IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Aрхитектура и дизајн
  Активни теми Активни теми RSS - Современа архитектура
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Современа архитектура

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2015 во 09:16

Capital Gate (Abu Dhabi, UAE)

capitalgate1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2015 во 09:16

Dancing Houses (Prague, Czech Republic)

dancing-houses-prague1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2015 во 09:20

Новиот планетариум на Шангај


p1

p2

p3
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2015 во 18:31
Dancing house е од еден од моите омилени архитекти Frank Gehry
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2016 во 21:21

11 необични градби пред своето време


Со својот необичен дизајн, остри агли, искривени линии и слоеви на стакло, модерната архитектура често изгледа неверојатно.

Некои објекти имаат толку футуристички изглед што се чини дека доаѓаат директно од некој научно-фантастичен филм, иако имаат конвенционална цел како станбени згради, трговски и културни центри, образовни установи...

Ова се 11 необични градби пред своето време!

Cardedeu црква, Ел Салвадор

11-neobicni-gradbi-pred-svoeto-vreme-01


Младински хостел, Шенжен, Кина

11-neobicni-gradbi-pred-svoeto-vreme-02


Hiroshi Senju музеј, Каруизава, Јапонија

11-neobicni-gradbi-pred-svoeto-vreme-03


Фултон Мол, Њујорк

11-neobicni-gradbi-pred-svoeto-vreme-04


Историски музеј, Шангај, Кина

11-neobicni-gradbi-pred-svoeto-vreme-05


Shunde основно училиште, Гуангдонг, Кина

11-neobicni-gradbi-pred-svoeto-vreme-06


Penleigh и Essendon гимназија, Мелбурн, Австралија

11-neobicni-gradbi-pred-svoeto-vreme-07 1


100PP деловна зграда, Сингапур

11-neobicni-gradbi-pred-svoeto-vreme-08


Broadgate комплекс, Лондон, Велика Британија

11-neobicni-gradbi-pred-svoeto-vreme-07 2


Viking by Crown зграда, Сиднеј, Австралија

11-neobicni-gradbi-pred-svoeto-vreme-11 2


Вертикално соединение на станови, Сингапур

11-neobicni-gradbi-pred-svoeto-vreme-11 1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2016 во 02:35
повеќе се во своето време, отколку пред своето време трепкање


размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2016 во 08:46

Најфасцинантните градби на кои човештвото работи во моментов


Секоја година има по неколку десетици планови „од иднината“ на кои човештвото работи. Повеќето ќе ве натераат да се чувствувате како да сте отпатувале во времето.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-001.jpg

Ова се 11-те на кои моментално најактивно се работи:

1. The Cobra Towers

Двете кули во форма на преплетени кобри треба да се изградат во Кувајт. Нивната изградба беше предвидена да започне уште во 2008-ма година, но беше ставена во мирување заради финансиската криза. Едно од интересните прашања наметнато при проектирањето на градбата беше како да се направат лифтови кои ќе се движат низ спирална структура.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-01.jpg


2. Kingdom Tower

Кулата на Кралството која после завршувањето ќе биде повисока и од Бурџ Калифа (моментално највисоката зграда во светот), се гради во Саудиска Арабија. Предвидено е да содржи деловни простории, луксузни апартмани, опсерваторија, хотел и највисока платформа за набљудување. Согласно плановите изградбата треба да заврши до 2019-та година.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-02.jpg


3. Shanghai Tower

Изградбата на оваа 121-катна кула е започната во 1993-та, а е завршена оваа година. Иако сè работи на нејзино внатрешно доопремување, погледот од врвот е спектакуларен. За тоа треба да им се заблагодариме на двајцата руски зависници од адреналин кои минатата година незаконски влегоа во зградата и направија извонредни фотографии од врвот.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-03.jpg


4. Dubai Pearl

Меѓу планирањето на најголемиот трговски центар и највисоката зграда на светот, некој во Дубаи решил дека земјата мора да има и барем една луксузна зграда која која ќе наликува на вообичаена станбена зграда. Овој „град во градот“ ќе биде составен од четири згради кои ќе бидат поврзани со мост на самиот врв, а ќе вклучува и театар со капацитет од 1.800 посетители.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-04.jpg


5. Agora Garden Tower

Неговата изградба треба да започне веќе со почетокот на следната година. Станува збор за проект кој ќе претставува симбиоза меѓу човештвото и природата. Извртената градба треба да биде еколошка во секоја смисла на зборот: секој балкон ќе има сопствена градина, предведено е користење на сончевата енергија и рециклирање на дождовната вода.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-05.jpg


6. World One Tower

Со предвидените 117 ката оваа зграда би требало да стане најголемата станбена зграда во светот. Исто така ќе претставува и највисока градба во градот Мумбаи. Предвидено е да содржи 300 луксузни апартмани дизајнирани од познатиот Џорџо Армани.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-06.jpg

7. King Abdullah Petroleum Studies and Research Center  

Можеби не може да се пофали со својата височина, но тоа не го прави помалку фасцинантен од другите. Оваа градба сместена во Саудиска Арабија плени со футуристичкиот дизајн заснован на испреплетени шестаголни клетки.  

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-07.jpg


8. Suzhou Zhongnan Center

Пред некое време Кина започна со изградбата на оваа 730-метарска кула која ќе чини 4,5 милијарди долари. Иако е предвидено изградбата да трае долго, се смета дека истата ќе биде завршена во 2020-та година, при што во тој момент би била највисоката зграда во Кина и трета по висина во светот.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-08.jpg


9. Lotte World Tower

Значително повисока од сите останати згради во Сеул, Јужна Кореја, 556-метарската кула би требало да биде завршена во 2016-та година. Предвидено е да содржи продавници, канцеларии, апартмани, хотели и платформа за набљудување на самиот врв.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-09.jpg


10. Dawang Mountain Resort

Ова ремек-дело на човештвото треба да биде отворено во 2016-та година. Предвидено е да вклучува затворен лизгачки комплекс составен од лизгалишта, воден парк и висечки градини.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-10.jpg


11. The Songjiang Hotel

Лоциран во Кина, хотелот треба да биде изграден помеѓу два гребени под кои се простира прекрасно езеро. Согласно плановите, предвидено е хотелот да содржи водопад кој ќе тече буквално по неговите надворешни ѕидови. Ако се плашите од височина и не сакате да гледате нагоре, тогаш само продолжете кон најниските катови и уживајте во подводниот свет, бидејќи долните катови се наоѓаат под вода.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-11.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2016 во 05:13
хотел во Босна и Херцеговина

размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2016 во 14:44

Интересен проект:


Проект за хотел на остров во Охридско езеро


Render 1

Креирање на вештачки остров со хотел во Охридското езеро беше една од темите кои ги разработуваа студентите по архитектура во рамки на предметот „Архитектонско студио“ на Факултетот за архитектура во Скопје. Целта беше да се понуди архитектонско решение на овој сложен проект, кое ќе нуди и програмски концепт за островот, односно што би понудил хотелот, како и начинот на кој тој ќе биде поврзан со градот и ќе понуди уште еден јавен простор за Охриѓани и тамошните туристи. Објектот кој би имал современа архитектура треба да има природен дијалог со градот и истовремено да се вклопи без премногу да отскокнува во постоечката архитектура на градот.

Студентите по архитектура, Димитар Петровски и Борјан Овезовски кои работеа на оваа тема во рамки на зимскиот семестар на факултетот како решенија понудија  современ висококатен хотел, со форма на цвет, кој нуди плејада од јавни, приватни и комерцијални простори. Хотелот е замислен да биде поставен во близина на кејот во центарот на Охрид, поврзан со мост до градот и да со својот изглед да биде нова, вертикална скулптура во градот. Посетителите на хотелот и неговите барови имаат панорамски поглед кон стариот дел на Охрид. Објектот има модерни содржини, како транспарентен подводен кат кој на посетителите ќе им нуди поглед на езерската флора и фауна, фитнес центар и галериски простор за културни и општествени активности  или само релаксирано уживање далеку од туристичката врвулица на самиот врв на хотелот.

На Архитектонскиот факултет уште денес ќе може да се погледне изложбата на студентски проекти. Во продолжение прочитајте го описот на Петровски и Овезовски за нивниот проект за хотел на кејот на Охридското езеро.

Render 2

Render 4
Проект: Хотел на кејот на Охридското езеро
Локација: Охрид
Студенти/автори: Димитар Петровски и Борјан Овезовски
Година: 2015/16
Педагошки тим: Проф. д-р Минас Бакалчев, Викторија Богданова, Саша Тасиќ, Александар Петановски, Гордан Петров

Опис од авторите:

Појдовна точка во изработката на овој проект беше поставување на вертикална аксијала која ќе се издигне од површината на Охридското езеро и ќе создаде остров околу неа. Таквата вертикала ќе има улога на светилник и ќе создаде нова вертикална скулптура во силуетата на градот.

Render 3 Model

Локацијата на хотелот е на местото на старото пристаниште, на кејот на Охридското езеро во Охрид. Пешачкиот пристап до хотелот е овозможен преку мост со кој се пристигнува до кружна платформа која го обиколува објектот и создава јавен простор кој се протега пред самиот објект. Кружната геометрија е задржана и во обликувањето на хотелот бидејќи таа е најповолна и овозможува непречен поглед од 360 степени како кон езерото, така и кон самиот град.
Во лобито на хотелот е сместен лоби бар коj се отвора кон платформата и самото езеро, додека под нивото на лобито е сместено казино, од кое преку ѕидовите од стакло е овозможен визуелен контакт на посетителите со подводниот свет на езерото. Хотелскиот ресторан кој се наоѓа на првиот кат им овозможува на посетителите да уживаат во панорамски погледот на стариот дел на градот Охрид и Охридското езеро.

Render - Karakteristicen kat Render - Enterier Render - Lobi

Карактеристичниот кат на хотелот е составен од 6 соби и една сервисна просторија, кои се радијално поставени околу средишен атриум кој се протега по целата висина на хотелот.

Содржините кои се наменети за рекреација и релаксација на посетителите се наоѓаат на најгорните нивоа на хотелот, така што вежбањето во финтес центарот или пливањето во базенот овозможуваат и уживање во глетката на Охрид од една поинаква перспектива. На највисокото триесетто ниво на хотелот се наоѓа целосно застаклена просторија од која се отвораат визури кон градот и езерото и истата може да се користи како опсерваторија, галерија или како простор за одмор и релаксација.

Model Model Model Model Model Presek Izgled 3D presek

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2016 во 17:07




"The Cube"-Бејрут
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2016 во 20:26
Harbin Opera House", футуристички архитектонски белег во Кина

Со својата флуидна форма и лелеавите кривулести линии, новата опера "Harbin Opera House" во Кина хармонично се претопува во природниот пејзаж.

Зданието со органска архитектура што беше отворено неодамна претставува нов дом на културата и уметноста во кинескиот град Харбин, извонредна архитектонска креација изведена под палката на архитектонското биро „MAD Architects“.



„Harbin Opera House“ во целост ја отелотворува архитектонската визија и филозофијата на „MAD Architects“ за футуристички, органски и технолошки современи дизајни. Новото здание ќе ги соедини музиката и театарот под еден мистичен покрив и ќе биде ново, современо културно прибежиште за жителите на градот. Со површина од 80000 метри квадратни и капацитет за 2000 посетители, „Harbin Opera House“ претставува архитектонско ремек-дело вредно за секојдневно воодушевување.


Исклучителниот архитектонски тим на „MAD Architects“ за невообичаената и органска форма на архитектонската структура на „Harbin Opera House“ добива инспирација од историјата на руралниот град, неговата нескротлива дивина и од острите климатски услови. Харбин е град познат по екстремните и силни ветрови што го обликуваат неговиот природен пејзаж со привлечни скулптурни контури. Токму тие сили на ветрот и на природата се отсликани во скулптурниот архитектонски израз на објектот што беспрекорно и ненаметливо се вклопува во природниот контекст.


„Harbin Opera House“ се истакнува со флуидна фасада изведена од бели алуминиумски панели чии кривулести форми, овој пат обликувани од светло топло дрво, продолжуваат во ентериерот и создаваат поетична атмосфера. Органскиот карактер на екстериерот е во целост пренесен и во ентериерот, со што архитектите креираат хармонична целина од линии, форми и материјали.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2016 во 20:09
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2016 во 20:09
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2016 во 20:11
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.