IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Домашни сосови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Домашни сосови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 12:42

Совети

* Како да ги подготвите сосовите?
Сосовите се подготвуваат од продукти со најдобар квалитет на тивок оган или над пареа, особено ако додатоците за врзување се чувствителни, на пример, јајца.

* Кои се карактеристиките на бешамел сосот?
Дворскиот каноник на Луј Четиринаесетти го измислил сосот бешамел. Во оригиналната верзија се употребува основа од брашно и путер, која лесно се пропржува, се додава павлака со додавање на ситно сечкани магдонос, лук и кромид, па се вари до саканата густина. Денес павлаката е заменета со млеко, а зачинските билки со малку рендано морско оревче.

* Што се тоа преливи за салати?
Наједноставните сосови се преливите за салати во кои главни состојки се зачинските билки, маслото, оцетот и лимоновиот сок.

* Со што да се послужи мајонезот и сосовите направени на база на мајонез?
Мајонезот и сосовите на база на мајонез одат со пржени јадења, јадења од месо, риба и зеленчук, со салати и како подлога за подготвување сендвичи.

* Со што да ги послужите топлите сосови?
Топлите сосови се послужуваат со варено и печено месо, риба или како прелив за варен зеленчук.

* Пикантни сосови

Пикантните сосови не мора да ги подготвувате само за прослави, туку може да ги употребите и како секојдневна ужина. Исечете на стапчиња или на помали парчиња целер, морков и некој друг крцкав зеленчук и сервирајте го во поголема чинија. Со зеленчукот послужете и некој пикантен сос.
1. Изматете кисело млеко со кисела павлака, во нив додадете малку сол, бибер и мелени ореви, па сето тоа добро измешајте го.
2. Изматете крем сирење и млеко, па во нив додадете ситно сечкано младо кромитче, мелени бадеми, малку сол, бибер и по желба, малку лут буковец.
3. Изрендајте кора од портокал, исцедете го сокот и измешајте го со кисела павлака. Во нив додадете сол, бибер и чили во прав.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 12:45

Фантастичен сос

Потребно:

* 1 китка магдонос
* 300 мл јогурт
* 1 лажица сок од лимон
* 1 лажичка сенф
* малку шеќер
* сол
* бибер

Приготвување: измешајте ги јогуртот, сокот од лимон, сенфот, шеќерот, солта, биберот и ситно сечканиот магдонос. Подготвениот сос послужете го со печени компири или со печена риба.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 23:19

Чили сос

Потребно:

* 400 г домати исечени на коцкички
* 120 г кромид
* 6 ситно сечкани чили пиперчиња
* 2 лажици ситно сечкан магдонос
* 1 чешне лук
* 3 лажици маслиново масло
* 2 лажици сок од лимон
* сол

Приготвување: измешајте ги доматите со ситно сечканите кромид, чили пиперчиња и магдонос. Додајте ги истолчениот лук, маслиновото масло, сокот од лимон и солта, па добро измешајте го сето тоа. Оставете го сосот да отстои еден час, а потоа послужете го.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 23:34

Сос од ванила со овошје

Потребно:

* 400 мл млеко
* 1/2 ќесичка пудинг од ванила
* 2 лажички шеќер
* 3 лажици сок од портокал
* овошје по избор - свежо или од компот

Приготвување: измешајте го прашокот за пудинг со шеќерот и со 3 лажици млеко (земени од 400 мл млеко) добро измешајте го. Остатокот од млекото сварете го, извадете го тенџерето од ринглата и додадете го разматениот прашок за пудинг. Сето тоа мешајќи варете го 1-2 минути. Сосот постепено ладете го со повремено мешање за да не се создаде коричка. Откако ќе се излади, сипајте го сокот од портокалот. Овошјето исечете го и послужете го заедно со сосот од ванила.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2011 во 14:27

Ла­ден сос од до­ма­ти и бо­си­лек

Пот­реб­но:

* 400 г шпа­ге­ти
* 600 г до­ма­ти
* 4 чеш­ни­ња лук
* 15 лив­чи­ња бо­си­лек
* мас­ли­но­во мас­ло
* сол
* би­бер

При­гот­ву­ва­ње: исе­че­те ги из­лу­пе­ни­те до­ма­ти на коц­кич­ки и ста­ве­те ги во дла­бо­ка чи­ни­ја. Сит­но исеч­кај­те ги ис­чис­те­ни­от лук и бо­си­ле­кот, па из­ме­шај­те ги во до­ма­ти­те. За­чи­не­те ја сме­са­та од до­ма­ти­те со мас­ли­но­во мас­ло, сол и со би­бер. Вед­наш из­ме­шај­те ги сва­ре­ни­те шпа­ге­ти со со­сот од до­ма­ти­ и пос­лу­же­те ги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 14:19

Зелен сос против желудочна нервоза

Освен што е вкусен додаток на салатите, ладното печено месо, месото од скара, на рибите и компирите печени во лушпа, зелениот сос од свежи листови од магдонос, босилек и матичник го забрзува варењето, ги смирува грчевите во желудникот и цревата, помага кај желудочната нервоза.
За овој сос ви е потребно: 1 лажица свежи листови од магдонос, 1 лажица свежи листови од босилек, 1 лажица свежи листови од матичник, 150 мл маслиново масло, 1 лажичка рендана кора од лимон, сол, бибер, малку табаско сос.
Во електрична мешалка ставете ги листовите од магдоносот, босилекот, матичникот, маслиновото масло и табаско сосот, па матете ги додека не добиете мазна смеса. Во сосот додадете ги ренданата кора од лимон, солта и биберот, па оставете го да отстои два-три часа пред употреба. Сосот чувајте го во фрижидер најмногу два дена.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2011 во 15:36

Направете домашен мајонез

1. За подготовка на мајонез, потребни ви се следните продукти: жолчки, лимон, сенф, сол и масло.

2. Изматете ги жолчките, сокот од лимон, сенфот и солта со маталка, во стаклен сад. Со лесно мешање, постепено додавајте го маслото.

3. Со постојано матење и со постепеното додавање на маслото, смесата ќе стане светла и ќе добие густина типична за мајонезот.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2011 во 23:38

Сос од печурки

Потребно:

* 30 г сув вргањ
* 1 главица кромид
* 40 г путер
* 20 г нишесте
* 400 мл супа од печурки
* 100 мл павлака за готвење
* сол
* магдонос

Приготвување: сувите печурки потопете ги во 150 мл топла вода. Излупете го и исечкајте го кромидот, па пржете го додека не стане стаклест. Додадете ги исечканите суви печурки и водата во која стоеја. Сето тоа прелијте го со супата во која сте го измешале нишестето и павлаката за готвење, па мешајќи загревајте го сето тоа, додека течноста не испари на 250 мл сос. На крај, сосот посолете го по вкус и посипете го со ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2011 во 15:43

Сос од маг­до­нос

Пот­реб­но:

* 2 твр­до ва­ре­ни јај­ца
* 1 кит­ка маг­до­нос
* 150 г пу­тер
* сол
* би­бер
* 100 мл пав­ла­ка за гот­ве­ње

При­гот­ву­ва­ње: из­лу­пе­те ги јај­ца­та и сит­но исеч­кај­те ги, а ис­чис­те­ни­от маг­до­нос исе­че­те го на мал­ку по­го­ле­ми пар­чи­ња. Сто­пе­те го пу­те­рот, за­чи­не­те го со сол и би­бер, па ме­шај­ќи, ста­ве­те ги јај­ца­та, маг­до­но­сот и пав­ла­ка­та за гот­ве­ње. Ва­ре­те го се­то тоа до­де­ка со­сот не поч­не да врие и не ја до­бие са­ка­на­та гус­ти­на.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2011 во 05:57

Сос од модри патлиџани

Потребно:

* 3 модри патлиџани
* 4 чешниња лук
* сол
* бибер
* 1 китка магдонос
* сок од половина лимон
* 100 мл маслиново масло

Приготвување: испечете ги модрите патлиџани во рерна, но оставете кората малку да им загори. Веднаш прелијте ги со ладна вода и излупете ги. Ставете ги во блендер и испасирајте ги во мазна смеса. Излупете го лукот и ситно исечкајте го со магдоносот. Додајте ги во смесата од патлиџаните, па зачинете го сето тоа со сол, бибер и со лимонов сок. Потоа додавајте по малку од маслиновото масло, со постојано мешање, сè додека не добиете компактна смеса.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 12:17

Пикантни сосови како секојдневна ужина

Пикантните сосови не мора да ги подготвувате само за прослави, туку може да ги употребите и како секојдневна ужина. Исечете целер, морков и некој друг крцкав зеленчук на стапчиња или на помали парчиња и сервирајте го во поголема чинија. Со зеленчукот послужете и некој пикантен сос.
1. Изматете кисело млеко со кисела павлака, додајте малку сол, бибер и мелени ореви, па добро измешајте го сето тоа.
2. Изматете крем-сирење и млеко, па додајте ситно сечкано младо кромитче, мелени бадеми, малку сол, бибер и по желба, малку лут буковец.
3. Изрендајте кора од портокал, исцедете го сокот и измешајте го со кисела павлака. Во нив додајте сол, бибер и чили во прав.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 23:09

Песто сос

Потребно:

* 1 китка босилек
* 100 г сечкани ореви
* 3-4 чешниња лук
* 100 г пармезан
* околу 200 мл маслиново масло

Приготвување: измешајте ги сите состојки, ставете ги во блендер и миксирајте ги додека не добиете компактна смеса. Вака подготвениот сос се користи како прелив за шпагети или како сос за други јадења.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 17:41

Салса сос – лут Гонзалес



800 гр. цели конзервирани домати

1 чешне лук

2 лажици сецкан магдонос

2 лажици лимонов сок

1 сецкан кромид

1 лажица мелена црвена пиперка

Сол и црн пипер:

Припрема:

Исцедете ги доматите, па исецкајте ги на коцки, а зачувајте го сокот. Промешајте ги со ситно сецканите лук, кромид, магдонос, лимоновиот сок и црвената мелена пиперка. Потоа додадете го изцедениот сок, онолку колку што е потребно за да ја добиете саканата густина.

Салсата оставете ја во фрижидер да се излади неколку часа. Послужете ја со тортиља лешчиња, крекери или други солени грицки. Добар апетит!



Изменето од емил - 12.Март.2012 во 17:42
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2012 во 13:07


Шпанска „Salsa Fresca“

Шпан­ска „Salsa Fresca“


Овој шпан­ски сос е неве­ро­јатно вку­сен со риба или пиле­шко месо.

СОСТОЈКИ
• 4–5 домати
• 1 помал вио­ле­тов кро­мид
• 1 лута пиперка (хала­пењо, по можност)
• 2 чениња лук, исит­нети
• 2 лажици сок од лимета
• 2 лажици масли­ново масло
• малку сол, бибер и оригано

ПОДГОТОВКА
Испа­си­рајте ги дома­тите. Изме­шајте ги сите други состојки освен дома­тите. Дода­дете ги дома­тите и убаво изме­шајте. Оста­вете на собна темпе­ра­тура 15 минути да отстои.



Изменето од Santijago - 14.Август.2012 во 13:07
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.