Испечати | Затвори го прозорот

Платните налози ќе се издаваат од нотар

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Право
Опис на форумот: Tолкување и коментирање закони, правни совети, судска практика
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24672
Датум на принтање: 18.Мај.2024 во 17:35
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Платните налози ќе се издаваат од нотар
Постирано од: Македон
Наслов: Платните налози ќе се издаваат од нотар
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 13:06
Судовите веќе не се надлежни да постапуваат по извршните предмети. Од сега по налог на доверителот судот извршниот предмет, ќе го трансферира до извршител или нотар во зависност од тоа во која фаза е предметот.

Сега нотарите се тие кои ќе ги издаваат платните налози кои се однесуваат за неплатена струја вода, парно или за други парични побарувања во однос доверител - должник. Идејата е да се растеретат судовите од огромниот број предмети.

„Доколку должникот поднесе приговор на издадениот платен налог, во тој случај законот предвидува дека постапката продолжува пред Надлежниот суд“, рече Михајло Маневски, министер за правда

Извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139957 - А1
------------------------------------------------------

Сепак, треба да се напомене, дека ваквиот начин на издавање решение со кое се дозволува извршување ќе се врши кога станува збор за побарување за кое постои веродостојна исправа.

За тоа што е веродостојна исправа, одговор дава Законот за парничната постапка:

1) јавни исправи;
2) приватни исправи на кои потписот на обврзникот го заверил органот надлежен
за заверување;
3) меници и чекови со протест и со повратни сметки ако тие се потребни за
засновање на барање;
4) изводи од заверени деловни книги;
5) фактури и
6) исправи кои според посебни прописи имаат значење на јавни исправи.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk