Испечати | Затвори го прозорот

Франтишек Вацлав Мареш и Македонски Кириличен лист

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25260
Датум на принтање: 16.Мај.2024 во 17:51
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Франтишек Вацлав Мареш и Македонски Кириличен лист
Постирано од: mungos80
Наслов: Франтишек Вацлав Мареш и Македонски Кириличен лист
Датум на внесување: 12.Декември.2011 во 00:57

Академик Франтишек Вацлав Мареш бил експерт за староцрковниот словенски јазик, член на Австриската академија на науки, надворешен член на Македонската академија на науки и уметности, на Хрватската академија на науки и уметности, како и надворешен член на Полската академија на науки. Бил награден со златен орден од Чешката Академија на науки. Автор е на многу дела од фонологија, Црковен старословенски јазик, се занимавал со палеославјанистика (посебно ги истражувал старословенските елементи во другите словенски јазици) и развој на славјанските јазици. Помеѓу другото, создал и други црковно старословенски антологии на англиски јазик. По барање на Хрватскиот бискуп го превел хрватското апостолското послание од Папата Јован Павле Втори, посветено на Светите Кирил и Методиј, во кое се прогласени за заштитници на Европа. Светите Браќа Кирил и Методиј успеале, како Македонци, да станат апостоли на Славјаните. Тие сакале да му служат на доброто на сите славјански народи и на единството на Универзалната Црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание „Egregaiae Virtus“, папата Јован Павле II, на 31. декември 1980 година, ги прогласил за сопокровители на Европа.

Академик Франтишек Вацлав Мареш е познат и признат научник во својата област во светски рамки. Тој пишувал за списанието „Llinguae palaeoslovenicae Lexicon“, кое е издадено во 33 тома, и за неколку други списанија. По своја замисла ги поделил словенските јазици и во 1980 година ја напишал првата „Македонско – чешка граматика.“

Во име на благодарност на македонскиот народ, на 19. авуст 1997 година во Охрид, академик Франтишек Вацлав Мареш посмртно беше одликуван со Медал за заслуги за Република Македонија. Тој е заслужен за развојот на македонистичките студии на Виенскиот универзитет, кои не се активни во последните неколку години. Преку неговите компаративни истражувања на македонската фонологија и морфологија со другите словенски јазици, како и со трудовите посветени на старите македонски ракописи, тој ги истакнува посебностите на македонскиот јазик во словенското јазично семејство. Академик Франтишек Вацлав Мареш почина на 03. декември 1994 година.

http://makedonskaiskra.com/mk/istorijaideologija/makedonskaistorija/692-2011-12-10-21-27-30" rel="nofollow - http://makedonskaiskra.com/mk/istorijaideologija/makedonskaistorija/692-2011-12-10-21-27-30


Со назив „Македонски Кириличен лист“ од XI век - во науката е познат древно црковно-словенскиот ракопис, пронајден од А.Ф. Гилфердинг во Македонија и подарен на И. Срезневски.

Во изданието се претставени снимки од листот, препечатениот текст , а исто така и анализа на палеографските и лингвистичките особености на ова сведоштво. Авторот го разгледува прашањето за литературното потекло на Македонскиот лист.



Реконструкции на текстот од Вајан и Минчева:

Реконструиран текстот според научници


Образец од оригиналниот ракопис

Образец од оригиналниот ракопис


De textus fragmenti cyrillici macedonici origine

Потеклото на текстот на македонското кирилско ливче -  http://makedonskaiskra.com/mk/istorijaideologija/makedonskaistorija/692-2011-12-10-21-27-30" rel="nofollow - Франтишек Вацлав Мареш

Македонското кирилско ливче (ливчето на Гиљфердинг) и еден дел на прологот на ЈоанЕгзарх кон неговит превод на Богословието на Јован Дамаскин содржат одломка на стцл. трактат эа преведувачката уметност. А. Вајан мислеше дека тоа бил предговорот на Константин Философ (св. Кирил) кон неговит превод на апракос-евангелието. Меѓутоа, сите грчко-словенски примери коишто ги наведува стариот автор, се наоѓаат заедно во 15. и 16. глава на Октровението на Јован Богослов (т. е. кон самиот крај на Новиот эавет и на целата библија). Затоа дојдоме до заклучокот дека текстов го претставува поговорот на Методиј кон преводот на Новиот эавет (одн. на библијата).

Slovo: Journal of Old Church Slavonic Institute,  http://hrcak.srce.hr/index.php?lang=en&show=clanak&id_clanak_jezik=22060" rel="nofollow - No.32-33  September 1983


http://makedonskaiskra.com/mk/istorijaideologija/makedonskaistorija/703-----xi-" rel="nofollow - http://makedonskaiskra.com/mk/istorijaideologija/makedonskaistorija/703-----xi- .



-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk