IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Заштита од семејно насилство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаЗаштита од семејно насилство

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака Обратен редослед
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Директен линк до овој коментар Тема: Заштита од семејно насилство
    Испратена: 02.Мај.2011 во 22:53

Постапка за заштита на лица - жртви на семејно насилство

Со измените и дополнувањето на Законот за семејството (,,Службен весник на РМ,, број 38/04) се воведува третирање на семејното насилство во граѓанско-правен пропис.

Во смисол на овој закон, како семејно насилство се смета секое однесување на член на семејство кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни повреди, емоционална или сексуална злоупотреба и материјално, сексуално или работно искористување на друг член на семејството. 

 Со Законот е утврдено помеѓу кои членови на семејството може да настане семејното насилство, при што како жтрва може да се јави било кој член од семејството, без оглед на пол и возраст. Извршител на семејно насилство може да биде поранешен или сегашен брачен или вонбрачен другар, лицето кое живеело или живее со жртвата во заедница, лице со кое се има заедничко дете , лице кое е поврзано до четврти степен на крвно сродство и втор степен сродство  по сватовство со овие лица или се наоѓа во заедница на живеење.

  Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во семејството постои насилство од било каков вид и дека постои сериозна опасност за животот и здравјето на член од семејството, ги презема следниве мерки на заштита:

  1. обезбедува нужно сместување за лицето-жртва на насилството, кое може да трае најмногу 6 месеци, со можност за продолжување за уште 6 месеци. 
  2. обезбедува соодветна  здравствена заштита;
  3. обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман;
  4. ги упатува во соодветно советувалиште;      
  5. доколку во семејството има дете кое е на редовно школување, помага за продолжување на редовното образование;
  6. го известува органот за прогон;
  7. дава секаков вид на правна помош и застапување;
  8. покренува постапка пред надлежниот суд;
  9. по потреба поднесува барање до судот за изречување на привремена мерка за заштита;
  10. презема други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни за решавање на проблемот.

Мерките на заштита центарот ги превзема задолжително кога жртва на семејно насилство е малолетно дете или лице со одземена деловна способност.

Сознанијата дека е сторено семејно насилство, Центарот за социјална работа ги добива од граѓани, службени и правни лица, кои се должни без одлагање да  достават известување.     

 Судска заштита: Центарот за социјална работа поднесува  барање за иницирање на постапка  за изречување на привремена мерка за заштита од семејно насилство до надлежниот суд и тоа задолжително за малолетни и деловно неспособни лица, а за полнолетни и деловно способни лица, само со согласност на жртвата на семејното насилство.   

Центарот за социјална работа кон барањето доставува записник и извештај за преземините дејствија, во кој може да даде и предлог за изречување на привремена мерка.

Судот може на сторителот на семејното насилство да му ги  изрече  следните привремени мерки:

  1. забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство;
  2. забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со член на семејството, директно или индиректно;
  3. забрана да се приближува до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува друг член на семејството;
  4. да одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд;
  5. забрана да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено;
  6. да го задолжи да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на семејството;
  7. да изрече задолжително издржување на семејството;
  8. да нареди тужениот да посетува соодветно советувалиште;
  9. да нареди задолжително лекување, доколку е корисник на алкохол и други психотропни супстанци или има некое заболување;
  10. да го задолжи да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од семејното насилтво и
  11. да изрече било која друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност  и добросостојба на другите членови на семејството;


Предлог за изречување привремена мерка до Центарот за социјална работа  може да поднесе брачниот другар, родителите или децата или други лица што живеат во брачна или вонбрачна  заедница или заедничко домаќинство, поранешен брачен другар или лица кои се наоѓаат во блиски лични односи кон кои се преземени дејствија на семејно насилство, без оглед дали е поднесена тужба во кривична постапка.

Родител, старател или законски застапник може да поднесе предлог во име на малолетно дете и лице со ограничена или одземена деловна способност, како и за лице над кое е продолжено родителското право.

Предлогот, лицата го доставуват до надлежниот центар за социјална работа определен според  местото на живеење на жртвата на насилството.

Во поглед на судската одлука за изречените привремени мерки на заштита од семејно насилство центарот за социјална работа ги има  следните надлежности:

  • го следи извршувањето на изречената мерка и за текот на спроведувањето на мерката го известува судот на негово барање.
  • може да поднесе предлог до надлежниот суд за укинување на изречената мерка и пред истекот на рокот за кој е изречена мерката, доколку оцени дека истата ја постигнала целта заради која е изречена.
  • може да поднесе предлог за измена на изречената мерка или за нејзино продолжување, доколку оцени дека изречената мерка е несоодветна или дека ќе ги постигне бараните резултати, но дека за тоа е потребно истата да трае подолг временски период.

Во спроведување на заштитните мерки центарот за социјална работа соработува со граѓани, правни лица и организации. 

Со Законот е уредена и постапката за изрекување на привремените мерки за заштита од семејното насилство, составот на судот, текот на расправата и правните сретства против одлуката на судот.

Пропишани се и казнени одредби за субјектите за кои со законот е утврдена обврската за задолжително пријавување на семејно насилство до недлежниот центар за социјална работа. 

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 20:40
 Нека стои на форумов информативно...

Никого не заштитуваш доколку дозволиш да бидеш жртва поради нечии фрустрации , а тоа не го пријавиш. За таков чин се одговара кривично и жртвите се под заштита на законот.Пријави го насилството и спречи го. 


Повеќе информации , правна рамка и т.н. на следнава страна (национално координативно тело, национална стратегија за заштита од семејно насилство)


http://nkt.mtsp.gov.mk/nkt/Default.aspx?LCID=16&Control=TopNews.ascx



Најпрво известете во полиција 192




Телефонските контакт броеви на СОЦИЈАЛНИТЕ ЦЕНТРИ во државава по градови....

Ред.бр

Центар за социјална работа

Телефон

1.

ЦСР Берово

033/470-641; 471-072

2.

ЦСР Битола

047/231-641

3.

ЦСР Македонски Брод

045/274-137; 274-138

4.

ЦСР Валандово

034/ 382-670;

5.

ЦСР Виница

033/361-305; 360-305

6.

ЦСР Гевгелија

034/213-797;

7.

ЦСР Гостивар

042/217-645; 213-431

8.

ЦСР Дебар

046/ 831-400;

9.

ЦСР Делчево

033/411-736; 410-300

10.

ЦСР Демир Хисар

047/276-751; 277-751

11.

ЦСР Кавадарци

043/414-456;

12.

ЦСР Кичево

045/220-661; 225-326

13.

ЦСР Кочани

033/274-139; 274-141                      

14.

ЦСР Кратово

031/481-228

15.

ЦСР Крива Паланка

031/372-245; 375-200

16.

ЦСР Крушево

048/476-866;

17.

ЦСР Куманово

031/ 438-160;

18.

ЦСР Неготино

043/361-488; 363-788; 365-238

19.

ЦСР Охрид

046/260-707; 

20.

ЦСР Прилеп

048/424-595; 421-702;

21.

ЦСР Пробиштип

032/483-127;

22.

ЦСР Радовиш

032/635-601; 431-065;

23.

ЦСР Ресен

047/452-552;451-419;451-775;

24.

ЦСР Свети Николе

032/443-305; 444-456;

25.

ЦСР Скопје

02/3297-700; 3297-703;

26.

ЦСР Струга

046/786-976; 783-401;

27.

ЦСР Струмица

034/ 325-401;

28.

ЦСР Тетово

044/ 339-060

29.

ЦСР Велес

043/231-355 , 231-426

30.

ЦСР Штип

032/385-031;

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.