IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Животни - општа дискусија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Животни - општа дискусија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 14>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2011 во 05:25
Умре познатиот овен Шрек

Новозеланѓаните денеска се простуваат од најпознатиот овен во земјата- Шрек, кој беше познат по тоа што со години избегнуваше стрижење.

Овенот стана познат во 2004 година кога беше откриено дека бегајќи во пештера над фарма во Јужен Остров се спасувал од редовното годишно стрижење.

Шрек бил прекриен со 27 килограми волна кога конечно бил фатен и покажан на телевизија. Во земјата во која има десетпати повеќе овци од луѓе, оваа приказна беше инспирација за три книги.

Неговиот сопственик изјави дека Шрек се разболел пред три недели и вчера бил успиен во својата 17-та година. Неговата пепел ќе биде разнесена од врвот на највисоката планина во Нов Зеланд

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2011 во 05:29
Кучиња можат инстиктивно да осетат пријателско лице

Тоа е она во што многу сопственици на кучиња долго се сомневале. Нивните миленици можат да ја читаат нивната личност и инстиктивно знаат кој е поверојатно да биде пријателски расположен или ќе претставува предизвик.

Сопствениците на кучиња често кажуваат дека нивните миленичиња имаат чудна способност да ги разберат, насетувајќи замор, депресија и болест иако тие сакаат да прикријат.

Сега научниците докажаа дека феноменот е природна способност, а не нешто научено.

Др. Моник Удел и нејзиниот тим од Флорида Универзитетот извршиле два експеримента во кои биле вклучени домашни кучиња и нивниот роднина волкот.

На двете групи животни им била дадена можност да замолат за храна, или од внимателен човек или од лице кое го игнорира потенцијалниот просјак.

Истражувачите за прв пат покажаа дека волците, како и домашните кучиња, имаат способност да молат за храна успешно со приближување на внимателниот човек.

Ова демонстрираше дека и двата видови и припитомените и дивите, имаат капацитет да се однесуваат во согласност со човечката состојба на внимателност.

Тие најверојатно се родени со способноста, бидејќи волците немаат од каде би научиле за разлика од домашните кучиња кои молат за храна за време на ручек, вечера и сл.

Кучињата кои поминуваат повеќе време со луѓето стануваат се подобри во оваа способност, отколку оние кои живеат во засолниште и кои не се ни приближно добри како милениците кои се изложени на постојана љубов, што покажува дека можат да ги усовршуваат своите природни способности за читање луѓе.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 22:14
На живиот свет во океаните му се заканува масовно исчезнување

Океаните се соочуваат со опасност од масовна загуба на повеќе видови живи суштества, која би била еднаква на масовното исчезнување на животните во праисторискиот период, се оценува во заеднчкото истражување на експерти на Меѓународната програма за состојбата на океаните и на Меѓународната унија за заштита на природата.

Во Извештајот се проценува дека океаните дегенерираат многу побрзо од сите досегашни очекувања поради испреплетувањето на ефектите од неколку одделни фактори, почнувајќи од климатските промени и зголемената киселост на водата, па се до хемиските загадувања и прекумерниот риболов.

Испреплетувањето на овие фактори и се заканува на животната средина во океаните со катастрофа која би била без преседант во човековата историја, се наведува во Извештајот.

Експертите проценуваат дека постои потенцијална опасност од исчезнување на многу видови, почнувајќи од големите риби, па се до малите корали, кое би било еднакво на петте големи масовни помори во историјата на земјата во кои изумреле најголемиот дел од животинските видови.

Припадниците на следната човекова генерација можеби ќе ја немааат можноста да пливаат околу коралните гребени или да јадат одредени видови риба, од причина што океаните се наоѓаат во фаза на исчезнување на некои од животинските видови најмногу поради човековото влијание. Следната генерација на човештвото ќе настрада доколку дозволи морските животни да станат исчезнати видови, се наведува во Извештајот.

Како причина за ваквата загрозеност на животинскиот свет на океаните се посочуваат и прекумерниот риболов и загадувањето на водите. Истекувањето на хемиското ѓубриво од почвата во океаните  создава огромни мртви зони на аноксија (недостиг на кислород) и хипоксија (многу ниски нивоа на кислород), во кои рибите и другите морски видови не можат да живеат, се оценува во Извештајот.

Хипоксијата, аноксијата климатското затоплување и зголемувањето на киселоста на водата се факторите кои придонесуваат за ваквото масовно исчезнување на видовите во океаните. Пред 55 милиони години атмосферските промени придонесоа за исчезнување на повеќе од половината од тогашните животниски видови. Денес повторно се соочуваме со слична опасност, заклучуваат експертите во Извештајот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2011 во 06:06
Топ 5 Најмали цицачи во светот

 

Можеби изгледаат слатко и неодоливо, но нивната големина помага многу
повеќе од само да изгледаат „слатко“. Тие се качуваат по тенки гранчиња за да уловат храна, се кријат во многу мали отвори, нивната „мала големина“ му дава голема предност.
 
 
5. Пигмејски опосум

Иако изгледа како да е роднина со чинчилата, сепак пигмејскиот опосум е дел од фамилијата торбари, каде припаѓаат и кенгурите, тасманскиот ѓавол и коалата. Со големина од 5 – 10 сантиметри, пигмејскиот опосум тежи од 10 до 45 грама.

Тие се ноќни животни, а живеат во Австралија, Папуа Нова Гвинеја и Индонезија. За време на зимата, се свиткуваат во топка, ги покриваат очите со ушите и стапуваат во хибернација. За време на овој период тие не јадат и преживуваат од мастите кои му се складирани во опашката.

4. Американски мал крт

Со тежина од само 10 грами и должина од само 10 сантиметри ова мало суштество заслужува да се најде на оваа листа. Има остри нокти со кои рие низ земјата, но за разлика од другите висови кртови ова мало кртче излегува и над земја и лови инсекти по грмушките.

 

3. Пигмејски скокач

Изгледа како вкрстување на глушец и кенгур, но ова мало суштество е најмалиот глодар во светот со тежина од само 3 грами. Живее во врелите пустини, а најчесто се наоѓа во Пакистан, Авганистан и Кина. Достигнува максимална должина на телото од само 4 сантиметри, а опашката може да му биде долга од 7 до 20 сантиметри.

alt

2. Етрурски крт

Тежи само 2 грама или нешто помалку од тежината на монета од 1 денар. Достигнува должина на телото од 3 – 5 сантиметри, а опашката може да биде долга и до 7 сантиметри.

Интересно е што јаде два пати повеќе храна од својата сопствена тежина секој ден. Срцето му чука 25 пати во секунда, или 1500 пати во минута. Живее во јужните делови на Европа, северна Африка, на блискиот Исток и централна Азија.

alt

1. Лилјакот – бумбар

Дефинитивно најмалиот цицач во светот, лилјакот – бумбар тежи само 2 грама и има должина од 2 – 3 сантиметри (димензии колку поголем бумбар). Живее во варовнички пештери во шумите на Тајланд и Мјанмар. Нивните живеалишта се уништуваат со сечењето на шумите и урбанизацијата, заради што ова животно е прогласено како загрозен вид.



Изменето од емил - 26.Јуни.2011 во 06:13
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2011 во 05:37

Вли­ја­ни­е­то на лет­ни­те го­реш­ти­ни кај ми­ле­ни­ци­те

Во овој пер­и­од од го­ди­на­та се пра­ват по­дол­ги про­шет­ки во гра­дот, окол­ни­те пар­ко­ви и во из­лет­нич­ки мес­та. Ди­рек­тно­то из­ло­жу­ва­ње на сон­це на ми­ле­ни­кот при ви­со­ки тем­пе­ра­ту­ри мо­же да пре­диз­ви­ка сон­ча­ни­ца, ко­ја мо­же да има и смрт­ни пос­ле­ди­ци. Ку­чи­ња­та и мач­ки­те не ја ре­гу­ли­ра­ат те­лес­на­та тем­пе­ра­ту­ра со по­те­ње ка­ко лу­ѓе­то, ту­ку со ис­па­ру­ва­ње пре­ку за­бр­за­но ди­ше­ње. Дви­же­ње­то на воз­ду­хот низ влаж­ни­от ја­зик го зго­ле­му­ва ис­па­ру­ва­ње­то на топ­ли­от воз­дух, па та­ка се ре­гу­ли­ра те­лес­на­та тем­пе­ра­ту­ра. Ме­ѓу­тоа, тер­мо­ре­гу­ла­ци­ја­та пре­ку во­д­на­та па­реа е мож­на са­мо до­кол­ку влаж­нос­та на воз­ду­хот е под 100%. До­кол­ку ми­ле­ни­кот се нај­де во сре­ди­на што е влаж­на и топ­ла, пре­диз­ви­ка­на од ат­мос­фер­ски ко­ле­ба­ња, мо­же да дој­де до тоа тој да се нај­де во сос­тој­ба на топ­ло­тен удар. За две­те сос­тој­би за­ед­нич­ко е прег­ре­ва­ње­то на ор­га­низ­мот. Ка­ко ре­зул­тат на ди­рек­тно­то вли­ја­ние на сон­це­то при ви­со­ки тем­пе­ра­ту­ри и зго­ле­ме­на­та влаж­ност, нас­та­ну­ва хи­пе­ре­ми­ја на мо­зо­кот и мо­зоч­ни­те об­вив­ки, при што до­а­ѓа до на­ру­шу­ва­ње на фун­кци­и­те за ре­гу­ла­ци­ја на тем­пе­ра­ту­ра­та, ди­ше­ње­то и кр­во­то­кот. До­маш­ни ми­ле­ни­ци кои се ос­та­ве­ни на от­во­рен прос­тор, на влаж­но и топ­ло вре­ме, без сен­ка и во­да. По­ве­ќе ус­ло­ви и сос­тој­би мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат прег­ре­ва­ње на ор­га­низ­мот, ка­ко тр­ча­ње со ку­че­то при влаж­но и топ­ло вре­ме, ос­та­ва­ње на ми­ле­ни­кот во ав­то­мо­бил ду­ри и со по­дот­во­рен про­зо­рец. Осо­бе­но чувс­тви­тел­ни се: го­ле­ми­те рас­и кои по­ра­ди рес­пи­ра­тор­ни­от во­лу­мен по­бр­зо го за­си­ту­ва­ат воз­ду­хот во ав­то­мо­би­лот; ку­чи­ња­та со дол­го крз­но ка­ко ха­ски, ов­ча­ри, чау-чау; оние со нер­вни, ср­це­ви и бе­лод­роб­ни за­бо­лу­ва­ња; рас­и­те со крат­ка муц­ка, ка­ко ши-цу, пе­ки­не­зер, бул­дог и пер­си­ска мач­ка, кои по­ра­ди ана­том­ски­от об­лик на муц­ка­та има­ат теш­ко­тии со ди­ше­ње­то. И на кра­јот, ста­ри­те и зде­бе­ле­ни ку­чи­ња и мач­ки. Сим­пто­ми и зна­ци на прег­ре­ва­ње се за­бр­за­ното и отеж­на­тото ди­ше­ње. Тем­пе­ра­ту­ра од 40 С до 42.5 С. Свет­ло­цр­ве­на бо­ја на ја­зи­кот и на неп­ца­та. Гус­та и леп­ли­ва плун­ка. По­доц­на, со вло­шу­ва­ње на сос­тој­ба­та, ли­га­ви­ци­те се бо­јо­су­ва­ат во тем­но­си­на или во си­ва бо­ја. Из­ра­зе­на сла­бост, деп­ре­си­ја и за­ше­ме­те­ност, прид­ру­же­на со пов­ра­ќа­ње и ди­ја­ре­ја, кои мо­жат да би­дат кр­ва­ви. На кра­јот се ја­ву­ва шок, ко­ма и смрт. За вак­ви­те сос­тој­би, не­оп­ход­на е ит­на по­мош од ве­те­ри­на­рен ле­кар.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 06:21

Воспаление на лојните жлезди

Воспалението на лојните жлезди е невообичаена кожна болест, која постепено може да доведе до деструкција на лојните жлезди. Ова е почесто изразено кај младите кучиња и кај оние со средна старост. Генетски е наследна и се манифестира кај одредени фамилии кучиња. Наследни се кај пудлите, акитата и кај самоједите. Расите со зголемен ризик се: германски овчар, вижла и др. Многу е поретка кај мачките. Точната причина е непозната, но може да се јави како атака на имунолошкиот систем врз лојните жлезди, кои се одговорни за продукцијата на лој за потребите на кожата. Како резултат на намаленото лачење на лој, кожата станува сува, лушпеста и ги губи влакната (алопеција). Некои кучиња можат да развијат кожни инфекции како резултат на абнормалното лачење, а може да се развие и јадеж по телото. Кожните инфекции се манифестираат со непријатен мирис, папули или црвени испакнатини и со прекумерно митарење. Општо земено, оваа болест претставува козметички проблем и не влијае на здравјето или на животниот век. Болеста започнува од врвот на главата и се шири по целото тело. Најчесто започнува на околу три години живот и има тенденција прогресивно да се влошува со текот на времето. Можат да се извршат проверки и кај клинички здрави кучиња, кои при биопсија можат да покажат промени кои сугерираат на ваква состојба. Не постои лек за оваа болест. Неопходни се долготрајни третмани за контрола на оваа болест. Некои локални и системски терапии можат да ги намалат клиничките знаци и времено да ја смират состојбата. Контролата на секундарните, најчесто бактериски инфекции е неопходна. Капењето на кучињата со медицински шампони два-три пати неделно е препорачливо. Со тоа, се намалува прекумерниот првут. Системската терапија се дава за да се елиминира кожната инфекција и за да се нормализира лачењето на лојните жлезди

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2011 во 12:26

Обе­ле­жу­ва­ње­то прос­тор кај мач­ки­те

Обе­ле­жу­ва­ње­то е нај­чес­ти­от проб­лем при од­не­су­ва­ње­то на мач­ки­те во до­мот. Има раз­ли­ка ме­ѓу обе­ле­жу­ва­ње­то и ури­ни­ра­ње­то на мач­ка­та над­вор од са­дот со пе­сок. Нај­чес­то обе­ле­жу­ва­ње­то го из­ве­ду­ва­ат на вер­ти­кал­ни об­јек­ти, ка­ко ме­бел, ѕи­до­ви, про­зор­ци и слич­но. Мач­ки­те ќе го по­ми­ри­са­ат цел­ни­от об­јект, по­тоа за­вр­ту­вај­ќи се со по­диг­нат опаш, ќе го на­со­чат те­кот на ури­на­та кон об­јек­тот. Обе­ле­жу­ва­ње­то е на­ме­рен акт и не е по­вр­зан со ури­ни­ра­ње­то, а и не тре­ба да се ме­ша со не­а­дек­ват­но­то мок­ре­ње. Нај­чес­то се ја­ву­ва кај маж­ја­ци­те, но не рет­ко и кај кас­три­ра­ни­те маж­ја­ци и сте­ри­ли­зи­ра­ни­те жен­ки. Ин­тен­зи­те­тот на прс­ка­ње­то се зго­ле­му­ва во се­зо­на­та на па­ре­ње. Мач­ки­те ко­му­ни­ци­ра­ат не­вер­бал­но на мно­гу на­чи­ни. Гре­бе­ње­то по пред­ме­ти­те, че­ша­ње­то на об­ра­зи­те од ме­бе­лот (ли­це­то со­др­жи жлез­ди и при три­е­ње­то на об­ра­зи­те ис­пуш­та фе­ро­мо­ни) и прс­ка­ње­то. Пос­то­јат по­ве­ќе при­чи­ни зош­то обе­ле­жу­ва мач­ка­та. Стре­сот и те­ри­то­ри­јал­но­то пра­ша­ње се нај­чес­ти­те при­чи­ни. Мач­ки­те се те­ри­то­ри­јал­ни жи­вот­ни и со прс­ка­ње­то, ис­пра­ќа­ат јас­на по­ра­ка на сопс­тве­ност кон дру­ги­те мач­ки во об­лас­та. Со прс­ка­ње­то, мач­ка­та ја обе­ле­жу­ва те­ри­то­ри­ја­та и ја де­фи­ни­ра гра­ни­ца­та. Стре­сот е друг фак­тор по­ра­ди кој мар­ки­ра­ат. До­кол­ку не­о­дам­на се пре­се­ли­ла во друг дом или се до­се­лил нов член, не­за­вис­но да­ли е чо­век или жи­вот­но, мач­ка­та мо­же да го до­жи­вее тоа ка­ко стрес­на сос­тој­ба и да ре­зул­ти­ра со прс­ка­ње по до­мот. Овој ре­зул­тат се ја­ву­ва и при те­ри­то­ри­јал­на­та бор­ба ме­ѓу две мач­ки од ис­то до­ма­ќин­ство или ме­ѓу две ком­ши­ски мач­ки. По­не­ко­гаш и но­ви­от ме­бел мо­же да при­до­не­се за вак­ва по­ја­ва. Пре­вен­ти­ва­та се сос­тои пр­во во прег­лед од ве­те­ри­нар. Не­оп­ход­но е да се ис­клу­чат си­те здравс­тве­ни проб­ле­ми. По­тоа се ба­ра­ат при­чи­ни­те за прс­ка­ње­то. Кас­тра­ци­ја­та во овие слу­чаи е не­оп­ход­на ко­га обе­ле­жу­ва­ње­то се ја­ву­ва ка­ко ре­зул­тат на жел­ба за па­ре­ње. По­не­ко­гаш во трет­ма­нот се вклу­чу­ва­ат и ан­ти­ан­кси­оз­ни ме­ди­ка­мен­ти, кои ја ре­ду­ци­ра­ат или со­се­ма ја ели­ми­ни­ра­ат пот­ре­ба­та за мар­ки­ра­ње. Каз­ну­ва­ње­то на мач­ка­та не­ма да го ели­ми­ни­ра мар­ки­ра­ње­то, ту­ку са­мо ќе го зго­ле­ми стре­сот и ќе до­ве­де до по­го­лем ин­тен­зи­тет на обе­ле­жу­ва­ње

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2011 во 23:15

Пре­ку­мер­на­ те­жи­на кај мач­ки­те

Ка­ко и лу­ѓе­то, мач­ки­те со пре­ку­мер­на те­жи­на се из­ло­же­ни на ри­зик од здравс­тве­ни проб­ле­ми и обич­но жи­ве­ат пок­рат­ко од оние со нор­мал­на те­жи­на. Пок­рај тоа што се со зго­ле­мен ри­зик од за­бо­лу­ва­ње на цр­ни­от дроб и по­ја­ва на ди­ја­бе­тес, де­бе­ли­те мач­ки по­чес­то за­бо­лу­ва­ат од ар­три­тис, проб­ле­ми со ко­жа­та и дру­ги ме­ди­цин­ски сос­тој­би. За да се ут­вр­ди да­ли мач­ка­та е де­бе­ла, до­вол­но е да се по­ми­не со ра­ка­та по град­ни­от кош. Кај де­бе­ли­те мач­ки не мо­же да се по­чувс­тву­ва­ат реб­ра­та, а тоа е знак де­ка тре­ба да се поч­не со прог­ра­ма за сла­бе­е­ње. Ве­те­ри­нар­ни­от прег­лед е пр­ви­от че­кор кон сла­бе­е­ње­то. Док­то­рот ќе про­ве­ри да­ли пос­тои как­ва би­ло па­то­лош­ка при­чи­на за де­бе­ле­е­ње­то, ко­ја мо­же да го ис­ком­пли­ци­ра про­це­сот на сла­бе­е­ње. Кај здра­ви­те, но де­бе­ли мач­ки важ­но е да се од­ре­ди тем­по­то на гу­бе­ње на те­жи­на­та. Ге­не­рал­но, гу­бе­ње­то на те­лес­на­та ма­са од еден про­цент не­дел­но е при­фат­ли­во. Бр­зо­то гу­бе­ње на те­жи­на­та мо­же да пре­диз­ви­ка и бр­зо неј­зи­но вра­ќа­ње, от­ка­ко ќе прес­та­не ди­е­та­та. Ис­то та­ка, бр­зо­то сла­бе­е­ње мо­же да пре­диз­ви­ка теш­ки хе­па­тал­ни бо­лес­ти. Ед­на од глав­ни­те при­чи­ни за не­ус­пех на прог­ра­ми­те за сла­бе­е­ње е ко­га еден или по­ве­ќе чле­но­ви од се­мејс­тво­то не пар­ти­ци­пи­ра­ат, од­нос­но не ги сле­дат упатс­тва­та. Ос­нов­но за ус­пех на ед­на вак­ва прог­ра­ма е да се на­ма­ли вне­су­ва­ње­то ка­ло­рии. По­ве­ќе­то прог­ра­ми пре­по­ра­чу­ва­ат вне­су­ва­ње на се­дум­де­сет и пет про­цен­ти од пот­ре­би­те при нор­мал­на те­жи­на. Пос­то­јат два на­чи­на да се на­ма­ли вне­су­ва­ње­то ка­ло­рии. Пр­ви­от е да се на­ма­ли ко­ли­чес­тво­то хра­на­ што мо­мен­тал­но $ се да­ва на мач­ка­та. Во те­кот на еден ме­сец се да­ва од два­е­сет до три­е­сет про­цен­ти по­мал­ку хра­на. При ме­сеч­на­та про­вер­ка се ут­вр­ду­ва сос­тој­ба­та и се ко­ри­ги­ра ко­ли­чес­тво­то за след­ни­от ме­сец, до­кол­ку е пот­реб­но. Вто­ри­от на­чин е ис­хра­на со ме­ди­цин­ска хра­на за сла­бе­е­ње. Пред­нос­та на овој на­чин на ди­е­та е што овоз­мо­жу­ва ис­хра­на со во­о­би­ча­е­но­то ко­ли­че­ство хра­на, но со из­ра­зи­то по­ма­ла енер­гет­ска вред­ност

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2011 во 23:20

Четкање и капење на милениците по одмор

По завршување на годишните одмори, домашните миленици треба да се исчистат од солената вода, која доколку не се измие, може да предизвика чешање и иритирање на кожата. Доколку не ги исчешлате, влакната може да се соберат во топчиња, што, секако, е непријатно за милениците. Честопати се мисли дека четкањето и капењето се едноставна процедура на која и не треба да $ се придава особено внимание. Сепак, потребно е темелно чистење на кожата и подобра заштита од негативните надворешни влијанија.
Пред секое капење, неопходно е миленикот првин да се исчетка. Со целосно четкање се отстрануваат паднатите влакна и значително се подобрува ефектот на шампонот при чистењето на кожата. Оваа постапка, секако, ја олеснува работата. Помал проблем има кај милениците со кратко влакно. Но за оние долговлакнестите, четкањето пред капење е задолжително. Четкањето започнува со главата, во правец на опашката. Тоа се прави со цврсти и нежни движења. Насилното влечење на четката низ заплетканите клопчиња влакна може само да го повреди миленикот и да придонесе до отпор при наредните четкања. Миленикот треба да го доживува четкањето како задоволство, па затоа е неопходно и сопственикот да биде внимателен и да има трпение. Кучињата со густо крзно првин се четкаат спроти правецот на влакното, и тоа од коренот кон врвот на влакното, па обратно. Останатите се четкаат во правец на движење на влакното. Тоа се прави со долг замав за кучињата со долго влакно и краток за оние со кратко и цврсто влакно. По четкањето, се употребува чешел за отстранување на преостанатите паднати влакна.
Не е точно дека честото капење ја оштетува кожата. Меѓутоа, доколку се избере адекватен шампон, миленикот може да се капе и почесто од еднаш неделно, а притоа да не се оштети кожата. Пред секое капење се ставаат маст или капки за заштита на очите и памук во ушите за да се превенира влегувањето вода во ушните канали. Изборот на шампонот зависи од квалитетот на влакното и на кожата. Не се употребуваат шампони наменети за луѓе поради неприспособениот рН, кој може да ја оштети кожата. За миење на лицето, може да се употреби пешкир навлажнет со вода и шампон. Употребата на шампонот може да биде двократна, а плакнењето мора да биде темелно.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2011 во 09:44

Бол­ви кај ку­чи­ња­та

Бол­ви­те се нај­чес­ти­те па­ра­зи­ти кај ку­чи­ња­та. И пок­рај тоа што тие пред­ста­ву­ва­ат по­го­лем проб­лем во лет­ни­те ме­се­ци, тие мо­жат да пре­диз­ви­ку­ва­ат проб­ле­ми и во зим­ски­от пер­и­од по­ра­ди нив­на­та спо­соб­ност да го про­дол­жат жи­вот­ни­от цик­лус во зат­во­рен прос­тор. По­ја­ва­та на бол­ви нај­чес­то се за­бе­ле­жу­ва оној мо­мент ко­га ку­че­то ќе поч­не по­ве­ќек­рат­но да се че­ша или гри­зе на од­ре­де­ни под­рач­ја од сво­е­то те­ло. При прег­ле­дот на ко­жа­та мо­жат да се за­бе­ле­жат бол­ви­те кои бр­зо се дви­жат по крз­но­то. Кон­ти­ну­и­ра­но­то че­ша­ње пре­диз­ви­ка­но од бол­ви, мо­же да пре­диз­ви­ка вид­ли­во гу­бе­ње на влак­на­та и цр­ве­ни­ло по ко­жа­та, кое по­не­ко­гаш мо­же да за­вр­ши со дла­бо­ки гној­ни ра­ни. Пок­рај ова бол­ви­те мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат кож­на алер­ги­ја ка­ко и да пре­не­су­ва­ат и јај­ца од глис­ти. И пок­рај тоа што мно­гу ку­чи­ња се за­ра­зу­ва­ат со бол­ви, тоа не зна­чи де­ка тие лес­но се на­о­ѓа­ат. Сопс­тве­ни­ци­те нај­ед­нос­тав­но мо­жат да го ут­вр­дат при­сус­тво­то на бол­ви со вни­ма­те­лен прег­лед на ко­жа­та. До­кол­ку при прег­ле­дот се ут­вр­дат цр­ни рон­ки на влак­на­та, тие вни­ма­тел­но тре­ба да се ис­тре­сат на бе­ла нав­лаж­не­та хар­ти­ја. За крат­ко вре­ме рон­ки­те ќе ја про­ме­нат бо­ја­та во цр­ве­на или бо­ја на рѓа. Про­ме­на­та на бо­ја­та на рон­ки­те е до­каз де­ка тие се од крв­та на ку­че­то и се ре­зул­тат на ра­бо­та­та на ди­гес­тив­ни­от апа­рат на бол­ва­та. До­кол­ку пак рон­ки­те не ја про­ме­нат сво­ја­та бо­ја тие нај­ве­ро­јат­но се обич­на не­чис­то­ти­ја. За да се ели­ми­ни­ра­ат бол­ви­те, мо­ра да се спре­чи нив­на­та реп­ро­дук­ци­ја. Те­пи­си­те, прос­тир­ка­та на ку­че­то, на­меш­та­јот и дру­ги­те мес­та во ку­ќа­та ка­де што ку­че­то про­ве­ду­ва нај­мно­гу вре­ме со­др­жат го­лем број на бол­ви во раз­ви­ва­ње. Со по­чес­то вшму­ку­ва­ње на тие под­рач­ја и пер­е­ње на прос­тир­ка­та на ку­че­то, мо­же да се ре­ду­ци­ра нив­ни­от број во до­мот. Во дво­ро­ви­те, бол­ви­те нај­чес­то се раз­ви­ва­ат во сен­ко­ви­ти мес­та. Тоа се под­рач­ја ка­де ку­чи­ња­та и нај­чес­то са­ка­ат да се од­мо­рат и ре­лак­си­ра­ат. До­кол­ку ку­че­то не се чус­тву­ва при­јат­но на од­ре­де­но под­рач­је, то­гаш ве­ро­јат­но ни­ту бол­ви­те ќе би­дат при­сут­ни та­му. До­кол­ку е пот­реб­но и во до­мот и дво­рот се вр­ши де­зин­сек­ци­ја за да се ели­ми­ни­ра­ат бол­ви­те. Во не­кои пос­ло­же­ни сос­тој­би тоа тре­ба да го за­вр­ши струч­но ли­це. По­ве­ќе­то проб­ле­ми со бол­ви­те мо­жат да се за­вр­шат со тре­ти­ра­ње и пре­ве­ни­ра­ње на ку­чи­ња­та. Мо­ра да се има на ум де­ка проб­ле­ми­те со бол­ви мо­жат да би­дат раз­лич­ни од ед­но до дру­го ку­че и се­кој проб­лем мо­же да има по­себ­на ме­то­да на ре­ша­ва­ње. Ве­те­ри­нар­ни­от ле­кар ќе да де со­вет за се­ко­ја спе­ци­фич­на сос­тој­ба и упат­ство за без­бед­ни и ефи­кас­ни пре­па­ра­ти за заш­ти­та на ку­че­то.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2011 во 06:50

10 најинтелигентни видови животни

Кој во оваа "трка на мудроста" e зад нашите пети? 

1.     Шимпанзо

Шимпанзата се способни да учат, да извршуваат задачи и имаат подобра меморија од било кое друго животно на земјата. Можат да научат да користат компјутер и да решаваат нумерички проблеми. Овие животни се лесно прилагодливи на знаковен јазик и без тешкотии овозможуваат комуникација со луѓето. Користат тактички и ментални маневри  како за намамување на пленот, така и внатре во семејството кон другите членови. Знаат да кршат ореви со камен, оставаат сунѓерот да ја впие водата, кршат гранки и ги носат со себе за да го намамат пленот во дупка итн.

  • Шимпанзата делат 98% генетска ДНК со луѓето. Според последните истражувања, шимпанзата ги учат своите малечки на знаковен јазик и тоа без никаква човечка интервеција. 

2.     Делфин

Делфинот е исклучително друштвено и социјализирано животинче, кое воедно важи и за најинтелигентно водно животно. Обожава дружење, галење и пливање со човекот. Делфините се разбираат меѓу себе на нивен софистициран јазик, кој сеуште претставува загатка за човекот. Кај Bottlenose делфинот кој важи за најинтелигентен меѓу нив, церебралниот кортекс и фронталниот лобус од мозокот е за 40% поголем споредено со човековата врста. Церебралниот кортекс е дел од мозокот  одговорен за социјална комуникација, обработка на информации, решавање проблеми итн. Што значи делфините можат да мислат, да планираат, да решаваат проблеми, да ги сфаќаат идеите и да учат од претходните искуства. Делфинот има свест и знае да се покае.

  • Делфините и луѓето се единствените видови што можат да водат љубов. 

3.     Слон

Елегантен и љубопитен. Во многу култури е симбол на мудрост и е познат по својата извонредна способност за долготрајно чување спомени. Слонот користи еден вид ментална мапа преку која се раководи за наоѓање на точната локација или да ги најде дупките со вода од кои се хранел, а кои одамна ги напуштил. Мозокот на слонот е најголем од сите копнени животни. Дуваат, рикаат, се довикуваат, се прскаат со вода. Кај нив е идентификуванa и способноста за самопризнание и социјална интеракција. Слоновите имаат вкус за сликање и  уметнички достигнувања. Можат да насликаат портрет кој изразува чувства. Знаат да тажат, да љубат, да играат, да произведуваат музика итн. Имаат и висока форма на напредна ителигенција бидејќи знаат да се грижат и поистоветуваат со нвните блиски.

 4.     Врана

Знаат да користат одредени алатки без никој да ги научи. На пример употребуваат гранче за да соберат храна. Понекогаш оставаат ореви и мешунки на улица и чекаат да ги скрши кола или пешак, па одат ги јадат. Дивите врани во Израел фрлале трошки како мамка за полесно и побрзо да ги намамат рибите да дојдат на површината на водата. 

5.     Прасе

Слатко, питомо и снаодливо. Единствените животни што можат безбедно да преминат улица водејќи сметка за лево и десно. И покрај стереотипите за лакомост и лоша хигиена, свињите се всушност многу чисти и паметни животни. И домашните и дивите свињи се познати по нивната способност за лесно прилагодување на различните еколошки услови. Малите прасенца се актуелни домашни миленичиња во САД поради нивната послушност. 

6.     Октопод

Мајстори за мимикрија и камуфлажа. Октоподите се најпаметни меѓу сите безрбетници бидејќи може да ја менуваат бојата за помалку од една секунда имитирајќи рак, алги, корали и сл. Со своите пипала можат да отворат шише. Поседуваат исклучителна  интелектуална способност. При експериментални услови овие животни покажале способност за краткотрајна и долготрајна меморија. Имаат изразено чувство за допир. 

7.     Верверичка

Дома се враќаат преку идентификување на дрвја, грмушки, цвеќиња на кои наишле кога заминувале по храна. Закопаните украдени ореви можат без проблем да ги најдат во текот на целата зима. Ова животно поседува упорност и беспрекорна меморија и знае да се одмаздува на градинарите. Повеќето верверички се способни за изведување трикови и стратегии само за да преживеат. Забележано било напредно ниво на итрина и интелект особено при криење на храната од потенцијални крадци. 

8.     Куче – Бордер Коли (Border Collie)

Кучешката раса Бордер Коли (border- граница, coly/collie- црн) е  најинтелигентна од сите кучешки раси. Најдобриот пријател на човекот кој може да разбира, да биде послушен и да ве чита како отворена книга. Паметат ликови (човечки, животински) и ги препознаваат, препознаваат и радио и телевизија, чувствителни се, љубоморни, натпреварливи, љубопитни, приврзани кон својот газда и другите со кои живеат или се дружат. Оваа раса бара активности и прошетки, бидејќи ако е по цел ден дома манифестира  деструктивно однесување.

Легендарниот Коли е уникатен по неговата овчарска метода, кога мирно зјапа кон овците и ги застрашува со поглед. Куче кое не е толерантно кон неактивност и кое бара секојдневни вежби и ментални стимулации, во спротивност станува невротично и може да му опадне крзното. Максималниот животен век му е 12-13 години.

 9.     Африканскиот сив папагал

Веројатно најителигентната птица. Уживаат да го имитираат човекот или звуците од домаќинството. Можат да разговараат преку формулирање мали реченици и да даваат кратки одговори на прашања. Тоа не им е проблем бидејќи го разбираат значењето на зборовите. Добро обучени може да бројат до 6 и да идентификуваат објекти.

Овие птиците можат да идентификуваат повеќе од 50 предмети, распознаваат седум бои, пет форми и можат да бројат до шест. Ја знаат разликата на над-под, мал-голем и ги разбираат емоциите на човекот. Можат да ја научат на памет адресата или името и презимето на сопственикот и доколку избегаат/залутаат ќе ја повторуваат на луѓето за да ги вратат дома.

Една од најпознатите птици од овој вид, според евидентираните докази (од психологот за животни под чиј надзор бил 30 год.)  - е папагалот Alex, чија интелигенција била на рамниште на пет годишно дете.  

10.      Стаорец/глушец

Врз нив се спроведени најголем број од светските истражувања, тестирања и експерименти. Причината е сличната психологија  помеѓу стаорецот и човекот. Глувчињата можат да учат трикови многу лесно. Развиени им се сетилата за мирис и слух. Како и кучињата, и тие можат да се обучуваат за идентификување нагазни мини и бомби. Покажуваат знаци на каење, радост, стрес и сл. Имаат силни социјални односи со другите глувчиња и можат да умрат (поради тага), доколку нивниот партнер умре. Сонуваат на сличен начин како и човекот

 



Изменето од емил - 03.Октомври.2011 во 06:52
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2011 во 13:47

Vnimavajte na svoite milenichinja, ima opasen virus...
Shtotuku se vrativ od veterinar(za vakcina) i vidov kako dve kutrinja mu podlegnaa na virusot

Mi preporachaa strog karantin, dokolku sakam da si go zachuvam milenicheto.
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 08:58

Кој што памети?

 
Мачките имаат најдобро краткорочно, а морските лавови долгорочно помнење. Октоподот ги памети сите опасни ситуации во кој се нашол, а мозокот на слоновите е најголем во животинското царство.

За разлика од тетките од градинка или грижните дадилки, кои будно можат да следат што во исто време се случува со најмногу четири или пет деца, мајката слоница без проблеми знае што прават 30 од нив. Големата супермама во секој момент знае каде се наоѓаат до 30 члена од нивното семејство, независно во која насока се движи или колку далеку е од стадото.

Мозокот на слоновите не е најразвиен, но е најголем меѓу копнените животни, а овие благородни животни имаат неверојатна способност за создавање сложени ментални мапи.

Иако е на врвот на еволуциската скала, човекот не може да се мери со шимпанзото кога станува збор за фотографското помнење. На приматите им е доволен само краток поглед да запаметат десетина броеви на компјутерскиот екран, како и нивната положба. Импресивната визуелна меморија на шимпанзата не ја губи силата дури и ако некој им го одзема вниманието.

Октоподот засекогаш го памети непријателот

Краткорочното и долгорочното помнење кај октоподот е поврзано дури со половина милијарда неурони. Во ситуации во кои животот им е во опасност, помнењето влегува во турбо фаза и засекогаш го памети секој детаљ.

Морските лавови знаат да ги повторат триковите и после 10 години. Додека тренерите во аква-парковите ги подучувале морските лавови на евтини трикови, забележале дека овие паметни животни имаат неверојатно долготрајно помнење. Иако животниот век им е околу 25 години, морските лавови паметат се што научиле пред 10 години.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2012 во 06:04

Мајмунска работа - крадат коктели и се опиваат


Мајмуните веројатно се многу послични на луѓето отколку што претходно мислевме, затоа што ги имитираат нашите алкохолни навики.

Банди на вервет мајмуни редовно ги напаѓаат коктел баровите на карипскиот остров Сент Китс со цел да ја задоволат својата жед за алкохол. Ова може да се види и на смешното YouTube видео.

Слатките мали пијаници, пред 300 години за првпат пристигнале на островот заедно со робовите од Западна Африка, кои тука биле носени за работа во рум индустријата.

Мајмуните за првпат го вкусиле алкохолот кога почнале да ги јадат ферментираните овошја кои биле паднати на земјата во шумата. Сега емисијата Weird Science на Би-Би-Си ги прикажува како ги крадат вкусните алкохолни коктели на луѓето од плажите.

Сепак, не сите од нив го сакаат алкохолот. Документарецот дека алкохолните навики на мајмуните се слични на оние на луѓето.

- Некои мајмуни се трезвени и го одбиваат алкохолот за сметка на неалкохолните пијалаци. Процентот на мајмуни кои не пијат е ист со оној на луѓето кои не сакаат алкохол. Слично како и кај луѓето, повеќето мајмуни умерено пијат, 12 отсто постојано пијат, а пет проценти пијат до последната капка. Ова е доказ дека во гените ни е запишано дали ќе ни се допаѓа алкохолот, вели коментаторот. 

Исто како и кај луѓето, мајмуните кои пијат, на крајот на денот паѓаат или се тепаат. Сепак, за разлика од луѓето, мајмуните кои пијат повеќе се почитувани во нивната заедница. Ова е доказ дека луѓето не го почитуваат „мајмунисувањето“ на пијаните
.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.