IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кои сладоледи ви се најубави
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кои сладоледи ви се најубави

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 131415
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2016 во 22:04

Сладолед од Орео и Нутела


1. Чоколадата се топи со 200 мл.павлака и се остава да се олади, но сеуште да биде течна.
2. Маскарпонето се мати со нутелата и постепено се додава смесата со чоколада. Се мати само колку да се поврзе.
3. Жолчките се матат со шеќерот, се додава млекото и павлаката и се меша на тивок оган додека да се згусне. Се остава да се олади, па му се додава чоколадната смеса.
4. Целосно оладен, сладоледот се става во фрижидер да се замрзне.
5. После 5-6ч се вади од фрижидер се мати со блендер, му се додаваат орео колаченцата искршени на парчиња и се остава сладоледот целосно да се замрзне.
6. Пред да го послужите, за поубав ефект, можете да извадите топки од сладоледот и да ги извалкате во трошки од орео колачиња.

Вкусен сладолед од Орео и Нутела

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2016 во 14:05

ЗДРАВ ДОМАШЕН СЛАДОЛЕД ВО ПРЕУБАВИ БОИ

5

Пробајте го овој рецепт за кремаст, здрав сладолед од Спирулина и малини кој е без нездрави маснотии, шеќери и адитиви, а се прави многу едноставно. Потребни се зрели банани, кои се веќе поцрнети малку и со точки. Оние кои не би ги јаделе никогаш и кои се продаваат на попуст во продавниците – е токму такви банани ви се потребни за овој рецепт! Излупете ги презреаните банани, преполовете ги и замрзнете. Откако ќе замрзнат треба да ги исечете, да ги ставете во блендер (food processor), да додадете половина банана која не е замрзната (за да се изблендира полесно), 1-2 лажички јаворов сируп (или мед), малку ванила (да го намали вкусот на бананите) и да изблендирате.

Откако ќе добиете фина креместа структура, додадете ореви, бадеми, јагоди, боровинки, малини или спирулина. Изборот е голем, а во продолжение ќе ги прочитате советите на хрватската Интаграм блогерка Маја Брекално за сладолед од малина и Спирулина.

Значи и за двата сладоледа, основата е иста – две смрзнати банани плус половина обична банана и јаворов сируп или мед.

За сладолед од малини треба да додадете 1 лажичка замрзнати малини и парче лимон со кора или две лажички сок од лимон и малку изрендана кора, а потоа да изблендирате. За зелен сладолед од спирулина додадете една лажичка спирулина во прав. Не треба да се плашите од вкусот на алгите, бидејќи во комбинација со другите состојки воопшто не се познава.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2016 во 21:52

Авокадо сладолед кој треба да го пробате летово


Авокадото не е одлично само на тост или во салати. Со авокадото може да се направат повеќе одлични десерти, а сладоледот е еден од нив. Вкусен, здрав и освежувачки, а потребен ви е блендер (или рачен миксер) за да го подготвите.



Состојки:

  • 2 големи и зрели авокада
  • 240 мл. млеко (може и 2%)
  • 55 грама шеќер
  • 2 лажици сок од лимон
  • Малку сол

Подготовка:



Авокадата излупете ги и ставете ги во блендерот, па потоа постепено додавајте го млекото, шеќерот, солта и на крај сокот од лимон. 

Смесата ставете ја во калапи за сладолед и замрзнете ги најмалку 8 саати, а пожелно е преку ноќ.

Сервирајте ги ладни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2020 во 17:15

Домашен сладолед од кајсија: Леден десерт кој ќе ви го разлади телото и ќе ви го згрее срцето


Во продолжение, ви претставуваме рецепт за домашен сладолед од кајсија во кој ќе ужива целото семејство. 

Потребни состојки:

- 200 мл. млеко

- 1 ќесичка ванилин шеќер

- 2 жолчки

- 80 гр. шеќер

- 500 гр. кајсии

- 300 мл. слатка павлака

Начин на припрема:

1. Варете го млекото заедно со ванилиниот шеќер – кога ќе зоврие варете уште малку, па тргнете го од оган.

2. Во меѓувреме изблендирајте ги исчистените кајсии, а во друг сад помешајте ги жолчките со шеќерот. Полека додавајте го топлото млеко во садот со жолчките, а потоа ставете ја оваа смеса на тивок оган за да се згусне.

3. Откако смесата ќе се излади, во неа додајте го пирето од кајсии и ставете ја во замрзнувач околу 1 час.

4. Изматете ја слатката павлака, а потоа додајте ја во садот со смесата од кајсии. Добро промешајте и оставете да се стегне во замрзнувач околу 3 часа.

5. Повремено промешувајте ја смесата и враќајте ја во замрзнувач – со мешањето се крши ледот кој се формира во текот на замрзнувањето и се добива хомоген, мек сладолед.




Изменето од Valerija - 04.Август.2020 во 17:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 131415
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.