Испечати | Затвори го прозорот

Фан клуб Атлетико Мадрид

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фан клубови
Опис на форумот: навивачи, секој во својот клуб
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19875
Датум на принтање: 10.Мај.2024 во 18:49
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Фан клуб Атлетико Мадрид
Постирано од: fiks
Наслов: Фан клуб Атлетико Мадрид
Датум на внесување: 18.Август.2009 во 14:25
Тема за еден од најпочитуваните фудбалски клубови од Шпанија,секогаш во сенка на големиот градски ривал Реал.
Повелете фанови на Атлетико,Агуеро останува во Шпанската престолнина.

Агуеро останува со нас, нема никаква понуда од 50 милиони евра

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Серхио Агуеро ќе игра на натпреварот со Панатенаикос во квалификациите за фазата по групи за ЛШ. Со тоа сите шпекулации за трансфер во Челзи паѓаат во вода.

“Агуеро ќе иде со нас во Атина и ќе игра, затоа нема никаква шанса да го продаваме. Тоа беа само гласини кои ги измислуваа весниците.“ - изјави Абел Ресино тренерот на “црвено-белите“.

На ова се надоврза и претеседателот на Атлетико Енрике Карезо. “Немаме добиено никаква понуда од Челзи. Вакава приказа кружи скоро секое лето, но резултатот е секогаш ист, Агуеро останува со нас.“

Ова е одговор на шпекулациите од англиските весници кои извесуваат дека “плавите“ испратиле 50 милиони евра понуда до Атлетико Мадрид за А


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 25.Август.2009 во 17:58
Форлан и Агуеро остануваат во Атлетико

Двете најголеми ѕвезди во Атлетико Мадрид, Диего Форлан и Серхио Агуеро, ќе потпишат нови договори до крајот на оваа година, тврдат извори од клубот. Прво шпанскиот клуб треба успешно да ја мине квалификациската фаза и да се пласира во Лигата на шампионите, а потоа ќе седнат на маса со двоецот и да ја потпишат соработката.

Актуелниот договор на Агуеро истекува во 2012 година, а управата на клубот планира да ја покачат неговата откупна клаузула на 90 милиони евра за да ги отргнат налетите од елитните клубови.

Соработката со Форлан истекува во 2011 година, а во неговиот договор ќе има откупна клаузула од 60 милиони евра. Уругваецот ќе треба да потпише следниот месец, додека, пак, Агуеро на почетокот на декември.

Агуеро беше трансферна цел на многу клубови и "најзагреан" беше Челзи, додека, пак, за Форлан интерес пројавија шпанските гигант Реал Мадрид и Барселона, но сите понуди челниците на Атлетико ги одбија истакнувајќи дека немаат намера да се откажат од нивната услуга.

Управата на мадриѓаните планира да го задржи костурот на тимот бидејќи верува дека овој состав може да пружи многу за иднината на клубот. Па така во нивни план влегува и обновување на соработката со уште двајца фудбалери, Аргентинецот Макси Родригез и португалскиот репрезентативец Симао Саброса.

Родригез пристигна во Атлетико во 2005 година, а неговиот договор истекува следното лето, додека, пак, Симао, кој дојде пред две години за 20 милиони евра од Бенфика, има договор со клубот до 2011.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 25.Август.2009 во 18:02
Одличен потег на раководството на Атлетико со продолжувањето на договорите со најдобрите двајца играчи.
Доколку се оствари ова и годинава ќе бидат во првата четворка од Примера.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Ноември.2009 во 10:33
Форлан: Мора побрзо да излеземе од овој кошмар

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Форлан, се надева дека неговиот тим што е можно побрзо ќе излезе од оваа лоша позиција во која  се наоѓа моментално.

"Мора да излеземе од зоната за испаѓање што е можно побрзо. Работиме напорно само за да ја направиме таа промена во резултати што е можно побрзо.Навистина е тешко, но ние сме самоуверени дека ќе успееме."

"Разликата од ланската сезона е нашата позиција на табелата, но и фактот дека моментално минуваме низ многу тежок период. Екипата е истата од ланската сезона, тогаш направивме многу добри резултати."

"Би сакал да ја завршам мојата кариера овде на Висенте Калдерон, но тоа не зависи само од мене." - заврши Форлан кој лан беше 'златна копачка' на Европа.

 

Да потсетиме само дека Атлетико не успеа да обезбеди пласман во следната рунда од ЛШ, ќе се задоволи најверојатно со Европа лигата, а во Примера моментално се наоѓа во зоната за испаѓање.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Ноември.2009 во 10:34
Му текнува некому кога последен пат победил Атлетико??

До која ситуација дојдоа и покрај сите тие квалитетни играчи,жалосно тага


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 16.Март.2010 во 14:11
Најголемо разочарување за оваа сезона во Шпанија е Атлетикотагаодвај победуваат


Минимална победа на Атлетико Мадрид во шпанскиот фудбалски шампионат

Триумф од 1:0 против Осасуна оствари синоќа тимот на Атлетико Мадрид во последниот натпревар од 26.коло на Примера дивизија.

Стрелец на единствениот гол беше Хурадо во 79 минута. Дополнителен проблем за домашната екипа која победи беше и исклучувањето на Португалецот Симао во 57 минута при резултат 0:0.

Со новите три бодови Ателетико Мадрид со 34 се наоѓа на 10 место на табелата, додека Осасуна со 31 бод е 13-та.

На врвот со по 65 бодови се Реал Мадрид и Барселона.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Декември.2010 во 06:58

Агуеро до 2015 година ќе игра за Атлетико Мадрид

Серхио Агуеро останува во редовите на Атлетико Мадрид се до 2015 година. И покрај многуте понуди зетот на Марадона одлучи да ги прифати понудените услови на јорганџиите од Мадрид и да ја прдоложи верноста со црвено белите од шпанската престолнина.

Аргентинската ѕвезда Агуеро со годишна плата од 5,8 милиони евра во иднина ќе биде најплатениот фудбалер на Атлетико Мадрид.

Според медиумите на Пиринеите, 22-годишниот Агуеро постигнал договор со раководството на Атлетико својот стар договор кои истекуваше во 2012 да биде продолжен на уште три сезони.

Првите луѓе на тимот од Мадрид во новиот договор со Агуеро ја зголемија и висината на обесштетување доколку младата ѕвезда сака да замине од клубот, па тоа сега изнесува дури 60 милиони евра


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Декември.2010 во 06:03
Фудбалерите на мадридски Атлетико се простија од трофејот во Лига Европа освоен минатата сезона, откако синоќа беа елиминирани уште во натпреварите по групи...

Играчите од "Винсенте Калдерон" во последното коло одиграа нерешено со Баер Леверкузен (1:1), што го искористи Арис и со победа над Розенборг избори пласман понатаму.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Јуни.2011 во 06:01
Мансано нов тренер на Атлетико Мадрид

Грегорио Мансано е нов тренер на Атлетико, објави денеска мадридскиот клуб. Мансано пред неколку дена ја напушти Севиља и не чека долго на нов ангажман.

55-годишниот стратег со Атлетико потпиша едногодишен договор. Грегорио Мансано водеше бројни шпански клубови, а на клупата на Атлетико седеше во сезоната 2003/04



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Мај.2012 во 19:41






По уругвајскиот напаѓач, 26-годишниот Кристијан Родригез, кој потпиша договор на четири години, победникот на Лигата на Европа, Атлетико Мадрид во своите редови го доведе и Турчинот Емре Белезоглу.

 

Договорот со него е на две години а ќе заработува 2,7 милиони евра по сезона. Белезоглу ќе му се приклучи на сонародниот Арда Туран, фудбалерот од нападот, кој во Мадрид пристигна минатото лето.

 

31-годишниот Емре претходно во својата кариера го носеше дресот на Галатасарај, Интер, Њукасл и на Фенербахче.



-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk