Испечати | Затвори го прозорот

Извор на младоста...!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мистерии и астрологија
Опис на форумот: Хороскоп, сонови, гледање во кафе, во карти, во раце, во НЛО...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24774
Датум на принтање: 18.Мај.2024 во 17:08
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Извор на младоста...!
Постирано од: Klara-D
Наслов: Извор на младоста...!
Датум на внесување: 27.Јули.2011 во 08:24

 

 
 
Телото има седум енергетски центри кои можеме да ги замислиме како енергетски полиња кои се вртат. Индусите ги нарекуваат чакри.

1. Хипофизата поврзана со челната чакра.(трето око)
2. Епифизата со темената чакра.(задната страна на мозокот)
3. Штитната жлезда со грлената чакра.(на вратот)
4. Тимусот со срцевата чакра.
5. Панкреасот со папочната чакра.(соларен плексус)
6. Надбубрежната жлезда со коренската чакра
1. Половите жлезди со сакралната чакра.

Енергетските вртежи се вртат со голема брзина. Доколку сите се вртат со голема и изедначена брзина, тогаш телото е сосем здраво. Кога еден или повеќето од нив ќе забават, почнува процесот на стареење и на опаѓање на телото. Најбрзиот начин за повторно стекнување на младоста, здравјето и виталноста е воспоставување нормално вртење на овие енергетски центри.
Постојат пет едноставни вежби, тибетски вежби  и за најдобри резултати потребни се сите 5.

Ламите ги нарекуваат ритуали.



Коментари:
Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 28.Јули.2011 во 08:14
 

Првиот ритуал е едноставен.

Се изведува за зголемување на брзината на вртење на вртежот. Децата тоа постојано го прават додека си играат.
Треба само да се исправите и да ги раширите рацете паралелно со телото. Потоа се вртиме околу себе додека малку не ви се заврти. Она што е важно е следново, мора да се вртите одлево надесно. Повеќето возрасни во почетокот ќе можат да се свртат само 5-6 пати. Како почетник, не треба да се обидувате повеќе од тоа.
Со текот на времето, кога ќе ги вежбате сите 5 ритуали, ќе можете се’ повеќе да се вртите, а чувството на вртоглавица се’ повеќе ќе се намалува.
Можете да го употребите трикот на лизгачот и играчот, пред вртењето, сконцентрирајте го погледот на точката пред себе. Кога ќе почнете да се вртите, задржете го погледот на таа точка колку што можете. При вртењето, оваа референтна точка ќе ви помогне да бидете помалку дезориентирани и помалку ќе ви се врти.

Ваквото вртење го практикуваат дервишите. Нивните  вртења  имаат многу корисно дејство, но и едно помалку поволно. Нивното прекумерно вртење премногу стимулира некои „вртежи“ и со тоа води до исцрпеност. Ова најпрво го забрзува текот на виталната животна енергија, а потоа ја блокира. Ова дејство кое крева и урива предизвикува еден вид „психички бес“ кој го доживуваат дервишите и го поврзуваат со духовното или со религиозното искуство, што  изгледа погрешно.
Спротивно од ова, ламите се вртат најмногу 21 пат, што е доволно енергетските вртежи да се потикнат на вртење.“



Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 06.Септември.2011 во 12:05
 
среќа

Вториот ритуал е уште поедноставен. Испружете се на подот со лицето нагоре. Најдобро е да легнете на дебел тепих или на простирка. Ламите го прават овој ритуал на еден молитвен тепих. Испружете ги рацете по должината на телото и ставете ги на подот со составени прсти. Потоа подигнете ја главата од подот и привлечете ја брадата на градите. Истовремено подигнете ги нозете во исправена положба.Грбот останува на подот. Ако можете, повлечете ги нозете над телото подалеку кон главата. Колената мора да останат испружени. Потоа полека спуштете ги главата и нозете повторно на подот. Опуштете ги сите мускули и повторете го ритуалот без преголемо напрегање.
При секое повторување одржувајте го дишењето: Целосно издишете кога ги подигате главата и нозете. Целосно вдишете кога ги спуштате. Меѓу повторувањата, додека ви се опуштаат мускулите дишете и понатаму во истиот ритам.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk