Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
KUKOC7
Сениор
Барон Минхаузен
Регистриран: 26.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1852
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Март.2011 во 11:06 |
|
 |
Анастеа
Администратор
ПИПИ долгиот чорап
Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Март.2011 во 15:33 |
Коментаторот е циркус... а на голот на Пандев ептен откачи 
Гледајте ги италијаните коментатори во студиото како се караат, се пцујат, си покажуваат “шипак“ на ТВ...
|
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Мај.2011 во 06:04 |
Наполи и Интер во преговори за Пандев
Откако обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, Наполи почна да бара засилувања и едно од првите имиња на листата желби е македонскиот напаѓач на Интер, Горан Пандев. Според "Кориере дело спорт", претседателите на Наполи и Интер, Аурелио де Лаурентис и Масимо Морати, разговарале за можните преговори за време на завчерашниот дуел на двата тима во Неапол, кој заврши без победник 1:1. Покрај Пандев, "аѕурите" се заинтересирани и за Кениецот Мекдоналд Марига, а "нераѕурите", пак, од поодамна сакаат да го донесат Словакот Марек Хамшик на "Џузепе Меаца". Сепак, италијанскиот весник пишува дека, и покрај тоа што Наполи ќе игра во Лигата на шампионите, трансферот на Пандев е малку веројатен поради неговиот скап договор со Интер. Претходно, Горан Пандев, кој заработува околу три милиони евра годишно во Интер, беше поврзуван со трансфер во Баерн Минхен и Ливерпул. По доаѓањето на Џампаоло Пацини од Сампдорија во јануари, струмичанецот почна да добива се помалку шанси во првиот тим на "нераѕурите" и веќе подолг период италијанските медиуми шпекулираат дека летово ќе си замине.
|
 |
FeaR
Сениор
False Evidence Appearing Real
Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Мај.2011 во 01:38 |
|
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јуни.2011 во 00:41 |
Интер го продава Пандев за добра понуда
Горан Пандев би можел да ги напушти редовите на Интер ова лето, но само доколку на адреса на клубот пристигне добра понуда. При неодамнешното доаѓање во Македонија за квалификацискиот натпревар со Ирска, нашиот најдобар фудбалер најави дека ќе остане во миланскиот клуб и следната сезона, но не е исклучено да биде дел од зделката со Наполи, која би требало да го одведе словачкиот репрезентативец Марек Хамшик во спротивната насока. - Дали ќе ги продадеме Горан Пандев и Мекдоналд Марига, зависи од типот на понудата што ќе ја добиеме. Во никој случај нема да постапиме спротивно на целите на клубот. Што се однесува до евентуалното заминување на Диего Милито, засега ќе останам тивок по тоа прашање - изјави извршниот директор на Интер, Ернесто Паолиљо. "Нераѕурите" остануваат загреани да го доведат најдобриот играч на Наполи. - Ние сме отворени за бизнис со Наполи и не ја исклучувам можноста за размена на играчи. Ќе бидеме трпеливи со Марек Хамшик и ќе одиме чекор по чекор - додаде Паолиљо
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јуни.2011 во 00:20 |
Вилјареал го сака Пандев
Проблемот што го има Интер со наоѓањето наследник на тренерот Леонардо не му пречи на клубот да биде активен на фудбалскиот пазар. Најнова вест во италијанските медиуми во врска со Горан Пандев е неговото заминување во шпанскиот прволигаш Вилјареал, како дел од трансферот на италијанскиот репрезентативец Џузепе Роси. "Жолтата подморница" првично бараше 30 милиони евра за Роси, колку што и побара претходно и на Барселона, но сега изгледа се согласила да ја намали цената, ако во спротивна насока заминат Горан Пандев и Сули Мунтари. Наредните неколку дена треба да бидат клучни, а Пасторело, агентот на Роси, не ги негираше извештаите од Италија дека неговиот клиент решил да си замине од Вилјареал, откако пропаднаа преговорите со Барселона.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јуни.2011 во 12:25 |
Шеикот од Малага го сака Пандев
Три шпански и еден германски клуб се заинтересирани летово да го донесат во своите редови македонскиот напаѓач на Интер, Горан Пандев, пренесува "Кориере дело спорт". Според италијанскиот весник, се работи за Валенсија, Севилја, Малага и Вердер. Најверојатно е сценариото со Малага, чиј сопственик е катарскиот шеик од тамошното кралско семејство, Абдула ал Тани, кој летово тргна по стапките на богатите сопственици на Челзи и Манчестер сити и не штеди пари за засилувања. Амбициозниот тим од шпанската провинција Андалузија вчера го купи Хоакин од Валенсија за четири милиони евра. Поранешниот шпански репрезентативец е шесто засилување за Малага летово, по Холанѓаните Руд ван Нистелрој и Јорис Матајсен, Французинот Жереми Тулалан и Шпанците Начо Монреал и Серхио Санчес. Аргентинците Диего Буонаноте и Мартин Демикелис, исто така, се нови лица на "Ла Росаледа", но нивните трансфери беа договорени уште во јануари. Тренер на Малага е поранешниот шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид, Мануел Пелегрини. Валенсија прва се распрашувала за Пандев, но не дошло до конкретна понуда, а слична е ситуацијата и со Севилја. Вердер, пак, чека да види како ќе се развијат настаните, пред да направи потег.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јули.2011 во 23:29 |
Наполи го потврди интересот за Пандев
Наполи и официјално потврди дека сака да го ангажира македонскиот напаѓач на Интер Горан Пандев, но има проблем со неговата голема плата. "Партенопеј" ги задржа своите најголеми ѕвезди како Единсон Кавани и Марек Хамшик и претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис најави дека Пандев би можел да биде големо засилување во летниот преоден рок. - Навистина ми се допаѓа Пандев и мислам дека тренерот Валтер Мацари, исто така, го посакува, но трансферот зависи од Интер - изјави Де Лаурентис за радиото "Марте". Како и да е, тој признава дека Наполи нема доволно средства да си ја дозволи платата на Пандев и затоа треба да се договори со Интер. - Интер ќе мора да продолжи да плаќа половина од неговата плата - додаде Де Лаурентис. Карло Палавичино, агентот на македонскиот репрезентативец, исто така, потврди дека Наполи почнал преговори, но неговиот клиент сака да остане во Интер, во обид да ја докаже својата лојалност кон клубот од "Џузепе Меаца". - Наполи ме праша за Пандев и тие навистина го сакаат, но тој самиот сака да остане во Интер - рече Палавичино за радиото "Кис Кис". Пандев оствари само 17 настапи како првотимец за Интер минатата сезона, а на дури 19 средби влезе во игра од клупата, постигнувајќи пет гола во сите натпреварувања.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Јули.2011 во 13:45 |
Пандев 100% останува во Интер
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и следната сезона ќе игра во Интер, иако во изминатите неколку недели беше поврзуван со трансфер во неколку клубови, меѓу кои предничеа Наполи и Џенова. - Горан Пандев 100% останува во Интер. Неговите примања се превисоки за Наполи и Џенова, двата тима кои беа најзаинтересирани и контактираа со Интер - кажа неговиот агент Карло Палавичино за "Спортиталија" и стави крај на сите шпекулации околу неговото евентуално заминување од Интер летово. Најблиску до негово ангажирање беше Џенова, бидејќи Интер сака да го купи аргентинскиот напаѓач Родриго Паласио, а "рособлу" во замена го бараше Пандев. "Нераѕурите" го понудија Кениецот Мегдоналд Марига, но Џенова инсистираше на македонскиот репрезентативец. Според италијанските медиуми, и самиот Интер се обидувал да го убеди Пандев да потпише за Џенова, бидејќи Македонецот сака да остане на "Џузепе Меаца" и да си го врати првотимскиот статус. Претходно, подолго време заинтересиран беше Баерн Минхен, дури и пред да потпише за Интер, додека играше за Лацио. Во игра беше и Ливерпул, а се споменуваше и Малага, која сега има богати сопственици од Катар и не штеди пари на засилувања. Пандев, како и останати играчи на Интер се на одмор до 10 јули, кога е закажана првата прозивка на тимот со новиот тренер Џан Пјеро Гасперини. Првиот официјален натпревар на "нераѕурите" е закажан за 6 август, кога во Пекинг ќе се сретне со Милан во италијанскиот Суперкуп.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Јули.2011 во 06:40 |
Пандев со гол ја стартуваше новата сезона | |
|
| |
 | |
| |
Македонскиот репрезентативец Горан Пандев ги започна со гол предсезонските натпревари во дресот на Интер |
|
Интер играа пријателски натпревар со екипата на Трентино, против која стигнаа до лесна победа од 6:1, а Пандев за „неразурите" влезе во игра во второто полувреме, а погодок постигна во 59-та минута.
Другите голови за Интер ги постигнаа Пацини, Ето, Мариоти, Лонго, а и новите засилувања Алварез и Кастањос се запишаа во листата на стрелци.
Освојувачот на италијанскиот куп во недела ќе одигра уште еден пријателски натпревар со нисколигашот Мецокорона. |
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Август.2011 во 13:34 |
Интер ќе го продаде Пандев на Наполи
Интересот од европските гиганти за нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев не стивнува. Иако тој пред некој потврди дека сака да остане во Интер и да се бори за место во првиот тим, италијанските медиуми шпекулираат дека тој ќе биде вториот напаѓач по Самуел Ето што ќе си замине од Интер во случај спортскиот директор Марко Бранка да ги договори трансферите на Карлос Тевез и на Диего Форлан. Камерунецот Ето утре ќе замине на лекарски прегледи во рускиот Анжи и неговото заминување е речиси сигурно. Интер му постави ултиматум на Манчестер Сити да одговори на понудата за Аргентинецот Карлос Тевез кој сака да настапува за "нераѕурите", а пред доаѓање на "Џузепе Меаца" е и уругвајскиот напаѓач Диего Форлан од Атлетико Мадрид. Дека Интер сака да го продаде Пандев говори и тоа што претседателот Масимо Морати директно разговарал со првиот човек на Наполи, Де Лаурентис за евентуална размена на нашиот фудбалер со Езекиел Лавеци.
|
 |
Santijago
Сениор
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF
Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Август.2011 во 20:02 |
Пандев пречекан со овации од 60.000 илјади навивачи на Наполи
Најдобриот
македонски фудбалер Горан Пандев беше пречекан со овации од 60 илјадната
публика во Наполи на вчерашното официјално претставување на стадионот
Сан Паоло.
Пандев
беше официјално промовиран како ново засилување на калчолигашот кој
годинава ќе се натпреварува и во Лигата на шампионите на пријателскиот
натпревар против Палермо, а во дресот на Наполи ќе го носи бројот 29. Најдобриот
стрелец на македонската репрезентација на презентацијата беше наречен
„Кунг фу Пандев“, а во своето прво обраќање на фановите на Наполи тој им
се заблагодари на клубот и на навивачите.
Воодушевен од спектакуларниот пречек од навивачите призна дека доживеал експлозија на емоции.
Овации за Пандев на негово претставување во Наполи
Годинава Форца Наполи 
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Ноември.2011 во 07:31 |
По прозивката која ја направи Џон Тошак пред пријателскиот натпревар со Албанија повреди пријавија неколку наши фудбалери кои играат во странство меѓу кои и нашиот прв голгетер Горан Пандев кој моментално настапува во редовите на Наполи.
Горан Пандев на прозивката каде што Тошак даде до знаење дека треба да дојдат сите играчи и повредени и здрави од страна лекарскиот тим Пандев беше ослободен од обврски заради повреда.
Меѓута денес на официјалната страна на Наполи стои дека ПАНДЕВ ТРЕНИРАЛ СО МЛАДИНСКИОТ ТИМ И ПОСТИГНАЛ ДВА ПОГОДОЦИ.
Каде настанала грешката и зошто Пандев игра за Наполи а официјално е повреден за Македонската репрезентација останува до прва да се дознае.
|
 |
LiDivio
Модератор
Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Ноември.2011 во 12:56 |
Нормално дека ќе дава голови за Наполи кога таму со овации го поздравуваат 60000 навивачи на Наполи, а тука го исвиркуваат на секоја утакмица...
|
 |