Испечати | Затвори го прозорот

Згрижување на бездомници од Црвениот Крст

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25447
Датум на принтање: 14.Мај.2024 во 13:43
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Згрижување на бездомници од Црвениот Крст
Постирано од: Pravoslavie
Наслов: Згрижување на бездомници од Црвениот Крст
Датум на внесување: 31.Јануари.2012 во 21:45
Една убава иницијатива на Црвениот Крст:


Јавете се ако познавате човек без дом да биде згрижен зимава од Црвениот крст

Доколку познавате човек кому му е потребно прифатилиште за да ја презими студената зима, јавете се на телефоните кои ги објави Црвениот крст.

[Јавете се ако познавате човек без дом да биде згрижен зимава од Црвениот крст]

Заради ниските временски температури, Црвен крст на град Скопје од денеска ги отвори вратите на пунктот за бездомници во Момин поток да работат 24 часа, со цел бездомниците да можат да преноќат во прифатилиштето, да се стоплат и да добијат оброк, се додека траат ниските температури.

Доколку некои од граѓаните познаваат лица кои имаат потреба од прифатилиштето нека се обратат на следниве телефони:

070 250 054
070 317 822
071 261 787
070 317 601


Животот на бездомниците на поларните температури кои ја зафатија земјава е во опасност. Доколку познавате човек кому му е потребно прифатилиште за да ја презими студената зима, јавете се на телефоните кои ги објави Црвениот крст./www.kanal5.com.mk

31.01.2012, 16:52







извор:
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=86401

раширете секаде, споделете со секого и кажете им на сите и се разбира доколку познавате бездомни лица - помогнете... големо гушкање




-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!



Коментари:
Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 06.Февруари.2012 во 19:18
Да го споделам моето денешно искуство, поради кое се уште сум во шок. Во ГТЦ денес по втор пат загледав едно дете ромче како стои пред Веро во подрумот. Го прашав каде му се родителите, рече дека се во затвор. Го прашав каде спие, рече дека спие тука надвор. Го прашав зашто не е во дом и дали сака да го носам. Рече дека не сака и избега. Се упатив кон полицијата да го пријавам случајот и случајно веднаш видов полицајци. Им го предочив случајот и рекоа дека ќе го најдат. Набргу повторно детето се спушти во подрумот, полицајците се уште беа тука, им го покажав детето и тие почнаа да го бркаат велејќи му да бега од таму. Наместо да помогнат тие го избркаа. Ги прашав зашто не преземат нешто да го носат во дом. Тие се насмеаја и рекоа дека овие деца никој во дом не ги сака. Детето повеќе не беше таму. На полицајците не им беше гајле.

На крај се прашувам кој е овде нормален во ова лудило на нехуманост?






Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 06.Февруари.2012 во 21:50
Требало да побараш службените лица да се идентификуваат и да ги известиш оние од Меѓаши за хуманиот третман.



Но мене нешто друго ме изнервира кога прочитав. И покрај тоа што им нудат прифатилиште дел од бездомниците не сакаат да престојуваат таму. Епа ако измрзнале, Цацко им е кривне


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 06.Февруари.2012 во 22:02
Многу лесно ќе дознаам кои се тие лица, во комшилук ми се. Ме изнервира индиферентноста. А за меѓаши во право си, пријатели ми се на фејсбук и ќе им пишам за ова.

За возрасните бездомници имам некои искуства. На времето додека живеев во Германија им организиравме простор каде јадеа бесплатно, се дружеа и плус на тоа слушаа гратис концерти во живо од студенти. Еднаш додека им правев сендвичи, еден бездомник почна да ми вика зашто му го фаќам сендвичот со раце. Многу малку требаше за да целата ситуација ескалира и да ме нападнат. Животот на улица е суров, се тепаат меѓусебно и затоа не сакаат да бидат во затворен простор заедно. Некои се шизофренични, некои се дрогираат (пушат лепак), некои пијат, ретко ќе сретнеш нормален човек меѓу нив.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 06.Февруари.2012 во 22:28
И да им пишеш, нема ништо да направатма ајде


А за искуството од Германија, можеш да претпоставиш колку сме ние далеку од Германија. Бездомниците во МК немаат гратис концерти, кино претстави и сл. 
Разбирам дека се тепаат на улица, дека се под дејство на секакви супстанци, но тоа не е причина за да не престојуваат во дневниот центар на минус 15.не знам


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 14:01
Видиш, опфаќаш повеќе социјални проблеми со напишаното.

Конкретно за ромчето, тоа дете на пример пред една година заедно со друго ромче ме опљачкаа. Летото или есента имаше акција да се тргнат тие деца од улица и едно време ги снема. Ова дете сега повторно се најде на улица и според некои вчерашни негови искази, има избегано од домот. Но останатите деца кои идеа заедно со него во чопор ги нема и претпоставувам дека се уште во домот. Најлошото од се е што од ова дете сите имаат дигнато раце и тоа си останува надвор. Не сака да оди во дом, причина поради која вчера два пати бегаше од мене.

Истото го имаш и со бездомниците. Повеќето од нив не сакаат да одат во било каква институција. Да сакаа да бидат во некаков општествен систем, немаше да бидат на улица.

Нашите вредности на луѓе кои функционираме во општествениот систем и вредностите на луѓе кои живеат на улица се два паралелни света кои како да не можат да се допрат.


Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 07.Февруари.2012 во 14:19
Друг општествен проблем кој се појавува е оној со посвојувањето на деца. Познавам повеќе брачни парови кои не можат да имаат деца. Некои сакаат да посвојат, но има долга листа на чекање.

Од друга страна имаш цел чопор на деца роми на улица, кои ете се раѓаат неконтролирано и ги посматраш како улицата ги уништува. И се осеќаш како имбецил кога не можеш ништо да направиш.

Се појавуваат прашања:„Дали треба да им се дозволи раѓање деца на луѓе кои не се во состојба да ги гледаат?“ Или пак „Дали веднаш тие деца треба да се дадат на посвојување?“

Како сега стојат работите, децата на улица бездомници утре најверојатно самите ќе родат нова генерација бездомници и проблемот останува.

Од друга страна „Имаме ли право ние да го кроиме животот според нашите разбирања или пак треба да го оставиме да се одвива како што се одвива?“

Секако дека отсуството на било каква емпатија кон овие проблеми исто така не е во ред. Со други зборови не е во ред да се вика дека „никој ништо не може да направи“.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk