IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 33343536>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2012 во 08:39

настани

1531       Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе.

1815       Францускиот цар Наполеон Бонапарта го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговите трупи кај Ватерло.

1848       Британскиот воен транспоретен брод „Биркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе.

1901       По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Хсиуиј и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите.

1909       Отоманската Империја ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина.

1915       Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачки пламени.

1918       Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција.

1936       Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген.

1992       Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.

1993       Напад во Светскиот трговски центар во Њујорк. Загинаа 6 лица, повредени се 1.042.

2004       Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.

 

Родени

274         Константин I Велики, римски владетел од 306 до 337 година.

1533       Мишел де Монтењ, француски ренесансен писател и философ.

1552       Јост Бирги, швајцарски часовничар и математичар.

1980       Васил Зафирчев, македонски театарски и филсмки актер.

1980       Тејшон Принц, американски професионален кошаркар.

1985       Јелена Јанковиќ, српска тенисерка.

 

Починале

1869       Алфонс де Ламартин, француски поет и академик.

1907       Петар Христов - Германчето, македонски револуционер.

1986       Улоф Палме, шведски премиер.

1941       Алфонсо XIII, шпански крал.

1981       Љутви Руси, македонски новинар, писател и преведувач.

2010       Куширо Хајаши, јапонски астрофизичар.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 11:46

Настани

1942       Близу до селото Плетвар, прилепско, загинаа Борка Талески - Црниот и Лазо Колевски - Лавски, народни херои на Македонија.

1943       Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија.

1946       Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам.

1956       Поранешната француска колонија, Мароко се здоби со независност.

1972       Во САД е лансиран вселенскиот брод „Пионер 10“ за испитување на планетата Јупитер.

1973       Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот документ за мир во Виетнам.

1993       Во Скопје, во Касарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана.

1995       Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти поради негова поврзаност со мафијата.

 

Родени

1459       Адријан Флорисзон, холандски свештеник, кој како папа Адријан Шести во јануари 1522 година стана единствен Холанѓанин, поглавар на Римокатоличката црква во нејзината историја.

1749       Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник.

1824       Бердих Сметана, чешки композитор

1947       Хари Реднап, англиски фудбалер и тренер

1962       Џон Бон Џови, американски рокер

1972       Дејан Бодирога, српски кошаркар

1977       Крис Мартин, англиски пејач

 

Починале

1923       Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба.

1939       Хауард Картер, англиски египтолог.

1942       Борка Талески, народен херој на Македонија, непосреден организатор на востанието на 11 октомври.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2012 во 12:36

Настани

1789       Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД.

1933       Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објави својата „нова политика“, чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата.

1945       Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажаа расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија.

1952       Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна.

1965       Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни.

1965       При доаѓањето на нови постојани артисти во Македонскиот театар во Скопје од драмата на Македонскиот народен театар, оваа уметничка куќа прерасна во драмски театар. Во новиот театар на овој ден беше изведена премиерната претстава „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова.

 

Родени

1188       Бланка Кастилјска, сопруга на кралот Луј VIII.

1678       Антонио Вивалди, венецијански свештеник и композитор.

1878       Пјотр Демјанович Успенски , руски философ. 

934       Александар Митевски, македонски поет.

1935       Бент Ларсен, дански шахист.

1954       Кетрин О'Хара, американска актерка.

1954       Франсоа Фијон, француски премиер.

1965       Халед Хосеини, авганистански писател и лекар.

1968       Киријакос Мицотакис, грчки политичар.

1983       Зоран Балдовалиев, македонски фудбалер.

 

Починале

254         Папа Луциј I, римски папа.

561         Папа Пелагиј I, римски папа.

1193       Саладин, муслимански воен лидер.

1805       Жан-Батист Грез, фрацуски класицистички сликар.

1832       Жан-Франсоа Шамполион, француски научник.

1852       Николај Васиљевич Гогољ, руски писател, хуморист и сатиричар.

1974       Михаил Тихонравов, советски ракетен стручњак и научник, кој учествуваше во изградбата на првиот вештачки земјин сателит „Спутник 1“ 

1996       Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил, поглавар на Македонската православна црква.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2012 во 15:11
На денешен ден пред 1 година Санти лежеше на болница , постоперативно плазење
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2012 во 07:34



Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2012 во 13:03

Умре Јосип Броз Тито и загина Гоце Делчев.... тагароза

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2012 во 11:59

99 години од Букурешкиот договор

На 10 август 2012 година изминуваат точно 99 години од моментот кога во Букурешт беше потпишан договор со кој Македонија е распарчена и македонскиот народ поделен. Точно на 13 август 1913 година на Букурешката мировна конференција е потпишан договор со кој Вардарскиот дел од Македонија и припаѓа на Србија, Пиринскиот дел на Бугарија и Егејскиот дел на Грција.

Денес во јавноста многу малку се зборува за Мировна конференција во Букершт одржана од 30. VII  до 10. VIII 1913 година. На оваа мировна конференција одржана по Втората балканска војна учествуваа делегации на државите-победнички: Србија, Црна Гора, Грција и Романија, од една и на поразената Бугарија, од другата страна. Единствено Турција, која учествувала во војната, не учествувала на Мировната конференција во Букурешт. На првата седница била усвоена одлука за запирање на непријателствата, за воспоставување цврст мир и правична рамнотежа на силите на Балканот. На седницата одржана на 7. VIII биле усвоени новите граници, а Конференцијата завршила со потпишување на Мировниот договор на 10. VIII 1913 г.

Со Букурешкиот мировен договор меѓу Грција, Србија, Црна Гора и Романија, од една, и Бугарија од друга страна, била извршена поделба на териториите по промените создадени со војната и утврдиле нови граници. Македонија била поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Србија го задржала окупираниот Вардарски дел од Македонија, без Струмичко, а Грција окупираниот Егејски дел од Македонија на исток до реката Места во Егејското Море. На Бугарија и бил оставен најмалиот Пирински дел од Македонија.

Токму 10 август 1913 година Македонија беше распната на крст и сета подоцнежна историја на Библиската земја беше исполнета со трагични настани предизвикани од нејзините окупатори. Од тој пекол кои го создадоа соседите и „братските народи“, единствено делот кој беше под српска власт успеа да се ослободи и да создаде своја независна и суверена македонска држава.

Но, тоа не значи дека престанаа сите маки на македонскиот народ. Речиси истите тие кои ортачки ја поделија Македонија во 1913 година, цел еден век продолжуваат со истата политика кон македонскиот народ, притоа непочитувајќи ги меѓународните пресуди, договори, ниту пак конвенциите за човековите и малцинските права. Денес, во Егејскиот и Пиринскиот дел од  Македонија на македонскиот народ му се оспорува правото на името, јазикот и црквата, му се случува асимилација и геноцид.

Наместо Европа и светот да превземат мерки да ја дисциплинираат Бугарија и Грција за да ги спроведат мерките за кои се имаат обврзано пред маѓународната заедница, тие преќутно го дозволуваат геноцидот врз македонскиот народ во окупираните делови.

Со ваквиот однос кон македонското прашање, меѓународната заедници не ги исполнува своите обврски прифатени со Договорот од Севр од 10 август 1920 година, кој стапил на сила на 6 август 1924 година, а кои значат гаранција од страна на Друштвото на народите за малцинските права. Овој договор кој се однесува за правата на малцинствата посебно во рамките на грчката држава важи и денес.

Но, како и  колку се исполнува, и зошто не реагира меѓународната заедница е сосема друго прашање

Одредени делови од Договорот кои се однесуваат на Грција го говорат следното:

Член 7 – 14

„Сите грчки националности ќе бидат еднакви пред законот и ќе ги уживаат истите граѓански и политички права без разлика на расата, религијата и јазикот“;

„Не ќе се наметнуваат ограничувања на слободната употреба на јазикот..“

„Грција ќе овозможи, во поглед на државниот образовен систем, во градовите и во окрузите во кои живеат значителен број на националните заедници, различни од оние што зборуваат грчки, да бидат изградени адекватни капацитети во кои ќе се осигура дека во основните училишта наставата ќе се изведува на исто ниво како и за оние каде што таа настава ја следат на грчки јазик“;

Во членот 9 кој носи посебни одредби за жителите на териториите кои по 1.01.19013 година биле припоени кон Грција (се однесува за Тракија и Македонија) се вели дека:

„Во областите и градовите во кои живееле значителен број на граѓани кои зборуваат друг јазик, различен од грчкиот, на овие малцинства им се дозволува настава на мајчин јазик во училиштата.

Исто така Грција се согласила на обврската да биде ставена под гаранција на Лигата на народите, како и тоа дека Грчката влада се согласила во врска со несогласувањето, спорот, ако другата страна смета дека има потреба, може да се обрати до Постојаниот суд на меѓународната правда. Одлуката на Постојаниот суд ќе биде конечна и ќе има иста силина и дејство како одлука според членот 13 од Конвенцијата на Лигата на народите“

. Потписници, односно верификатори на Договорот (земји кои секогаш може да поведат расправа или спор според членовите од договорот) се:

Британија, Франција, Италија, Јапонија, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка и Индија.

(извор:Севол Брага, Правата на ароманското малцинство во Грција, Скопје, 2004)

Сепак и покрај овој Договор, Грција никогаш во текот на овие 99 години не ги почитувала правата на македонскиот народ. За неа е неважечка и одлуката на Меѓународниот суд на правдата и таа продолжува Македонија да ја попречува да стане членка на ЕУ и НАТО.

За ваквиот однос на Грција молчи меѓународнта заедница, како што молчеше и сеуште молчи за геноцидот извршен врз македонскиот народ во Егејскиот дел од Македонија. Сеуште молчи и за децата бегалци кои сеуште неможат да се вратат на своите родни огништа ниту пак да си го повратат имотот доколку не се пишат како Грци по род.

Грција е срамот на Европа.

Меѓутоа, Европа и светот можат да се поправат.

Наредната година ќе поминат точно 100 години од Мировниот договор во Букурешт.

Редно е по речиси стогодишна голгота, на македонскиот народ  да му се насмее среќата.

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2012 во 12:42
Emilio, kaj nas denes e 9ti avgust be
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2012 во 17:49
Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:

Emilio, kaj nas denes e 9ti avgust be
 

јас да си зачувам место за утре . Сакам прв да постирам статијата задоволство
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2012 во 18:32
pa postiraj vo 12:00 be
Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2013 во 08:20
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2013 во 10:35

НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е РОДЕН КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ 


Д-р Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија на 18 ноември 1874 – Софија, Царство Бугарија на 26 јули 1926) бил македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на македонското народно творештво. 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 16:17
Национален празник на Република Етиопија 
1485Родена е шпанската принцеза Катарина Арагонска, прва од шестте жени на англискиот крал Хенри VIII. Разводот во 1533 година, извршен без дозвола од папата, предизвика реформи во англиската црква и прекин со Ватикан. Хенри VIII се разведуваше повеќепати бидејќи немаше машки деца кои би биле наследници на престолот. 
1678Умре англискиот економист Вилијам V, творец на теоријата на работните вредности, кој според Карл Маркс ги постави темелите на политичката економија како наука. Дела: „Нешто за парите“, „Политичка анатомија на Ирска“, „Политичка аритметика“. 
1770- Во Бон е роден, Лудвиг Ван Бетовен, германски композитор, еден од најголемите композитори на сите времиња. Универзалноста на неговата генијалност се гледа во поетското и длабоко доживувано отсликување на природата, во непосредното изразување на лирските и љубовните чувства, во вербата на посреќната иднина и создавањето на општочовечкото богатство. Компонира девет симфонии, сонати и друго. Умре во Виена, на 26 март 1827 година. 
1773Незадоволна од високите увозни царини и британската колонијална власт, група американски колонисти, во бостонското морско пристаниште ги исфрли сандаците полни со чај од еден британски брод. Тој случај, подоцна наречен „бостонска чајанка“, ја навести американската војна за независност започната во 1775 година. 
1775Родена е англиската писателка Џејн Остин. Таа во романите реалистички го слика секојдневниот живот на англиската провинција. Заплетите на нејзините романи, проткаени со хумор и блага иронија се едноставни и произлегуваат од психологијата на ликовите на обичните човечки односи, а дијалогот е многу вешто воден. Дела: „Гордост и предрасуди“, „Менсфилдски парк“, „Ема“ и други. 
1859Умре германскиот писател Вилхелм Грим, собирач и обработувач на народни бајки кои како и повеќето други дела ги објави заедно со неговиот постар брат Јакоб. Тој ја проучуваше и митологијата. 
1869- Во Ресен е роден д-р Христо Татарчев, еден од основоположниците на БМРОК - Македонската револуционерна организација во Солун, во 1893 година. Беше претседател на Организацијата од неговото основање, па се до 1901 година. Умре на 5 јануари 1952 година, во Торино, Италија. 
1899Роден е англискиот писател, актер и пејач Ноел Кауард, многу популарен меѓу Првата и Втората светска војна во Велка Британија и САД. Пишуваше и режираше драми, комедии и музички ревии, а за повеќето негови комедии се снимени и филмови. Дела: „Збор и музика“, „Приватен живот“ и други. 
1912- Во селото Војница, Велешко, е роден Коле Неделковски, истакнат македонски поет и револуционер. Во 1940 година ја објави првата стихозбирка "М'лскавици", а во 1941 година и втората збирка "Пеш во светот". Се самоуби во борба против бугарската фашистичка полиција во Софија, на 2 септември 1941 година. 
1914Во Загреб умре Иван Зајц, хрватски композитор, диригент, пијанист и музички педагог. Роден е во Риека, на 3 август 1832 година. 
1917Роден е англискиот писател и визионер Артур Кларк. Во неговите научно-фантастични романи и приказни главни теми се истражувањето на вселената, морските длабочини, како и времето. Го интересираа и последиците на можните човечки контакти со вонземската цивилизација. Дела: „2001: Одисеја во вселената“, “2001: Конечна одисеја“, „Крај на детството“, „Град и ѕвезди“, збираката приказни „Од другата страна на небото“, „Приказни за десет света“, „Средба со Медуза“, „Сончев ветер“. 
1918Онована е Комунистичката партија на Полска. 
1920Силен земјотрес ја погоди Кина, при што ја опустоши провинцијата Шанси. Под урнатините на зградите загинаа околу 180.000 луѓе. 
1921Умре Камиј Сен - Санс, француски композитор, главен претставник на класичниот правец во француската музика од 19. век. Најзначајно дело му е операта „Самсон и Далида“. Роден е на 3 октомври 1835 година. 
1942Врховната команда на Германија во Втората светска војна издаде директива за борба против партизанските единици која е спротивна на одредбите на Женевската конвенција. Со директивата беше наредено германските војници да не се повикуваат на одговорност поради брутално однесување. 
1944Германците во Втората светска војна во Ардените, со силна артилериска подготовка и со спуштање на 1.500 падобранци, ја започнаа контраофанзивата на Западниот фронт, изненадувајќи ги американските сили. Во борбите кои завршија со пораз на Германија, сојузниците изгубија 77.000 војници, а Германците 130.000. 
1945- Во Костур, Егејска Македонија, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, Костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што повеќето од нив беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни. 
1946Започна наставата на катедрите по математика, физика, хемија, биологија и географија со етнологија на Природно-математичкиот оддел на Филозофскиот факултет во Скопје. 
1949Во Бугарија е извршена смртна казна врз Трајче Костов кој беше долгогодишен истакнат лидер на Комунистичката партија на Бугарија. Тој во монтиран политички процес во Софија беше осуден заради „титоизам“. 
1949Водачот во борбата за независност Ахмед Сукарно беше избран за претседател на Индонезија, по стекнувањето на независност од Холандија. 
1960Во сударот на американските патнички авиони „DC-8“ и „Супер констелејшн“ врз Њујорк, загинаа сите 128 патници од двата авиона и осум луѓе на земјата. 
1965- Умре Вилијам Сомерсет Мом, англиски писател. Напиша голем број приказни, романи и драми. Во поголемиот број од делата го критикува англиското граѓанско општество, а ги проучуваше и обичаите на другите, особено на егзотичните земји. Роден е на 25 јануари 1874 година. 
1965Умре Тито Скипа, италијански оперски пејач. Роден е во 1890 година. 
1966Советот за безбедност на Обединетите нации на предлог на Велика Британија едногласно ги изгласа економските санкции против режимот на белото малцинство во Родезија. 
1969Долниот дом на британскиот парламент ја укина смртната казна. 
1969- Во Скопје умре Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог. Меѓу најзначајните негови дела се вбројуваат "Зборникот на македонски народни песни", "Соборски народни песни", "Македонски борбени народни песни" и "Моми тиквешанки". Роден е во Кавадарци, на 14 јануари 1906 година. 
1982Во Скопје е формиран Хорот на просветните работници „Св. Кирил и Методиј“. 
1993Со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји-членки на ЕУ - Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска - воспоставија целосни дипломатски односи со Република Македонија. 
1995Со одлука на Извршниот комитет на Европската конфедерација на синдикатите (ЕКС), Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) стана член на Форумот на ЕКС. 
1996Јужнокорејскиот апелационен суд ја преиначи смртната пресуда на бившиот претседател на Јужна Кореја Чун Ду Хван во казна доживотен затвор. 
1998Американски и британски авиони го нападнаа Ирак. 
1999Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол призна дека погрешил заради прикривање на донациите на Христијанско-демократската унија, владејачката германска паритија која тој ја предводеше, но го отфрли тврдењето дека станува збор за подмитување. 
2004Новиот претседател на САД Џорџ Буш го именуваше пензионираниот генерал Колин Пауел за државен секретар, кој стана прв Афроамериканец на функцијата шеф на дипломатијата. 
2002Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана и генералниот секретар на НАТО Џорд Робинсон го официјализираа стратешкото партнерство на двете организации за управувањето со кризи, со што беше овозможено ЕУ да создаде сопствени сили за брза интервенција и сама воено да интервернира во странство. 
2003Швајцарското собрание ја сувои резолуцијата со која масакарот врз Ерменците кој се случи во Турција во текот на Првата светска војна е означен како геноцид. 
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2014 во 07:22

Скопје, 26 јули 1963 година.  



На 26 јули 1963 година, во утринските часови 5 часот и 17 минути, Скопје е разурнат од земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата сеизмичка скала (9 степени по меркалиевата скала). Под урнатините животот го загубиле 1.070 негови граѓани, од кои 470 мажи, 430 жени и 120 деца.  Меѓу загинатите биле 16 страни државјани, кои биле на пропатување низ земјата, како и 10 лица родени во странство, а за кои неможело да се утврди дали се наши или страни државјани.

Црното досије на Скопскиот земјотрес бележи преку 3.300 повредени од кои повеќе стотини останаа со трајни последици и висок степен на инвалидност.

Материјалните штети биле исто така огромни. Пред земјотресот, вкупното национално богатство на градот се проценувало дека изнесува над 4 милијарди динари, додека вкупните штети изнесувале околу 3.5 милијарди. Всушност точната проценка не била можна да се утврди зошто многу работи не биле во можност да се евидентираат, а низа последици од катастрофата ќе се почуствуваат долго време потоа. Стопанството претрпело огромни штети, а несреќата го успорила или прекинала постојниот развоен процес.

(извор: Скопје град на солидарноста, Скопје, 1975 г.)
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 33343536>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.