Испечати | Затвори го прозорот

Ракометарките бесни на Владата

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Кошарка и ракомет
Опис на форумот: Нашите најуспешни национални спортови
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17822
Датум на принтање: 15.Мај.2024 во 19:43
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Ракометарките бесни на Владата
Постирано од: One_lovE
Наслов: Ракометарките бесни на Владата
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 21:55
Репрезентативките ги мачи впечатокот дека остана заборавено и недоволно вреднувано нивното седмо место на Европскиот шампионат. Сметаат дека заслужуваат повеќе од ветената колективна награда која и онака се уште не им е исплатена.

„Причината за овој прес со женската ракометна репрезентација е иритирачката одлука на Владата за доделување на награда на машките репрезентативци за успешниот настап на Светското првенство, за нивното залагање, за подигање на националниот дух. Притоа, заборавајќи дека некој друг, не толку далеку, исто така успеа да го подигне националниот дух, исто така го остави своето срце, душа и тело на теренот, за боите на оваа држава, за националниот дрес, за постигнување на висок резултат“, изјави Владимир Глигоров, селектор на женската репрезентација.


„Нека не го забораваат нашиот успех, а посебно Владата и државата за која ние секоја поединечно го дадовме максимумот за државата, а не за клубот. Значи таа која што треба нас да ни го честита тоа, ние немаме приеми ни кај премиерот, ни кај претседателот пред да почне Европското, а камоли после тој успех нас да ни рече: Еве ви девојки по едно бонбонче, браво што така достојно ја претставивте државата. Тука е нашиот револт значи секоја чест за мажите, да не се осетат сега дека ние ги напаѓаме, но каде е нашиот успех“, рече револтирано Драгана Пецевска.

„Би сакала да прашам, има едни изјави, машките се бореа со срце. Тогаш со што се боревме ние за да освоиме седмо место? Многу сме разочарани и не знаеме каде да најдеме мотив понатаму за да постигнеме поголеми резултати“, заклучи Јулија Портјанко.

Јас потолно се согласувам со девојките, со право се бунат.Хаос, срамота е ова што се случува во врска со женската ракометна репрезентација.
Затоа што нашите спортисти се наша гордост.
Ако некој се сеќава оваа приказна се повторува. Истото беше и со Кометал кога изгубија во финалето во 2005 од данскиот Шлагелсе. Сепак беа втори во Европа и тоа е за респект и тогаш беа девојките изреволтирани од односот на високите органи кои не покажаа ни грам поддршка и благодарност за тоа што тие го остварија на Европскиот Шампионат.
Само напред девојки, Македонија е со вас!




Коментари:
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 01:32
зошто тогаш не се побунија дека им е малку


Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 08:58
sami se krivi, koj odi vo kladilnica da se oblozuva protiv samiot sebe si.......

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL


Постирано од: butel2
Датум на внесување: 09.Февруари.2009 во 16:04
Originally posted by mrzla mrzla напиша:

зошто тогаш не се побунија дека им е малку


malku? pa tie ne dobija nisto , nitu gi povikaa na priem ,

arsinot za site treba da e ist


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 09.Февруари.2009 во 16:44
како ништо..............?
екипата доби околу 30 000 евра да се поделат на сите


Постирано од: butel2
Датум на внесување: 10.Февруари.2009 во 10:40
da, samo sto uste ne gi dobile...


Постирано од: Martina_3
Датум на внесување: 24.Март.2009 во 15:56
so pravo se luti ,koga vo ovaa drzava nikoj ne obrnauva vnimanie na sportot nikoj ne se interesira bezveze



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk