Испечати | Затвори го прозорот

ЗАМ-Здружение на Акваристи на Македонија

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Животински и растителен свет
Опис на форумот: Раси, одгледување, ветеринарска заштита...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24125
Датум на принтање: 14.Мај.2024 во 19:55
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: ЗАМ-Здружение на Акваристи на Македонија
Постирано од: biguran
Наслов: ЗАМ-Здружение на Акваристи на Македонија
Датум на внесување: 08.Март.2011 во 23:58


Почитувани,
Администрацијата   Ве известува дека за прв пат во македонската акваристичка историја е основано Здружение на акваристи на Македонија АКВА ПАРК . Со формирањето на здружението акваристиката во Македонија се носи на едно повисоко ниво, се со цел за ширење на истата како хоби и како нечија професионална обврска.
Член на ЗАМ АКВА ПАРК може да биде секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, и можеби едно од поретките Здруженија како членови може да се јават и странски државјани ( се разбира акваристи, тераристи)
Цели на Здружението се следниве:
   одгледување и унапредување на одгледувањето на животни и растенија во аквариумски услови,
   примена на позитивните светски стандарди во одгледувањето на животни и растенија во аквариумски услови,
   приредување на изложби и натпреварувања од областа на акваристиката,
   соработка во приредување на изложби и натпреварувања од областа на акваристиката со други Здруженија на регионално, државно
и меѓународно ниво,
   приредување на стручни предавања и семинари од областа на акваристиката заради правилен третман на животните и растенија во
аквариумски услови,
   сите видови советувања од областа на акваристиката,
   соработка и контакти со слични Здруженија во земјата и во странство се со цел за унапредување на акваристиката,
   заштита, унапредување и грижа за сите јавни водени површини во Република Македонија
   изградба и одржување на јавни аквариуми заради едукација на населението за водниот свет од слатководна и морска природа
   издавање на публикации во врска со работата на Здружението.


www.zam.mkreef.com



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk