Испечати | Затвори го прозорот

Да им помогнеме на Игор,Спасе,Никола и Филип!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25693
Датум на принтање: 15.Мај.2024 во 01:30
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Да им помогнеме на Игор,Спасе,Никола и Филип!
Постирано од: Santijago
Наслов: Да им помогнеме на Игор,Спасе,Никола и Филип!
Датум на внесување: 22.Април.2012 во 08:20
Деновиве ме погоди нешто па решив да го ставам и тукасреќа

http://www.donacii.mk/2012/04/18/da-im-pomogneme-na-igorspasenikola-i-filip/" rel="nofollow - http://www.donacii.mk/wp-content/uploads/2012/04/844B16BD7607944D99F1856F03223C82.jpg" rel="nofollow">844B16BD7607944D99F1856F03223C82

На возраст од седум до 13 години секојдневно патуваат со воз до Велес за да ги посетуваат настава во основното училиште “Васил Главинов”. Железничката станица Рајко Жинзифов” е нивниот втор дом. Од селото доаѓаат на станицата и со часови го чекаат возот со којшто патуваат до и од училиштето. Нивниот татко Ванчо вели дека со тешко срце ги гледа своите деца како се мачат. Игор, Спасе, Никола и Филип не добиваат ни кифли за ужинка како сите други ученици во училиштето.

Семејството се соочува со доста финански проблеми но не ја губат надежта дека некои од институциите ќе им помогнат. Нивниот татко вели дека ако треба тој нема да јаде, ама нема да дозволи неговите деца да не одат во училиште.

Затоа, АПЕЛ ДО СИТЕ ХУМАНИ СРЦА отворена е жиро сметка на која можете да ја дадете Вашата помош за овие четири дечиња.

200001425395689 Стопанска банка,Ванчо Попов.

Линк до целата сторија:  http://vecer.com.mk/?ItemID=A05F0F2F0271DB4C98D1F636B5EFDC85&fb_source=message" rel="nofollow - Игор, Спасе, Никола и Филип немаат пари ни за кифла!

Група на Фејсбук:  https://www.facebook.com/groups/290585257685623/" rel="nofollow - Помош за Игор,Спасе, Никола и Филип

Доколку хуманите луѓе сакаат да контактираат со таткото или пак со Игор, Спасе, Никола и Филип можат да го сторат тоа на телефонот 077 846 037.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here



Коментари:
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 22.Април.2012 во 08:22
За среќа овие деца добија бесплатни билети од Македонски железници за да можат секојдневно со воз да посетуваат настава. За жал уште долго ќе ми оди пред очи реченицава........


.............Игор, Спасе, Никола и Филип не добиваат ни кифли како сите други ученици. Нивниот татко вели дека нема пари да плати, па неговите деца понекогаш од дома си носат парче леб, а многу почесто се гладни.....................среќа


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 24.Април.2012 во 09:33
Убава акцијасреќа
Може и вие имате по нешто да дадетезбунетостАма сте скржави...никој аплазење злонамерно


Помошта за братчињата од велешко Слп стигна со магариња


Четирите братчиња Игор, Спасе, Никола и Филип и нивните родители Ванчо и Славица викендов со солзи радосници ја примија помошта во храна, облека и пари коишто за ова социјално загрозено семејство од велешкото село Слп беа собрани во хуманитарната акција која наиде на голем одзив во повеќе македонски градови.

Поради непристапниот терен до селото Слпп, помошта во прехранбени продукти, брашно, шеќер, масло за јадење, препарати за хигиена, облека, тетратки, моливи, пенкала и друг училишен прибор, како и пари и мобилни телефони стигна во неделата до семејството Попови натоварена на две магариња.

Организаторите на хуманитарната акција во која се вклучија голем број на хумани луѓе од повеќе македонски градови, а централниот настан се одржа во саботата во Скопје, по неуспешен обид со возила да стигнат до Слп, беа приморани по алтернативни патишта да се сретнат со Ванчо и неговите синови во местото Манастири, оддалечено еден час пеш од нивниот дом во зафрленото велешко село.

„Во мое лично, и во име на моите четири сина, сакам да им се заблагодарам на сите хумани луѓе кои ни помогнаа колку што можеа. Неизмерно сме им благодарни на сите нив“, рече таткото на четирите братчиња, на возраст од седум до 12 години, кои почесто се гладни, отколку најадени и секојдневно пешачат по неколку километри за да стигнат до нивното училиште во Велес.

Хуманитарната акција чијшто иницијатори се Александар Михаиловиќ, Стефан Пејовски, Магдалена Таневска и Самоил Арсов, со поддршка на невладината Млади за љубов и претставници на Центарот за помош на деца од интернатот Гоце Делчев од Љубанци, продолжува во текот на оваа недела.

Ракометниот клуб Металург најави дека приходот од продадените влезници од претстојното дерби против Вардар ќе го донира за помош на четирите деца од велешко Слп.







И една слика илјада зборови....



-------------
I'm out bcz of pathetic around here



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk