Испечати | Затвори го прозорот

Вицови - љубов, секс, останато

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Забава
Име на форумот: Штосеви, вицеви...
Опис на форумот: Слободна зона за вицкасти, мајтапџии, сеирџии...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21392
Датум на принтање: 10.Мај.2024 во 06:52
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Вицови - љубов, секс, останато
Постирано од: Dani79
Наслов: Вицови - љубов, секс, останато
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 22:44
Ајде да се насмееме Споделете ги вицовите кои ви лежат на срце

Му вели Господ на Адам - Имам за тебе една добра и една лоша вест. Добрата е дека за тебе создадов два нови органи, едниот се вика мозок, другиот п---с. Првиот ќе те направи да бидеш паметен, да создаваш и да водиш интелегентни разговори со Ева. Другиот ќе ти овозможи да се размножуваш, а Ева ќе биде многу задоволна што го имаш тој орган. Па добро вели Адам, тоа се многу добри вести. Која е тогаш лошата? Господ одговара - па лошата вест е дека нема да можеш да ги користиш двата органи истовремено.    



Коментари:
Постирано од: bodeti
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 02:52
Razgovaraat dve koleski vo kancelarija,ednata plavusa drugata brineta.Plavusata se zali,lele sto sum nastinata grlovo me boli i malaksana,a drugata,jas si nemam gajle koga sum nastinata mu go ispusam dobro na mazot mi i utredenta sum ko nova.Plavusata...u dobar sovet bas ke probam.Utredenta vleguva plavusata vo kancelarija  i prosto leta i puca od snaga....o koleske gledam si ozdravela,da i toa blagodarenie na tvojot sovet,samo mazot,ti nemozese da poveruva deka ti si me pratila kaj nego da me izlekuva......збунетостизненадување

-------------
VODETE LJUBOV A NE VOJNA.A MOZETE I OBETE.VENCAJTE SE!


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 16:39

Бикот%20и%20КраватаНекоја девојка од едно село го однела бикот на парење со крава од некоја од соседните куќи и додека бикот и кравата го правеле тоа, девојката и дечкото, сопственик на кравата, седеле на оградата и ги гледале.
После 2 минути гледање се свртел дечкото накај девојката и ја прашал:
 
Кога ги гледам вака говедава, просто и мене ми се прави истото. Што викаш, а?
 
Девојката рамнодушно: Како сакаш, твоја е кравата. 
   



-------------


Постирано од: Dani79
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 19:16
Кои три зборови под никои околности не сакаш да ги слушнеш за време на секс?

"Душо, стигнав дома"




Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 20:54
Што е тоа, дење лае, ноќе плива!?збунетост


На баба ти вилицатаголема%20насмевка


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 17:35
Блажо и Мара биле во брак 20 години. Секоја вечер кога воделе љубов Блажо инсистирал да се изгасне ламбата. На Мара еден ден и пукнал филмот и одлучила да го излечи од таа луда навика...

Една вечер, додека имале секс Мара станала, ја запалила ламбата и што ќе види.
Блажо наместо својот алат користел вибратор. Мара изнервирана почнува да му се дере:

- Ти, импотентна будало, како не ти е срам, 20 години си ме лажел? Објасни ми зошто?

Блажо смирено ја погледнал во очи и ја прашал:
- Јас можам да ти го објаснам вибраторор, но ти мене како ќе ми ги објасниш децата?



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 04.Јуни.2010 во 17:45
Разговараат две пријателки:
-Вчера купив вибратор под гаранција.
-Каква гаранција? - прашала другата.
-Па продавачот ми рече дека ако престане да работи,тој лично ќе дојде да ја сврши работата.голема%20насмевка


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 07:00
Седи студент во библиотека и шмека некоја студентка. Девојкава приметила и му вика на дечкото:
- Не ме гледај така моево срце припаѓа на друг.
А тој и вели:
- Ајде, ајде имаш ти и други органи.
 


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Септември.2010 во 16:56
Млада невеста насабајле се шета гола низ дома, и ја сретнува свекрвата и и вели:
СВЕКРВАТА: Леле чедо, што така гола , ами срамота е , земи одма облечи се да не те види некој!!!!
СНААТА: Ами ова сега е модерно, ова е невидлива спавача.
Другиот ден еве ја свекрвата се шета гола по дома и ја сретнува мажот и-свекорот и и вели:
СВЕКОРОТ: Аман мори кај туку се шеташ гола, не ти е срам, земи ајде облекувај се да не те види некој!!!!
СВЕКРВАТА:Ами ова сега е модерно, ова е невидлива спавача.
Се подзамислил малку мажот и-свекорот и и вели:
СВЕКОРОТ: Ами ако е модерна во ред, ама земи малку испеглај ја негледаш дека целата е истуткана 

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Септември.2010 во 06:20
Како раскинуваат...


Економист, психолог, филозоф, стоматолог, правник, информатичар, лингвист, книжевник и биолог. Закон!

ЕКОНОМИСТ:
Драга Х
 
Еве ти праќам една куса порака (не повеќе од 1,500 знаци цца) на твојата електронска сметка со цел да те известам за нашата фактичка состојба. Морам да ти пренесам дека мојата емотивна инвестиција во тебе се покажува како особено непрофитабилна.

Иако ти дадов голем кредит (и тоа на доверба, без никакви жиранти), сепак морам да кажам дека ти го потроши целиот и затоа јас сакам да ја сторнирам нашата заедничка сметка и да ја прекинеме соработката и размената на материјални и нематеријални добра.

Нашата страна, јас, очекував дека ти ќе се трансформираш во конк*рентна и престижна девојка на нашиот шизички пазар, но ти остана каква што беше, презадолжена и заостаната во развојот.

Инаку, стварно ме нервира тоа што за трите квартали колку што бевме заедно, ти успеа да положис само 0.76521 просечно испити по испитна сесија, што и не е некакво достигнување со кое можеш да се пофалиш пред пошироката јавност. И јас заради сето ова ти препорачувам да си најдеш некој друг инвеститор, по можност странски.


ПСИХОЛОГ:

Кутра Х,

мене ми е особено жал што морам оваа вест да ти ја пренесам вака индиректно и со тоа да го влошам твоето ментално здравје, но сепак ова е нешто со кое мораш да се соочиш, дури ако потоа е потребно да бараш и стручна помош. Со ова ќе ти се смири потсвеста, верувај ми.

За време на ова наше заедничко истражување на тема „психо-физиолошки аспекти на односите помеѓу половите“ јас многу научив, но сега мојата компетенција на полето на развојната психологија стагнира и време е да преминам во друга фаза.

Исто така, морам да ти признам дека откако разговарав со твоите пријатели и твоите родители конечно го решив твојот случај. Се работи за една веќе позната форма на инхибирана (долго време латентна) фрустрација од детството и раната младост.

Тоа што твоите родители не ти ја исполниле желбата и не ти дозволиле да го купиш албумот со сликички „Беверли хилс 90210“ кај тебе развило потреба за вештачко соживување со ликовите од оваа популарна ТВ серија и се артикулирало во нагони за допингување, шминкање и озборување.

Земено пак од бихевиористичка гледна точка твоето однесување кон мене секогаш беше импулсивно и дерационализирано. Ти никогаш не се ниту обиде да ја примениш методата „сладок лимон-кисело грозје“ врз нашиот психо-емотивен однос.

Сепак чувствувам сожалување кон твојата рано-адолесцентна фрустрација и неразрешен конфликт со авторитетот на родителите, но интензивниот развој на мојата личност не може да чека на тебе.


ФИЛОЗОФ:

Некогаш драга Х,

Се чувствувам философски горд во својата антропофилска намера да ја откачам својата досегашна љубов и својот ерос кон тебе и да ти кажам дека ние, ете така метафизички, не си одговараме. Трансцедентот наречен љубов помеѓу нас стана вистинска апстракција.

Лично, како субјект, не влегов телеолошки и утилитаристички во нашата врска, но за тебе тоа не би можел да го кажам. Уште од прапочетокот ти покажуваше неконтролираност врз твојот логос и психа. Од друга страна нашата љубов отсекогаш ја доживуваше како лична катарза, а исто така сакам да ти соопштам дека тоа што кај твоите пријателки си негирала дека не е точно дека не те сакам повеќе е чиста негација на негација, двојна негација и со тоа мораш да признаеш дека овој постулат ти е невалиден.

Покрај другото и затоа што нашиот да го наречам „нексус“ беше многу оказионален сметам дека за нас двајцата е вистински категорички императив да се упатиме кон различни трансцедентни духовни позиции во вселената, којашто впрочем се шири.


СТОМАТОЛОГ

Респектирана Х,

Навистина морам да бидам „ортоцентричен“ и да ти соопштам дека нашата врска веќе неколку недели е мошне болна, неподнослива и дегутантна. Никако не можам да го преџвакам и проголтам она што го изусти пред некој ден за мене.

Покрај тоа секој наш бакнеж беше блиска средба со твојот кариес и тоа ме вадеше од такт, а кога ќе се случеше да ги почувствувам шуплините на твојата долна десна шестка и горна лева петка речиси да бев пред нервен напад. Исто така сто пати ти кажав да не ја наводенуваш четкичката пред да ги миеш забите и ти не ме послуша.

Меѓу другото колегите ми имаат кажано дека ти отсекогаш изгледаше протрузивно покрај мене како неприродна протеза. Затоа решив да те извадам и исфрлам од својот живот. Се надевам дека забот на времето ќе те поштеди од вакви болки во иднина.


ПС. Мислам дека за недела-две ќе ти се расипе и фронталниот заб на горната вилица. Погрижи се за тоа навреме. Подобро да се спречи отколку да се лечи. Впрочем тоа се однесува и за нашата врска.


ПРАВНИК

Почитувана г-ѓице Х,

Ви соопштувам дека со едногласна и правосилна одлука го раскинувам односот со вас т.е. го ставам ад акта и ви забранувам да ми се доближувате на растојание помало од 100 метри.

Морам со жалење да констатирам дека за време на полноважноста на нашата врска од ваша страна ми беа оневозможени неколку уставно загарантирани права и слободи.

Пред се тоа беше правото на говор, затоа што јас покрај вас госпоѓице никако не можев да дојдам до збор.

Покрај тоа уставното право на приватна сопственост ми беше крајно оневозможено, бидејќи вие ми одзедовте се што можевте. Од друга страна не правевте рамнотежа помеѓу правата и обврските со коишто се здобивте за време на полноважноста на нашата врска.

Правата ги усвоивте и зголемивте додека обврските ги отфрливте. Сума сумарум, ве известувам дека во врска со член 45, ставка 3, член 56, ставка 4 и член 156 од Кривичниот законик поднесувам тужба против вас, којашто пак ќе ви биде уредно доставена со поканата за судскиот процес. Ова мое обраќање ќе биде заведено во службените документи на истиот процес.

Со почит,
....


ИНФОРМАТИЧАР

Хелоу бејбе,

Морам да ти пишам дека решив да се откачам од тебе. Мислам, што друго и може да направи еден турбо-модерен тип во ваква врска што не ги задоволува неговите капацитети и сурферски потреби. Башка и плаќам премногу за неа.

Исто така бејби, не ме сапортираш тогаш кога е најпотребно, а откако се прикачив на тебе како мој емотивен провајдер чувствувам дека сум ментално фрагментиран речиси до критичен степен.

Покрај тоа дознав дека сите наши муабети им ги „даунлодираш“ на твоите пријателки и затоа имам чувство дека нашата врска е ставена на сајт кој сите го посетиле (ти да не имаш своја лична веб-страна, а јас да не знам за тоа?). Стварно сум незадоволен од врската со тебе и КВ во секунда што ги постигнувам.

Јас сум тип што има уште многу работи да просурфа низ животот а со ваква даун врска нема ништо да направам, заслужувам најмалку АДСЛ врска. Затоа ете решив да си најдам друга провајдерка.


ПС. Во атачмент ти ги праќам сите слики со тебе, може да ги задржиш оти јас веќе ги избришав од мојот хард диск, да не ми фаќаат непотребен простор.


ЛИНГВИСТ
Се одлучив на овој чекор од многу „екстралингвистички причини“ како и од неколку лингвистички причини. Пред се и над се твојата елоквентност или подобро кажано неелоквентност ме фрапира (глаголов овде е во аорист-минато свршено определено време, а не во презент). Толку ограничен фонд на зборови не можам да го толерирам по никаков критериум, а од друга страна, ти, јазикот наместо како средство за комуникација го користиш како средство за расправање и тоа од вулгарен тип, а исто и за озборување и навредување.

Разбирам дека врз тебе интензивно дејствувале твоите пријатели со родниот дијалект и те расипале, но ти воопшто не се трудиш да се поправиш ниту јазично ниту социо-лингвистички. Конечно твојата употреба на толку србизми (пошто, зашто, чим, али и неупотребувањето на акцентски целости) надмина секоја мера.

Збогум!

ПС. Во продолжение ти го препраќам твоето писмо излекторирано според последниот правопис.


КНИЖЕВНИК

Најсакана Х-нушка

Јас не знам како да ги споделам овие зборови на тага со тебе, како да ти укажам а да не те растревожам, како овој мој внатрешен плач и неизмерна болка што нашиот меден месец е пред крај на својот лет.

Љубовта твоја ја збогати љубовта моја, не само кон тебе туку кон целиот поубав пол. Лично морам тоа да го отсликам во животот на многу од нив, тоа секако му го должам на женскиот род, инаку тоа би било чин на крајна себичност од моја страна.

Не, не, ти не помислувај ниту на Пенелопа, ниту на Ана Каренина. Ти продолжи го својот живот мислејќи на мене, на нас, на она што го имавме заедно и така нашата љубов ќе остане вечна и нема да биде само уште еден од листовите кои ги развеал ветрот на времето, ветрот на немирот. Те сакам, збогум. Се уште те сонувам. Скроти ги солзите, твоето лице не ги заслужува нив.


БИОЛОГ

Мила Колумба ливиа (дива гулабице)

Мојата пермисивна анимална клетка сосема невино беше инфицирана од вирусот на твојата љубов. Привлечен од феромоните кои се излачуваа по позитивна фидбек врска, слепо верував дека зачнавме една мошне стерилна и деконтаминирана љубов.

Засеана на хранлив медиум, со обезбедени оптимални услови ја имавме можноста да наметнеме еден нов еволутивен правец во развојот на љубовта. Но, твојата стеновалентност не го дозволи тоа.

Во оној момент кога размислував на симбиотски основи да изградиме една биоценоза која требаше да биде препознатлива по својот диверзитет, ти толку каталитички дејствуваше, што ја наруши и измести хомеостазата надвор од критичните точки и предизвика филетичко изумирање на секој дотогаш заснован однос.

Со болка во Ахиловата пета, сепак успев да се адаптирам и на крај да сфатам дека моите ензими не беа доволни за да го изметаболираат твојот толку табиет карактер.

Извини, но сакам само да те потсетам, дека диференцијацијата, никогаш (и наспроти сите мутации) нема да дозволи мојот Y-хромозом да стане компатибилен и комплементарен на твоите два ХХ хромозоми. Иако во моментов твојата асоцијативна секундарна мозочна област, предизвикува хиперфункција на твојот солзен апарат, не се секирај, лизозимот од солзите антимикробно ќе дејствува на целиот твој гнев.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 06:38
Му го поставуваат на еден Шкот вообичаеното прашање:
- Што носат Шкотите под килтот?
- Во успешен ден.... кармин!

_______________________

Млада Шкотска двојка (Мери и Џејми) си се додворува во парк:
- Џејми, сакаш ли да ме држиш за рака?
- Секако, како знаеше?
- Познав по твојот поглед.
По некоја минута:
- Мери, сакаш ли да те бакнам?
- Да Џејми, како знаеше?
- Се познава по твоите очи.
Поминуваат две минути:
- Џејми, сакаш ли да водиме љубов?
- О да Мери. Како знаеше? Да не е по мојот поглед?
- Не Џејми, по ритчето на твојот килт.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Септември.2010 во 05:10
Двајца другари разговараат:
- Знаеш што ми се случи вчера. Ја опнав жена ми и по навика извадив 50 евра да и платам.
- Ништо не е тоа. Мојата ми врати 20 евра кусур.

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Октомври.2010 во 15:52
Си одела Црвенкапа низ шумата кај баба и, кога од некоја грмушка излегол волкот, ја грабнал, и ја силувал. После сексот легнале заедно на тревата запалиле по една, и волков ја прашува:
- И сега, што ќе и кажеш на баба ти?
- Па, ќе и кажам дека си ме начекал и си ме силувал три пати.
- Е, зошто ќе ја лажеш? Само еднаш се случи.
- А што? Ти се брза некаде?

-------------


Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 17.Октомври.2010 во 21:53
Мујо му се фали на Хасо:
- Сношти се шетав по пругата и видов прекрасна девојка заврзана на пругата. Кога ја ослободив, водев љубов со неа...
Хасо прашува:
-Ти го пушеше ли?
-Не, не можев да и ја најдам главата!

-------------
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Октомври.2010 во 07:52
Цветко на првиот состанок.
- Ја гледаш реката?
- Да.
- Ја гледаш планината?
- Да.
- Ја гледаш Месечината?
- Да.
- Е, па, доста романтика, одиме во кревет.

-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 21.Декември.2010 во 00:06
 

Се сексаат Струмицанец и Французинка на една од ретките песочни плажи во Охрид. На сред секс таа му вели: 
- Ж'тем, ж'тем!
А овој и вели:

- Е как нема да ж'тејш гледи каква песок има, ти кажах да постелме...



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Јануари.2011 во 05:28

Дечко прашува девојка:

- Душо, викаш кога водиш љубов?

- Да, викам - вели девојката.

- Па тогаш викни ме кога ќе ти се води љубов



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Јануари.2011 во 07:21

Маж се исповеда: - Оче згрешив. Одам во паркот и зад една грмушка гледам Тој и Таа.

- Не е грев чедо. Тоа е нормално.

- Да, ама зад друга грмушка видов Таа и Таа.

- И тоа не е грев.

- Ама зад третата грмушка видов Тој и Тој.

- Ех, синко... да дојдеше пред пет минути ќе видеше Јас и Јас



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Јануари.2011 во 06:03

По еден месец забава девојката му вели на дечкото:

- Па, драги по овој период мислам дека е време да ме претставиш на твоето семејство!

- Нема таква можност!

- Зошто?

- Па, жена ми е на работа, а децата се во училиште



-------------


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 24.Јануари.2011 во 22:20
Затвореник конечно бега од затвор по цели 15 години одлежани во него. Уште првиот ден влегува во куќа за да краде пари и оружје.
Во спалната начекува брачен пар во кревет. Го заврзува мажот за столче, а девојката за креветот. Потоа се качува вр девојката и ја бакнува по вратот и оди во бањата. Потоа мажот и вели на жената:
- Слушај жено. Овој човек е многу опасен погледни му ги алиштата со години бил во затвор. Го видов како те бакнува сигурно не осетил жена долго време. Прави како што ќе ти каже и ако бара секс не се противречи оти ќе не убие. Издржи душо, те сакам!
Жената му рекла:
- Извини ама не ме бакнуваше. туку ми шепнуваше на увото. Ми рече дека е геј и дека си му изгледал слатко. Ми побара вазелин и му кажав дека е во бањата. Па ти не се противречи и прави што ќе ти каже! Издржи душо, те сакам.

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Јануари.2011 во 21:22

Си дошол мажот од работа и и рекол на жената:

"Жено ќе ти кажам една гатанка, ако погодиш што е ќе го шетаме кучето, а ако не тогаш право во спална ќе имаме секс".

И почнал: Дали знаеш што е тоа слатко мало влакнесто и прави мјау...мјау , жената не сакајќи секс одговорила крокодил, а на тоа мажот и рекол:

"Се си знаеш ѓаволче едно...  ајде сега право вo кревет"



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Март.2011 во 04:48
Машки и женски речник  

МАШКИ РЕЧНИК – што всушност мислат жените:

Да = Не
Не = Да
Можеби = Не
Жал ми е = Тебе ќе ти биде жал
Ние требаме = Јас сакам
Одлучи се = Одлуката не е тешка
Прави како сакаш = За ова ќе ми платиш
Мора да разговараме = Морам да ти се пожалам нешто
Направи како сакаш = Не сакам да го направиш тоа
Не сум лута = Секако дека сум ти лута, морону !
Денес си баш фин спрема мене = Да не мислиш пак на секс
Ми пречи светлото = Имам проблеми со фигурата
Кујната не е баш практична = Сакам нова куќа
Сакам нови завеси = И теписон, и тапети и …!
Ме сакаш? = Сакам нешто скапо
Колку ме сакаш? = Направив нешто многу лошо.
Уморна сум = заеби, нема секс вечерва
Што ти е сега? = Што зар пак сакаш да имаме секс.
Мораш да научиш да комуницираш = Едноставно согласи се со мене
Ќе бидам готова за минута = Имаш уште доста време на располагање



ЖЕНСКИ РЕЧНИК – што всушност мислат мажите:

Гладен сум = Гладен сум
Уморен сум = Уморен сум
Убав фустан = Супер цицки
Што е проблемот? = Не можам да поверувам дека од мравка правиш слон.
Што е проблемот? = Низ кои недефинирани трауми поминуваш сега.
Да, супер ти е новава фризура = Минатиот пат ти беше подобра.
Ми се свиѓа твојата нова фризура = 50 ДМ а ништо не е сменето!!!
Сакам да се омажиш за мене? = Сакам да е нелегално да легнеш со други.
Да ти се јавам после? = Сакам да имам секс со тебе.
Сакаш ли да играме? = Сакам да имам секс со тебе.
Што е со тебе вечерва? = Ништо од сексот вечерва а ?
Досадно ми е = Ај да имаме секс одма.
Те сакам = Сакам да имаме секс веднаш.
И јас те сакам тебе = ОК ти реков, ај сега да имаме секс.
Ајде да си правиме муабет = Сакам да мислиш дека имам добра душа, можеби тогаш ќе сакаш да имаме секс.

 




-------------


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 05.Април.2014 во 19:06
Момче и девојка водат љубов и во еден момент момчето забележало слика на еден маж на нејзината маса.
- Дали е ова мажот ти?
- Не! - одговорила таа.
- Љубовник? Нене...
- Брат?
- Ма не.
- Па добро, кој е?
- Јас, пред операцијата со која го сменив полот!газење од смеење




-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 07.Април.2014 во 20:51
Ja prashuva deteto majkata ...
Mamo, koga me pravevte sto sakase da bidam mashko ili zenshko?
Majkata odgovara...
Sine, jas samo sakav film da gledam...


-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)


Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 07.Април.2014 во 20:57

Direktorot na novata sekretarka I dava insturikcii..

Znaci zapomni ,koga ke ti pobaram kafe, mi nosis kafe a koga ke ti go pobaram izvestajot znaci te vikam za da te sexam....
 
Po nekoj den direktorot I se javuva I I veli ,te molam donesi mi go kafeto I izveshtajot ...
A taa mu veli, direktore ,kafeto vednas ke Vi go donesam no izveshtajot e na mesechna revizija...
 
Po izvesno vreme vleguvaa taa vo kancelarijata mu go nosi kafeto I mu veli ..
Direktore se mislev za izveshtajot, mozam usno da Vi go prezentiram ,a moze I od pozadi da go elaborirame ?
Direktorot:  A ne se sekiraj, jas sam si go razgledav...


-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)


Постирано од: BIBI_G_3
Датум на внесување: 19.Април.2014 во 13:13

Попе, пред свадбата со жена ми имавме секс по 15 пати на ден. Грев ли е тоа?

– Да синко, лажењето е голем грев.



-------------
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 22.Април.2014 во 23:37
Студентка плаче во ходникот на факултетот. Поминува професор и ја прашува:
- Колешке, да не паднавте на испит?
- НЕЕЕЕЕ! - плаче студентката.
- Колешке, може би не успеавте да го заверите семестарот?
- НЕЕЕЕЕ! - плаче студентката.
- Со студентскиот дом ли имате проблем?
- НЕЕЕЕ! - пак плаче.
- Па за кој к*р плачете тогаш?
- За каков и да ееееееееееееее!!!!!!!


Постирано од: sikter
Датум на внесување: 23.Април.2014 во 00:05


-------------
SIKTER be!!


Постирано од: BIBI_G_3
Датум на внесување: 23.Април.2014 во 00:25
http://www.google.com/url?sa=i&rct=j&q=&esrc=s&source=images&cd=&cad=rja&uact=8&docid=RlGI6feo3TzlLM&tbnid=TZMPSr0btH9KvM:&ved=0CAUQjRw&url=http%3A%2F%2Fforum.femina.mk%2Fnasmevka%2Fsmesni-sliki-t305%2F3490.html&ei=EexWU_X3GcnWtQaQjYDYCA&bvm=bv.65177938,d.bGQ&psig=AFQjCNH00ESwxzD7KskgtBsOTrvtiZ8ieg&ust=1398291842081010" rel="nofollow">


-------------
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ


Постирано од: sikter
Датум на внесување: 23.Април.2014 во 00:52












-------------
SIKTER be!!


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 17:37
Значи што нема на светов…

… некој земал Вајагра и бидеќи ја голтнал без вода му се заглавила во грло.

Сега има здрвен врат! 





-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk