IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска Серија А
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска Серија А

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 9>
Автор
Порака
окик Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај окик Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2010 во 19:49
Копа Италија

Денес
Фиорентина - Емполи
Утре
Фросиноне - Реџина
Удинезе - Падова
Виченца - Асколи
Аталанта - Ливорно
Чезена - Новара
Волоња - Модена
Бреша - Читадела
Каљари - Пјаченца
Кротоне - Албинолефе
Катаниа - Варезе
Лече - Сиена
Лацио - Портогруаро
Четврток
Киево - Сасуоло
Бари - Торино
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2010 во 05:17

Легендарниот Дел Пиеро го замрзна Милан на Сан Сиро


Тимот на Јувентус се врати во борба за титулата во Серија А, откако во деветото коло го совлада својот вечен противник Милан на Сан Сиро со 2-1.

Херој за гостите по кој знае кој пат беше капитенот на тимот Алесандро Дел Пиеро, кој го постигна својот 179. погодок во италијанската елита во 65. минута, станувајќи единствен фудбалер на Јуве со толку погодоци, претекнувајќи ја легендата на Старата Дама, Џампиеро Бониперти.

Фабио Кваљарела го откри резултатот во 24. минута со глава со првиот погодок во својата кариера против росоњерите, а Златан Ибрахимовиќ беше прецизен за домашните во 83. минута исто така со глава.

Шведскиот таран го постигна првиот погодок против поранешниот свој тим но немаше среќа да му донесе поени на својот тим откако во последните моменти од средбата не успеа да израмни во текот на првото полувреме ја погоди и гредата.

Со ова Јувентус веќе има 15 освоени поени и се искачи на четвртата позиција, додека за росоњерите ова беше втор пораз сезонава но сепак останаа на третата позиција со 17 поени.

Во текот на неделата што претстои миланскиот гигант ќе игра против Реал Мадрид во дебито на Европа во Лигата на Шампионите, по што му гостува на Бари.

Од друга страна Јувентус го пречекува тимот на Ред Бул Салцбург во Лига Европа а во недела и гостува на Чезена во 10. коло на калчото.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 13:45
Без голови на последниот натпревар од деветтото коло во Серија А

Рим, 1 ноември 2010 (МИА) - Со натпреварот меѓу Катанија и Фиорентина кој заврши 0:0 синоќа беше комплетирано деветтото коло во италијанското фудбалско првенство.

Лидерот Лацио ја продолжи победничката серија. Тимот од Рим на гостувањето кај Палермо славеше минимална победа од 1:0, со што стигна до четвртиот триумф во низа и направи серија од седум мечеви без пораз.

Во дербито Јувентус славеше победа на гостувањето кај Милан, резултат што му одговараше на актуелниот шампион Интер кој со победата кај Џенова, се проби на второто место на табелата.

Резултати од 9.коло во Серија А: Џенова – Интер 0:1, Рома – Лече 2:0, Милан – Јувентус 1:2, Палермо – Лацио 0:1, Бари – Удинезе 0:2, Бреша – Наполи 0:1, Каљари – Болоња 2:0, Чезена – Сампдорија 0:1, Парма – Киево 0:0 и Катанија – Фиорентина 0:0.

Табела: Лацио 22 бодови, Интер 18, Милан 17, Јувентус и Наполи по 15, ...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 14:22
Зошто Лацио е прв, а Интер втор на табела?
 
Затоа што Интер го има Пандев, а Лацио го нема. изненадување
 
голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 05:34
Тоти нема да игра против Лацио      
 

Франческо Тоти е суспендиран на еден дуел во Серија А и ќе го пропушти римското дерби против Лацио, откако Италијанската фудбалска федерација го санкционираше за црвениот картон заработен на дуелот со Лече изминатиот викенд...

Капитенот на Рома заработи исклучување поради вербален дуел со противничкиот фудбалер Рубен Оливеира. Расправијата се случи откако при акцијата за постигнување на вториот гол за "римската волчица", Тоти беше сопнат од Оливера.

Постоеа и стравувања дека Тоти ќе добие поголема казна со оглед на тоа дека по исклучувањето, играчот се стрча кон тунелот што води до соблекувалните за физички да се пресмета со Оливеира. Освен црвен картон Тоти ќе мора да плати и парична казна од 20 000 евра.



Изменето од емил - 03.Ноември.2010 во 05:35
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2010 во 20:31

Во градското дерби кое имаше неколку бизарни ситуации, Рома со 2:0 беше подобра од лидерот Лацио, а двата гола беа постигнати од белата точка. Победи и за Милан, Јувентус и Наполи.

Сосема очекувано, сите средби од ова десетто коло во Серие А беа во сенка на 133. римско дерби помеѓу Лацио и Рома. Во крајно интересна и бизарна средба славеа “госитите“ кои по двата прецизно изведени пенали ја однесоа победата од 2:0.

Играчите на Лацио со право имаат основа да жалат за нивниот прв домашен пораз сезонава. Двете најстроги казни можеби беа престрого досудени за Рома, но кога веќе имаше таков критериум главниот судија мораше во најмалку една, а веројатно и две ситуации да досуди пенал и во корист на Лацио.

Најпрво, Рома поведе во 52. минута преку Марко Бориело, кој некако успеа да го совлада од белата точка Фернандо Муслера. Уругвајскиот голман ја имаше топката, но таа некако успеа да се протне под него и да заврши во мрежата. На пеналот претходеше ненамерното играње со рака на Лихштајнер по ударот на Симплисио.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 87. минута кога беше досуден вториот пенал за Рома, а прецизен беше Мирко Вучиниќ. Главниот судија оцени дека имало прекршок за пенал од страна на Андре Диас врз Баптиста, а Црногорецот беше многу посигурен изведувач од Бориело.

Но, “бјанкочелестите“ во три спорни ситуации самите бараа пенал и за нив. На два пати Симплисио играше со рака, а во еден дуел пред гол-линијата имаше прекршок над Маури од страна на Рисе. Сепак, судијата не се одлучи да покаже на белата точка и се очекува да биде на удар на медиумите и раководството на Лацио по оваа средба и нееднаквото делење на правдата.

Со оваа победа Рома ја прекина низата од пет победи едноподруго на Лацио, кој и покрај тоа останува лидер на табелата со два бода предност пред вториот Милан.

“Росонерите“ по победата во Бари од 3:2 сега имаат 20 бодови, еден повеќе од градскиот ривал Интер. Стрелци за Милан беа Амброзини уште во четвртата минута, Фламини во 31. и Пато во 72. минута.

Победа оствари и Јувентус, кој по минусот од 0:1 на свој терен против Чезена постигна три гола за конечни 3:1. Најпрво од пенал во 31. минута изедначи Дел Пиеро, 12 минути подоцна Кваљарела му донесе водство на Јуве од 2:1, а Јакинта во 88. минута зголеми на 3:1.

Наполи со двата гола на Кавани со 2:0 беше подобар од Парма. Сега Уругваецот со осум вкупно погодоци сезонава го дели првото место на листата на стрелци со Самјуел Ето.

РЕЗУЛТАТИ И ПАРОВИ НА 10. КОЛО:

Фиорентина - Киево 1:0
(Черчи 10)

Бари - Милан 2:3
(Кутузов 65, Барето 90 - Амброзини 4, Фламини 31, Пато 72)

Јувентус - Чезена 3:1
(Дел Пиеро 31 пен., Кваљарела 43, Јакинта 88 - Хименез 11)

Лацио - Рома 0:2
(Бориело 52 пен., Вучиниќ 87 пен.)

Наполи - Парма 2:0
(Кавани 19, 86)

Сампдорија - Катанија 0:0

Удинезе - Каљари 1:1
(Флорес 44 - Конти 12)

Палермо - Џенова (20:45)

Сабота:
Болоња - Лече 2:0
(Ди Вајо 84, Хименез 85)

Интер - Бреша 1:1
(Ето 73 пен. - Карачоло 14)

ТАБЕЛА: Лацио 22, Милан 20, Интер 19, Јувентус 18, Наполи 18, Сампдорија 15, Рома 15, Киево 14, Удинезе 14, Фиорентина 12, Палермо (-1) 11, Џенова (-1) 11, Болоња 11, Лече 11, Каљари 11, Катанија 11, Бреша 10, Парма 8, Чезена 8, Бари 8.



Изменето од емил - 07.Ноември.2010 во 20:32
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2010 во 17:05
Вонредно 11. коло во Серија А!
 

Денеска во Италија се игра вонредното 11. коло во Калчо лигата.

 

Водечкиот Лацио гостува кај Чезена, Росонерите на Сан Сиро го пречекуваат сицилијанскиот гостин Палермо, осакатениот Интер му гостува на Лече, а Рома на домашен терен ја пречекува Фиорентина.

Натпреварите започнуваат во вечерниот термин од 20.45 минути а двојките за денеска се:
Каљари - Наполи
Катанија - Удинезе
Киево - Бари
Џенова - Болоња
Лече - Интер
Милан - Палермо
Рома - Фиорентина 
Чезена - Лацио
Бреша - Јувентус

Колото се комплетира во четврок со натпреварот Парма - Сампдорија

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 15:39
Милан го презема лидерското место од Лацио во Серија А
 
Со головите на Пато, Ибрахимовиќ од пенал и Робињо, Милан го совлада Палермо и конечно по подолго време се искачи на лидерската позиција во Серија А. Тренерот на тимот од „Сан Сиро“, Масимилијано Алегри призна дека нговиот тим имал доста среќа и како клучен момент на натпреварот го посочи пеналот кој беше досуден во корист на неговиот тим во 77 минута при резултат 1-1. 
 
„Росоњерите“ одлично го искористија киксот на Лацио, кој загуби минимално на гостувањето кај Чезена. Езекиел Лавеци во последните секунди од натпреварот му донесе победа на Наполи на гостувањето кај Каљари и со овие три бода тимот се искачи на третото место на табелата пред Интер и Јувентус, кои остварија идентичен резултат 1-1 на гостувањата кај Лече, односно Бреша.
 
Екипата на Рома врза три победи по ред во Серија А, и по триумфите над Лече и Лацио, најнова жртва на избраниците на Клаудио Раниери беше тимот на Фиорентина.
 
 
 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 07:50
Росоњерите ја добија битката за Милано
 
Милан го доби големото градско дерби против Интер, Росоњерите и по 12то коло останаа на врвот во Серија А.
12. коло во Серија А помина во знакот на големото градско дерби помеѓу Интер и Милан, кое го добија Росоњерите минимално со 1-0.

Интер играше како домаќин, го имаше најголемиот дел од публиката на своја страна, но Рафа Бенитез не успеа да ја најде добитната тактика за овој голем натпревар.

Дербито не понуди многу возбудувања, без ниту една 100% шанса и на двете страни, голот падна уште на стартот.

Марко Матераци направи прекршок за пенал врз Ибрахимовиќ, Швеѓанецот го изведе ударот од белата точка, погоди и му нанесе пораз на својот поранешен тим.

Горан Пандев го одигра вториот дел од натпреварот, беше главниот "виновник" што Интер последните 30 минути ги одигра со фудбалер повеќе откако изнуди втор жолт картон за Абате.

Но, Интер не успеа да ја искористи предноста од фудбалер повеќе, не го загрози сериозно голот на Абиати, Милан беше тимот кој се радуваше на голема победа.

Во ова коло се одигра и големото дерби помеѓу Јувентус и Рома кое заврши без победник 1-1.

Јакинта во 35та и Тоти од пенал десет минути подоцна беа стрелците на погодоците.

Дерби се одигра и во Рим каде што Лацио со 2-0 го победи тимот на Наполи.

Зарате и Флокари погодиција за Лацијалите враќајки го неколку саати тимот на врвот во лигата, се до миланското дерби.

Сицилијанското дерби помеѓу Палермо и Катанија го реши Хавиер Пасторе кој постигна хет-трик во натпревар кој го добија домаќините со 3-1.

Фиорентина со 1-0 ја победи Чезена, идентично како и Болоњ над Бреша, Сампдорија одигра само 0-0 против Киево.

Парма славеше гостинска победа над Бари со 1-0, Џенова со истиот резултат победи кај Каљари, најубедлив беше Удинезе славејќи над Лече со 4-0.



Изменето од емил - 15.Ноември.2010 во 07:51
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 11:56
Бенитез: Го загубивме дербито но не и Скудетото
Рафа Бенитез вели дека нивните планови биле уништени со раниот погодок на Ибра и додава дека иако Интер го загубил дербито со Милан, до крајот на сезоната има уште многу да се игра
Кризата на Интер продолжува откако актуелниот шампион на Италија и Европа вчера загуби во градското дерби со Милан.

Рафа Бенитез по натпреварот уште еднаш побара ангажман на нови фудбалери во јануари и додава дека клубот треба да започне да победува уште на следната средба со Киево.

“Мислам дека на Интер не му недостасуваше карактер.” – рече Бенитез по натпреварот за Sky Sport Italia.

“Милан одигра добро, но за жал по погодокот од пенал, се се промени.”

“Нашиот противник правеше многу прекршоци, и секогаш е тешко да развиете игра при таква ситуација. Се обидовме да го контролираме натпреварот но ни беше тешко.”

“Потоа, кога имавме играч повеќе, се обидувавме и се обидувавме но бевме нетрпеливи при изградбата на акциите.”

Бенитез потоа објасни каде Интер го загубил натпреварот: “Ја губевме топката на средината од теренот, тие работеа многу добро во одбраната, но потребно е да имаме поголем посед и подобро да се движиме.”

“Дали ова беше правилна формација за тимот? Во првото полувреме Милан имаше повеќе контрола, но во вториот дел напаѓавме во континуитет.”

“Доколку ја движевме топката побрзо ќе имавме повеќе простор, како што беше случајот во второто полувреме.”

“Но на овој натпревар не можевме да најдеме простор, Милан работеше напорно за да ги затвори сите приоди.”

“Целиот натпревар се промени со пеналот што беше досуден по само пет минути.“

За тие што обвинуваат дека Интер игра полошо од минатата сезона, Бенитез одговори: “Верував дека на почетокот од сезоната игравме многу добро, денска не беше така.”

“Минатата сезона тимот победи на голем број натпревари кон финишот на сезоната, најмногу благодарејќи на погодоците на Милито.”

“Тимот секогаш гледа кон него и Снајдер за идеии, играчи кои сеуште не се 100% фит и не се на нивото од минатата сезона.”

За Mediaset Бенитез потоа додаде: “Шест бода зад лидерот не е убаво, но шампионатот е долг, потребно е веднаш да се вратиме на победничките патеки и да славиме на дуелот со Киево.”

“Јасно е дека во јануари ќе треба да направиме нешто но ве меѓувреме треба да започнеме да победуваме.”

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2010 во 14:30
Среда, 17 Ноември 2010 13:48

Бившиот селектор на Италија од клупата на националната селекција стигна до клупата на калчолигашот од Сардинија.

Во понеделеникот управата на Каљари му врачи отказ Пјерпаоло Бисоли, а еден ден подоцна за негов наследник го именуваше Роберто Донадони.

Ниту оваа сезона Каљари не може да се пофали со добри резултати во Серие А и по 12. кола има само две победи, а во претходните две средби доживеа пораз дома од Наполи во последните секунди и на гостувањето во Џенова.

Жртва мораше да биде Бисоли, кој на почетокот на оваа сезона беше донесен како нов тренер по заминувањето на Масимилијано Алегри на клупата на Милан.

“Сакам да успеам со Каљари. Имам голем мотив и желба и оваа работа ја прифатив по само неколку реченици со претседателот на клубот“ - изјави Донадони, кој потпиша договор до крајот на оваа сезона.



Изменето од емил - 17.Ноември.2010 во 14:31
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2010 во 08:42

Киево прва можност за поправен за Бенитез

Според италијанските медиуми, Интер планира да се раздели со шпанскиот тренер Рафа Бенитез доколку продолжи со лошите резултати и неубедливите игри. Екс-стратегот на Ливерпул доби две средби да ја поправи сликата и да ги врати шампионските амбиции, во спротивно ќе заработи отказ

Првиот тест е Киево, меѓутоа ситуацијата е навистина алармантна бидејќи на ова гостување нема да смета на еден куп на играчи поради повреди. Во "аут" се Диего Милито, Сулеј Мунтари, Мајкон, Тиаго Мота, Џоел Оби, Валтер Самуел и Мекдоналд Марига, а од средата ним им се приклучи и дефанзивецот Кристијан Киву. Романецот се повреди за време на дуелот со Италија во средата, а медицинските прегледи извршени во четвртокот покажаа дека се работи за истегување на мускулот на десната нога и ќе мора да паузира две недели.
Дербито ова коло се игра на Сан Сиро каде Милан ќе ја пречека Фиорентина. Лидерот е во одлична триумфална серија, а Фиорентина грчевито се бори за стабилизирање на формата и резултатите. "Росонерите" одиграа три фантастични натпревари во серија преку кои се искачија на чело на табелата во Калчото. Нивните амбиции се јасни. Да се задржи оваа позиција, а за тоа е потребна победа над тимот од Фиренца.

СЕРИЈА "А" 13.КОЛО
САБОТА

РОМА - УДИНЕЗЕ 18 ч.
МИЛАН - ФИОРЕНТИНА 20:45
НЕДЕЛА
ЏЕНОВА - ЈУВЕНТУС 12:30
БРЕША - КАЉАРИ 15 ч.
КАТАНИЈА - БАРИ
ЧЕЗЕНА - ПАЛЕРМО
КИЕВО - ИНТЕР
ЛЕЧЕ -САМПДОРИЈА
ПАРМА - ЛАЦИО
НАПОЛИ - БОЛОЊА 20:45

Од.

Поб.

Нер.

Пор.

гол-р.

поени

1. Милан

12

8

2

2

21:11

26

2. Лацио

12

8

1

3

15:9

25

3. Наполи

12

6

3

3

18:13

21

4. Интер

12

5

5

2

13:7

20

5. Јувентус

12

5

5

2

23:13

20

6. Рома

12

5

4

3

15:15

19

7. Палермо

12

4

2

5

17:16

14

8. Удинезе

12

4

2

5

9:12

14

9. Џенова

12

4

2

5

9:11

14

10. Сампдорија

12

3

6

2

11:9

15

11. Киево

12

4

3

4

11:10

15

12. Фиорентина

12

3

3

5

12:13

12

13. Катанија

12

3

5

3

9:8

14

14. Парма

12

2

5

4

7:10

11

15. Болоња

12

2

5

3

10:15

11

16. Лече

12

2

6

7

8:18

12

17. Каљари

12

2

5

4

11:10

11

18. Бреша

12

3

2

6

10:14

11

19. Чезена

12

3

2

6

8:14

11

20. Бари

12

2

3

6

9:18

9




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2010 во 17:50

Мизеријата на Интер продолжува, нов пораз на Нероазурите!

Нов пораз на Интер, шампионот загуби на гостувањето кај Киево, Јувентус славеше гостинска победа против Џенова.
Кризата на Интер продолжува, Нероазурите загубија на гостувањето кај Киево со 2-1.

Шампионот се соочува со огромен број на повредени фудбалери, но и оние кои ги има на располагање Рафа Бенитез се доволно силни за да слават против тим како Киево, сепак тоа не се случи.

Интер тргна добро во овој натпревар, Пандев ја имаше првата голема прилика, но ја погоди само стативата од голот на Киево.

Резултатот беше отворен во 29та минута кога Пелисие со глава реализираше за водство на Киево од 1-0.

Во продолжението од натпреварот Интер јалово се обидуваше да го израмни резултатот, Киево создаваше шанси од контра напади.

На осум минути пред крајот на натпреварот, Москардели постигнува погодок и ги решава сите дилеми.

Пред последниот свиреж на судијата, Интер преку Ето успеа само да го намали резултатот на 2-1.

Горан Пандев ги одигра сите 90 минути, но беше под нивото исто како и целиот тим на Интер.

Јувентус славеше на гостувањето кај Џенова, Красиќ уште еднаш ги покажа своите квалитети.

Јуве поведе со автоголот на Едуардо во 18та минута, Красиќ ги постави конечните 2-0 пет минути подоцна.

Лацио одигра без победник на гостувањето кај Парма, натпреварот заврши 1-1.

Креспо во 23та минута постигна гол за водство на Парма, Лацио израмни преку Флокари во 45та.

Палермо забележа гостинска победа кај Чезена, славеше со 2-1.

Иличиќ во 11та минута му донесе водство на Палермо, но 13 минути подоцна Чезена израмни преку Богдани.

Во 51та минута, Миколи биеше прецизно за победа на Палермо од 2-1.

Сампдорија со 3-2 славеше на гостувањето кај Лече.

Пацини со хет-трик беше играчот на натпреварот за гостите, головите кај Лече ги постигнаа Ди Микеле и Диамотене.

Во останатите натпревари Катанија го победи Бари со 1-0, Каљари славеше кај Бреша со 2-1.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 12:28
Победи на водечките три екипи во Серија А

Рим, 6 декември 2010 (МИА) - Милан, Лацио и Јувентус постигнаа победи и освоија нови три бода по одигрувањето на 15.коло во Италијанското фудбалско првенство.

Екипата на Јувентус синоќа славеше победа на гостувањето кај Катанија со 3:1, Милан претходно со 3:0 ја победи Бреша, а Лацио беше поуспешен од шампионот Интер и победи со 3:1. Горан Пандев го постигна единствениот гол за „неро-азурите“, а воедно тоа беше негов прв погодок оваа сезона во Серија А.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Киево - Рома 2:2, Чезена - Болоња 0:2, Фиорентина - Каљари 1:0, Лече - Џенова 1:3, Парма - Удинезе 2:1 и Сампдорија - Бари 3:0.

За вечерва е закажано сицилијанското дерби Наполи - Палермо, натпревар по кој ќе се комплетира 15.коло.

На табелата води Милан со 33 бодови, пред Лацио со 30, Јувентус 27, и Наполи кој има 24 бодови и наттпревар помалку. По нив од 5-тото до 8-то место, следуваат четири екипи со по 23 бода, Палермо (-1 натпревар), Интер, Сампдорија и Рома.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.