IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Григор Прличев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Григор Прличев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Григор Прличев
    Испратена: 27.Август.2010 во 16:32
Григор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1829 - Охрид, 6 февруари 1893) e поет, преведувач, беседник, хроничар, прозаист, просветител, народен деец, борец, јазикознаец и еден од најголемите творечки гении од Македонија во 19 век. Автор е на неколу дела, меѓу кои Сердарот, Скендербег, Автобиографија и препев на Хомеровата Илијада.

На 25 март 1860 година, Григор Прличев со поемата Сердарот, ја однел првата награда за најдобра поема на традиционалниот книжевен конк*рс што се одржувал секоја година во Атина. Тој станал овенчан поет и бил наречен Втор Хомер, подвиг кој дотогаш никој не го направил.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 16:33




Првите години
Прличев се родил во Охрид и потекнувал од сиромашно семејство. Уште како мал останал без татко му Ставре, а за фамилијата која се состоела од од три машки и едно девојче се грижеле неговата мајка Марија и неговиот дедо. Бедата на неговото семејство била толку голема што поради немање обувки дедо му на грб го носел до училиште . Мајката на Прличев за да го прехрани семејството работела како аргатка по туѓи куќи и од неа тој ја слушнал поговорката: Работата е здравје и чест. Но, во својата Автобиографија со тага истакнува дека кога ја видел мајка си како го носи тешкиот ќилим на глава и кога никој не сакал да и помогне:„     ... јас плачев, како некој да беше ја убил мајка... Како ќе се живеј? - си мислев јас и таа мисла остана царица на сите мои мисли“
Школувањето во Охрид

Првата писменост ја добил од својот дедо и од него го научил да чита грчко писмо. Грчкото писмо, култура, јазик и просвета од тогаш ќе бидат повеќе од четвртина век постојано присутни во животот на Прличев и под нивно влијание се развил како интелектуална и поетска личност.

Откако го совладал основното читање неговиот дедо го запишал во грчко келијно училиште и го помагал сè додека можел. За своето прво образование Прличев истакнува:

Бев едвај четриригодишен, кога дедо ми достави еден грчки буквар по најстарата метода и ме изучи на имињата од буквите алфа, вита и др., што ги распознав за неколку дена. Но кога почна да ме учи на срицање вита - алфа = ва, вита - епсилон = ве, таквото учење ми се виде сосема чудно и си мислев со слабиот мозок како е можно два цели збора да се рамни на еден слог?.

Пред да умре дедото на Прличев целиот свој имот го оставил на неговата мајка која морала да даде заклетва дека нема да му дозволи на Прличев да работи и дека ќе го школува. Така Прличев сè до својата осумнаестта година е во Охрид и се школува кај неколку учители.

Школувањето во Охрид неколкупати го прекинувал за да ѝ помага на својата мајка така што тој продаваал муренки, препишуваал грчки ракописи за богатите чорбаџии и им помагал на богатите деца во учењето. Во последните годинии од школувањето во Охрид негов учител станува Димитрија Миладинов.
Во Тирана

Откако го завршил школувањето тој се вработил како терзија, а малку потоа се нашол како учител во Тирана. Тогаш Прличев веќе совршено го владеел грчкиот јазик и го читал Хомер. Меѓутоа, во Албанија се задржал краток период и со заштедените пари се вратил во Охрид сакајќи да го продолжи образованието. Таму од блиските и роднините бил советуван да замине во Атина и да студира медицина. За тој судбоносен момент Прличев истакнува:„     Тогаш ми се решаваше судбината... Не се најде ниеден да ме посоветува да одам во Русија... А пак тогаш само името на Атина и Јанино звучеше у нас “

Грчкиот период (1840 - 1861)
Во Атина

Aтинскиот акропол со Партенон на врвот

Медицината не го интересирала, а најомразен од сите предмети му бил анатомија. Затоа најголемиот дел од времето го поминувал следејќи ги литературните манифестации и во читање на Хомер како што самиот вели:„     ... често пишував стихови и ги изложував на црните табли на Универзитетот и со благодарност слушав пофалби     “




Сиромаштијата го следела и во Атина. Еден угледен охриѓанец и весникар, Јоан Сапунџиев го видел во сиромашна облека и со бледо лице и му ветил дека ќе се заземе да добие стипендија од едно богато завештение на еден Македонец, наместо исклучиво за сиромашните Македончиња. Но обидот останал неуспешен, а тој разбрал дека местата биле зафатени од тамошните и започнал да ги користи сопствените интелектуални способности за да се издржува. Поради таквата состојба Прличев истакнува дека:„     Му ја препишав целата философија на Јоан Филипов за два талира“




За оваа плата Прличев изјавува дека сакал од мачнина да му ја фрли во лице, а кога му го дале ја дале најмрачната соба во куќата, сопственикот го прашал да не е болен, на што Прличев за себе заклучил: „И имаше право, јас бев болен од сиромаштија“. Прличев по совет на Ангеле Групче се запишал на медицина и тоа поради благородна цел:„     Зашто бев страдал и сакав да лечам човечки страдања.     “




Тогаш во Атина најталентираниот грчки поет бил награден и овенчан со ловоров венец, а тоа предизвикало воодушевување кај Прличев и се јавила желба да напише поема со која тој ќе го освои венецот. Но Прличев поради недостиг на пари и поради болест бил принуден да се врати во Македонија.
Учителствувањето во Македонија (1849 - 1859)

За овој период од својот живот Прличев имал малку напишано. Откако закрепнал во Охрид, решил да собере пари за да се врати во Атина и работел како учител во Долна Белица за плата од 3.000 гроша годишно. Од Долна Белица заминал за Прилеп како учител, а потоа станал учител во родниот град Охрид и таму останал шест години. Прличев успеал да собере 5.000 гроша и во август 1859 година повторно заминал за Атина каде, покрај студиите по медицина, продолжил да пишува и стихови.


Земајќи ја предвид одбивноста на Прличев кон медицината, тој најверојатно во Атина се вратил за да се афирмира на литературен план.

Тогаш во Атина за кратко време Прличев ја напишал поемата Сердарот и ја предал на конк*рсната комисија во февруари 1860 година.

Според автобиографијата, 25 март 1860 година во Атина се случил највозвишениот миг во творечкиот живот на Прличев. Пред многубројната публика грчкиот критичар Александар Ризос Рангавис објавил дека на анонимниот конк*рс венецот се доделува за поемата Сердарот (грчки: Ο Αρμάτωλος). За тој момент Прличев тврди:„     ... Почувствував едно неописиво волнение какво никогаш не усетувал... Прекумерната радост е поубиствена од жалта.      “




Тогаш на радост Прличев истакнува дека е неблагородно да се каже сè што се пишувало за поемата Арматолос, но треба да се истакне дека гиманазијархот П. Псарас ги искажал следите зборови:„     Општа радост е во Атина што ни се јавил Втор Хомер“




Додека пак главниот критичар Александар Ризос Рангавис исткнува дека Арматолос е:„     творба на чудотворно длето... секој стих светка како чист бисер.“




Меѓутоа, според некои толкувачи на Прличевото дело, во тој момент на триумф започнува творечката трагична драма на поетот Григор Прличев. Самиот Прличев со горчина забележува:„     Венецот стоеше на великолепно украсена маса пред Рангависа, но тој не ме повика да ми го даде пред публиката, како што стануваше другите години. Зошто? Главната причина е што не му мирисаа на грчки имињата што звучеа во поемата Стан, Раде, Неда, Галичник, Река “




Според толкувачите таквиот однос најверојатно предизвикал траума кај младиот и горд Прличев. Тој не ѝ се обратил на публиката дека е автор на поемата и си заминал уште пред да се растури собранието кое било собрано во чест на венецоносецот.

Во својата автобиографија Прличев го опишува и своето второто понижување. Тој заминал во станот на Рангавис и му кажал дека тој е авторот на поемата, а Рангавис тогаш сватил дека Прличев не е грк.

По три дена Прличев бил повикан од универзитетските власти и пред нив бил принуден да ја рецитира поемата за да докаже дека е нејзин автор.

Треба да се истакне дека откако увиделе дека тој е автор на поемата му била дадена наградата која била во сребро, а требала да биде во злато.

Тој се откажал од половина од наградата за благородни цели и од месечната пензија која му била доделена од грчкиот крал Отон. Понатаму во својата автобиографија самиот поет заклучува дека тие сакале да го посветаат на грчка служба и поради тоа го одбил студирањето во Оксфорд или Берлин .


И покрај сета преданост кон грчката култура, при сиот творечки успех во поезијата на грчки јазик и пофалните зборови на Рангавис, Прличев бил понижен и тоа кај него предизвикало презир и раскинување со Грција. Меѓутоа, пред целосно да раскине со Грција, Прличев ја создал поемата Скендербеј која ја работел речиси цела година и со неа се јавил на конк*рсот за најдобар поет за 1861 година кој требало повторно да се одржи во Атина.

Рангавис повторно бил главен критичар и повторно дал највисока оценака за новото дело на Прличев. Меѓутоа конк*рсот во 1861 година не се одржал, а самиот Прличев заклучува дека конк*рсот бил откажан за да не му биде даден венецот.

Сите овие околнисти допринеле Прличев да се откаже од грчкиот јазик, култура и дух, а дополнително кај него огорченоста била зголемена поради натписот во весникот Балкански лебед каде пишувало за смртта на Браќата Миладиновци . За овој настан самиот поет истакнува:„     Останав како статуа недвижен и безодветен, но моето срце го колнеше грчкото духовенство... Си ги прибрав рабокиве... и тргнав со цврсто решение да гинам или да одмаздам за Миладиновци.      “




По овие настани Прличев се вратил во Охрид, го напуштил својот поетски сон и се посветил на будење на народот низ просветување и со тоа завршува неговиот приод во кој стекнува полна афирмација во грчката книжевност.
Бугарскиот период (1861 - 1883)
Борбата против Цариградската Патријаршија


Во тој период влијанието на митрополитетот Мелетиј и фанариотите сѐ уште било силно, но охридското граѓанство ја започнала борбата за ослободување од црковната власт на Цариградската патријаршија. Треба да се истакне дека, борбата против Патријаршија била водена заеднички од страна на неселението во Македонија и Бугарија, а меѓу главните барања кој биле поставувани во оваа борба е обнова на Охридската архиепископија. Спомените за Архиепископијата биле особено силни во Охрид и неговата околија, отука охриѓани биле едни од најжестоките противници на Патријаршија и погрчувањето кое таа го носела со себе.

Оваа борба со текот на годините се повеќе се разгорувала и самиот поет зел учество во неа. Во летото 1866 година Прличев успеал да ги убеди ќурчиските трговци и занаетчии да создадат финансиска каса за подршка на борбата против фанариотите.

Прличев започнал да држи слова на народен јазик, а едно од тие слова е онаа за св. Климент кое било објавено во цариградскиот весник Македонија на 22 јули 1867 година.

Следната година во истиот весник на 24 мај зедно со Јаким Сапунџиев ја објавува статијата за состојбата на школството во Македонија.

Прличев увидувајќи дека слабо го владее писмениот јазикот што преку цариградските бугарски весници бил ширен во Македонија решил да замине за Цариград и таму да се поучи на словенски .

Таму пет месеци учи кај бугарскиот учител и журналист Иван Најденов, а потоа се враќа во Македонија. Тогаш во Охрид веќе се започнало со воведување на бугарскиот јазик во црквите и училиштата.

Сета оваа дејност била на штета на Патријаршија и затоа митрополитот Мелетиј го наклеветил Прличев пред турската власт и таа го затворила.

Потоа некое време Прличев бил затворен во дебарската зандана, а потоа кај дебарскиот владика и во април 1869 година се вратил во Охрид.

Во овој период Прличев наполно се оделил од литературното творештво поради зафатеноста во борбата против Патријаршија но и поради прекинот со грчкиот јазик.

Имено Прличев неможел веднаш да се сврти дирекно кон народниот јазик кои бил исполнет со грцизми и турцизми и неможел да го исползува за поетско творештво.

Во тој период ја прифатил словенската пишана реч особено црковно - словенската. Тогаш Прличев ја создава песната Хилјада и седемстотин шестдесет и второ лето која долго се пеела по смрта на Прличев, а и денес се уште може да се слушне во Охрид.

Оваа песна покрај македонската јазична основа има и бугарски и црковнословенски елементи. Кога зборува усно пред своите сограѓани Прличев се користел со народниот говор„     А ние бедни, само името го слушаме оти викает светено писание, а што пишит во него, баре хабер немаме. Се пеет, ание не разбираме, туку стојме како зграгорени, јазик, јазик свој си имавме и го погазивме, сите народи си учат свој јазик, а само ние учиме јазик чужди најм’чен. Децата пеет на училиште и не рзабирает, затова учет без севда и слепи останвет “




Во пишаните текстови Прличев се стреми јазикот да му биде што поодалечен од народниот говор и да биде што поблизок до книжевниот бугарски јазик. Во тој период, Прличев бил обземен и од пан - словенската идеја и почнал да создава еден мешан јазик со кој започнува да пишува поезија сметајќи дека тој ќе биде повисок универзален јазик. Но самиот Прличев набргу ја сватил сопствената заблуда:„     На грчки пеев како лебед, а сега како буф “




Но самиот Прличев набргу ја сватил сопствената заблуда , според некои толкувачи, Прличев ја загубил моќта за творење, a Душко Наневски конкретно за овој проблем истакнува:„     Така, меѓу двете алтернативи, наместо натамошно совршенство, тој ја доживеал својата смрт за поезијата. Само оној кој знае што значи за поет да се загуби творечката моќ на зборот, може да ја свати трагиката на талент што се чуствува во жестокоста на оваа споредба “



Препевот на Илијада

На повик на цариградското бугарското спиание Читалиште Прличев се нафатил со препејување на Хомеровата Илијада. До списанието испратил дел од препевот и истакнал:„     Да се преведе Хомер е едно од најзнаменитите дела што би докажало дека нашиот народ напредува... Но знаете дека Хомер е долгословец и многупати дреме. Ќе се потрудам, по возмножност, да ги одбегнувам неговите недостатоци. Ќе бидам строг кон се што е излишно... Не ќе напишам ниеден стих излишен или студен, така што дејството да врви со испослински чекори... Би било безумно да преведувам точно, буквално. Тогаш мојата цел никако не е постигната. И така, преводот ќе биде слободен     “
Списанието уште во почетокот препевот на Прличев го поздравило како книжевно дело што ќе направи епоха во нашата народна книжнина. Меѓутоа Нешо Бончев кој бил прв литертурен критичар кај Бугарите во Периодично списание го критикува и иронизира препевот на Прличев. И според него Прличев:„     не го преведувал Омира, туку острижен им го предложил на Бугарите и го дополнил и украсил по свој вкус     “
Бончев во својата критика особено го нападнал јазикот на Прличев, начинот на препевање и произволните скратувања на Илијадата. Оваа критика силно го погодила Прличев и за тоа случување самиот тој во својата автобиографија пишува:„     Критикот пишуваше долго против мене. Не требаше толку. Бидејќи скаше да ме порази и да препорача свој превод, можеше да го каже само ова Прличев не знае бугарски, и тогаш јас навистина би бил поразен     “
Ваквото случување ќе го натера да се откаже од печатење на препевот, а самото дело го фрлил во оган .
Препевот на Сердарот и Скендербег

Прличев бил длабоко разочаран од приемот на бугарскиот литературен круг во кој меѓу другите влегувале Христо Ботев и Љубен Каравелов. Тие двајца во еден фељтон го исмевале и истакнувајќи дека е неспособен писател, а самиот Прличев ќе се создаде една творба под наслов Гр. С. Прличев, убитиј б’лгарами. Сето тоа допринело да се повлече во себе и опкружен со книги ќе се нафати на препевање на своите поеми Сердарот и Скендербег. Првата поема ја препеувал неколкупати и во овие препејувања ќе се чуствува родниот јазик на Прличев но постепено ќе еволуира во општословенскиот есперанто кои сакал да го создаде.
Пансловенскиот период
Конфликтот со митрополитот Натанаил Кучевишки

Борбата против елинизмот во Македонија прв ја повел Димитар Миладинов, а Прличев ја прифатил и ја водел од 1861 година. Во 1874 година верниците на Охридската епархија со гласање решиле да се подчинат на Бугарската егзархија, Македонците бегајќи од Цариградската Патријаршија која со себе го носела погрчувањето се приклонувале кон Егзархијата, но наишле на егзархиска стапица која била поставена врз словенска основа но со тенденција да бугаризира , а подоцна на таквата егзархиска црковно-просветна пропагнада Македонците се спротиставиле. Така во Охрид доаѓа Натанаил од Бугарската Егзархија, која охриѓани ја прифатиле како словенска црква. Прличев дури напишал и песна во негова чест :
Бога вишњaго да славим и честитаго Царја
и с’с радост да посрештнем добраго ни пастирја
Како прежде богом пратен Моисеј за Израил,
така сега царем пратен пастир наш Натанаил.
Окајанному народу врата раја отворил,
горки с’лзи стогодишни во вселјее претворил,
Сега кости миросани Патрика Арсенија
веселјатсја б’лгарскаго ради в’скресанија,
Добре ни дош’л си, Отче, слава нам и лепота!
Посетил си народ скрбен, что лежал во т’мнота.
Наши дрехи великденски пред тебе би постлали,
Но нам пастири л’жевни дрехи не оставили.
Пред стопи твои, Владико, цветја би усејали,.
но, под зверско им дишенје; цветја нам увенали.

Но набрзо се покајал за убавиот пречек. Како што пишува самиот:„     Какво беше неговото владикување, кои беа неговите погрешки, како отворено се разобличи, тука не е место да опишувам. Ќе го кажам само ова: уште во првата година на Натанаиловото владикување училиштето се разори ... Он (Натанаил) прати свој заптија, Турчин вооружен, којшто ме фати за мишки и при пискоти од моите ученици ме свлече по стрмната скала ... Колку чудно е што грчкиот владика Мелетија, најнепомирливиот мој непријател, цели осумнаесет години ме трпеше ... и никогаш не ме паделе, а првиот бугарски митрополит, очекуваниот месија, бесчесно го нападува Прличев од неговата татковина “
Кои биле причините за овој судир Прличев дирекно не кажува. Поради овој конфликт Прличев останал без својата служба во Охрид (Варош) и морал да замине како учител во Месокастро (сега дел од градот Охрид). Оваој настан допринел да се зголеми разочарувањето кај Прличев кое и онака постоело. Во Месокастро како учител останал три години и потоа заминал во Струга за учител поради притисокот на митрополитот Натанаил. Таму во 1878 година Прличев ја создава на општословенски јазик со изразени руски елементи одата Рабов освободитељу посветена на рускиот цар Александар. Во Струга успеал да собере 4 000 лири од кој половина испратил дома, а со останатите заминал во Бугарија на повик на македонската емиграција.
Во Бугарија

Надевајќи се дека ќе најде поприште за своите литературни амбиции, после 1870 година Прличев го свртел своето внимание кон Цариград и кон тогашните бугарски весници и списанија, затоа што во Македонија во тоа време не постоеле книжевни центри, ниту можност за книжевна дејност.

Пишува дописки од Македонија за весниците Право, Македонија, Зорница и за списанието Читалиште. Подоцна, (меѓу 1879-1881 година) минал извесно време во бугарската средина, и соработувал со софискиот весник Балкан .

На повик на македонската емиграција Прличев заминал за Софија. Меѓутоа кога пристигнал во Бугарија родољупците кој го поканиле станале невидливи. Прличев набргу бил назначен за учител по грчки јазик во Габровската гимназија, а кога грчкиот јазик како наставен предметен бил укинат, тој себеси се понудил за помошник директор на Народоната библијотека во градот но неговото барање не било прифатено.

Тогаш Прличев се почуствувал како туѓинец во бугарската средина и кај него се јавил кофликт меѓу бугарското созание и чуството дека ни Бугарите не го прифатле како свои .

Изменето од Македон - 27.Август.2010 во 23:10
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 17:10
Мунгосе, ти само теми отвараш и бегаш.

Ајде да ја појасниш последната реченица од материалот.

Цитирај Тогаш Прличев се почуствувал како туѓинец во бугарската средина и кај него се јавил кофликт меѓу бугарското созание и чуството дека ни Бугарите не го прифатле како свои .



ПС И зошто воопшто го славите Прличев?




Изменето од Каснакоски - 27.Август.2010 во 17:12
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 18:20
Македонскиот период 1883 - 1889

Прличев потоа се вратил во Македонија најпрво бил учител во Битола, а по две години бил повторно назначен за учител, како што тој самиот вели во својата татковина, во Охрид, а во учебната 1883/84 година станува наставник во Солунската егзархиска гиманзија.
Солунските години



Во 1883 година Прличев, ќе ја напише како одговор на барањето за соработка со софискиот неделен весник Балкан, автобиографски интонираната Мечта на еден старец, а една година подоцна таа ќе биде развиена во Автобиографија.

За учителските години во Солун постојат многу малку научни истражувања поради немањето интерес на грчката и бугарската наука за овој период, а од друга страна солунските години не се опфатени во неговата Автобиографија и покрај тоа што таа била создадена во Солун.

Во последните години за овој период од животот на Прличев се занимава науката во Македонија која што се обидува да даде дополнително светло за овие настани бидејќи во Солун бил сконцентриран најголемиот интелектуален потенцијал кој станал подвижник на најзначајните процеси во македонската национална историја .

Оваа своја македонска позиција Прличев ја афирмира некаде по 1882, по враќањето од Бугарија. Тогаш, ќе се настани за постојано во Солун, па од таму, во едно писмо до жена си ќе го запише и ова:„     Солун е срце, а ние вените на Македонија!      “




Истата година, во 1882 година, во еден допис до цариградскиот протестантски весник Зорница ќе се застапува за македонските гледишта врз јазикот и правописот на Словените во Европска Турција.
Влијанието врз младата македонска интелигенција

Каков бил погледот на самиот Прличев за градот Солун и Македонија дознаваме од неговото слово на св. Кирил и Методија кое го одржал на прославата на 1 000 годишнината од смрта на Методиј во Солунската егзархиска гиманазија.„     Благодарение Вам, мили мој колеги, что оставихте татковината си и дојдохте да послужите на нашата татковина, или подобро да кажа, на татковината на св. Кирил и Методиј, и да празднувате в самиј Солун праздникот на Солунските светии ... Оскудело нам мудрих мужеј число... Цели просветени држави во текот на педесет години одвај можат да произведат еден велик маж. Срдечно благодарение Вам, мили мои сотрудници, что дојдохте да целувате светата земја, дето стăпнали нозете на св. Кирил и Методија. Ниту нужда имаше от нашето благодарение. Доволно сте наградени от самата си сăвест. Даже и блаженство е вселено во срацата Ваши, дето служите на Кириловото отечество. Идењето Ваше во Солун надали е подолно од поклонение на Божиј гроб... којто ке произведе оште много Кириловци и Методиевци, които ке бăдат светила на училштата ни , ке бăдат благолепие на црквите ни, ке бăдат стăлпци на верата, и ке прославјат Македонското име... Повторувам, оти учителите не се должни да проповедаат. Тие дошле не за друго, освен да ги учат вашите деца да станат добри граѓани и да си ја подигнат татковината, оваа убавица Македонија, оваа топла и благодатна Македонија, оваа плодовита Македонија, која ги подарила светите Кирил и Методија. Не сте ли уверени, господа, оти нашата Македонија денеска е најдолна од сите земји во светот? Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението..

„     Мајка Македонија многу е ослабнета. Откако го породи великого Александра, откако ги породи светите Кирила и Методија, оттога мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнеможена, совршено примрена Мајка што родила великого сина надали ќе може да роди и другего? Затоа толку ретки се на светот великите мажи. Цели просветени држави во текот на педесет години одвај можат да произведат еден велик маж...     “




Прличев со останатите професори од Солунската гимназија

Во Машката егзархиска гиманзија Св. Кирил и Методиј Прличев станал воспитувач на илинденската генерација во македонското националноослободително движење кое преку Лозарите и револуцијата водела до Крсте Петков Мисирков и Димитрија Чуповски. Треба да се истакне дека дополнително светло за животот и делото на Прличев во овој период дознаваме од неговиот колега Петар Даниилович Драганов и ученикот Јоан Крајничанец.„     ... Иако беше учител во Бугарска гимназија и иако се борел и страдал за бугарштината, тој, како што вели самиот во својата автобиографија, не можеше да го совлада бугарскиот јазик и повеќе си зборуваше и пишуваше на брсјачко наречје. Тој не тераше да изговараме во нашите преводи од грчки и француски јазик не: винóто, водáта, млјакото, туку како што е во брсјачкото наречје: ви́ното, вóдата, млéкото. Во IV клас ни ја предаваше на грчки Одисејата и преводот му беше одвај разбирлив, така што од Одисејата ништо не можевме да разбереме      “




Ова сведоштво на Крајничанец потврдува дека Прличев никогаш не се откажал од своето македонско наречје, или попрецизно охридското брсјачко.

Прличев до крајот на својата учителска кариера па и во Солунската гимназија предавал на македонски и ги терал учениците да изговараат според гласовниот систем на македонски јазик .

Имено Прличев во сите свој јави настапи на разни свечености и во други случаеви, па и во своите ракописи од тоа време, со исклучок на својата Автобиографија која била напишана на бугарски јазик и најверојатно била наменета за публикување во Бугарија, ја користел родната реч.

Треба да се истакне дека Прличев во Солунската гимназија предавал на македонски јазик, свесно и настојчиво .

Дека е тоа така потврдуваат и писмата на самиот Прличев кои главно биле пишувани на сосем правилен грчки јазик - строг катаревус , но истовремено сите свои слова ги држел на својот македонски јазик.

Во одбрана на својот јазик Прличев застанал во уште во 1871 година кога весникот Право, јазикот на Прличев го нарекува смърдел от Гъцизм и Арнаутизам .

Од друга страна Прличев, Одисејата ја предавал според својот превод, иако учениците мачно го разбирале. Според некој толкувачи на делото и животот на Григор Прличев се поставува прашањето: како еден полиглот да не може да го совлада најблискиот јазик на македонскиот! Односно постои претпоставка дека Прличев намерно ја избегнувал употребата на бугарскиот јазик во своите дела и работа и таквото настојувањето да го употребува македонскиот јазик во наставата била причина за судир со егзархиските луѓе во Солун .

Дополнително светло за овој период од животот на Прличев дава тогашниот директор на егзархиската гимназија Георги Кандиларов кој меѓу другото пишува дека на 6 мај 1885 година, во рамките на една прослава на 1 000 годишнината од смрта на Методиј, Прличев одржал говор по кој дошло до инцидент меѓу учениците. Прличев ги изговорил зборовите:„     Нека молкне Аристотел пред нашите браќа св. Кирил и Методија, нека молкне Демостен пред нашите браќа св. Кирил и Методија, нека молкне Омир, Платон и другите



Во тој момент во салата дошло до превирања и Кандиларов го замолил да го прекрати својот говор и поради тоа Прличев се налутил и се заканил и со оставка „     Всушност, вистината е друга. Во својот говор Прличев, како што е познато, мошне ресно и јасно ги оделил дојденците од Македонците и проговорил за македонскиот културен развиток и македонската перспектива. Тоа не можело да го остави рамнодушен Бугаринот Кандиларов, особено кога видел како тој говор го примаат младите Македонци што токму во тие години ги почнаа своите бунтови имено против бугарскиот јазик и бугарската егзархиско - софиска пенетрација во Македонија. Особено пак кога Прличев словото го кажувал на многу убав македонски јазик што имало специфичен резонанс во таа свечена атмосфера      “



Обид за издавање на Илијадата

Во 1886/87 година Прличев се нашол повторно во Бугарија со цел да го објави својот препеев на Илијадата и со написот Критик и преведувач, во кој биле изложени погледите на Прличев за неговиот јазик, концепцијата за општословенски јазик и одговор кон критиката на Бончев и др. Но бидејќи писмениот јазик на Прличев немал ништо општо со тогашниот бугарски литературен и книжевен јазик не можел да најде издавач и овој обид останал неуспешен.
Врските со преставниците на македонскиот национален сепаратизам

Света Богородица Перивлепта

Од коресподенцијата на Прличев дознаваме дека тој определено време бил близок со раководителот на Македонската лига Васил Дијамандиев, како и со еден од основачите на Тајниот македонски комитет Коста Групче, а најверојатно и со третиот охришанец Темко Попов и стружанецот Наум Евро. Од друга страна Прличев бил во роднински врски со Димитар Македонски и организаторот на Културно - просветното друштво св. Климент од Охрид, Димитар Христо Узунов. Според некој сите тие врски не биле врски само по роднокрајска линија и дека Прличев починал на прагот ма новата македонска епоха .
Осамнување и смрт

Со децении бил навредуван, дразнет и унижуван, а очекувал дека тоа најмалку ќе се случи. Бил лично незадоволен од својот живот (неговата девиза е Совршенство или смрт), а на литературен план не го реализирал родниот литературен јазик и сето тоа допринело во последните години да се повлече и дистанцира од луѓето. Во 1890 година Прличев се пензионирал и се повлекол во родниот град Охрид каде и починал. Гробот на Глигор Прличев се наоѓа зад црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид, а спомен-домот посветен на него се наоѓа исто така во Охрид, на улицата Самоилова, близу до црквата Света Софија.
Јазикот и народноста на Прилчев

Во поглед на неговиот мајчин јазик и јазик за секојдневна комуникација, Григор Прличев го користел македонскиот јазик и охридскиот говор, дијалект кој го користел и во своето литературно творештво и социјално општење.

Што се однесува за литературното творештво, Прличев творел на грчки јазик и бугарски јазик .

Ваквото шаренило во поглед на јазикот се должи на неколку причини, пред се во недостатокот на стандарден македонски литературен јазик и неговото отсуство од училиштата.

Така, прв литературен јазик со кој се сретнал Прличев бил грчкиот јазик кој го користел до објавувањето на Сердарот, кога ја согледува грчката фанариотска политика и се откажува од тој јазик.

Бидејќи желбата за творење не му згаснала Прличев имал потреба и понатака да пишува, тој бил принуден да користи и стандарден словенски јазик покрај родниот. Бидејќи немало македонски стандарден јазик во образованието, тој нашол спас од фанариотите во словенството преку најблискиот во тоа време стандарден јазик, бугарскиот.

Поради тоа, тој често кажувал за јазикот со кој доаѓал во пресрет дека ужасно го нервирале граматичките грешки во говорот на неговите професори и дека му се чинело како да паѓа небото и таквите грешки ги поправал. Увидувајќи дека бугарскиот јазик се користи во општествените институции во Македонија.

Односот на Прличев кон јазикот е, од една страна е специфичен. Тој се приврзува за јазик што е сосема надвор од неговото словенско потекло, за грчкиот јазик но не докрај и не на некој ексклузивен начин. Не треба да се заборави дека Прешерн има германско – латински фази, и дека Бранко Радичевиќ пишува стихови на германски. Грчкиот јазик е јазик на кој Прличев се школувал, интелектуално созреаал и бил во тек со балканските книжевни случувања. Потоа го отфрлил грчкиот јазик, а според некој научници тоа бил единствениот јазик на кој можел да го искаже своето книжевно определување и јазик на неговата книжевна судбина. Откако го напуштил панхелинизмот тој се приклонил кон пансловенизмот и неговото јазично определување има таква подлога .

Прличев во своето размислување сам себеси си дава забелешка оти употербува стари зборови секому достапни, како што е плот. Приото тој дава одговор истакнувајќи дека ако некој не знае нека праша кого сака во Македонија и овој ќе му каже што значи . И не само за тие зборови туку и за формите во трето лице еднина сегашно време што свршуваат на т: молет, носет, лежит, да престанет, да поет ( од Рабов освободитељу). Оваа општословенската и руска карактеристика лежи во охридскиот говор .

Дека не го знел добро книжевниот бугарскиот јазик Прличев и самиот тоа го истакнува во својата авобиографија со следните зборови:„     и бидејќи не можев да пишувам на бугарски, пишувах на Старобугарски... Во дуќанот на Ангела Групчев, кој служеше како читалиште, се научив на бугарско читање и јазик... (Бев, и како и денес сум уште слаб со бугарскиот јазик)... преведував на бугарски не како сакав, туку како можев... Знаев дека тој превод не мирисаше многу на бугарски, но кога сум слаб со бугарскиот, тој не можеше да стане поинаков.
Тоа значи дека при изградбата на единиствен пансловенски јазик секогаш пред него стоел јазикот на Македонија, Охрид, Битолско, Овче Полско односно јазикот и песната од тие краишта .

Прличевиот панславизам за историјата на македонскиот јазик и народна мисла означува степен понапред во развојот на идејата за самостоен македонски јазик, како една од тенденциите за македонски литературен јазик во минатото.

Таа не значела само опозиција спрема бугарското туку и спрема другите посегања во јазиците на другите народи

Во својата автобиографија Причев сам себе си изјаснува како Бугарин, во самата автобиографијата се сретнува разговор со одредена личност каде му вели дека е Бугарин.

Сепак, македонската наука го смета за етнички Македонец, а неговото произнесување како Бугарин е резултат на бугарската црковно - просветна пропагандата под која потпаднал самиот Прличев бегајќи од погрчувањето.

Творештво
Романтизам

Периодот во кои Прличев книжево се формирал и период кои на тоа формирање му претходело во пошироки рамки се означува со термините класицизам, предромантизам, патријахален романтизам, сентиментализам, неразвиен романтизам, проторомантизам, класичен романтизам и др.

Во македонската наука за овој период се користи терминот Преродба.

Меѓутоа треба да се истакне дека според некиј научници овој термин не е сосема адекватен за модерната периодизација во кижевноста бидејќи терминот Преродба се врзува само за националното движење.

Од друга страна се смета дека терминот Романтизам може поточно да ја одреди стилската формација.

Во книжевниот опус на Прличев се гледа дека тој извонредно ги познавал: античкото, средновековното (византиско и словенскао), македонското и грчкото усно народно творештво како и современата грчка книжевност.

Постојат извесни разлики во творечките периоди но факт е дека главни естетски виланија, особено во стилот и јазикот се Хомеровите Илијада и Одисеја како и македонското народно творештво .

Нивното влијание се гледа пред се во начинот на транспозиција на тематиката и мотивите во Прличевото творештво .

И покрај тоа што во творештвото на Прличев има извесни елементи на класицизмот и сентиментализмот но според некои научници творештвото на Прличев во целост спаѓа во Романтизмот.

Прличев како автентичен романтичар живеел во духот на својата епоха и народ. Тој го оставил следниот запис кои може да се земе ккао пример за неговиот Романтизам:„     Секој писател треба да пишува по духот на народот свој и на својата епоха      “




Романтичарските идеии ги добил првенствено од својот учител Димитрија Миладинов меѓутоа тие идеии лесно можел да го дознае и од својот врсник Константин Миладинов или од основачот на модерната грчка поезија Дијонисиј Соломос околу кој бргу се собрале грчките поети како што се : Спиридон Трикупис, Александар Ризос Рангавис, Демостен Валаванис, Аристотел Валаоритис и други.

Некои од тие идеии Прличев неможел да ги примени во своето творештво и покраи неговата идеја за создавање на еден опшословеснски јазик (словеснки есперанто). Најверојатно Прличев ја прифатил романтичарската пансловенска идеја .
Хомеровиот дух во Прличевото творештво

Статуа на Хомер

Хомер оставил неизбришлива трага во творештвото на Прличев, белег што постојано ќе ја открива и потврдува таа љубов и восхит, а сето тоа Прличев го потврдува со сопствените зборовите: Освен Хомер и мајка Богородица, пред која се клањавме, не љубев ништо на светот. Сознанието пак дека е сметан за δεύτερος Όμηρος е најласкавото признание за Прличевите напори и стремежи за совршенство . Хомер, според зборовите на Прличев преставувл: според зборовите на Прличев преставувал:„     поет од кого нема подобар на светот... сонце што никакви петна не можат да го заменат... патеводна sвезда и учител кој ќе го научи да биде бескарјно бестрашен      “




Хомеровото влијание во делото на Прличев се чуствува во структурата, композицијата, стилот, поетиката и прифаќањето на епот како рамка за излевање петските пориви .

Оваа влијание прв го истакнал Александар Ризос Рангавис во својата рецензија по повод пријавата на Скендербеј на поетскиот натпревар во 1861 година. Истото тоа влијание било потврдено и од други, а и од самиот Прличев подоцна во едно писмо .

Хомеровото влијание најдобро се гледа преку споредба на поемата Скендербеј и Илијадата, а тука се дадени следните примери:Како што бура студена облаците ги носи
или пак морски бранови, еден на друг валајќи
потејќи се пак пред него, растурени и без ред
бегале муслиманите, трештени во умот

наспроти споредбата во Илијадата:Овие отишле в час како виорен ветер и бура
што по Зевсовиот грмеж низ полето долу се спушта
па се со грамаден букот со морето меша и многу
бранови згрбени внатре во морето шумно и бучно
вријат и бели од пена се влечкаат едни по други
така и Тројанците полно пристигнале едни по други
сите блескајќи во туч со војводите оделе ведно

—Илијада, XIII 795-601 [23]


Кај Прличев се среќаваат и други развиени споредби кои асоцираат на Хомер. Со што се гледа дека Хомер длабоко проникнал во свеста на Прличев кој знаел напамет и во оргинал големи делови од Илијадата.

Сето тоа допринело некој од научниците да го постваат прашањето: Свесно ли Прличев се стремел кон имитација или спонатано му се наметнало тоа! .

Најверојатно одговорот лежи и во двете прашања. Иако Хомер бил идеал во творештвото на Прличев сепак тој бил свесен за својата поетска дарба и се стремел да се доближи до Хомер иако сметал дека хомеровото творештво е недостижно .
Панславизам

Во Македонистиката многу малку е пишувано за обидот на Прличев да создаде општословенска граматика и јазик односно еден вид на општословенски конгломераат и да твори со таквиот сесловенски есперанто .

Еден дел од кижевните историчари, пред се бугарските кои го присвојуваат охридскиот балкански нобеловец како и некои македонски, го сметаат ваквиот обид на Прличев за антинародна утопија на човек што не научил друг словенски јазик освен народниот , но знаел грчки, француски, турски и други јазици, а треба да се истакне дека некои од македонските филолози ваквиот потфат го оценуваат дури и како реакционерен.

Прличевиот општословенски јазик има и теориска и практична реализација во предговорот кон општословенското издание на Илијада и критичко размислување во Критик и преведувач.

Во нив де наоѓа основната идеја за општословенската граматика.

Идејата за Панславизмот кај Прличев се гледа во неговата јазично најопштословенска песна Рабов освободитељу .

Во оваа песна Прличев ги поздравува ослободителите на Бугарија - Русите и ја велича нивната борба и оружје надевајќи се дека тие ќе донесаат слобода и за неговата татковина Македонија и тоа со следните зборови:„     Русија е со нас...(Тој народ б.н) братољубец и херој (заедно со царот е б.н) е втор Месија на робовите, кој спаси милиони христијани и муслимани!      “

Со оваа песна Прличев пратил порака за ослободување на сите словенски народи со помошта на Русија и создавање на една општословенска заедница во која сврзо ткиво би требало да преставува општословенскиот јазик со руски елементи како и елементи од другите словенски јазици .

Каков требало да биде тој јазик дознаваме од препевите на Илијадата како и од есејот Критик и преведувач. Тука на прашањето: Како едно наречје ќе стане општо за сите! Одговара: Како што стана општо едно од четирите елински и десете италијански.

Прличев ја чуствувал македонската основа на старословенскиот јазик, јазикот на охридската книжевна школа, кој имал најдолга традиција токму во охридскиот дијалект. Токму тој говор сакал да го реконструира и да му ги врати изгубените падежи и таквиот јазик требало да ја преставува основа за идниот јазик на сите Словени и Бугари и дека таа идеја не е бесплодна.

Во граматиката која ја создавал Прличев сакал да ги врати падежите иако и неговиот охридски говор ја отфрил таквата практика . Некои му забележувале зошто го користи ја наместо аз на што Прличев одоговорил дека ја'.„     ... е збор у Словените и во Македонија се слуша ја (како што ја б.н) е во нашата народна поезија, во песната, попленил ми Скендер - паша Овчеполе битолско“

Овие зборови, според некои научници докажуваат дека при изградбата на општословенската јазична концепција пред Прличев секогаш стоел јазикот на Македонија, Охрид, Битолско, Овчеполско односно народната песна и народниот творечки јазик на тие краишта од каде црпел инспирација за своите генијални дела на грчки јазик .
Дела

Во текот на својот живот Прличев создал голем број на дела и неколку патни имал обиди за преведувања и препеејувања на Хомеровата Илијада.

Во зависност од периодот и културното влијани творештвата биле создавани на различни јазици, дополнително на тоа создал и бројни статии за весниците и списанијата со кои соработувал.

Треба да се истакне дека голем дел од творештвата на Прличев во текот на неговиот живот не биле објавени, а со текот на годините се откриваат нови поеми и песни кои останале заборавени и непознати за јавноста, таков пример е забранетата и неодамна објавена песна Охридски џган.
Поема Сердарот - создадена на грчки јазик, а подоцна препеана на бугарски јазик и на општословенскиот јазик кој Прличев го создавал, јазик чија основа бил македонскиот народен јазик, поточно охридското наречје.
Поема Скендербег - создадена на грчки јазик и обид за нејзино препејување на општословенскиот јазик.
Песна В хилјада и седемстотин шездесет и второ лето - има македонска јазична основа со бугарски и црковнословенски елементи.
Превод и препев на Хомеровата Илијада - првиод препев бил направен врз основа на македонскиот јазик со бугарски и црковнословенски елементи. Откако ќе ја прифати идејата за создавање на еден општословенски јазик повторно ќе ја препее одалечувајќи се од македонскиот јазик, а во овој препеев се силно се чуствувале рускиот и црковнословенскиот елемент.
Автобиографија Мечта на еден старец која подоцна ќе се трансформира во Автобиографија - создадена на бугарски јазик
Есеј Критик и преведувач, во која зборува за преводите што ги врши самиот и својот литертурен јазик.
Погледи за творештвото и животот на Григор Прличев

Прличев е еден од ретките литературни творци од Македонија што иствремено припаѓаат кон три различни литературни истории.

За делото на Григор Прличев е создадена богата литература во Бугарија, Грција и Македонија.

Меѓутоа денес во Грција тој е речиси заборавен како поет бидејќи не бил грк.

Во Бугарија е почитуван како бугарски преродбеник и уметник.

Според македонските толкувачи на неговот делото, Прличев во Бугарија се присвојува поради национални заблуди и се велича повеќе реторично како будител на бугарскиот дух додека пак неговиот талент, поетска висина и местото во литературата се запоствуваат.

Во Македонија е почитуван како македонски преродбеник, борец против црковно-просветната пропаганда на Цариградската Патријаршија и воспитувач на илинденската генерација.

Во Албанија се развива посебен интерес меѓутоа само за епосот Скендербеј и тоа повеќе од национални отколку од естетски и поетски мерила.

Наметнатите полемиките околу Григор Пеличев и понатаму продолжуваат. Меѓутоа ако треба да се оценува Прличев тоа треба да се прави преку неговите дела или како што истакнува Костас Кулуфакос:„     Нема да ја повториме овде грешката на седумте стари грчки градови кои спореа, тврдејќи секој од нив дека Хомер е нивен граѓанин. Хомер беше граѓанин на сите седум и на сите други градови во Грција, а подоцна и на целиот свет, благодарение на своите дела. Исто и на поетот на кого денес му одаваме почит, поради своите дела е сечовечки симбол на збратимувањето на народите. Тој му припаѓа како на Крајот и народот што го родил и го воспитал, така и на народот чиј јазик го избрал за да се изрази и на Крајот што му одаде почит, доделувајќи му ја пред 125 години првата награда и лавровиот венец на поетскиот конк*рс. И пошироко од нашите два народи, поетот што му одаваме почит, му припаѓа на човештвото. Зашто поезијата и духот на слободата што ја изразува - се сечовечки. Впрочем, тоа што ги прави потомците да се интересираат за татковината на поетите, како и за разните подробности од нивниот живот - тоа се нивните дела      “



Цитати за Прличев„     Тој, по ген роден во Македонија, пишува поема од македонскиот живот на грчки јазик, главниот херој во епосот Скендербеј му е легендарниот јунак на Албанците, самиот мисли дека и припаѓа на бугарската народност, а детските песни ги објавува во Романија. Тоа е изразит пример на едно балканско, црно рондо, од едно матно време, што му ја матело и свеста и судбината и на нашиот поет. Но, во сето тоа има и една светла нишка: тоа покажува дека суштински не страдал, барем во поезијата, од национални предрасуди, така што, може да се рече дека е поет на целиот Балкан. Во таа насока има и нешто позначајно: во епосот Скедербеј говори и за помошта на Албанците и од Србите, Црногорците и Дубровчаните. Така при сета драма во животот, тој во пезијата навестува меѓу првите и една балканска философија за опстанок      “


„     Сепак, можеби е дајмонска работа што нашиот поет запеал на вонвременскиот и вонпросторен јазик на бесмртните? И во тој чин има трагична, драмска мимес, Григор Ставридов ја соблекол својата ропска, страдалничка кожа, се преобразил, се возвеличил; овенчан тој Станал δεύτερς, друг а не втор, станал слободен, како поет. На стариот поетски јазик тој проговорил на нов начин, занесно, романтичарски, болно и борбено, за нови занеси, за нова света Слобода     “


„     Григор бил со отворена природа, бунтовен и нескротлив, според многумина имал независно мислење и се стремел да го искаже. Ако направиме една паралела меѓу него и првите македонски книжевници, тогаш тој, секако е поблизок до Кирил Пејчиновиќ отколку Јоаким Крчовски, близок по желбата зад себе да се остави трага со која делото и писателот ќе го сочуваат од заборав      “


„     Прличев, како трагична личност, како човек што е непрестајно во конфликти со средината, со своето време, со големците и моќниците на политичката и црковната власт, како човек нервчик, избувлив, како болмик, како човек со тешка судбина - непрестајно не наведува да го согледаме како осаменик, акко исклучок, како човек со силно изразена индивидуалност. Во голема мера тоа е точно и тоа е така кога се говори за поетот. Но кога се говори за делото на тој поет, за неговите творечки и интелектуални творби, согледуваме, ни се чини, дека тој припаѓа кон една поширока поетска заедница, дека неговата судбина има свои сопатници и сопаталци низ целиот балкански простор. Тој не е осамен, тој не е исклучен, тој е во магистралниот тек.

В хилјада и седемстотин шездесет и второ лето
                      од Григор Прличев


Хилјада и седемстотин шездесет и второ лето
В Охрид од Цариграда дошел Салаор.
Се претставил пред Арсенја, наша патрика чеснаго,
И му рек'л слово горко, слово жалосно:
"Царска волја е да тргнеш денеска за в Цариграда,
На тебе од врли Грци голем поплак е."
Собрал Патрик свое стадо в црква свјатиј
-Климентова
Благослов му дал последен, р'це заплетил.
Д'лго време липал старец во м'лчанје всенародно
И по бела брада ронел с'лзи горешчи
"Слушајте ме мили чеда, јас ќе ида в Цариграда:
На мене од врли Грци голем поплак е.
Грцкиј Патрик ќе ни строши славна охридска
столица
И мене до смрт ќе држи в заточение.
Ќе прати владици Грци, лицем светци, срцем
в'лци.
Ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв
Меѓу народа ќе сејат несогласје и раздори,
Да се мрази син со татка и со брата брат.
И ќе викнете до Бога и крило не ќе најдете,
Смирени ќе наведете глави доземи.
Ќе ми бидете сираци; така било написано.
Елате ми да ви гушна за последен п'т.
Чрна т'га поразила старо, младо, м'жи, жени,
Вси со р'це заплетени с'лзи проливат.
Тој ги гушка, тие т'жни му целуват десна р'ка,
И од р'ка как од извор с'лзи се лејат.
Вјахнал Патрик брза коња и неволно уп'тил се.
Тога грмкиј плач народен небо процепил.
Умилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана,
Погледнал на сино небо, лјуто прок'лнал:
"Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да немат
Стамче беј и Бујар Лигдо, Нејко челеби!"
Милостивиј Бог послушал патричка горешча клетва;
Слава нихна, семе нихно погубил со шум.
И сега во куќи нихни ткае пајак пајачина
И на пусти стрехи нихни хукат хутове.

Изменето од Македон - 27.Август.2010 во 23:14
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 18:41
                   Сердарот
            од Григор Прличев

                            СЕРДАРОТ

ОХРИДСКИ ЏГАН

„Охридски џган“


...Оној што целиот (град) го управува...

Не прифаќа одлични совети,

Туку од страв си ја затворил устата,

Изгледа дека е најлошиот и сега и порано,

И поголем пријател го смета оној

Кој место својата татковина...

....Може ли да ги поднесува срамните болни амбиции?

Оние простаци кои биле премногу од тифус инспирирани?

Оние демагози, онаа серија на расцепи?

Кој нема да се насмее, речете ми, ако не е комичар?

Кој нема да заплаче ако не е чувствителен?

Подобра работа не може човек да направи,

Да не земе место во оваа бркотија,

Да ги гледа но оддалеку и да не стои неактивен,

На својата поетска лира обожавателот и мистагот,

Пред да ги види резултатите на некаква нивна отпатност,

Со ритам ним да им ги палца лошотиите на нивната глава,

Личи овој денешен град Охрид.....

...Морето ги турка и не ги остава да влезат,

Секогаш, секогаш, Охрид ќе го наткрилуваат несреќи?

Во него секогаш ли ќе се случуваат потреси и безредија?

И секогаш ли во него ќе царува злото?

Секогаш ли ќе триумфира интригата и злосреќата?

Страдања, расцепи големи, расправии, групации?

И големи ползења и штетни ласкавости?

Ниски демагози, Садукејски банди?

Лудости и безумности!!!....

...На кој граѓанин срцето ќе остане незаинтересирано,

И на илјада парченца нема да се расцепи од жалост?

Место што требаше ним да им го свртиме грбот,

Без да гледаме со гостољубив поглед,

Место што требаше од куќите да ги изгонеме со дрво,

Како што готвачите го гонат кучето од кујната,

Ние ги запознавме со жената и сестрата ни,

И на тој начин ја употребуваат нашата скапоцена чест.

Не можам да ги разберам изворот и причините,

На ваквата општа парализа на Охрид...

...Несреќа! Царува кај сите морална расипаност,

И кај никого не постои ни најмала разлика.

Несреќа! Кај народот огромна неблагодарност,...

...Мнозина пријателството го држат на збор,

Но умот од сосем малечок број (луѓе) ги повраќа во душата

Дамона и Финтија, пријатели толку цврсти непристрасни и чисти...

...Јас сум сепак онај беден пријател на вистината.

И потоа непријател бескомпромисен на измамата и лошотијата...

...Се пресметувам со се во светот и со глупостите,

А состојбата на бедниот Охрид ја оплакувам.

(превод Јани Филовски)

Изменето од Македон - 27.Август.2010 во 23:15
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 18:43
АВТОБИОГРАФИЈА


Ново откриената слика од Глигор Прличев.






Изменето од Македон - 27.Август.2010 во 23:18
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 19:00


ПОВОДОТ ЗА ОТВОРАЊЕ НА ТЕМАТА Е НОВООТКРИЕНАТА ГРАМАТИКА НА ГЛИГОР ПРЛИЧЕВ.ОВА Е ПРВАТА СТРАНА ОД ТАА ГРАМАТИКА КОЈА ИМАЛА 12 СТРАНИ,И СЕ НАОЃА ВО АРХИВОТ НА ОХРИД.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 19:06
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:



ПОВОДОТ ЗА ОТВОРАЊЕ НА ТЕМАТА Е НОВООТКРИЕНАТА ГРАМАТИКА НА ГЛИГОР ПРЛИЧЕВ.ОВА Е ПРВАТА СТРАНА ОД ТАА ГРАМАТИКА КОЈА ИМАЛА 12 СТРАНИ,И СЕ НАОЃА ВО АРХИВОТ НА ОХРИД.


Мунгосе, еден вопорс кон тебе:

Дали разбираш напишаното на корицата на таа граматика(освен заглавието). Оти е напишано на бугарски език... jас си го читам без проблеми... ама на тебе - ти е нужен проводач може би?
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 19:07
Да започнеме со критиката и најфрапантната манипулација. Кандиларов кажал кое како е, ама незнајниот автор на толкувањето вика не е така, ами било така и така.

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Дополнително светло за овој период од животот на Прличев дава тогашниот директор на егзархиската гимназија Георги Кандиларов кој меѓу другото пишува дека на 6 мај 1885 година, во рамките на една прослава на 1 000 годишнината од смрта на Методиј, Прличев одржал говор по кој дошло до инцидент меѓу учениците. Прличев ги изговорил зборовите:„     Нека молкне Аристотел пред нашите браќа св. Кирил и Методија, нека молкне Демостен пред нашите браќа св. Кирил и Методија, нека молкне Омир, Платон и другите.

Во тој момент во салата дошло до превирања и Кандиларов го замолил да го прекрати својот говор и поради тоа Прличев се налутил и се заканил и со оставка „






    Всушност, вистината е друга. Во својот говор Прличев, како што е познато, мошне ресно и јасно ги оделил дојденците од Македонците и проговорил за македонскиот културен развиток и македонската перспектива. Тоа не можело да го остави рамнодушен Бугаринот Кандиларов, особено кога видел како тој говор го примаат младите Македонци што токму во тие години ги почнаа своите бунтови имено против бугарскиот јазик и бугарската егзархиско - софиска пенетрација во Македонија. Особено пак кога Прличев словото го кажувал на многу убав македонски јазик што имало специфичен резонанс во таа свечена атмосфера      “


Од каде авторот знае дека Всушност, вистината е друга.

Измислувањето на други вистини е познат маневр на македонските толкувачи на историјата.

Заборавил си да акцентуваш на зборовите на Прличев дека бил „УБИТИЈ БЛГАРОМ“

Ако го протолкуваш тоа, ќе излезне и некоја друга „вистина“.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 19:10
Каснаковски јас го префрлив ставот на авторот на википедија,затоа што е доста добро изработено,а сега некој одреден дел ако не чини има основ за полемика.

НО ОБЈАСНИ МИ ТИ МЕНЕ ЗОШТО ОВАА ГРАМАТИКА ШТО ЈА НАЈДОВ ДО СЕГА НЕ БЕШЕ ПОЗНАТА,И ЗОШТО Е „КРАТКА СЛОВЕНСКА ГРАМАТИКА„ А НЕ БУГАРСКА???
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 19:13
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Каснаковски јас го префрлив ставот на авторот на википедија,затоа што е доста добро изработено,а сега некој одреден дел ако не чини има основ за полемика.

НО ОБЈАСНИ МИ ТИ МЕНЕ ЗОШТО ОВАА ГРАМАТИКА ШТО ЈА НАЈДОВ ДО СЕГА НЕ БЕШЕ ПОЗНАТА,И ЗОШТО Е „КРАТКА СЛОВЕНСКА ГРАМАТИКА„ А НЕ БУГАРСКА???

ако беше прочел автобиографиjата на Прличев ке стигнеше до отговорот...
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 19:15
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Каснаковски јас го префрлив ставот на авторот на википедија,затоа што е доста добро изработено,а сега некој одреден дел ако не чини има основ за полемика.

НО ОБЈАСНИ МИ ТИ МЕНЕ ЗОШТО ОВАА ГРАМАТИКА ШТО ЈА НАЈДОВ ДО СЕГА НЕ БЕШЕ ПОЗНАТА,И ЗОШТО Е „КРАТКА СЛОВЕНСКА ГРАМАТИКА„ А НЕ БУГАРСКА???


Сам си напишал. Сакал да создаде обштославјански јазик.

Не создавал бугарски, а општославјански.

Тоа му е некој експеримент. И јас напишав граматика на хасковскиот јазик, ама знам дека никој нема да зборува по мојата граматика.
Не верувам Прличев да фркал во небото и да верувал дека Русите или Полјаците ќе прозбореле по неговата граматика.
Тоа е сигурно некој негов експеримент.
А 14 стр. покажуваат дека набргу се откажал од идејата што го осенила.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 19:21
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Каснаковски јас го префрлив ставот на авторот на википедија,затоа што е доста добро изработено,а сега некој одреден дел ако не чини има основ за полемика.

НО ОБЈАСНИ МИ ТИ МЕНЕ ЗОШТО ОВАА ГРАМАТИКА ШТО ЈА НАЈДОВ ДО СЕГА НЕ БЕШЕ ПОЗНАТА,И ЗОШТО Е „КРАТКА СЛОВЕНСКА ГРАМАТИКА„ А НЕ БУГАРСКА???

ако беше прочел автобиографиjата на Прличев ке стигнеше до отговорот...

„МОЖЕВТЕ САМО ДА РЕЧЕТЕ ДЕКА НЕ ЗНАМ БУГАРСКИ„
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 19:22
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Каснаковски јас го префрлив ставот на авторот на википедија,затоа што е доста добро изработено,а сега некој одреден дел ако не чини има основ за полемика.

НО ОБЈАСНИ МИ ТИ МЕНЕ ЗОШТО ОВАА ГРАМАТИКА ШТО ЈА НАЈДОВ ДО СЕГА НЕ БЕШЕ ПОЗНАТА,И ЗОШТО Е „КРАТКА СЛОВЕНСКА ГРАМАТИКА„ А НЕ БУГАРСКА???


Сам си напишал. Сакал да создаде обштославјански јазик.

Не создавал бугарски, а општославјански.

Тоа му е некој експеримент. И јас напишав граматика на хасковскиот јазик, ама знам дека никој нема да зборува по мојата граматика.
Не верувам Прличев да фркал во небото и да верувал дека Русите или Полјаците ќе прозбореле по неговата граматика.
Тоа е сигурно некој негов експеримент.
А 14 стр. покажуваат дека набргу се откажал од идејата што го осенила.


ИСТО САМ ГО НАПИШАЛ СЕРДАРОТ ПА НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА ПОЛЈАЦИТЕ,РУСИТЕ И ГРЦИТЕ НЕ МУ СЕ ПОКЛОНИЛЕ,ИЛИ ЗА НЕШТО Е ДОБАР А ЗА НЕШТО Е ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕЦ.

СЕ СЕ АМА ВАКВО ОМАЛОВАЖУВАЊЕ НА ГЛИГОР ПРЛИЧЕВ НЕ СУМ СРЕТНАЛ ОСВЕН СЕ РАЗБИРА ОД БУГАРИ.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.