IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Природни заштитници на нашето здравје
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Природни заштитници на нашето здравје

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 17:10
Марула - мала зелена аптека

Марула или зелена салата, едноставно не постои човек кој живее на Балканот, а кој ја нема пробано и нема уживано во вкусот на зелената салата.

Марулата или кај нас позната како зелена салата е најчест гостин на нашата трпеза, порано таа можеше да се најде во првите денови на пролетта, но денес ја има скоро низ целата година. Позната им е на луѓето векови пред новата ера. Старите Грци и препишувале многу лековити својства, некои велеле дека е одлична против кашлање, други пак велеле дека е најдобро да се конзумира пред спиење бидејќи го подобрува сонот, како и да е, ние со сигурност се согласуваме дека зелената салата е многу моќен зеленчук, ништо помалку корисен од останатите, но истовремено таа нуди и многу свои специфични благодети.

Нашата мала зелена аптека е богата со многу минерали кои се во идеален сооднос. На неа можеме да и препишеме многу поволности кои навистина делуваат и се од голема корист за организамот. Марулата ги штити и чува нервите, но истовремено го јакне и одржува имунитетот, па нејзиното користење за време на сезоната на настинка и грип е можеме да кажеме неопходно. Но, многу важно е што зелената салата е природен диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организамот, го штити срцето и крвните садови и го подобрува функционирањето на бубрезите.


Марулата содржи материја која ги орвора крвните садови, спречува настанување на наслаги на крвните садови, исто така го намалува ризикот од инфарк и други несакани состојби на кардио васкуларниот систем. Марулата е пријател на целото тело, ги штити сите ситеми и органи, и го регулира крвниот притисок. Таа е исклучително богата со витамин Ц, но и други витамини од групата Б, Е и А. Ако кажеме дека зелената салата е уште наречена и растение на убавината можеби ќе се зачудите, но таа ја одржува кожата ја храни и рехидрира и го спречува појавувањето на брчки.

Зелената салата се користи и како лек против опстипација(запек), и е одличен регулатор на работата на цревата. Според некои истражувања таа го намалува ризикот за појава на дијабет тип 2, и многу други болести.

Можеби секојдневно ја користевте, но треба да признаете дека не сте ни очекувале дека таа е толку многу здрава и корисна, дури и многу покорисна од некои растенија за кои луѓето имаат високо мислење. Затоа не престанувајте и не одвикнувајте се од оваа вкусно и лесно достапно јадење бидејќи таа е пријател на организамот и го заслужува секојдневното присуство на вашата трпеза.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 17:11
Сите чудотворни дејства на лубеницата

На вкусната и сочна лубеница ретко кој може да и одолее, особено во топлите летни денови кога истата е одлично здраво освежување кое што за организмот има многу благотворни дејствија, освен пријатното разладување.

Лубеницата дефинитивно е омиленото овошје во текот на летото, а истата, покрај тоа што е вкусна, е и исклучително корисна за човековото здравје, пред се затоа што претставува нискокалорично овошје со многу благодати за организмот. 


Во продолжение прочитајте кои се основните здравствени користи од консумацијата на лубеница: 

● Лубеницата е богата со електролити и вода, што значи дека е природен лек во борбата против тропските горештини, жедта и дехидрацијата.

● Ова овошје има сосема малку калории, па така, со изедени 100 грама лубеница се внесуваат 30 калории. Сепак, оние кои што се склони кон прејадување од одредени намерници би требало да внимаваат со консумацијата се со цел да не развијат дијабетес во својот организам. 


● Лубеницата е богата со фитонутриенти и антиоксиданси кои што го чуваат здравјето.

● Вкусната лубеница е извор на витаминот А, природен антиоксиданс кој во 100 грама свежа лубеница е застапен со 569 милиграми или 19% од дневната потреба на овој витамин. Витаминот А е важен за одржување на здравата кожа, а заштитува и голем број на други телесни функции, вклучувајќи го здравјето на белите дробови и усната шуплина. 


● Лубеницата е богата со антиоксиданси како што се ликопен, бетакаротен, лутеин, зеаксантин и криптоксантин. Овие антиоксиданси се делотворни во превенцијата од рак на дебелото црево, простатата, градите и белите дробови. 

● Станува збор за извор на калиум кој е неопходен за рамнотежата на електролитите, за контрола на срцевата работа и притисокот, а истиот е важен и за превенцијата од срцев и мозочен удар!


● Лубеницата содржи големи количини на витаминот Б6,тиаминот, витаминот Ц и манганот. Храната богата со витамин Ц му помага на имунолошкиот систем, додека пак манганот како елемент е важен за здравјето на кожата и коските! 

Најновата студија на шпанските научници пак открила дека сокот од лубеница може да ја намали болката во мускулите по вежбањето. Така, лубеницата најмногу, но и дињата, краставиците и тиквите ја содржат аминокиселината цитрулин која што е специфична по тоа што влијае на намалувањето на болката во мускулите. 


Претходните истражувања откриле дека цитрулинот има антиоксидантни способности и дека како таков, тој може да произведе кислород кој ја поттикнува релаксацијата и ширењето на крвните садови, што пак позитивно влијае кај еректилните дисфункции, односно импотенцијата, како и кај хипертензијата и атеросклерозата. 

Во истражувањето учествувале седум здрави студенти кои што во три различни случаи, по тест со максимален напор, испиле по 500 милилитри сок од лубеница кој содржел 1,17 грама цитрулин и сок од лубеница кој бил дополнително обогатен со цитрулин од околу 5 грама или плацебо. 


Резултатите покажале дека и двете групи кои што внесувале сок од лубеница чувствувале значително помала болка во мускулите во споредба со плацебо групата, што е доказ дека сокот од лубеница има потенцијал да стане новиот задолжителен напиток за сите спортисти.

Откако се уверивте колку е здрава лубеницата, сето ова е само уште една причина зошто веднаш да отидете до продавницата и да си купите од ова освежувачко летно овошје, а на следниот линк можете да прочитате како истата наједноставно да ја исечете! Поканете ги најблиските и уживајте во разладувањето и засладувањето! 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 13:47

Ароми од миризливи растенија за подобро здравје


Добро е познато дека лавандата може да помогне при несоница, но тоа не е единственото растение чиј мирис може да има позитивно влијание врз вашето општо здравје. 

eteri&amp;#269;na ulja

Мирисите на цимет, каранфилче и на бор поволно влијаат врз здравјето и врз расположението. Во рамките на едно истражување, испитаниците мирисале цимет и потоа решавале тестови на концентрација, паметење и брзина на менталните реакции. Откриено е дека мирисањето цимет ги подобрило резултатите кај сите испитаници и дека тоа ја подобрува работата на мозокот.

Покрај тоа, мирисот на цимет кај мажите може да дејствува како лесен сексуален стимуланс, а слично дејствува и каранфилчето, кое ослободува од стрес, го отстранува менталниот замор и дејствува како лесен стимуланс. Етеричните масла од цимет и од каранфилче помагаат и во проблемот со спиење и емотивната потиштеност.

Едно австриско истражување покажа дека луѓето што уживале во мирисот на портокал или на лаванда биле посмирени, позитивни и помалку нервозни.

Мирисите на јаболко или на банана ја смируваат желбата за прејадување, па ако сакате да ослабите, помирисајте банана или зелено јаболко веднаш штом ќе почувствувате потреба за јадење.

Мирисот на бор поттикнува и освежува, го бистри умот, а поволно дејствува и на дишните патишта бидејќи ги уништува микроорганизмите.

Рузмаринот помага за учење и за концентрација, па на студентите им се советува да учат во просторија со мирис на етерично масло од рузмарин.

Луѓето што вежбаат во просторија попрскана со мириси на мандарина, портокал, зелено јаболко и на лимон, ќе постигнат подобри резултати и ќе бидат помалку изморени, отркиваат истражувањата.



Изменето од Valerija - 27.Март.2014 во 15:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 14:27

Четири најкорисни јаткасти плодови

Многубројни истражувања потврдиле дека грицкањето јаткасти плодови може да помогне во спречување кардиоваскуларни болести. Да бидеме попрецизни, комбинираните резултати на четири големи студии во кои учествувале 170.000 мажи и жени покажуваат дека грицкањето јаткасти плодови скоро секој ден го намалува ризикот од срцев удар за неверојатни 35 отсто. Но тоа не е сè , грицкањето на овие плодови е добро и од многу други причини. Ние издвоивме четири најдобри претставници на овој вид, кои можат да ви го подобрат здравјето.

 

 
Фстаци за ситост
Овие семки се богати со калиум, калциум, витамини Ц, А и Е, како и со фолати. Покрај ова, содржат и микроелементи: железо, цинк, бакар, манган, селен, како и витамин Ц. Тие се исклучително калорични, но и богати со јаглехидрати. Благодарение на високата калориска вредност, брзо ќе ве заситат, а притоа ќе го намалат нивото на холестерол и ќе го заштитат срцето.
Pinoli
Пињоли за контрола на апетитот
Од сите јаткасти плодови, пињолите имаат најголем процент на белковини – 31 отсто. Од витамини, пињолите содржат витамини А, Ц, Д, Е, тијамин, рибофлавин, нијацин, а од минерали, железо, магнезиум, фосфор, цинк и селен. Како и другите јаткасти плодови, и пињолите се ефикасни во превенцијата на кардиоваскуларните болести и го намалуваат ЛДЛ-холестеролот. Освен во превенцијата на кардиоваскуларните болести, пињолите се користат и како лековито средство против вознемиреност, туберкулоза, при нарушување на работата на бубрезите, бабулето и на системот за варење.
Бадеми за губење на килограмите
Повеќето маснотии што ги содржат бадемите содржат мононезаситени маснотии, а тиепозитивно дејствуваат врз намалувањето на холестеролот и го намалуваат ризикот од срцевите болести. Освен тоа, бадемите ја намалуваат опасноста од настанување атеросклероза. Нутриционистите тврдат дека и покрај високата калориска вредност на бадемите, тие помагаат во губење на килограмите и спречување на дебелеењето, но и превентивно дејствуваат против дијабетес тип 2. Треба да се истакне и тоа дека содржат есенцијални минерали, тоа се магнезиум, кој е клучен во процесот на создавање енергија, но и за здравјето на коските, потоа калиум, кој ја контролира рамнотежата на течностите во телото и помага за намалување на крвниот притисок, како и калциум, кој ја чува цврстината на коските.
Ореви за омега-3 киселини
Оревите не само што се вкусни туку се и многу здрави. За жал, кај многу луѓе консумацијата на ореви е ограничена, затоа што овие плодови се калорични и богати со маснотии. Но станува збор за незаситени масни киселини, а богати се и со витамини и минерали што помагаат да останеме здрави. Листата на нутриенти што ги содржат оревите е долга. Содржат: калиум, магнезиум, фосфор, железо, калциум, цинк, витамини Б6, Б9, Е, А. Нè снабдуваат со омега-масни киселини – еден грст ореви задоволува дури 91 отсто од дневната потреба за омега-3 есенцијални масни киселини.



Изменето од Valerija - 27.Март.2014 во 15:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 14:28

Со храна против секојдневниот замор


Се чувствувате слабо, уморно и не ви се прави ништо? Дремете на работното место? Не треба да посегнувате по енергетски пијалоци. Обидете се со некој од овие производи и сигурно ќе ве преплави енергија.

narandze

Спанаќ

Постои ли нешто што спанаќот не може да го реши? Полн е со хранливи материи – влакна, витамин К (за коските), лутеин (за очите), а некои истражувања покажуваат дека им помага на мускулите при вежбањето. Во него има и многу железо, што значи дека може да ве „крене“ кога сте уморни.

Сок од портокал

Витаминот Ц помага во производството на карнитин кој маснотиите ги претвора во енергија. Чашата цеден сок од портокал, плус доволно овошје и зеленчук (пиперка, брокула, јагоди) и ќе пукате од енергија.

Банани

Уште една чудотворна намирница полна со хранливи материи. Бананата ќе ви даде енергија и ќе го одржи стабилно нивото на шеќерот во крвта.

Јајца

Протеините од јајцата, особено оние од белката ни помагаат да останеме будни и да ја одржиме концентрацијата.

Грчки јогурт

Кремавиот деликатес ќе ви даде двојно повеќе протеини од обичниот јогурт што ќе ви помогне во одржувањето на енергетското ниво.

Киноа

Оваа житарка кај нас е занемарена, а може да се набави во продавниците за здрава храна. Нејзините сложени јагленохидрати го одржуваат нивото на шеќер во крвта, што значи дека енергијата нема нагло да ви падне.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 14:30

Ѓумбир: Ги топи масните наслојки и го намалува стресот


Ѓумбирот главно се употребува во тајландската и во индиската кујна. Но неговиот мирис и вкус сè почесто може да се почувствуваат и на нашите трпези…

ingwer-anpflanzen

Овој зачин е многу добар антиоксиданс, има антибактериско, антисептично, седативно и антипиретично дејство и, освен тоа, се смета за добар афродизијак.

Топи масни наслојки

Иако правилната исхрана и редовното вежбање се единствен начин да се избориме со вишокот килограми, постојат и многубројни природни додатоци во исхраната што можат да ни помогнат во процесот на слабеење. Меѓу нив е  и ѓумбирот.

Лековиот корен го забрзува метаболизмот, го снижува холестеролот, го помага излачувањето на плунка и варењето на скробна храна, ја намалува надуеноста и тврдата столица, а сето тоа придонесува за губење на килограмите.

Ги подобрува менталните способности

Се знае дека ѓумбирот ја отстранува главоболката, но е помалку познато дека придонесува и за подобро функционирање на мозокот. Ако го употребуваме во било кој облик во текот на денот, ќе бидеме посвежи и ќе имаме повеќе сила и енергија, а доколку во вечерните часови изедеме топла чорба со додаток на ѓумбир, ќе си обезбедиме добар одмор и сон.

Го намалува стресот

Ѓумбирот изобилува со антиоксиданс гингерола, кој помага во отстранувањето на штетните хемикалии што нашето тело ги произведува кога сме загрижени, па со самото тоа влијае и на намалување на психолошкиот стрес. Во текот на стресот се нарушува и процесот на варењето, па се јавува мачнина, а ѓумбирот е лек и за овие тегоби.

Против утринска мачнина

Има малку лекови, и синтетички и природни, кои се дозволени во бременоста. Ѓумбирот слободно може да се употребува во помали количини – како извонредно средство за остранување на утринските мачнини. Пијте со мали голтки свеж чај од ѓумбир секогаш кога ќе почувствувате дека ви се појавува мачнина.

Против настинка и грип

Ако редовно употребуваме ѓумбир, кој е силен антиоксиданс, а има и антибактериски својства – можеме да ја споречиме појавата на настинки и грип, како и потенцијалните компликации од овие состојби. Ѓумбирот ќе ни го зајакне имунитетот, ќе го олесни дишењето и ќе ја ублажи главоболката. Тој поттикнува и потење, па е одличен и за снижување на температурата.

Лек за артритис

Бидејќи ѓумбирот има антивоспалителни својства, ефикасен е во терапијата на ревматоиден артритис, остеоартритис и на други болести на мускулно-коскеното и сврзувачкото ткиво. Хемиските состојки што ги содржи ѓумбирот се корисни во спречувањето на биосинтезата на простагландинот, кој е одговорен за настанување на воспалението. Некои истражувања покажуваат дека во случај на артритис ѓумбирот е дури и поделотворен од конвенционалните лекови.

За студени раце и нозе

Синдромот на студени раце и нозе повеќе не ги погодува само постарите луѓе. Ѓумбирот е силно средство за активирање на циркулацијата и неговата употреба им се советува на сите што го имаат овој проблем. Најдобри резултати се постигнуваат ако редовно се пие топол чај од овој лековит корен.



Изменето од Valerija - 27.Март.2014 во 15:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 17:15

Зошто се здрави крушите?


Традиционалната медицина уште одамна ги препознала лековитите својства на крушите. Меѓутоа, пред сè, прво што треба да се знае за крушите е дека тие не смеат да се јадат на празен стомак или по месо и тешки јадења. По крушите, пак, не смее да се пие вода затоа што тоа може да предизвика дијареја. Од друга страна, ако страдате од запек, крушите се одлично решение за овој проблем. Пектинот во крушите помага и за намалување на нивото на холестерол, особено ако тие се јадат нелупени и имаат тенка и мека лушпа.

pears-vitamins

Храна за бебиња

Многу лекари препорачуваат крушите да бидат еден од првите плодови со кои треба да се храни бебето. Иако ова не е научно докажано, никој не го доведува во прашање фактот дека кашичките од круши лесно се варат, па затоа им се даваат на бебињата од најрана возраст. Уште една од причините заради кои треба да се форсираат кашички од круши е тоа што ова овошје ретко предизвикува алергии.

 Го забавува стареењето

Најмалку три оброци овошје дневно го намалуваат ризикот од појава на макуларна дегенерација за 36%,  која се јавува со стареењето. Податоците објавени во Archives of Ophthalmology покажуваат дека за овие лековити својства се заслужни антиоксидантите, витамините А, Ц и Е, кои се наоѓаат во крушите.

Го намалуваат ризикот од мозочен удар

Антиоксидансот глутатион, кој се наоѓа во крушите, позитивно деjствува врз намалувањето на крвниот притисок, а го намалува и ризикот од појава на мозочен удар. Уште еден антиоксиданс од крушите – кверцетин, помага во превенцијата на рак и на артериски оштетувања што можат да доведат до болест на срцето.

Штити од дијабетес

Крушите го намалуваат ризикот од појава на дијабетес тип 2. Истражувачите утврдиле дека одредени видови на флавоноиди во храната можат да ја подобрат осетливоста на инсулин, а од посебен интерес во ова подрачје се три групи флавоноиди што се наоѓаат токму во крушите. Меѓутоа, новата анализа на Nurses ‘Health Study покажала дека комбинацијата на јаболко и круша има најдобро дејство врз намалувањето на ризикот од дијабетес тип 2. На дијабетичарите им се советува редовно да земаат сок од здрави круши 30 минути пред јадење.

Лекува простатитис

Во традиционалната медицина крушите уште многу одамна се користат за лекување на простатитис, кој е една од најчестите уролошки дијагнози на мажи помлади од 50 години. Чајот од листови од круша придонесува за исфрлање камен и песок од бубрезите и ја олеснува елиминацијата на бактериите од уринарниот тракт, а дејствува и врз воспалението на зглобовите.

Ја подобрува работата на срцето

Заради калиумот и натриумот што ги содржат, крушите ги поттикнуваат излачувањето на течностите и снижувањето на крвниот притисок, ја подобруваат работата на срцето, пренесувањето на нервните импулси и работата на мускулите. Освен калиум и натриум, крушите содржат и доста фолна киселина, што помага во спречувањето на артритис и на реума.

Го острануваат заморот 

Препорачливо е да се јадат круши при замор, вртоглавица, тахикардија, губење на апетитот и пад на имунитетот. Ако сте анемични, секој ден изедете две големи круши за ручек, како десерт. Во овој случај, крушите се јадат излупени, додека пулпата треба да се помеша со две лажици мед.

Ја намалува кашлицата и лекува бронхитис 

Крушите помагаат против кашлица и треска. Варени и печени круши се користат за лекување на бронхитис.

Ја намалуваат температурата 

Со векови, крушите се употребуваат за снижување на температурата. Голема чаша свежо исцеден сок од круши ќе придонесе за непосредно чувство на ладење.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 18:09

8 тајни моќи на сокот од портокал


Сокот од портокал е богат извор на калиум..

Сокот од портокал е овошен сок кој најчесто се консумира во светот.

Иако често се наоѓа на масата за време на појадокот, вистинските здравствени придобивки од сокот од портокал не се сосема познати. Но, сосема е сигурно дека овој сок е добар за целокупното здравје. Треба да се спомене дека станува збор за свежо цеден сок од портокал, а не фабрички прозиведен. Еве 8 предности од консумирањето сок од портокал:

● Поради високата содржина на витамин „Ц“, сокот од портокал може да ви помогне да го подобрите имунитетот.

● Внесувањето намирници со висока содржина на масти и шеќери ќе поттикнат развој на воспалителни процеси во организмот. Но, истражувањата покажуваат дека пиењето сок од портокал, во комбинација со намирници богати со масти и јаглехидрати, спречува развој на воспалителни процеси во организмот, што е одлична превентивна мерка против развој на атеросклероза и инсулинска резистенција.

● Редовно консумирање сок од портокал го подобрува крвниот притисок. Истражувањата покажуваат дека сокот од портокал содржи пигмент хесперидин кој е растворлив во вода. Токму тој пигмент може да го подобри кардиоваскуларното здравје.

● Редовно внесување сок од портокал го намалува нивото на лошиот холестерол.

● Овој сок е фантастичен извор на антиоксиданси. Тоа значи дека сокот од портокал може да помогне во спречување развој на разни облици рак, а првенствено рак на дојката и простатата. 

● Сокот од портокал е богат извор на калиум.

● Фолната киселина игра многу важна улога во репродукција на новите клетки и може да го забрза процесот на лечење. 

● Поради антиоксидансите кои сокот од портокал ги содржи во изобилство, научниците веруваат дека неговото редовно консумирање може да помогне во елиминирање на вишокот килогами. Исто така, тие тврдат дека чаша свежо цеден сок дневно, е сосема доволна за овој процес.



Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 13:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 18:25

Урма-најздравото овошје на планетата


Урмите претставуваат природна мултивитаминска таблета.

Урмите се одличен извор на природни влакна, кои му се потребни на организмот за добра работа на цревата.

Природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена замена за обичниот шеќер. Ова овошје е лесно сварливо и го намалува чувството на глад. По составот, урмите претставуваат природна мултивитаминска таблета, која е добра и за децата и за возрасните. Урмата помага во безброј болести, од анемија преку холестерол, па сè до канцер.

Одличен извор на железо
Анемичните личности би требало да јадат што е можно повеќе урми, бидејќи тие се одличен извор на железо. Сто грама урми содржи околу 0.90гр железо, што е околу 11% од препорачаната дневна вредност. Железото, како дел од хемоглобинот во внатрешноста на црвените крвни зрнца, го одредува внесувањето на кислород во крвта. Најголема потреба за железо имаат адолесцентите и трудниците.

Витамини за очи
Со оглед на тоа дека урмите содржат лутеин и зеаксантин, тие се нарекуваат и „витамини за очи“. Лутеинот и зеаксантинот се посебно важни за мрежницата и за макулата на окото, бидејќи го подобруваат видот и спречуваат оштетување на макулата, која се оштетува во староста. Затоа, ако сакате добар вид, треба да консумирате повеќе урми.

Ја стопира дијарејата
Урмите содржат калциум, кој е корисен за спречување на дијарејата. Освен тоа урмите помагаат побрзо да се обнови флората на цревата. Редовното консумирање на урмите помага да се создадат потребните бактерии во цревата.

Лек за тврда столица
Исто како што ја стопираат дијарејата, урмите помагаат и храната да се свари побрзо и токсините да се извадат од организмот. Сè што е потребно е да земете неколку урми и навечер да ги оставите да отстојат во вода. Преку ноќта, урмите ќе испуштат сок, кој е одличен лаксатив, што ќе ја олесни работата на цревата. Во САД урмите се пакуваат во мали шишенца и се користат како лек. Сто грама урми содржат 8.5гр влакна.

Го олеснува породувањето
Еден експеримент спроведен во еден универзитет за наука и технологија во Џордан, покажа дека консумирањето урми 4 недели пред породувањето може да ги олесни болките, но и да го намали крвавењето. Жените кои пред породувањето јаделе урми се породиле побрзо и полесно, за разлика од оние жени кои не консумирале овошје. Освен тоа, урмите им помагаат на жените полесно да ја поминат постпородилната депресија и да произведат доволно млеко за бебето. 

Ја регулира телесната тежинаПоради многуте хранливи материи, урмите предизвикуваат чувство на ситост и го олеснуваат намалувањето на телесната тежина. Ако на празен желудник земете урма, истата ќе ја регулира работата на цревата и ќе го даде потребното ниво на шеќер. Урмите не содржат холестерол, но имаат доста шеќери, па од претерано консумирање би можеле и да се здебелите. Еден килограм урми, содржи 3.000 калории.

Го зајакнува срцето
Луѓето со слабо срце може секојдневно да го консумираат ова моќно овошје. Преку ноќта, оставете ги урмите да отстојат во вода. Наутро сомелете ги во блендер заедно со водата. Овој лек може да го земате повеќе пати во денот.

Го намалува крвниот притисоК*рмите содржат многу малку натриум, а богати се со калциум. Стандардната порција од пет или шест урми содржи околу 80мг магнезиум, есенцијален минерал, кој допринесува за ширење на крвните садови. Истражувањето покажува дека 370мг магнезиум дневно може да го намали крвниот притисок.

Штити од мозочен удар
Една од клучните предности на ова чудесно овошје е неговата способност да го регулира здравиот нервен систем, благодарение на богатото ниво на калиум. Истражувањата покажаа дека поголемо внесување на калиум (околу 400мг) може да го намали ризикот за мозочен удар за 40%.


Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 13:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 22:10

Продукти што ги штитат цревата од појава на рак


Се наоѓа во мешунките, лебот и житарките од цело зрно.

Во стручното списание „Current Opinion in Gastroenterology“ е наведен преглед на истражувања кои што укажуваат дека резистентниот скроб придонесува за уништување на туморските клетки како и за намалување на воспалението што на крај можат да доведат до карцином.

Резистентниот скроб има функција на сирови влакна така што може да набабрува.

Се наоѓа во мешунките, лебот и житарките од цело зрно, зелените банани, интегралните тестенини и ориз. И покрај тоа што истражувањата се спроведени на глувци, резултатите укажуваат на тоа дека резистентниот скроб има добри антиканцерогени својства поради кои би требало да биде составен дел од секојдневната исхрана.

Освен тоа, резистентниот скроб се покажал како потенцијално средство во терапијата за дијабетес, дијареа (пролив), дебелина како и во исхраната на болните.




Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 13:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 13:43

Горчлива диња ги лечи и најопасните тумури

Во последниве четири години интензивно се истражува ефектот на ова растение врз ракот.

Нова студија покажала дека сокот од горчлива диња, познато овошје во Азија и Африка значително го намалува растот на канцерогеното ткиво бидејќи го нарушува метаболизмот на гликоза во клетките од ракот, со што буквално ги изгладнува неговите клетки без шеќерот кој е основното гориво без кое не можат да преживеат.

Иако растението е познато по својата лековитост, повеќето здравствени бенефити (антивирусно дејство, антиоксидант, лек против дијабетес, антикарценогено својство), дури неодамна стана актуелни во западната медицина. 

Оваа билка под латински назив Momordica charantia е посебно позната во Јапонија, поточно во Окинава, каде жителите се познати по својата долговечност.

Во последниве четири години интензивно се истражува ефектот на ова растение врз ракот. 

Ефектот се забележува кај рак на дојка, простата, дебело црево, црн дроб, желудник, леукемија и др. 

Најновата студија покажала дека сокот од горчлива диња дејствува цитоксично и на карциномот на панкреасот.

Сокот предизвикува програмирана клеточна смрт на канцерогените клетки (апоптоза) и што е уште поважно активира АМРК што е знак дека го онеспособува метаболизмот внатре во канцерогената клетка која потоа станува неспособна да се исхранува што резултира со нејзина смрт.




Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 13:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 17:33

Лимон за нервоза и мигрена


Лимонот содржи специјални супстанции кои дејствуваат смирувачки..

Сите болести доаѓаат од нервите.

Изморен човек не може да работи ефикасно, не може целосо да ужива во одморот.

Разнишаниот нервен систем предизвикува нервоза, несоница, мигрена, умор и главоболка. Сето ова може да биде ставено под контрола со помош на лимон.

Лимонот содржи специјални супстанции кои дејствуваат смирувачки. Мигрената на пример може да биде атакувана со лимон.

Оваа невролошка болест, која е придружена со силна главоболка и чувствителност, се манифестира со болни напади кои може да траат и по неколку дена.

За да се заштитите од следниот напад пијте пијалок од половина лимонов сок, измешан со две лажици чај од мента и маточина полиен со една чаша вода.

Лимоновиот сок се става во изладениот чај. Се пие по три лажици три пати дневно за време на оброкот. За мигрена користете пијалок од половина чаша сок од лимон, измешан со половина чаша сок од јаболко.

Ставете во пијалокот две лажички мед. Пијалокот се пие два пати дневно по една чаша половина час по оброкот.

Нервозата, која претставува функционално пореметување на нервите, се манифестира со чести промени на расположението, анксиозност и страв, нервоза, тага мигрена и мускулни грчеви.

Во една чаша вода додадете сок од четвртина лимон,  една лажица шеќер и една коцка мраз. Пијте по две чаши од овој пијалок кога сте нервозни.

Несоницата, што е симптом на многу нервни растројства, може да биде победена со сок од еден лимон измешан со две лажички мед.



Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 17:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 08:20

Една главица кромид - збир на сите потребни витамини за човечкото тело

Над него рониме солзи, не олутува, ни мирисаат рацете по неговото чистење, често го презираме додека сме мали….

За спортистите во сурова состојба е како барутно полнење. Француските селани го грицкаат со парче леб, војвоѓаните со сланина а ние Македонците баш сакаме да го измерачиме со добра скара. Уште Хомер во своето време ги величел неговите исцелителни моќи. Помага во љубовните лудувања, го чисти тенот и ѕидовите на цревата.

Потекнува од Азија, а во Месопотамија и Египет го одгледувале уште пред шест милениуми. Денес е едно од најраспространетите растенија на светот.

Во нашите краишта доаѓа во средниот век преку Италија.

Иако исто како и во љубовта предизвикува солзи, не ни паѓа на памет да се откажеме од него.

Лупење кромид, така е наречена автобиографијата на писателот Гинтер Грас, кој преку метафора ги означува бројните периферни слоеви кои треба да се отстранат за да се дојде до суштината, но, истовремено асоцира и на плачењето кое го предизвикува кромидот.

Според гастрономската литература,најмногу го сакаат Французите. Нашироко е популарна нивната супа од кромид.

Присутен е во многу јадења во турската кујна, а најпознате е јадењето Соган долма со извлечени слоеви кромид полнети со мелено месо.

Кај нас речиси е задолжителен во секое готвено јадење и како прилог кон месо на скара, состока во бројни салати. Македонската, шопската и компир салатата не можат да се замислат без кромид.

Освен што на јадењата им дава убав вкус, тој е и многу лековит. Ги уништува цревните паразити, помага кај запекот. Тој е одличен диуретик, а делува превентивно кај инфекциите. Во народната медицина се користи и за масажа, како средство за ублажување на кашлицата а го штити и срцето.

Конзумирањето на двесте грама свеж кромид дневно, ќе го намали ризик за зачепување на крвните садови.

Тој е богат извор на селен, во комбинација со витаминот Е, ги чува ќелиите од штетното дејство на слободните радикали.

Ги јакне нервите, го потпомага варењето на храната и делува против грчевите. Го подобрува помнењето и го штити организмот од штетните токсини. Го одложува стареењето на мозокот и е брана против Паркинсовата и Алцахмеровата болест а сирупот подготвен од кромид е одличен лек против несоница.

Кромидот е одлично средство во борбата со чиревите и другите кожни инфекции.

Во однос на хранливоста, во него има најмногу јаглехидрати а занемарливи количества од протеини и масти.

Неговата основна биолошка вредност е во богатството на минерали и витамини со кои изобилува.

Особено е богат со калиум, сулфур и различни олигоелементи, со витамините B1, B2, C, E, K, P и каротен (провитамин А1), гликозиди, етерични масла, растителни хормони слични на инсулинот, како и бактерицидни фитонициди.



Изменето од Valerija - 03.Април.2014 во 08:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 18:13

Шипка наместо аналгетици


0891430001392624350_15828_600x458

Шипката има лековито својство. Токму со екстракт од шипинка, дански научници го создадоа препаратот Gopo кој ја намалува болката при остеоартритис .

Болеста значително ги ограничува движењата на човекот. Gopo може да исполни 90 отсто од поставената задача. Таблетите се особено ефикасни , ако човекот страда од болки во рацете .

Препаратот е направен врз основа на соединение извадено од шипинка. За прв пат за Gopo се проговори пред повеќе од 20 години. Активното соединение се изолира од исушена шипинка со помош на специјален патентиран метод . Соединението ја намалува тапата болка , со успешност во 9 од 10 случаи .

Засега е испитано само врз 30 волонтери. Истражувањето , спроведено од Универзитетот во Копенхаген , овозможува да се утврди дека средството ги ублажува симптомите на остеоартритис за едно деноноќие и луѓето со оваа дијагноза користат за една третина помалку стандардни аналгетици .

Познато е дека во Шипката има многу витамин Ц и ликопин , моќни антиоксиданси кои го намалуваат нивото на холестерол и воспаленијата.




Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 18:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.