IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2007 во 10:52

1760.- Во местото Репње, во Горенско, Словенија, е роден Јернеј Копитар, словенечки преродбеник, филолог, еден од основачите на славистиката. Се занимаваше со проучување на словенските јазици и се залагаше за упростен правопис и за воведување на народниот јазик во литературата. Автор е на првата научна граматика на словенечкиот јазик. - "Граматика на словенечкиот јазик во Крањско, Карантанија и Штаерска". Умре во Виена, на 11.08.1884 година.

1911.- Прочуеното дело на Леонардо да Винчи, сликата "Мона Лиза", е украдена од парискиот музеј во Лувр. Две години подоцна, сликата е пронајдена во Италија.

1923.- Во селото Сингелиќ, Скопско, е родена Вера Јоциќ, народен херој на Македонија. Беше ранета во НОВ и умре во селото Саса, кривопаланечко, на 22.05.1944 година.

1927.- Харвардскиот професор Филип Дринкер израбори апарат за вештачко дишење наречен "челични гради".

1940.- По атентатот во Мексико, умре Лав Троцки (вистинското име му е Лав Давидович Бронштајн, еден од водачите на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, од еврејско потекло. Со тоа убиство дојде до израз разузнавачката моќ на сталистинстичката политика во која, во годините пред Втората светска војна, беа ликвидирани голем број вистински или потенцијални критичари. По разидувањето со Сталин, Троцки замина во бегство, каде што беше убиен. Роден е во Ивановка, на 7.11.1870 година.

1944.- Во Дамбертон Оксу, во близина на Вашингтон, почна конференцијата на претставниците на СССР, САД, Велика Британија и на Кина за основање четири главни органи на Обединетите нации - Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правата и постојани секретаријати. За постојан член на Советот за безбедност, покрај учесниците на конференцијата, предвидена беше и Франција. Конференцијата заврши на 9 октомври со објавување на проектот на повелбата на ООН.

1947.- Со одлука на Владата на Народна Република Македонија во Скопје е формирано специјализирано претпријатие за производство на филмови "Вардар-филм". Својата дејност претпријатието ја започна на 5.12.1947 година.

1964.- Умре Палмиро Толјати, еден од основачите на Комунистичката партија на Италија, револуционер, борец против фашизмот и публицист. Роден е на 26.03.1893 година.

1990.- Умре Александар Николовски-Џемо, долгогодишен новинар на Радио-Телевизија Скопје и на "Нова Македонија", еден од основачите на Втората програма на Радио Скопје. Роден е во 1931 година.

2001.- Во селото Лешок, Тетовско, албанските терористи го минираа православното светилиште - манастирот "Свети Атанасиј".

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2007 во 09:07

1846.- САД го анектираа Ново Мексико.

1862.- Во Сен Жермен-ан Леи е роден Клод Дебиси, прочуен француски композитор. Инспириран од симболизмот во поезијата и од импресионизмот во сликарството, тој создаде сопствен мајчин јазик и нов стил во музиката, импресионизмот. Неговото дело, засновано врз природната непосредност во изразувањето ја потисна Багнеровата доминација и ги стави темелите на модерната музика. Умре во Париз, на 25.03.1918 година.

1883.- Во Париз умре Иван Сергеевич Тургенев, руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Неговите дела извршија големо влијание врз новелистиката. Најзначајните дела му се романите "Благородничко гнездо", "Рудин", "Татковци и деца" и "Спроти новите дни", драмата "Еден месец на село" и други. Роден е во Орел, на 28.10.1818 година.

1910.- Царска Јапонија и формално ја анкетира Кореја која дотогаш беше под контрола на Кина. Во Јапонско-кинеската војна кон крајот на 19. век, Токио го презеде политичкото и економското влијание во Кореја, едноставно, оваа земја ја присоедини кон своето царство, се до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година.

1914.- Австро-Унгарија во Првата светска војна и објави војна на Белгија.

1941.- Германските нацистички трупи дојдоа до Ленинград (Санкт Петербург), со што почна големата битка за овој град која заврши дури во јануари 1944 година, со победа на Црвената армија. Ленинград беше под опсада цели 900 дена.

1944.- Во селото Зборско, на падините на планината Кожуф, Егејска Македонија, од партизанскиот баталјон "Стив Наумов" и од луѓе од битолскиот крај, кои дотогаш дејствуваа на подрачјето на Тиквеш и на планината Кожуф во состав на Втората македонска бригада како нејзин трет (битолски) баталјон, е формирана Седмата македонска бригада, популарно наречена Седма битолска бригада. Истиот ден, во селото Шешково, Кавадаречко, е формирана Деветтата македонска бригада, а на планината Кожуф, Десетата македонска бригада.

1978.- Умре Џомо Кенијата, еден од најистакнатите африкански борци против колонијализмот. Тој е еден од основачите и претседател на Африканскиот сојуз на Кенија, кој се избори за независност на земјата. Роден е во 1891 година.

2001.- Врховниот штаб на здружените сили на НАТО за Европа издаде наредба за активирање на операцијата "Неопходна жетва" - собирање на оружјето што го поседуваа албанските терористи на таканаречената ОНА.

2004.- Во оружен напад на музеј на сликарот Едвард Мунк во Осло пред многу посетители е украдено неговото најпознато платно "Крик".

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2007 во 10:28

1839.- Велика Британија во Опиумската војна (1839 - 1842 г.) против Кина го зазеде Хонгконг, кој од 1842 година стана нејзина колонија.

1888.- Во Лион, Франција, на прославата на Социјалистичкото здружение на новинарите за првпат е изведена "Интернационалата", песна која стана химна на работниците од целиот свет. Текстот го напиша Ежен Потје - познат пролетерски поет - веднаш по пропаста на Париската комуна (1871 г.) и тоа во времето додека се криеше од полиција, а музиката е на францускиот композитор и револуционер Пјер Дежејгер. Зборовите на "Интернационалата" одекнувала во револуционерните борби на сите континенти како израз на пролетерските барања и стремежи.

1914.- Јапонија и објави војна на Германија во Првата светска војна. На Версајската конференција во 1919 година на победничката Јапонија и се доделени многу германски колонии во Тихиот Океан како награда за учествувањето во војната на страната на силите на Антантата.

1937.- Умре Албер Русел, француски композитор. Компонираше оркестарски дела, камерна музика, соло-песни и друго. Роден е на 5.04.1869 година.

1939.- Министрите за надворешни работи на Германија и на СССР, Јоаким Рибентроп и Вјачеслав Молотов во Москва потпишаа спогодба за ненапаѓање. Во документот двете сили се обврзаа за "запирање" на секој акт на насилство. Меѓутоа, две години подоцна Германија ја прекрши спогодбата и го нападна Советскиот Сојуз на 22.06.1941 година.

1962.- Американскиот телекомуникациски сателит "Телстар" за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД - Европа.

1990.- Советската Република Ерменија ја прогласи својата независност, а Естонија ги започна преговорите за отцепување од СССР.

2003.- Во Струга, во сообраќајна несреќа загина Петко Домазетовски, македонски писател, фолклорист и публицист. Автор е на повеќе збирки поезија, раскази, монографии, како и на собрани народни песни. Роден е во селото Јабланица, Струшко, на 5.10.1935 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2007 во 18:45

1346.-Во битката кај Креси, во северна Франција, најпознатата битка во Англо-француската стогодишна војна (1337 - 1453), велшките стрелци катастрофално ги поразија француските тешки оклопници. Според некои извори, Англичаните тогаш првпат употребиле и огнено оружје.

1541.- Султанот Сулејман Втори го освил градот Будим и ја анектирал Унгарија, која во 1686 година беше турска провинција - Будимски пашалак. Турција ги запоседнала централните и јужните делови на Унгарија, додека северните и западните делови останале надвор од турската територија, кои оттогаш се вклучени во составот на Хабзбуршките земји.

1676.- Роден е англискиот државник Роберт Волпол, првиот британски премиер (прв по прогласувањето на Обединетото Кралство). Волпол е премиер од 1721 до 1742 години, најдолго во историјата на Велика Британија.

1723.- Умре холандскиот научник Антони ван Левенхук. Тој иако по струка е книжар, бавејќи се со микробилошки истражувања, го открил дотогаш непознатиот свет на микроорганизмите. Ван Левенхук конструирал околу 400 микроскопи. Резултатите од истражувањата на крвните садови, структурата на коските, мускулите, еритроцитите и сперматозоидите ги објавувал во изданијата на Лондонското Кралско Друштво каде и членувал.

1740.- Роден е францускиот пронаоѓач Жозеф Мишел Монголфје. Заедно со неговиот брат Жак Етјен во 1783 година го контруирал првиот воздушен балон полнет со загреан воздух.

1743.- Во Париз е роден Антоан Лоран Лавоазје, француски хемичар, за кого се смета дека е основач на модерната хемија. Прогласувајќи го законот за неуништивоста на материјата како основа за хемиските процеси, тој ја започнал примената на егзактните физикални методи за мерење на хемиските истражувања. На пример, докажа дека водата е соединение на водород и кислород (1783 година), а ги задолжи науката и човештвото со многу други значајни откритија. Умре во Париз, на 8 мај 1794 година.

1883.- На островот Кракатау, меѓу Јава и Суматра, во Индонезија, дојде до најкатастрофална ерупција која е забележана во историјата на човештвото. Повеќе експлозии го потресоа островот, а најголемата однесе во воздух 27 квадратни километри земја. Кога се создаде голема бездна во морето дојде до нови катаклизми и страотни бранови, кои го избришаа остатокот од животот на островот. Се смета дека тогаш загинале повеќе од 36.000 луѓе.

1904.- Во Скопје е роден Томо Владимирски, македонски академски сликар и сценограф. Уметничка школа заврши во Белград. Од 1939 година работеше како сценограф во Македонскиот народен театар во Скопје и во други театри во Македонија. Во сликарството мотиви му се луѓето, историјата и пејзажи на Македонија. Умре во Скопје, на 14 септември 1971 година.

1906.- Роден е американскиот вирусолог Алберт Брус Сејбин, пронаоѓач на вакцината против полиомиелитисот (заразна детска парализа). Сејбиновата вакцина, направена од послаби вируси првпат масовно е применета во Советскиот Сојуз. Беше професор на Медицинскиот колеџ на Универзитетот во Синсинати (САД), а потоа и претседател на Вајсмановиот институт во Израел.

1906.- Умре американскиот филозоф и психолог Вилијам Џејмс, творец на персоналистичката верзија на прагматизмот, според која во основата на вистинските сознанија лежи "желбата за верување".

1906.- Во Соко Бања умре Стеван Стремац, српски писател, хуморист, раскажувач и сатиричар. Најпознати негови дела се "Ивкова слава", "Поп Киро и Поп Спиро" и "Зона Замфирова". Роден е во Сента, на 23.11.1855 година.

1910.- Во Скопје е родена Мајка Тереза (вистинското име и е Агнес Гонџа Бојаџиу), основачка на милосрдието. Во 1979 годија ја доби Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Умре во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година.

1914.- Роден е аргентинскиот писател Хулио Кортасар, едно од најзначајните имиња во латиноамериканската литература, мајстор на кратките приказни. Мотивите на игра, ритуали и митот го вбројуваат меѓу најзначајните светски имиња во книжевноста.

1920.- Ратификуван е 19-иот амандман од Уставот на САД, со кој жените добија право на глас.

1934.- Адолф Хитлер побарал од Франција на Германија да и ја отстапи областа Сар (погранична област кон Франција) која со Версајскиот договор по Првата свтска војна била под окупација на Франција со времена управа.

1936.- Постигнат е договор за крај на британската окупација на Египет, со исклучок на зоната на Суецкиот Канал.

1939.- Постигнат е договор меѓу југословенскиот претседател на владата (министерскиот совет) Драгиша Цветковиќ и водачот на Хрватската селска партија Владимир Мачек и донесена е Уредба за создавање на Хрватската бановина. Во составот на Хрватската бановина се Савска и Приморска бановина и делови од Дубровник, Шид, Илок, Брчко, Градачац, Дервента, Травник и Фојница. Кралската југословенска влада беше приморана да го прифати договорот Цветковиќ-Мачек поради големиот притисок од страна на Велика Британија.

1942.- Германската армија стигнувајќи до Сталинград претрпела катастрофален пораз, со што го означи почетокот на крајот на германската воена машинерија. Во рамките на германските трупи се бореле и хрватски доброволци (усташи), а според проценките ги имало околу десет илјади.

1944.- Бугарија, како сојузник на Германија во Втората светска војна, соочена со навлегувањето на советските трупи, соопшти дека излегува од војната.

1944.- На Кајмакчалан, во борба против бугарската војска, како комесар на баталјон, загина Овадија Естреја - Мара, народен херој на Југославија, од Македонија. Родена е во Битола, во 1921 година.

1945.- Третото заседание на АВНОЈ во Белград ги потврди одлуките донесени на заседанието на АВНОЈ во Јајце во 1943 година. На заседанието се усвоени препораките на Сојузничката конференција на Јалта. Донесена е и резолуција за територијалните права на Југославија врз деловите кои по Првата светска војна беа приклучени кон Италија: Словенечкото приморје, Бенешка Словенија, Трст, Истра, Ријека, Задар и островите Ластово и Палагруза. АВНОЈ тогаш го смени името во Привремено народно собрание.

1945.- Во Битола бегалците од Егејска Македонија излегоа на протестен митинг со барање да престане теророт и прогонот на Македонците спроведуван од страна на грчките власти.

1972.- Во Минхен, Германија, отворени се Дваесеттите олимписки игри, кои во историјата, освен по спортските резултати, ќе останат забележани и поради нападот врз припадниците на организацијата "Црн септември" во олимпиското село, како и поради убиството на 11 израелски спортисти. Во знак на одмазда на 10 септември Израел ги нападна Либан и Сирија, предизвикувајќи голем број жртви меѓу цивилите.

1974.- Умре Чарлс Линберг, американски авијатичар кој прв со моторен авион го прелета Атлантикот на 20 и 21 мај во 1927 година.

1978.- Венецијанскиот кардинал Албино Лучани стана папа Јован Павле Први. Умре 33 дена подоцна, официјално од срцев удар, но остана сомнежот дека е отрујен поради спротивставените идеи на интересите на Ватикан.

1978.- Јан Зигмунд како прв Германец, полета во космосот со советскиот брод "Сојуз 31".

1982.- Аргентинската влада ја укина забраната за делување на политичките партии.

1990.- Во експлозија во јамата "Добрња-југ" во рудникот Крек, која предизвика најголема катастрофа во југословенското рударство, загинаа 180 рудари.

1991.- Почнаа борбите во Вуковар.

1993.- Претседателот на Русија Борис Елцин го потпиша договорот за пријателство со Чешка, по што ја осуди инвазијата на армијата на Варшавскиот пакт врз Чешка во 1968 година.

1996.- Јужнокоресјкиот суд го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја Чун Ду Хван на смрт под обвинение дека во 1979 година со воен удар ја добил власта. Неговиот наследник Ро Те Вуа беше осуден на 22,5 години.

1997.- Фредерик Виљем де Клерк, последниот бел претседател на Јужна Африка, поднесе оставка на функцијата шеф на опозициската Национална партија и се повлече од политичкиот живот.

2001.- Албанските терористи со експлозив го кренаа во воздух и целосно го уништија мотелот "Бриони", лоциран покрај реката Вардар, во близина на селото Челопек, Тетовско. Притоа, од експлозијата животот го загубија (беа најдени врзани со динамит околу телата) двајцата чувари на објектот: Боге Илиевски и Свете Трајчевски.

2003.- Изборната комисија на Руанда соопшти дека Пол Кагаме победи на председателските избори во Руанда, први во земјата по граѓанската војна во 1994 година. Опозицијата одби да ги признае официјалните резултати.

2004.- Во минофрлачкиот напад врз џамијата во ирачкиот град Куфа, каде беа собрани приврзаниците на шиитскиот водич Моктада ел Садр, загинаа 29 лица.

2006.- Умре уметникот Владимир Третчиков. Роден е во Русија. Во 1946 година се преселил во Јужна Африка. Четири години подоцна ја насликал "Кинеска девојка", позната како "Зелена дама", која подоцна е продадена во повеќе од половина милион примероци.

Кон врв
MAGNAT Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 24
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAGNAT Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2007 во 00:15

Originally posted by Boogie Boogie напиша:



2001.-
На патот Скопје - Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак албанските терористи од заседа нападнаа конвој на Армијата на Република Македонија. При тоа загинаа десет припадници на АРМ на Македонија: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.

08.август 2001г.

 Слава им!


KRIG BLIC,
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2007 во 10:40

55. п.н.е.- Римскиот конзул Гај Јулиј Цезар (Цаиус Иулиус Цаесар) ја започна инвазијата врз Британија со 10.000 војници на Седмата и Десеттата легија.

1576.- Од епидемијата на чума што ја зафати Венеција умре Тицијан Вечели, прочуен италијански сликар, основач на Венецијанската сликарска школа. Автор е на голем број слики кои претежно ги прикажуваат животот и обичаите на Венецијанската Република. Роден е меѓу 1487 и 1490 година.

1635.- Умре Феликс Лопе де Вега Карпио, најзначаен шпански драмски писател. Напишал повеќе од 1.800 комедии и драми, а од нив се сочувани 500, неколку илјади стихови, повеќе романи, хроники и историски записи. Творец е на комедии во три чина, преплетени со трагични и комични моменти, со централни теми во чест на љубовта, верата и моралот.

1664.- Умре шпанскиот сликар Франсиско де Сурбаран, еден од најзначајните уметници во 17. век.

1770.- Во Штудгард е роден Гоерог Вилхелм Фридрих Хегел, најистакнатиот претставник на германската идеалистичка филозофија. Со своите сфаќања на дијалектиката тој изврши позитивно влијание врз напреднатата европска и светска мисла. Посебно е значајно неговото влијание врз класиците на марксизмот, кои неговата филозовска мисла ја сметаа за една од основите на дијалектичкиот материјализам. Негови најпознати дела се "Филозофија на природата", "Филозофија на духот", "Логика", "Естетика" и други. Умре во Берлин, на 11 ноември 1831 година.

1789.- Францускиот Парламент ја усвои Декларацијата за правата на човекот и граѓаните, инспирирана од слична американска декларација.

1828.- Уругвај и официјално е независна држава врз основа на мировниот договор склучен во Рио де Женеиро по завршувањето на војната меѓу Бразил и Аргентина.

1871.- Во Терехат, Индијана, во САД, е роден Теодор Драјзер, северноамерикански романсиер и раскажувач. Првиот роман "Сестрата Кери", според мислењето на некои критичари, е неговото најдобро дело, кое со цензура е забрането. Се до објавувањето на романот "Џени Герхарт" десет години пишува за илустрирани забавни и модерни списанија. Потоа ги напиша познатите романи "Финансиер", "Титан", "Стоик" и "Американска трагедија". Умре во 1945 година.

1878.- Роден е рускиот барон Петар Николајевич Врангел, еден од најпознатите белогардиски генерали. По Октомвриската револуција Врангел во Украина се бори против советските власти. По поразот во 1920 година, пребегнува во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а по смрта во 1928 година е погребан во Руската православна црква во Белград.

1884.- Роден е американскиот филмски продуцент со полско еврејско потекло Шмуел Гелбфиш, познат како Семјуел Голдвин, еден од пионерите на филмската индустрија. Во 1923 година ја оснива филмската компанија "Семјуел Голдвин Продакшн" која во 1924 година се придружува на уште две филмски компании "Метро-Голдвин-Мајер", но потоа повторно станува самостоен продуцент.

1890.- Роден е американскиот сликар, фотограф и филмски режисер Емануел Радински, познат како Мен Реј, кој заедно со францускиот вајар и сликар Марсел Дишамп во 1915 година го основа дадаизмот.

1908.- Роден е американскиот државник Линдон Бејнз Џонсон. Беше потпретседател од 1960 година за време на мандатот на Џон Кенеди. По убиството на Кенеди во Далас, во 1963 година, бил претседател до 1969 година.

1916. - Во Белград умре Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Пишуваше песни, проза и сатира. Расказите му се одликуваат со силно чувство за животот на подјармениот босански селанец. Во сатирите остро ги критикува приликите во босанското село под австриска окупација. Негови најзначајни дела се "Јазовецот пред суд", "Суданија и други". Роден е во селото Стричиќи, кај Бања Лука, на 29 јуни 1877 година.

1916.- Италија во Првата светска војна и објави војна на Германија, а Романија на Австроунгарија.

1936.- Постигнат е договор за крај на британската окупација врз Египет, со исклучок на зоната на Суетскиот Канал во која останаа трупите на Велика Британија.

1945.- По објавувањето на јапонската капитулација американските трупи почнаа да се истоваруваат на територијата на поразената Јапонија. Првите единици се истоварија на аеродромот Ачуга, а потоа флотата од 383 воени бродови во придружба на 1.300 авиони впловија во Токискиот Залив. Тоа беше првпат Јапонија да капитулира.

1946.- Франција и Лаос склучија договор за разбирање со кој Лаос стана кралство под француска доминација.

1990.- САД протераа 36 од 55-те членови на Амбасадата на Ирак во Вашингтон.

1991.- Молдавија ја прогласи својата независност од СССР.

1992.- Во Лондон заврши дводневната Меѓународна конференција за поранешна Југославија. На Меѓународната конференција претставниците на Србите во Босна и Херцеговина прифатија да го стават тешкото вооружуваање под контрола на Обединетите нации и начелно да се повлечат од териториите на Босна и Херцеговина.

1995.- Израел и Палестинската ослободителна организација во Каиро потпишаа договор за проширување на палестинската автономија.

1995.- Во Тетово умре Кочо Тулевски, истакнат македонски општествено- политички работник. Роден е во 1921 година.

2000.- Изгоре еден од симболите на руската престолнина, највисокиот објект во Европа, изграден со човечки раце, телевизиската куќа Останкино, висока повеќе од 500 метри, а изградена во 1967 година според плановите на архитектот Николај Никитин. Пожарот усмрти три лица, а предизвика и прекин на телевизиската програма ширум Русија.

2001.- Во Република Македонија почна операцијата на НАТО "Неопходна жетва" за собирање на оружје од албанските терористи.

2002.- Јапонскиот суд прват потврди дека Јапонија водела биолошка војна во Кина во текот на Втората светска војна. Владата на Јапонија никогаш официјално тоа не го призна.

2003.- Марс помина покрај Земјата на оддалеченост од 55,76 милиони километри, најблиску од каменото време.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2007 во 11:32

430.- Умре римскиот свештеник Аурелиус Августин, познат како Свети Августин, кој бил најзначаен претставник на раната христијанска филозофија.

1645.- Умре холандскиот правник, писател и хуманист Хуго Гроцијус, основач на науката за меѓународно право. Хуго Гроцијус припаѓал на "школата за природно право" со што ја докажувал еднаквоста на луѓето меѓу себе и пред законот. Исто така, тврдел дека океаните се општо добро и дека одделни земји немаат ексклузивно право на нивно користење. Во Холандија за време на големите спорови меѓу рикомактолиците и протестантите се залагал за верска толеранција, докажувајќи дека и двете групи се христијански и дека нема причина за меѓусебни недоразбирања. Во 1618 година бил уапсен, а во 1619 осуден на доживотна робија како верски еретик. Во 1621 година избегал во Франција. Од 1635 година се до неговата смрт бил амбасадор на Шведска во Франција.

1749.- Во Франкфурт на Мајна е роден Јохан Волфганг Гете, германски писател и учесник на многу книжевни струења и правци, но никогаш не се придружи на ниту еден од нив. Светско признание стекна со драмскиот еп "Фауст". Историско-критичкото издание на неговите целокупни дела опфаќа 143 тетратки. Познати негови дела се романот "Страданијата на младиот Вертер", драмите "Егмонт", "Ифигенија на Таврида" и "Торквато Тасо" и епот "Херман и Доротеја". Умре во Вајмар, на 22 март 1832 година.

1851.- Во Поњане, кај Шкофја Лока, е роден Иван Тавчар, словенечки писател и политичар. Се смета за еден од најпознатите раскажувачи на романтичарскиот правец. Во некои дела се приближува и кон реализмот. Познати негови дела се: "Мртви срца", "Меѓу горите", "Бисошка хроника", "Цвеќе на есен" и други. Умре во Љубљана на 19 февруари 1923 година.

1877.- Роден е англискиот произведувач на автомобили и пилот Чарлс Стјуарт Ролс, кој заедно со Фредерик Ројс во 1906 година ја основа компанијата за произодство на автомобили "Ролс-Ројс". Во 1904 година Ројсовата фирма почна да произведува автомобили кои ги импресионирале Ројсови, по што и двајцата две години подоцна станале косопственици на компанијата чии возила во автомобилската индустрија се ненадминати во однос на луксузот и квалитетот. Компанијата "Ролс-Ројс" произведува и авионски мотори. Ролс е првиот пилот кој во јуни 1910 година го прелетал Ламанш во двата правци без застанување, а во јули истата година како прв британски пилот загина во авионска несреќа.

1910.- На свечена седница во Народното собрание во Цетиње Кнежеството Црна Гора е прогласено за Кралство, а кнезот Никола Први Петрович за крал.

1903.- Селото Смилево, Демирхисарско, беше нападнато од многубројна турска војска. Со одбраната на Смилево раководеше Даме Груев, голем македонски револуционер. По жестоката борба турската војска навлезе во селото, го запали и изврши масакрирање на 250 жени и деца во месноста Голем Гар, на Бигла Планина.

1916.- Германија во Првата светска војна и објави војна на Романија.

1929.- Рударите од рудникот Лојане, Кумановско, стапија во штрајк. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите на Македонија.

1944.- Во Марсеј во Втората светска војна германските војници се предадоа, а истиот ден е ослободен и градот Тулон.

1944.- Во борбата за ослободување на селото Здуње, кај Македонски Брод, во една јуришна борба против бугарската војка како командант на Петтата македонска бригада загина Илија Игески - Цветан, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во селото Топлица, Прилепско, во 1920 година.

1968.- Во Струга умре Антон Панов, македонски писател, еден од најпознатите македонски драмски автори. Најпознато негово дело е драмата "Печалбари", објавена во 1936 година. Други негови познати дела се драмите "Вероника", "Препородени", "Самракот", "Градинар" и "Пилекатник", како и расказите "Роденденот на Серјожа Јегоркин", "Тимка" и "Го јаделе болви". Роден е во Стар Дојран, на 13 април 1906 година.

1973.- Во земјотрес југозападно од Сиудад Мексико загинаа повеќе од 500 лица.

1987.- Умре американскиот филмски режисер Џон Хјустон, еден од најистакнатите американски синеисти на 20. век.

1991.- Во Скопје, во издание на НИП "Нова Македонија", излезе првиот број на неделниот спортски магазин "Скок".

1993.- Во близина на селото Подвис, Кичевско, е откриена спомен-плоча на прославените војводи од Илинденската епопеја, Наќе и Арсо, а во кругот на црквата во селото Кладник, е откриена спомен-плоча на масовната гробница на 18 македонски востаници.

1994.- Заврши дводневниот референдум во Република Српска, на кој повеќе од 90 отсо од граѓаните го отфрлија мировниот план на Контакт-групата за Босна и Херцеговина.

1996.- Владата на САД му забранила на водачот на "Исламска нација" Луис Фаракан да го прифати ветениот либијски подарок од милијарда долари заради економска и политичка помош на американските црнци.

1996.- Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица проработи првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија.

1996.- На православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во црквата "Света Богородица", кај Берово, од громовите што удрија во масата 10-15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-мина беа повредени.

1997.- Во крвавата пресметка меѓу бандите на венецуелскиот затвор "Елдорадо" загинаа 29 лица.

1999.- Во сообраќајна несреќа загина македонскиот министер Радомир Стојковски заедо со неговата сопруга, ќерка и возачот, по што норвешките војници во возилото на меѓународните сили одбија да направат алкохол-тест во крвта. Поручникот кој ја предизвика несреќата, во Осло во март 2000 година е осуден на една година затвор.

2000.- Во селото Лозово, Светиниколско, е поставен камен-темелник на првата црква (посветена на света Петка) не само во истоименото село, туку и во регионот што го опфаќа новата Општина Лозово.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2007 во 12:28
1289.- Основана е инквизицијата, суд на Католичката црква за заштита на верата. Дејствуваше во средниот век во сите земји на Западна Европа, а особено крвава и немилосрдна беше озогласената шпанска инквизиција. Многу напредни умови беа жртви на инквизицијата, како на пример Јан Хус, Џордано Бруно и други. Укината е во текот на 19 век.

1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски државник препородител на француската морнарица и основач на поморската и колонијалната моќ на Франција. Умре на 6.09.1683 година.

1782.- Еден британски брод потона во близина на пристаништето Портсмаут, во Велика Британија, и притоа се удавија повеќе од 1.000 патници и членови на екипажот.

1842.- Со склучувањето мир во Нинкинг заврши Англо-кинеската војна. Со тој мир на Англичаните им се отворија кинеските пристаништа и им беа дадени големи трговски привилегии, па Кина, по замешувањето и на другите велесили сосема падна под влијание на другите западни држави.

1862.- Во Гент е роден Морис Метрлинк, белгиски писател од фламанско потекло. Во првите песни е близок на симболистите, а подоцна на спиритизмот. Познати негови дела се: стохозбирката "Стаклена градина", пиесата "Принцезата Мален", драмите "Мона Вана", "Сина птица" и други. Во 1913 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Ница на 6.05.1949 година.

1882.- Во Велес умре Јордан Хаџиконстантинов - Џинот, македонски преродбеник, еден од најпродуктивните културни работници од 19. век, поет, учител, метеоролог, филозоф, етнолог, новинар, собирач на старини и борец против фанариотското движење. Познати негови дела се "Таблица перваја", "Плач на скопското училиште многу трудное", "Аврора", "Труд ми е името", "Минерва и деветте музи", "Разговор или вистински човек", "Училишта и учење" и други дела. Роден е во Велес, во 1820 година.

1885.- Германскиот инженер Готлиб Дајмлер го патентира првиот мотоцикл.

1915.- Во Стокхолм е родена Ингрид Бергман, една од најголемите филмски ѕвезди на Холивуд, од шведско потекло, чии остварувања се вбројуваат меѓу најголемите дострели на "седмата уметност". Умре во Лондон на 29.08.1982 година.

1958.- Роден е американскиот поп-пејач со африканско потекло Мајкл Џозеф Џексон, познат по екстравагантниот живот со кој ја стекна светската слава, но и предизвика презир кај црнците кога со низа хируршки интеревенции стана "белец".

1994.- Република Македонија и Република Унгарија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

1994.- Саудиска Арабија ја призна Република Македонија.

1996.- На православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во црквата "Света Богородица", кај Берово, од громовите што удрија во масата 10-15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40 беа повредени.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2007 во 11:15

1483.- Умре францускиот цар Луј XI. Во текот на неговото владеење ја обединил Франција.

1489.- Роден е Антонио Алегри Кореџо, италијански сликар, еден од творците на барокното сликарство. Сликал религиозни и митолошки теми. Умре на 6 март 1543 година.

1533.- Атахуалпа, последниот владател на големото царство на Инките на подрачјето на денешно Перу, беше обесен откако падна во рацете на шпанските конквистадори. По убиството на Атахуалпа, шпанските одреди непречено крстосуваа и го освојуваа царството.

1721.- Со склучувањето на Ништанскиот мир меѓу Шведска и Русија по завршувањето на Северната војна (1700-1721 г.), Русија доби пространи територии на Балтикот од Финскиот до Ришкиот Залив со градовите Рига, Равела и Нарва.

1748.- Во Париз е роден Жан Луј Давид, француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот. Беше член на Конвентот и дворски сликар на Наполеон. Сликаше историски композиции и портрети. Умре во Брисел, на 29 декември 1825 година.

1757.- Руската армија под команда на маршалот Степан Апраксин ги порази пруските трупи во битката кај Грос Јегерсдорф. Војната траеше седум години.

1797.- Родена е англиската писателка Мери Волстонкрафт Шели, сопруга на поетот Перси Бис Шели. Најпозната е по романот "Франкештајн или модерен Прометеј", напишан во духот на "готските" приказни за стравот и ужасот.

1871.- Роден е новозеландскиот физичар од англиско потекло Ернес Ратерфорд. Добитник е на Нобеловата нагрда за хемија во 1908 година. Ратерфорд е еден од основачите на модерната атомска теорија. Од 1898 до 1907 година бил универзитетски професор во Монтреал, а потоа во Манчестер до 1919 година. До неговата смрт во 1937 година бил директор на Лабораторијата "Кевендис" во Кембриџ. Открил три вида на радијација кои ги означил како алфа, бета и гама зраци.

1914.- Германската осма армија под команда на генералот Паул фон Хиденбург ја победи Втората руска армија на генералот Александар Самсонов во Првата светска војна во битката кај Таненберг во северна Полска. Втората руска армија во битката загуби најмалку 30.000 луѓе.

1916.- Турција во Првата светска војна и објави војна на Романија.

1918.- Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донесе одлука за воведување на "црниот терор" над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти.

1922.- Силите на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како национален празник на Република Турција.

1929.- Во Дубровник умре Иво Војновиќ, поет на Дубровник и на неговата историја. Најпознато негово дело е "Дубровничка трилогија". Роден е во Дубровник, на 9 октомври 1857 година.

1935.- Во Москва умре Анри Барбис, голем француски писател, автор на познатиот роман "Оган" и на низа други успешни дела. По Првата светска војна Барбисовиот роман "Оган" е преведен на многу јазици. Роден е во Асниер, на 17 мај 1873 година.

1940.- Умре англискиот физичар Џозеф Џон Томсон, претседател на Кралското друштво во Лондон, професор на Универзитетот во Кембриџ, добитник на Нобелова награда за физика во 1906 година. Во 1897 година го откри електронот, како и атомската структура на електрицитетот и даде научна основа за спроведувањето на електрицитетот низ гасовите.

1940.- Во Виена завршија преговорите помеѓу претставниците на Германија, Италија, Романија и Унгарија со кои Германија и Италија ја присилија Романија да и отстапи дел од јужна Добруџа на Бугарија, а Унгарија дел од Трансилванија.

1944.- Советската армија во Романија во Втората светска војна ги зазеде нафтените полиња во Плоешта кои за Германија беа главен извор за снабдување на армијата со гориво.

1945.- Во Хонконг јапонските окупациски сили во Втората светска војна им се предадоа на Британците.

1963.- Меѓу владите на СССР и на САД е воспоставена директна телефонска врска, наречена "црвен телефон".

1973.- Кенија забрани лов на слонови и трговија со нив.

1981.- Во Техеран во експлозија на подметнати бомби загинаа претседателот и премиерот на Иран, Мухамет Али Раџи и Мухамет Џавид Бахонар.

1983.- Потполковникот Гијон Блафорд е првиот Американец од африканско потекло кој полета во вселената, во составот на петчлениот екипаж на "Челенџер".

1990.- Во селото Радишани, Скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот "Свети Наум Охридски".

1991.- Советската република Азербејџан стана независна формирајќи сопствена армија.

1993.- Во Стокхолм, на заседанието на Постојаната конференција на локалните и регионалните власти при Советот на Европа, е донесена одлука за прием на Заедницата на општините и градовите на Република Македонија.

1994.- Во Скопје е отворен Информативниот центар на Јапонија. 1994.- Во Скопје умре Бранко Костовски, македонски ликовен уметник и долгогодишен сценограф во Македонскиот народен театар. Роден е во Скопје во 1924 година.

1995.- Авиони на НАТО извршија серија масовни напади врз воени и цивилни цели во Република Српска со цел на Хрватите и муслиманите да им овозможат освојување на територии. Во нападите загинаа повеќе од 100 цивили, а околу 170.000 Срби беа принудени да избегаат.

1991.- Во организација на Обединетите нации на референдумот за статусот на Источен Тимор 78,5 отсто од населението гласаа за независност.

2002.- Русија се повлече од последната воена база во Куба каде беше присутна од победата на Фидел Кастро во 1959 година.

2003.- Умре амриканскиот актер Чарлс Бронсон. Играше во повеќе од 60 филмови, со ликови на авантуристи и силни карактери кои се подготвени на се во борбата за спроведување на принципите во кои веруваат. Познати филмови "Седумтемина величенствени", "Дванаесет жигосани", "Големото бегство", "Јавачи на дожд", "Семејство", "Диви коњи", "Тешки времиња", "Телефон", "Беше еднаш на Дивиот Запад" и други.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2007 во 10:24

12.- Роден е римскиот цар Гај Јулиј Цезар Германик Калигула. Владеел свирепо, непресметливо, самоволно и со невидено расипништво од 37 до 41 година. Во 41 година бил убиен, а на негово место Сенатот за цар го прогласил неговиот чичко Клаудиј Тибериј Друз.

1290.- Кралот Едвард I ги протера Евреите од Англија.

1422.- Умре англискиот крал Хенри V. Кралот Хенри владеејќи од 1413 година до неговата смрт ја продолжил стогодишната војна со Франција. Во 1415 година ја победил Франција кај Азенк*р, а го освоил и Париз. Во Франција умре од дизентерија, а престолот го наследил неговиот деветгодишен син Хенри VI.

1688.- Умре англискиот писател и баптистички проповедник Џон Бањан. Поради држењето проповеди без дозвола на верските власти одлежал 12 години затвор.

1811.- Роден е францускиот писател Теофил Готје.

1867.- Во Париз умре Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели во 19 век. Се занимаваше со литература и со уметничка критика. Неговата поезија е одраз на бедата, очајот и корупцијата на современата цивилизација, зборува за човекот кој е непрекинато распнат меѓу доброто и злото. Ги надмина естетските форми на своето време, во поезијата внесе оригинални бои и егзотика, задржа елементи на романтизмот и го навести симболизмот. Главно негово дело е збирката песни "Цвеќе на злото". Роден е во Париз, на 9 април 1821 година.

1876.- Од власт е симнат турскиот султан Мурат V, а престолот го наследил неговиот брат Абдул Хамид II.

1908.- Роден е Вилијам Саројан, северноамерикански писател од ерменско потекло, еден од најпопуларните современи писатели во Америка. Познати негови дела се збирките раскази "Се викам Аврам", "Пет зрели круши", "Мамо, те сакам", "Тато, ти си луд", романите "Човекова комедија" и "Доживувањата на Весли Џексон", како и драмите "Моето срце е во гората" и "Време на вашиот живот". Умре во 1981 година.

1939.- Пропаднаа обидите на францускиот и британскиот премир, Едуард Даладиер и Артур Невил Чемберлен, за преговори со германскиот водич Адолф Хитлер. Ден потоа нацистичките трупи ја нападнаа Полска со што започна Втората светска војна.

1941.- Умре Марина Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата. Нејзини најпознати дела се збирките песни "Вечерен албум", "Волшебниот фенер", "Разделба", "Занает", како и драмите Жандарм херц", "Виулица", "Камениот анѓел", "Феникс" и други. Родена е во Москва, на 26 септември 1892 година.

1942.- Започна битката кај Алам ел Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-италијанската армија, генерал Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.

1942.- Советската армија во Втората светска војна ги исфрли германските трупи од Бук*решт, главниот град на Романија.

1944.- Албанските балисти го нападнаа селото Блаце, Тетовско, и во мугрите на слободата уште еднаш ги покажаа своите злодела преку палење, пљачкосување и убивање на невини жители. Со палежот на селото до темели беа изгорени 13 куќи и ѕверски беа убиени 12 родољуби.

1957.- Федерацијата на Малезија се здоби со независност.

1962.- Тринидат и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.

1962.- Умре францускиот сликар Жорж Брак кој заедно со Пабло Пикасо во 1905 година го основаа кубистичкото движење.

1973.- Умре американскиот филмски режисер од ирско потекло Џон Форд. Форд е автор на повеќе од 200 филмови.

1979.- Умре Ѓорѓи Попов Гого, македонски скијачки учител и судија, фотограф. Роден е во Скопје, на 10 февруари 1908 година.

1983.- Во Манила е погребен лидерот на филипинската опозиција Бенин Акин. На погребот присуствувале повеќе од еден милион луѓе. Опозицискиот лидер бил убиен 10 дена порано на аеродром во Манила по враќањето од Америка каде поминал три години како бегалец.

1986.- Умре англискиот вајар Хенри Мур, еден од најголемите скулптори на 20. век.

1986.- Умре финскиот државник Урхо Кеконен, претседател на Финска од 1956 до 1982 година. Кеконен бил најистакнатиот фински политичар по Втората светска војна.

1992.- Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот Парламент во Македонија со седиште во Скопје.

1994.- Трупите на поранешниот Советски сојуз и формално го повлекоа военото присуство од поранешната Источна Германија. На церемонијата присуствуваа претседателот на Русија Борис Елцин и германскиот канцелар Хелмут Кол.

1996.- Во најголемите воени акции на трупите на ирачкиот претседател Садам Хусеин по Заливската војна во 1991 година, ирачката војска и помогна на к*рдистанската демократска партија на Масуд Барзаниј да го заземе градот Арбил, на север од Ирак, од ривалската Патриотска к*рдистантска унија.

1997.- Загина британската принцеза од Велс Дајана Спенсер, бившата сопруга на британскиот престолонаследник принцот Чарлс. Во автомобилската несреќа во Париз со неа загина и нејзиниот пријател Доди ел Фајед.

1999.- При падот на аргентинскиот "Боинг 737", веднаш по полетувањето од аеродромот во близина на центарот на Буенос Аирес, загинале најмалку 71 патник и член на екипажот.

2003.- Кенија ја укина забраната за делување на движењето Мау Мау, кое ја предводеше борбата против британските колонијални власти во педесеттите години од 20. век.

2004.- Во бомбашкиот напад на жени самоубијци што се случи на станица во метро во Москва загинале десет, а биле ранети повеќе од 50 лица, меѓу кои и четири деца.

2004.- Палестински бомбашки самоубици, припадници на палестинската екстремистичка организација Хамас, дигнаа во воздух два автобуса во градот Бершев, на југот од Израел, убивајќи 16 и ранувајќи повеќе од 80 лица.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2007 во 11:04

1822.- Роден е американскиот политичар и свештеник со африканско потекло Хајрам Роунд Ревелс, прв црнец кој стана член на Конгрес на САД.

1939.- Нацистичка Германија без објавување на војна ја нападна Полска. Неочекуваната операција на моторизираните германски сили во Полска го означи почетокот на Втората светска војна.

1943.- Во Корештата, Костурско, е формиран македонски партизански одред "Лазо Трповски".

1944.- Втората македонска НОУ бригада ја нападна железничката станица Богомила, титовелешко, ја разурна станицата и зароби 40 бугарски војници, меѓу кои и двајца офицери.

1944.- Првата македонска НОУ бригада ги нападна балистичките сили и го зазеде Кичево. Меѓутоа, кога непријателот присобра сили и од правецот на селото Дреново ја нападна од грб, таа го напушти градот и се повлече во Дебарца. По патот ги нападна германските обезбедувања крај железничката станица Пресека, кај селото Сливово и кај селото Ботун, ги протера и им причини загуби од осум мртви и пет заробени војници, а кај Кичево загубите на неприајтелот беа значително поголеми. Бригадата имаше 12 мртви и 18 ранети борци.

1944.- Десеттата македонска НОУ бригада го разурна тунелот кај селото Богомила и сите мостови на пругата Богомила - село Мажучиште, Прилепско. Со тоа пругата Прилеп - Велес до ослободувањето на Македонија беше онеспособена за сообраќај.

1960.- Формирана е Редакцијата на Телевизија Скопје и е снимена првата телевизиска вест што се емитуваше преку мрежата на ЈРТ, со што де факто се роди Македонската телевизија меѓу првите на Балканот. Во Редакцијата беа Димче Божиновски - уредник, Драги Аргировски и Димче Марковски - новинари и Благоја Прличков и Димче Гечевски - сниматели-камермани. Од тој ден Редакцијата секојдневно подготвуваше телевизиски извештаи од сите значајни настани во Македонија и телевизиски прилози од стопанскиот, образовно-културниот и спортскиот живот.

1961.- Во Белград почна Првата конференција на шефовите на државите и на владите на неврзаните земји, на која присуствуваа претставници на 25 земји и 40 антиколонијални и ослободителни движења. Тоа беше историски настан со кој неврзувањето прерасна во организирана борба за мир и за правдина.

1972.- Американскиот велемајстор Роберт Фишер во натпревар во Рејкјавик го победи рускиот велемајстор Борис Спаски, со резулат 12,5:8,5 и стана 11. првак во светот во шах. Титулата ја загуби без натпревар на 3 април 1975 година, бидејќи одби да ги прифати условите на Меѓународната шаховска федерација, а за првак на светот е прогалсен рускиот велемајстор Анатолиј Карпов.

1990.- Во Кичево се одржа протестен "Митинг на жедните" за обезбедување вода за пиење за потребите на Општина Кичево.

1992.- Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва.

1992.- Во Скопје е формирано Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи.

1993.- Во Женева е отворена Постојаната мисија на Република Македонија при ООН и другите меѓународни организации со седиште во Женева.

1994.- Големото Војводство Луксембург ја извести Република Македонија дека воспоставува дипломатски односи со нашата држава.

2000.- Во Скопје, во издание на ДИД "Магазин" излезе првиот број на списанието "Зум".

2003.- Холандија стана првата земја во која е дозволено препишување на марихуана заради ублажување на страдањата на заболените, вклучувајќи ги Сидата и ракот.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2007 во 11:30

31. п.н.е.- Во борба во Јонското Море во северозападниот дел на Грција, Римјаните ја победија здружената флота на римскиот војсководец Марк Антониј и неговата сопруга, египетската кралица Клеопатра VII.

1666.- Во Лондон изби катастрофален пожар, а огнената стихија за пет дена за малку и да го уништи градот, вклучувајќи и 97 цркви меѓу кои и катедралата "Свети Павле".

1807.- Британската морнарица го бомбардираше Копенхаген за да го спречи францускиот цар Наполеон I да не ја употреби данската флота против Британија.

1829.- Потпишан е Едренскиот мир помеѓу Русија и Отоманското царство со кој Турците се обврзаа на Србија да и вратат шест окупирани делови од Караѓорѓева Србија и да и признаат автономија на Грција.

1838.- Родена е последната хавајската кралица Лилиуокалани. Пацифистичките острови во 1898 година беа анектирани од САД.

1872.- Во Хаг на Петтиот конгрес на Првата интернационала е одлучено Генералниот совет да биде преместен од Европа во САД. Конгресот во Филаделфија во 1876 година одлучи да се распушти Генералниот совет, а Интернационалата да престане со своето делување.

1901.- Роден е унгарскиот писател Золтан Чука.

1905.- Кај месноста Ѓуров Дол, во близина на селото Ѓавато, Гевгелиско, во борба против триилјадна турска војска, откако го уби турскиот јузубашија, со последниот к*ршум се самоуби гевгелискиот војвода Леонид Јанков. Борбата, што ја водеше заедно со уште неколкумина негови соборци траеше цел ден. За херојската борба на Леонид Јанков и ден-денес се пее и се раскажува не само во Гевгелија, туку и низ цела Македонија. Песната "Трба, трби гевгелиска" му е посветена на овој 27-годишен војвода. Уште како селски чувар, Леонид Јанков соработуваше со илинденските востаници и со ВМРО, а учествуваше и во неколку други акции против турската војска. Роден е во селото Мачуково, Гевгелиско, во 1878 година.

1910.- Умре францускиот самоук сликар Анри Русо, викан "Цариник".

1922.- Умре австралискиот писател Хенри Арчибалд Ларсен, познат како Хенри Арчибалд Лосон, сликар на австралиските колорити. Патувајќи многу по светот пишувал и песни.

1930.- Со авионот "Знак прашање" француските пилоти Диедон Кост и Морис Белонт го извршија првиот непрекинат лет помеѓу Европа и САД.

1937.- Умре францускиот историчар и педагог Пјер де Кубертен, обновувач на Олимписките игри според угледот на спортските натпревари во стара Грција. Благодарение на него, во Атина во 1896 година се одржани првите модерни Олимписки игри. Погребан е во Женева, а неговото срце по негова желба е погребано на Олимп, престолнината на античките Олимписки игри.

1941.- Македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски, како член на една диверзантска група, откако бугарската полиција го откри во масандриот стан во Софија, за да не се предаде жив во рацете на бугарската полиција, фрли бомба и се самоуби, фрлајќи се на улица низ прозорецот од својата соба на шестиот кат. Најпознати негови дела се збирките песни "Молскавици" и "Пеш по светот". Роден е во селото Војница, Велешко, на 16 декември 1912 година.

1944.- Ослободен е Демир Хисар.

1944.- Президиумот на АСНОМ на својата трета седница, што ја одржа во манастирот Свети Прохор Пчински, еден месец по историското Прво заседание на АСНОМ, донесе одлука за основање на телеграфска агенција на Македонија - ТАМ. Оваа агенција одигра мошне важна улога во ширењето на вистината за праведната борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

1944.- Кај селото Отиштино, Титовелешко, од Велешкиот НОП одред "Трајче Петкановски" и од борците од велешкиот крај е формирана Осмата македонска НОУ бригада. При формирањето имаше четири баталјони со околу 950 борци. Во септември бригадата дејствуваше по должината на железничката пруга Велес - Скопје.

1945.- Кај селото Корнишор, Ениџе-Вардарско, откако беше предаден и поколен од една грчка жандармериска единица, при обидот да го пробие обрачот, загина од непријателски рафал Атанас Коровешов, член на Главното раководство на НОФ, еден од најверните синови на македонскиот народ. Роден е во селото Смрдеш, Костурско, во 1918 година.

1945.- На палубата на американскиот брод "Мисури", во Токискиот Залив, е потпишана безусловна капитулација на царска Јапонија, последна членка на поразените сили во Оската. Со тоа заврши Втората светска војна.

1945.- Прогласена е Демократска Република Виетнам со претседателот Хо Ши Мин.

1973.- Умре англискиот писател Џон Роналд Руел Толкин, професор по англосаксонски и англиски јазик и книжевност на Оксфордскиот универзитет.

1990.- Околу 700 државјани на западни земји, меѓу кои многу жени и деца, заминаа од Багдат. Ирак, според толкувањата на Запад, ги држел како заложници пред избувнувањето на Заливската војна.

1991.- Во Скопје е формирано Геронтолошкото друштво на Македонија.

1996.- Владата на Филипините потпиша мировен договор со муслиманските бунтовници, после 24-годишната граѓанска војна на јужниот остров Минданао во која загинаа 125.000 лица.

1998.- Швајцарски авион падна во Атланскиот океан во близина на канадската провицнија Нова Шкотска. Во несреќата загинаа сите 229 патници и членовите на екипажот.

1999.- Кина официјално соопшти дека со вооружена сила ќе го спречи евентуалниот обид на Тајван формално да ја прогласи независноста на островот.

2000.- Умре Александар Каевски, еден од основоположниците на современата македонска илустрација за деца и млади. Роден е во 1932 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2007 во 12:48

1189.- Ричард I Плантагенет "Лавовско срце" е крунисан за крал на Англија.

1658.- Умре англискиот државник и војсоводец Оливер Кромвел, водач на англиската буржоарска револуција. Одбивајќи ја кралската титула, во 1653 година стана лорд на Кралството Ангија, Шкотска и Ирска. Две години по неговата смрт монархијата е обновена.

1759.- Од Португалија почна протерувањето на римокатоличките јузеи.

1783.- Велика Британија, САД, Франција и Шпанија го потпишаа Парискиот мир, со кој заврши американската војна за независност.

1791.- Француското собрание го усвои уставот со кој се воспостави уставна монархија.

1826.- Николај  е крунисан за цар на Русија.

1866.- Во Женева почна првиот конгрес на Првата интернационала.

1883.- Умре рускиот писател Иван Сергеевич Тургењев, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Тој е првиот руски писател кој со своите дела продре на Запад. Тургењев за време на неговиот живот ужива поголем углед во Франција отколку во Русија.

1900.- Роден е финскиот државник Урхо Кеконен, претседател на Финска од 1956 до 1982 година. Кеконен е најстакнатиот фински политичар по Втората светска војна.

1900.- Во Струга е роден Ристо Крле, македонски драмски писател. Неговото дело претставува трајна вредност на македонската литература. Заедно со Васил Иљоски и Антон Панов, меѓу двете светски војни го оживеа драмскиот жанр во македонската литература. Негови познати дела се "Парите се отепувачка", "Антица", "Милиони маченици", "Автобиографија", "Велик ден" и други. Умре во Скопје, на 29 октомври 1975 година.

1901.- На патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена Скала, македонски револуционери на чело со Јане Сандански, ги грабнаа американската мисионерка мис Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Стефанова Цилка, а со цел да се обезбедат пари за националноослободителното движење. За ослободувњето на грабнатите Организацијата доби 14.000 турски лири, што ги употреби за купување на оружје.

1916.- Сојузничките трупи ја поразија германската армија во Првата светска војна во битката кај Верден, во Франција.

1921.- Во Куманово е роден Христијан Тодоровски - Карпош, народен херој на Македонија. Во 1941 година учествуваше во собирањето на оружје, разнесување на летоци и на билтенот "Дедо Иван", што го издаваше градската партиска организација. Исто така, учествуваше во подготовките на Првиот кумановски НОП одред. Беше член на Штабот на Кумановскиот партизански одред. Загина при нападот на бугарската војска во селото Билјача, на 7 февруари 1944 година.

1939.- Два дена по германскиот напад врз Полска, Велика Британија и Франција во Втората светска војна и објавија војна на Германија.

1943.- Со навлегување на Осмата британската армија под команда на Бернард Монтгомери на Сицијила почна нападот на сојузничките трупи врз Италија во Втората светска војна.

1943.- Во Сиракуза, во Италија е потпишано примирје меѓу сојузниците и италијанската влада на маршал Бадолјо. Пет дена подоцна, Италија капитулира.

1944.- Повеќе од 300 балисти со невидена бруталност почнаа да се пресметуваат со населението во селото Маврово, Гостиварско. Се што ќе најдеа пред себе убиваа и пљачкосуваа. На крајот го запалија и го уништија до темел целото село. Изгорени беа повеќе од 150 куќи, пљачкосани повеќе илјади крупен и ситен добиток, претепани и убиени многу луѓе, а живи в оган беа фрлени Куне Трпевски, Симун Трифуновски, Евдо Десовски и Мара Штерјовска. На овој пат мавровчани не потклекнаа. Уште утредента во партизани заминаа 29 младинци, меѓу кои и седум младинки.

1948.- Умре чешкиот државник Едуард Бенес, претседател на Чехословачка од 1935 до 1938 и од 1946 до 1948 година. Беше лидер на Народната партија и најблизок соработник на првиот чехословачки претседател Томас Масарик. По војната, Бенес повторно беше претседател на државата, но кога комунистите ја приграбија целата власт поднесе оставка во 1948 година и набрзо умре.

1962.- Умре американскиот писател Едвард Естлин Кампингс. Во неговата поезија доминираат теми за љубовта и смртта.

1969.- Умре виетнамскиот државник Хо Ши Мин, претседател на Демократска Република Виетнам (Северен Виетнам) од прогласувањето во 1945 година. Хо Ши Мин беше водич во борбата против јапонската армија, француските колонијални трупи и американската војска. За време на Втората светска војна кога Јапонија го окупира Виетнам, создаде силно ослободително движење, јадрото на идната армија која им нанесе одлучувачки порази на Французите и на Американците, по што Северен и Јужен Виетнам се обединија во 1976 година.

1971.- СССР, САД, Велика Британија и Франција потпишаа спогодба за статусот на Берлин.

1976.- Американскиот вселенски брод без човечка посада "Викинг 2" се спушти на Марс испраќајќи фотографии од Планетата.

1991.- Умре американскиот филмски режисер од италијанско потекло Френк Капра, автор на прекрасни комедии со сатиричка нота.

1991.- По седумгодишно мирување повторно проработи Металуршкиот комбинат за никел и антимон "ФЕНИ" кај Кавадарци.

1993.- Во Скопје умре Јован Ивањин, македонски писател. Автор е на книгите поезија "Нијанси", "Скици на далгите", "Последна балада" и на романот "Ајазме". Роден е во Скопје, на 3 април 1932 година.

1996.- САД изведоа еден од најсилните воени напади врз Ирак по завршувањето на Заливската војна во 1991 година.

1977.- Во виетнамскиот патнички авион "Тупољев 134", кој се сруши во близина на аеродромот во главниот град на Камбоџа Пном Пен, загинаа 65 лица, главно странци.

1997.- Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија пристигна природниот гас.

1999.- На граничниот премин Генерал Јанковиќ, меѓу Македонија и СР Југославија, почна со работа царинската служба на УНМИК, наплатувајќи ги царинските давачки во германски марки.

2000.- Папата Јован Павле го беатифицираше папата Пија IX од 19. век, игнорирајќи ги острите протести на еврејските и либералните ромакатолички кругови.

2002.- Врховниот суд на Израел одлучи израелските власти да можат да ги протераат роднините палестински терористи ако докажат дека се против безбедноста на Израел.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2007 во 12:29

1669.- Венеција им го отстапи грчкиот остров Крит на Турците, неуспевајќи да се одбрани од опсадата започната во 1648.

1768.- Роден е францускиот писател и дипломат Франсоа Рене Шатобријан, прекрасен стилист кој силно влијаел на француската книжевност. По ранувањето во една од битките со приврзаниците на Француската револуција, во 1792 година емигрирал во Англија, каде останал до 1800 година. По враќањето на власт на династијата Бурбон 1814 година, беше амбасадор и шеф на дипломатијата. Од политиката се повлекол во 1830 година по Јулската револуција и падот на кралот Шарл X.

1781.- Шпанските доселеници под името "Град на нашата кралица на анѓелите" го основале градот Лос Анџелес.

1809.- Роден е полскиот писател Јулиус Словацки, творец на полскиот романтичарски театар, мајстор на јазикот и формата.

1824.- Роден е австрискиот композитор и оргулист Антон Брункер. Своите дела Брункер ги творел под влијание на Лудвиг ван Бетовен и Ричард Вагнер.

1837.- Во присуство на поголем број стручњаци, американскиот научник Самјуел Морзе со успех ја демонстрираше работата на својот телеграф. Кон средината на мај во 1844 година веќе беше воспоставена телеграфска врска меѓу Вашингтон и Балтимор, а набрзо телеграфот почнаа да го користат и европските земји.

1870. - Франција стана Република, со што заврши Второто царство на Наполеон III.

1886.- Апачкиот поглавар Џеронимо, еден од водачите на најголемите бунтовници на американските Индијаци против белите поробувачи, во Аризона му се предаде на американскиот генерал Нелсон Малс.

1906.- Роден е американскиот биолог од германско потекло Макс Делбрик, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1969 година. Делбрик значаен придонес даде во изтражувањето на генетските структури на вирусот.

1907.- Умре норвешкиот композитор, пијанист и диригент Едвард Хагеруп Григ. Инспириран од националниот фолклор ја афирмира норвешката музика во светот.

1908.- Роден е американскиот филмски режисер Едвард Дмитрик, автор на криминалистички филови и филмови во кои се прикажани социјалните и расните проблеми во САД.

1929.- Германскиот "Гроф Цепелин" го заврши патувањето околу светот.

1944.- Во Втората светска војна британските и канадските трупи ги ослободија белгиските градови Брисел и Антверпен.

1944.- Советскиот Сојуз и објави војна на Бугарија која беше сојузник на фашистичка Германија. Три дена подоцна, трупите на маршал Толбукин ги започнаа операциите на Добруџа.

1951.- Умре Луј Адамич, американски писател од словенечко потекло. Во своите дела го опишува пред се животот на иселениците во САД. Познати негови дела се "Смеа во џунглата", "Враќање во татковината", "Лулка на животот", "Динамит" и други. Роден е на 21 март 1898 година.

1963.- Во Париз умре Жорж Брак, француски сликар, еден од основачите и главен претставник на кубизмот. Сликаше мртва природа, пејзажи и актови. Тој изврши големо влијание врз современото сликарство.

1963.- Умре францускиот државник и финансиски стручњак, Робер Шуман. Шуман е творец на "Шумановиот план" во 1950 година врз основа на кој во 1952 година е основана Европската заедница за јаглен и челик. Во неа членуваа Белгија, Холандија, Луксембург, Западна Германија, Италија и Франција. Бил министер за финансии во 1946, премиер од 1947 до 1948, а шеф на дипломатијата од 1948 до 1953 и министер за правда од 1955 до 1956 година.

1965.- Во Ламбаране, во Габон, умре Алберт Швајцер, познат француски хуманист, лекар, филозоф и музичар. Од 1913 година работеше како лекар-мисионер во организирањето на здравствената служба во екваторијална Африка. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за мир. Роден е во Крајзерберг, на 14 јануари 1875 година.

1970.- Сенаторот Салвадор Алјенде, социјалист по политичка припадност, победи на претседателските избори ви Чиле. Во Латинска Америка, првпат се случи еден револуционер по мирен пат, со избори, да дојде на власт. Против Алјенде наскоро се крена целата домашна опозиција, па во 1973 година, со помош на војската и на САД, во крвав пуч е соборен неговиот режим, општо прифатен од народот.

1974.- САД како последна западна земја воспостави дипломатски односи со Источна Германија.

1989.- Во Лозана, Швајцарија, умре Жорж Сименон, белгиски писател, "татко" на познатиот инспектор Мегре. Напиша повеќе од 500 книги, вклучувајќи ги и романите и автобиографските дела. Главен јунак во осумдесеттина негови книги е инспекторот Мегре за кој се снимени повеќе од 60 филмови. Роден е во 1903 година.

1991.- Умре Димче Стојанов (Димче Мире) учесник во национално-ослободителното движење, член на Президиумот на АСНОМ, претседател на Народното собрание на НР Македонија (1951-1955), директор на Архивот на Македонија (1960-1978), еден од основачите на архивистичката служба во Македонија. Роден е во Прилеп, на 10 октомври 1910 година.

1992.- Собранието на Република Македонија ја избра новата македонска коалициона влада. За нов премиер е избран Бранко Црвенковски. Тоа беше втора влада во повеќепартискиот систем на Република Македонија.

1992.- Поранешниот бугарски претседател Тодор Живков е осуден на седум години затвор под обвинение за проневера во државните фондови.

1995.- Под мотото "обединет Ерусалим е наш" Израел ја започна 15-месечната прослава по повод 3.000 години од прогласувањето за престолнина на еврејскиот народ од страна на кралот Давид.

1996.- Во Народната банка на Република Македонија се промовирани новите македонски пари, со нов дизајн, кои беа пуштени во оптек на 8 септември 1996 година.

1997.- Во експлозија на три бомби, кои во Ерусалим ги поставија исламски терористи, загинаа седум, а ранети беа безмалку 200 лица.

1998.- Меѓународниот трибунал во Хаг го осуди поранешниот премиер на Руанда, Жан Камбанду на доживотен затвор, под обвинение дека извршил геноцид врз племињата Тутси и Хути, извршен во 1994 година.

1999.- Во експлозија во петкатна станбена зграда во Бујанкс во руската автономна република Дагестан што ја подметнаа чеченски исламски терористи, загинаа најмалку 64 лица, повеќето жени и деца на руски офицери.

2002.- Според извештаите објавени во САД, финансиските загуби во Њујорк, како последица од исламистичкиот терористички напад на градот од 11 септември, изнесувале помеѓу 83 и 95 милијарди долари.

2004.- Најмалку 17 лица загинаа, а повеќе од 20 беа ранети кога бомбаш-самоубиец активира авто-бомба во близина на полициската академија во ирачкиот град Киркук.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.