IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 36>
Автор
Порака
Синдарела Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Бањана Пепелашка

Регистриран: 06.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Синдарела Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2007 во 10:29

Денеска е Меѓународен ден без автомобили

1241.- Исландскиот писател и историчар Стурулсон Снори, автор на најобемните саги за норвешките кралеви, е убиен во атенат во кој учествувал и неговиот зет Гисур Торвалдсон. Убиството било нарачано од норвешкиот крал Хакон VI Хаконсон, бидејки Снору бил пречка за исполнување на неговите планови, вклучувајќи го и припојување на Исланд кон Норвешка, што му успеало во 1262 година.

1499.- Со мирот во Базел завршена е Швабската војна помеѓу Швајцарската лига и германскиот крал Максимилијан I, со кој Швајцарија се стекна со независност.

1735.- Роберт Волпол е првиот британски крал кој се всели во резиденцијата во „Даунинг стрит“ број 10 во Лондон.

1789.- Руско-австриските сили под команда на рускиот војсководец Александар Суворов им нанесоа тежок пораз на Турците во битката кај Римник.

1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и хемичар. Тој го откри законот за електромагнетска индукција која стана научна основа на електротехниката. Потоа го откри и законот за електролизата, што стана основа на електрохемијата и законот за врската меѓу магнетното поле и светлината. Умре во 1867 година.

1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазедоа кралскиот дворец во Париз и ги затворија Луј Шеснаесетти и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прокламира република, со што е создаден предуслов за спас на револуцијата и за одбрана на Франција од инвазијата. Истиот ден стапи во сила и новиот револуционерен календар.

1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн објави декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа беше резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, која бараше брза и неодложна акција за ослободување на обесправените Црнци.

1862.- Ото фон Бизмарк стана пруски канцелар.

1885.- Роден е американскиот филмски режисер и глумец од австриско потекло Ерих фон Штрохајм, протагонист на силниот натуралистичко-сензуален стил во кинематографијата, еден од најголемите режисери во времето на немиот филм. Во Франција во 1957 година е одликуван со „Легија на честта“.

1895.- Роден е американскиот филмски и театарски глумец, по потекло руски Евреин Муни Вајсенфројнд, познат како Пол Муни. Беше познат прво по улогите во криминалистичките филмови, а потоа и како специјалист за улоги во филмските биографии на значајни лица.

1908.- Високата порта објави дека Турција добива Устав и парламент, слобода на печатот и рамноправност на сите граѓани без разлика на верата. Уставот е донесен под притисок на младотурците.

1918.- Роден е мексиканскиот виолинист по потекло полски Евреин Хенрик Шеринг, еден од најголемите мајстори на виолини на сите времиња, кој темелно го разви класичниот и современ репертоар со извонредна техника и стилска култура.

1933.- Во Париз почна Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот.

1934.- Во експлозија во рудникот Гресфорд во Велс загинаа повеќе од 260 рудари.

1944.- Во една битка на партизаните против балистите кај селото Премка, Кичевско, откако беше тешко ранета, умре Ибе Паликуќа, народен херој на Македонија. Родена е во Дебар, во 1927 година.

1960.- Прогласена е независноста на африканската држава Мали (поранешен Француски Судан). Нејзин претседател беше Модиб Кеит.

1974.- Беше соопштено дека во ураганот кој ја зафати централноамериканската држава Хондурас загинаа околу 5.000 луѓе.

1980.- Во Белград во присуство на 2.000 делегати од 150 земји е отворено 21. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО.

1980.- Почна отворениот судир меѓу Иран и Ирак. Ирачките сили навлегоа во југозападниот дел на Иран,  со цел да воспостават контрола над стратешки значајната делта Шат-ел-Араб на влезот во Персискиот Залив.

1985.- Францускиот премиер Лоран Фабијис призна дека француските тајни агенти, по наредба на владата во Нов Зеланд го потопија бродот „Дугин ратник“ на организацијата „Гринпис“, која огорчено се противеше на француските нуклеарни експерименти во јужниот Пацифик. 

1990.- Саудиска Арабија ги протера јеменските и јорданските дипломати и го прекина снабдувањето на Јордан со нафта, обвинувајќи ги и двете земји дека му даваат поддршка на Иран.

1991.- За првпат во Република Македонија беше изведен светиот чин опход на моштите на Свети Климент Охридски - Чудотворец (опходот траеше до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ.

1992.- На пленарна седница на Генералното собрание на ОН  од работата во работните тела беше исклучена Југославија. На југословенската мисија во ОН и беше дозволено да контктира со Советот за безбедност и со други надлежни тела во ОН.

1992.- Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија.

1992.- Воспоставена е авиолинија Скопје - Москва.

1993.- Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија.

1995.- Во несреќата на воениот американски авион што се случи на Аљаска, загинаа сите 24 членови на екипажот.

1996.- Австралијанецот Боб Дент, болен од рак, стана првиот човек во светот кој изврши самоубиство врз основа на закон за еутаназија.  Медицински лица му помогнаа со помош на смртоносна инјекција да изврши самоубиство. 

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2007 во 10:04

63 п.н.е- Роден е римскиот државник и војсководец Гај Јулие Цезар Октавијан Аугуст, прв римски цар, посвоен син на Гај Јулие Цезар. Во 31 година п.н.е. по освојувањето на Египет ја презеде целата власт и ја укина републиката. Воведе нов облик на владеење и администрација, познат како принципат (централизација на власта). Со новите изградби го разубавил Рим, помагал на науката и уметноста со што неговото владеење е најубавиот период во римската историја кое е наречено „Августов“ и „Златен век“.

1719.- Лихтенштајн стана независно кнежество во рамките на Светото римско царство.

1819.- Роден е францускиот физичар Арман Иполит Луј Физо, кој заедно со Леон Фуколт ја измерил брзината на светлината.

1846.- Германскиот астроном Јохан Готфрид Гале ја откри планетата Нептун.

1870.- Умре францускиот писател Проспер Мериме. Тој со неговите новели „Кармен“ и „Коломбо“ го инспирал францускиот композитор Жорж Бизе да напише опери. Со голем восхит пишувал за руските писатели Александар Пушкин, Николај Гогољ и Иван Тургењев.

1889.- Роден е Волтер Липман, северноамерикански новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања. До 1966 година беше редактор и уводничар на весникот „Њујорк хералд трибјун“. Два пати е добитник на Пулицеровата награда. Умре на 14 декември 1974 година.

1903.- Над селото Цапари, на Пелистер се водеше последната востаничка битка (Пелистерска битка) во битолско во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинаа 48 востаници.

1916.- Роден е италијанскиот политичар и универзитетски професор Алдо Моро, премиер на Италија од 1963 до 1968 и од 1974 до 1976 година. Беше министер за правосудство, министер за образование, политички секретар на Христијанско-демократската партија и повеќе пати шеф на дипломатијата. Во март 1978 го киднапира и уби терористичката група „Црвена бригада“.

1920.- Роден е американскиот филмски глумец Џо Џул, познат како Мики Руни, кој уште како дете беше филмска ѕвезда.

1923.- Под раководство на Комунистичката партија на Бугарија е кренато масовно антифашистичко востание во Бугарија и во Принска Македонија, познато во историјата како Септемвриско востание. Востанието беше резултат на изострената револуционерна криза во земјата и претставуваше отворен судир на бугарската реакција со работничката класа и потчинетиот народ во Пиринска Македонија.

1930.- Роден е американскиот пејач и композитор од африканско потекло Реј Чарлес, кој иако слеп, постигна блексава кариера. Врз неговиот стил најмногу влијаеше црнечката госпел музика и блузот.

1932.- Неџ, Хеџас и повеќе други држави се соединија во една држава Саудиска Арабија.

1939.- Во Лондон умре Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. Најпознати негови дела се „Кон психологијата на секојдневниот живот“, „Толкување на соновите“ и други. Роден е во Фрајберг, на 6 мај 1856 година.

1957.- Грција го отфрли барањето на Бук*решт Романија да се приклучи на Балканскиот сојуз, во кој со договорите склучени во 1953 во Анкара и во 1954 година на Блед влегоа Југославија, Грција и Турција.

1973.- Во Сантјаго умре Пабло Неруда, чилеански поет, комунист и општествен работник. Тој се вбројува меѓу најголемите писатели што твореле на шпански јазик. Храбро се спротивстави на фашистичката хунта по убиството на Аленде. Неговиот погреб во 1973 година се претвори во величенствена манифестација на чилеанските антифашисти и патриоти против стравовладеењето на Пиноче. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1971 година и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1972 година. Роден е во Парал, на 12 мај 1904 година.

1973.- На вонредните паралментарни избори за претседател на Аргентина избран е Хуан Перон, а за потпретседател неговата сопруга Изабела.

1982.- Новиот лидер на либанските христијани Амин Џемаел е избран за претседател на Либан.

1984.- Во Струга умре Владо Малески, македонски револуционер, општествено-политички работник, писател, публицист и сценарист. Тој е еден од најталентираните основоположници на младата македонска проза. Автор е на книгите раскази „Ѓурѓина алова“, „Бранувања“ и „Кажувања“, на романите „Она што беше небо“, „Војната, луѓе“, војната“, „Разбој“, „Записи на Езерко Дримски“ и „Јазли“. Автор е на сценариото за првиот македонски филм „Фросина“. Роден е во Струга, на 5 септември 1919 година.

1991.- Ерменија прогласи независност од СССР.

1996.- Грчкиот социјалистички премиер Костас Симитис, кој на позицијата дојде во јануари 1996 година, на местото на тешко болниот Андреас Папандреу, го победи на изборите конзервативниот ривал и доби четигодишен мандат за управување со земјата.

1997.- На мировните преговори во Северна Ирска, протестанските унионисти за првпат после 75 години разговараа лице во лице со водачите на „Шин Фејн“, политичко крило на северноирската римокатоличка терористичка организација на Ирската републиканска армија.

1999.- Југословенската влада побра од Советот за безбедност на Обединетите нации да го поништи преименувањето  на терористичката „Ослободителна војска на Косово“ во Косовски заштитен корпус, бидејќи со тоа терорситите практично се легализираат.

1999.- Руски воени авиони го бомбардираа аеродромот во Грозни, на почетокот на кампањата за искоренување на исламските терористи во Чеченија.

2001.- Во Полска изборите ги добија реформираните комунисти.

2006.- Умре британскиот композитор Малколм Арнолд, творец на музиката за филмот „Мост на реката Квај“. Компонирал музика за 132 филма, седум балети, девет симфонии и две опери.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2007 во 17:54
СРАМ ДА МИ Е КАКО МОЖЕВ ДА ЗАБОРАВАМ


Владо Малески (Струга, 5 септември 1919 - Струга, 23 септември 1984) е истакнат македонски писател, општествено-политички работник, издавач и револуционер. Основно образование завршил во Скадар, Албанија, а гимназија во Битола. Студирал на Правниот факултет во Белград, но поради војната ги прекинал студиите. Бил учесник во НОБ на Македонија и е еден од најталентираните основоположници на современата македонската проза. Бил директор на Радио Скопје и уредник на списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“. Работел во дипломатската служба (амбасадор во Либан, Етиопија и Полска) и бил член на Претседателството на СРМ. Станал член на ДПМ во 1946 година. Автор е на текстот на македонската химна Денес над Македонија. Исто така, автор е на сценариото за првиот македонски игран филм „Фросина“. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „4 Јули“, „АВНОЈ“, за книжевен опус на издавачкото претпријатие „Мисла“ и „Рациново признание“.

Денес над Македонија
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!



Изменето од Boogie - 23.Септември.2007 во 18:00
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2007 во 08:44

768.- Умре францускиот крал Пипин III Малиот, прв монарх од династијата на Каролинг. Владеел од 747, а со целосна власт се здобил во 751 година, кога со согласност од римскиот папа го симнал Хилдерик III, последниот владател од династијата на Меровинг.

1835.- Во Париз умре Винченцо Белини, италијански оперски композитор. Тој е творец на италијанскиот оперски стил наречен белканто. Најпознати негови опери се „Норма“, „Месечарка“, „Пуританци“, „Капулети и Монтеки“ и други. Роден е во Катанија, на 1 ноември 1801 година.

1706.- Шведска и Саксонија во Алтрантштат воспоставија мир со кој Швеската се откажа од полската круна и го призна полскиот крал Станислав Лешчински.

1840.- Роден е ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВ БЕРОВСКИ

Првите чекори на македонската револуција и создавање држава на Македонскиот народ се поврзани со ликот на Димитар Поп Георгиев - Беровски. Роден е во градот Берово во 1840 година и потекнува од богато свештеничко семејство. Своето образование го стекнува во Берово, Солун, Белград и Одеса, каде во 1858 година по желба на својот татко се запишува на духовната семинарија. Во 1861 година бил протеран од тоа училиште поради неговата бујна непокорност. Нешто подоцна се запишува во Белградското воено училиште од каде по завршувањето во 1863 година стапил во службата на српската војска. По девет години служба тој повторно се враќа во родна Македонија и своето Берово. По кратко време од враќањето се вработува како општински учител при што стекнува голем авторитет и верба кај луѓето од малишевијата. По бурната дејност тој во 1867 година се оженил со Марија - ќерка на Стојан од село Разловци. Во Берово се судрил со струшко - грчкиот митрополит Јеротој и успеал да го избрка од Берово. Последиците од овој бунт биле тешки. Многу малешевци биле затворени а Димитар Беровски избегал во Ќустендил - Бугарија од каде преку Цариград престојувал во Солун каде се борел за обновата на Охридската архепископија. Подоцна тој го оформува "Тајниот револуционерен комитет" заедно со деда си и некои доверливи граѓано од малишевијата. Нешто подоцна ќе го изработи и знамето на Разловечкото востание - црвен лав на жолто поле. По негова иницијатива на 8-ми Мај 1876 година започнало Разловечкото востание кое во прво време имало успеси. Но при крајот на 1877 година четата на Беровски неможела да се спротивстави на турската војска при што востанието било задушено. Во срединта на 1878 година, во Македонија започнале подготовките за ново востание односно Кресненското, кое било кренато на 5 - ти Октомври 1878 година под водство на Димитар Поп Георгиев Беровски. Истиот ден ослободени се Кресна и уште други 35 села. Сепак и по сето активно работење на востаниците ова востание било задушено. Потоа тој со своето семејство емигрирал во Бугарија каде го продолжил животот скромно заработувајќи го парчето леб со мотика во рака. Последните три и пола година од својот живот какко последица на се ги поминал во постела и на 19 Декември 1907 година на 67 - годишна возраст починал во "Долна Грашница" во Ќустендил - Бугарија.Таму бил погребан и ден денешен таму лежат неговите смртни останки. Димитар Поп Георгиев Беровски е еден од најзначајните личности во македонското национално ослободително движење. Роден револуционер и предводник кој представува еден од најподготвените, најхрабрите и најдоследните личности во историјата на македонскиот народ.

1852.- Францускиот инжењер Анри Жифар, го изведе првиот лет со цепелин на парен погон, прелетувајќи 27 километри од Париз до Трап.

1884.- Роден е Исмет Инени, истакнат турски политичар, министер за надворешни работи, премиер и претседател на Република Турција. Беше долгогодишен соработник на Кемал Ататурк, „таткото“ на современа Турција. Во 1939 година ја основа Републиканската народна партија која ја предводеше 33 години. Умре на 25 декември 1973 година.

1899.- Роден е српскиот композитор и диригент Јован Бандур, професор на Музичката академија и диригент на Белградската опера. По завршување на студиите во Виена и Прага компонирал дела со мотиви од народната музика.

1905.- Шведска ја призна независноста на Норвешка која прво беше под доминација на Данска, а од 1814 година во унија со Шведска. По отцепувањето е прогласена за самостојна уставна монархија на чело со кралот Хакон Седми.

1908.- Во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, терористи-платени врховисти извршија неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански кој беше повреден. При атентатот две лица од придружбата на Сандански беа смртно погодени.

1911.- Роден е советскиот државник од руско потекло Константин Устинович Черњенко. На најмоќната позиција дојде по смртта на генералниот секретар на Комунистичката партија Јуриј Андропов, во февруари 1984 година. На претседателската позиција беше само 13 месеци, до неговата смрт во март 1985 година.

1915.- Франција и Велика Британија во Првата светска војна го отворија Солунскиот фронт, на кој беа упатени силите од фронтот во Галипол. Во почетокот на 1916 година трупите беа засилени со пет британски и четири француски дивизии, а во мај во 1916 година од островот Крф беше префрелена и српската војска поделена во три армии, која во 1918 година имаше одлучувачка улога во пробивот на Солунскиот фронт и во забрзувањето на воениот крах на централните сили.

1941.- Во Лондон, на конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканската унија, Советскиот Сојуз и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишаа Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламира американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатија Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската.

1941.- Ужичкиот партизански одред во Втората светска војна го ослободи Ужице, кое повеќе од два месеци беше седиште на Ужичка Република и на Врховниот штаб на Народоноослбодителното движење на Југославија (единствена слободна територија во поробена Европа), до 30 ноември 1941 година кога падна во германската офанзива.

1968.- Швајцарија стана членка на Обединетите нации.

1971.- Велика Британија протера 90 советски граѓани осомничени за наводни шпионски делувања.

1980.- Пограничните судири меѓу Ирак и Иран прераснаа во сеопшта војна меѓу двете земји кога ирачките трупи ја преминаа границата и го опоколија градот Абадан, запалувајќи ја најголемата светска нафтена рафинерија.

1988.- На Олимписките игри во Сеул, канадскиот спринтер од африканско потекло Бен Џонсон, постигна светски рекорд во финалната трка на 100 метри од 9,79 секунди, но резултатот беше поништен и шест дена подоцна му беше одземена златната медаља бидејќи трчаше допингуван.

1990.- Претседателот на Западна Германија Рихард фон Вајзенкер потпиша спогодба со која на 3 октовмри 1990 година двете германски држави повторно ќе бидат обединети, а истиот ден Источна Германија и формално го напушти Варшавскиот пакт.

1993.- Кралот Сиханук повторно го презеде камбоџанскиот престол, од кој беше симнат во 1955 година, и го потпиша уставот со кој Камбоџа стана уставна монархија.

1993.- Во Монте Карло, во Кнежеството Монако, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство-како 195-ти член.

1996.- САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција го отфрлија приговорот на Индија и го потпишаа документот за забрана на нуклеарни проби.

1998.- Иран и Велика Британија постигнаа договор за подигање на дипломатските односи на амбасадорско ниво по што Техеран се откажа од заканата за смртна казна на авторот на „Сатански стихови“, на британскиот писател од индијско потекло Салман Ружди.

1999.- Во Скопје, во издание на ТВ „Економист“ ДОО, излезе првиот број на неделникот за политика и бизнис „Капитал“.

2002.- Британската влада го објави досието на ирачката програма за вооружување, тврдејќи дека претседателот Садам Хусеин може за само 45 минути да лансира оружје за масовно уништување, што послужи како оправдување за агресија врз Ирак, но подоцна се покажа дека тврдењето е лажно.

2002.- Тројца муслимански терористи убија 29 верници во хиндуистички храм во индијскиот град Гандинагар.

2003.- Во Скопје умре Димитар Солев, македонски писател, критичар и преведувач. Прво негово објавено дело е „Копнети снегови“ (расказ, 1956 година), а меѓу многуте и најпознатите дела ќе го споменеме романот „Под усвитеност“ (1957 година). Роден е во Скопје, на 24 мај 1930 година.

2004.- Во Бомбај умре Раџа Рамана, индиски физичар. Се смета за еден од творците на атомската бомба во неговата земја.

2004.- Во болницата во северното француско пристаниште Хонфлер умре Франсоаз Саган, француска новелистка. Најпознатото нејзино дело е „Добар ден, таго“, химната за разочараната младост што стана една од најпознатите книги на 20. век. Покрај ова, познато е и нејзиното дело „Сигурна насмевка“. Родена е во Лот, во 1935 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2007 во 10:56

- Денеска е Светски ден на срцето

1493.- Шпанскиот морепловец од италијанско потекло Кристофор Колумбо исплови од пристаништето Кадис на второто патување во Новиот свет, кој го откри во 1492 година.

1513.- Шпанскиот истражувач Васко Нуњез де Балбо го помина Панамскиот канал и стана првиот Европјанин кој го виде Тихиот Океан.

1744.- Роден е прускиот крал Фридрих Вилхелм II, кој во текот на владеењето од 1786 до смртта 1797 година спроведувал политика на територијално проширување на земјата.

1849.- Во Виена умре Јохан Штраус-постариот, австриски композитор, татко на популарните виенски композитори Јохан, Јозеф и Едуард. Покрај Ленар, тој е најзаслужен за популарноста на виенскиот валцер во почетокот на 19. век. Роден е во Виена, на 14 март 1804 година.

1866.- Роден е американскиот биолог и генетичар Томас Хант Морган, основач на генетиката, добитник на Нобеловата награда за мир  во 1933 година за откривање на функцијата на хромозомот во пренесување на наследните својства.

1866.- Роден е италијанскиот државник Алесандро Пертини, претседател на Италија од 1978 до 1985 година, најпопуларен италијански политичар по Втората светска војна. Член на италијанската Социјалистичка партија стана во 1918 година, повеќе години помина во фашистички затвори, а во Втората светска војна учествуваше во движење на отпорот, а потоа беше пратеник и сенатор.

1897.- Роден е американскиот писател Вилијам Фокнер, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1949 година.

1903.- На врвовите Гандач и Гола Чука, на Пајак Планина, четите на македонските војводи Апостол Пeтков и И. Карасулијата водеа жестока борба против турската војска, нанесувајќи и загуби од 180 загинати, а тие самите дадоа само една жртва.

1906.- Роден е рускиот композитор Дмитрија Дмитријевич Шостакович, член на Српската академија на науките и уметностите. Ја напиша монументалната „Петта симфонија“, а во најтешките денови на германската блокада на Ленинград во Втората светска војна „Седма (Ленинградска) симфонија“.

1932.- На шпанската покраина Католонија и е дадена автономија.  

1940.- Во Норвешка на власт дојде квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Вудкун Квислинг кој учестуваше во германската агресија на Норвешка во 1940 година, по што се прогласи за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа.

1942.- Во Босански Петровац во Втората светска војна е одржан првиот конгрес на лекари - партизани и санитетски работници во Југославија, од кој е упатен повик до сите лекари и студенти на медицина да се вклучат во борбата против окупаторот.

1943.- Црвената армија во Втората светска војна го ослободи Смоленск, еден од последните значајни упоришта на германските нацистички сили на територијата на СССР.

1943.- Во Тирана умре Нико Нестор, еден од најголемите раководители и борец на народноослободителното движење во Струга и Струшко.

1946.- Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво "Кочо Рацин". Друштвото го формира Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.

1956.- Во употреба е пуштен првиот трансатлантски телефонски кабел, поставен помеѓу Обен во Шкотска и Њуфаундленд во Канада.

1959.- Врз цејлонскиот премиер Соломон Бандаранајке во Коломбо е извршен атентат од еден будистички калуѓер. Претседателот на цејлонската влада еден ден потоа им подлегна на повредите.

1960.- Во Охрид почна снимањето на „Мирно лето“, прв долгометражен филм во режија на македонски автор, режисерот Димитрие Османли, а во продукција на „Вардар филм“. „Мирно лето“ истовремено е и првата и долго време единствена филмска комедија во Македонија.

1963.- Војската во Домениканската Република ја собори либералната влада на Хуан Бош, која беше формирана седум месеци пред тоа.

1970.- Умре Ерух Марија Ремарк, германски писател, голем противник на војната и на нацизмот. Во 1932 година од Германија емигрира во Швајцарија, а потоа во САД. Се прослави уште со својот прв роман "На запад ништо ново", во кој прикажа еден период од Првата светска војна. Други негови дела се "Тројцата воени другари", "Триумфална порта", "Искра на живот" и други дела. Роден е во 1898 година.

1972.- Премиерот Какуе Танака допатува во Пекинг како прв шеф на јапонска влада кој по Втората светска војна стапна на тлото на Кина.

1973.-  Американскиот вселенски брод „Скајлаб 2“ се спушти на Пацификот со тричлен екипаж, кој помина 59 дена околу Земјата.

1978.- Врз Сан Диего американски патнички авион „Боинг 727“ се судри со мал авион. Притоа, загинаа 137 патници и членови на екипажот, како и 14 луѓе на земјата.

1992.- Москва и Вашингтон дозволија слободно патување на руски и американски новинари и бизнисмени кои работат во Русија, односно во САД.

1994.- Швајцарците на референдум го одобрија планот на владата за донесување закон против расизмот.

1997.- Британски суперсоничен автомобил во Невада постави нов светски рекорд на тлото од 1.142 килметри на час.

1998.- Во Скопје умре д-р Ангел Симов, редовен професор на Фармацевтскиот факултет во Скопје и еден од основачите на овој Факултет. Роден е во 1934 година.

1999.- Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на дневниот весник „Скок“.

2000.- Во Скопје, првпат од отворањето на Центарот за трансплантација при Клиниката за хематологија, се изведени првите две пресадувања на коскена срцевина во Република Македонија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2007 во 10:58

- Европски ден на јазиците

- Светски ден на чисти планини

1580.- Англискиот морепловец Френсис Дрејк вплови во пристаништето во Плимут, завршувајќи ја после 33 месеци пловидбата околу светот како прв Англичанец на кој тоа му успеа.

1604.- По многу одложувања, црковните власти во Шпанија дозволија да се печати делото на големиот шпански писател Мигуел де Сервантес "Дон Кихот".

1815.- Русија, Австрија и Прусија ја создадоа „Светата алијанса“ заради задушување на револуционерните движења во Европа и зачувување на Виенскиот договор со кој е прекроена картата на Европа.

1949.- Во Рајзан е роден Иван Петрович Павлов, руски физиолог, добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 19004 година како признание за неговата работа посветена на физиологијата на варењето на храната... Умре во Санкт Петербург, на 27 февруари 1936 година.

1888.- Роден е англискиот писател од американско потекло Томас Стренс Елиот, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1948 година. Познати дела: „Собрани песни“, „Собрани есеи“.

1889.- Роден е Мартин Хајдегер, главен претставник на егзистецијализмот во Германија. Изврши големо влијание врз современите филозофи на егзистенцијализмот. Негови најпознати дела се "Битие", "Кант и проблемот на метафизиката" и "Што е метафизика". Умре во 1976 година.

1892.- Во Москва е родена Марина Иванова Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата. Познати се нејзините збирки песни „Вечерен албум“, „Волшебниот фенер“, „Разделба“, „Занает“, „Стихови за Блок“, како и драмите „Жандарм херц“, „Виулица“, „Камениот ангел“ и „Феникс“. Умре на 31 август 1941 година.

1898.- Во Берклин е роден Џорџ Гершвин, голем американски композитор, пијанист и музичар. Користејќи елементи од црнечкиот фолклор, успешно ги спои ритмичките и мелодиските карактеристики на џезот во формите на уметничката музика и со тоа придонесе за создавање на специфичниот северноамерикански музички израз. Негови најпознати дела се оперите "Порги и Бес", симфониската поема "Американец во Париз", "Рапсодија во сино". Умре во Холивуд, на 11 јули 1937 година.

1990.- Во Рим умре Алберто Моравија, еден од најголемите современи писатели не само во Италија, туку и во Европа. Негови најпознати романи се "Рамнодушни", "Маскирана" и други. Роден е во Рим, на 28 ноември 1907 година.

1945.- Умре унгарскиот композитор и пијанист Бела Барток, професор на Музичката академија во Будимпешта. Барток го разви оригиналниот стил, вметнувајќи елементи од унгрската народна музика.

1959.- Умре цејлонскиот државник Соломон Бандеренајке, премиер на Цејлон од 1956 година и водач на Партијата на слободата, врз кого претходниот ден во Коломбо пукал еден будистички калуѓер. Се школувал во Оксфорд.

1969.- Во Боливјиа армијата под водство на генералот Алфред Ованда Кандиа го собори претседателот Силес Салинас.

1984.- Лондон и Пекинг се договирија за враќањето на Хонконг во 1997 година под суверенитет на Кина.

1989.- Виетнам ги повлече трупите од Камбоџа, кои во Камбоџа беа од крајот на 1978 година, оставајќи ги силите на владата на Хун Сен сами да се борат против маоистичката герилска организијација „Црвени Кмери“.

1993.- Во селото Доверзенце, Кумановско, е осветена новоизградената црква "Свети Ѓорѓи".

1993.- Во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен "Ин Виница веритас".

1994.- Алжирските безбедносни сили го убија шефот на најсилната исламска терористичка организација ГИА Шериф Гузми, познат како Абу Абдал. 

1995.- Почна судењето на поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти. Тој беше седумпати премиер, а беше обвинет за блиски врски со мафијата и вмешаност во убиства.

1997.- Земјотрес во централна Италија усмрти 11 луѓе и тешко ја оштети средновековната базилика Свети Фрањо Асиси во Асизија.

2000.- Грчкиот ферибот „Експрес Самин“ налета на подводен гребен кај островот Парос. Фериботот потона за само 20 минути, усмртувајќи 72 од повеќе од 500 луѓе на бродот.

2002.- Потона сенегалскиот ферибот „Ла Жола“  во невреме во близина на брегот Гамбиј. Од вкупно 1.836 патници, само 64 успеаја да се спасат.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2007 во 11:19

1601.- Роден е францускиот крал Луј XIII, кој во текот на владеењето од 1610 до 1643 година заведе апсолутизам со помош на кардиналот Арман Ришел. Го задуши востанието на хугените, продолжи со колонијалното ширење на Франција и ја започна Триесетгодишната војна за ослободување од Германското царство. Во време на неговото владеење во 1635 година е основана Француската академија.

1783.- Роден е шпанскиот генерал и мексикански цар Аугустин Итурбиде, кој во 1820 година преминал на страната на мексиканските востаници, а Конгресот на Мексико во 1822 година го прогласил за цар Аугустин Први. Неколку месеци по крунисувањето тој бил принуден да абдицира и ја напуштил земјата, а кога се вратил се обидел да ја поврати власта, но во 1824 година бил уапсен и стрелан.

1825.- Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон управуваше со својата парна локомотива која влечеше 38 вагони на линијата Стоктон - Дарлингтон во Велика Британија. За кратко време железничката мрежа се прошири во цела Европа.

1862.- Роден е јужноафриканскиот генерал и државник Луис Бота, еден од водачите на Бурите во војната со Англичаните од 1899 до 1902 година и прв премиер на Јужноафриканската унија од 1910 до 1919 година.  Беше премиер на Трансвал од 1907 до 1910 година кога бурските републики Трансвал, Натал, Оранж и Кејпленд се здружија во Унија.

1854.- Во Атлантскиот Океан се случи првата несреќа - потона парабродот „Арктик“ со околу 300 луѓе.

1871.- Во Нуоро е родена Грација Делада (вистинското презиме и е Мадезани), италијанска писателка. Пишуваше приказни и романи во кои се прикажува народниот живот на Сардинија. Познати се нејзините дела „Цвеќе од Сардинија“, „Пепел“, „Мајка“ и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1927 година. Умре во Рим, на 15 август 1936 година.

1891.- Умре рускиот писател Иван Александрович Гончаров.

1908.- Вo Солун излезе првиот број на весникот на македонските револуционери „Единство“, што излегуваше под редакција на Димитар Влахов. Излегуваше двапати во неделата. Последниот број излезе на 5 јануари 1909 година. Овој е еден од најпрогресивните весници што се појавија по Младотурската револуција. Се застапуваше за доследно и крајно спроведување на револуцијата, за организирање на демократијата и револуционерните сили против реакцијата. Се бореше против политиката на Егзархијата во Македонија во Одринско.

1917.- Умре францускиот сликар, графичар и вајар Илер Жермен Едгар Дега, виртуозен цртач, сликар кого најмногу го интересирале живите и различни движења. На почетокот бил реалист, а подоцна се преобразил во импресионист. Во маслена техника изработил повеќе портрети, особено во младоста, а подоцна повеќе се служел со пастел. Во зрелите години работел исклучиво фигури. На крајот од животот работел и на ситни фигури кои ги правел од восок и глина.

1920.- Во Крушево е роден Таки Хрисик, македонски композитор и музички педагог. Работеше како диригент на хорот "Стив Наумов". Умре во Скопје, на 15 ноември 1983 година.

1921.- Умре германскиот композитор Енгелберт Хампердинк, професор на Конзерваториумот во Барселона, Келн, Франкфут на Мајна и во Берлин.

1992.- Грчкиот крал Константин Први поради воениот пораз во војната со Турците бил принуден по две години владеење по вторпат да абдицира со што и дефинитивно бил симнат од престолот. Станал крал во 1913 година, но во 1917 година првпат абдицирал бидејќи неговата одлука за неутралност на Грција во Првата светска војна предизвикала големо незадоволство и кај грчкиот народ и меѓу западните сојузници.

1938.- Друтштвото на народите ја назначи Јапонија за агресор врз Кина.

1939.- По 19-дневен отпор Варшава падна во рацете на германските трупи.

1940.- Во Берлин, Италија и Јапонија потпишаа 10-годишен воен и економски пакт и формално создадоа сојуз на фашистички сили познат под името Оската Берлин-Рим-Токио.

1947.- Во Варшава на советувањето на комунистичките партии на СССР, Југославија, Бугарија, Романија, Унгарија, Чехословачка, Полска, Франција и Италија, беше основано Информационото биро на партиите (Информбиро) со седиште во Белград. Информбирото беше распуштено во 1956 година.

1959.- Тајфун усмрти безмалку 5.000 луѓе на јапонскиот остров Хонс.

1962.- Во Јемен со воен удар полковникот Абдула ал Сала ја собори монархијата и прогласи Јеменска Арапска Република.

1968.- Португалскиот диктатор Антонио де Оливеира Салазар, кој владееше 36 години, поради мозочен удар беше принуден да го напушти премиерското место.

1970.- Јорданскиот крал Хусеин и водачот на Палестинската ослободителна организација Арафат се состанаа во Каиро со шефовите на државите и на владите на десет арапски земји и потпишаа спогодба од 14 точки, со која заврши Граѓанската војна во Јордан.

1990.- Иран и Велика Британија ги обновија дипломатските односи кои Техеран ги прекина во 1989 година поради книгата „Сатански стихови“ на британскиот писател од индијско потекло Салман Ружди. Дипломатските односи на амбасадорско ниво беа подигнати во 1998 година.

1993.- Република Македонија е примена за член на Меѓународната агенција за атомска енергија.

1994.- Република Македонија воспостави дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија.

1994.- Во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка.

1995.- Израелската влада се согласи на Палестинците да им предаде голем дел од Западнит брег кој 28 години пред тоа беше окупиран.

1995.- Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка (свечениот прием е извршен на 9 ноември 1995 година).

1996.- Силите на фундаменталистичкото исламско движење на талибанците го зазедоа Кабул, главнот град на Авганистан, и го обесија Наџибул, поранешен шеф на државата.

1998.- На парламентарните избори во Германија победи Социјалдемократската партија. Лидер на Социјалдемократската партија беше Герхард Шреде кој стана шеф на владата. Шредер го прекина 16-годишното владеење на канцеларот Хелмут Кол, лидер на Христијанско-демократската унија.

2000.- Во експлозија на гас во рудник за јаглен на југот на Кина загинаа 118 рудари.

2000.- На врвот на планината Водно (место Крстовар) над Скопје, на православниот празник Крстовден, а по повод одбележувањето на 2000-годишината од Христовото раѓање, е поставен камен-темелникот на Милениумскиот крст.

2000.- Авион „Ербас 320“ на јорданската воздухопловна компанија се спушти на аеродормом во Багдат носејќи хуманитарна помош и лекари. Тоа беше прв патнички авион на арапска држава кој после една деценија слетал во Ирак.

2001.- Човек облечен во полициска униформа уби 14 луѓе кога упадна на седница на собрание на швајцарската кантона Цуг и отвори оган од автоматско оружје.

2001.- Владата на Република Македонија донесе одлука - согласност за распоредување на силите на НАТО „Килибарна лисица“ на територијата на Република Македонија заради спроведување на мисијата за обезбедување дополнителен придонес за безбедноста на меѓународните посматрачи, што НАТО ќе ја извршува врз основа на барањето на Република Македонија.

2002.- Источен Тимор, поранешна територија во состав на Индонезија и некогашна португалска колонија, е првата држава создадена во 21. век која стана 191 членка на Обединетите нации.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2007 во 09:40

48. п.н.е.- Римскиот војсководец и државник Гнеј Помпеј Велики е убиен во Египет, каде беше скриен бидејќи во битката кај Фарсал го порази Гај Јулиј Кајсер.  

1066.- Норманскиот војвода Вилијам, идниот англиски крал Вилијам I Освојувач, навлезе со својата војска кај Певенс во јужната англиска покраина Сасекс и започна со освојувањето на Англија.

1573.- Роден е Микеланџело Караваџо, италијански сликар. Тој решително прекина со тогашното идеалистичко и интелектуално сфаќање на сликарството и се ориентира кон натурализмот. Изврши големо влијание врз француското и холандското сликарство во 17. век. Умре на 31 јули 1810 година. 

1803.- Роден е францускиот писател Проспер Мериме. Неговите новели „Кармен“ и „Коломбо“ го инспирирале неговиот сонародник Жорж Бизе да компонира опери.

1841.- Роден е францускиот државник Жорж Бензамен Клемансо, премиер од 1906 до 1909 и од 1917 до 1920 година.

1864.- Во Лондон е основана Првата интернационала (1864-1878) - меѓународно здружение на работниците, со учество на работнички претставници на Франција, Англија,  Италија и на Ирска. Голема улога во нејзиното основање одигра Карл Маркс, кој ги напиша двата документа: „Основачкиот манифест“ и „Привремениот статут“ на здружението.

1891.- Во Њујорк умре Херман Мелвил, еден од најголемите американски писатели кој низ симболи и алегорија многу често укажуваше на себичноста и комерцијализацијата на општеството. Своите доживувања на морнарите и ловците на китови ги изнесе во многу приказни и романи. Најпознато негово дело е романот "Моби Дик". Роден е во Њујорк, на 1 август 1819 година.

1895.- Во Париз умре Луј Пастер, француски хемичар и биолог. Ја откри вакцината против беснило, утврди дека ферментацијата е биолошки процес и ги доби дотогашните теории за спонтаната реакција на микроорганизмите. Роден е на 27 декември 1822 година.

1898.- Италијанскиот лекар и зоолог Батиста Граси ги објави резултатите од повеќегодишните проучувања во кои ги откри вистинските причинители и пренесувачи на маларијата.

1902.- Умре францускиот писател Емил Зола, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот роман. Пишувал и приказни, драми, книжевни и уметнички критики, борејќи се за правда и напредок.

1902.- Во селото Крушоради, Леринско, во борба против турските заптии и башибозук, немајќи друг излез, се самоубија тројца македонски борци на чело со војводата Дине Кљусев.

1910.- Во селото Слап е роден Цирил Космач, еден од најголемите словенечки писатели. Ги напиша збирките раскази „Среќа и леб“, „Од мојата долина“, „Пролетен ден“, романот „Балада за трубата и облакот“ и други дела. Умре во Љубљана, на 28 јануари 1980 година.

1924.- Роден е италијанскиот филмски глумец Марчело Мастројани, еднакво успешен како комичар, романтичен херој, драмски глумец, љубовник. Филови: „Хроника за соромашните лубовници“, „Бели ноќи“, „Сладок живот“, „Развод на италијански начин“, „Ноќ“, „Семејна хроника“, „Приватен живот“, „Мирисот на жените“ и други.

1934.- Родена е француската филмска глумица Брижит Бардо, најголем филмски секс-симбол. Светската слава ја стекна откривајќи ги сите женски вештини пред која било друга глумица. Филмови: „И Господ ја создаде жената“, „Жената и нејзината играчка“, „Во случај на несреќа“, „Вистина“, „Приватен живот“, „Парижанка“, „Вива Марија“ и други.

1944.-  Единиците на Црвената армија во Втората светска војна преминаа во Србија врз основа на југословенско-советскиот договор.

1949.- Москва еднострано го откажа договорот за пријателство и взаемна помош меѓу СССР и Југославија. Тоа го направија и останатите земји од „социјалистичкиот ланец“ - Унгарија на 30 септември, Бугарија и Романија на 1 октомври и Чехословачка на 4 октомври.  

1960.- Во Скопје умре Наум Наумовски-Борче, народен херој на Македонија. Роден е во Крушево, на 1 април 1920 година.

1966.- Умре францускиот писател Андре Бретон, кој во психоанализата бараше средство за откривање на вистината. Дела: „Надреалистичка револуција“, „Наѓа“, „Сјај на земјата“, „Изгубени чекори“, „Фатаморгана“, „Надреализам и сликарство“ и други.

1970.- Умре египетскиот државник Гамал Абдел Насер, шеф на државата од 1956 година, творец на модерниот Египет и еден од основачите на движењето на неврзаните. Во 1958 година стана претседател на Обединетите Арапски Републики (унија на Египет и Сирија), која во 1961 година се распадна. По воената катастрофа на Арапите во војната со Израел во 1967 година поднесе оставка, но граѓаните на референдум го вратија на функцијата претседател на Египет.

1978.- Умре папата Јован Павле Први, од италијанско потекло, кој беше поглавар на Римокатоличката црква само 33 дена. Од 1969 година беше надбискуп во Венеција, а за папа беше избран на 26 август 1978 година. Умре под неразјаснети околности.

1985.- Македонија ја зафати земјотрес со епицентар во Демир Капија со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала и 7-8 степени според Европската маркосеизмичка скала.

1989.- Во бегство на Хаваи умре бившиот филипински диктатор Фердинанд Едралин Маркос, кој владееше безмалку 22 години. Во втората светска војна беше герилец во антијапонското движење на отпорот, а во 1959 година стана претседател на Сенатот. Во 1965 година со големо мнозинство беше избран за шеф на државата. Бидејќи во почетокот беше многу популарен поттикнувајќи го силниот развој на земјоделството во 1969 година беше повторно избран за претседател. На крајот на вториот мандат, кога требаше да се повлече од функцијата, во 1972 година воведе вонредна состојба. Кршејќи го Уставот  владееше со диктаторски методи со премолчена поддршка од страна на САД. Отфрлен е во 1986 година, по што пребегна на Хаваи.

1990.- Умре италијанскиот писател Алберто Моравија, кој се здоби со слава со пишување на дела за моралното раслојување на италијанската буржоазија. Пишувал романи, театарски парчиња, приказни, есеи, патописи, филмска и театарска критика. Дела: „Рамнодушни луѓе“, „Римјанка“, „Јас и тој“, „Внимание“, „Годината 1934“, „Внатрешен живот“, приказните „Автомат“, „Римски приказни“, „Втор живот“ и други.

1993.- Владата на Демократска Народна Република Кореја донесе одлука за признавање на Република Македонија.

1994.- Во најголемата мирновременска поморска несреќа во Европа, повеќе од 900 луѓе загинаа кога во невреме во Балтичкото Море наспроти финскиот брег потона ферибродот „Естонија“.

1994.- Во Скопје умре Ванѓел Коџоман, еден од основоположниците на современото македонско сликарство. Роден е во Струга, на 14 февруари 1904 година.

1994.- Во Скопје, во издание на "МИ-АН", излезе првиот број на "Македонско време", независен информативно-политички њус магазин.

1995.- Израел и Палестинската ослободителна организација во Вашингтон потпишаа спогодба за враќање на поголем дел од Западниот Брег под палестинска самоуправа.

2000.- Умре канадскиот државник Пјер Елиот Трудо, кој со мали прекини 16 години ја водеше државата. Првпат беше избран за премиер во 1968 година кога на власт остана до 1979 година. Од 1980 до 1984 година повторно ја предводеше извршната власт на Канада. На чело на Либералната партија беше од 1968 до 1984 година.

2003.- Умре американскиот филмски режисер од грчко потекло Елиа Казан, добитник на наградата на Американската филмска академија за животно дело. Седум негови филмови добија 20 Оскари во разни категории, вклучувајќи и два за режија. Филмови: „Џентлменски договор“ (Оскар), „Вива Запата“, „Бумеранг“ (Оскар), „Источно од рајот“, „Сјај во трева“, „Паника на улиците“, „Бејби Дол“, „Дива река“, „Америка, Америка“, „Трамвајот наречен желба“.

Кон врв
jonecpa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 26.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 107
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jonecpa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2007 во 13:40
1914 umre srpskiot kompozitor Stevan Moktanjac avtor na golem broj duhovni (crkovni) kompozicii.
1934 roden e makedonskiot kompozitor , pedagog i dirigrnt Mihajlo Nikolovski (tatko na dirigentite Sasha i Vanja Nikolovski -Gjumar)
Кон врв
OLUJA Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OLUJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2007 во 15:49
1934 roden e makedonskiot kompozitor , pedagog i dirigrnt Mihajlo Nikolovski (tatko na dirigentite Sasha i Vanja Nikolovski -Gjumar)

ПО НЕКОЈА СЛУЧАЈНОСТ И ВО ДАЛЕЧНАТА1934, ОВОЈ ДАТУМ 29.09. БИЛ ВО САБОТА.
,,AB OVO,,
Кон врв
jonecpa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 26.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 107
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jonecpa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2007 во 16:33
Jas se izvinuvam za greshkata, i so M. Nikolovski i so S. Mokranjac, vchera gi izmeshav datumite, stanuva zbor za 29 sepremvri
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2007 во 17:50

106. п.н.е.- Роден е римскиот војсководец и државник Гнеј Помпеј Велики, освојувач на Ерусалим во 61 година п.н.е. Учествуваше во задушувањето на востанието на римските робови кои од 71 до 69 година п.н.е. ги предводеше Спартак, а гласот на голем војсководец го стекна во 66 година п.н.е. со победата над понтскиот крал Митридат VI Еупатор со што ја зацврсти римската власт во Мала Азија.

1399.- Кралот Ричард II како прв англиски монарх беше принуdен да абдицира, бидејќи престолот му го одзеде неговиот братучед, син на чичко му Хенри Болингброк, кој стана крал Хенри IV.

1518.- Роден е италијанскиот сликар Јакопо Робусти Тинторето, еден од најголемите мајстори на 16. век. Работеше на големи композиции со силни чувства и за најмали ситници. Силно влијаееше врз европските сликари, особено на импресионистите. Работеше во родната Венеција во која и останаа главните дела „Рај“  во Дуждевата палата, „Тајната вечер“ во црквата Сан Џорџо Маџоре и други.  

1521.- Турскиот султан Сулејман Први го освои Белград по двомесечна опсада, по што беше отворен патот за натамошни освојувачки походи на север.

1758.- Роден е англискиот адмирал Хоратио Нелсон кој внесе радикални новости во војување на море. Учествувајќи во 140 битки бил ранет дури 40 пати. Го загубил окото во борбата кај Калвиј во 1794 година, а денсната рака во битката кај Тенерифе во 1797 година. Кај Трафалгар во 1805 година ја уништил француската флота каде бил и смртно ранет.

1901.- Роден е италијанскиот нуклеарен физичар Енрико Ферми, добитник на Нобеловата награда за физика во 1938 година. Во Чикашкиот универзитет раководел со изградбата на првиот нуклеарен реактор.

1903.- Родена е американската филмска глумица од ирско потекло Грир Гарсон. Беше добитник на Оскар за филмот „Госпоѓа Минивер“, снимен во 1942 година. Филмови: „Збогум, мистер Џипс“, „Гордост и предрасуди“, „Мадам Кири“, „Јулиј Цезар“.

1904.- Роден е Николај Алексеевич Островски, руски писател. Неговите дела се автобиографски карактер и во нив се зборува за животот и подвизите на младината во текот и по социјалистичката револуција во Русија. Романот "Како се калеше челикот" стана класично дело на руската книжевност, доживувајќи повеќе од 200 изданија. Умре во 1936 година.

1911.- Италија и објави војна на Турција и навлезе во либијската провинција Триполитанија со намера да допре до северна Африка. Нејзиниот експедициски корпус ги победи Турците, но потоа водеше тешка војна против Арапите се до падот на фашистичка Италија во 1943 година во Втората светска војна.

1913.- Од бродот кој пловеше од Антверпен до Лондон исчезна германскиот инженер Рудолф Дизел, кој во 1893 година го конструира првиот мотор со внатрешно согорување на принципот на самопалење.

1914.- Во Скопје умре Стеван Мокрањац, српски композитор кој се одликува со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Негови најзначајни остварувања се ракатки, 15 народни рапсодии (со уметничка стилизација) на македонски, босански и на српски мелодии. Роден е во Неготин, на 9 јануари 1856 година.

1930.- Во Финска умре Илја Јефимович Рјепин, познат руски сликар. Негови најпознати дела се „Бурлаци на Болга“, „Иван Грозни и неговиот син Иван“, „Запорошци“ и портретите на Мусоргски на Пирогов и други дела. Роден е на 5 август 1944 година.

1938.- Во Минхен почна дводневната конференција на владите на Велика Британија, на Франција, на Италија и на Германија, во чија работа учествуваа и Хитлер и Мусолини. На конференцијата западните сојузници му ги предадоа на Хитлер областите на Судет, со што беше жртвувана независноста на Чехолсовачка. Тоа беше триумф на Хитлер, капитулација на западните сили и предупредување на малите држави дека никој нема кој да ги брани.

1940.- Романија во Втората светска војна излезе од Балканскиот пакт што на 9 февруари 1934 година во Атина го склучија со Југославија, Турција и со Грција.

1941.- Во Москва во Втората светска војна почна конференцијата на СССР, САД и Велика Британија, на која Вашингтон и Лондон со Доверлив протокол се обврзаа во наредните девет месеци да и испраќаат помош во оружје и опрема на Црвената армија, а Москва одби САД и Велика Британија да создадат воздухопловна база на САД во Сибир.

1941.- Во Баба Јара кај Киев, Германците во Втората светска војна го извршија масакрот врз Евреите, во кој за два дена убија 33.771 цивилно лице, вклучувајќи жени и деца.

1941.- Почна Драмското востание на македонските и на грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во градчињата Драма, Просечен, Карликово и Кубалица, што ги нападнаа востаниците, беше воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушија востанието и притоа извршија масакрирање на околу 3.000 луѓе и беа преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.

1957.- Во Западен Пакистан загинаа безмалку 300 луѓе кога ескпресен воз со голема брзина удри во композиција на цистерни со нафта.

1971.- Потпретседателот на Египет Анвар ел Садат ја презеде должноста шеф на државата два дена по смртта на Гамал Абдел Насер.

1972.- Јапонија и Кина ставија крај на војната и ги нормализираа односите.

1979.- Претседателот на Екваторска Гвинеја Франсиско Масијас Нгуем, е тргнат од власт во август 1979 година. Беше стрелан под обвинение за „геноцид, предавство, проневера и систематско кршење на човековите права“.

1988.- Мировните сили на Обединетите нации ја добија Нобеловата награда за мир.

1990.- На средба на највисоко ниво од Виетнамската војна, се состанаа државниот секретар на САД Џејмс Бејкер и шефот на виетнамската дипломатија Нгујен Ко Так, со што се забрза нормализирањето на односите меѓу бившите непријатели.

1991.- Во селото Усје, Скопско, е осветена црквата "Свети Атанасиј".

1993.- Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2007 во 10:27

- Светски ден на преведувачите. Прогласен е од УНЕСКО во 1990 година.

1399.- Основачот на Ланкастерската династија Хенри Болнгброк, како победник во борбата за власт, стана англиски крал Хенри IV, ден по абдицирањето на неговиот братучед, син на неговиот чичко Ричард II. Тој беше првиот монарх во историјата на Англија кој беше натеран да го напушти престолот.

1814.- По победата на Наполеон, големите сили го свикаа Виенскиот конгрес. Одлуките што беа донесени, на Европа и обезбедија мир, но неколку децении не го решија прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили.

1846.- Бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употреби етерот како средство за анестезија.

1882.- Роден е германскиот физичар Ханс Вилхелм Гајгер, кој се бавеше со изучувањето на радиоактивните супстанци. Во 1928 година ја измисли направата за регистрирање на бројните наелектризирани честички и гама-зракот, односно мерење на радиоактивност, позната како „Гајгеров бројач“.

1891.- Францускиот генерал Жорж Ернест Буланзе, министер за војска од 1886 до 1887 година изврши самоубиство. Бше водач на влијателниото политичко движење кое за малку не ја сруши Третата република. Создаде реакционерно и антипарламентарно движење на буланзисти, собирајќи ги сите непријатели на Републиката. Тој тежнееше да ја уништи Републиката за да ја обнови монархијата во Франција. Кога републиканците го обвинија за обид за преврат, побегна во Белгија, каде и си го одзеде животот.

1903.- Во Виена и во Марцштег, мало штаерско место почна состанокот меѓу рускиот цар Николај Втори и австроунгарскиот император Фрањо Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како "Марцштеска реформска програма", донесени на 2 октомври 1903 година. Со овие реформи, иако битно не се измени состојбата во Македонија, сепак тие придонесоа за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи.

1912.- Србија и Бугарија објавија мобилизација за војна против Турција. Првата балканска војна од октомври 1912 до мај 1913 година, во која против Турците се бореа и Грција и Црна Гора, заврши со ослободувањето на балканските народи од турската власт,а поробување на Македонија од истите.

1938.- Ден по потпишувањето на договорот во Минхен, со кој западните сојузници дозволија Адолф Хитлер да командува со Чехословачка, што го отвори и патот кон избивање на Вторта светска војна, британскиот премиер Невил Чембрлен изјави дека е спасен мирот.  

1939.- Во Берлин, Германија и Советскиот Сојуз потпишаа договор за пријателство, што Хитлер подоцна го прекрши со нападот врз Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година.

1941.- Започна првата германска офанзива врз Москва, една од најголемите битки во Втората светска војна, која траеше до јануари 1942 година. Германците по големите загуби што ги претрпеa од старна на Црвената армија беa запрени, но во втората половина од ноември 1941 година повторно тргнаa во втора офанзива во која повторно не успеаja. Тоа придонесе во почетокот на декември со противнапад да бидат истерани 200 километри од Москва, со што беше закопан планот „Барбароса“ за голема војна против СССР.

1941.- Заврши „крвавиот марш“ во кој Германците во Втората светска војна повеќе од 5.000 Шпанци кои, заради помошта што им ја даваа на партизаните во битката во Мачва, ги донесоа на савски мост, каде некои ги убиваа, некои ги фрлаа во река,  а другите ги тераа да трчаат до сремското село Јакар и премалени од заморот ги убиваа. Преживеаните ги вратија во Шабац, дел од нив беа стрелани, а другите беа затворени во новоформиран логар.  

1944.- Излезе првиот број на весникот „Наша реч“, орган на АСНОМ.

1946.- Меѓународниот суд во Нирнберг осуди 22 главни нацистички водачи за злосторствата над невиното население во покорена Европа. Единаесет беа осудени на смрт, додека другите добија казни доживотна или долгогодишна робија.

1947.- Во Белград беше основана организација на партизанските воени ветерани во Втората светска војна - Сојуз на здруженијата на борците од Народноослободителната војна.

1949.- Заврши берлинскиот „воздушен мост“ воспоставен по советската блокада на Западен Берлин кон крајот на јуни 1948 година. Тогаш американските и британските авиони извршија 277.264 прелети.

1955.- Во автомобилска несреќа на 24-годишна возраст загина американскиот глумец Џејмс Дин. Филови: „Источно од рајот“, „Бунтовник без причина“, „Див“.

1962.- Во Оксфорд, во американската држава Мисисипи, избувнаа нереди од страна на припадници на белата раса заради одлука на федералниот судија на Универзитетот да биде запишан црнецот Џејмс Мередит.

1966.- Германските воени злосторници Алберт Спер и Балдур фон Ширах излегоа на слобода по 20-годишна казна затвор.

1970.- Американскиот претседател Ричард Никсон ја посети Југославија. Тоа беше прва посета на американски претседател на Југославија.

1980.- Со симболично потсетување на библиските времиња, Израел ја воведе валутата секел која ја замени фунтата.

1985.- Умре американскиот сеизмолог Чарлс Рхитер. Според неговото презиме е наречена скалата за мерење на јачината на земјотресите.

1990.- СССР и Израел воспоставија конзуларни односи. Москва ги прекина дипломатските односи заради шестдневната израелско-арапска војна во 1967 година. Истиот ден се воспоставени целосни дипломатски односи и меѓу СССР и Северна Кореја.

1991.- Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка.

1993.- Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години.

1993.- Во серија силни земјотреси во југозападна Индија загинаа најмалку 22.000 луѓе.

1994.- Воспоставен е директен телефонски сообраќај меѓу Република Македонија и Канада.

1997.- Во Скопје умре Анче Џамбазова, македонска актерка. Родена е во 1942 година.

1998.- Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција - МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија. МИА е новинска агенција формирана со одлука на Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година, а активирана со одлука на Владата на Република Македонија на 1 декември 1997 година.

2000.- Репрезентативецот на Република Македонија во борење во слободен стил Могамед Ибрагимов го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Сиднеј, Австралија. Тоа е прв трофеј за Република Македонија по нејзиното осамостојување.

2004.- Во самоубиствен напад врз американски воен конвој во Багдат, кој го изедоа припадници на терористичката група на јорданскиот екстремист Абу Мусаб ел Заркави, загина 41 лице, од нив 34 беа деца. 

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2007 во 09:40

1207- Роден е англискиот крал Хенри III кој по загинувањето на неговиот татко Џон во Првата баронска војна кој бил наречен Џон Без Земја, застана на престолот во деветтата година. Вистински почнал да владее во 1234 година.

1684.- Умре францускиот писател Пјер Корнеј, творец на класичната француска трагедија. Пишувал и комедии, религиозни поеми и театарски книжевно-теориски акти.

1754.- Роден е рускиот цар Павле I Петрович Романов, наследник на Катерина Велика, кој по доаѓањето на власт во 1796 година, стравувајќи од Француската револуција, воведе полициски режим и ја вовлече Русија во „Втората коалиција“ со Англија и Австрија против Франција.

1795.- Белгија е соединета со Франција.

1880.- Шпанија во таен договор со Франција ја поврати Луизијана.

1865.- Роден е францускиот композитор и музички критичар Пол Дика , професор на Парискиот конзерваториум. Неговите композиции беа инспирирани од класичната традиција збогатена со влијанието на импресионизмот.

1870.- Во битката кај Седан во Француско-пруската војна беше заробен францускиот цар Наполеон III, а Франција три дена подоцна повторно стана република.

1891.- Во селото Смоквица е роден Анѓел Динев, македонски општественик и публицист. Во своите дела "Македонските Словени", "Илинденската епопеја" и "Политичките убиства во Бугарија", смело го истакнува постоењето на македонската нација. Учесник е во македонското националноослободително движење. Умре во Скопје, на 17 февруари 1952 година.

1904.- Во Киев е роден Владимир Хоровиц, најпознат пијанист во 20 век. Умре во Њујорк, на 6 ноември 1989 година.

1914.- Турција како сојузник на Централните сили во Првата светска војна ги затвори Дарданелите за бродовите од земјите на Антантата.

1918.- Предводени од англискиот полковник Томас Лоренс, познат како Лоренс од Арабија, Арапите со помош на Британците, во Првата сетска војна од Турците го презедоа Дамаск.

1923.- Во Софија, умре Ефрем Чучков, близок соработник на Гоце Делчев и на други македонски револуционери, и војвода, член на ВМРО.

1924.- Роден е американскиот државник Џејмс Ерл „Џими“ Картер, претседател на САД од 1977 до 1981 година.

1936.- Шпанските фашити го прогласија својот лидер Франсиско Франко за шеф на државата.

1938.- По Минхенскиот договор на Германија со Велика Британија и Франција, Германската војска влезе во Чехословачка и го обиколи Судет.

1943.- По едномесечната битка во Втората светска војна сојузниците го зазедоа Наполи. 

1943.- На планината Буковиќ, Кичевско, околу 4.000 балисти заедно со германските офицери и војници, извршија напад врз слободната територија во западна Македонија. Тука тие наидоа на жесток осумчасовен отпор од страна на Младинската партизанска чета, која имаше 39 борци, предводна од командантот Лазар Лазарески и комесарот Мирко Милески - Урош. Во оваа борба загинаа речиси сите борци на четата заедно со командирот Лазарески и комесарот Милески (подоцна е прогласен за народен херој на Југославија, од Македонија). Милески е роден во селото Попоец, Кичевско, на 23 април 1923 година.

1946.- Меѓународниот воен суд во Нирнбег по десетмесечен процес осуди на смрт со бесење 12 германски воени злостори (со високи чинови) во Втората светска војна, како и тројца на доживотен затвор, а четворица на затворски казни од 10 до 20 години.

1949.- Во Пекинг е прогласена Народна Република Кина под водство на Мао Це Тунг.

1960.- Прогласена е независноста на најбројната африканска земја Нигерија, која до крајот на 19. век беше британска колонија.

1979.- Зоната на Панамскиот канал која беше 70 години под контрола на САД, формално е предадена на управување на Панама.

1982.- Хелмут Кол, лидерот на десничарската Христијанско-демократска унија стана шестиот канцелар на Западна Германија, наследувајќи го социјалдемократот Хелмут Шмит.

1986.- Во Скопје умре Тришо Стојановски, македонски поет и новинар. Познати се неговите книги поезија „Меѓу две реки“, „Сочувана земја“, „Немолклива земја“ и „Рајска земја“. Роден е во селото Рајчица, Дебарско, на 22 март 1938 година.

1988.- Михаил Горбачов стана претседател на Президиумот на Врховниот совет на СССР.

1989.- Данска стана првата земја која дозволи хомосексуален брак.

1994.- Во Пробиштип е формиран Сојузот на организациите на жените на Македонија (СОЖМ), од 2007 година Национален совет на жените на Македонија - СОЖМ. Сојузот е формиран од 13 организации на жените основани од 1990 до 1994 година и денес (2007 г.) брои 95 организации на жените на локално ниво. Од 2003 година е член на Меѓународниот совет на жените.

1995.- Велика Британија ги напушти империјалните мерки за должина и тежина воспоставени во 1812 година. Километар, метар, сантиметар, литар, килограм и грам ги замени со милја, јард, фит, инч, галон, пинт, либра, фунта и унц.

1997.- Израел го ослободи шеикот Ахмет Јасин, водач на палестинските исламски терористи и основач на терористичката организација „Хамас“ и врз основа на договорот со Јордан го депортираше во јорданскиот главен град Аман.

1998.- Во Скопје е родена четворка (две машки и две женски деца). Родители се Валентина и Роберт Георгиевски од Скопје. Ова е втора четворка во Република Македонија (во 1997 година е родена четворка во Штип).

1999.- Индонезија го свика првиот демократски избран парламент од 1955 година.  

2003.- Во Скопје умре Анте Поповски, македонски академик, поет, есеист, препејувач, новинар, публицист и политичар. Автор е на книгите поезија „Одблесоци“, „Вардар“, „Самуил“, „Непокор“, „Камена“ и други, на книгите со есеи „Меѓу животот и знаците“ и „Окото, светлините“, како и на други дела. Роден е во селото Лазарополе, Гостиварско, на 3 јуни 1931 година.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.