Испечати | Затвори го прозорот

Кирија (правни проблеми)

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Право
Опис на форумот: Tолкување и коментирање закони, правни совети, судска практика
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26256
Датум на принтање: 18.Мај.2024 во 00:32
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Кирија (правни проблеми)
Постирано од: EvAngelos
Наслов: Кирија (правни проблеми)
Датум на внесување: 14.Јануари.2013 во 20:52
Здраво на сите. Се надевам се уште тука налетуваат луѓе шо се разбираат од овие работи и дека некој ќе ми одговори на прашањево.

Еден пријател потпишал договор на една година за изнајмување на стан. Договорот е заверен на нотар. Пријателот однапред си ги плаќа кириите, значи веќе му има платено и за месец јануар.
Пријателов сака да го раскине договорот, затоа што мора во март да патува во странство и не сака непотребно да плаќа уште половина година во стан во кој што нема да седи.
Арно ама договорот е незгодно направен затоа што во него има ставка која вели дека договорот се раскинува еднострано и тоа само од страна на газдата. Пријателов му рекол на газдава дека мора да напушти, а овој му се заканува дека ќе го тужи.
Уште една битна работа е што пријателов му ги плаќа парите на рака, без никаква сметка или доказ дека му платил. Можеби требал да му плаќа преку трансакциона сметка за да има доказ дека е плаќано?

Прашањата ми се:
1. Дали у пракса овие само заплашуваат, или стварно ќе го тужи?
2. Дали постои некој начин пријателов да го прекине договорот? Еден пријател го советуваше да му напише препорачано писмо на газдата и да го извести 2 месеци унапред дека ќе напушта и дека тоа ќе биде во негов прилог ако дојде до судење.
3. Дали е можно, бидејќи нема никакви докази (освен платени сметки) дека пријателов му плаќал кирија на газдава (пошо на рака му ги давал), овој сега да земе да го тужи дека му нема платено ниту една кирија? Како судот ќе знае дека пријателов му давал пари на рака?

Однапред фала на одговорите.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.



Коментари:
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 14.Јануари.2013 во 22:46
За деловен објект, газдата на објектот што го издава под кирија треба да си плаќа данок затоа што остварува приход од издавањето, а прикривањето на приходот е противзаконска постапка при што следуваат казнени мерки....незнам дали истото важи и за издавањето на станови...


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 15.Јануари.2013 во 00:03
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

За деловен објект, газдата на објектот што го издава под кирија треба да си плаќа данок затоа што остварува приход од издавањето, а прикривањето на приходот е противзаконска постапка при што следуваат казнени мерки....незнам дали истото важи и за издавањето на станови...

Да, важи и за станови. Со УЈП нема шала :)


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Guilty
Датум на внесување: 15.Јануари.2013 во 00:07
mene mi lici toa na druga rabota ,a raskinuvanjeto na sosema  treta .
 ako vekje moze  da se raskinuva koga sakas ,pa za kurovo li zdravje li se  napisal toj dogovor   i odozgora zaveren kaj notar?



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk