Доматот се користи за јакнење на одбранбениот систем на организмот,
против катар на цревата и желудникот, кашлица, болести на белите
дробови, болести на мочните органи, висок крвен притисок, за регулирање
на варењето, за исфрлање на вода од организмот и исфрлање на урина, за
лечење на дијабетес, болести на црниот дроб, реума, гихт (болка во
коските), полесни воспаленија на кожата и подноктицата, за почист тен на
кожата.
Во терапијата се користат плодовите, сок од домати и специјално
подготвена супа.
Народна изрека: „Ако сакаш да избркаш комарци, на терасата одгледувај
домати“.
1) Со домат до чист тен:
-свежиот домат е одлично средство за нега на кожата на лицето. Пред
спиење лицето треба да се измие со млак чај од камилица, нане или липа, а
потоа да се истрие со сок од свеж домат. Да се остави лицето само да се
исуши и да се измие дури утредента наутро со млака вода. Тенот многу
брзо ќе стане побел, почист и помек;
2) Лековита сурова супа од домат:
-килограм зрел домат да се попари со зовриена вода и да се излупи. Со
пасирка или миксер да се направи каша од него и да се додаде уште ситна
исечкана или изрендана главица на кромид, малку рузмарин, мајчина
душица. Да се додаде вода колку што треба и 2-3 лажици домашно црно
вино. Супата да се загрее до вриење, но да се избегне готвење. Кога ќе
се тргне од огнот да се додаде уште сок од свежо изцедени чешниња лук
(5-6 чешниња), 1 лажица сечкано лисје од магдонос, 1 лажица лисје од
целер, како и најситно можно изрендан морков и корен од магдонос и
целер. Да се промеша и да се остави да отстои малку поклопено. Во супата
уште да се стави ориз или зобени пувки. Вака подготвената супа има
многу лековити својства. Ја поттикнува работата на органите за варење,
ја чисти и јакне крвта, го снижува крвниот притисок, чисти песок и камен
во бубрезите, и помага на функцијата на жолчката и црниот дроб, а во
топлите денови ја ублажува жедта;
3) За зголемување на крвниот притисок:
-секој трет ден, со редовните оброци, да се изедат и по 300 грама
домати, зачинети со една лиажица плод од морач, една рака иситнет лист
од магдонос и зејтин;
4) Против кожни воспаленија:
-за разни кожни воспаленија од полесна природа, за воспаление на
подноктици, што се мошне болни, доматот е вистински лек. Едноставно
обложете го со него воспаленото место, прицврстете го лабаво со завој и
повторувајте го тоа неколку пати дневно, се до излекување.
-------------
|