Велигден - Фарбање на јајца
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18692
Датум на принтање: 24.Мај.2025 во 21:34 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Велигден - Фарбање на јајца
Постирано од: La Ninja
Наслов: Велигден - Фарбање на јајца
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 08:11
Како вие ги фарбате? Само црвени или пак во разни бои? Кристализирани (со винска киселина) или пак со мрежички или ливчиња за добивање на шари??? Прв пат оваа година ке фарбам сама...значи без мајка ми па ме интересира што нашите домакинки сакаат да „шараат „ за Велигден???
Мене најомилени ми се кристализираните...во разни бои да се прелеват... Но без црвено јајце...не е Велигден.  
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Коментари:
Постирано од: defma
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 11:29
Црвени со шари од ливчиња, најубави ми се и ме потсетуваат на времето кога бев мала.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 11:43
Фарбањето јајца и китењето на елката се две нешта кои ги обожавам Јајца фарбам најчесто со природни материјали, лушпи од ореви, од кромид, сецкано цвекло, свежи коприви. Иако боите кои се добиваат не се оние дрежливите сепак се убави. Црвената боја обично ја добивам со фарбање со варзало кое за жал се повеќе не е она старото туку нешто го модифицираа.
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 14:47

------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Kali
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 17:48
mamce,aj pisi tehnik?
so kromid? so koprivi? cveklo?
inaku, nie generaciski nanazad pravime isklucivo crveni..po tradicija.. koga bev dete pravevme so borovi grancinja, livcinja i sl...vo posledno vreme, samo cisto crveni jajca.
|
Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 18:34
vo razni boi i lepenki mu stavam
|
Постирано од: Delicia
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 18:43
Првите јајца на Велики четврток ги вапцам црвени а инаку вапцам во повеке бои ,а за шарањето ја одржувам традицијата цртање си чист восок
------------- ...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 18:46
Техниката е едноставна. Во водата се ставаат сувите лушпи од кромидот и јајцата (може да се украсат со ливчиња од бозел, магдонос, нане и да се врзат во казичка. Ако се бели се добива некоја неодредена жолта боја, ако не се добива портокалова боја Истата постапка е со сите наведени тревки. Ииии може и со она лила зелка, сецкана на покрупни парчиња како и цвеклото. Мирисот од зелката не влегува во јајцето Се добива убава розе/виолетова боја. Се премачкуваат со вата натопена во зејтин за сјај.
-------------
|
Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 18:54
Vapcanjeto jajca stana takva umetnost, jajcata se tolku ubavi sto ponekogas mi e zal da gi skrsam
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 14.Април.2009 во 08:50
E da i mene mi se slucuva toa. Ako vi se veruva od osmo odd. pa se do sea od sekoja godina cuvam po edno jajce...se krstam samo da ne mi se skrsi nekoe zaso toa stvarno ke bide smrdlivo 
Bas posle ke odam da zemam i vinska kiselina za kristalcinja 
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: zaguben
Датум на внесување: 14.Април.2009 во 09:29
IMAM JAJCA ,IMAM LJUSPI OD KROMID KE NABERAM LIVCINA ZA DA DOBIAT NEKOI SARI I SAMO USTE MI FALAT HULAHOPKI DA IMA VO STO DA GI VRZAM JAJCATA
I GOTOVO SPREMEN SUM ZA VAPCAJNE JAJCA
|
Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 14.Април.2009 во 09:52
Не фарбам, ама сакам вапцани јајца...!!!
------------- секој нов ден, носи нова надеж...
|
Постирано од: mimicria
Датум на внесување: 14.Април.2009 во 10:25
marija1000 напиша:
Првите јајца на Велики четврток ги вапцам црвени а инаку вапцам во повеке бои ,а за шарањето ја одржувам традицијата цртање си чист восок |
Kako se crta so vosok??
Probav ednas ne mi uspea...PLS Kazuvaj tehnika!!!
|
Постирано од: Eli
Датум на внесување: 14.Април.2009 во 20:40
Obozavam da farbam jajca..ova mi e najinteresen moment od celiot praznik..obicno so majka mi i baba mi gi farbame,ne sakame mnogu sareni jajca pa najcesto si gi farbame crveni,ama onaka bas ubava jaka crvena boja da si dobijat,i ponekogas so mrezicki gi pravime..ja sum taa sto znae po nekoe jajce da go tintri,da go farbam ,cickam so detali nekoi,pa posle da go cuvam dokolku mi sikoci ubavo :)
------------- Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Април.2009 во 13:32
Ова денес го гледам во Вест...Затоа домакинки прочитајте. Убаво е да си фарбаме јајца дома. МАКЕДОНСКИТЕ ДОМАЌИНКИ СЕ ПОМАЛКУ ИМААТ ВРЕМЕ
Вапсани јајца за инстант - Велигден
Пред
најголемиот христијански празник Велигден големите маркети се
преплавени со вапсани јајца. Екипата на „Време“ при обиколка на
скопските продавници забележи голема заинтересираност за нив иако
цената е осумдесетина денари за пакување од шест јајца. Според
православните обичаи, велигденските јајца се вапсаат раноутро, пред
изгрејсонце, на Величетврток, но жените кои ги сретнавме во
продавниците тврдат дека од година в година се помалку време имаат за
почитување на традицијата. Според нив, со готов производ ќе заштедат
време, а сепак на празничната трпеза ќе имаат традиционални велигденски
јајца. - Многу сум зафатена со мојата работа и немам време да вапсам
јајца и затоа ова е одлично решение. Мислам дека и цената е пристапна
за секого “ вели една муштерика во скопски маркет. Сепак, повеќето
домаќинки не ни помислуваат на овој празник да купат готови вапсани
јајца и тврдат дека ја почитуваат велигденската традиција и уживаат во
украсувањето. - Вапсањето јајца е големо уживање и задоволство. Ја
обожавам целата церемонија околу правењето и шарањето. Бидејќи не
работам, во четврток околу четири часот вапсам три црвени јајца.
Купувањето готови за мене е бесмислено - ни рече Марија, домаќинка од
Скопје. Вработените во маркетите тврдат дека вапсаните јајца одлично се
продаваат и очекуваат побарувачката да порасне деновите пред празникот.
За свештениците од Македонската православна црква оваа појава на
пазарот, без разлика колку е практична за домаќинките, воопшто не е во
ред и е погрешна. Тие сметаат дека со тоа се нарушува целата
симболиката на најголемиот христијански празник Велигден. - Ова е многу
лоша појава и не треба да се прави. Се уште не се ниту почнати
страдалните денови, а веќе се продаваат вапсани јајца. Луѓето може
многу лесно да паднат во искушение да купат кога ги гледаат на полиците
во продавниците, но тоа е навистина лошо “ ни изјави отец Коста
Станоевски. Тој додава дека доколку јајцата стојат долго до Велигден,
може и да се расипат, па затоа секој треба да ги вапса во својот дом и
според адетите. - Луѓето веќе не избираат начин како да заработат пари,
дури и преку верата. Велигден е спој на верата и традицијата низ
вековите. Домаќинките првите три јајца треба да ги вапсаат на
Величетврток в зори пред изгрејсонце и тие треба да бидат црвени.
Велигденски јајца не треба да продава ниту црквата ниту кој било друг “
тврди отец Станоевски. Социолозите, пак, сметаат дека нема ништо лошо
во купувањето вапсани велигденски јајца бидејќи на тој начин им се
олеснува на домаќинките да заштедат време и труд. - Тоа е урбана
измислица на денешното време, сепак сметам дека вапсањето јајца треба
да биде дома и во кругот на семејството за да се зачуваат симболиката и
традицијата - вели Илија Ацевски, социолог. Вапсањето јајца е еден од
најстарите обичаи, а црвената боја е симбол на Исусовата крв. Инаку
обичајот, според православието, потекнува од чинот на Марија Магдалена,
која по Христовото воскресение тргнала кон Рим да го проповеда
евангелието. Кога стигнала кај царот Тибериј, му подала црвено јајца и
му рекла „Христос воскресе“. Оттогаш христијаните на овој начин го
обележуваат Христовото воскресение.
-------------
|
Постирано од: Wonderful_Life
Датум на внесување: 16.Април.2009 во 10:16

------------- Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 16.Април.2009 во 13:47
Не е лошо ова да се знае. Не е на одмет малку претпазливост. Сепак на велигденските јајца најмногу с ерадуваат децата.
Опасна боја за јајца
Од Дирекцијата за
храна бојата на лажиче ја сметаат за небезбедна бидејќи не е спакувана,
се продава на отворено и врз неа паѓа сe и сешто
Не
купувајте рефус боја за вапсување велигденски јајца оти е небезбедна,
предупредува Дирекцијата за храна. Пред велигденските празници,
тезгињата на пазарите и картонските кутии на дивите продавачи се
преплавени со бои за вапсување велигденски јајца кои се продаваат
рефус, односно се мерат на лажиче. Станува збор за увозни бои, кои се
набавуваат од земјите во соседството, најчесто од Србија и од
Бугарија, а се претпоставува дека тие не се бои за храна туку се
текстилни бои. Пазарџиите и дивите продавачи им ги нудат на
граѓаните како квалитетни бои, со кои велигденските јајцата за само
неколку минути ја добиваат саканата нијанса. Едно лажиче боја се
продава од 5 до 10 денари. Нивниот квалитет е неиспитан, несигурен
и, бидејќи не се заштитени со соодветна амбалажа, лесно можат да
станат штетни за употреба. Овие бои можат да бидат опасни за
здравјето, предупредуваат докторите, доколу се стават на веќе оштетени
лушпи од јајцето. Тогаш токсичните метали кои ги има во боите, можат
да навлезат дури и во жолчката на јајцето. Од Дирекцијата за
храна апелираат до граѓаните да не купуваат рефус бои за јајца туку да
ги користат оние кои имаат амбалажа и на кои стои упатство за
користење. "Ние секоја година правиме лабораториска анализа на
примероци од рефус боја и на онаа што се продава во соодветна амбалажа.
Иако досегашните резултати од рефусната боја покажаа дека не е
штетна и може да се употребува, сепак, ја сметаме за небезбедна
бидејќи не е спакувана во амбалажа, се продава отворена и врз неа паѓа
сe и сешто, а нема ниту упатство за употреба. Проблем може да настане
бидејќи нашите домаќинки ги варат јајцата заедно со бојата, иако тие
првин треба да се сварат па после да се стават во боја", вели Божин
Петроски, раководител на секторот за производство и промет со храна.
Од
Пазаришната инспекција, која е надлежна да ги казнува пазарџиите и
дивите продавачи што продаваат рефус боја за вапсување велигденски
јајца, велат дека не можат да се справат со сите продавачи оти за тоа
им треба засилено присуство на полиција. "Ние немаме право да ги
идентификуваме дивите продавачи, тоа може да го направи полицијата.
Можеме само да им забраниме да продаваат и да ги отстраниме. Кога ќе
се појавиме бегаат, а штом заминеме, повторно се враќаат на тезгињата.
Постојано сме на терен, но со двајца полицајци не можеме да ги
казниме сите диви продавачи. За да направиме акција во цело Скопје,
ни требаат 100 полицајци, а толку не можеме да добиеме бидејќи од
полициските станици имаат и други активности", вели директорот на
Пазаришната инспекција Сашо Акимовски. А.Антевска
-------------
|
Постирано од: Delicia
Датум на внесување: 16.Април.2009 во 13:54
mimicria напиша:
marija1000 напиша:
Првите јајца на Велики четврток ги вапцам црвени а инаку вапцам во повеке бои ,а за шарањето ја одржувам традицијата цртање си чист восок |
Kako se crta so vosok?? Probav ednas ne mi uspea...PLS Kazuvaj tehnika!!! |
Јас користам чист восок ,не овој сега модерниов.....на чистиот восок му треба подолго време да се стопи ,доволно за да јајцата бидат варени и шарени..  ...Овој адет го зачував од бабами,бог да ја прости,која кога бевме помали,ке ни растопеше восок и ке ни дадеше да ги шараме јајцата.
Инаку чист восок може да се најде во продавничињата со продаваат свеки 
------------- ...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
Постирано од: maki_seker4e
Датум на внесување: 17.Април.2009 во 22:08
isto ubavo e da se stavat na jacata lasticinja(onie za tegli so se)i da se stavat vo boja i da se varat mnogu ubavo ispaga
a toa so vosokot ke probam...
------------- I love saying yes...and doing the opposite. a friend is alweys there when you need them.NOT ME!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 18.Април.2009 во 11:14
Za ovaa godina se zavrsi farbanjeto. Ubava boja. Go probav ova so lasticinjata. Liniite mi izlegoa tenki. Dogodina ke stavam po siroki lasticinja
-------------
|
Постирано од: zaguben
Датум на внесување: 20.Април.2009 во 14:56
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 21:59
http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D0%B8%D0%BA-%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0/" rel="nofollow -
И ова е само идеја за украсување на Велигденски јајца. Потребни ви се лушпи од двојно повеке јајца од тие што ќе ги украсувате. Измијте ги и исушете ги лушпите, па бојадисајте ги со боја по ваша желба. Јајцата сварете ги и оставете ги сосем да се оладат и исушат. Искршете ги бојадисаните лушпи на покрупни парчина, така е полесно да се направи мозаик. Дел од површината на јајцето намачкајте со лепило, прислонете парче бојадисана лушпа, па лесно притиснете да се залепи, при што ке се поткрши на помали парченца. Раздвојте ги со пинцета делчината, повеке или помаку, веке по ваша желба. Оставете да се исуши лепилото, па работете на следен дел од површината. Најбрзо е ако паралелно работите со неколку јајца наизменично. Можете и како негатив да ги правите, јајцата де се бојадисани, а лушпите бели, или и така и така.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 22:01
http://moirecepti.mk/post/%D0%B2%D0%B0%D0%BF%D1%86%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D1%85%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%B0/" rel="nofollow - 1. За првиот начин потребно е да исецкате ситно лушпи од кромидот и лукот. Секое јајце навлажнете го и поминете низ исецканите лушпи. Тие ке се залепат за јајцето и завиткајте го добро во фолијата.Ставете во водата и варете. Откако ке се сварат, извадете ги, нека постојат уште малку и тогаш извадете ги од фолијата. Прекрасен ефект ке имате. Знаете дека се премачкуваат со салвета или памучна крпа која е мрсна од зејтин. 2. Сварете ги јајцата.Исечете чипка (ако имате некоја стара завеса-хихи) секое јаце замотајте го во парче од чипката и ставете во боја да постои, извадете го, не одврзувајте ја веднаш чипката - нека се исуши и дури тогаш тргнете ја. 3. Парче од свила замотајте околу јајцето и ставете да се вари. Кога е сварена извадете ги од водата, нека се подсуши и одврзете. 4. Сварените јајца додека сеуште се топли замотајте ги во парче од стара памучна ткаенина и со лажиче капнувајте на повеке места од различни бои - затегнете ја ткаенината - ова за да се одпечати и плетенината од самата ткаенина - одличен ефект. Со едно парче ткаенина можете и повеке јајца да вапцате. 5. Ако го сварете јајцето во листови од црвена зелка - исто така добивате преубава боја.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Март.2015 во 19:56
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Март.2015 во 20:00
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Март.2015 во 20:06
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Март.2015 во 08:28
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Март.2015 во 14:57
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Март.2015 во 14:58
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 20.Март.2015 во 13:21
Јас не ги шарам премногу јајцата. Најчесто ги правам црвени (95%), не сум голем љубител на јајца во све ми боје лепо стоје. Црвеното си има симболика.. А тогаш кога ќе решам да ги прошарам не користам стикери, лепенки и 300 чуда. Користам тревки, кромид, ливчиња и што ќе ми се најде при рака. Можеби изгледаат поубави кога се пошарени, ама за мене е непотребно.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 20.Март.2015 во 22:52
 Две години вака ги вапцувам,и годинава исто Освен првите три црвени пред изгрејсонце
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2015 во 09:54
http://www.crnobelo.com/zabava/dizajn/30366-13-novi-nacini-i-tehniki-za-kreativno-ukrasuvanje-na-veligdenskite-jajca-foto" rel="nofollow -
Боењето и украсувањето на велигденските јајца е вистинскиот момент за да ја стимулирате вашата креативност. 
Нема потреба да ги повторувате истите постапки, бои и лепенки, ќе се изненадите од уникатноста која можете да ја постигнете во само неколку чекори. Ако немате трпение или веќе ви досади стандардното боење на јајцата, овие неколку велигденски предлози ќе ве воодушеват. Погодни се за секоја возраст, за сечиј вкус и не бараат многу одвоено време или посебни вештини. Верувајте, нема да знаете која идеја попрво да ја пробате. 1. Делумно обоени јајца, за оние мрзливите 

2. Јајца обложени со златна фолија (корисен трик за да ги прекриете бледите бои кои нема да ви излезат како што очекувавте)


3. Бели јајца валкани во шарени трошки за колачиња и торти


4. Јајца намачкани со течен лепак и обложени со вуница

5. Јајца обоени со свилен материјал (замотајте ги во парче свила, заврзете и варете ги неколку минути)


6. Излепени со тенки линии селотејп


------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2015 во 09:55
7. Чипкани јајца 


8. Пастелни јајца со точки


9. Боење со стопени мрсни боички

10. Боите за јајца заменете ги со лакови за нокти


11. Вапцање со ориз во боја

12. Јајца обложени со украсни салфети (намачкајте ги со белка од јајце и залепете ја салфетата внимателно)


13. Светкави јајца

------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 08:46
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Април.2015 во 08:48
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 08:41
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 22:40
За жал текстот не можам да го копирам, имаат ставено забранапа еве еден линк: http://www.youtube.com/watch?v=46L-Ukw8Lqg" rel="nofollow - http://www.youtube.com/watch?v=46L-Ukw8Lqg
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 09:00
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/30555-dodade-nekolku-kapki-zejtin-vo-bojata-za-jajca-i-dobi-nesto-prekrasno-video" rel="nofollow - Сите сме во големи велигденски подготовки, па секоја идеја за необично боење на јајцата е добредојдена.
Откако ќе ги обоите традиционалните црвени јајца, разбудете ја својата креативна страна и пробајте го овој експеримент - додајте неколку капки сончогледово масло во бојата за јајца. Потребни ви се само неколку стаклени садови, вода, боја и масло. Постапката е повеќе од лесна, треба само да ви текне.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 10:20
Интересен трик за најубави велигденски јајца
Најголемиот христијански празник Велигден се наближува, а со тоа и радоста во домот околу вапсувањето на јајцата. Најлесно е да ги ставите да се бојадисаат во сад со боја, но можете да бидете малку покреативни и со малку труд да ги имате најубавите велигденски јајца. Овој пат ви претставуваме трик за бојадисување со помош на свилен материјал со интересен дезен, со помош на кој истата шара ќе ја пресликате и на јајцата. Се изведува мошне едноставно – само следете ги наведените чекори: 1. Исечете шарени парчиња свила и исто толку парчиња бело платно. 2. Завиткајте го јајцето во свилата, а потоа во белата ткаенина и заврзете го или закачете го со шнола за коса. 3. Повторете ја постапката со останатите јајца. 4. Ставете ги јајцата во тенџере и дополнете го со вода. 5. Во водата додадете 3 супени лажици алкохолен оцет, ставете го тенџерето на среден оган да зоврие и оставете го да врие уште 15 минути. 6. Извадете ги јајцата, оставете ги да се изладат, а потоа отвиткајте ги од материјалот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 10:22
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 10:24
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 10:26
Велигденското јајце – симбол за среќа и бериќет во семејството
Христовата победа на смртта, секоја година, симболично се одбележува со Велигденското јајце. Во секое семејство, неговото толкување е речиси слично. Генерално, јајцето се поврзува со Велигден, поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување. Традиционалното фарбање јајца во повеќе бои е старо верување, кое во секој дом носи радост. Некои сметаат дека црвената е вистинската Велигденска боја,но се смета дека не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно, е извор на среќа. Ви го претставуваме значењето на боите на Велигденските јајца, кои овие денови ќе бидат најдраг гостин во Вашите семејства: Жолта боја – светлина, радост Портокалова – трпение, моќ Зелена – храброст, големина Виолетова – надеж, спокојство Сина – здравје, ведрина Се претпоставува дури и дека симболите кои се појавуваат при фарбањето јајца имаат значење. Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го фарбале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година. Имајте среќни Велигденски празници. Ви посакуваме секоја боја на Велигденските јајца да влијае соодветно на полето чие значење го има… Бидете со Вашите најблиски, верувајте во големината на Бог… Нека овој Велигден биде најубавиот украс на Вашиот дом. Амајлија на Вашето семејство… Причина повеќе да се уверите дека нема ништо повистинско и поголемо од хармонијата на едно семејство.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 09.Април.2015 во 13:38
evangeline напиша:
Јас не ги шарам премногу јајцата. Најчесто ги правам црвени (95%), не сум голем љубител на јајца во све ми боје лепо стоје. Црвеното си има симболика.. А тогаш кога ќе решам да ги прошарам не користам стикери, лепенки и 300 чуда. Користам тревки, кромид, ливчиња и што ќе ми се најде при рака. Можеби изгледаат поубави кога се пошарени, ама за мене е непотребно.
|
Еве да се демантирам оваа година. Малово запна сакам сини, саааакаам виолетови, сакам зелени. Аааааа, ми се стемни хаха  Ова ми е прва година да ги правам во све ми боје лепо стоје, како што пишав погоре  Не се лоши, ама луѓе, јас правам 20-25 јајца секоја година, од кои 17 - 20 црвени. Оваа година дури 41! Кога одиш со дете во маркет, завршуваш со празен паричник, полна корпа и невиден неред по дома. Но сепак, морам да кажам дека и шарени ми се допаѓаат. Не сум некоја wow домаќинка и не вложувам премногу труд во јајцава, затоа што како што кажав, за мене црвените се оние - правите. Ама нека се радуваат децата.  И ставете некое ваше јајце, да видиме што домаќинки сме 
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Април.2015 во 10:38
http://www.crnobelo.com/zabava/dizajn/30576-kako-da-napravite-veligdenski-jajca-zolti-minioni" rel="nofollow -
Не е тајна дека малите жолти Миниони преку ноќ станаа популарни, па веројатно ако сте го гледале филмот и вие сте заљубени во нив. 
Зошто тогаш овој Велигден да не направите јајца во форма на Миниони? Ви звучи комплицирано? Опуштете се, не ви требаат повеќе од 10-15 минути. Плус, ако имате детенце, внуче или пријател кој ги обожува, секогаш може да го изненадите. За изработка потребно ви е: - Жолта боја за јајца
- Сина боја за јајца
- Лепило
- Малку црна волница
- Очи за кукли
- Црн маркер
Постапка: Најпрво сварете ги јајцата и оставете ги да се изладат. Во две пластични чашки наполнете малку вода. Количината измерете ја според јајцето, водата не смее да преминува половина од него кога ќе го потопите. 
Во едната ставете ја сината, во другата жолтата боја. Потопете ја едната половина неколку минути во жолта боја, а потоа свртете ја другата половина во сина боја. Оставете го јајцето да отстои по 3-5 минути во секоја боја. 
Оставете ја бојата да се исуши, па потоа залепете ги очите, вуницата искористете ја како врвка од очилата, а устата може да им ја нацртате со обичен црн маркер. 
Ако сакате, препрскајте ги со лак за коса и оставете ги добро да се исушат. Вашите Миниони се готови! 
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Март.2018 во 20:50
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Март.2018 во 20:50
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2018 во 10:09
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2018 во 10:10
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2018 во 10:10
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2018 во 10:11
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2018 во 08:17
Празнична инспирација: Забавни идеи за бојадисување и украсување на велигденските јајца
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Април.2019 во 13:43
Модерните домаќинки се воодушевени од јапонската шибори техника! Велигденската трпеза има нова ѕвезда: Тродимензионалните шари се хит!
Оригиналната јапонска шибори техника, со која инаку се фарба ткаенина, стана поинаква, но и многу едноставна техника за фарбање Велигденски јајца.  Повеќе не ни се потребни четки, ниту специјални бои - трикот се крие во користење на конец, хартија и ластичиња за тегла. Потребни ви се: - Омилената боја за јајца; - Оцет; - Хартија (филтер) за кафе; - Ластичиња од тегли; - Стаклен сад; - Ножици; - Шприц. Постапка: Секое јајце обмотајте го со филтерот за кафе, а врвот на хартијата врзете го со ластиче. Преку хартијата обмотајте го јајцето со ластиче или конец, во зависност од тоа каква шара сакате да добиете. Ќе добиете покрупни шари ако јајцето го обмотате со ластиче, а потенки и понежни линии ќе направи конецот. Подгответе ја вашата омилена боја според упатството на пакувањето, а потоа добиената фарба истурете ја во шприц. Со шприцот постепено истурајте ја бојата по деловите на јајцето помеѓу конецот или ластичето. Кога цела хартија ќе биде покриена со боја, оставете го јајцето еден час да се исуши. Тргнете ги ластичињата и одмотајте го јајцето од хартијата, премачкајте го со масло и ставете го на посебно место во велигденската корпа.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Април.2020 во 10:07
https://moirecepti.mk/post/%D1%84%D0%B0%D1%80%D0%B1%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B7" rel="nofollow - - Фарбање јајца со ориз
Фарбање јајца со ориз
Во парчињата хулахопки ставете по една лажица ориз и додека ја собирате хулахопката да ја врзете распоредувајте го оризот по целата површина на јајцето. Ако ставите помалку ориз ќе добиете како зеленото јајце на сликата (мене така ми е поубаво). Цврсто врзете, и јајцето е спремно за фарбање. Постапката за фарбање е иста како и за обичните јајца.
Кога ќе го извадите јајцето од фарбата оставете го само кратко да се исцеди и веднаш извадете го од хулахопката и тргнете го оризот. Ставете го да се суши и премачкајте го со малку масло за сјај.
Хулахопките не треба да бидат скинати, ќе излегува оризот
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Април.2020 во 10:12
https://moirecepti.mk/post/%D1%84%D0%B0%D1%80%D0%B1%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BF-%D1%85%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0" rel="nofollow - - Фарбање јајца со креп хартија Едноставен и малку поразличен начин на фарбање со кој се добиваат убави декоративни јајца.
Јајцата се мијат и се ставаат убаво да се сварат. Поубаво е да се користат бели јајца за да се добијат поубави нијанси од хартијата.
Во чинија на страна се истура оцет-да биде чинијата полна одприлика 1/3.
Креп хартијата се сече на ленти.
Одкако ќе се сварат јајцата се зема едно јајце и уште врело се обвиткува со различни парчиња од хартијата.
Пред да се стави на јајцето хартијата се потопува во оцетот и убаво се прилепува за јајцето. Вака обвиткани јајцата се ставаат во стаклена тегла или порцелански сад и се оставаат да се исушат. Од како ќе се исуши хартијата (околу 30 минути) се одстранува од јајцето и одкако ќе се оладат јајцата се премачкуваат со памук натопен во зејтин.
Има повеќе видови на креп хартија-некои полесно испуштаат боја, а некои не. Јас користев од потенката.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|