Хирургија...
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21789
Датум на принтање: 18.Јули.2025 во 06:59 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Хирургија...
Постирано од: bijonse1
Наслов: Хирургија...
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 21:33
Све околу хирушките интервенци....... операции........ лапараскопија веќе е сегашност.... естетска и реконструктивна хирургија..... блефаропластика.....
|
Коментари:
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 21:52
Општата хирургија, и покрај нејзиното име, е хирушка специјалност која се фокусира на абдоминалните органи како хранопровод , стомак , дебело црево , црниот дроб, мошниот меур а често и тироидна жлезда, како и операции на хернија. Хирушки специјалности Торакална хирургија , неврохирургија , орална и
максилофацијална хирургија , ортопедија, оториноларингологија , педијатриска хирургија, пластична и реконструктивна хирургија, хирушка онкологија, трансплантациона хирургија, трауматолошка хирургија, урологија , васкуларна хирургија..... Хирургија (од грчкиот збор χειρουργική — cheirourgikē, преку латински: chirurgiae, со значење „рачна работа“) е медицинска специјалност која употребува рачни и инструментални техники на пациент за истражување или лечење на патолошка состојба како болест или повреда,
да помогне да се подобри некоја телесна функција или изглед, а
понекогаш и за други причини. Актот на вршење на хирургија се нарекува хируршка процедура, операција или едноставно хирургија. Во овој контекст, глаголот оперира означува изведување на хирургија. Придавката хируршки означува припадност на хирургијата, како на пр. хирушки инструменти. Пациентот или субјектот на кој се врши операцијата може да биде лице или животно. Хирург е лице кое извршува операции на пациенти. Луѓето опишани како хирурзи
се обични лекари, но терминот исто така се употребува и на забари и ветеринари. Хирургијата може да трае од минуи до часови, но обично не е периодечна или дологотрајна форма на операција...............
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 22:05
Ангиопластија е едноставна операција која го подобрува протокот на крв до срцето со проширување на артериите. Може да се направи со локална анестезија(да се здрви местото). Во болница се останува само кусо време. Докторот ја проширува артеријата
на тој начин што става специјален балон во затнатата артерија. Кога ќе
стигне балонот во артеријата.......хидраулички се надувува пред да се отстрани. Тоа ја проширува артеријата. Потоа се става метално
цевче (наречено “стент”) во проширената артерија. Ова цевче останува во артеријата за да ја држи отворена.
Мора да кажеме и нешто за анестезијата без која хирургијата не моше да се замисли.....
Анестезија (иде од грчкиот збор αν- ан- „без“ + αἲσθησις аистезис „сензација“), традионално ја означува состојбата на блокирање на секакво чуство (вклучувајќи го чувството на болка). Ова им овозможува на пациентите да одат под хирушка операција и други зафати без стресот и болката која онака би ја чувствувале. Анестезиологија претставува медицинска специјалност која ја опфаќа примената на анестезијата во хируршките и другите
зафати. Лекарот кој е специјализиран за анестезиологија се нарекува анестезиолог. Друга дефиниција на истиот поим е „реверзибилен недостаток на
свесност“, без разлика дали недостигот на свесност се однесува на
целосно губење на свест (на пр. општ анестетик) или на дел од телото
(како на пр. 'рбетен анестетик или друг нервен блок). Анестезијата се
разликува од аналгезијата во блокирањето на сите чувства, не само на болката...............
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 22:14
Бајпас операција е вид хируршка операцијаи претставува начин крвта да дојде до срцето за оние личности со срцеви заболувања како на пр., ангина.Докторот позајмува друга артерија од телото на пациентот (од градниот кош, ногата или раката).
Оваа здрава артерија потоа се спојува со затнатата артерија, така што
може да носи крв до срцето преместувајќи го блокираниот дел. За оваа
операција е потребно тотално успивање (општа анестезија) и подолг престој во болница. Најчесто е безбедна и успешна операција........ Биопсијата е медицинска постапка каде што се зема примерок или клетки од телото за испитување на примерокот под микроскоп. Биопсија е значителна по тоа што дозволува точно да се определи причината за болеста, како на пр., вид на канцер Специјалистите користат разновидни методи за земање на примерок. Кој метод ќе се примени зависи од следниве:
- каде се наоѓа израслината или промената
- големината на израслината или промената
- здравствената состојба на пациентот
- семејната здравствена историја на пациентот
Двата најчесто користени методи на биопсија се постапка со мала игла или биопсија со земање примерок.
При постапка со мала игла, специјалистот користи игла за да извлече
течност или клетки од делот кој се испитува (на пр., грутка во вратот).
Оваа иглае потенка од онаа која обично се користи за вадење крв.
При биопсија со земање примерок, радиологот користи поголема игла за да земи ткиво од местото кое се испитува. Оваа биопсија секогаш се изведува со локална анестаезија.
Обично се земаат повеќе примероци од ткивото од едно место. Некогаш се
земаат примероци од различни страни. Зависно од процедурата, иглата
може да се наведува со ултразвук или рентгенски зраци т.е., мамограм.
Кога клетките или ткивото ќе бидат земени, примероците се испраќаат во лабораторија каде ќе бидат испитувани.........
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 22:24
сега да видиме кај жената и мажите специфични хирушки операции......
Епизиотомија е хирушка операција која се администрира кај жените при пораѓањето.Понекогаш е неопходно да се засечи кожата кај долниот крај на вагината за да му се помогне на бебчето да излезе. Постои поголема веројатност да се случи епизиотомија ако при породувањето треба бебето да биде извлечено со хируршки клешти, но во некои случаи може да биде неопходно и при нормално породување............ обрежување (циркумцизија), или почесто машко обрежување ( познато како сунет во муслиманството)се подразбира оперативен зафат со кој се отстранува кожичката која го покрива врвот на пенисот. Следните причини може да
влијаат на одлуката за циркумцизија:
- Религиозни причини: во некои религии циркумцизијата се практикува ритуално. На пример, кај евреите и муслиманите.
- Социјални причини: некои родители се плашат дека на нивниот син ќе му се потсмеваат, ако не е циркумцизиран.
- Културни причини: обрежувањето е прифатено во некои култури.
Некои родители се одлучуваат за циркумцизија бидејќи и другите машки
членови на фамилијата се циркумцизирани.
- Медицински причини: во некои ситуации кои ги одредува докторот, обрежувањето е корисно во медицинска смисла (на пример, ако детето има фимоза и уринарни инфекции).
Пластична хирургија е специјалност која се занимава со
корегирање на формата и функцијата. Иако е позната по естетската
хирургија, пластичната хирургија содржи и многу други полиња како што
се: краниофацијалната хирургија, хирургија за дланки и раце, хирургија
за изгоретини, микрохирургија итн. Зборот „пластика“ доаѓа од грчкото пластин што значи да се моделира да се обликува нешто................
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 22:29
Плацентосинтеза е Испробуање на Плацентен Зачеток (англ.: CVS - Chorionic Villus Sampling) т.е., вид испитување при коешто се пропушта игла во плацентата која што е во фаза на развиток. Во овој период плацентата е наречена chorion. Во шприцот се повлекуваат неколку мали фрагменти од ткивото. Испитувањето на ткивото може да покаже дали зародокот има некои абнормалии. Исто така овој тест е познат како биопсија на плацентата.
Оваа биопсија
им се нуди на жени кои што ќе бидат 37 години или постари, на
предвиденото време за пораѓај како и на жени кои што веќе имале дете со хромозоматични проблеми најчести од кои се Даунов синдром
(монголизам). На возраст помеѓу 37 и 40 години, шансата да се има бебе
со хромозоматски абнормалии е 1 на 100. После 40 години, шансата се
зголемува. Понекогаш CVS се извршува од други причини какви што
се кога се знае дека постои ризик родителите да имаат бебе со едно од
бројните метаболични пореметувања.........
Испитувањето, за разлика од http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%90%D0%BC%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%81%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%B7%D0%B0&action=edit&redlink=1 - амниосинтезата , не може да се користи за дијагнозирање на `рбетни проблеми и на други органи на зародокот. Иако CVS
има малку поголем ризик од вознемирување на бременитоста, отколку
амниосинтезата, негова предност е во тоа што резултатите се достапни
шест до седум недели порано во бременитоста. Ако има потреба од
терминација на бременитоста т.е., http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B1%D0%BE%D1%80%D1%82%D1%83%D1%81 - абортус , таа процедура е многу полесна и побезбедна во почетокот на бременитоста.
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 22:36
Естетската хирургија зема се поголем замав
Мода
или потреба, се поголем број мажи и жени својот изглед го менуваат со
операција. Корекција на гради, усни, стомак, подмладување со
затегнување на лицето естетската хирургија, кај нас зема се поголем
замав. Ваквите интервенции се најчесто и најскапи достапни за побогатите. На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија цените се пониски за 30 до 40%, во однос на приватните. Корекција
на борите околу очите и на уши чини 18.000 денари, операција на нос е
30.000 денари. За поголеми интервенции, како што е фејс лифтинг,
операцијата чини од 500 до 1.000 евра. „Плантантите имаат
одредена цена којашто се движи од 600 до 1.000 евра по протеза, а
услугата или дејноста која ја пружа Клиниката за пластична хирургија
изнесува 30.000 денари, Бесплатни се интервенции каде има
здравствени проблеми и на клемпави уши кај деца до 14 години. Со сино
картонче и жените кои се болни од рак на дојката можат да добијат нова
града. „Во такви случаи пациентот со книшка и картонче и со
доплата од 1.000 или 2.000 денари, добива нова града, избира дали може
да ја добие со сопствено ткиво или со употреба на протеза“ На клиниката за пластична и реконструктивна хирургија неретко има и пациенти со желба да личат на некоја светски позната ѕвезда. Естетската хирургија најчесто е со локална анестезија, а пациентите по операција си одат дома. Пластичната хирургија во светот е во подем. И покрај големиот подем табуата околу естетските корекции, тие се уште постојат.......
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 22:44

Да видиме сега визуелно неколку примери на корекци на гради....
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 22:52
  Визуелен приказ на внесување на имплантантот......
|
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 23:10
 естетска корекција на усни......
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 23:12

рхинопластика................естетска корекција на нос.......но и поради потешкотии во дишењето.....
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 21:13
Кирил Лозанче еден од најпознатите неврохирурзи кај нас...

Клиника за пластична и реконструктивна хирургија | Д-р Смиља Туџарова | 3147 147 |
| Клиника за неврохирургија | Д-р Александар Чапероски | 3147 147 |
| Клиника за детска хирургија | Д-р Перо Петровски | 3147 147 |
| Клиника за трауматологија | Д-р Славчо Стојменски | 3147 147 |
| Клиника за уролгија | Д-р Живко Попов | 3147 147 |
| Клиника за торакално васкуларна хирургија | Д-р Зоран Спировски | 3147 147 |
| Клиника за неврологија | Д-р Вера Петрова | 3147 147 |
| Клиника за дигестивна хирургија | Д-р Никола Јанкуловски | 3147 147 |
Neurosurgery Clinic, Medical Faculty Vodnjanska 17 1000 Skopje, R. Macedonia Tel. ++ 389 2 3147-035
За Ваша информација еве телефон од централа на хирушки клиники........
-------------
|
Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 02:01
bravo bijonse1
stvarno duri i premnogu se trudis,alal da ti e
------------- Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 17:08
естетска хирургија ........

затегнување на лице..........................затегнување на чело
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 17:10
затегнување на стомак......планирање врз стомакот пред.......и после операцијата ...
-------------
|
Постирано од: donvito
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 17:44
Ni kaza kako i zosto gi obrezuvaat maskite .A izvini molimte ako znaes kazini zosto i na koj nacin gi obrezuvaat zenskite.
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 18:54
donvito напиша:
Ni kaza kako i zosto gi obrezuvaat maskite .A izvini molimte ako znaes kazini zosto i na koj nacin gi obrezuvaat zenskite. |
Провокативно ....но сепак еве .....за ФГМ 
Обрежување жени (би рекла осакатување на гениталиите )
FGM (= Female Genital Mutilation)
е распространета пред сé кај многу племиња во Африка. Во
Египет, Етиопија, Судан или Џибоути погодени се
речиси 100% од жените. Во други
земји, се обрежуваат членовите само на некои племиња, така на пример: во
Нигерија, Мали, Буркина Фасо, Сенегал, Кенија итн.
Но, FGM се појавува и на Арапскиот
полуостров (на пр.
Обединетите арапски емирати, Јужен Јемен) и во други
делови од Азија.
Според проценките, во целиот свет,
помеѓу 100 и 157 милиони жени и девојчиња се погодени од женско обрежување.
Секоја година се придодаваат околу два милиона девојки. Значи, дневно се
обрежуваат околу 6000 девојчиња. Обрежувањето кај девојчињата не може да се
спореди со она кај момчињата, бидејќи воопшто причинува огромно оштетување на
сексуалните органи и многу
често има долгорочни влијанија врз здравјето. Поради
тоа, тоа не се означува
како обрежување ....туку како
осакатување на гениталиите......
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 18:58
Различни форми на обрежување :
 |
мека суна (sunna = арап.
"традиција"): Бодење, засекување или отстранување на кожичката на
клиторисот;
|
 |
модифицирана суна: делумно или
целосно отстранување на клиторисот; |
 |
клиторидектомија/обрежување:
отстранување на делови или на целиот клиторис како и на дел или целите
внатрешни срамни усни. Оваа операција најчесто создава лузна
на ткивото што е толку голема, што го прикрива вагиналниот отвор; |
 |
инфибулација/фараонско
обрежување: отстранување на клиторисот и на внатрешните срамни усни како и
на внатрешниот слој на надворешните срамни усни. Преостанатите надворешни
срамни усни се сошиваат со
црево од мачка
или се прицврстуваат една со друга со шилци. Во раната се става едно мало
парче од цевка, за да остави отвор за урината и
менструалната крв. |
Зафатот се изведува со најразлични
инструменти како жилет, ножици, ножеви и срчи. Се извршува најчесто без
каква било анестезија и дезинфекција, понекогаш се користат природни лековити
средства.
Осакатувањето го вршат бабици или стари жени, поретко машки свештеници
или бербери. Возраста на девојчето, по правило, е меѓу 4 и 8 години.
Позадина: FGM е стар обичај, кој
потекнува од времето на настанувањето на монотеистичките религии. Тој е
распространет, како кај муслиманите така и кај христијаните и анимистите.
Причините за
извршување на
осакатувањето на гениталиите се
разновидни:
 |
Осакатувањето на генитилиите
било религиозна заповед (но
ниту во Коранот ниту во Библијата
не се споменува и оправдува обрежување
на жените).
|
 |
Женскиот
пол бил грд и нечист,
обрежувањето и инфибулацијата ја штителе жената од болести,
одлив, црви
итн. |
 |
Осакатувањето го претворало
девојчето во целосна жена, бидејќи на жената
ñ се отстранува „машкиот дел“. |
 |
Осакатувањето ја намалувало
сексуалната желба кај жените и ја заштитувало од нејзината
развратна
сексуалност.
|
 |
Осакатувањето ја зголемувало
плодноста и можностите за мажење на жената. |
 |
Мажите чувствувале поголемо
сексуално задоволство со инфибулирани жени. |
 |
Морало да се сочуваат старите
традиции, приговорите
кон овие традиции
се толкуваат како “озападување“...... |
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 19:04
Еeee ....сега зошто ????...devito...??највероватно мотив за
осакатување на гениталиите
често се гледа во патријархално структурираните општества.
Осакатувањето служи за контрола на женската сексуалност и треба
да дејствува како
заштита од загубата на невиноста и промискуитетот во бракот......
Да видиме сега какви здравствените
последици носи обрежувањето???
 |
Шок-состојби
заради
голема загуба на крв; |
 |
Труење на крвта, тетанус; |
 |
Инфицирање со детска парализа,
хепатитис и ХИВ; |
 |
Проблеми со празнење на
урината, оштетување и инфекции на мочните патишта и бубрезите;
|
 |
Воспаление на јајниците и
матката, стерилност; |
 |
Јаки болки при месечниот
циклус; |
 |
Болки
кај инфибулираните жени при сексуален
однос, пред сé
по свадбата односно по породувања, кога мажот при односот пенетрира во многу
малиот отвор; |
 |
Породувањата кај инфибулираните
жени се проблематични и опасни по живот за мајката и детето (отворот на
вагината е многу мал и за време на породувањето најчесто мора да се
отвори оперативно, за да се овозможи
породувањето. Ткивото од
лузната е нееластично и
причинува големи болки
во процесот на раѓање.
Честа последица од ова се царски резови и
породувања со
клешти. По породувањето отворот кај жената
повторно се зашива до големина на
врв на игла); |
 |
Честите болести ја врзуваат
жената за куќата, таа не може редовно да оди на работа или да посетува
училиште; |
 |
Психичките последици се
реакции што наликуваат на последици од други трауми:
потиснување и
повлекување, реакции на страв, депресии и нарушувања на однесувањето.
Честопати постои
императив, да не се зборува за почувствуваните болки.
|
јас мислам..............devito .............ти ја исполнив желбата
-------------
|
Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 19:14
uf, zalosno i bolno
tesko na tie devojki,zeni...samo eden Gospod znae kolku maki trgale    kutrite!
------------- Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 21:40
реконструктивна хирургија....

-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 21:47
ХИРУШКИ ОРДИНАЦИИ ......
Д-р Ѓоко Цветаноски |
Панко Брашнаров 36, Прилеп
, (048)428777 |
|
Д-р Ристовски Ненад %20details.aspx?zaglavje= - |
(031)425460 лок.118 |
|
Д-р Ставревски %20details.aspx?zaglavje= - |
Миле Поп Јорданов 6/22, Скопје
, (02)3082924 |
email: |
mailto:dr.stavreski@t-home.mk - dr.stavreski@t-home.mk |
|
Ескулап |
Отокар Кершовани 46-а, Скопје
, (071)747440 |
email: |
mailto:eskulap2001@yahoo.com - eskulap2001@yahoo.com |
|
Ескулап 2001 %20details.aspx?zaglavje= - |
Ико Зарков 6, Неготино
, (043)360555 |
email: |
mailto:eskulap2001@yahoo.com - eskulap2001@yahoo.com |
|
Неуромедика
|
Влае 87, Скопје
, (02)2042323 |
web: |
http://www.neuromedica.com.mk/ - www.neuromedica.com.mk |
email: |
mailto:vlae@neuromedica.com.mk - vlae@neuromedica.com.mk |
|
Нирвана
|
Ристо Симеонов 17, Кочани
, (033)297432 |
email: |
mailto:apostolovskidejan@yahoo.com - apostolovskidejan@yahoo.com |
|
Ремедика |
бул.16-та Македонска Бригада 18, Скопје
, (02)2603100 |
web: |
http://www.remedika.com.mk/ - www.remedika.com.mk |
email: |
mailto:info@remedika.com.mk - info@remedika.com.mk |
|
Филип Втори |
бул.Илинден б.б., Воена Болница, Скопје
(02)3091500 |
web: |
http://www.cardiosurgery.com.mk/ - www.cardiosurgery.com.mk |
email: |
mailto:info@cardiosurgery.com.mk - info@cardiosurgery.com.mk
|
|
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 22:01
ГИНИС РЕКОРДЕРКА ВО ЕСТЕТСКА ХИРУРГИЈА........ Сара Бурџ
легнала под нож повеќе од 100 пати во својот живот и гордо признава
дека е зависна од корекциите на вредните пластични хирурзи.
Со
повеќе од 100 естетски зафати, 49-годишната британка Сара Бурџ, мајка
на три деца, е апсолутен рекордер по бројот колку пати си овозможила
корекција на некој дел од своето тело. Оваа вистинска Барбика не е само
зависник од операциите, него и експерт за убавина – козметичарка со
сертификат.
Се започнало пред повеќе од 4 децении, кога мајката на тогаш 7
годишната Сара ја одвела на “средување” на клемпавите уши. И следело
комплетно реконструирање на лицето откако како млада девојка која се
пробивала како “Плејбој зајачица”, била претепана речиси до смрт.
Според проценките на Сара “Барби” Барџ, за подобриот изглед кој и го
овозможила хирургијата досега вложила повеќе од 630.000 евра, а
признава дека голем број на интервенции и следувале како “гратис”
поради честите посетувања на ординациите.
Само
нејзините гради чинат повеќе од 36.000 евра и тоа не поради
имплантирање на силикон, туку смалување на обемот, подигнување и
преместување на брадавиците. Во плеадата интервенции се вбројуваат и
фејслифтингот, ласерската дермоабразија на лицето, имплантите во
образите и брадата, липосукција на брадата и вратот, ласерското
средување на забите, липосукција на колковите и бедрата со импланти во
задникот, и многу други. Редовните дермо-козметички интервенции не
можат нити да се набројат...............
-------------
|
Постирано од: donvito
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 22:35
sepak blagodaram za iscrpnata informacija
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 19:56
Болести на ‘рбетниот мозок
Состојби за кои е потрена итна интервенција Симптоми на лезија на ‘рбетниот мозок Одредување на нивото на лезија Причини за лезија на ‘рбетниот мозок
Основно правило за сите лезии на 'рбетниот мозок треба да се претпостави дека се резултат на компресија додека не се докаже поинаку......... Состојби за кои е потребна итна интервенција Пациентот со сомневање за компресија на 'рбетниот мозок веднаш треба да се упати во невролошки или во неврохируршки оддел доколку: Лезијата е предизвикана од траума Парапарезата или квадрипарезата се развила за краток временски период (неколку денови)Парезата прогредира до таму, што пациентот повеќе не може да стои или оди, или пак е инконтинентен. Ако компресијата предизвикала тотална параплегија, 'рбетниот мозок треба да се ослободи за 24 часа. Во спротивно, парализата ќе биде трајна............ Симптоми на лезија на ‘рбетнио т мозок 'Рбетниот мозок е дел од централниот нервен систем. Неговите лезии предизвикуваат лезија на горниот моторен неврон. Симптоми: под нивото на лезијата има мускулна слабост и пареза, како и хипестезија. Може да постои и пареза на мочниот меур или цревата. Кога лезијата прогредира споро, пара или квадрипарезата ќе биде спастична. Типични симптоми се: Пораст на мускулниот тонус (спастицитет)зајакнати тетивни рефлекси .....Позитивен знак на Бабински..... Функцијата на мочниот меур е рефлексна; тој често се празни и рефлексот предизвикува инконтиненција од спастичен тип. Кога лезијата прогредира брзо (на пр. кај траума или метастази на 'рбетот), може да настане спинален шок. Ова се манифестира како флакцидна пареза, која личи на парезата на долниот моторен неврон. Мускулниот тонус е намален. Рефлексите се ослабени, а Бабински е негативен. Одредување на нивото на лезијата Некои заболувања на 'рбетниот мозок се локални, други се дисеминирани. Треба да се направи обид да се процени нивото и локализацијата на лезијата. Дали навистина се работи за лезија на горниот моторен неврон? Треба да се исклучат заболувањата на мозокот. Болестите на 'рбетниот мозок не ги зафаќаат кранијалните нерви, свеста или вишите ментални функции(говор, памтење). Кај оштетувањето на мозокот, се присутни барем некои одовие симптоми. Парасагитален тумор, кој расте меѓу хемисферите, може да предизвика спастична парапареза без други симптоми. При процената на нивото на лезијата, најважно е да се прави разлика меѓу пара и квадрипарезата. Ако нема никакви симптоми или знаци на горните екстремитети, лезијата се наоѓа под сегментот Th1. Треба да се направи обид да се одреди нивото на сензорните нарушувања. Кај дифузните заболувања, вакво ниво не постои, но во случаите на компресија на 'рбетниот мозок, тоа вообичаено може да се најде. Лезијата вообичаено е повисока од нивото. Осетливост на перкусија може да укаже на лезија. Анестезија во форма на седло може да укаже на тумор во conus medullaris, кој е најдолен дел од 'рбетниот мозок. Рендгенграфија на 'рбетот може да покаже фрактура, спондилоза или ерозии.Нормалната рендгенграфија не ја исклучува компресијата на 'рбетниот мозок.Лезиите на лумбалниот 'рбет не предизвикуваат компресија на медулата, туку лезија на долниот моторен неврон. Причини за лезија на ‘рбетнио т мозок Компресија на ‘рбетниот мозок.......Трауми на 'рбетниот мозок Обично се познати во моментот на прием на пациентот. Треба да се испратат во трауматолошка или во неврохируршка клиника. Тумори во спиналниот канал , Екстрадурални (25%) Вообичаено метастази, брзо прогредираат, обично се болни. Примарниот тумор може, но не мора да биде познат. Интрадурални (50%) Менингеоми или неуриноми; споро прогредираат. Прогнозата може да биде многу добра. Интрамедуларни (25%) Глиоми Прогнозата е лоша, но оперативните резултати се подобруваат. Епидурални апсцеси Симптомите и знаците за инфекција може да отсуствуваат. Примарното жариште обично е спондилитис или остеомиелит. Спинални епидурални хематоми Можат да бидат компликација од антикоагулантна терапија. Понекогаш се јавуваат по операција или друга процедура во околината. Механичка компресија Спондилоза (најчеста во цервикалниот дел). Медијална хернијација на discus intervertebralis. Инфективни и инфламаторни заболувања Миелитис Може да биде дифузен, трансверзален (лезија во тесна област, симптомите се под ова ниво), или асцендентен. Причини: Вирусни инфекции (ХСВ 2, ХИВ) Специфични микроби (сифилис, борелиоза) МС Болести на сврзното ткиво, како СЛЕ. Саркоидоза Апсцеси Екстрадурални (туберкулоза, бактерии) Интрадурални (протозои) Васкуларни лезии на ‘рбетниот мозок Хематоми Екстрадурални Интрамедуларни Вообичаено предизвикани од артериовенски малформации Инфаркт на a. spinalis anterior. Метаболни заболувања на ‘рбетниот мозок Дефициенција на витамин В12. Дифузна лезија на 'рбетниот мозок, прогредира споро
-------------
|
|