Испечати | Затвори го прозорот

Псалми- пејте му химни на Господа.

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19044
Датум на принтање: 06.Јуни.2025 во 01:22
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Псалми- пејте му химни на Господа.
Постирано од: DDarko
Наслов: Псалми- пејте му химни на Господа.
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 14:45
Пслами, најубавата книга од Библијата, збирка од пофални песни на Господа, испирирани на Давид од Бог. Оваа тема ја отворам за подобро да се запознаеме со Псламите, би сакал секој кој чита Библија да постира некој од Псламите, да ги коментираме и да разговараме за нив!



Коментари:
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 15:14
http://bibliata.tv/video/b7c579798dc7eed/103-Psalm

-------------


Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 21.Мај.2009 во 18:48
(Псалм 111)1 Алилуја! Ќе Го славам Господа со сето свое срце во советот на праведниците, во нивната заедница.

2 Големи се Господовите дела, нека размислуваат за нив сите, што ги љубат.

3 Сјајно и величествено е Неговото дело, и Неговата правда останува довека.

4 Со Своите чуда, направи спомен, Господ е благ и милостив.

5 Им даде храна на Своите почитувачи, довека Си спомнува за Својот Завет.

6 Своите силни дела ги објави на Својот народ, им ја даде во наследство земјата на многубошците.

7 Делата на Неговите раце се: вистината и судот, сите Негови заповеди се постојани,

8 утврдени се за сите времиња, довека, создадени врз вистината и правдата.

9 Тој му испрати спасение на Својот народ, Го постави Својот Завет засекогаш: Свето е и страшно Неговото Име!

10 Почеток на мудроста е стравот од Господа! Мудро прават кои Го почитуваат. Неговата Слава трае довека!

Мојот омилен!


-------------


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 17.Септември.2009 во 16:00
http://www.youtube.com/watch?v=KjXiZyVvTyY&feature=player_embedded - Блажен муж - видео


Блажен е оној, што не оди на советот безбожнички,

не застанува на пат на грешници

и не седи во друштво на развратници,

па му омилел законот на Господа

и во законот Негов дење и ноќе се поучува;

тој е како дрво посадено крај воден извор,

кое својот род го дава навреме,

и чиј лист не вене;

и во се што прави, напредува.

Но не се такви безбожниците;

тие се како прав, што го растура ветар по земјата.

Затоа безбожниците нема да се одржат на судот,

ниту грешниците – во соборот на преведниците.

Зашто Господ го знае патот на преведниците;

патот, пак, безбожнички води во погибел.


-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 17.Септември.2009 во 21:51
па му омилел законот на Господа

и во законот Негов дење и ноќе се поучува;

O, kolku bi sakal da mi omili premnogu Negoviot zakon, zoshto chesto skrenuvam od Negoviot pat i zoshto chesto go zanemaruvam Negoviot zbor.
Vozljubeni braka i sestri vo Gospoda, molete se za mene greshniot, iskushenie me napaga.
Sestro Maran Ata, psalmot e super!


-------------


Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 17.Септември.2009 во 23:01
http://www.youtube.com/watch?v=YMGpk4-ZBNs&feature=PlayList&p=DF206CC22A03C08B&index=16 - http://www.youtube.com/watch?v=YMGpk4-ZBNs&feature=PlayList&p=DF206CC22A03C08B&index=16


-------------
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 00:22

Псалм  102

- 1 Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име.

  - 2 Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној,

  - 3 Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести;

  - 4 Кој го избавува од распаѓање твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини.

  - 5 Кој ја исполнува со блага твојата желба, како на орел ќе се *обновува твојата младост.

  - 6 Господ им дава милост и суд на сите онеправдани.

  - 7 Он му ги покажа Своите патишта на Мојсеја, на Израилевите синови - барањата Свои.

  - 8 Штедар и *милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив;

  - 9 Он не се гневи до крај, ниту вечно се лути.

- 10 Оне не ни направи ништо според нашите безааконија и не постапи според нашите гревови;

- 11 зашто, колку е големо растојанието од небото до земјата, толку е голема милоста на Господа спрема оние што се бојат од Него;

- 12 колку е далику исток од запад, толку ги оддалечил Он од нас нашите беззаконија;

- 13 како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.

- 14 Зашто Он го знае нашиот состав, помни дека сме *земја.

- 15 *Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој;

- 16 ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото веќе нема да се познава

- 17 А милоста на Господа е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него,

- 18 и правдата Негова е од синовите на синовите, кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови, за да ги исполнуваат.

- 19 Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над се.

- 20 Благословувајте Го Господа - сите ангели Негови крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збоар, слушајќи го гласот од зборот Негов;

- 21 благословувајте Го Господа - сите Негови војски, Негови служители, кои ја испонувате волјата Негова;

- 22 благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Неговото владеење. Благословувај Го, душо моја, Господа!

 




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk