IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Карамел рецепти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Карамел рецепти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2020 во 12:31

Торта со карамела од 2 состојки – Рај за сите сетила, после секое парче, посакувате уште едно


Речиси многу малку луѓе може веднаш да погодат од што е приготвен овој чудесен десерт. Со само 2 состојки, резултатот навистина е неверојатен. Вкусната торта со карамела никого не остава рамнодушен!

Торта со карамела од 2 состојки

Речиси многу малку луѓе може веднаш да погодат од што е приготвен овој чудесен десерт. Со само 2 состојки, резултатот навистина е неверојатен. Вкусната торта со карамела никого не остава рамнодушен!
Вкупно време45 мин
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: торта со карамела, карамела
Порции: 4

Состојки

  • 8 белки
  • 300 гр шеќер за карамелот (+ 60 гр за белките)

Начин на подготовка

  • Најпрво пригответе ја карамелата, што е многу едноставно. Поставете тава на умерен оган и започнете да го загревате шеќерот. По неколку минути, шеќерот ќе започне да ја променува бојата.
  • Мешајте со шпатула, за да топлината се распространи подеднакво на целата површина. Продолжете да го загревате шеќерот на слаб оган, додека да се претвори во светла карамела и се раствори.
  • Вака треба да изгледа крајниот резултат: Шеќерот претворен во течна карамела.
  • Готовата карамела веднаш исипете ја во соодветен сад и по ѕидовите, за да потоа ги покрие рабовите на тортата.
  • Во исто време изматете ги белките со 60 гр шеќер, а потоа внимателно поставете ги белките врз смесата од карамела и порамнете со шпатула.
  • Садот со тортата поставете го во поголема тава, а во тавата налејте малку вода, за да се добие ефект на водена пареа. Поставете ја тортата да се пече 35 минути во претходно загреана рерна на 160°C.
  • По 35 минути, белките ќе се зголемат и ќе потемнат. Извадете го садот и веднаш покријте го со хартија, а потоа оставете да се излади. Штом ќе се излади, при сервирањето, едноставно свртете го десертот, за да карамелот биде одозгора.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2020 во 08:41

Smrznata-karamel-torticka-01.jpg

Сепак нагласуваме дека ова е само за љубителите на многу слатки, интензивни вкусови како чоколадо и карамела. Смрзнатата тортичка се топи во устата, несомнено ќе стане вашиот нов, омилен летен рецепт.

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Smrznata-karamel-torticka-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2020 во 21:14

Рецепт на денот: Кремаст колач од карамела


    Погледнете како да го направите овој вкусен колач од карамела што ќе ве натера постојано да барате уште едно парче.

    recept-na-denot-kremast-kolach-od-karamela

    Потребни состојки:

    1. За првата смеса

    • 3 лажици шеќер
    • 3 капки сок од лимон
    • 2 јајца
    • 60 грама шеќер
    • 250 милилитри млеко

    2. За втората смеса

    • 2 јајца
    • 100 грама шеќер
    • 50 грама брашно
    • малку прашок за печиво

    Начин на подготовка:

    1. Во тенџере на тивок оган стопете 3 лажици шеќер и истурете ја добиената карамела во помал сад за печење. Изматете 2 јајца со 250 милилитри млеко и прелијте ја карамелата.

    2. Изматете 2 јајца со 100 грама шеќер и додајте брашно и малку прашок за печиво.

    3. Добиената смеса, а потоа и млекото еднакво истурете ги во садот за печење.

    4. Садот за печење ставете го во друг малку поголем сад и наполнете го со топла вода до половина центиметар.

    5. Печете го колачот на 200 °C околу 50 минути и пред крајот покријте го со фолија.

    6. Откако колачот ќе се излади, превртете го на чинија.



    Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 21:15
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2021 во 09:54

    Ќе излижете прсти – кремасти карамел плочки со чоколадна глазура


    Ова е вистинскиот сладок рецепт за сите хедонисти – богат, раскошен вкус на карамела, прелиена со вкусно чоколадо.

    Kremasti-karamel-plocki-so-chokoladna-glazura-01.jpg

    Кората е богата со урми, мед и ореви, што значи дека дефинитивно нема да зажалите доколку ги направите уште денес.

    Потребни состојки:

    За кората:

    • 200g урми
    • 50g ситни овесни снегулки
    • 80g ореви
    • 1 лажица кокосово масло
    • 3 лажици какао
    • 2 лажици агаве сируп или мед

    Исчистените урми потопете ги во топла вода околу 10 минути. Процедете ги и ставете ги во блендер со останатите состојки додека не добиете мазна смеса.

    Смесата натапкајте ја во плех врз хартија за печење и оставете ја во замрзнувач 30 минути.

    За филот:

    • 300g кисела павлака
    • 70g кокосов шеќер (или обичен)
    • 2 лажички арома од ванила
    • 10g или 1 ќесичка желатин во прав

    Измешајте ја павлаката со шеќерот и аромата од ванила. Желатинот разматете го со неколку лажички вода и загрејте на средна температура.

    Во топлата желатинска смеса ставете неколку лажички од разматениот крем и добро измешајте пред да го соедините со остатокот. Премачкајте ја кората и вратете го колачот во замрзнувачот уште половина час.

    За глазурата:

    • 100g чоколадо за готвење
    • 1 лажица кокосово масло
    • 1 лажица кокосово (или обично) млеко

    Стопете ги сите состојки на пареа на средна температура, а потоа прелијте го колачот. Повторно вратете го добро да се олади пред да го сервирате.

    Kremasti-karamel-plocki-so-chokoladna-glazura_1.jpg

    Kremasti-karamel-plocki-so-chokoladna-glazura_5.jpg

    Kremasti-karamel-plocki-so-chokoladna-glazura_3.jpg

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,211 секунди.