Испечати | Затвори го прозорот

Откриени се бактерии високо во Земјината атмосфера

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Наука
Опис на форумот: Астрономија, Генетика, Физика...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18481
Датум на принтање: 16.Мај.2024 во 03:24
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Откриени се бактерии високо во Земјината атмосфера
Постирано од: Sunny
Наслов: Откриени се бактерии високо во Земјината атмосфера
Датум на внесување: 27.Март.2009 во 01:09

Индиската Вселенска Истражувачка Организација (ISRO) во последно време е доста активна. Како што Индија индустриски и финансиски се повеќе расте, така и агенцијата станува се поактивна и помоќна.

Минатата година http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=1637 - Индија ја испрати својата прва сонда кон Месечината која заврши со контролирано уривање на нејзината површина. Сега агенцијата излезе и со тврдење за уште поголемо и повозбудливо откритие кое можеби ќе ја предизвика перцепцијата и размислувањето на луѓето за екстратерестријалниот живот. Индија тврди дека пронашла три различни видови на бактерии кои живеат во многу тенок слој од ретката горна атмосфера, на висина од 40 km над површината на Земјата. Многу научници ги сметаат овие бактерии за екстратерестријални поради тоа што живеат во такви сурови услови и на толку големо растојание од површината. Доколку ова откритие се потврди, тоа ќе означи нова ера во проучувањето на живот во екстремни услови.

Бактериските колонии мора да се способни за опстојување во многу сурови услови. Ултравиолетовите зрачења на толкава висина и вон атмосферскиот заштитен слој, се доволно силни за да уништат било какви бактерии, а згора на сè, тие мора да се справуваат со екстремни температури, ретката концентрација на воздушни честички и недостаток на органски материи.

Сега се развиваат широки дебати за потеклото и структурата на бактериите. Некои научници сметаат дека тие потекнуваат од Земјата, но биле исфрлени во атмосферата преку вулкански ерупции или на други начини, додека пак други сметаат дека тие потекнуваат од Вселената.

Првиот откриени тип на бактерии е наречен Bacillus Isronensis, во чест на ISRO, вториот тип е наречен Bacillus Aryabhata, во чест на античкиот Индиски астроном Ариабата, додека третиот вид е наречен Janibacter Hoylei во чест на астрофизичарот Фред Хојл.

Бактериите беа откриени со помош на научните инструменти на истражувачки балон на ISRO за мерења на големи височини, лансиран од Националната фабрика за балони во Хајдерабад. 459 kg тешкиот балон почнал да собира примероци на висина од 20 km па се до висина од 41 km, каде што отпирила и биле откриене бактериите. Анализите од примероците беа вршени во Центарот за клеточна и молекуларна биологија и Националниот центар за клеточна наука (NCCS) во Хајдерабад.


Балонот на ISRO со чија помош беа откриени бактериите.

Најавата за ова откритие не е првото вакво тврдење од една вселенска организација за екстратерестријален живот. На почетокот на годинава, http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=1703 - NASA најави знаци за постоење на живот на Марс кога лендерот Феникс откри дека Марсовата атмосфера содржи значајни количини на метан. На Земјата, главниот извор на метанот се живите организми.

Со откритијата од ваков тип, секако дека не е надвор од реалноста да се размислува за можноста бактерии да постојат и живеат на место како што е Марс, иако неговата хемија е премногу екстремна за поголемиот број на животни форми на Земјата.

А.Д. www.tehnologija.com.mk

___________________________________________________________

Dali ova znaci deka sepak moze ima Marsovci збунетостголема%20насмевка



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    



Коментари:
Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 27.Март.2009 во 11:36
ако бактериите се сметаат за марсовци...... голема%20насмевка можеби и има.... кој знае збунетост

-------------


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 27.Март.2009 во 13:58
pa sega... ako pod marsovec podrazbiras oblik na zivot (ziv organizam), togas da bakterija moze da e marsovec... голема%20насмевка... a ako ocekuvas zeleno isuseno covece so golemi oci... za to ke pocekame голема%20насмевка

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: nelson
Датум на внесување: 27.Март.2009 во 14:31
ne se znaeдоста%20е

-------------
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 27.Март.2009 во 15:01

Тууу а нешто се открие десетина километри над површината на Земјата и одма луѓево марсовци, вонземјани, чуда А У. Дај оладете малку.

Пред некое време така открија метан на Марс и одма по медиумите А У А У откривме живот на Марс, марсовци бегајтеееее голема%20насмевка
Кој знае, на крај може да се испостави дека тој метан бил од прдежите на астронаутите газење%20од%20смеење се шалам... но сепак, од метан до живот, од магаре до музика.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: traktorce
Датум на внесување: 27.Март.2009 во 21:31
Na 40km збунетост... hm... размислување Se e mozno... nekoj poprost oblik na zivot...збунетост

-------------
Подобро еден ден Волк, него цел живот Овца !!!


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 27.Март.2009 во 23:14
па, и животот на Земјата настанал од такви прости форми... можно е тоа да се случува и на другите планети трепкање само ќе биде мноооогу долг процес, кој не верувам да го доживеам голема%20насмевка

-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk