IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2007 во 10:35

1881.- Во Локфилд, Шкотска е роден Александар Флеминг, англиски микробиолог. Во 1928 година, тој откри дека габите на мувлата го спречуваат развитокот на некои микроорганизми. Ова откритие, Флеминг го нарече "пеницилин", чија масовна примена започна во 1942 година. За откритието, дури во 1945 година, Флеминг доби Нобелова награда за медицина и филозофија. Умре во Лондон, на 11.03.1955 година.

1890.- Во њујоршкиот затвор „Обурн“ убиецот Вилијам Кемлер прв во светот е погубен на електрична столица.

1900.- Во Битола, во т.н. "Поп-Ставрева афера", османлиската власт го затвори, а потоа го осуди на робија Даме Груев, еден од водачите на ТМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 година беше амнестиран, а потоа ја продолжи својата дејност.

1932.- Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август е одржан првиот филмски фестивал во светот.

1940.- Со нападот на италијанските единици врз британска Сомалија почна битката за Африка во Втората светска војна. Моќните италијански сили претпрпеа пораз и за кусо време е ослободена целата територија што беше под контрола на Рим, вклучувајќи ја и Етиопија.

1943.- Во месноста Осојница над селото Ореов Дом, Велешко, во борба против бугарските контрачетници и полицијата загина Трајче Лазов Андреев (Петкановски), еден од најактивните борци во времето на НОВ на Македонија. Роден е во селото Бистрица, Велешко, на 07.10.1919 година.

1944.- Во селото Рамно, кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини.

1945.- Соединетите Американски Држави ја фрлија првата атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима.

1962.- Јамајка стекна независност после 300 години британско владеење.

1990.- Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно изгласа Резолуција за забрана на трговијата со Ирак после инвазијата на ирачките трупи на Кувајт.

1991.- Во Штип умре Ружа Икономова, македонска артистка и една од основоположниците на повоениот театар. Родена е во 1928 година.

1999.- Во Скопје умре д-р Стеван Габер, професор на Правниот факултет во Скопје и истакнат научен работник во областа на државно-правната територија и политикологијата. Роден е во Велес, во 1919 година.

2003.- Судот во Мадагаскар го осуди поранешниот претседател на таа африканска островска земја Дидие Рацирака на 10 години принудна работа поради проневера на јавните фондови во вредност од 49 милиони малгашки франци (8,24 милиони долари).

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2007 во 09:53

1660.- Во Мадрид умре Диего Родригес де Силва Веласкес, еден од најпознатите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот, кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надмина со духот на критичкиот реализам. Најпознати негови дела се "Дворски дами", "Предавањето на Бреда" (наречено и "Копја"), "Венера со огледало" и "Ткајачи на килими". Роден е во Севилја, на 6.06.1599 година.

1816.- Францускиот лекар Рене Ленак го измисли стетоскопот. Овој инструмент за слушање на работата на срцето и белите дробови по неколку усовршувања стана составен дел на инструментите на секој лекар.

1830.- Француското Собрание го избра Луј Филип за крал на Франција, после падот на Шарл Десетти Бурбонски во Јулската револуција. Новиот монарх стана познат како „кралот граѓанин“.

1858.- Кралицата Викторија Прва ја избра Отава за престолнина на британскиот доминион Канада.

1895.- Во Венеција, Италија е отворена првата меѓународна изложба на модерната уметност, која оттогаш се одржува секоја втора година.

1900.- Умре Вилхелм Либкнехт, германски револуционер. Тој е еден од основачите на Втората Интернационала во 1869 година. Роден е во 1826 година.

1957.- Умре американскиот филмски актер Оливер Норвел Нарди, симпатичниот „дебелко“, чиј неповторлив хумор во пар со Стен Лорел и сега ја засмејуваат публиката ширум светот. Тој глумеше во филмовите „Ние од Оксфорд“, „Двајца добри другари“, „Голема работа“, „Наша жена“, „На дивиот запад“ и други.

1960.- Брегот на Слоновата коска прогласи независност од Франција.

1987.- Во Дојран умре Михајло Апостолски, генерален полковник, народен херој, академик. Во НОВ на Македонија стана командант на покраинскиот односно на Главниот штаб на НОВ и на партизанските одреди на Македонија со која успешно раководеше се до ослободувањето на земјата. Тој е еден од двигателите и основоположниците на современата македонска историографија преку која ја изнесуваше вистината за историјата, културата и самобитноста на македонскиот народ. Роден е во Штип, на 08.11.1906 година.

1989.- Во Скопје умре Ристо Калчевски, истакнат македонски сликар и ликовен педагог. Роден е во Прилеп, во 1933 година.

2002.- Меѓународниот монетарен фонд за економско опоравување на Бразил му одобри кредит од 30 милијарди долари, што е најголем износ во историјата на таа меѓународна финансиска институција.

2003.- Индонезискиот суд му изрече смртна казна на исламскиот терорист Амрозиј, вмешан во бомбашки напад на островот Бали во 2002 година во кој загинаа 202 луѓе, главно странски туристи.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2007 во 10:42

117.- Умре Марко Улпиј Трајан, римски император, по потекло од Шпанија. За време на неговото владеење (98 до 117 година), Римската империја имаше најголема територија и околу 70 милиони жители.

1786.- Францускиот алпинист Мишел Габриел Пакар и неговиот носач Жак Балма први го освоија Мон Блан, највисокиот врв во западниот дел на Европа.

1908.- Во Солун излезе првиот број на весникот „Конституциона зарја“, орган на МОРО, односно гласило на санданистите. Негови редактори беа Димо Хаџи Димов и Димитар Мирасчиев. Весникот беше најзначајна трибина за македонските револуционери и програсивни сили во периодот меѓу 1908 и 1912 година.

1945.- Со договорот во Лондон меѓу Велика Британија, СССР, САД и Франција, основан е Меѓународниот воен суд за судење на водачите на Третиот рајх на кој му се приклучија и други држави. Судењето на хитлеровите главни соработници почна во Нирнберг, во ноември 1945 година и траеше една година.

1963.- Група британски криминалци упаднаа во поштенски воз меѓу Глазгов и Лондон и ограбија 2,6 милиони фунти.

1967.- Mинистрите за надворешни работи на Индонезија, Малезија, Сингапур, Тајланд и Филипини во Бангкок потпишаа Договор за формирање на политичко-економска групација АСЕАН (Здружение на земјите од југоисточна Азија).

1969.- Советскиот Сојуз ја лансира автоматската вселенска станица "Зонд-7" со задача да ја проучува Месечината и пространствата околу неа.

1974.- Под притисок на јавното мислење на САД, претседателот Ричард Никсон и соопшти на јавноста дека на 9 август ќе поднесе оставка поради обвиненијата дека е замешан во аферата "Вотергејт", која силно го погоди американскиот претседателски систем. Наместо Никсон, американски претседател стана дотогашниот потпретседател на САД Џералд Форд.

1994.- Лидерите на Јордан и Израел го отворија првиот патен граничен премин меѓу тие две блискоисточни земји, зацврстувајќи го завршувањето на 46-годишното непријателство.

2001.- На патот Скопје - Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак албанските терористи од заседа нападнаа конвој на Армијата на Република Македонија. При тоа загинаа десет припадници на АРМ на Македонија: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.

2004.- Во Њујорк умре Феј Уреј, холивудска актерка, играше во стотина филмови, а најпозната е по улогата во филмот „Кинг Конг“. Родена е во Алберта, Канада, во 1907 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2007 во 10:48

916.- Во Охрид умре свети Климент Охридски, родоначалник на Македонската литература и на црковното беседништво, прв оргинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот, но и заштитник на Охрид. Роден е во Охрид, околу 840 година.

1873.- Во Скопје од Солун пристигна првиот воз. Македонија стана една од ретките земји во светот во која беше изградена железничка линија, само 50 години по пуштањето во работата на првата локомотива во светот.

1883.- Во Велес е роден Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, хуманист, воденичар и најстар пратеник на првото заседание на АСНОМ, прв доверител на правата привремена Влада на македонија, иницијатор за формирање на првата новинска агенција во Македонија и најблизок соработник на Методија Андонов Ченто. Умре на Голи Оток во т.н. „Болница на работилиштето мермер“, на 13.07.1951 година.

1919.- Во Монтекатини умре Руџеро Леонкавало, италијански композитор, претставник на веристичкиот правец во италијанската музика. Негово значајно дело е операта "Палјачи", која зборува за животот на една патувачка артистичка дружина. Роден е во Неапол, на 8.05.1858 година.

1945.- Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба (првата ја фрлија врз Хирошима, на 6.08.1945 година), врз јапонскиот град Нагасаки, кој беше урнат до темел. Притоа, загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа поврдени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито ја објави безусловната капитулација на Јапонија.

1962.- Умре Херман Хесе, германски писател. Најпознати негови романи се "Игра со стаклени перли", "Демијан", "Сидарта" и "Степскиот волк". Во 1946 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е на 2.07.1877 година.

1969.-  Во Љубљана умре Тоне Сечишкар, словенечки писател. Меѓу неговите најпознати дела се „Тробовле“, „Песни на исчекување“, „Заринканиот брод“, „Во пазувите на татковината“, „Трстјанскиот пат“ и „Дружината на синиот галеб“. Роден е во Љубљана на 01.04.1900 година.

1993.- Во Битола во Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“ е родено првото дете од епрувета во Република Македонија.

2001.- Во Тетово во борба против албанските терористи загина полицаецот Душко Синадиновски, роден во 1960 година од село Ратае, Тетовско.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2007 во 10:32

1627.- Францускиот кардинал Арман Ришелје кој ги предводеше кралските трупи, ја почна опсадата на Ла Росел, упориште на хугенотите (француски протестанти, кое го зазеде 14 месеци подоцна.

1675.- На основа на налогот на англискиот крал Чарлс Втори положен е камен темелник на Кралската опсерваторија во јужното лондонско предградие Гринич, преку кое поминува нулта (гриничкиот) меридијан. Опсерваторијата е изградена со цел да се проучи положбата на ѕвездите што беше посебно значајно за навигацијата. За прв кралски астроном и шеф на опсерваторијата е поставен Џон Флемстид.

1865.- Во Санкт Петербург е роден Александар Пертович Глазунов, руски композитор, последен претставник на руската национална школа. Умре во Париз, на 21.03.1936 година.

1903.- Неколку денови пред паѓањето на Крушевската република, во Церско поле, демирхисарско, македонскиот војвода Јордан Пиперката падна во заседа на осмалиската војска. По неколку часовна борба со осмалиската војска се самоуби. Роден е во селото Козица, на 23.06.1870 година.

1913.- Со мирот во Бук*решт заврши Втората балканска војна која на 30 јуни 1913 ја почна Бугарија, со цел да приграби поголем дел од Македонија. Во оваа војна учествуваа Црна Гора и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во војната се вклучија Романија и Турција. Со овој мир Македонија е поделена на три дела: на Бугарија, на Србија и на Грција. Поради провидноста на некои одредби на овој мир, Балканот стана подрачје за постојани недоразбирања меѓу балканските држави.

1914.- Франција во Првата светска војна и објави војна на Австро-Унгарија.

1983.- Во Белград умре Воислав Нановиќ, еден од втемелувачите на поевоениот југословенски филм, режисер на првиот игран филм „Фросина“, снимен во 1952 година. Роден е во Скопје, на 12.08.1922 година.

1993.- Во Скопје умре Димитар Кондовски, академик, врвна фигура во македонското сликарство. Роден е во Прилеп, во 1927 година.

1998.- Принцот Ел Мухтади Бил, постариот син на брунејскиот султан Хасан Болкиј, еден од најбогатите луѓе во светот, е прогласен за наследник на престолот.

2001.- Во близина на скопското село Љубанци кај месноста Љуботен Бачило од подмолен напад на албанските теорористи возило на АРМ нагази на мина, при што загинаа осумина припадници на Армијата на Република Македонија - Маријанчо Бошковски (28), Бранко Јанев (37), Томислав Настески (28), Раде Јанковски (33), Ивица Златевски (25), Томе Бадаревски (33), Гоце Чанкуловски (39) и Томе Димовски (37), сите од Скопје и Скопско.

2001.- Во терористички напад на патнички воз јужно од главниот град на Ангола, Луанда, што го извршија припадници на бунтовничкото движење УНИТА, загинаа најмалку 252 луѓе.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2007 во 11:43

1858.- Роден е холандскиот лекар Кристијан Ајкман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1929 година, пронаоѓач на причинителот на болеста бери-бери. Нобеловата награда ја доби за откривањето на витаминот Б.

1941.- Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт се сретнаа на еден брод во Атлантикот, каде што ја формулираа и на 14 август ја потпишаа прочуената "Атланска повелба", чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација во 1945 година. Во повелбата меѓу другото се истакнува дека територијалната промена мора да биде во согласност со слободно изразената волја на народот, народите имаат право да си избираат за себе облик на владеење по волја и тоа право треба да им се врати на сите, и се предупредува дека народите во светот мораат да се откажат од употребата на сила.

1949.- Во непосредна близина на селото Брезница, Егејска Македонија во моментот кога меѓу ДАГ и монархофашистичката кралска армија се водеше тешка борба загина Крсто Мангов, македонски револуционер и борец за национална слобода и социјални права на македонскиот народ. Роден е во селото Д' мбени, Костурско, во 1912 година.

1952.- На јорданскиот престол стапи кралот Хусеин откако неговиот татко кралот Талал е тргнат од престолот поради сенилност.

1960.- Чад, држава во Африка која беше во составот на Француска Екваторијална Африка, се здоби со независност.

1962.- Лансирани се советските вселенски бродови „Васток - 3“ и „Васток - 4“ со астронаутите Николаев и Попович. Тоа беше прв повеќедневен групен лет во вселената и траеше до 15 август.

1980.- Во Скопје умре Хаџи Николов, македонски музички педагог и композитор. Тој и припаѓа на постарата македонска генерација на композитори кој целокупната дејност ја насочуваше кон негување и музичка обработка на македонските народни песни. Роден е во Скопје, на 18.04.1909 година.

1987.- Во Охрид умре Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. Неговите зборки раскази "Пасквелија", "Нова Пасквелија", романите "Сребрените снегови", "Големата вода", драмите "Кенгурски скок", "Макавејски празници" и други, му обезбедија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература. Роден е во селото Велгошти, охридско, на 13.08.1936 година.

1992.- Со одлука на Собранието на Република Македонија се усвоени знамето (црвено со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци кое беше во сила до 5.10.1995 година, кога е сменето во црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци... и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија.

1993.- Пакистан ја призна Република Македонија.

1996.- Умре чешкиот диригент и композитор Рафаел Јероним Кубелик кој во 1934 година, на 20-годишна возраст, почна да диригира со Чешката филхармонија.

2003.- НАТО ја презеде командата над 5.000 војници на меѓународните сили за помош и безбедност во Авганистан, што е прва мисија надвор од Европа во историјата на тој воено-политички сојуз.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2007 во 12:34

1762.- Роден е Кристоф Вилхем Хуфеланд, германски лекар. Стана познат по делото „Макробиотика“, објавено во 1796 година, а преведено речиси на сите европски јазици и на кинески јазик. Според тоа дело е наречена науката за зачувување и за одржување на здравјето. Умре во Берлин, во 1836 година.

1848.- Во близина на градот Честерфилд умре Џорџ Стивенсон, англиски пронаоѓач, "татко на железницата", кој во 1814 година ја конструира првата употреблива парна локомотива. Роден е во Вајлем, кај Нукасл, на 16.10.1781 година.

1859.- Во Тутсвил, во американската држава Пенсилванија, случајно е пронајдена нафтата.

1898.- Со потпишување на протокол заврши шпанско-американската војна. Со протоколот Шпанија е принудена да ги напушти Куба и Порторико.

1903.- Околу 15.000 турски војници и башибозук под водство на Бахтијар-паша почнаа противофанзива против Крушево и Крушевската република. Штабот на крушевските востаници, по добиениот ултиматум на Бахтијар-паша востаниците да се предадат одговори: „Востанавме за да се бориме за извојување на слобода на Македонија, а не да се предадеме“. Но, кога градот се најде во безизлезна состојба, штабот нареди востаниците да се повлечат со цел да се зачува градот од разурнување. Крушевската република падна утредента, по борбите на преминот Слива и во месноста Мечкин Камен.

1938.- Германија објави мобилизација на населението во рамките на подготовките за војна.

1945.- Основано е македонско лекарско здружение.

1955.- Во Цирих умре Томас Ман, германски писател. Негови назначајни дела се "Бунденброкови", "Доктор Фауст", "Волшебниот брег" и други. Во 1929 година ја доби Нобеловата награда за литература, а во 1949 година-Гетеовата награда. Роден е во Лајпциг, на 6.06.1875 година.

1982.- Во Лос Анџелес умре Хенри Фонда, американски филмски артист, еден од великаните и легендите на Холивуд. Роден е во Гренд Ајленд, на 16.05.1905 година.

1990.- Во Скопје е осветен Соборниот храм на автокефалната Македонска православна црква "Свети Климент Охридски".

1990.- Во Скопје е основана Партијата за целосна еманципација на Ромите од Македонија. За претседател е избран Фаик Абди.

1993.- Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија е примен во редовното членство на Меѓународната организација на преведувачите (ФИТ) и стана 19-ти член на Регионалниот преведувачки центар за Европа.

2000.- Во несреќа на руската нуклеарна подморница „к*рск“ на околу 120 наутички милји североисточно од Мурманск, која после две силни експлозии потона на дното на Баренцовото Море на последниот ден на големите поморски маневри на Северната флота на руската воена морнарица, загинаа сите 118 членови на екипажот.

2004.- Во Грција е пуштен во сообраќај мостот Рио-Антирио, најдолгиот висечки мост на челични сајли во свето, кој го поврзува полуостровот Пелопонез со остатокот на грчкото копно, долг 2.250 метри.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2007 во 10:35

1624.- Францускиот крал Луј Тринаесетти за прв министер го постави кардинал Арман Жан ди Плеси Ришелје.

1826.- Умре францускиот лекар Рене Теофил Јасинт Ленак, кој во 1819 година го измислил стетоскопот.

1863.- Во Париз умре Ежен Делакроа, француски сликар, главен претставник на романтиамот, продолжувач на традицијата Рубенс. Остави дела кои се одликуваат со темперамент и со драматичност. Роден е во Шарентон Сен Морис, на 26.04.1798 година.

1899.- Во Лентостаун, во близина на Лондон, е роден Алфред Џозеф Хичкок, британски филмски режисер. Светска слава доби со филмовите од криминалистички жанр, страв и ужас. Негови најпознати филмови се "Триесет и девет скали", "Тајниот агент", "Човекот кој многу знаеше", "Ребека", "Аферата Парадин", "Птици", "Психо" и други. Умре во Лос Анџелес, на 29.04.1980 година.

1903.- Во месноста Мечкин Камен, близу до Крушево, македонскиот војвода Питу Гули го распореди својот одред и со к*ршуми ги пречекуваше јуришите на турската војска. Во епопејата на Мечкин Камен херојски загинаа Питу Гули, двајцата негови знаменосци Ѓорѓи Димев и Нове Сугаре и 40-тина македонски востаници. Питу Гули е роден во Крушево, во 1865 година.

1912.- Умре Жил Масне, француски композитор. Компонирал 20 опери, главно со лирска тематија, од кои најпознати се "Мантон", "Вертер" и "Дон Кихот". Роден е на 12.05.1842 година.

1914.- Франција во Првата светска војна и објави војна на Австро-Унгарија.

1916.- Во Ресен е роден Радослав К.Петковски, македонски писател. Основна тема на неговите дела е животот на луѓето што се борат за основна егзистенција. Главни негови дела се збирките раскази „Рибарот Климе“ и „Рашанец“. Умре во Охрид, на 26.10.1955 година.

1923.- Мустафа Кемал Паша, наречен Ататурк (татко на Турција") стана прв претседател на Турската Република. Учествуваше во движењето на младотурците. Во Битола заврши виша воена школа, а во Цариград-Генералштабна академија и беше еден од активните борци против султанската автократија. Како претседател на Турската Република спроведе прогресивни реформи. Роден е во Солун, во 1881 година, а умре во 1938 година.

1961.- Границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката капија е затворена, што беше најава за изградба на Берлинскиот ѕид. 

1995.- Умре д-р Душан Манаковиќ, еден од најпознатите македонски географи и основоположник на современата геоморфологија и спелеологија.

1995.- Во Софија умре Симеон Гугуловски, македонски оперски уметник и солист на Операта при МНТ во Скопје. Роден е во Солун, во 1941 година.

2001.- Во Скопје е потпишан Охридскиот рамковен договор, политички документ за решавање на кризата во Република Македонија. Документот го потпишаа претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски и четворицата партиски лидери - на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери. На потпишувањето на документот присуствуваа и високи меѓународни претставници.

2003.- Либија се согласи да исплати 2,7 милијарди долари на семејствата на 270 луѓе кои загинаа во експлозија на бомба во авион на компанијата „Пан Америкен“ над Локерби во Шкотска во 1988 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2007 во 14:24

1784.- На островот Кодијак, на Алјаска формирана е првата руска колонија. Царска Русија ја продаде Алјаска на САД во 1867 година за 7,2 милиони американски долари. Во 1963 година Алјаска стана една од сојузните држави на САД.

1867.- Роден е Џон Голсфорди, англиски писател, автор на прочуената трилогија "Сага за Форсајтите". Во 1932 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 31.01.1933 година.

1893.- Франција стана прва држава во која е воведено задолжително ставање регистерски таблички на моторните возила.

1900.- Во селото Герман, Леринско, Егејска Македонија, е роден Богоја Фотев, првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“, учесник на Првото заседание на АСНОМ, прв повереник за финансии, а потоа и за земјоделство во Владата на НР Македонија. Од 1947 до 1950 година беше претседател на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија. Тој беше борец за идеите на ВМРО (обединета), активен револуционер и толкувач на идеите на движењето МАНАПО. Умре во селото Бистрица, на 27.01.1993 година.

1900.- Во Кина е задушено „Боксерското востание“, бунт на потчинетите слоеви против домашната феудална власт. Во крвавата пресметка со востаниците учествуваа корпуси на повеќе земји, меѓу кои и на Германија, САД и Јапонија.

1909.- Во Солун е извршен втор неуспешен обид за убиство на македонскиот револуционер Јане Сандански и на неговите другари Стојко Хаџиев, Анастас Митрев и Иван Манолев.

1915.- Во селото Никифорово, гостиварско, е роден Видое Смилевски-Бато, народен херој на Македонија, истакнат револуционер и општествено-политички работник. Умре во Скопје, на 8.09.1979 година.

1917.- Во Прилеп е роден Сотир Гулевски, македонски писател и литературен преведувач. Литературниот опус му е во знакот на прозата. Автор е на романите „Меѓа“, „Прекршен р'бет“, „Кога карпите р'тат“, „Модро млеко“, на театрологијата „Фурии“, на книгата со раскази „Висорамнина на ровјите“ и на други дела. Умре во Скопје, на 20.06.1985 година. 

1919.- Во Скопје е роден Раде Јовчевски Корчагин, народен херој на Македонија. Загина во Скопје, во судирот со бугарските агенти и со полицијата, на 20.02.1943 година.

1934.- Во големиот концентрационен логор „Дахау“, во близина на Минхен, пристигнаа првите композиции на затвореници од разни краишта на Германија, противници на Хитлеровиот режим. За време на Втората светска војна во логорот се убиени стотици илјади затвореници од цела Европа.

1941.- Официјално е објавен текстот на "Атланската повелба", што на палубата на еден брод во западен Атлантик ја потпишаа британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт.

1949.- Конрад Аденауер стана првиот канцелар на Западна Германија.

1984.- Умре Тигран Петросјан, советски велемајстор и светски првак во шах. Роден е во 1929 година.

1988.- Умре италијанскиот конструктор на спортски автомобили Енцо Ферари, еден од светските пионери на автомобилските трки.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2007 во 19:18

1057.- Загина шкотскиот крал Макбет, чиј живот го инспирира англискиот писател Вилијам Шекспир, да ја напише една од своите најпознати драми.

1769.- Во Ајачио, на Корзика, е роден Наполеон Бонапарта, француски цар, еден од најголемите војсководци на сите времиња во светот. Во 1904 година е крунисан за цар. Сакајќи да го освои светот, а претходно покорувајќи ја половина Европа, 1812 година тргна во напад на Русија, но доживеа пораз. Во април 1814 година беше принуден да адбицира. Во 1815 година се обиде повторно да дојде до власт и, само по сто дена престој во Париз е интерниран на јужноатланскиот остров Света Елена, каде што умре на 5.05.1821 година.

1771.- Во Единбург е роден Валтер Скот, шкотски писател, творец на модерниот историски роман. Собираше народни песни и пишуваше народни епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат романите "Ајванхо", "Кенилворд", "Старинар" и други.

1883.- Во Врполе е роден Иван Мештровиќ, хрватски скулптор, еден од најголемите современи светски уметници. Изработи голем број релјефи, фигури и портрети, како и многу монументални јавни споменици. Умре во САД, на 16.01.1962 година.

1893.- Умре Жан Мартин Шарко, француски лекар, еден од најголемите невролози на сите времиња. Се занимаваше со проблемите на хистеријата, хипнотизмот и склерозата. Роден е во 1825 година.

1894.- Во Ресен (во куќата Татарчеви) е одржано советување на првенците на ТМОРО. Со советувањето непосредно раководеа Даме Груев и Пере Тошев. Беа донесени значајни одлуки за натамошниот развој на револуционерното движење во Македонија. Ова прво советување на ТМОРО се смета за „голема предилинденска искра“.

1897.- Во селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија, е роден Стојан Христов, американски писател од македонско потекло, новинар и 12 години државен сенатор во САД. Во 1986 година при посетата на Македонија е основата Фондацијата „Стојан и Маргарет Христов“. Најпознати негови дела се хрониката „Херои и убијци“, романите „Лавот од Јанина“, „Ова е мојата татковина“, „Мојот американски аџилак“ и мемоарскиот роман „Орелот и штркот“. Умре во Томпсон Хаус, во Бретлборо, на 25.01.1996 година.

1911.- Во селото Крушаре, Ениџе-вардарско, убиен е Апостол Петков Терзиев, македонски војвода и борец за национално и социјално ослободување на македонскиот народ. Роден е во село Бојмица, солунско, во 1870 година.

1914.- Со поминувањето на бродот „Анкон“ е отворен Панамскиот канал, прокоп долг 81,6 километри кој во најтесниот дел на средна Америка го спојува Атлантскиот и Тихиот Океан. Каналот официјално е отворен дури во јули 1920 година, а изградбата која во 1789 година ја почна градителот на Суецкиот канал Французинот Фердинан де Лесепс, а САД ја презедоа во 1901 година, е проследена со финансиски афери, притисоци и воени интервенции.

1948.- Јужна Кореја стана независна држава под името Република Кореја.

1962.- Пробиен е патниот тунел под Мон Блан, највисокиот врв во западна Европа со кој францускиот град Шамони е поврзан со италијанската долина Аоста.

1971.- Бахреин стекна независност после век ипол британска колонијална власт.

1993.- Во Сондерберг, Данска, на последниот ден од заседанието на Меѓународната федерација на студентите по медицина (ИФМСА), Сојузот на студентите по медицина на Македонија е примен во полноправно членство.

1998.- Во Скопје се одржа Основачко собрание на Нотарската комора на Република Македонија. За претседател е избрана Зорица Пулејкова.

2003.- Во писмо до Советот за безбедност на Обединетите нации, Либија ја презеде одговорноста за експлозијата на бомба во авионот на „Пан Америкен“ над Локерби во Шкотска кога загинаа 270 луѓе.

2004.- Во Краков умре Часлав Милош, полски и американски поет, белетрист, есеист и литературен историчар, правник, добитник на Нобеловата награда за литература во 1980 година за бескомпромисната јасност со која ја изразува застрашената положба на човекот во еден свет на остри конфликти. Меѓу најпознатите негови дела се „Три змии“, „Спасување“, „Дневна светлина“, „Заробен ум“, „Преземање на власта“ и други. Роден е во Шетејнеј, Литванија, на 30.06.1911 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2007 во 19:01

986.- Во Ихтиманскиот премин (Тројанова Врата), византискиот цар Василиј Втори претрпе пораз во борбата со војската на македонскиот цар Самуил кој продолжи со нови освојувања се до 991 година.

1593.- Турскиот султан Мурат Втори и објави војна на Австрија која траеше 14 години.

1873.- Во Ново Село, штипско, е роден Славејко Арсов, истакнат македонски револуционер и војвода. Загина во борба против османлиската војска во близина на селото Ѓуѓанце, светиниколско, на 22.06.1904 година.  

1902.- Во Прилеп е роден Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се бореше за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината на Македонија. Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, е осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Во октомври 1990 година е рехабилитиран. Умре во Прилеп, на 24.07.1957 година.

1903.- Во месноста Бигла, близу до селото Арменско, Егејска Македонија, здружените лерински и костурски одреди на македонските востаници извојуваа голема победа над турската војска и го десеткуваа турскиот гарнизон. Својот бес од претрпениот пораз непријателот го истури врз Арменско. Селото беше опожарено, а околу 130 жени, деца и старци без убиени и масакрирани.

1943.- Во Штип, во борба против бугарската полиција, загина Славчо Стојменски, народен херој. Роден е во Штип, на 16.10.1921 година.

1943.- Роден е американскиот филмски актер Роберт Де Ниро, една од најголемите светски филмски ѕвезди кон крајот на 20 век, добитник на Оскар за улогите во филмовите „Кум II“ и „Разбеснетиот бик“. Тој глумеше и во филмовите „Беше еднаш во Америка“, „Ловец на елени“, „Њујорк, Њујорк“ и други. 

1976.- Во земјотрес на филипинскиот остров Минданао загинаа околу 8.000 луѓе.

1987.- Германскиот воен злосторник Рудолф Хес, заменик на Адолф Хитлер, е пронајден мртов откако се обеси со помош на електричен кабел во ќелија во затворот „Шпандау“. 

1994.- Во Охрид почна Првиот фестивал на новосоздадени македонски староградски трубадурски песни „Охридски трубадури '94“.

1995.- Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, како прилог на весникот „Вечер“, излезе првиот број на „Армиски збор“, весник на Армијата на Република Македонија.

1999.- Во најтешката природна катастрофа во историјата на Турција, во земјотрес со епицентар кај градот Измир, на 150 километри западно од Истанбул, загинаа повеќе од 30.000 луѓе.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2007 во 10:50

1642.- Во Болоња умре Гвидо Рени, италијански сликар, припадник на болоњската барокна школа. Роден е на 4.11.1575 година.

1812.- Во битката кај Смоленск, Наполеон Бонапарта ја порази руската царска војска и продолжи да напредува кон Москва.

1814.- Во Нови Винодолски е роден Иван Мажураниќ, хрватски поет, борец против насилството. Автор е на прочуениот еп "Смртта на Смаил-ага Ченгиќ. Умре во Загреб, на 4.08.1890 година.

1850.- Умре францускиот писател Оноре де Балзак, автор на околу 100 книги и повеќе од 2.000 ликови. Ги напиша романите „Евгенија Гранде“, „Чичко Горио“, „Гопсек“, „Изгубени илузии“, „Шуани“ и други.

1896.- Француските колонијални трупи го опколија Мадагаскар (остров во Африка) и го прогласија за своја колонија. Мадагаскар стекна независност во 1960 година.

1903.- Во Крушево е роден Никола Мартиноски, познат македонски ликовен уметник, педагог и академик. Тој е еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и странство. Умре во Скопје, на 7.02.1973 година.

1903.- Малата светиниколска чета на војводите Боби Стојчев и Никола Пушкаров која беше составена од 50 борци од Штипско, Кумановско и од Велешко, падна во заседа на турската војска и при тоа водеше едночасовна борба над Ѓуришкиот манастир, кај селото Градиште, Кумановско. Во судирот беше убиен Тодор Мирасчиев од Штип, беа ранети тројца борци, а загинаа девет турски војници.

1908.- Роден е францускиот државник и правник Едгар Фор, кој како обвинител ја претстави Франција на судењето на германските воени злосторници во Нирнберг после Втората светска војна. Беше премиер на Франција во 1952, 1955 и 1956 година и неколку пати министер од 1958 до 1969 година.

1943.- На Славеј Планина, Дебарца, од припадници на Битолско-преспанскиот НОП одред „Даме Груев“, од Велешкиот НОП одред „Димитар Влахов“, од Прилепскиот НОП одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, е формиран Првиот македонски НОП баталјон Мирче Ацев. 

1964.- На спортистите од Јужна Африка им е забрането да учествуваат на Олимписките игри поради политиката на апартхејдот во таа земја.

1966.- Започна "Културната револуција" во НР Кина.

1993.- За првпат е прославен Денот на Армијата на Република Македонија-18 август, прогласен со одлука на Владата на Република Македонија од 3.06.1993 година.

1993.- САД му соопштија на Судан дека е ставен на списокот на земји кои го поддржуваат меѓународниот тероризам. 

1994.- Најмалку 150 луѓе загинаа во земјотрес во областа Маскара во северозападниот дел на Алжир.

1998.- Во Скопје умре д-р Андреа Мишковски, специјалист по општа и пластична хирургија, долгогодишен директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и генерален директор на Хирушките клиники при Медицинскиот факултет во Скопје. Роден е во Куманово, во 1932 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2007 во 12:42

1662.- Умре Блез Паскал, француски математичар, физичар, писател и филозоф. Конструира математичка машина (аритмометар) која ги вршеше четирите математички операции. Математички прв го третираше проблемот на веројатноста во хазардните игри и ги постави основите на законот на веројатноста, ја измисли хидрауличната преса и утврди дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на планините. Најпознато негово дело е "Мисли". Роден е на 19.06.1623 година.

1850.- Во Париз умре Оноре де Балзак, француски поет, еден од наистакнатите писатели на реалистичкиот роман. Во стотина дела наслика повеќе од две илјади ликови од сите слоеви на општеството. Роден е во Тур, на 20.05.1799 година.

1936.- Франкистите од Шпанија го застрелаа Федерико Гарсија Лорка, шпански писател од Гренада, народен драматург, сликар, музичар и еден од најголемите лиричари воопшто. Изврши значително влијание врз развојот на поновата европска поезија. Најпознати негови збирки песни се "Песни", "Цигански романсиер", "Поет во Њујорк", драмите "Домот на Бернарда", "Крвави свадби" и други. Роден е во Фуенте Вакерос, на 15.06.1899 година.

1973.- Полковникот Пападопулос, шеф на воената хунта која изврши пуч на 21.04.1967 година, се прогласи за претседател на Република Грција. Претходно на референдум , во режија на пучистите, укината е монархијата.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2007 во 12:18

1741.- Рускиот морепловец со данско потекло Витус Јонас Беринг ја откри Аљаска.

1847.- Роден е Болеслав Прус (вистинското име му е Александар Гловацки), полски писател и еден од најзначајните претставници на полскиот реализам. Во своите дела ја опишува борбата на полскиот народ против германизацијата. Негови познати дела се романите "Кукла", "Мртва стража", "Фараон" и "Вал се враќа", како и расказите "Јакубинскиот сон" и "Проклета среќа". Умре на 19.05.1912 година.

1849.- Роден е францускиот историчар Ернест Дени основач на Словенскиот институт во Париз, професор на Сорбона во Париз, кој ја изучувал историјата на Словените, особено средновековното хуситско движење во Чешка, историјата на Словаците и јужните Словени.

1854.- Умре Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична идеалистичка филозофија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спиновиот пантеизам. Најпознати негови дела се "Идеја за филозофијата на природата", "Систем на трансцеденталниот идеализам" и "Филозофија на уметноста". Роден е на 27.01.1775 година.

1914.- Германската армија во Првата светска војна после жестоките борби и неочекувано големиот отпор од страна на белгиските трупи го зазела Брисел.

1935.- Во Москва заврши Седмиот конгрес на Коминтерната, на кој беше извршена анализа на меѓународната ситуација и беше укажано дека на сите слободарски и демократски сили во светот им се заканува опасност од фашизмот. Конгресот им препорача на комунистичките партии да пристапат кон формирање на народни фронтови за борба против фашистичката агресија.

1944.- Роден е индискиот државник Раџив Ганди, премиер на Индија од 1984 до ноември 1989 година кога и загубил на изборите. Убиен е на 21 мај 1991 година во атентат во текот на предизборната кампања, исто како и неговата мајка Индира која како премиер е убиена во атентат во 1984 година.

1946.- Грчка жандармериска единица и вооружена терористичка банда од селото Жервени, го опколија македонското село Бапчор, Костурско и се оддадоа на терор, грабежи и на пустошење, запалија две куќи, ранија тројца и уапсија сто Македонци, од кои по ѕверското мачење во костурските и во кожанските затвори, задржаа 45.

1960.- Прогласена е независноста на Сенегал (држава во западна Африка), поранешна француска колонија која беше во федерација со Мали.

1961.- На границата на источен и западен Берлин е завршена изградбата на ѕид долг 40 километри. Тоа беше само една од епизодите на студената војна меѓу двете супер сили, САД и СССР. Берлинскиот ѕид "падна" на 9.11.1989 година.

1968.- Советскиот Сојуз и другите земји на Варшавскиот пакт, освен Романија, влегоа во Чехословачка. Со тоа е означен крајот на "Прашката пролет", а се формира принципот на "ограничен суверенитет" во рамките на социјалистичката заедница.

1975.- Американскиот вселенски брод "Викинг" е лансиран кон Марс, на која пристигна во јули 1976 година.

1991.- Парламентот на руската балтичка Република Естонија ја објави целосната независност од Москва.

1992.- Пред зградата на Собранието на Република Македонија почна да се вее новото македонско знаме (црвено со шеснаесеткрако златно-жолто сонце).

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.