Испечати | Затвори го прозорот

Maкедонското прашање и Информбирото

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21404
Датум на принтање: 16.Јуни.2024 во 18:39
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Maкедонското прашање и Информбирото
Постирано од: Македон
Наслов: Maкедонското прашање и Информбирото
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 16:45
Поттикнат од една дамнешна дискусија со една личност, токму околу македонското прашање во повоениот период и третирањето на истото од Информбирото , односно самите промени во политиката на Информбирото кон Југославија, а со тоа и кон Македонија, ја отворам оваа тема, бидејќи мислам дека има доста да се говори на истата.

Информбирото пред донесувањето на резолуциите против КПЈ поддржува создавање на Обединета Македонија во рамките на Југославија, па дури и самиот СССР го поздравува формирањето на ДФ Македонија, а и другите комунистички земји, како на пример НР Бугарија, како и НР Албанија позитивно гледаат на македонското прашање, во НР Бугарија дури на Македонците им се дава културна автономија, а и се заговара обединување на Пиринска Македонија со тогашна НР Македонија, додека во НР Албанија пак се отвораат македонски училишта, се изучува македонскиот јазик од учители пратени од НР Македонија, па дури и КПГ отворено се залага за правата на македонскиот народ во егејска Македонија, па во текот на граѓанската војна се отвораат и таму македонски училишта.

По резолуцијата на Информбирото против КПЈ, Информбирото излегува со паролата Независна македонска држава во Балканската федерација. Настанува пресврт во односот на Информбирото кон Македонија, секако, во рамки на својата политика кон Југославија. Сепак, симптоматично е што и покрај таа "позитивна" политика на Информбирото, балканските држави ги прогонуваат македонските учители, македонските училишта ги затвораат, а сите придобивки на Македонците во другите држави, наеднаш исчезнуваат.
КПГ и покрај помошта од КПЈ, ФНР Југославија и НР Македонија, ја прифаќа политиката на Информбирото па на својот V пленум, ја истакнува идејата за македонска држава во балканска федерација.

Захаријадис, одговарајќи на забелешките на членот на ПБ на КПГ, Мичос Парпалидис, што ќе стане со Вардарска Македонија, односно НР Македонија, кога ќе се формира македонска држава во рамките на балканската федерација, тој одговарра:

"..Точно другари. Овој наш став и парола е насочена против Република Македонија, бидејќи, со преминувањето на Тито на страната на империјалистите, Вардарска Македонија, не само што не може да претставува центар за обединување, туку нејзиното ослободување се поставува како императив..."

Со паролата "Независна македонска држава во рамките на балканската федерација" не се сложи ниту раководството на НР Македонија. Паролата на КПГ на V Пленум, беше тема на расправа на II Пленум на ЦК на КПМ што се одржа на 19-ти и 20-ти Април 1949 година, во Скопје. Во пленумската резолуција во врска со паролата се вели:

"Вториот пленум на ЦК на Македонија остро ја осудува паролата за обединувњето на Македонија во рамките на балканската федерација, како парола на империјалистите, која ја прифатија некои наши "критичари", во кампањата против нашата земја, што е поведена на база на злогласната Резолуција на Информбирото, да ја искористат за разбивање на единството на југословенските народи, заради отцепување на Народна Република Македонија од Федеративна Народна Република Југославија и и да и се нанесе штета на социјалистичка Југославија.

Вториот пленум на ЦК на КПМ ја осудува таа парола, која во денешната ситуација оди на разбивање на единството на демократското движење на Балканот и му нанесува штета, посебно, на демократското движење во Грција.

Нашата Партија, во принцип, никогаш не била против обединувањето на македонскиот народ, ниту било кога се откажала од него. Македонскиот народ од Народна Република Македонија, воспитуван од својата славна Комунистичка Партија на Југославија на чело со другарот Тито, научи прашањето на своето обединување да го гледа не тесно, не националистички, туку водејќи сметка за општата положба на Југославија и за можностите за остварување на тоа обединување, без штета на демократските движења на соседните земји и за развитокот на општата борба против империјалистите, за цврст мир. Како за време на Народноослободителната борба, така и денес, ние пред се во однос на Егејска Македонија го поставивме прашањето за заедничка борба на македонскиот народ и на грчкиот народ, јакнењето на нивното единство во таа борба, како единствен пат преку кој македонскиот народ утре ќе извојува свои национални права..."

Интересно е што КП на Македонија доста разумно го разбрал односот на Информбирото, односно станал свесен за политиката на истото, согледувајќи што се случува со односот на другите социјалистички земји на Балканот кон Македонците, а и со КПГ.



* Пленумската резолуција како и изјавата на Захаријадис се извадени од книгата "Maкедонците и односите на КПЈ и КПГ 1945-1949 година" од Ристо Кирјазовски.



Коментари:
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 19:11
Овој период е доста интересен.Затоа што освен што преку изјави на соседните државници,паѓаат и маските на комунистите во Македонија.Па така следува масовни затворања на истакнати личности во Македонија и нивно етикетирање за секогаш.Доаѓа до создавање на Голи Оток и полнење на затворите во Македонија.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 13:26
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Овој период е доста интересен.Затоа што освен што преку изјави на соседните државници,паѓаат и маските на комунистите во Македонија.Па така следува масовни затворања на истакнати личности во Македонија и нивно етикетирање за секогаш.Доаѓа до создавање на Голи Оток и полнење на затворите во Македонија.


Да, но во случајот со Информбирото нашето државно раководство се покажало мудро  и не подлегнало на лагите на Информбирото за некаква "Независна македонска држава" додека во истиот период нашите учители во соседните социјалистички држави биле прогонувани, затворани, а училиштата затворени.
Да, во право си за затворањата, Панко Брашнаров, Павел Шатев се само дел од оние кои беа затворени токму поради прифаќање на резолуцијата на информбирото.


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 17:06
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Овој период е доста интересен.Затоа што освен што преку изјави на соседните државници,паѓаат и маските на комунистите во Македонија.Па така следува масовни затворања на истакнати личности во Македонија и нивно етикетирање за секогаш.Доаѓа до создавање на Голи Оток и полнење на затворите во Македонија.
Да, но во случајот со Информбирото нашето државно раководство се покажало мудро  и не подлегнало на лагите на Информбирото за некаква "Независна македонска држава" додека во истиот период нашите учители во соседните социјалистички држави биле прогонувани, затворани, а училиштата затворени.Да, во право си за затворањата, Панко Брашнаров, Павел Шатев се само дел од оние кои беа затворени токму поради прифаќање на резолуцијата на информбирото.
Да но таа иста резолуција била користена и како средство за отстрел на неподобните.Затоа не знам колку биле мудри.Види ја сликата или списокот од првото заседание и види колку членови се ликвидирани

Во составот на првиот Президиум на АСНОМ, избран на Првото заседание на АСНОМ, влегуваат следните делегати на АСНОМ:

    * Методија Андонов - Ченто (претседател)
    * Панко Брашнаров (прв потпретседател)
    * Емануил Чучков (втор потпретседател)
    * Љупчо Арсов (секретар)
    * Владимир Полежиновски (секретар)
    * Венко Марковски
    * Цветко Узуновски
    * Богоја Фотев
    * Михаило Апостолски
    * Страхил Гигов
    * Петре Пирузе
    * Кирил Петрушев
    * Јован Ѓоргов
    * Епоминонда поп Андонов
    * Генадие Лешков
    * Ќемал Аголи
    * Лазар Соколов
    * Вера Ацева
    * Камбер Хасан
    * Ацо Петровски
    * Младен Георгиев Челопечки
    * Лилјана Чаловска



-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 17:24
Методија Андонов - Ченто - осуден
По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а пред суд е изведен на 19 ноември. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември првиот македонски претседател Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија

Панко Брашнаров - осуден
Во 1948 година категорично ја поддржува Резолуцијата на Информбирото, со што доаѓа во судир со политиката на КПЈ. Застанувајќи недвосмислено на страната на СССР и Сталин во спорот. Уапсен е на 11 декември 1950 година и во јуни 1951 е испратен во логорот на Голи Оток, каде што набрзо, на 13 јули, умира. Каде се погребани неговите посмртни останки сè уште не се знае.
Емануел (Емануил, Мане) Чучков

Мане го завршува основното образование во Штип, гимназија во Скопје, а дипломира 1925 г. на Филозофскиот факултет во Белград - на фундаменталната група за географија (антропогеографија и физичка географија, етнологија и етнографија, историја и словенска филологија).

Членувал во младинските структури на ВМРО. На Првото заседание на АСНОМ е избран за негов потпретседател.

Како претставник од Македонија, на 30 август 1944 година е испратен во Националниот комитет за ослободување на Југославија и ја врши функцијата повереник за земјоделство. до 7 ми март 1945 година е повереник за земјоделство во НКОЈ, а кога се формира Сојузната влада стана Министер за Македонија. Ставовите на Чучков како Сојузен министер за Македонија во раководните кругови на Федерацијата беа оценети како националистички сепаратистички и анти југословенски.

Тргнат од функцијата .

Иако деградиран, назначен е за директор на Народната библиотека во Скопје. Како музиколог етнолог во 1947 го основа Заводот за домашни уметнички ракотворби "Македонски Фолклор", а подоцна во 1949 доверена му е организацијата и поставката на државниот ансамбл за народни песни и игри "Танец" во својство на директор.

Својот живот го завршил како професор на економскиот факултет во Скопје.

Владимир Полежиноски
Иако Полежина целосно се вклучил во создавањето на македонската држава во власта и секако бил потребен во Македонија, веќе во март 1945 година бил кооптиран во воена мисија на ФНРЈ во Франција, а од декември 1945 година во воена мисија на Југославија во Германија. Полежина бил шеф на воената мисија на Југославија при контролното собрание за Германија, при главниот штаб на англо-американските сили во Франкфурт на Мајна. Тој тогаш бил унапреден во чин потполковник во југословенската војска.

Полежина како шеф на воената делегација во периодот од ноември 1947 година па до резолуцијата на Информбирото во 1948 година, активно работел во Франкфурт. Во август 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на руската воена мисија и оттогаш почнала голготата на Полежина. Набргу тој бил повлечен од Германија и демобилизиран од војската. Паднал во голема немилост, принуден сам да се снаоѓа за да преживее со семејството.

Во јануари 1951 година без судски процес бил лишен од слобода и протеран на Голи Оток на "Мермер", каде што останал сè до април 1954 година.

По затворот се вратил во Белград и се вработил во Народната банка, а по кусо време и во Институтот за економски работи. Поради семејни причини во 1965/1966 година дошол во Скопје и се вработил во Економскиот институт.

Венко Марковски
Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито е затворен во Идризово, а фамилиjата му е интернирана во Кичево.

На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ е осуден на петгодишна робија на Голи Оток,

Богоја Фотев
По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото Фотев се колеба помеѓу советската и југословенската позиција. Соочен со таа дилема, посега по својот живот, но сепак не успева да се самоубие. Паѓа во немилост кај партиското раководство на чело со Лазар Колишевски и е сменет од функцијата и пензиониран.Исто така е осуден и лежел во затвор.
Петре Пирузе
Во функција на повереник за правосудство, Пирузе дава значителен придонес кон втемелувањето на македонскиот правен систем. Подоцна е испратен во Белград како судија на Сојузниот врховен суд на Југославија.

За време на судирот со Информбирото, прифаќајќи ја неговата Резолуција, доаѓа во судир со официјалната партиска и државна политика. На 14 ноември 1950 година во Белград Петре Пирузе е лишен од слобода и е испратен на издржување на казната на Голи Оток, каде што останува заточен до февруари 1954 година.

Рехабилитиран е во 1966 година, а следната година му била вратена "Партизанската споменица 1941" која во 1947 година му била бесправно одземена. Сепак, неговата рехабилитација никогаш не била целосна.


Question book-4.svg
     Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009)
Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета.

Кирил Петрушев (Богданци, 1895 – Скопје, 2 мај 1980) е прв министер за внатрешни работи на Македонија, подоцна маргинализиран од политичкиот живот поради поддршката на Резолуцијата на Информбирото.

По Првата светска војна емигрира во Бугарија, но во 1923 година, по Септемвриското востание се враќа во Југославија. Активно се вклучува во синдикалното движење.

По бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна е прогонуван и апсен. Се вклучува во НОВ. Станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и е дел од трочлената македонска делегација што во мај 1944 година заминува за островот Вис за да се сретне со Јосип Броз Тито. По враќањето во Македонија учествува на Првото заседание на АСНОМ на кое е избран во Президиумот како повереник за внатрешни работи. Во 1944 година Петрушев станува и член на Комунистичката партија на Македонија.

При изборот на првата влада на Македонија на Третото заседание на АСНОМ на 16 април 1945 година, Петрушев е избран за министер за внатрешни работи. Но, во 1948 година се изјаснува за Резолуцијата на Информбирото, поради што е исклучен од КПМ, ослободен од сите функции и пензиониран.

Лазар Соколов е роден е 1914 година во Куманово. Во времето на студиите во Белград се вклучил во студентското национално-ослободително и комунистичко движење. Во 1933 година станува член на СКОЈ, а потоа делувал во МАНАПО, за што бил затворен. Во 1941 година станал член на КПЈ, а во есента 1943 година, незадоволен од Манифестот на Главниот штаб, му пристапува на АНОК. Бил избран за член на АВНОЈ. Учесник е на Првото заседание на АСНОМ на кое е избран во Президиумот како повереник (министер) за финансии на Македонија. Член е на Президиумот до Третото заседание на АСНОМ, одржано од 14 до 16 април 1945 и пополека бидува маргинализиран од раководењето на македонската република, бидејќи се залагал за независна, самостојна и обединета Македонија. По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото е уапсен, но подоцна е целосно рехабилитиран и е поставен на чело на Економскиот институт во Скопје. Починал во 1984 година.
Вера Ацева - Доста (Ореовец (Прилепско), 24 ноември 1919 - Скопје, Република Македонија, 10 ноември 2006) е учесник во НОБ и народен херој.

Станува член на КПЈ во 1940 година. Била еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди. По формирањето на Првата македонско-косовска бригада е избрана за заменик-политички комесар и на таа функција е до јануари 1944 година кога станува политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ.

По ослободувањето била член на Владата на НРМ, член на Сојузниот извршен совет, пратеник во повеќе свикувања на Собранието на НРМ и на СФРЈ. Во 1948 била Градоначалник на Град Скопје.

Во 1960 година Ацева доаѓа во судир со тогашниот секретар на Сојузот на комунистите на Македонија, Лазар Колишевски, обвинувајќи го дека заедно со Видое Смилевски - Бато ги донесува одлуките надвор од Извршниот комитет на СКМ. На седницата од 18 октомври 1960 од Белград доаѓа Александар Ранковиќ, кој застанува на страната на Колишевски. Ацева е принудена да се повлече и е преместена на работа во Белград.



-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 17:28
Значи од првиот состав останаа од паметните?

еден удбаш
еден србоман
еден колишевски
жената му


се останато е отепано,жигосано за навек,или маргинизирано.


И ти ми велиш дека биле мудри.

Ни вардар ни егејско море не ги пери овие србомански душмани на Македонскиот народ.




А што мислите каде би била Македонија ако на власт останеа овие синови Македонски?




-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Јануари.2010 во 00:39
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Значи од првиот состав останаа од паметните?






Затоа што истите ја поддржале КПЈ, а не резолуцијата на Информбирото. Мудро испливале во политичките води.


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 09.Јануари.2010 во 02:31
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Значи од првиот состав останаа од паметните?



Затоа што истите ја поддржале КПЈ, а не резолуцијата на Информбирото. Мудро испливале во политичките води.

И со тоа си обедија своја иднина а не иднина на Македонија.Ги имаш читано барањата на Ченто до Тито за македонските производи,или за борбата за црквата.

Многу паменти биле

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 09.Јануари.2010 во 17:06
Македонската јавност не знае кој е д-р Владимир Полежиноски, доктор на Сорбона, човекот што го понесе антифашистичкиот отпор во Кичевско, еден од творците на актите на АСНОМ и голооточки затвореник
Владо Полежина е роден на 30 мај 1913 година во Кичево од татко Јонче и мајка Стефанка. Основно образование завршил во Кичево, а гимназија во Битола во 1932 година. По завршување на гимназијата во есента 1932 година се запишал на Правниот факултет во Париз, каде што со успех ги завршил студиите, а потоа одбранил и докторат на универзитетот Сорбона во март 1939 година на тема "фондови за изедначување на девизните к*рсеви". За време на студиите во Париз активно се вклучил во студентското демократско движење, а во 1937 година станал и секретар на студентското друштво во Париз.
Полежиноски бил повикан на отслужување на воениот рок во стара Југославија и служел во Требиње, каде што го затекнала и капитулацијата на кралството СХС. Во овие тешки години тој се вратил во родното Кичево, каде што токму тогаш Кузман Јосифовски-Питу ги формирал Месниот комитет на КПМ во Кичево, во октомври 1941 година. Во почетокот Кузман не се сложил Полежина да влезе како член на МК, бидејќи сметал дека партијата е на работничката класа, а интелектуалците каков што бил Полежина, доктор на правни науки, не може да бидат членови. Сите кичевски првоборци се залагале за Полежина да биде член. По заедничката средба и разговор, Кузман Јосифовски-Питу сфатил дека Владо како убеден демократ и антифашист треба да биде член на МК.
Владо бил скромен и станал политички секретар во кичевската организација. Работејќи на подготовките во Кичево, заедно со повеќе свои другари бил затворен од италијанските окупаторски власти. Во мај 1943 година бил пренесен во концентрациониот затвор Порто Романо во Албанија. Во затворот останал се до капитулацијата на фашистичка Италија на 8 септември 1943 година. По враќањето во Кичево, активно се вклучил во Народноослободителното движење во првоослободениот град Кичево (11 септември 1943) во НОВ. Благодарејќи на неговата активна работа и резултати како и потребите бил повлечен да работи во Главниот штаб на Македонија на терен во Дебарца.
По Преспанското советување, Кузман Јосифовски-Питу требало да замине во Скопје за да се извршат подготовки за свикување на АСНОМ. Токму во силните борбени дејствија и завршните борби за ослободување на Македонија, Главниот штаб на НОВ и ПОМ се нашол во Врановци на слободната територија. Командантот Апостолски предлагал да се организира заседанието во манастирот "Свети Отец Прохор Пчињски" бидејќи сметал дека е безбедно место и дека единиците на НОВ ќе го обезбедуваат собранието. Тука биле Ченто, Полежина, Глигоров, Апостолски, како и Темпо и многу други раководители и членови на ГШ. Според сеќавањата на Киро Глигоров за придонесот на д-р Владо Полежина во создавањето на македонската држава, Глигоров вели: "На слободна територија, разговаравме за формирање на државата. Не знаевме што да формираме, сите се погледнувавме меѓу себе. Тогаш Полежина рече дека Русите имаат президиум, па и ние да формираме президиум и така и стана, вели Глигоров. Сите работевме, но се разбира Полежина имаше големо познавање и даде голем придонес во создавањето на актите на АСНОМ".
Иако Полежина целосно се вклучил во создавањето на македонската држава во власта и секако бил потребен во Македонија, веќе во март 1945 година бил коптиран во воена мисија на ФНРЈ во Франција, а од декември 1945 година во воена мисија на Југославија во Германија. Полежина бил шеф на воената мисија на Југославија при контролното собрание за Германија, при главниот штаб на англо-американските сили во Франкфурт на Мајна. Тој тогаш бил унапреден во чин потполковник во југословенската војска.
Полежина како шеф на воената делегација во периодот од ноември 1947 година па до резолуцијата на Информбирото во 1948 година, активно работел во Франкфурт во Германија. Во август 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на руската воена мисија и оттогаш почнала голготата на Полежина. Набргу тој бил повлечен од Германија и демобилизиран од војската. Паднал во голема немилост, принуден сам да се снаоѓа за да преживее со семејството.
Во јануари 1951 година без судски процес бил лишен од слобода и протеран на Голи Оток на "Мермер", каде што останал се до април 1954 година.
По затворот се вратил во Белград и се вработил во Народната банка, а по кусо време и во Институтот за економски работи. Поради семејни причини во 1965/1966 година дошол во Скопје и се вработил во економскиот институт. Тука се сретнал, и работел во иста канцеларија со академик Никола Кљусев. Во кусиот разговор што го имав со академик Кљусев еве што то ми рече: "На Заседанието на АСНОМ добро се сеќавам иако бев дете. Шетав во дворот на манастирот и ги посматрав загрижените борци. За Полежина знаев од документите, од прогласот на Президиумот, а кога дојде во институтот во Скопје особено бев радосен. Се сретнав со човек што знаеше многу. Од него научив многу работи. Беше мирен, тешко разговараше за поминатото време во Голи Оток, само понекогаш евоцираше спомени за Петре Пирузе и Лазар Соколов".
Полежина до крајот на својот живот беше благодарен на своите соборци од Кичево, Борис Грујоски, Борис Алексоски - Карче, Пецо Чингоски, Драгољуб Прјоски, Илија Топалоски Аврам, кои сторија многу тој да ја добие Партизанска споменица 1941 што ја заслужил.
Во јуни 1980 поради нарушеното здравје починува Владо Полежина еден од авторите на Декларацијата на АСНОМ . Во Кичево неговото име го носи основното училиште "д-р Владимир Полежиноски", како и улицата каде што е роден и живеел Владо. Починал на 16.06.1980 година.


-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 10.Јануари.2010 во 01:17
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Значи од првиот состав останаа од паметните?



Затоа што истите ја поддржале КПЈ, а не резолуцијата на Информбирото. Мудро испливале во политичките води.

И со тоа си обедија своја иднина а не иднина на Македонија.Ги имаш читано барањата на Ченто до Тито за македонските производи,или за борбата за црквата.

Многу паменти биле


Паметни биле во однос на политичките збиднувања и не наседнале на лажните ветувања на Информбирото, тоа е несомнено, колку и да не сакаме да признаеме, сите тие ја поддржале КПЈ, па и останале на власт како нејзини поддржувачи.


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 10.Јануари.2010 во 15:58
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Значи од првиот состав останаа од паметните?



Затоа што истите ја поддржале КПЈ, а не резолуцијата на Информбирото. Мудро испливале во политичките води.

И со тоа си обедија своја иднина а не иднина на Македонија.Ги имаш читано барањата на Ченто до Тито за македонските производи,или за борбата за црквата.

Многу паменти биле
Pamетни биле во однос на политичките збиднувања и не наседнале на лажните ветувања на Информбирото, тоа е несомнено, колку и да не сакаме да признаеме, сите тие ја поддржале КПЈ, па и останале на власт како нејзини поддржувачи.
Да за нивното останување на власт,со живот платиле вистински Македонци,Ченто,Шатев,Брашнаров и уште илјадници други.......

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 11.Јануари.2010 во 19:57
Во насока на борбата против сталинизмот, југословенското комунистичко раководство по конечниот раскин со Сталин, почнува да ги гони и затвора поддржувачите на Резолуцијата на Информбирото. Меѓу позначајните жртви на оваа кампања се Сретен Жујовиќ и Андрија Хебранг, а во НР Македонија - Панко Брашнаров, Венко Марковски, Петре Пирузе, Владимир Полежиновски, Богоја Фотев, Иван Точко и други.

Голем дел од поддржувачите на Резолуцијата на Информбирото беа затворени во логорот на Голи Оток. Врз основа на сомневања или неосновани и незаконски обвинувања дека се ненародни и антидржавни елементи и без судење, во комунистичкиот логор на Голи Оток од Македонија според едни извори завршуваат над 1.000, а според други 2.600 луѓе. Покрај тоа, илјадници нивни блиски, роднини, пријатели се изложени на репресии, прогони, бркани од работните места и од домовите, и на различен начин казнувани. Еден од затвораните, проф. Димче Најчевски изјави:


Тоа беше една хајка на сѐ живо што можело да биде прогонувано. Затоа што немаше деликти или кривични дела, ние не можевме да бидеме судени и осудувани, па затоа немаше судски пресуди. Единствени акти со кои бевме затворани и испраќани во логори обично беа административни акти од органите на УДБА за некаква општествено-корисна работа.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 11.Јануари.2010 во 21:07
Точно е тоа дека многумина Македонци родољуби го изгубија животот токму поради сите тие хајки, од кои некои беа невини, а некои и ја прифатија таа резолуција. Факт е дека за некои беше тешко да се снајдат во сите тие збиднувања, во сите тие идеолошки промени, општествени настани и слично, па како резултат на неможноста да се адаптираат, беа осудувани, некои и животот го загубија.
Некои дури и навистина застанаа против системот во Југославија, како Венко Марковски, а за тоа, во тоталитарните општества, било каде, било кога, се добива во најмала рака затворска казна, а во голем дел од случаите и смрт.
Сепак, јас пак ќе кажам, таа резолуција се искористи истотака и да се елиминираат сите неистомисленици, независно дали се обични луѓе, политичари или нешто друго.
Секако, голем дел од комунистите осудени и навистина сметале дека КПЈ скршнала од патот и дека Информбирото е во право, па затоа и завршиле така како што завршиле.

Сепак, целта ми беше да кажам, дека многу подобро е што македонските раководители, какви и да беа, не подлегнаа на лажните зборови на Информбирото, затоа што денес гледаме какви се последиците врз Македонците во земјите кои останаа доследни на Информбирото ( Бугарија, Албанија, дури и КПГ која денес не ги признава Македонците ).


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 11.Јануари.2010 во 23:44
Originally posted by Македон Македон напиша:

Точно е тоа дека многумина Македонци родољуби го изгубија животот токму поради сите тие хајки, од кои некои беа невини, а некои и ја прифатија таа резолуција. Факт е дека за некои беше тешко да се снајдат во сите тие збиднувања, во сите тие идеолошки промени, општествени настани и слично, па како резултат на неможноста да се адаптираат, беа осудувани, некои и животот го загубија.Некои дури и навистина застанаа против системот во Југославија, како Венко Марковски, а за тоа, во тоталитарните општества, било каде, било кога, се добива во најмала рака затворска казна, а во голем дел од случаите и смрт.Сепак, јас пак ќе кажам, таа резолуција се искористи истотака и да се елиминираат сите неистомисленици, независно дали се обични луѓе, политичари или нешто друго.Секако, голем дел од комунистите осудени и навистина сметале дека КПЈ скршнала од патот и дека Информбирото е во право, па затоа и завршиле така како што завршиле.Сепак, целта ми беше да кажам, дека многу подобро е што македонските раководители, какви и да беа, не подлегнаа на лажните зборови на Информбирото, затоа што денес гледаме какви се последиците врз Македонците во земјите кои останаа доследни на Информбирото ( Бугарија, Албанија, дури и КПГ која денес не ги признава Македонците ).
Македон си ги измешал работите.

Прво и основно резолуцијата нема врска со последиците,затоа што таа истата е укината и никој не ги пранел послем овие соседи да станат хумани и човечни во однос на Македонците,тоа е само некаков изговор.

А со отстарнувањето на Македонците,лесно Тито и српската страна завладеа со Македонија.

Причина за конфликтот
Пресметката со учесниците на бунтот на некои воени единици во Скопје и во Штип е повод во македонските работи во почетокот на 1945 година да се вклучи сојузната ОЗН-а.

Македонската ОЗН-а веќе во септември 1944 година во Кавадаречко, Ресенско и во некои други подрачја има стрелано помали групи означени како народни непријатели, но со доаѓањето на сојузната ОЗН-а почнуваат помасовни стрелања без судења во Кумановско, Велешко, Скопско, Тетовско и во Гостиварско.

Македонија се ослободува кон крајот на 1944. На чело на државата се наоѓа президиумот на АСНОМ со Методија Андонов-Ченто и ред други патриоти интелектуалци. Се планира целосното ослободување на сите делови на Македонија со стапување во врска со тамошните Македонски единици. Македонија е ослободена со исклучиво домашни сили, во соработка со странски мисии. Президиумот има своја политика и Македонски интереси. Македонската војска е пред поаѓање за Солун.

Пречка за нејзино заминување се големите сили и договорот од Јалта, кои не се согласуваат со тоа. Тоа би значело менување на границите на Грција од 1912-1941.

Комунистичката партија на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, не сакајќи да ги комплицира односите со сојузниците, не се ни обидува да делува на овие одлуки. Стравот од прогласување на независност на Македонската држава е втора но најзначајна причина. Во насока на задушување на Македонските планови, КПЈ инсталира свои кадри, луѓе кои никогаш не биле запознаени и не учествувале во Народно Ослободителната Војна во Македонија. Значи не ни ги познавале условите и идеалите кои ги негувало Македонското раководство. Предводени од Лазар Колишевски следните години го разоруваат раководството и скоро сите членови на президиумот се осудени и отстранети засекогаш.

Тоа е периодот на елиминација на осомничените народни непријатели поради соработка со окупаторот.


Борбата за власт на просрпските лица во Македонија
Во Македонија почнува борба за власт, која трае некаде до крајот на 1947 година, а што ја води Комунистичката партија. ОЗН-а и служи како инструмент на насилство. На удар на партијата се:

    * Интелигенцијата (особено високообразованите кадри и учениците на повисоките класови од гимназиите во Битола, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Велес и др.);
    * Поимотните луѓе во градовите и селата;
    * Македонското православно свештенство

Интелигенцијата доаѓа во судир со власта, бидејќи не ја прифаќа опцијата за решавање на македонското прашање исклучиво во рамките на Југославија. Тие сметаат дека постои историска шанса за обединување на Македонија со помош на САД и на Велика Британија и под нивни протекторат до целосна независност. Припадниците на таа група не биле меѓусебе организациски и политички поврзани, иако имало повеќе изолирани мали кружоци.

Раководството на КП преку ОЗН-а јавното дејствување и искажаните мисли и замисли на тие луѓе, го оквалификува како „непријателско дејствување против народот и државата“. Иако тие заговарале демократизација на политичкиот живот во земјата, воспоставување и други гласила покрај „Нова Македонија“ (тоа го барал на пример Илија Чулев), ним им е судено како на заговорници за „насилно рушење на државата“. Методија Андонов - Ченто на пример е осомничен за намера да пребега во Грција, за таму да формира терористички чети за напад врз властите во југословенскиот дел од Македонија. На тие луѓе им се наместени судски процеси и осудувани се на долгогодишна робија, а некои од нив на смрт. Таков е случајот и со некои гимназијалци, кои, како на пример во Струмица, веднаш се стрелани, а некои други го загубиле животот во затворите.

Поимотните луѓе во градовите и во селата, иако најголем дел од нив го помагал партизанското движење, осудувани се на долгогодишен затвор за да им се земе имотот и да се создаде база на државна сопственост. Така е уништуван економскиот граѓански слој во Македонија и земјата е комплетно пролетаризирана.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 16.Јануари.2010 во 14:58
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Точно е тоа дека многумина Македонци родољуби го изгубија животот токму поради сите тие хајки, од кои некои беа невини, а некои и ја прифатија таа резолуција. Факт е дека за некои беше тешко да се снајдат во сите тие збиднувања, во сите тие идеолошки промени, општествени настани и слично, па како резултат на неможноста да се адаптираат, беа осудувани, некои и животот го загубија.Некои дури и навистина застанаа против системот во Југославија, како Венко Марковски, а за тоа, во тоталитарните општества, било каде, било кога, се добива во најмала рака затворска казна, а во голем дел од случаите и смрт.Сепак, јас пак ќе кажам, таа резолуција се искористи истотака и да се елиминираат сите неистомисленици, независно дали се обични луѓе, политичари или нешто друго.Секако, голем дел од комунистите осудени и навистина сметале дека КПЈ скршнала од патот и дека Информбирото е во право, па затоа и завршиле така како што завршиле.Сепак, целта ми беше да кажам, дека многу подобро е што македонските раководители, какви и да беа, не подлегнаа на лажните зборови на Информбирото, затоа што денес гледаме какви се последиците врз Македонците во земјите кои останаа доследни на Информбирото ( Бугарија, Албанија, дури и КПГ која денес не ги признава Македонците ).
Македон си ги измешал работите.

Прво и основно резолуцијата нема врска со последиците,затоа што таа истата е укината и никој не ги пранел послем овие соседи да станат хумани и човечни во однос на Македонците,тоа е само некаков изговор.



Резолуцијата и судирот со Информбирото претставува навистина погоден момент за укинување на привилегиите на македонското малцинство, па дури многу Македонци во КПГ, а и Бугарија и Албанија се осудени, под изговор дека се "титовисти". Секако, БКП, РПА, КПГ застануваат на страната на информбирото, па затоа и го прават тоа што го прават, искористувајќи го новонастанатиот судир, додека КПМ застанува зад КПЈ.




-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 16.Јануари.2010 во 17:25
Македон не соседите туку КПМ ја користи оваа резолуција за да ги истреби Македонците. Не туку ја врти водата.Соседите и нивната политика е една работа таа се менувала.Но откако Колишевски,Абаз,Гигов итн ги отепаа и затворија Ченто,Шатев,Брашнаров и уште 1000 други лица на Голи Оток,Во Идризово,Отешево, или просто ги отргнаја од јавниот живот имаа слободен простор за просрбско делување.


Види ја раската во твоето око

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 21.Јуни.2010 во 02:53
Синовите се уште чекаат абер за смртта на Ристо Шутевски

Во семејството на Ристо Шутевски од Стојаково и по 55 години од дента кога стасала кобната вест дека домаќинот починал на Голи Оток, чекаат друг абер, чекаат некој да им каже нешто повеќе за неговата смрт. Освен штурата информација на тогашна УДБ-а дека умрел на 9 јули 1951 година, не знаат ништо друго. Нема никакво образложение како завршил неговиот живот, ниту каде се погребани неговите коски за да може семејството да си ги земе, да ги погребе на гробиштата каде што почиваат неговите прадедовци, да му организираат помен за покој на неговата душа.

Од пристигнувањето на веста за крајот на животот на домаќинот Ристо, во неговата куќа повеќе никој не стапнал од официјалните власти, никаков службеник на државата. Ако ништо друго барем да им изразат сочувство, да ја прашаат вдовицата Трајанка како ги прехранува петте деца, дали има леб да им даде. Првите години до Шутевци стасувал по некој глас дека тој и тој се вратил од Голи Оток, дека ќе дојде и кај нив да им каже на жената и децата како заминал на оној свет нивниот сопруг и татко. Слушнале дека некој велешанец бил крај него кога дал душа, но и тој не дошол да ги посети, најверојатно, од страв да не биде повторно вратен на озлогласениот остров.

За сите тие години семејството се затворило во себе поради срамот што пукнал по затворањето на домаќинот Ристо. Синовите престанале да излегуваат во селото, размислувајќи што е тоа што погрешил нивниот татко за да гледаат на нив како на црни овци. А пред да го затворат, Ристо бил познат во целата околина како чесен човек и голем домаќин и никако не можеле да сфатат како тоа одеднаш да е прогласен за непријател број 1 на државата за која се борел.

Пита за душата на Ристо



„Вие сте првите луѓе што ми влегле во куќава, никој досега отстрана не дошол, вели најстариот син Томе, кој памети како удбашите го зеле неговиот татко од канцеларија и директно го однеле во затворот во Гевгелија, па оттаму на Голи Оток. Домаќинот е пресреќен што нж гледа во нивната куќа, во онаа иста куќа која сам ја изградил голооточанецот Ристо, во која приготвувал храна и облека за партизаните. На неа се заменети само дрвените скали со бетонски и дрвената ограда со железна. Домаќинката на Томе целата е возбудена. Ни вели дека кога нж гледа нас, чувствува како да ч дошол свекорот. За ручек приготвила пита и свинско со компири. Сака да нж нагости за негова душа.

Ристо Шутевски на Голи Оток не поминал ни десетина дена. Го донеле на 29 јуни, а починал на 9 јули 1951 година. Дошол со истата група на Панко Брашнаров и починал тие денови кога умрел и познатиот македонски револуционер. Дали дал душа од силното тепање што им го приредиле „ревидираните" по слегувањето од бродот „Пунат" или од некоја болест, не е забележано во известувањето на УДБ-а. Ристо не бил млад, имал 50 години и најверојатно не можел да ги издржи ударите на построените затвореници кои ѕверски ги тепале сите оние што проаѓале покрај нив за да се покажат пред иследниците. Само помладите, силните, можеле докрај да го истрчаат патот, минувајќи меѓу долгиот кордон затвореници од неколку илјади.

