе биде креветот да го поставите под него. Во овие простории добро е што можете да го ставите и креветот на средина.

Најважното во овој случај е да одберете што е можно понизок кревет, а ако сакате да бидете креативни, наредете дрвени палети и врз нив само ставете душек.

kako-da-ja-uredite-sobata-vo-potkrovje-03.jpg

Направете свое катче

Наместо спална, во собата можете да направите и катче за читање, релаксација и слично. Сосемa доволно е да најдете масичка, а околу неа ставете перници за седење.

kako-da-ja-uredite-sobata-vo-potkrovje-04.jpg

Поткровјето може да биде соба за играње или ваше студио

Ако имате деца, поткровјето можете да го претворите во најудобната соба за играње. Од друга страна, поткровјето можете да го претворите во соба за вежбање или, пак, ако свирите инструмент, во ваше музичко студио.

kako-da-ja-uredite-sobata-vo-potkrovje-05.jpg

Поткровје како канцеларија

Ако немате друг простор во домот, зошто да не го искористите поткровјето за вашата домашна канцеларија? Овде сигурно ќе можете да го најдете потребниот мир додека работите, и дефинитивно ќе ја имате најудобната канцеларија.

kako-da-ja-uredite-sobata-vo-potkrovje-06.jpg



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Септември.2020 во 22:23











-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Септември.2020 во 22:24





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Декември.2020 во 22:23

https://www.kafepauza.mk/art-i-dizajn/sharmantno-stanche-na-potkrovje-vo-pariz/" rel="nofollow - - Шармантно станче на поткровје во Париз



Неискористеното поткровје на една зграда во Париз, Франција претставувало одлично место за креативно изразување на архитектката  http://www.sylviecahen.com/" rel="nofollow - Силви Каен . Во овој мал простор од скоро 16 метри квадратни, таа успеала да создаде одлично станче, наменето за студентски живот.
Шармантно станче на поткровје во Париз
Модерното студио е полно со уникатен и специјално дизајниран мебел, за да го собере во малиот простор, има одлично купатило, кујна, работно катче и спална. Големите прозори обезбедуваат големи количества сончева светлина, па станот е постојано убаво осветлен.
Шармантно станче на поткровје во ПаризШармантно станче на поткровје во ПаризШармантно станче на поткровје во ПаризШармантно станче на поткровје во ПаризШармантно станче на поткровје во ПаризШармантно станче на поткровје во ПаризШармантно станче на поткровје во ПаризШармантно станче на поткровје во ПаризШармантно станче на поткровје во ПаризШармантно станче на поткровје во Париз




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk