Епископот нишки г. Иринеј е избран за нов Српски Патријарх
Денес на Изборниот собор на Епископите на Српската Православна Црква е избран нов Патријарх српски
http://www.poa-info.org/mk/vesti/201001/img/Patr_1.jpg">
Во раните утрински часови, Неговото Високопреосвештенство
Митрополитот црногорско-приморски и Местобљустител на Патријаршискиот
трон г. Амфилохиј служеше света Архијерејска Литургија во Соборната
Црква во Белград. Му сослужуваа Епископите: осјечко-полскиот и барањски
г. Лукијан, шумадијскиот г. Јован, австралиско-новозеландскиот г.
Иринеј со викарните Епископи: липљанскиот г. Теодосиј и моравичкиот г.
Антониј.
http://www.poa-info.org/mk/vesti/201001/img/Patr_2.jpg">
По Литургијата, Владиците се собраа во Патријаршијата.
На заседанието му претходеа консултации пред изборната процедура. На
изборнот собор претседаваше Епископот шабачки г. Лаврентиј, како
најстар според ракополагањето помеѓу Епископите на Српската Православна
Црква. Светиот Архијерејски собор има 44 членови, а 34 Епископи го
исполнуваа условот да бидат кандидирани за нов српски Патријарх.
Кандидатите беа предложени по пат на тајно гласање од Епископите, а во
потесниот избор влегоа тројца Архијереи, коишто добија повеќе од
половината од гласовите на членовите на Изборниот собор. Во првиот круг
за кандидат за Патријарх беше избран Митрополитот црногорско-приморски
г. Амфилохиј, во вториот круг Епископот нишки г. Иринеј, а третиот
кандидат, Епископот бачки г. Иринеј, беше избран во четвртиот круг.
http://www.poa-info.org/mk/vesti/201001/img/Patr_3.jpg"> 
http://www.poa-info.org/mk/vesti/201001/img/Patr_5.jpg">
Имињата на овие тројца кандидати беа ставени во пликоа и
положени во свето Евангелие. Пликото со името на Патријархот од светото
Евангелие го извлече Високопреподобниот Архимандрит Гаврил,
настојателот на манастирот Лепавина во Митрополијата
загребско-љубљанска.
Веднаш по изборот беше отслужено
благодарење и беше произнесено многулетствие на Архиепископот пеќски,
Митрополит белградско-карловачки и Патријарх српски г. Иринеј, којшто
им се обрати на своите браќа Архијереите истакнувајќи дека неговиот
избор бил Божја волја и волја на Светиот Архијерејски Сабор, и дека тој
ќе работи на Нивата Господова, во соработка со сите Епископи на
Српската Православна Црква.
Камбаните на Соборната црква се огласија околку 14 ч. и 15 мин. означувајќи дека е избран 45-тиот Патријарх српски.
http://www.poa-info.org/mk/vesti/201001/img/Patr_6.jpg"> 
http://www.poa-info.org/mk/vesti/201001/img/Patr_8.jpg">
Епископот бачки г. Иринеј на конференцијата за печатот
рече дека новиот Патријарх е избран во согласност со процедурата која е
на сила во Српската Православна Црква, на канонски и законит начин.
Исто така, рече дека изборот течел хармонично, во атмосфера на братска
љубов и меѓусебно разбирање помеѓу сите Епископи на Саборот.
Светата
Архијерејска Литургија на којашто ќе биде извршено востоличувањето на
Неговата Светост Патријархот српски г. Иринеј ќе почне утре, во
Соборната црква во Белград, во 9 часот, а дополнително, штом бидат
исполнети сите услови, ќе биде извршено свеченото воведување во тронот
на српските Патријарски, во Пеќската Патријаршија, историското седиште
на поглаварите на Српската Православна Црква.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|