Каков грев направил Ристо Шутевски за да заврши на Голи Оток, да биде прогласен за непријател на државата и да биде оцрнет пред сите што го познавале и почитувале? Внукот што го носи неговото име вели дека на една конференција на комунистите во селото станал и кажал: „Вчера бевме со Русите, зошто да не бидеме и понатаму". Кога бил претседател на месната заедница на три села за време на колективот, го терале ако некој имал две крави, едната да му ја земе и да му ја даде на некој сиромав, но тој не сакал да го прави тоа. Бил чесен и јавно го кажувал тоа што го мисли.

Во истражниот затвор протестирал со глад. За да го скршат, еден ден му однеле лажна петиција, наводно, потпишана од селаните на Стојаково дека не го сакаат повеќе да им биде претседател на месната заедница. Најмногу го погодило кога му покажале писмен документ, наводно, потпишан лично од децата, во кој се откажувале од него и во кој стоело дека повеќе не им е татко и дека не сакаат повеќе да се врати дома.

„Татко ми четириесет години не излегол во селото, не се мешал со луѓето, раскажува внукот Ристо Шутов. По тоа што се случило и што се слушало за нивниот татко, сите од мојата фамилија беа деградирани, осрамотени и понижени. За време на колективот татко ми пет дена го затвориле. Мислеле дека ќе бега преку граница. Помалиот стрико навистина пребегал во Франција, каде што останал пет години и потоа се вратил дома. Само тој си знае што претргал по враќањето. Стрикото Томе кога го испратиле во војска како син на информбировец му ги давале најтешките и највалкани работи. Често копал канали, по што се разболел од воден привлит", раскажува Ристо.

Внукот на починатиот голооточанец раскажува дека од нивното село Стојаково имало полицаец кој го чувал дедо му на Голи Оток, кој видел како умира. Повеќе години го молел да му каже нешто повеќе, но ниту збор не прозборел, плашејќи се да не има некакви последици. Починал пред неколку години, а тајната ја однел в гроб. Во семејството за смртта на Ристо Шутевски дознале по неколку месеци. Во меѓувреме, еден од братучедите имал свадба. Како што е редот, отишле и синовите и нивната мајка на свадба. Сите пиеле и се веселеле без да знаат дека Ристо веќе неколку месеци е мртов далеку од родното Стојаково.

Некогаш богати трговци



Ристо Шутевски за време на Народноослободителната борба бил еден од луѓето што им помагале партизаните од Гевгелиско, бил во постојана врска со Ристо Бајалски, Мито Теменугов-Железни и други. Имал сопствена фурна и секогаш кога требало им испраќал леб, сирење, алишта... Поради таквите заслуги, бил поставен за директор на „Отпад" во Гевгелија. Ристо е потомок на илинденска фамилија. Патриотизмот секогаш се негувал во куќата на Шутевци, а главниот к*рир од гевгелискиот крај на ТМОРО бил од нивното семејство.

По затворањето на Ристо, тројцата синови и двете ќерки и нивната мајка поминале многу тешки години. За егзистенција речиси немале ништо освен петнаесетина декари земја од која се прехранувале. А некогаш биле многу богати, познати трговци. Ристо и неговите двајца браќа Киро и Петре имале продавници во некои села, а стока купувале директно од Солун. Кога делеле боречки пензии, сопругата на Ристо, признат соработник на партизаните, побарала пензија. Секогаш го добивала истиот одговор дека за жена на информбировец нема ништо.

И покрај големата сиромаштија, најстариот син Томе, кој сега има повеќе од 70 години, заедно со сопругата со извидници отишол во Риека, а оттаму во некое место во близина на Голи Оток. Сакал да дознае нешто повеќе за својот татко, сакал да го види местото каде што ги оставил коските.

„Ништо не разбравме. Тие што ги распрашувавме нж советуваа да не се интересираме повеќе за Голи Оток, зашто и ние можеме да завршиме таму", објаснува Томе Шутевски. Тој не се откажува од тоа да го види озлогласеното место каде што го завршил животот неговиот татко. Планира до година да отиде на Голи Оток. Вели дека сега е слободно да се отиде таму, дека островот е претворен во вистинска туристичка атракција. Томе е кроток човек, а во Стојаково токму поради тоа го викаат Томе кроткиот. По разговорот со него, по благиот збор и гостопримството можевме да се увериме во тоа. Меѓутоа, Томе заедно со своите браќа Дине и Драги и двете сестри Кристина и Марија платил висока цена поради тоа што нивниот татко бил прогласен за информбировец, а тие останале сами да се борат во животот.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 21.Јуни.2010 во 02:54
Во голооточкото мачилиште се сомлени многу човечки души

Всушност, што претставува Коминформот или Информбирото, како што се нарекува популарно. Формиран е на 27 септември 1947 година и во него членувале сите комунистички партии и служел за координирање на нивните дејности. Меѓутоа, тоа е само неговата формална страна. Познатиот македонски револуционер Густав Влахов, кој во тие години бил советник на Тито, вели дека, всушност, преку ИБ Сталин сакал да ги стави под хегемонистичка контрола сите комунистички партии, да биде тутор на малите држави, на што се спротивставило југословенското раководство на чело со Тито. Според него, одбивањето на Тито да го слуша за Сталин бил голем удар, па затоа ја обвинил КПЈ за „антисоветизам и ревизионистичка политика“. Влахов оценува дека Сталин сакал да изврши државен удар со помош на свои приврзаници и агенти што се наоѓале во Југославија. Таква тактика одбрал зашто светските состојби не биле поволни за да ја нападне Југославија со војска.
Силите на кои се надевал Сталин биле создадени на разни начини. Во тие години многу југословенски кадри се наоѓале на школување во СССР, многу од нив биле врбувани од НКВД, но најмногу ги издигнала самата КПЈ со пофалбите за рускиот „социјализам“. Во Југославија „ние бевме искрени сталинисти“, ја кажа вистината Влахов. Во првите години по војната се величале Советскиот сојуз и Црвената армија, а името на Сталин не излегувало од устата на секој комунист. Секој собир, секој митинг, секоја прослава започнувале со паролата „Сталин – Тито“. Меѓутоа, во тие години никогаш и никаде не било говорено за вистинските состојби во СССР, за стравотните чистки што ги вршел Сталин тие години. Дури и на Петтиот конгрес на КПЈ, одржан еден месец по Резолуцијата на ИБ, Тито својот реферат го заврши со паролите: „Да живее братскиот Советски Сојуз!“, „Да живее водачот на најнапредното човештво, другарот Сталин!“
Токму поради величањето на СССР и на Сталин од највисокиот врв на КПЈ, кризата по ИБ ги затече многумина комунисти. Барањето да се изјаснат за Тито или за Сталин за нив дојде како гром од ведро небо и направи збрка во главите на многу комунисти. Во Македонија за Резолуцијата на ИБ, главно, се определиле предвоени комунисти воспитани во коминтерновски дух, бивши членови на ВМРО (об.), кои иднината на Македонија не ја гледале единствено во рамките на југословенската федерација, туку се бореле за интегрално решавање на македонското прашање. Се тврди дека судирот со ИБ му послужил на македонскиот врв да расчисти со лицата кои имале поинакви опции или мислење во однос на генералната линија на КПЈ.
Неоспорен е фактот дека Сталин сакал Југославија да ја стави под своја контрола. Неоспорно е и тоа дека за време на ИБ Југославија била сериозно загрозена и блокирана од сите страни. Но, тоа не ја оправдува суровата пресметка со нивните дотогашни истомисленици, не ги оправдува стравотните репресии и мазохистичкиот однос во пеколот наречен Голи Оток, не ја оправдува тортурата спрема сите оние што биле за Резолуцијата на ИБ или, пак, биле испратени откако некој ги накодошил.
Најголемиот ужас на проколнатите страдалници испратени на Голи Оток започнувал по симнувањето од проклетиот брод „Пунат“. Тој ден на новодојдените им се подготвувал специјален, страшен пречек, организиран од управата, а главни актери биле нивни сострадалници, кои пред нив стасале на островот и на истиот начин биле пречекувани. Нивните довчерашни другари, распарталавени и со титовки на главата, немилосрдно удирале врз нив. Морале да поминат низ затвореничкиот строј, долг и до два километра, и притоа да добијат најмалку по еден удар од шесте илјади построени настрвени страдалници, кои сиот свој бес го истурале врз нив, како тие да биле виновни за трагедијата што ги снашла. Лути на својата зла судбина, набљудувани од иследниците и кодошите, речиси сите мавале немилосрдно врз новодојдените, по глави, по очи, по заби... Некои држеле стапови и со нив до смрт ги претепувале тазе симнатите од „Пунат“.
По пеколниот пречек, почнувало вистинското „превоспитување“, всушност, систематско мелење на душата на новодојдените, невидено понижување и уривање на нивното достоинство. Новопечените заточеници најпрво пред „колективот“, пред затворениците од бараката, поединечно требало да го изнесат својот став за Резолуцијата на Информбирото, да „признаат“ што „работеле“ против Партијата, народот и државата, и ако собниот старешина, кој инаку бил затвореник, оценел дека исповеданиот е на вистинската линија, го примале во „колективот“. Најтврдите, тие кои и натаму останувале на својот став, поминувале најтешко. Нив им бил определуван бојкот, проследен со постојани извици „Уа, бандо“ и тепање од присутните. Бојкотот значел нов пекол. Бојкотираниот можел да го тепа секој „активист“, а такви кои сакале да се покажат пред иследникот имало многумина. Со бојкотираните никој не смеел да разговара, нив им се давале најтешките работи. Тие ноќе морале да стојат наведнати над киблите во бараката, во кои затворениците ноќе вршеле мала нужда и од кои се ширела неподнослива реа.
Тоа било физичкото уништување. Психичкото черечење било пострашно и многу повеќе болело од раните по телото. Секој од нив морал најмалку двапати месечно да отиде кај иследникот, да поднесе извештај за тоа кој што зборувал, да наклевети некого. На тие што немало да отидат им следувал нов бојкот. Кодошењето за многумина било единствената шанса да излезат од голооточкиот пекол. Затоа во тие страшни години секој страдалник се плашел од секого, никој со никого не разговарал. Некои со месеци збор не прозбореле, други целосно занемеле, молчешкум носејќи го бремето на проколнат.
Специјалниот систем на физичка и психичка тортура од некои затвореници создаде монструми кои ги измачуваат другите. Се случувало дури и тоа син да претепа татко, татко да накодоши син и обратно. Може да замислите што им правеле на тие луѓе за да ги натераат да згазат врз сопствената чест и достоинство. Само малкумина успеале да го издржат систематското уништување на човекот во нив. Речиси никој не можел да излезе од проклетиот остров додека не потпишел изјава дека го ревидирал ставот. Меѓутоа, по напуштањето на Голи Оток, продолжувал затворот за заточеникот. Морал да се пријавува во УДБ, да поднесува извештаи за тоа каде бил, со кого разговарал, кој зборувал против Партијата.
Од информбировците бегале сите како од плашило. Никој со нив не смеел да контактира, ниту родените брат и сестра, зашто и тие ќе настрадале. По враќањето од логорите, ги губеле и најверните пријатели. Така, за нив пеколот продолжувал с` до нивната смрт. На послушните, на тие што го ревидирале ставот и кои ја слушале Партијата, им била давана шанса да напредуваат, но никогаш не им бил избришан информбировскиот печат.
Кога ќе се ислушаат потресните сведоштва на проколнатите, се поставува прашањето на кое обичниот човек не може да даде одговор и не може да сфати како е можно нивните довчерашни другари со кои имале исти идеали, верувале во комунизмот, и со кои заеднички се бореле и гинеле за слобода и се избориле за своја држава, толку сурово да се пресметуваат со нив зашто мислеле поинаку. Во чиј болен ум се родила монструозната идеја за „превоспитување“ на старите другари, кое подоцна ќе се претвори во невидена голгота. Кој го измислил стравотниот механизам за мелење на нивните души, кој е тој што ги довел логорашите во состојба меѓусебно да се истребуваат, да се кодошат и систематски да се уништуваат?   
Целата вистина за Голи Оток никогаш нема да се дознае. Некои заточеници по распадот на Југославија започнаа да говорат поотворено и во своите сеќавања ги раскажаа трагичните животни приказни. Колку се тие искрени знаат само тие што ги раскажале. Кој од страдалниците под присила станал кодош, а кој сизифовските голооточки маки ги трпел стоички, без да предаде некого, никој не може денес со сигурност да каже. По отворањето на нивните досиеја, се дознаа многу вистини, но не сите. Многу траги се избришани. Меѓутоа, треба да се верува во едно со стопроцентна сигурност, Голи Оток бил големо мачилиште, пекол во кој се сомелени многу човечки души. Таа вистина треба да ја знаат поколенијата за да не се повтори.
Ние ќе ви пренесеме некои од тие потресни кажувања и трагични судбини кои сигурно ќе помогнат да се расветли невидената драма на луѓето кои ја имаа таа несреќа да бидат праќани во злогласните логори, каде што биле измачувани, затоа што не мислеле како Тито и Партијата.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 21.Јуни.2010 во 03:02
Петре Пирузе беше прогласен за „најопасна банда“

На Голи Оток бил испратен и легендарниот командант на славна Дебрца, Петре Пирузе - Мајски, познатиот охридски адвокат, комунист по убедување и идеолошко определување, кој националното ослободување на македонскиот народ го сметал за нераскинлив дел од социјалната револуција. Неговата биографија до трагичните голооточки години е мошне богата - бил член на КПЈ од 1941 година и прв секретар на КП на Охрид, раководел со НОАВМ во западна Македонија, бил член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, делегат на Второто заседание на АВНОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, негов делегат и член на Президиумот. Тој е првиот повереник - министер за правосудство на македонската држава.
Според Виолета Ачкоска и Никола Жежов, Пирузе бил директна пречка на луѓето кои во името на револуцијата почнале да ги јадат нејзините чеда. Токму поради тоа бил испратен во Белград, кога Македонија била жедна за секој образован човек. „Со формирањето на првата народна влада на чело со Колишевски, Мајски бил постепено елиминиран од македонската државно-политичка сцена и упатен на работа како судија во Сојузниот врховен суд во Белград. Тоа бил почетокот на колишевизмот, на градењето на македонскиот култ на личноста: Тито-Лазо-Партија!“, ќе напишат Ачевска и Жежов во книгата „Репресијата и репресираните“.
Мајски бил лишен од слобода и испратен на Голи Оток, без официјално образложение. „Правејќи анализа на некои негови контакти со највисоките функционери, ни се наметна како размислување дека можеби затворањето и паѓањето на Петре Пирузе во немилост е директно поврзано со Цветко Узуновски-Абас и неговите заштитници Ранковиќ и Колишевски. Веројатно Пирузе без да сака, му се замерил на Абас кога на молба на Богоја Фотев се дрзнал да собира податоци за убиството на неговата внука, партизанката Лена Стојчевска, и за тоа да го извести својот соборец. Сепак, поверојатно е дека Пирузе бил ставен во немилост поради средбата со академикот Тодор Павлов во Софија во почетокот на 1945 година. Непосредно по пристигнувањето во Бугарија, тој одржал конференција за печатот на која истакнал дека иднината на Македонија ја гледа во рамките на една јужнословенска федерација, како чекор кон балканска федерација. Ваквата изјава, веројатно, не им се допаднала ниту на британскиот, ниту на југословенскиот политички врв. Британската дипломатија интервенирала и до југословенската и до бугарската влада да преземат мерки за неодмерените изјави на одделни македонски политички личности, со цел нивната активност да се стопира“, констатираат Ачкоска и Жежов
Голготата што ќе ја доживее познатиот охриѓанец на најдобар начин ќе ја пренесе познатиот македонски писател Живко Чиного во драмата „Под отворено небо“. „Во името на која револуција и во името на кој народ беа жртвувани, деградирани, уништувани плејада најдобри синови на тој ист народ? Во чие име беше донесена одлуката за одземање на „Партизанската споменица 1941“ на првоборецот, комунистот, легендарниот партизански командант, Петре Пирузе-Мајски во 1947 година, само две години по неговото испраќање во Белград. А таа Споменица, Мајски ја заслужи повеќе од сите други, „во крвавите судири и битки против окупаторите и нивните слуги, со нечуена храброст и херојска смелост...“ кога„“израсна во воен командант и стратег-визионер!... Но, за жал, по ослободувањето, заслужено добиената слава и популарност меѓу македонските маси стана негова коб и трагедија...“, ќе напише познатиот македонски писател.
Со одземањето на „Партизанската споменица“, всушност, тогашната власт се обидела да го негира сето тоа што го сторил тој за создавањето на македонската држава од 1940 до 1945 година. Меѓутоа, придонесот што го дал тој во НОВ и за создавањето на македонската држава никој не може да го избрише со никаков декрет, со никаква одлука.
За голготата што ја доживеал Пирузе на проколнатиот остров има повеќе потресни сведоштва на страдалниците што ја делеле неговата судбина. Димче Аџи Митрески, еден од казненици кој ја прежива голготата на Петрова дупка, која била пекол во пеколот, подоцна ќе изјави дека Петре Пирузе би прогласен за „најопасна банда“, за „предавник“ на Партијата и на социјализмот, за „предавник“ на својот народ. Притоа, од него барале да „признае“ дека е бугарски шпион.
Димче Аџи Митрески, кого цел живот ќе го печат голооточките рани, говорејќи за тие страшни години поминати на Голи Оток ќе рече дека Петре Пирузе болно му се исповедал. „Никогаш не сум можел да верувам дека оној за кого си готов да го дадеш својот живот, така сурово, без вина, ќе те измачува и ќе стане твој џелат... А ете, и по повеќе од три децении... да бидеш суштество без своја личност и тоа во земјата што си ја градел со крвта...“.
Тане Танески од Белчишта, Дебрца, во својата исповед раскажува за една голооточка средба со Мајски, кој бил во единица на бојкотираните. „Одговорните сметаа дека штемувањето по ѕидовите е тешко, па оставаа јас да изберам од таа единица. Во таа единица беше мојот земјак, првоборецот, легендата за Охридско, Струшко, Кичевско и воопшто за Македонија, Петре Пирузе. Него го знаев од НОВ. Го чувавме и го храневме во моето село Белчишта кај зета ми Методија Ставрески. За негова и моја среќа тој беше затворен од УДБ-а на Белград, јас од Скопје, па не можеше да се посомнева дека се познаваме. Јас, по прошетувањето по стројот, на бојкотираните, велам, покажувајќи со раката кон Петре Пирузе: ’Излези бре ти, бандо!‘ ’Алал ти вера бре Македонче! Ги познаваш по душа бандите. Тој е најголема банда во мојата единица, па потерај го како Господ ѓаволот!‘, ми вели одговорниот на единицата. Кога го зел Пирузе, отишле на една дрвена скала висока повеќе од 6 м. Се качиле и му ја кажал задачата.
„Слушај, Перо. С` што можам да сторам за тебе ќе сторам. Знам дека си преморен, знам дека не си наспан, затоа легни покрај скалава, само раката стави ја на скалата. Ако случајно некој наиде одоздола, скалата ќе почне да се ниша. Тогаш ти станувај и со чеканот почни да чукаш!“, му реков на Петре Пирузе, раскажува Танески во неговата голооточка исповед.
Тогашната власт ќе се огреши спрема Петре Пирузе и при неговото посмртно испраќање во 1980 година кога почина. Со Законот за „Партизанската споменица 1941 година“, која на Пирузе во меѓувреме му била вратена, предвидено е закопот на покојникот да се изврши на државен трошок и подигање на спомен-обележје. Меѓутоа, Мајски не бил испратен со никакви почести.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 05.Октомври.2010 во 16:33
http://www.scribd.com/doc/38755919/%D0%98%D0%B7%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%9A%D0%BE%D0%BC%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4-%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%98%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98 - Изјава од Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија по повод резолуцијата на Информационото биро на комунистичките партии за состојбата во КПЈ

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 15.Ноември.2010 во 16:08


Статистички преглед на Коминтерната за националниот состав на балканските држави, мај, 1928 година



-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 16.Ноември.2010 во 00:18
http://www.scribd.com/doc/42700292 - Сведоштво на Трпе Дејкоски од село Вевчани.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 16.Ноември.2010 во 09:03
Originally posted by Македон Македон напиша:


Статистички преглед на Коминтерната за националниот состав на балканските држави, мај, 1928 година






-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 03.Февруари.2011 во 17:42



Документ во кој се објаснува како да се постапи со сите кои се на територијата на СССР, меѓу кои се и Македонците, во периодот на т.н. Сталинови чистки, 1938 година.

-------------


Постирано од: чоли
Датум на внесување: 03.Февруари.2011 во 19:21
Originally posted by Македон Македон напиша:




Документ во кој се објаснува како да се постапи со сите кои се на територијата на СССР, меѓу кои се и Македонците, во периодот на т.н. Сталинови чистки, 1938 година.


т. 3 Да се предложи на НКВД СССР да приведе до 15 април аналогична операциjа и да се разрушат кадрите на Бугарите и Македонците, кои били туги грагани или били грагани на СССР.
--
И што? Македонците и Бугарите са ставени во една општа точка № 3 .. за разлика од другите народности изброени во т. №№ 1...

-------------
Мунгос - цензорот на Мисирков


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Февруари.2011 во 19:48
И сега - пак нема Македонцизбунетост

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 03.Февруари.2011 во 23:42
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:




Документ во кој се објаснува како да се постапи со сите кои се на територијата на СССР, меѓу кои се и Македонците, во периодот на т.н. Сталинови чистки, 1938 година.


т. 3 Да се предложи на НКВД СССР да приведе до 15 април аналогична операциjа и да се разрушат кадрите на Бугарите и Македонците, кои били туги грагани или били грагани на СССР.
--
И што? Македонците и Бугарите са ставени во една општа точка № 3 .. за разлика од другите народности изброени во т. №№ 1...


Нормално е Македонците да бидат одвоени од тие народности наведени во точка 1. Тие народности сепак имале држави и можеле да бидат обвинети дека нивните држави ги пратиле во мисии против СССР. Додека Македонците немале и не можеле да бидат обвинети за такво нешто. Истотака, СССР во тој период и не бил во непријателски односи со Бугарија, па нормално е да се споменати и Бугарите тука.

-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk