Необично дрво само на необични места
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Животински и растителен свет
Опис на форумот: Раси, одгледување, ветеринарска заштита...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21018
Датум на принтање: 13.Декември.2024 во 23:31 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Необично дрво само на необични места
Постирано од: bijonse1
Наслов: Необично дрво само на необични места
Датум на внесување: 05.Декември.2009 во 23:08
Необично дрво затоа што не сме го виделе, нека биде тука место за такви дрвја со слика и краток коментар за нив!
|
Коментари:
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 05.Декември.2009 во 23:32
Дрво непознато,но расте кај нас
Го има единствено на Преспанскиот остров Голем Град
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 05.Декември.2009 во 23:35
Joshua drvo
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 01:54
EUKALIPTUS ..................( nemaj gajle calipso go smeniv naslovot sega si ok )
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 07.Декември.2009 во 17:21
Palma Chilena
Eднодомен зимзеленo дoја достигнува височина од 30 метри и
дијаметар до 1,1 m raste vo Chile do 1400 nad.visoch.
-------------
|
Постирано од: deranger
Датум на внесување: 07.Декември.2009 во 19:12
Raste samo po krajbrezhjeto na Kalifornija i severniot del....so rekordni 115 m i 7 m vo dijametar crvenata sekvoja e vistinski djin megu drvjata....
------------- Simnat od visokite planini
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 18:11
Баобаб со просек на стеблото периметар 9-10
метри, на височина од 18-25 метри (во "Гинисовата книга на рекорди" за
1991 година го опишува дрво баобаб со пречник од 54,5 метри). карактеристичен за австралиска полупустина и сувата савана на тропска Африка http://translate.googleusercontent.com/translate_c?hl=en&sl=ru&tl=mk&u=http://ru.wikipedia.org/wiki/%25D0%2590%25D1%2584%25D1%2580%25D0%25B8%25D0%25BA%25D0%25B0&rurl=translate.google.com&usg=ALkJrhg7_d1HNkO7LiGzo5dvavwU7MWdFA" rel="nofollow - .
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 18:24
Баобаб
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 18:26
Баобаб
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 18:29
Баобаб
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 18:30
Баобаб
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 18:32
Баобаб
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 17:45
sequoia drvo
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 17:47
sequoia drvo
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 17:49
sequoia drvo
Хиперион (Hyperion) е име на еден примерок на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D0%B5%D0%BA%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B0&action=edit&redlink=1" rel="nofollow - секвоја во http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&action=edit&redlink=1" rel="nofollow - Северна Калифорнија со височина од 115.5 метри, и како такво, ова е највисокото дрво на светот.
Дрвото било октриено од истражувачот Крис Еткинс и аматерскиот природонаучник Мајкл Тејлор во далечен предел на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A0%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D1%83%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD_%D0%B8_%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA&action=edit&redlink=1" rel="nofollow - Редвудскиот национален и државен парк откупен во http://mk.wikipedia.org/wiki/1978" rel="nofollow - 1978 , во времето на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%8F%D0%B8%D0%BC%D0%B8_%D0%9A%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B5%D1%80&action=edit&redlink=1" rel="nofollow - Џими Картер . Местоположбата на дрвото не се кажува заради посетителите кои би можеле да го нарушат http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BC" rel="nofollow - екосистемот околу него.
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 18:17
Тема: НЕОБИЧНО ДРВО САМО НА НЕОБИЧНИ МЕСТА...
....aj , neobichni dva e vo red!...ama na neobichni mesta?....a, koi se pa obichni mesta?
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 18:37
brza напиша:
Тема: НЕОБИЧНО ДРВО САМО НА НЕОБИЧНИ МЕСТА...
....aj , neobichni dva e vo red!...ama na neobichni mesta?....a, koi se pa obichni mesta?
|
па на пример покрај пат кога идеш накај дома и во дворот на комшијта... се обични , а необични места за нас....е таму ехехе хехе еехеее далеку стрмно непознато..... уништувач на забави...... ајјј отвори Ти тема да те видам аа?? ајј
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 19:21
...a kaj mozesh da vidish sekvoja na primer,...mozebi na ona malku zelenilo megju trakite na avtopatot?
e,...toa bi bilo stvarno neobichno mesto !
inache,..ne sum rasipuvach,...samo analitichar...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 21:04
Абе овие дрва нели беа спомнувани во `Малиот принц`?
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 22:22
acacia....stepsko..pustinsko...samotno drvce so rashirena kroshnja,..
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: aurelianus
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 22:33
toa je akacija,t.z BAGREM,po naski.
kaj se najde u pustinja covece bozji.
------------- 8"
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Јануари.2010 во 17:21
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Јануари.2010 во 17:26
Бонсаи
Одгледување во саксија, како на дрвја така и на други видови http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" rel="nofollow - растенија , има историски почетоци уште во времето на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%B3%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D1%82" rel="nofollow - Египетската http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A4%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82_%D0%A0%D0%B0%D0%BC%D0%B7%D0%B5%D1%81_III&action=edit&redlink=1" rel="nofollow - Фараонот Рамзес III
на стотина храмови подарил градини кои биле составени од маслинки,
палми и други растенија посадени во саксии. И во стара Индија се саделе
дрвја и други растенија во саксии за медицински цели и исхрана. култура и цивилизација. Постојат слики кои потекнуваат од 4000 п.н.е. и кои прикажуваат дрвја посадени во камени садови.
Изразот penzai првпат се појавува во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D0%BD%D0%B0" rel="nofollow - Кина во времето на Џин (Jìn Cháo) Династијата во периодот од 265 н.е. – 420 н.е. Со тек на времето оваа вештина се развива во нови форми во различни делови на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D0%BD%D0%B0" rel="nofollow - Кина , http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" rel="nofollow - Јапонија , http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0" rel="nofollow - Кореја , http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B0%D0%BC" rel="nofollow - Виетнам и http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%B0%D1%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD" rel="nofollow - Тајван . Посебно одгледувањето на растенија во саксија било популарно во Јапонија во времето на кинеската Сонг, (Sòng Cháo) Династијата,
период на голем развој на Кина, кога Јапонците присвоиле и примениле
многу од кинеските знаења и вештини. Јапонскиот Зен калуѓер Kokan Shiren (虎関師錬), (1278-1347), во 1300 год. ги поставува естетските принципи за бонсаи, бонсеки и архитектонските принципи на јапонската градина.
На почетокот Јапонците ги одгледувале минијатурните дрвја во саксии
за разубавување на нивните домови и градини. Подоцна одгледувањето на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%90%D0%B7%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%B0&action=edit&redlink=1" rel="nofollow - азалеатa и http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%80" rel="nofollow - јаворот станале симбол на богатство и престиж.
Една од најстарите познати живи збирки на бонсаи, која се смета и за
национално богатство на Јапонија е збирката на царот, во која се наоѓа
петиглестиот бел бор (Pinus pentaphylla var. negishi), познат
како Сандај-Шогун-Но Мацу, за кој се претпоставува дека е стар околу
500 години и дека почнал да се одгледува како бонсаи уште во далечната
1610 година.
Денес одгледувањето бонсаи веќе не е привилегија на богатите, туку тоа стана светски позната http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0" rel="nofollow - хортикултурна http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A3%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82" rel="nofollow - уметност .
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 01.Февруари.2010 во 18:31
Златната палма (Chrysalidocarpus lutesces), припаѓа на
фамилијата Palmae. Потекнува од Мадагаскар, каде што расте во височина и до 10
метри. Во САД е позната како "Butterfly palm" или палма-пеперутка. Кај нас го
добила името по златножолтите плодови. Оваа палма расте побрзо од Кензијата и
затоа повеќе се користи како собно растение. За да расте нормално, треба да ја
одржувате почвата оптимално влажна и да не дозволувате водата да се задржува во
тацната подолго време. Од пролет до есен секоја недела во водата со која
полевате додајте течно ѓубриво, а во зима еднаш месечно. На оваа палма и
одговара место на источен или западен прозорец. Во лето температура што и
одговара е 21-27 Целзиусови степени, а за презимување може да се чува на пониска
температура, но не пониска од 15 Целзиусови степени. Во земја за саксиски
растенија додајте една третина песок. Малите растенија пресадувајте ги секоја
година во март или во април, а големите дури тогаш кога коренот ќе прерасне во
саксијата.
Кокосовата палмичка (Microcoelum weddeliaum) потекнува од
тропските краеви на Бразил. Овој вид палма е тежок за одгледување затоа што бара
многу топлина и висока влажност на воздухот. Иако се нарекува кокосова палмичка,
нема ништо заедничко со големата кокосова палма. Има низок раст, така што дури и
израснат примерок достигнува височина само 120 см. Оваа палма е една од ретките
растенија, која поднесува постојано да има вода во тацната. Дури и мало
просушување предизвикува потемнување на врвовите на листовите. Чувајте ја на
многу светло место, но никако на директно сонце. Во текот на целата година
држете ја на топло место, но не на температура пониска од 20 Целзиусови степени.
Ако успеете да го одржите растението, пресадувајте го на секои две години и не
користете преголеми саксии.
Цикасот (Cycas revolute) припаѓа на
фамилијата Cycadaceae. Иако по изгледот прилега на палма, не припаѓа на
фамилијата Palmae. Станува збор за сосема различно растение од фамилијата
цикаси, кое нема ништо заедничко со палмите. Цикасите се најстари растенија во
историјата на Земјата. Бидејќи неговите листови потсетуваат на листови од палма,
многумина бараат да купат ваква палма - затоа се вбројува во фамилијата палми.
Расте многу бавно, но е толку убав, што е вистинско задоволство да се одгледува.
Ако се одлучите да го одгледате растението од семе, треба да поминат шест месеци
за семето да про'рти. За да израсне растението до големина за собно одгледување,
може да поминат и две години. Се полева умерено. Меѓу две полевања оставете ја
земјата добро да се просуши и никако не дозволувајте да се задржува вода во
тацната. Чувајте ја на светло место, заштитена од директно сонце, затоа што
листовите може да изгорат. Во текот на целата година бара собна температура, но
зимно време не смее да падне под 14 Целзиусови степени. Пресадувајте ја поретко,
а во супстратот што го користите додајте и една третина песок.
Панданусот (Padaus veitchii) припаѓа на фамилијата Paadaaceae. И овој
вид само по надворешниот изглед потсетува на палма. Нејзините листови, кои се
прошарани со бели ленти, спирално израснуваат од основата на растението. Лесна е
за одгледување и за многу кратко време израснува во големо бујно растение. Се
размножува многу лесно со одвојување на страничните избојци, заедно со дел од
коренот, кога тој ќе израсне околу 20 см.........
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 23:27
http://www.solipamet.com/wp-content/uploads/socotra-island-1042.jpg"> Дрвја во облик на печурки....
-------------
|
Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 16.Април.2010 во 22:52
AAAAAAAA MOETO DRVCE
------------- “Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.” ― William Faulkner, Mosquitoes
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 16:04
Balerina drvo...
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 16:06
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 16:19
Кинески мебел Бамбус дрвото
се многу популарни за правење мебел во Кина. http://4.bp.blogspot.com/_gCzwTHKbEhI/SEI_1SRWwKI/AAAAAAAAAug/V-mqF-yWEhw/s1600-h/images.jpg">
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 16:23
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 16:24
Bambus drvo
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 16:28
Садење бамбус во двор ?
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 02.Мај.2010 во 17:31
Парк со бонсаи...
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 02.Мај.2010 во 17:50
Бонсаи парк...
Тоа
е убаво уреден простор каде може да се опуштите и уживате...се наоѓа на
крајот од градскиот парк, наспроти хотелот Aleksandar Palace..... Локацијата
е добро избрана, и делува како да е многу подалеку од градскиот бетон и
сивило, кои се на дофат. Ширината и чистината на погледот кој се пружа
од паркот, дава визуелно чувство на пространост и тесна врска со
околниот парк и Водно во позадина. Површините со трева и растенија се
добро избалансирани во природна врска со цветните аранжмани и
природните камења и песок. Влезот не се наплатува, а функционира и
како продажно место, каде може да си купите некое бонсаи. Колку што
можев да видам, цените се движат од некои 700 ден. па се до некаде
30-тина илјади денари....Покрај бонсаи, овде може да си најдете и
доста интересни дрвца и грмушки, како и разновидни цвеќиња за вашите
дворови и балкони..........
-------------
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 20:02
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 01.Октомври.2010 во 17:25
Dracaena Tree
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 23.Октомври.2010 во 21:12
Sequoia стара ни помлаку ни повеќе туку 2300-2700 год лоцирана Giant Forest во Sequoia National Park, California. Во 2002 го доби ептетот за најголемо дрво во светот маса од 487 метра кубик наречена General Grant Sherman
sequoia по името на америчкиот воен водач William Tecumesh Sherman...
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Март.2011 во 00:14
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 04.Март.2011 во 08:49
Секој ден од иста страна ветер и види што му се десило на дрвцево....цццц
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 07.Октомври.2011 во 19:46
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 11.Јануари.2012 во 07:14
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 11.Јануари.2012 во 07:15
Постирано од: brza
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 01:26
ima edni preobichnindrva ,...na neobichni mesta !
..koj ke pogodi ,..kade?
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 04:13
brza напиша:
ima edni preobichnindrva ,...na neobichni mesta !
..koj ke pogodi ,..kade? |
Во Вардар
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 22:39
Има едно дрво кај мене во канцеларија... или тоа не е необично место?
|
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 07.Мај.2012 во 21:30
Не е баш необично,но вреди да се знае НАЈСТАРОТО БОНСАИ ДРВО СЕ НАОЃА ВО МАКЕДОНИЈА Бонсаито (мало засадено дрво во сад) потекнува уште од времето на египетската култура, а некои „се враќаат“ и до 4.000 години п.н.е. истражувајќи го неговото потекло. Фараонот Рамзес Трети на стотина храма им подарил градини со маслинки и палми, кои биле засадени во саксии, а имале главно медицински, лековити цели. Волшепството наречено „пензаи“ се појавува во времето на династијата Џин во Кина, во периодот од 256 – 420 година н.е., а во Јапонија се развива во времето на кинеската династија Сонг. Естетските принципи за бонсаи ги поставува еден јапонски зен-калуѓер, додека комерцијализацијата на бонсаито се случува дури во 19 век, кога завладува феудализмот во Јапонија, и тогашните трговци се среќаваат со тоа мало џуџесто дрво со огромна филозофија во себе. Во 19 век бонсаито доаѓа и во Европа, а основоположник на бонсаи-културата во Македонија е Благоја Сотировски Џагуре. Според тврдењата на многу експерти по хортикултура од странство, првенствено на оние што се посветени на проучување на дрвјата бонсаи, во Македонија се наоѓа еден редок вид бонсаи дрвце – македонска зеленика. Таа македонска зеленика, Вардарска долина, се смета за најстаро бонсаи во светот и го чека своето објавување во Гинисовата книга на рекордите, а денес се чува во градината на „Хорти експерт МК“. „Ова бонсаи е старо речиси цели 557 години, има дебелина на стебло од околу 36 сантиметри и не може да се спореди со моменталниот рекорд на бонсаи, кое е во Англија и е старо околу 300 години. Нема споредба ни во староста, ни во автентичноста, ниту во убавината што ја има оваа наша зеленика. Цена не постои за ова бонсаи. Ни се јавувале многу колекционери од секој дел од светот, но македонската зеленика – вардарска долина, за нас нема цена, таа е нешто бесценето“, вели Мите Филков, косопственик на „Хорти експерт МК“ и вљубеник во бонсаи-уметноста.
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 21.Јуни.2012 во 13:36
brza напиша:
ima edni preobichnindrva ,...na neobichni mesta !
..koj ke pogodi ,..kade? |
еве го!
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Јуни.2012 во 15:05
...bogami...od ovaa ,
...i na taze mrtovec ke mu se....drvosa!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 20.Октомври.2012 во 23:20
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 23:33
Три врби во коритото на Вардар
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 23:34
-------------
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Ноември.2014 во 06:30
Како се викаат искрено не знам дрвцава, интересни се, а се наоѓаат на островот Socotra
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Декември.2015 во 20:10
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Март.2016 во 17:10
Ова „Дрвото на животот“ – дрвото кое едноставно не сака да умреВо Олимпискиот Национален Парк во Вашингтон се наоѓа дрво кое му пркоси на законот на гравитација. Борејќи се за својот живот, „Дрвото на животот“ се протега над бездна, закачувајќи се на карите со неколку цврсти ластари на своите корења. Овој изненадувачки случај на растеж е резултат на тоа што карпата под него полека еродирала, но и покрај тоа, џиновското дрво продолжува да се бори за својот живот и да напредува. http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/05/dr01.jpg" rel="nofollow"> Неверојатното дрво сѐ уште разеленува секоја пролет и покрај тоа што неговите корења имаат многу мал допир со почвата. Иако бројни бури ја погодуваат крајбрежната област кадешто се наоа, сѐ уште не се превртело и осталано отпорно. Дрвото нема официјално име, но во областа го викаат „дрво на животот“ и „дрво-бегалец“. http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/05/dr02.jpg" rel="nofollow"> http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/05/dr03.jpg" rel="nofollow"> Висечкото дрво не е единственото коешто успеало да расте во невообичаени услови. Друго „дрво на животот“ ги зачудува туристите со години – овој пат во Бахреин. Дрвото заштитено од УНЕСКО е старо приближно 400 годни. Се наоѓа во пустина и е единственото дрво со километри наоколу и покрај тоа што нема снабдување со вода. Се претпоставува дека дрвото црпе вода од длабочините благодарение на своите длабоки корења, но сѐ уште останува мистерија. http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/05/dr06.jpg" rel="nofollow"> Кривата Шума во Грифино, Полска, е исто така природно чудо сочинето од невообичаено искривени стебла. Покрај тоа, дрвото бомбакс (свилено памучно дрво) во Та Пром, Камобџа, е фасцинантна глетка со своите големи корења обвиткани околу чудесен храм. http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/05/dr05.jpg" rel="nofollow"> http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/05/dr04.jpg" rel="nofollow">
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Март.2016 во 17:33
Најстарите дрвја во светотНекои од овие стари дрвја изгледаат прекрасно и величествено, и сѐ уште го обновуваат своето зеленило, додека други се исушиле и станале извртени, изветвени од пожари, ветришта и дожд. Како и да е, овие дрвја стојат како сведоштво за нивното преживување и нѐ потсетуваат за тоа колку краток е нашиот престој на оваа планета. Метузалем, Инјо Каунти, КалифорнијаМетузалем е стар 4.840-годишен долговечен бор кој расте во Белите Планини во Инјо Каунти во источна Калифорнија. Многу години ова дрво се сметало за најстариот неклонски жив организам, сѐ додека приматот не му бил одземен со откритието на друг долговечен бор во 2013г. во истата област, коешто е старо 5.064 години. Точната локација на метузалемското дрво се крие од јавноста за да се заштити од вандализам, и се знае само областа каде се наоѓа, како тоа дека расте на надморска височина од 2800 до 3000 метри. Пандо, национален парк Фишлејк, ЈутаПандо, уште познат и како Треперливиот Џин, е трепетлика за која се претпоставува дека е стара 80.000 години. Се претпоставува дека дрвото има огромен коренски систем и севкупно растението тежи 6.600 тони, што го прави најтешкиот жив организам. Секое стебло поединечно живее 40-150 години над земјата, но коренскиот систем на колонијата е долговечна, испраќајќи нови и нови стебла како што постарите умираат, ширејќи се околу метар со секоја година, понекогаш покривајќи и цели хектари земја. Џаја Шри Маха Боди, Адурадапура, Шри ЛанкаЏаја Шри Маха Боди е света смоква во Анурадапура, Шри Ланка. Се вели дека е јужна варијанта на дрвото Бод Гаја, под коешто Буда го доживеал своето просветление. Било засадено приближно во 288 г.пр.н.е. и е најстарото дрво засадено од човек во светот со познат датум на засадување. Денес тоа е едно од најсветите реликвии на будистите од Шри Ланка и е почитувано од будистите од целиот свет. Старото Тико, Даларна, ШведскаОва е 9.550 – годишна смрека за која се сметало дека е најстарото дрво во светот. Лангернивска тиса, Велс, Велика БританијаЛангернивската тиса е древно дрво кое се распаднало и неговата срцевина е изгубена, останувајќи само со неколку огромни гранки.Дебелината на дрвото при дното изнесува 10.75 метри. Јомпн Суги, Јакушима, ЈапонијаДел од светското наследство на УНЕСКО, Јомон Суги е најстарото дрво на островот и се смета дека е старо 2170-7200 години. Сарв-е Абарку, Јазд, ИранСарв-е Абарку, наречено и „Зороастриски сарв“ е стар чемпрес во Иран. Се смета дека дрвото е старо најмалку 4000 години, живеејќи низ целата зора на човечката цивилизација која се појавила во негова непосредна близина. Многумина сметаат дека ова дрво е најстарото во Азија. Алерке, ЧилеВо 1993 година во Алерке бил најден примерок на чемпрес во Чиле стар 3622 години, со што тоа е најстарото дрво од било кој друг жив вид на дрво, веднаш после долговечниот бор. Маслиновото дрво од Вувес, Крит, ГрцијаМаслиновото дрво од Вувес е веројатно една од најстарите маслини во светот и се наоѓа во селото Ано Вувес на островот Крит, Грција. И покрај тоа, ова дрво сѐ уште раѓа маслини. Точната возраст на дрвото не може да се процени, бидејќи срцевината со текот на вековите исчезнала. Но со анализа на годовите се утврдило дека е старо најмалку 2200 години, а некои научници од Крит сметаат дека е двојно постаро. Патриарка Де Флореста, Санта Рита До Паса Кватро, БразилВеројатно најстарото неиглолисно дрво Бразил се проценува дека е старо приближно 3000 години. Неговото име значи „Патријарх на шумата.“ Светиот банјан, Џјотисар, ИндијаСветиот банјан наводно бил сведок кога богот Кришна го донел учењето за кармата, и се смета дека дрвото е старо 5000 години. Локалната традиција вели дека е разгранок на оригиналното дрво, така што не е сосема јасно дали ова дрво е толку старо колку што се тврди.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Март.2016 во 17:39
17 прекрасни дрвја што докажуваат дека природата е способна за неверојатни нештаСложени и убави, дрвјата се едни од најпрекрасните чуда на светот на природата и се извор на разни неопходни нешта за човекот уште од самите наши почетоци. Метузалем стар 4.843 годиниСместен во Белите Планини во Калифорнија, се смета дека овој долговечен бор е најстариот жив организам сѐ до пронаоѓањето на уште еден кој е стар 5000 години. На едно дрво растат 40 вида овошјеОва дрво е скалемено така што може да расте 40 различни видови на овошје, почнувајќи од праски до цреши. Вистинско современо чудо, кое ги отвара вратите за слични вакви дрвја кои можат да помогнат во исхраната на луѓе во сурови средини. 144-годишна јапонска розова глицинијаПокривајќи површина од преку 2000 квадратни метри, ова дрво е дел од цветниот парк Ашикага во Јапонија уште од 1870 година. Поради природата на ширењето на глициниите, неговите тешки гранки денес се крепат на метални структури овозможувајќи им на туристите да прават неверојатни фотографии под неговата крошна. Генералот Шерман, џиновска секвоја, е највисокото дрво во целиот светНаоѓајќи се во Националниот парк Секвоја во Калифорнија, ова величенствено дрво е високо преку 83 метри и се смета дека е старо помеѓу 2300 и 2700 години. Африканските дрвја боабабИзгледајќи како нешто од некоја друга планета, дрвјата боабаб својот уникатен облик го должат на тоа што водата ја складираат во нивните стебла, поради долгите суши во суровите африкански климатски услови. За некои од овие дрвја се утврдило дека за време на дождовните сезони во нивните стебла успеваат да складираат преку 120.000 литри вода. Ангелски дабСе смета дека овој даб, кој се наоѓа во Чарлстон, Јужна Каролина, е стар речиси 1400 години. Некои од неговите гранки се долги околу 60 метри. Циркуски дрвјаОвие генетски модифицирани дрвја биле дизајнирани од страна на хортикултурологот Аксл Ерландсон. Дрвјава можат да се виткаат во секакви форми, правејќи ги вистинска жива атракција. Костенот на стоте коњиНајстариот костен во светот е стар околу 4000 години, но тоа што го прави посебен овој сицилијански костен е легендата за него. Соред приказната, за време на едно невреме под него се засолнале 100 витези, што му го дало името на ова дрво. Еукалиптус-виножитоОвие разнобојни дрвја имаат темнозелена кора која често ги менува нијансите со текот на возраста или како последица на влијанието на временските услови, што го прави да изгледа речиси како виножито. 400 годишно јапонско бонсаиИако сепак не е најстарото бонсаи, ова дрво е особено бидејќи успеало да ја преживее нуклеарната бомба врз Хирошима во 1945. Сега се наоѓа во Националниот Бонсаи музеј во Вашингтон, САД. Дрвото од ТулеОвој чемпрес се наоѓа на градскиот плоштад во Санта Марија дел Туле во Мексико. Се смета дека неговото уникатно стебло е најдебелото во светот. Не се знае за точната старост на дрвото, но проценките се движат од 1200 до 5000 години. Боаб дрвото-затворШупливото стебло на ова боаб дрво во Дерби, Западна Австралија наводно било употребувано од страна на австралиските абориџини како затвор за нивните злосторници. Се разбира, ова е само легенда и нема цврст доказ дека навистина било така. Уште еден стар даб, The Major Oak – стар 1000 годиниСместен во срцето на шумата Шервуд во Нотингамшир, Англија, ова дрво наводно било скривалиштето на Робин Худ. Во последните години станало слабо, поради што сега неговите гранки се поддржувани од структури направени од човечка рака. БанјанБанјан е вид смоква која започнува да расте врз стеблата на други дрвја. Дрвото домаќин на крај умира скапувајќи, давајќи му го препознатливиот „издлабен“ изглед на банјанот. Неговите шуплини се дом за најразлични видови животни. Маслината од ВувесСе смета дека ова е најстарата маслина во светот. Проценето е дека Маслината од Вувес на Крит, Грција, е стара преку 3000 години, и сѐ уште раѓа маслини кои се крајно скапи. Накривените дрвја од Слоуп Поинт, Нов ЗеландРазните дрвја кои растат во јужната област на Нов Зеланд постојано се изложени на силни ветрови од Антарктикот. Нивната препознатлива накривеност е потсетник за издржливоста на Мајката Природа.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Март.2016 во 17:51
Шумата од 400 искривени дрвја во Полска сѐ уште претставува мистерија за научниците
Во Западна Померанија, Полска, има една шумичка со обични борови којашто стана позната поради еден мал заплет во приказната – сите 400 стебла кои се наоѓаат таму имаат чудна закривеност кај нивниот корен.Дрвјата биле засадени во 1930 година во област која тогаш ѝ припаѓала на Германија. Сите дрвја веднаш над почнвата имаат чудно скршнување од 90 степени, за потоа пак да почнат да се извишуваат во грациозна закривеност. Нивниот чуден, но прекрасен изглед совршено е овековечен во фотографиите на Килиан Шонбергер. Никој со сигурност не знае како и зошто овие дрвја се искривени, но повеќето веруваат дека тоа се случило преку однапред смислен вештачки механички процес. Други пак теоретизираат дека мистериозната закривеност е резултат на обилен снег. Што и да е причината, со сигурност е глетка која заслужува да се види. http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/12/dr01.jpg" rel="nofollow"> http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/12/dr02.jpg" rel="nofollow"> http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/12/dr03.jpg" rel="nofollow"> http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/12/dr04.jpg" rel="nofollow"> http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/12/dr05.jpg" rel="nofollow"> http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/12/dr06.jpg" rel="nofollow">
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 09.Јуни.2017 во 23:02
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Мај.2018 во 16:47
Dracaena cinnabari – змејско крваво дрвоОвој вид е најверојатно еден од најпознатите и најкарактеристичните видови на островот Сокотра во Индискиот Океан. Неговиот изглед е во форма на превртен чадор и има густа крошна. Ова е зимзелен вид кој лачи темно црвена смола што потсетува на крв по што го добил и своето име.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Zelenikovo
Датум на внесување: 09.Август.2018 во 02:30
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21018&PID=3096310#3096310 rel=nofollow - Valerija напиша:
]Метузалем, Инјо Каунти, Калифорнија |
интересно уште малку и ќе се поклопи со Библискиот Метузалем
https://christianity.stackexchange.com/questions/3595/significance-of-methuselahs-death-year" rel="nofollow - https://christianity.stackexchange.com/questions/3595/significance-of-methuselahs-death-year
единствено што тој би бил тродупло постар како период во кој живеел доколку репер е претпоставката дека тој живеел во малото ледено доба
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15648&PID=3127614#3127614" rel="nofollow - http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15648&PID=3127614#3127614
простете за дигресијава, но не можам да постирам во подфорумот Вероисповест каде сакав да потенцирам зошто живееле толку долгу првите земјани т.е. ако земјината ротација била успорена од одреден фактор пр. ко на МерК*р или Венера денеска, тоа би било и возможно да терале накај илјадарка некогаш Луѓето тука, дали!?
https://www.exploratorium.edu/ronh/age/" rel="nofollow - https://www.exploratorium.edu/ronh/age/
https://www.universetoday.com/37507/years-of-the-planets/" rel="nofollow - https://www.universetoday.com/37507/years-of-the-planets/
не сум на чисто бидејќи матиматички сум мрзлив но и за староста кај Лушето сигурно постојат и други варијабили ко и кај староста на земјата
https://discourse.biologos.org/t/how-did-people-like-methuselah-and-adam-live-so-long/498/12" rel="nofollow - https://discourse.biologos.org/t/how-did-people-like-methuselah-and-adam-live-so-long/498/12
|
|