Испечати | Затвори го прозорот

Ceлa во Македонија

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Градови во Македонија
Опис на форумот: Со се' села... настани, култура-некултура, рекла-кажала...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22595
Датум на принтање: 10.Мај.2024 во 16:12
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Ceлa во Македонија
Постирано од: Tor
Наслов: Ceлa во Македонија
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 21:05
Velebrdo, Rostuse, Zirovnica - najdobri sela vo Zapadna Makedonija...



Коментари:
Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 21:40
cela zemja e selska zemja!...samo okolu skopje imalo stotina i kusur sela?!изненадување

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: the king
Датум на внесување: 28.Ноември.2010 во 16:19
Originally posted by Tor Tor напиша:

Velebrdo, Rostuse, Zirovnica - najdobri sela vo Zapadna Makedonija...


Абе немој, а ајде намини на кај струшко...

ОО туку да, струшките не се села, тоа се се градови...

хехехе

-------------
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 05:51

Бабино ќе стане атрактивна туристичка дестинација

Демирхисарскиот регион, а особено селото Бабино, да прерасне во атрактивна туристичка дестинација со препознатлив амбиентален идентитет базиран на богатото културно историско наследство и природните убавини вклопени во една комплексна и осмислена туристичка понуда. Ова е целта на најновиот проект, кој има социо - економски карактер, а насочен кон развој на туризмот за овој регион.

 

„ Во првата фаза имаме дообука и тренинзи на локалното население да стане свесно за своето културно наследство, како и одбележување на туристичките локалитети со јасни препознатливи знаци“, вели Стево Степановски, сопственик на библиотеката во село Бабино.

Во рамките на проектот предвидено е да се обнови и Смилевската свадба, што се смета дека ќе биде особено привлечно за туристите, како и воспоставување на нова манифестација „ 5 дена Смилевски конгрес“.

Експертите посочуваат дека проектот за Бабино треба да биде пример за туристички развој и на други региони во земјата.

„ Оваа тема треба да биде проширена на сите наши региони“, вели проф. Мишо Христовски, од Факултетот за ветеринарна медицина.
Во Селото Бабино живеат само 15-тина жители, а оние кои се родум од тука овде се враќаат во лето. Интересен е податокот дека годишно во Бабино доаѓаат околу 25.000 туристи.

„ Секое лето овде доаѓаат по двапати по 20 дена. Убаво ми е селото, убаво ми е овде“, вели жител од село Бабино.

Проектот Демир Хисар културен и туристички предел се организира со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија и е составен дел од акциониот план на општината за развој на туризмот до 2013 година.

„ Во историското место Смилево треба да заврши изградбата на една патека со поголемо значење“ изјави Тони Ангелевски градоначалник на општина Демир Хисар.

Ваквите активности треба да придонесат за заживување на демирхисарскиот крај.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Април.2012 во 10:47

Македонските села изумираат 


Поради стихијната миграција многу селски населби се потполно испразнети, вкупно 145 или 8,5 отсто. Проблем претставуваат селата со помалку од 50 жители на кои отпаѓаат околу 20 проценти.

По 20 години транзиција селата во Македонија изумираат. Помладите генерации се одамна заминати, инфраструктурата е лоша, се затвораат училиштата, се намалува бројот на активни земјоделци, а производството не е конкурентно, заклучија учесниците на денешната трибина „20 години развој на земјоделството и селото во Македонија“.

Висока стапка на невработеност, сиромаштија, социјална исклученост и продлабочени регионални разлики се само дел од карактеристиките на актуелната рурална економија.



-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk