Испечати | Затвори го прозорот

El clasico

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фудбал
Опис на форумот: Лига на шампиони, првенства, репрезентации...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16931
Датум на принтање: 22.Мај.2024 во 04:24
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: El clasico
Постирано од: Red`Black
Наслов: El clasico
Датум на внесување: 09.Декември.2008 во 21:06
Najgolemoto derbi vo planeta

Barcelona vs Real Madrid
vo sabota

ja mislam deka barcelona ke prodolzuva so isto tempo
rezultat 5:0 ili 6:0



Коментари:
Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 10.Декември.2008 во 17:32
za kogo

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 10.Декември.2008 во 17:32
Barcaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: salordon
Датум на внесување: 10.Декември.2008 во 17:55
i ja mislu deka barca ke pobedi


Постирано од: salordon
Датум на внесување: 11.Декември.2008 во 20:15
Шустер не го дочека дербито, Рамос во Реал
Само неколку дена пред "Ел Класико", германскиот кормилар во Реал Мадрид сепак го напушти "Кралскиот брод". На истото место, е назначен некогашниот тренер на Тотенхем, Хуанде Рамос.


     Вчера попладна на стадионот на кралскиот клуб, Сантијаго Бернабеу беше одржана конференција каде беше одлучено за таквата замена на менаџерот на клубот.

     Германецот веќе некое време беш под голем притисок, повеќе поради испаѓањето од кралскиот куп од третолигашот Реал Јунион од Ирун, наспроти феноменалната игра на Барселона во првенството на Примера. Неговиот статус во неизвосност беше донесен повеќе поради двата неочекувани порази од торински Јувентус во Лигата на Шампионите, иако се избори за пласман во понатамошните натпреварувања.

     Спортскиот директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, вчера оствари средба со германскиот некогашен играч и досегашен експерт и ги извести челниците на клубот дека најдобар потег за прогрес на тимот претставува отказот на Берн Шустер. Рамос без обзир на неуспешната епизода во Англија, но сепак добро познат во Шпанската Примера, во последните десет години водеше пет екипи: Рајо Валекано, Бетис, Еспањол, Малага, Севиља, како и веќе споменатиот Тотенхем.



Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 12.Декември.2008 во 00:50
јас мислам дека Реал е веќе на пат да го добие годинешново El Clasico!
како и многу други до сега.


-------------
Јас сум мајстор!

http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)


Постирано од: crack
Датум на внесување: 12.Декември.2008 во 21:43
noramlno deka barca ke pobedi


Постирано од: salordon
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 11:56
Originally posted by Dogi Dogi напиша:

јас мислам дека Реал е веќе на пат да го добие годинешново El Clasico!како и многу други до сега.


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 14:47
Barca:Real Madrid 2:0 Eto'o 83' Messi 91'

Eto promasi penal

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 16:32
super izigraa barsa....a real na kasiljas slobodno moze spomenik da mu podigne....pa ne znam vo kolku momenti gi spasiсреќа

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 28.Декември.2008 во 05:40
Barca e najdobra ekipa vo prova polovina na sezonat ima najvise postignati golovi a najmalku primeni

Barca ZAKON


-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 12:59
За сите заљубеници во Шпанскиот фудбал и големи фанови на Реал и Барса.
Наредното ел класико е во сабота.
Подгответе се за уживање со најголемите мајстори на фудбалската игра.
 
И нормално,сега немам срце а да не пишам.
 
Напред Реал Мадридголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 17:49
Napred Barca

-------------



Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 03.Мај.2009 во 04:51
Bravo Barsa...celosno go potopivte i posramivte Real...
 
 
Definitivno Barsi pisuva nova istorija vo Spanija....
 
голема%20насмевкаSreka sto "se cuvaat" za vo liga na sampioni, inaku trebase uste 2-3 da im dadat
 
za tie sto go propustija ovoj navistina prekrasen natprevar, golovite http://gle.to/index.php?pg=2&show=5&id=52132&videoid=2195 - ovde  
 
p.s Duri i Pujol,kapitenot dade golголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 03.Мај.2009 во 04:57
Ostaj ne praj muabet....sramotiloci zivi Real....nesto so trenerite ne im odi газење%20од%20смеење

-------------


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 03.Мај.2009 во 05:10
e aj nemozis po magareto udi po samarot....
 
neka se svestat malku kaj se...mnogu letnaa, mislea deka ke i ja zemat tiulata na barsa, demek bila pod pritisok so celzi sega...
abe budali luge, ne znaat deka domasniot esap na pazar ne e ist..
ke gi bolat ovie 6 parcinja uste dolgo vremeголема%20насмевка


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 03.Мај.2009 во 05:15
mnogu politiki pocnaa da mesaat. ovaj ke bidel pretsedatel, onaj ke bidel....vaka ke napravime pari od reklami, onaka....da mestime za kladilnici, ili ne....epa fudbal se igra, ne se teraat biznisi

-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 27.Октомври.2010 во 11:23
Ел Класико во понеделник!?

Постои голема веројатност супер-дербито на шпанскиот фудбал меѓу Барселона и Реал Мадрид да се игра во несекојдневен термин - понеделник, 29 ноември, пишува каталонскиот спортски дневник Спорт. Во тој период токму овој датум најмногу им одговара на двете екипи, но одговара и на локалното население во Барселона од други причини.

Имено, викендот на 27 и 28 ноември ќе се спроведат парламентарни избори во Каталонија, па политичките страсти во комбинација со фудбалските искри што ги носи најголемото дерби во шпанскиот фудбал може да доведат до немири на и надвор од Ноу Камп. И двата клуба, наводно, го поддржуваат предлогот да играат в понеделник имајќи предвид дека дербито следува по натпреварите од петтото коло во Лигата на шампионите каде Барселона гостува на Панатинаикос во Атина, а Реал на Ајакс во Амстердам.

Во средината на следната недела (од 29 ноември до 5 декември) двете екипи немаат ангажмани во Лигата на шампионите или Купот на Шпанија, па ќе можат добро да се одморат и да се подготват за меѓусебниот дуел кој сигурно ќе одлучува за новиот првак на Шпанија. Како и да, е последниот збор околу промената на терминот ќе го има сопственикот на телевизиските права за Пример - Гол ТВ.

Сигурно дека мечот меѓу Барселона и Реал Мадрид оваа сезона дополнително ќе го привлече вниманието на љубителите на фудбалот од целиот свет бидејќи освен најдобрите фудбалери на планетата, екипите ќе ги водат најдобрите тренери, инаку освојувачи на последните две изданија од Лигата на шампионите, кои во своите кариери заедно имаат над 50 трофеи. Барселона се наоѓа во серија од четири победи против најголемиот ривал и се надева на петти триумф, нешто што досега не му успеало на каталонскиот клуб во меѓусебните дуели. Освен в сабота, недела и среда, Ел Класико никогаш порано не се играло во друг ден од неделата.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Ноември.2010 во 05:48
"Ел Класико" сепак во недела /fudbal/spanija/2345-qel-klasikoq-sepak-vo-nedela.pdf -   /fudbal/spanija/2345-qel-klasikoq-sepak-vo-nedela.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page= -   /component/mailto/?tmpl=component&link=aHR0cDovL3Nwb3J0c2tvLmluZm8vZnVkYmFsL3NwYW5pamEvMjM0NS1xZWwta2xhc2lrb3Etc2VwYWstdm8tbmVkZWxhLmh0bWw%3D -  
 

И покрај сите најави, шпанскиот "Ел Класико" ќе биде одигран во недела навечер, а не в понеделник како што беше првичниот предлог на Шпанската Федерација...

Конечната одлука е дека големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра на 28-ми ноември од 21:00 часот и покрај фактот дека на тој ден се одржуваат локалните избори во Каталонија.

Тоа беше причината за евентуалната промена на терминот, но главниот збор сепак го имаа телевизиските куќи, кои по секоја цена сакаа средбата да биде одиграна во најгледаниот термин - недела навечер.



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 13:13
"Ел Класико" - започна војната

Прв кој се огласи пред првото големо дерби кое со нетрпение се очекува во оваа сезона во Примера, беше помошникот на Гвардиола, Тито Вилјанова. Гвардиола и Мурињо премногу се почитуваат и минатата сезона пред дуелите на Барселона и Интер немаше директни коментари. Меѓутоа прв проговори Тито Вилјанова, десната рака на Пеп Гвардиола, па медиумите се прашуваат дали тоа е и мислење на малиот тренер на Барселона.

"Она што е неверојатно кај Мурињо е тоа што тој никогаш не зборува за фудбалот и за самата игра. Се занимава со тоа што кој рекол и со напад на други луѓе без причина, единствено што никогаш нема да слушнете е да зборува за натпреварот" изјави Вилјанова.

Тој додаде дека тоа е лошо за самата игра, бидејќи нејзините учесници и така претрпуваат голем стрес.

"Стресот е присутен, бидејќи фудбалот е резултат. Реал нема резултати, вложија двојно повеќе од Барселона и го донесоа секој кој го посакуваа. И повторно ништо, победуваат но не играат добро. Освен резултатите тука, нема ништо од фудбалската убавина" додаде Вилјанова.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Andrey
Датум на внесување: 25.Ноември.2010 во 13:51
Сега Реал со Мурињо има да руши пред себе се живо и диво!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Ноември.2010 во 14:25
Originally posted by Andrey Andrey напиша:

Сега Реал со Мурињо има да руши пред себе се живо и диво!
 
така е .Тоа е нивниот сезон.ќе бидат шампиони ,но мислам дека нема да победат на Камп Ноу


-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 26.Ноември.2010 во 14:32
Ќе победиме на "Камп Ноу"

KР7 е убеден дека неговиот тим ќе може да дојде до победа во претстојното''Ел Класико''.

Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо вели дека ''Галактикосите'' имаат се што им е потребно за да ја победат Барселона в понеделник навечер на ''Камп Ноу''.

Двете екипи влегуваат во вој меч со спектакуларна форма.

''Овој Реал сега е многу поинаков од оној минатата година. Не загубивме ниту еден меч, ни во Примера, ни во ЛШ. Ќе биде возбудливо. Мислам дека ќе ги победиме на нивниот терен. Овој тим созреа и нема подобар ден за посета на Камп Ноу.'' - смета Роналдо, притоа искажувајќи пофални зборови за својот сонародник Мурињо.

''Тој е најдобриот тренер на светот. Секогаш ја посакува победата и титулите говорат наместо него. Играчите уживаат работејќи со него, иако тренизните се напорни, јас навистина уживам под негова команда.'' - заклучил еден од најдобрите фудбалери на светот.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 26.Ноември.2010 во 14:33

На која програма ќе биде натпреваров?

На Канал5збунетост


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 26.Ноември.2010 во 15:46
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

На која програма ќе биде натпреваров?

На Канал5збунетост
 
На Алфа. среќа


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 26.Ноември.2010 во 15:54
Упс даохна алфа е шпанската лигаголема%20насмевка

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Ноември.2010 во 16:45
Фабрегас: Со целото срце ќе навивам за Барселона

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/16292/tn1_cesk.jpg - Капитенот на Арсенал не остава дилема за кого ќе навива во големото "Ел Класико", а ова е и најдобар одговор на шпекулациите дека би можел да заигра за Реал. Фабрегас изјави дека секако ќе го гледа натпреварот и дека со целото свое срце ќе навива за Барселона. "Јас сум каталонец, целото мое семејство живее за Барселона и тука нема никакви дилеми. Се надевам дека ќе биде добар натпревар, но дека мојот тим ќе победи" изјави капитенот на Арсенал. Тој додаде дека пораснал во Ла Масија, фудбалската школа на Барселона и дека никогаш нема да навива за ниту еден друг клуб. "Мислам дека Реал е многу подобар од минатата сезона, они ме потсетуваат на Челзи. Прав англсики тим кој напаѓа високо со пресинг а имаат и брзи напаѓачи. Реал моментално е пресликан Челзи од времето на Мурињо. Ако им дозволите да ви ја одземат топката на вашата половина тогаш би можеле да имате големи проблеми. Не сакам да прогнозирам, се неадевам дека на крајот на мечот ќе бидам среќен" додаде Фабрегас.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2010 во 15:59
Понеделник вели: Играчите на Реал Мадрид ќе бидат прваци во Примера

Досега 'Ел Калсико' се играл само два пати во понеделник. Но, во двата случаи на крајот титулата првак во Примера ја понесоа играчите на Реал.

'Не знам зошто овој дуел се игра во понеделник. Во најмала рака тоа ми е невобичаено, да не кажам ненормално' - рекол напаѓачот на Барса, Давид Виља.

А малку подобро да ја проучил историјата веројатно би разбеснел. Имено, само два пати во историјата “Ел Класико” се играше в понеделник. Пред 46 години причина беше Божиќ и славеше Реал, а осум години подоцна лигата одлучи да се игра првиот ден во неделата. Славеше Барселона со 2-1.

Но, двете сезони титулата ја освои мадридскиот клуб, така да традицијата и тоа како им одговара на Мадридѓани. Историјата вели дека во последните седум сезони во кои Реал или Барса беа прваци, титулата ја освојува оној тим кој слави во првото “Класико” сезоната.

"Знам дека се работи за голем меч, но јас не го доживувам така. За мене е натпревар како и секој друг. Ние сме многу слични, а толку различни екипи. Како и да заврши, овој натпревар ништо нема да одлучи, но Реал ќе победи." - изјавил Кристијано Роналдо.

Лео Меси оваа сезона постигна 23 гола на 18 меча.

"Реал е страшно силен, Мурињо целосно ги промени. Но, најверојатно на сите им е јасно дека ние сме многу посилни." - рекол Аргентинецот.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 17:52

Неколку интересни факти за „Ел Класико“ 

http://sport.mnogoo.mk/mk/articles/Fudbal/nekolku-interesni-fakti-za-el-klasiko-vtor-del -
Во продолжение на претходно изнесениот  http://sport.mnogoo.mk/mk/articles/Fudbal/interesni-interesni-fakti-za-el-klasiko-prv-del - артикл за интересните факти што можеби не сте ги знаеле, следуваат уште пет, што ги разлистуваат рекордните моменти во историјата на „Ел Класико“.

- Десет години без директен трансфер од еден во друг клуб
Вкупно 33 фудбалери во кариерата заиграле и за Реал Мадрид и за Барселона. Сепак, последен пат во 2000 година се случи директен трансфер од едниот во другиот клуб (Фиго од Барса во Реал), без играчот да настапува за некоја трета екипа во меѓувреме. Во последниве десет години двата дреса ги носеа уште Селадес, Алфонсо Перез, Роналдо (вистинскиот, не Кристијано), Ето и Савиола. Од Барса во Реал преминале 21 фудбалер, спротивната насока ја оделе 12 играчи.

- Роналдињо е единствениот кој добил аплауз од навивачите на Реал Мадрид
Се случи тоа на „Ел Класико“ во 2005 година, кога Барселона го победи Реал на „Сантијаго Бернабеу“ со 3-0. Роналдињо постигна два од трите гола и беше поздравен од навивачите на Реал Мадрид со искрен аплауз. Историјата не памети слична ситуација.

- Судијата Итуралде Гонзалез е многу непријатен за Реал
Реал Мадрид загуби 27 проценти од натпреварите на кои судија бил Гонзалез, човекот кој ќе суди и вечерва. Споредено со просечните 12 проценти, овој судија е најнепријатниот за тимот од Мадрид. Втор на листата, „коинцидентно“ е неговиот дедо, Итуралде Горостијага. Гонзалез два пати има судено на „Ел Класико“ и во двата наврати Барселона победуваше со по 3-0.

- Двете екипи вредат повеќе од една милијарда евра
Ако се водиме според „Трансфермаркт“ (http://transfermarkt.de), 25-те пријавени играчи на Реал Мадрид вредат 517 милиони евра, додека оние на Барселона се поскапи за десет милиони. Ова е најскапото дерби во историјата, што го престигнува рекордот на минатогодишното. Најскап е Лео Меси, кој е проценет дека вреди точно сто милиони, односно десет милиони повеќе од Кристијано Роналдо.

- Шпанските медиуми очекуваат нов „натпревар на векот“
„Ел Класико“ во 2002 година, што беше дел од полуфиналето во Лигата на шампионите, е прогласено за натпревар на векот. Го прогласија шпанските медиуми, а го прифатија и сите останати. Тогаш Реал Мадрид помина понатаму со вкупен резултат 3-1, а натпреварот на „Ноу Камп“ беше следен од повеќе од 500 милиони луѓе ширум светот од повеќе од сто различни земји. Медиумите во Шпанија го најавуваат денешниот меч како натпревар што ќе го урне тој рекорд.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 19:09

Напаѓачот на Реал Мадрид Гонзало Игуаин отпадна од комбинација за вечерашниот натпревар на „Ноу Камп“ против Барселона.

Иако по вчерашната повреда на мускулот се веруваше дека таа нема да го спречи вечерва да настапи против Барселона, сепак последните тестови покажуваат дека сепак Аргентинецот нема да може да настапи вечерва.

Поради ова, Мурињо мора да менува и најверојатно Французинот Карим Бензема ќе го заземе местото на Аргентинецот.

Иако Бензема лошо ја започна сезоната, Французинот игра се подобро и вечерва ќе има голема шанса да се наметне кај Мурињо и да докаже дека заслужува да го носи дресот на „кралевите“.



-------------


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 22:14
AUUUU... Barsa go razglaba Real na atomi...

3:0, 55 minuta...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 22:17
4:0... 58 min...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: mariija
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 22:23
Pocnuvam da gi zalam dushicki trcaat po terenot kao bez kompas...prviot gol na barsa beshe vrvплазење

-------------
"If you talk to God you're religious. If God talks to you, you're psychotic."


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 22:27
golmanot na real vrska nema... onoj... kako li se vikase....

-------------
Incredible Blue


Постирано од: mariija
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 22:29
среќаnemoj za golmanot na real on mi e slaba tackaљубов iker se vika

-------------
"If you talk to God you're religious. If God talks to you, you're psychotic."


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 22:31


Ulker...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 22:34
Барсааплауз секоја честголемо%20гушкање

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: mariija
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 22:36
Iker Casillas намигнување

-------------
"If you talk to God you're religious. If God talks to you, you're psychotic."


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 22:50
5:0 !!!!



-------------
Incredible Blue


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 23:43
Ama da mi go vidis osmehot .... vakov ... голема%20насмевка

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 30.Ноември.2010 во 11:40
Каталонска лекција по модерен фудбал

Фудбалерите на Барселона уште еднаш ја покажаа својата моќ и решеност да го сочуваат шампионскиот трофеј во Примера. Со атрактивна и допадлива игра надополнета со фантастични контранапади едноставно им одржаа лекција на колегите-ѕвезди од Реал Мадрид под водство на Жозе Мурињо. Озил, Бензема, Карваљо, Роналдо... не се видоа на мечот, а ни честите совети на Португалецот и разместување на играчите не вроди со плод. Реално гледано Барса изгледаше како да игра со некој просечен тим, а Меси, Виља, Чави и Иниеста царуваа на теренот излудувајќи ги противничките играчи кои беа за чекор побавни од нив.

Барселона за осум минути стигна до одлична предност од 2:0. Но да одиме со ред. Во петтата минута Меси со одличен лоб удар од косо од десната страна ја погоди гредата, меѓутоа четири минути подоцна му немаше спас на Реал. Иниеста се обиде од далечина, но топката дојде до Чави кој се ослободи од својот чувар Пепе и со лоб го совлада Касиљас. Веднаш потоа следеа две неискористени можности за Реал, па повторно блесок на Барса. По проигрувањето меѓу Чави и Виља, вториот шутираше од косо Касиљас кратко ја одби топката до Педро кој без проблем ја смести во мрежата. Тотален очај на фудбалерите на Реал Мадрид кој ескалираше со инцидент кој го предизвика нервозниот Роналдо туркајќи го Пеп Гвардиола покрај аут линијата. Тренерот на Барса прифати една топка која заврши во аут, а Роналдо му ја зеде насила и притоа го оттурна од себе. Следеше кошкање меѓу играчите кое за среќа не се претвори во нешто сериозно. До крајот на полувремето мрежите мируваа и се отиде на одмор.

Само што почна вториот дел Меси успеа да мине неколку противнички дефанзивци шутираше и ја погоди мрежата но од надворешната страна. Веќе во следната минута Аргентинецот со прекрасен пас го пронајде Давид Виља кој со десна нога го совлада Касиљас. Уште не седнаа навивачите на столчињата Меси одново прекрасно го проигра Виља кој лесно ја спроведе топката во мрежата за огромна предност од 4:0.

Во самиот финиш Кркиќ поведе акција од десната страна и се чинеше дека ќе ја загуби топката но тој ја упати по земја пред голот на Касиљас каде младиот Хефрен осамен ги постави конечните 5:0. Рамос грубо го фаулира Меси во 92. минута и заработи исклучување за комплетирање на срамниот впечаток на Реал.

Со трите бода Барселона го презема првото место со 34. поени или два повеќе од Реал.



-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 01.Декември.2010 во 21:07
Си оди Кристијано Роналдо дома, и плаче....мајка му го прашува, што е сине, Барселона пак???

голема%20насмевка


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 01.Декември.2010 во 21:12


Срцка овој Месси љубов


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Декември.2010 во 04:45
Како брои Жозе Мурињо до пет?

- Чави, Педро, Виља, Виља, Хефрен.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Април.2011 во 05:22

Барселона го исмејува Реал преку автобусите

Играчите на Барселона почнаа да ја загреваат атмосферата во пресрет на серијата мечеви со вечниот ривал Реал во рок од 18 дена, со тоа што ги исмејуваат "кралевите" со реклами на локалните автобуси. Ликовите на Карлес Пујол, Чави, Виктор Валдес, Серхио Бускетс и Давид Вилја се излепени на задните страни на градските автобуси, а секој од нив на своите дланки има испишано по една буква кои заедно значат "обединети". Станува збор за кампања за здравствено осигурување, но бројот на играчите не е случаен, и алудира на победата во првиот сезонски дуел на "Камп Ноу" од 5:0.
Првото "Ел Класико" е на програмата в сабота во рамките на Купот на Шпанија, по што следуваат пресметките во Примера и најверојатно во полуфиналето во Лигата на шампионите бидејќи и двата тима имаат солидна предност во пресрет на реваншите против Тотенхем и Шахтар.



-------------


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 13.Април.2011 во 13:16
 b a r c a-kraj na prikaskataда

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 06:00

Реал ја совлада Барса во "Кралскиот куп"

Реал Мадрид стигна до првата титула сезонава откако вечерва, на "Местаља" во Валенсија со 1-0 го совлада тимот на Барселона во финалето од "Кралскиот куп".

Голот го постигна Роналдо на крајот од првото продолжение, а и покрај постојаните напади, избраниците на Гвардиола не усепаја да ја совладаат одбраната што ја постави Мурињо.

Поредходното Ел Класико заврши нерешено, а Реал и Барса ќе се сретнат уште двапати во Лигата на Шампионите



-------------


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 08:36
 abe komunjarive ushte ve lazhat., a na real sekogash mu se potrebni prodolzhenija ., od sudijata nekoja minutka poveke., ua sudija da ti se skratiплазење

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 00:03
Малку статистика пред "Ел Класико" во ЛШ

RealВо продолжение ви нудиме неколку податоци од историјата кои се интересни пред утрешното "Ел Класико" во Лигата на Шампионите. Се што ќе прочитате оди во полза на Реал, а повторно, малкумина би ставиле рака во оган дека Мурињо повторно ќе се радува.

Ќе биде ова трет меѓусебен дуел на двата гиганти во рамките од полуфиналињата во Лигата на Шампионите. Два пати Реал отиде понатаму, 1960. и 2002. година.

Реал и Барса до сега се сретнаа 6 пати во евро натпреварувањата. Мадридѓани победија 3 пати, Барса еднаш и одиграно е едно реми.

Меренгесите имаат најдобра одбрана во овогодинешниот циклус од ЛШ, со само три Barselonaпримени гола на 10 меча.

Против шпанските екипи, Реал доби 12 меча, а загуби само 2.

Ако Реал ја освои ЛШ, Мурињо ќе стане првиот тренер кој со три различни клуба го освоил најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал.

Мурињо нема баш позитивен скор против Барса, ја доби 3 пати, а загуби 4, три меча завршија без победник.

Murinjo%20i%20RonaldoБарса оваа година четврти пат по ред игра во полуфиналето од Лигата на Шампионите. 2008. загуби од Јунајтед, минатата година од Интер, а 2009. пред финалето го минаа Челзи.

Во минатите две полуфиналиња против шпанските екипи, Каталонците се поразени. Прв пат од Реал 2002. година, а вториот од Валенсија.

Во последните 15 меча, Лео Меси даде 15 гола, но не даде гол во последните три полуфиналиња.

Од 18 меча во полуфиналето во ЛШ, Барса победи само на 3.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Мај.2011 во 11:12
Надал: Не е потребно чудо за Реал да ја елиминира Барселона

Пвиот тенисер на светот и голем навивач на Реал Мадрид, Рафаел Надал смета дека за "кралскиот" клуб не е потребно чудо за да ја елиминира Барселона во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

Каталонците во контроверзниот прв меч славеа со 2:0 на "Сантјаго Бернабеу".

"Секако дека ќе го гледам мечот, јас сум голем фудбалски фан. Ништо не е загубено. Исходот од првото полуфиналене е најдобар за Реал, но во спортот се е можно. Искрено, мислам дека не е потребно да се случи чудо во Барселона за Реал да се пласира во следната рунда." - рекол Надал, кој е навивач на Реал, иако неговиот вујко Мигел Анхел дури осум години го носеше дресот на Барселона.

Шпанскиот тенисер исто така бил разочаран од случувањата на теренот во првото полуфинале.

"Тоа не беше добро ниту за едниот тим бидејќи испраќаат погрешна порака. Ривалитетот треба да се види во играта, но во бесмислените препукувања." - рекол Надал



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Ноември.2011 во 12:14
Кинезите ја спасуваат Примера - сакаат "ел класико" на пладне

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/20972/bb.jpg">

По извонредниот успех од преносот на мечот Реал Мадрид - Осасуна, кој заврши со резултат 7:1 и кој се одигра неделата на пладне, и дуелот Реал и Барселона во декември би можел да се одигра на пладне, а сето тоа поради желбата на кинеската телевизија која го пренесуваше споменатиот меч. Дури 60 милиони гледачи во Кина ги гледаа мајсториите на Кристијано Роналдо и останатите па на Далечниот Исток се надеваат дека "класико" ќе го следат двојно повеќе гледачи.

Шансите преносот да се реализира во попладневниот термин се сосема добри, бидејќи парите од преносот и тоа како добро ќе им дојдат на гиганти како Барселона и Реал. Затоа не треба да не зачудуваат се почестите изјави дека кинеската телевизија може да го спаси шпанскиот фудбал, бидејќи клубовите во Примера тонат во долгови, кои ја надминуваат цифрата од три милијарди евра



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Декември.2011 во 23:33
10-те чекори на Мурињо до победа над Барса
 
Тренерот на „кралевите“, Жозе Мурињо не пропушта пред ниту едно „Ел Класико“ во свој стил да „нападне“ - овој пат состави листа од 10 заповеди за своите играчи, кои доколку бидат успешно спроведени, трите бода се нивни
 
 
Десетте заповеди на Мурињо:

1. Не треба да примиме гол. Барем не во прво полувреме.

2. Фановите да го направат „Бернабе“ пекол за Барса.

3. Да не му даваме големо внимание на судијата. Но, внимавајте на картоните.

4. Да ја искористиме предноста во воздушните дуели.

5. Никогаш да не ја загубиме топката од поглед.

6. Да го затвориме слободниот простор, сите играчи на Барса да бидат покриени.

7. Агресивност, притисок и постојан ритам во текот на сите 90 минути.

8. Напорна работа да ја измориме Барса.

9. Да бидеме концентрирани и прецизни во додавањата.

10. Да играме со силна верба. Нема простор за нервоза.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Декември.2011 во 07:53

/sport/fudbal/52933-Real-so-formacija-4-3-3-protiv-Barsa" rel="nofollow - Реал со формација 4-3-3 против Барса

 
Помошникот на Жозе Мурињо, Аитор Каранка откри дека „кралевите“ на утрешното Ел Класико на Барселона ќе и се спротивстават со офанзивна формација.

 

Жозе Мурињо не се појави на денешната прес-конференција во пресрет на големото утрешно дерби со Барселона. Тој на средбата со медиумите го испрати својот помошник Аитор Каранка, кој ја откри формацијата со која Реал ќе настапи во сабота.

Каранка рече дека Реал ќе настапи во формација 4-3-3, како и дека во офанзивната тројка ќе се најдат Кристијано Роналдо, Анхел Ди Марија и еден од Карим Бензема и Гонзало Игуаин. Тој додаде дека има и неколку опции во средниот ред и дека во комбинација се Кака, Месут Озил,  Чаби Алонсо, Ласана Диара и Сами Кедира.

Ние во Ел Класико не влегуваме со намера да одиграме реми. Реал на секоја средба оди на победа. Најдобар доказ за тоа е средбата со Ајакс во средата“ - рече Каранка, кој додаде дека Рикардо Карваљо е единствениот повреден во тимот од Мадрид



Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Декември.2011 во 07:14

/sport/fudbal/53052-Barselona-vladee-i-vo-Madrid" rel="nofollow - Барселона владее и во Мадрид

 

Одличната форма, предноста на табелата и домашниот терен не сменија ништо. Реал Мадрид се уште не и може ништо на Барселона, која со 3:1 славеше сред Мадрид во последното издание на Ел Класико.

 

Голот на Карим Бензема во првата минута им даде надеж на играчите и на навивачите на Реал Мадрид дека токму ова Ел Класико може да биде крај на доминацијата на Барселона и почеток на ерата на „кралевите“.

Сепак, вистински кралеви на шпанскиот и на европскиот фудбал живеат во Барселона, а тоа избраниците на Пеп Гвардиола го докажаа и на “Сантијаго Бернабеу“. Доминирајќи во второто полувреме гостите по изедначите први 45 минути стигнаа до нова победа над вечниот ривал. Со тоа Барса ја продолжи доминацијата и ја намали предноста на Реал на врвот на табелата.

Алексис Санчез во 27. минута, кога изедначи на 1:1 најави дека Реал нема лесно да дојде до посакуваната победа. Автоголот на Марсело во 53. минута како да ги закопа домаќините, а завршниот удар им го нанесе Фабрегас во 66. минута, на додавањето на Дани Алвеш.

Со тоа Каталонците му зададоа уште една главоболка на Жозе Мурињо, кој како никогаш до сега мирно ги следеше случувањата на теренот, гледајќи ја немоќта на неговите играчи, кои до оваа средба газеа се’ пред себе во Шпанија и во Европа.



Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 19.Јануари.2012 во 13:32

Одличната форма, предноста на табелата и домашниот терен не сменија ништо. Реал Мадрид се уште не и може ништо на Барселона, која со 2:1 славеше сред Мадрид во последното издание на Ел Класико.

голема насмевкава дерби Ел Класико се претвори како цртанот со Брзата птица и којотот... Жозе Мурињо е којотот... газење од смеење


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 19.Јануари.2012 во 14:10
Факт е дека Барселона моментално е за класа подобра од Реал голема насмевка Колку и да одиграат натпревари со овие состави што ги имаат а и кормилари Барса секогаш ќе победува плазење

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Април.2012 во 14:10

Ел Класико“ ќе ја решава титулата на 21 април од 20 часот


Шпанското „ел класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, кое може да го даде идниот нов владетел во Ла Лига ќе се игра на 21 април во сабота во најубавиот термин од 20 часот, објави шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/04/derbi-el-klasiko-e1334016011976.jpg" rel="nofollow">

Барселона ќе го пречека „кралскиот клуб“ пред своите гледачи на стадионот „Ноу Камп“ за десет дена и тоа во период кога и двата тима дербито ќе им биде помеѓу двата настапи во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тоа ќе биде дуел од 35 коло, и до крајот ќе останат уште три кола, па титулата би можела практично да се реши во Каталонија.

Реал моментно има четири бода предност пред Барса, но утре игра градско дерби со Атлетико Мадрид на „Висенте Калдерон“ и не смее да киксне, за да не влезе во предност од само една победа, со која би и овозможил на каталонската гордост да ги прескокне на табелата со нов триумф (Барселона доминира во меѓусебните дуели).

До тоа дерби и двата тима ги очекува по два меча, Реал кај Атлетико, Барса дома со Гетафе, а веќе викендов, Каталонците гостуваат кај сензацијата Леванте, додека „кралевите“ се домаќини на Спортинг Хихон.

Реал во Каталонија ќе дојде со императив да не загуби без разлика со каква предност ќе допатува, но ако загуби, многу е веројатно дека во период на набиен и згуснат распоред и поради ЛШ, шансата во последните 270 минути да се лизне уште еднаш би биле поголеми



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Април.2012 во 12:23

Вечерва 217 „Ел Класико“

Двата најдобри шпански клуба Реал Мадрид и Барселона, вечерва (22 часот) повторно ќе бидат во фокусот на светската јавност, но и на македонската, во отсуство на настапи на европските шампионати на репрезентациите во ракомет и ватерполо.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/01/el-clasico-e1326850397523.jpg" rel="nofollow">

Се уште се чека блесок на Роналдо на „ел класико“

Реал против Барселона е ново поглавје во кое како и во изминатите две сезони, се сведува на битка на Меси со Роналдо, Чави со Чаби Алонсо, Касиљас со Валдес… Ништо ново, ништо поразлично нема да понудат двата тима, освен спектакл, и за навивачите на „кралскиот клуб“ конечно победа. Барселона во последните три сезони е доминантна, а Реал по секоја цена се обидува да ги преземе трофеите од својот најлут ривал. Досега скорот е 8-3-1 за Барселона.

Сезонава Реал и Барса играа трипати, победи Барса со 3-1 во Првенството, ремизираше 2-2 и победи 3-2 во Суперкупот. До крајот на сезоната можни се максимум уште четири дуели, сигурниот реванш во Купот, вториот првенствен меч, но и можноста за двомеч во Лигата на шампионите.

Во пресрет на мечот, нема непознаници меѓу двата тима, па 271 „Ел Класико“ во рамките од четврт-финалето на Кралскиот куп, на Пиринеите ви го презентираме низ призма на бројките, кои отсликуваат едно од најголемите светски дербија со речиси стогодишна традиција.

8 победи има Барселона под палката на Пеп Гвардиола во 12 дербија, откако е тренер на Барса во 2008 година

13 гола даде Лионел Меси, најдобриот светски играч и е петти најдобар стрелец во класиката заедно со легендарниот Француско Генто

18 гола има легендарниот Алфредо Ди Стефано, почесниот претседател на Реал, кој е најдобар стрелец на сите времиња, пред Ференц Пушкаш и Раул, кои имаат по 15 гола

18 картони добил Фернандо Иеро, поранешниот дефанзивец на Реал и на Шпанија (17 жолти и еден црвен картон).

22 победи од 23 меча има Реал во периодов во сите натпреварувања. Единствениот пораз им е од Барселона со 1-3 во Примера на „Сантијаго Бернабе“.

33 гола постигна Лионел Меси досега во сите натпреварувања, а неговиот голем ривал Кристијано Роналдо е прв стрелец во Примера со 21 гол и вкупни 26 гола во сите натпреварувања.

86 победи има Реал над Барселона во официјалните пресметки, еден повеќе од Барселона, која има 85.

216 „Ел Класика“ се одиграни од 13 мај 1902 година до сега. Првото дерби го доби Барселона со истиот резултат како и последното, 3-1.

362 гола постигнал Реал во мечевите со Барселона, 12 повеќе од Каталонците.



-------------


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 21.Април.2012 во 12:30
Коефициенти:
 
Барселона - Реал  1 1,70  Х 3,80  2 4,80
 
Ееее, Реал на што спадна... 4,80 за двојка... газење од смеење  губитникooserssss ...


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 21.Април.2012 во 12:54




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 26.Октомври.2013 во 21:35
http://tocka.com.mk/2/109129/barselona-go-sovlada-real-majstorija-na-aleksis-sancez" rel="nofollow - Барселона го совлада Реал: Мајсторија на Алексис Санчез  да


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 24.Март.2014 во 12:23
Лудило во Мадрид: Седум гола, три пенали, едно исклучување и многу контроверзии...

Барселона во еден неверојатно драматичен и возбудлив натпревар славеше на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид со 4-3.голема насмевка

Лионел Меси со хет-трик го покори „Сантијаго Бернабеу“ и стана најдобриот стрелец на „Ел Класико“ натпреварите со вкупно 21 гол. Аргентинецот два погодоци постигна од пенал (64-та и 84-та) и еден од игра во 42-ра минута.

Резултатот на вечерашниот натпревар беше отворен по само осум минути игра. Меси го проигра Иниеста, одбраната на Реал „заспа“ за момент, а Иниеста со прецизен удар од левата страна погоди во спротивниот агол на Диего Лопез за 1-0. Само неколку минути подоцна Бензема промаши одлична шанса, но веќе во 20-та минута ја исправи грешката и погоди за 1-1. Ди Мариа центрираше од левата страна, Бензема беше највисок во шеснаесетникот на Барса, биеше со глава и го совлада Валдес за израмнување на резултатот.

Четири минути подоцна Реал доаѓа во водство! Марсело нафрли од левата страна, Бензема одлично ја прими топката и одлично шутираше. Валдес немаше никакви шанси. Продолжи налетот на Реал, а три минути подоцна Бензема биеше, меѓутоа фудбалерите на Барса ја извадија топката од самата гол-линија. Во 42 минута Меси израмни на 2-2 после одличната акција во која што учевствуваа Аргентинецот, Фабрегас и асистентот Нејмар.

Во вториот дел по само девет минути игра Реал повторно поведе. Стрелец беше Роналдо од белата точка. Дани Алвес го собори Португалецот, но фаулот беше надвор од казнениот простор, меѓутоа Маљенко секако покажа на белата точка. Десетина минути подоцна нова контроверзија, Рамос го собори Нејмар во казнениот простор на Реал и заработи директен црвен картон, а Меси беше сигурен од белата точка за 3-3. На пет минути до крајот Иниеста беше соборен во казнениот простор, Маљенко повторно покажа на белата точка, а Меси со својот хет-трик ја запечати судбината на Реал за голема победа на Барселона со 4-3 на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид и враќање на неизвесноста во трката за титулата во Примера.


-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 26.Октомври.2014 во 10:30
Искрено го мразам маркетиншкиот термин на „Ел Класико“ но се се врти околу парите нели? 
Вчера Реал Мадрид - Барселона 3:1

23 години Реал не ја победил Барселона ако таа поведе, вчера ја прекинаа таа низа. По голот на Неимар во 3’  се знеше дека ќе биде добар натпревар.  Во 35’ Кики од пенал изедначи и така заврши првото полувреме. Пепе во 50’ и Бензема во 61’ му донесоа победа на Реал и нови три бода кои го доближија на само еден бод разлика од водечката Барселона во Примера.
Меси, Неимар, Пике ( кој заборави дека не е голман голема насмевка) и Иниеста завршија со жолти картони од редовите на Барселона. А Карвахал и Роналдо ( во 90’) „пожолтеа“ од редовите на Реал. 


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Октомври.2014 во 01:34
Супер натпревар, само не ми се исполни желбата Барселона да прими уште некој гол.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 29.Октомври.2014 во 11:53
Барем примија ..... неколку .... голема насмевканамигнување

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 29.Октомври.2014 во 22:16
Па добро, тројка е супер, али јас сакав Петарда голема насмевка

Ај наредното Ел Класико


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk