![]() |
|
Животни - општа дискусија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 14> |
Автор | ||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Што значи лаењето на кучињата и смеењето на хиените
Лугето имаат многу карактеристики кои се поврзани со другите животински видови на Земјата, но често се кажува дека нивниот говор значи нешто посебно.Вистина е дека животните не комуницираат како луѓето, но дури и во нивниот случај постојат нијанси за кои ние не сме свесни. Со толкување на светот само низ звуците што сами ги произведуваме нема далеку да стигнеме. Она на што луѓето им значи едно, на животните им значи сосема друго, и обратно. Смеењето на хиените Многу луге под влијание на разните анимирани филмови мислат дека хиените имаат смисла за хумор или пак се смеат на нечија сметка. Но, во реалност нивното смеење има многу значења, а ниту едно не се поврзува со ништо смешно.> Според резултатите од испитувањето објавено во BMC biology, ’кикотењето’ на хиените всушност им служи како лична карта за другите хиени. Нивните различни звуци им ги означуваат староста и статусот во глутницата, односно дали се доминантни или подредени. Хиените воглавно се разбираат со своето ’смеење’ пред хранењето, а на тој начин воспоставуваат ред и мир во глутницата. Чкрипењето на рибите Меѓу рибарите има многу кои што уловиле сом.А, некои од нив, имаат приказна за тоа дека нивниот сом ’цимолел’ и ’чкрипел’. Се разбира, и нас некој да ни стави јадица на устата, и ние веројатно ќе цимолиме. Сомовите се особено познати по тоа дека испуштаат звуци кога се надвор од водата. Но, дали овие звуци имаат значење или пак воздухот само излегува полека од рибата? Според неодамнешно истражување, исто така објавено во BMC biology, научниците успеале да утврдат дека сомовите навистина пренесуваат информации со звук добиен при стружење на перките по зглобовите и рамената, што произведува звук сличен на чкрипење. Научниците велат дека тоа е сигнал за предупредување од опасност од предатори. Како и многу други видови, сомовите на ист начин можат да пренесат пораки кои се однесуваат на храна и секс. Научниците биле изненадени кога откриле дека постарите сомови испуштаат подолги и посилни звуци, но сите сомови се разбираат без разлика на годините. Кучешкото `ржење Неодамна е направен мошне едноставен експеримент со многу интересни резултати. Откако снимиле три различни ржења на кучињата, научниците идентификувале за каков точно сигнал се работи во секој поединечен случај и им ја пуштиле снимката на други кучиња. > Резултатот е мошне интересен. Откриени се три видови ржење. Првото означува заиграност, второто страв, а третото закана заради приближување на странец на садот со храна. Кучешкото ржење на луѓето скоро секогаш им звучи исто, но кучињата јасно покажале дека има различно значење. Дури и снименото ржење предизвикало различни реакции, кај повеќето испитани кучиња. Звучните сигнали на пчелите Пчелите медарки се познати по својот танц во воздух при кој се нишаат. Тоа е всушност облик на комуникација со кој даваат сигнал каде се наоѓа добро место за хранење близу до кошницата. Но, кога ќе стигне опасноста тие си ги удираат главите една со друга, со што даваат кратки звучни сигнали дека опасноста е во близина. Секоја пчела кога ќе види други како си ги удираат главите, реагира како да видела црвен аларм. Црекањето на лилјаците Неодамна објавената студија во магазинот Royal Society Biology Letter тврди дека во животинскиот свет лилјаците испуштаат звуци во највисоките тоналитети. Просечната фрекфенција им изнесува од 170 до 250 килохерци а чисто колку за споредба една оперска пејачка може да достигне околу 2 килохерци. Но дали нивното црекање има некое значење? Според споменатата студија, тие испуштаат звуци кога се доближуваат до пленот за другите лилјаци да знаат каде е локацијата и дали се тоа инсекти или пак некои други извори на храна. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Тигрите би можеле да исчезнат до 2022
Во Санкт Петербург во неделата почна конференцијата за зачувување на тигрите како загрозен вид, на која се собраа лидерите на 13 земји во кои живее ова животно. Првиот собир на вака високо ниво, кој е посветен на опстанокот на еден животниски вид и ќе трае до 24 ноември, го отвори потврдениот заштитник на тигрите - рускиот премиер Владимир Путин. Џејмс Лип, генерален директор на Светскиот фонд за природа, изјави дека тигрите, доколку не се применат правилни мерки на заштита, би можеле да исчезнат до 2022 - Годината на тигарот, според кинескиот календар. Се очекува лидерите на Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Индија, Кина, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Непал, Русија, Тајланд и Виетнам, да усвојат Програма за зголемување на популацијата на тигрите во природата до критичната 2022.
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Делфините го кријат лекот против дијабетес?
Делфините би можеле да го кријат клучот за лекувањето на дијабетесот тип 2. Откриено е дека делфините, покрај големината на мозокот, имаат уште една сличност со луѓето - страдаат од болести слични на дијабетесот. Делфините имаат способност ноќе, додека не се хранат, изненадувачки да го "исклучат" дотокот на инсулин, кој го контролира нивото на шеќерот во крвта, што кај луѓето е прв симптом на дијабетес од типот 2. Имено, научниците поради ова веруваат дека способноста на делфините да го вклучуваат и исклучуваат дотокот на инсулин може да биде клучна за лекувањето на луѓето од оваа болест и се надеваат дека за брзо време ќе се најде "генетски прекинувач" што ќе им го овозможи тоа. |
||||
![]() |
||||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
најмногу му се восхитувам на мрзливоста и брзината со која се движи, а му ја обожавам насмевката
![]() |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Изменето од емил - 08.Јануари.2011 во 06:47 |
||||
![]() |
||||
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Кое е најомиленото животно во светот? Најновата анкета на Анимал Планет покажува дека токму тигарот е изгласан за најомиленото животно во светот. Во анкетата биле бклучени повеќе од 55000 испитаници од 73 земји во светот. Тигрите со 21% од вкупните гласови успеале да издвојат тесна победа бидејќи веднаш позади нив биле кучињата со 20%. Во продолжение следи табелата на најомилените животни на светот: 1. Тигри 2. Кучиња 3. Делфини 4. Коњи 5. Лавови 6. Змии 7. Слонови 8. Шимпанза 9. Орангутани 10. Китови
Името тигар потекнува од нивната брзина. Зборот „тигар“ доаѓа од грчкиот збор „тигрис“ кој многу веројатно е персиски збор што во превод значи „стрела“ која доаѓа од реката „тигар“.
|
||||
![]() |
||||
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ne veruvam deka i deckovo glasal za tigar...
![]() |
||||
Incredible Blue
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Знаете ли кои се најпаметните животни во светот?
Не грижете се, човечкиот род и покрај константното затупување преку медиумите, на кои повеќето со задоволство му се препуштаат, и понатаму е на прво место што се однесува до интелегенцијата. Иако понекогаш донесуваме благо речено будалести одлуки, како на пример, гласање за определени партии, по интелегенција и памет и понатаму го одржуваме светскиот примат. Делфините се познати по својата интелигенција Ако некој некогаш ги набљудувал, не е можно, а да не ја забележал извонредната интелигенција со која располагаат. Интересен е фактот дека повеќето трикови кои ги изведуваат по разноразни забавни водени играрии, е всушност нивно однесување кое го практикуваат и на слобода. Обожаваат играње, тркање и во животот уживаат најмногу што можат. Имаат свој сопствен јазик кој луѓето се уште не можат во целост да го одгатнат и сакаат да се дружат со цивилизирани суштестсва. Мајките остануваат со своите мали се додека тие не влезат во адолесцентен период и внимателно се грижат за нив. Големите мајмуни – некои од нив знаат да користат и компјутер Мајмунските видови кои спаѓаат во таа категорија се горила, шимпанзо и орангутан. Хемиските процеси во нивниот мозок и физичката оринтираност се толку слични со човечките што NASA во еден период наместо астронаут, на мисија во вселената изпрати шимпанзо. Уште еден пример на одлично рзвиена инетелегенција кај мајмуните е шимпанзото во Јапонија кое без проблем користи компјутер. Горилата пак можат да го научат јазикот на знаците, а орангутаните живеат во семејства во кои владеат сложени меѓуодноси. Слоновите ги закопуваат своите починати Позната е фразата дека слоновите никогаш не забораваат. Таа изрека се установи бидејќи слоновите навистина имаат фасцинантни животи, одржуваат долги пријателства и секогаш се сеќаваат на своите пријатели, дури и години после последната средба. Покажуваат способност за емпатија, што симболично го илустрира нивниот обичај да ги закопуваат своите починати, а кога ќе наидат на мртов пријател, секогаш го оплакуваат. Способни се да решаваат проблеми и да користат алат. Исто така живеат во семејства. Папагалите не ги повторуваат зборовите без врска, знаат интелигентно да ги користат Освен што можат да научат да зборуваат, папагалите научените зборови знаат да ги користат инетеигентно во сосема прикладни ситуации. Еден папагал може да научи стотина зборови и да ги користи кога ќе процени дека во таа ситуација е прикладно. Благодарение на тој податок, скечот од Монти Пајтон „Dead Parrot“ се чини ненамерно трагичен. Гавраните знаат да изработат алат за лов Иако може да ги уплаши страшилото во полето, гавраните се многу лукави битија. Кога ќе украдат орев од вашата градина, ќе го однесат до улицата и таму ќе го фрлат. Потоа ќе чекаат преку оревот да помине автомобил, за да се отвори оревот па да го изедат плодот. И тоа не е најпаметниот трик кој го знаат. Кога ќе тргнат во лов користат примитивен алат како што се „ножеви“ изработени од лисја или треви. Исто така поседуваат и свест за себе, што научниците го докажале со помош на експеримент со огледало. Стаорците знаат да решат проблеми со кои тешко би се снашле тригодишници Ако милите дека стаорците се одвратни животни кои пренесуваат болести и кои ширеле чума, се лажете. Тие се всушност едни од најинвентивните битија на светот. Научниците нив најмногу ги користат во своите експерименти и тоа не само затоа што се естетски непривлечни. Нивните мозоци можат да откријат дупки и пречки во лавиринти и решаваат некои задачи со кои многу тригодишнаци би имале проблеми. Гулабите го бираат своето друштво Иако се многу непопуларни во големите градови каде жителите водат воња со нив поради изметот, гулабите ги краси изненадувачка памет. Тие се способни да ги препознаат различните припадници на својата врста и бираат со кого да се „дружат“. Позната е и способноста на гулабите писмоносци да се вратат дома од било кое место од каде се пуштени. И покрај интелегенцијата во борба со појак род како гаврани сепак не би имале шанси. Свињите се прилагодуваат на околината во која живеат Кога и да ги доведете во ново опкружување, се однесуваат воинствено према „староседелците“, што ја покажува способноста за прилагодување. Иако е врежано мислењето дека свињите се валкани животни, тоа воопшто не е точно. Тие се прилагодуваат на околината во која живеат, па ако ги држите во кал, ќе се тркалаат по него, а ако се во чисто и во тоа ќе им биде еднакво добро, и тие тоа место ќе го одржуваат чисто. Верверичките планираат однапред Освен што се слатки живорни, верверичките се и прилично мудри. Познато е дека однапред планираат и собираат залии на храна за зама. Освен тоа тие планираат и пред да тргнат во потрага за храна и ја бараат на потполно необични места. Тие се последни во низата деет најпаметни животни по изборот на Totallytop10, а ако се сетиме на бескрајната низа на глупости кои низ историјата ги направил човечкиот род, тешко е барем за момент да не помислиме наместо ние со светот да валдеат на пример делфините. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Масовно изумирање на животинските видови?
Најновата американска студија посветена на историскиот развој на екосистемите на земјата, покажува кои видови во иднина би можеле да изумрат, но и начините како да ја зачуваме биолошката разновидност на Земјата. Во тек на стотици милиони години на развојот на Земјата, некои видови изумирале во редовни интервали, но се појавувале нови. Стигал повлекува паралела со денешниот свет во кој човечката активност – земјоделието, индустријата, растот на популацијата и урбанизацијата – ги активираат инвазивните видови, ја забрзуваат загубата на живеалиштата на постоечките видови, а поради тоа многу видови почнуваат да изумираат. Таа вели дека денес е многу потешко да се види еволуцијата на новите видови или прилагодувањето и специјализацијата на некои постоечки видови, бидејќи процесот на настанок трае од 10 до 15 илјади години, додека за уништување на некој вид доволни се само десет години. Стигал вели дека шестото доба на масовно изумирање е ова наше време, кое почнало пред околу милион години, кога изумреле големи животни како што се мамутите и сабјозабестиот тигар. |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Дебелина кај кучињата
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Кое животно никогаш не пие вода во животот?
Малечкиот кенгур стаорец (kangaroo rat), домаќин на југозападните пустини во Америка, никогаш не пие вода во животот. Само малку влага му е потребно на овој глодар која може да ја најде во неговата храна а тоа се корењата и пустинските растенија. Ова е сосем доволно за да се одржи во живот ова мало животно.
Кенгур стаорецот го добил своето име поради фактот што ги има истите долги силни нозе и силната опашка како австралискиот истоименик. Се движи потскокнувајќи, но со таква прецизност што може да прескокне преку кактус и да слета на штурец. Кога две вакви животинчиња се тепаат, изгледаат како две мали глувчиња на пого стапчиња! |
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Како изгледа слоновската фока и каде живее?
Слоновската фока е еден од двата најголеми видови животни со перки: северната слоновска фока на крајбрежните острови на Калифорнија и Калифорнискиот залив, или јужната слоновска фока во регионите под Антартикот. Двата видови се друштвени фоки, кои немаат уши. Мажјакот има надуена сурла како сурла. Северниот вид е со жолта или сиво - кафена боја, а јужниот вид е сино - сив. Мажјаците на двата вида достигнуваат должина од олоку 6.5 метри и тежина од околу 3.530 килограми и се многу поголеми од женките. Слоновските фоки се хранат со риби и лигњи или други морски мекотелци. За време на сезоната за парење, мажјаците се борат да освојат територии долж плажите за да формираат харем со дури 40 женски. Женските слоновски фоки имаат просечен животен век на околу 23 години, а може да се породуваат почнувајќи на возраст од 4-5 години. Мажјаците достигнуваат зрелост на пет години, но генерално потребни им се уште четири за да почнат да се размножуваат. Просечниот животен век на една машка слонивска фока е 20 години. |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |