IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Кочо Рацин- симболот на македонскиот непокор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кочо Рацин- симболот на македонскиот непокор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кочо Рацин- симболот на македонскиот непокор
    Испратена: 19.Септември.2009 во 14:36
Кочо Рацин (Koста Апостолов Солев) (Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на македонската литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика.

Кочо (Коста Солев) Рацин се родил во 1908 година, во Велес. Неговот детство ја запознало уште рано сиромаштијата и сето она што ја придружува на нејзиниот безмилосен пат. Неговиот татко, грнчарот Апостол, не можел да му пружи којзнае какво школско образование, бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за малечка заработувачка. Кочо можел да добие одвај еден клас нижа гимназија и веќе на својата тринаесета година бил присилен да му се посвети сосема на татковиот занает.

Во 1924 станува член на СКОЈ и набрзо се истакнува како еден од најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија. Во 1926 Рацин станува член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес, а во ноември 1928 учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден, како единствен делегат од Македонија. По враќањето во Југославија е уапсен, но по три месеци поради недостиг на докази е пуштен на слобода. Но, набрзо, во април 1929 заминува на отслужување на воениот рок во Пожаревац.

По воведувањето на диктатура во Југославија во 1929, партиската организација во Македонија бива целосно разбиена. Дури во 1932 започнува процесот на обновување и поврзување на организациите на КПЈ и СКОЈ во Македонија, а во летото 1933 се создава и Областен комитет на КПЈ за Македонија, во чиј состав влегуваат: Никола Оровчанец, Живоин Ќурчиќ и - Кочо Рацин. Од ноември истата година ОК започнува да го издава месечниот весник „Искра”, чијшто уредник е Рацин. Излегуваат само два броја на весникот. На почетокот на јануари 1934 се случува провала и 15 водечки македонски комунисти, вклучително и Рацин, се уапсени. Рацин е осуден на 4 години робија во Сремска Митровица, но во декември 1935, по донесувањето на закон за амнестија, бидува ослободен. Времето поминато во затворот за него всушност претставува период на универзитетско и национално образование. Меѓу другото, од дружењето со затворениците Моша Пијаде, Родољуб Чолаковиќ и Огњен Прица разбира дека е важно да пишува на мајчин македонски јазик. Учествува и во преводот на „Комунистичкиот манифест“ на македонски јазик.

Презимето Рацин доаѓа од неговата сакана Раца.


По излегувањето од затвор Рацин бележи особена творечка активност, која ќе кулминира во 1939 година кога Рацин ја објавува својата стихозбирка „Бели мугри“, но и пишува и објавува неколку статии и трудови од областа на литературната критика, философијата и историјата што од него ќе направат најпознат македонски интелектуалец и прогресивен мислител на просторите на бивша Југославија. Сепак, новоздобиената слава и авторитет на Рацин ќе доживеат силен удар во 1940 година кога има нарушување на односите помеѓу Рацин и раководството на КПЈ во Македонија. Поради посетата на Рацин на Александар Цветковиќ, тогашен бан на Вардарската бановина и поради една критичка изјава на Рацин на сметка на работата на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија одржана на 8 септември 1940 (на која Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на ПК КПЈ за Македонија), Рацин едногласно е исклучен од Партијата и на членовите на Партијата им е наредено да го бојкотираат. Бојкотот трае некаде до почетокот на 1942 кога односите помеѓу Рацин и раководството на Партијата во Македонија се подобруваат.

По капитулацијата на Југославија еден период работи во Софија и живее заедно со својот сограѓанин и истомисленик Коле Неделковски, но по неговата смрт се враќа во Скопје. Во Скопје е уапсен од страна на бугарската полиција и интерниран во селото Корница, Неврокопско.

Во 1943 година Рацин успева да се врати во Скопје и во пролетта заминува во партизани, во одредот „Кораб”. Станува уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат” и подготвува две збирки на македонски народни песни.

Рацин го завршува животот на трагичен начин. Една вечер, додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, смртоносно бил застрелан од стражарот којшто го чувал пристапот кон печатницата. Има две верзии околу неговата смрт. Според првата, станува збор за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот к*ршум. Според втората верзија тој е намерно убиен. Според наводи на современици, Страхил Гигов политички го изолирал Рацин, и го организирал неговото убиство

Творештвото на Кочо Рацин опфаќа неколку области: поезија, проза, историски списи, философски списи и литературна критика. Својот најголем придонес го дава во областа на поезијата, особено со стихозбирката „Бели мугри“, но и во останатите области дава важни придонеси, кои главно се во сенка на неговото поетско творештво.

Рацин започнува да пишува во 1928 година. Од февруари до јули на својата љубов Рахилка Фирфова ѝ ги посветува своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на болката” останата во ракопис. Картичките денес се чуваат во Архивот на Македонија. Песните главно се напишани на српско-хрватски јазик, освен шест, кои се напишани на бугарски ("Разнеженост", "Рухнаха се надеждите мои", "Плач в безмощие", "Все пак... ", "Мечти в полунощ", "И пак тъга раздира ми гърдите"). Истата година во двобројот за октомври-ноември на загрепското списание „Критика“ е објавена неговата прва песна, „Синови глади”, напишана на српско-хрватски јазик. Од мај до октомври 1930 година во сараевското списание „Снага” објавува четири песни: „Из фабрике”, „У предвечерје”, „Челичном строју” и „Бити човек”. Во 1932 година во Скопје Рацин објавува заедничка стихозбирка со студентите на Философскиот факултет во Скопје, Јован Ѓорѓевиќ и Александар Аксиќ, на српски јазик под наслов „1932“. Во оваа збирка е објавена една од Рациновите најсилни песни „Ватромет”. Следна песна која ја објавува Рацин е песната „До еден работник”, која е прва песна на Рацин на македонски јазик, а ја објави загрепското списание “Књижевник” во 1936 година. Во 1938 година ја објавува песната „Смрт астуриског рудара“ по повод загинувањето на велешанецот Ганчо Хаџипанзов во Шпанската граѓанска војна, а својот најголемиот успех го постигнува во 1939 година со стихозбирката „Бели мугри”. Стихозбирката е испечатена во 4.000 примероци и се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија, постигнувајќи голем успех. Во овој оддел може да се спомне и збирката „Македонски народно-ослободителни песни“ која Рацин ја објавува мај 1943, во партизани, но на која тој е уредник, но не и автор.

Рациновиот прв објавен прилог е неговата прозна исповест „Резултат“, објавена во двобројот за август-септември 1928 на загрепското списание „Критика“. Во 1932 година учествува на конк*рсот на загрепската „Литература” и е награден за својот расказ „У каменолому“, кој подоцна е и објавен во ова списание. Во 1933 истото списание објавува фрагменти од неговиот роман „Опиум“ (преведен како „Афион“ на македонски). Овој роман Рацин почнал да го пишува околу 1931 година, но ракописот настрадал при провалата и апсењето на Рацин. Другите раскази на Рацин се: „Тутуноберачи“ (1937), „Пладне“ (1937), „Еден живот“ (1937), „Златен занает“ (1939), како и „Татко“ и „Радоста е голема“, кои се објавени постхумно.

Од историјата Рацин покажа посебен интерес за богомилското движење и напиша три трудови посветени на него: „Драговитските богомили“, „Богомилите“ и „Селското движење на богомилите во Средниот век“. Од овие три, во текот на Рациновиот живот е објавен само „Селското движење...“, во 1939 година во списанието „Народна читанка“, а трудот „Богомилите“ е напишан на македонски јазик.

Овие Рациновите трудови за богомилите се одликуваат со значителен квалитет на проучувањето на материјата, при што самата материја доста студиозно е обработена, а не изостануваат и неколку доста продорни тези кои се посебно интересни. Меѓу нив посебно вреди да се одбележи Рациновата теза дека „богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историја“ („Богомилите“). Важно е да се нагласи и податокот дека Рацин е првиот Македонец што го проучувал богомилското движење.


Квалитетот и способностите на овој самоук работник најдобро го покажува неговото интересирање за Хегеловата философија. Настрана од фактот дека философијата на Хегел се одликува со посебна сложеност, позитивно изненадува и податокот дека Рацин се интересираше за овој германски идеалистички философ во времето кога овој Марксов учител во услови на растечка догматизација на комунистичкото движење под притисок на Сталин не беше на голема цена.

Како резултат на Рациновиот интерес за Хегел се неговите статии: „Хегел“, објавена во загрепската „Литература“ во 1931 година, и „Значењето на Хегеловата философија“, објавена во белградската „Нова култура“ во 1939 година. Посебен к*риозитет е што овие Рацинови статии за Хегел се можеби првите философски статии на некој македонски теоретичар.

Од областа на литературната критика Рацин ги напишал следните трудови и статии: „Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ (1940), „Анѓелко Крстиќ пред судот на Ж. Пламенац“ (1939) и Реализмот на А. Крстиќ“ (постхумно), „Блазираните глупости за насмевката на Мона Лиза“ (1939) и „Уметноста и работничката класа“ (постхумно).

Во чест на Кочо Рацин од 1964 година во Велес се одржува поетската манифестација „Рацинови средби“, која од 1992 стана поетска манифестација на балканско ниво.

Родната куќа на Рацин во Велес е претворена во спомен - музеј.

Во 1952 година Трајче Попов ја снима филмска поема „Бели мугри“ врз основа на стиховите од истоимената Рацинова стихозбирка, а во 2007 година, на денот на загинувањето на Рацин е промовиран филмот „Елегија за тебе“, авторски проект на Васил Зафирчев и Данчо Стефков.



Извор: Википедија


Темата се обидов да ја отворам со поголемата биографија од Македониум меѓутоа некои проблеми се јавуваат, па затоа биографијата од македониум ја оставам за подетална анализа на животот и делото на Рацин

Македониум




Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 14:38

Националното прашање во Македонија


Но развивањето на капитализамот брго го достигна својот највисок врф. Веке при крајот на миналиот век капитализамот у првите западноевропејски капиталистички земји влезе у својот залез, у својата последна етапа – империализамот. Противоречивото а силно натрупано богатство на буржоазијата стана тесно за нејзиниот национален простор, ги прерипа националните граници, мина у комшиjските капиталистички недоразвиени земји и се распростре по далечните колонии и бази. Сега емисијата на акции и облигации, износот на капиталот по тија земји и бази на сурови материали стана главен извор на доходите на буржоазијата, а борбите за колонии, бази и сфери на влијание, и империалистички војни и походи, – главен белег за нејзиното владеење през тој период. Но империализамот не создаде светска економија, а „светски империјалистички систем“ за финансијско поробуење и колониално угнетуење на грамадниот дел от земното население от страна на неколку „напреднати“ земји. „Тија неколку земји, – Англија, Франција, Австрија, Германија, Русија, станаја стожери от кај кои се распостираше империалистичкото завладуење и поделуење на останалите земји и колонии. Буржоазија у секоја земја веќе не беше апсолутен господар у своите национални граници, ами само една алка у светскиот систем на империализамот, кој се повеке и повеке се поларизираше на два противни пола. Противоречивото развивање на капитализамот у главните империалистички земји водеше до нова расподелба на сферите и колониите, до нови империалистички завоеванија на сметка на противниот пол. Завоеванијата  стануеја директни, – со колониалните походи, и индиректни, со завоевателните војни на една от „алките“ (државите) у империалистичкиот систем за сметка на „алката“ от противниот пол. Буржоазијата, станала сега империалистичка како у главните така и у потчинетите земји, не можеше да се развива како порано, не можеше да живее, а да не прави постојано империалистички завоеванија, анексии, и поради това да врши асимилирање, национално угнетуење на други народи, и да не пројавуе империалистички апетити спрема територии от други држави. За таја цел буржоазијата мобилизира цела армија от учени и шарлатани, кои создаваја „теорија“ за националната припадност и правото на нивната буржоазија да го анектира некој крај или некоја земја. Ако се работеше за некоја колонија, завоеванието се правдаше со „цивилизаторска“ мисија, а ако се сакаше некој дел от некоја „алка“ от противниот лагер, тогај се прекопуеја сите историjски старудии, се фалсифицираја, надуваја, се извртуеја, – се со цел да се докаже „историјското“, „крвното“, „родственото“ право на нивната буржоазија да го владее тој крај. Но и при се това, можеше ли буржоазијата сега да врши друштвено-прогресивно национално соединение, како некога? Очигледно, не. Условијата беа изменети и квалитативно други. Буржоазијата стана потисничка, паразитска, реакционарна класа, а нејзиниот економски систем пречка за понатакашно друштвено развивање. Како „алка“ у синџирот на „светскиот систем за финансијско поробуење и колониално угнетуење“, она можеше само национално да угнетуе, насилно да асимилира и по колониален начин да ги граби и експлоатира „ослободените“ (анектираните) земји и краишта. И сите теории за „крвната“ припадност на тија краеви кај извесна империалистичка земја, за „историјската“ мисија на таја земја и други измислици обективно служеја за реакционарни цели. Буржоазијата престана да играе друштвено-прогресивна рола, она не можеше да „ослободуе“ ами само да поробуе други народи, без разлика да ли ја носат нејзината или друга крв. А со това и процесот на националното прашање и национално-ослободителните борби доби нова форма, зеде друго направление. Тој влезе у својата фаза.

Борбата на потиснатите народи и народносни групи у границите на една империалистичка држава, борбите за национална независимост, национални права и демократски слободи неминовно добивајат направление против империалистичката буржоазија, која ги угнетуе и експлоатира на колониален начин, неминовно се чукнујат со целиот „светски систем на финансијско поробуење и колониално ограбуење“ и по тој начин нужно се сливајат со главните сили кои се борат за куткањето на тој систем, со борбите на новата друштвено-прогресивна класа, пролетариатот. Национално-ослободителната борба сега најдуе едино решение у куткањето на империализамот и победата на пролетерската револуција. От некогашни револуционерни резерви на буржоазијата, национално-ослободителните борби на потиснатите народи станујат директна револуционерна резерва на пролетариатот. Това е основна карактеристика на националното прашање през неговата втора фаза. „Историјата на капитализамот ни покажуе две тенденции на националното прашање, – вика Ленин. Првата е у разбудуењето на националниот живот, на националниот покрет, на борбите против националното угнетуење, на создавањето на национална држава. Втората се покажуе со развивањето на сички видови врски меѓу нациите, на разрушуењето на националните граници, создавање интернационално единство на капиталот, економично, политичко, научно итн. единство. Првата владее у првата фаза на неговото развивање; втората ја карактеризира зрелоста на капитализамот, кој оди накај трансформирање у социалистичко друштво“ (Ленин, Критички белешки).

Да не се води разлика мегју тија две фази во развивањето на капитализамот и националното прашање, да не се види нивното квалитативно различие и нивните обратни тенденции, – значи да се прави јавна грешка и обективно издајство спрема борбите на поробените народи, значи да се помага обективно и ефективно на империалистичката буржоазија и светска реакција. Токмо това не го гледајат и не сакајат да го видат онија „марксисти“ и „напредничави“ интелектуалци, кои националното прашање и денеска упорно го поставујат како през неговата прва фаза, не сакајат да знајат дека денеска, обективно, времето на национално-ослободителни борби  на буржоазијата, станала империалистичка, („алка“ у светскиот империјалистички систем), е минато, и дека она не може веќе да прави „национално обединение“, „национално ослободуење“, ами само да врши грубо национално угнетуење и колониално ограбуење у завоеваните земји.

Вистинското и правилно решение на националното прашање може да се постигне само по патот на револуционарната борба на широките маси, онеправдани и ограбени от империализамот. Таја нивна борба неминовно се слива со борбата на пролетариатот от целиот свет, со кое се создава единствен светски револуционарен фронт на сите потиснати и експлоатирани маси против општиот враг – светскиот империалистички систем. Ете зошто националното прашање за вистинските марксисти-ленинисти е револуционарно и интернационално прашање, и као такво претставуе „дел от општото прашање на пролетерската револуција, дел от прашањето на диктатурата на пролетариатот“.

„Има ли во покретот за национална независимост на поробената земја револуционарни возможности, и, ако ги има, има ли начин да се исползујат за пролетерската револуција, да се преврнат колониалните и потиснатите маси от резерви на империалистичката буржоазија во сојузници на револуционарниот пролетариат? Ете, така се поставуе прашањето. А на това ленинизамот одговара потврдително; со други думи, тој признава да има таквија револуционарни возможности и непходима решителност да се исползујат за куткањето на општиот непријател, империализамот. Механизмот на развивањето на империализамот, светската империалистичка војна и руската револуција, ги потврдија решително заклученијата на ленинизамот за това“ (Сталин, Основи ленинизма).

Ете от каде „за пролетариатот стануе неопходимо нужно да ги помага и активно и решително ослободителните покрети на поробените народи“.

По само себе се разбира дека пролетариатот не може да помага какви и да било национални покрети. Тој ги помага онија, кои допринесујат за слабењето и куткањето на империализамот, а не на неговото уцврстуење. Оти не требе да се заборави дека и империалистичката буржоазија, от еден от противните лагери, нестојава и успева да си создаде свои резерви от националните покрети у комшијските земји. Националното прашање во Југославија, Чехословакија, Полска и др. ни дава најречити примери за това. А таков национален покрет, кој обективно служи како резерва на империалистичката буржоазија и светската реакција, пролетариатот не може да го помага. Истинските марксисти у тој случај требе да ги насрчујат и да ги помагајат онија национални борци кои се противни на това направление на националниот покрет, и да прави со ниф сојуз, како за борба против това направление, така исто и за отимањето на широките маси от под влијанието на империалистичката буржоазија и покажуење на нивниот вистински револуционарен, национално-ослободителски пат.

Ете от каде и како требе да се гледа и да се поставуе националното прашање во Македонија, а не от гледиштето на нејзините империалистички поробители.

2. Борбите на македонскиот народ за ослободуење

Историјата на македонските национално-ослободителни борби е тесно сврзана со историјата на капитализамот и националните борби у другите балкански земји. Тија борби носат јавен белег на две нешта: 1) на борбите на малобројното гражданство и грамадните селски и градски маси, потиснати под турскиот апсолутизам, за национално-демократски слободи, и 2) на борбите на зрелата и станала империалистичка буржоазија от главните европејски земји, заинтересувана от распадот на Османската империја и превзимањето на бази и сфери на влијание на Балканот. Будењето на националниот живот и епохата на национално-ослободителни борби во балканските земји почнуе едвај пред крајот на првата и през втората половина на 19. век. Одзивите на српската национална револуција от 1804. беа затушени от победата на европејската автократска реакција во 1815. „Светата Алианса на австро-рускиот автократизам го покровителствуваја својот балкански брат, турскиот апсолутизам, кој ги држеше поробените балкански народи. Само после распадот на Алиансата, после полната победа на буржоазијата во западна Европа и нејзините први нивни походи на капиталистички неразвиениот Балкан, почна развивањето на капитализамот и процесот на национално будење. Но тој процес се развиваше, покрај други, и под една нарочна околност: под прекото влијание на западно-европејската буржоазија, во чии земји капитализамот тогај одеше накај својата империалистичка фаза. Англијската и француската буржоазија први влегова со своите стоки во Османската империја и први го подтикнаја развивањето на капитализамот. За кратко време они станаја најсилни господари на тукашните пазаришта за стока и внос на капитал. Но со това ги загрозија позициите на австро-германската и руската буржоазија, кои нешто задоцнети но се пак врвеја накај империалистичката фаза и имаја интерес от турските пазаришта и патишта за по-далечните земји. Борбата околу тија пазаришта сега им ги измени ролите за покровителство на Османската империја: англијската и француската буржоазија сега беја за нејзиното „статус кво“, а австро-германската и руската за нејзиното распадање и меѓусебно поделуење. Царска Русија беше особено многу заинтересована со распадот на Турција и направи неколку воени опити за това (Руско-турската војна през 1828-1829, Кримската војна). При тија опити она срете противност не само от страна на турците, ами особено от французите и англичаните, кои со сичко ја поткрепуеја Турција. От това време царска Русија почна живо да се интересуе со судбината на балканските народи, на прво место славјанските, и да го помага најактивно нимното национално и културно разбудуење. Се создадова нарочни учени дружества и учени експедиции кои се бавеја со историјското, географското, јазиковното, етнолошкото, етнографското и др. положение и минало на тија народи и со това се даде силен замаф на нивниот национален процес, – разбира се, онака како одговараше на интересите на царска Русија, која мечтаеше за една „Заддунавска губернија“ на Балканскиот полуостров. За кратко време, царска Русија зеде монопол на духовниот живот на балканските славјани, кои ги токмеше како свои утрешни поданици.

По следите на царска Русија тргна и монархистичка Австрија. Културно-просветителната дејност на Австрија се развиваше во западниот дел на Балканскиот полуостров кој и беше доделен како сфера на влијание. Ако Русија ги подигаше православните, Австрија ги подигаше католиците против Турција, и преку католичката црква и преку Штросмајера проповедаше една обновена „Илирија“– австријска колонија на западниот дел на Балканот. Но Австрија исто така ја протежираше и српската буржоазија во Војводина, и највечку допринесе за националниот процес на Србите, – сичко со тенденција да откине што по-голем дел от балканските славјани от под руско влијание. Веќе тогај се назираше зората на руско-австријските противни интереси за империалистичката поделба на Балканот. А до отворено счукување на тија интереси дојде во 1877-1878, кога царска Русија влезе со своите војски во источниот дел на Балканот и дојде до самиот Цариград. Интервенцијата на западноевропејските капиталистички земји и тогај ја спаси Османската империја от пропаст на Балканот, а рускиот план за „Сан-Стефанска“ Блгарија беше спречен и руските воени успехи силно анулирани.

Создавањето на две балкански славјански држави, Србија и Блгарија, беше само создавање на две сфери на империалистичко влијание. Првата ја владееше австрискиот, а втората рускиот империализам. Неоспорно, по одношение за ликвидацијата на турскиот апсолутизам и феудалните установи, австро-руската експанзија изигра една позитивна рола, и помогна на буржоазијата на двете балкански земји да ја изведе својата национална револуција и да премине една нужна друштвена етапа. Но истовремено она ги прикачи како „алки за светскиот империалистички систем, и нивното понатакашно развивање беше у плна зависимост от политиката на големите империалистички држави. Стихијното развитие на капитализамот во младите држави ја ојакна за кратко време буржоазијата, и скоро ги достигна националните граници на својот растеж. Младата буржоазија на тија две држави требаше неминовно и за многу кратко време да ја добие формата на својата стара западноевропска сестра, да стане и сама империалистичка, и да пројави империалистички апетити ако сака да живее и да се развија. Но накај каде?

Природниот пат на експанзијата на блгарската и српската буржоазија одеше накај заостатците од Османската империја на Балканот, – накај Тракија, Македонија, Албанија, Херцеговина и Босна. Това беа земјите за кои она можеше да мечтае да ги превземе, за да го разшири своето национално пазариште. И натаму ја управи својата експанзивна дејност.

Но по това време развитието на капитализамот во Европа зеде решително и завршно направление накај својата последна фаза, империализамот. Не само Европа, ами целиот свет беше поделен на империалистички сфери на влијание, и противречивото и нерамномерното развитие на капитализамот водеше накај нова поделба, која можеше да стане со една општа империалистичка војна. Балканот беше исто така место на сферни влијаниа и раскрсница на многу интернационални патишта на капиталот. Промената на балканското „статус кво“ неможеше да стане без согласие и интересите на великите империалистички сили, кои баш тука беа сосем опречни. Ете како  во својата империалистичка експанзија блгарската и српската буржоазија се најдоа принудени да се опрат на интересите и експанзијата на великите империалистички сили, и сосем да се потчинат. Со вносот на капитали, инвестирани во најважните области на националната економија, со државни заеми и други финансијски операции, и со монополот на пазариштата за нивни стоки, тија сили скоро ги потчинија двете балкански држави и ги ставија сосем под своа економска и политичка зависимост. От друга страна они најсилно ги поттикнуеја накај експанзија за сметка на нивниот балкански ривал. Ако на пр. српската буржоазија мечтаеше за Босна и Херцеговина, анектирани от Австрија, најдуеше најсилна поткрепа от англо-френскиот и рускиот империализам. Блгарските мечти за Тракија и Македонија беа поткрепуени от Австрија, Германија, и во прво време Русија, но најдуеа силно противење кај Англија и Франција, от кои првата ја имаше Грција под свое влијание, а обете заедно големи интереси от очувањето на европејска Турција. И така, со се поголемата нужда от империалистичка експанзија, со се поголемата зависимост от внесениот капитал и политиката на една от силите, двете балкански славјански држави, Србија и Блгарија, се поврзуеја се-потесно со едниот империалистички систем на великите држави и стануеја составен дел на нивните противности и интереси, додека најпосле, по отношение на нивната експанзија во Македонија, интересите не им се чукнаја и дојдова во противност. От тија причини Македонија стана „јаболко на раздор“ меѓу српската и блгарската буржоазија, на која обете фрлаја грабителско око и не можеја да се согласат преку неја. От тија причини дојде и мешањето на српските и блгарските империалисти во македонските национално-ослободителни борби, кое се одрази толку фатално на македонскиот народ и процесот на неговото национално пробудуење.

Автор: Koста Солев Рацин

Преземено од: Интернационалната марксистичка архива

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 16:27
Кон врв
Logos Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 67
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Logos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 18:16
„Денови ли се денови аргатски маки големи.

стани си утре порано,дојди си вечер покасно,

наутро радост понеси,навечер тага донеси,

за себе само ргај си за себе само маки тргај си

ај пост да е пуст да би останал живот кучешки,

роди се човек роб биди,роди се човек скот умри

скотски цел живот работи за туѓ други имоти за

за туѓи други дворови,

копај си црни гробови“..........



Тажно но вистинито- безвременски.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 21:30

70 години од издавањето на „Бели мугри“

Со свечена академија и уметнички перформанс синоќа во Велес беше одбележана 70 годишнината од излегувањето на стихозбирката „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин.

По овој повод, заедницата на Македонците во Хрватска го препечати оригиналното издание на оваа книга, која во 1939 година излезе во Самобор.

Репринтот на „Бели мугри“ го промовираше претседателот на заедницата Ангел Митревски, според кого, стихозбирката ги прикажува историските врски меѓу македонскиот и хрватскиот народ.

„Со преводите на овие песни од Кочо Рацин се доаѓа до сознание дека Кочо Рацин и неговата проблематика била доста блиска, и на македонскиот, истовремено и на хрватскиот народ, затоа што сепак во сите овие песни ги дава маките на луѓето коишто се опишани во неговата поезија“, изјави Ангел Митревски, претседател на заедницата на Македонци во Хрватска.

На крајот на овој месец во центарот на Самобор ќе биде поставена нова биста на Рацин, подарок од академик Томе Серафимовски, а во Музејот на Рацин во овој град свечено ќе се одбележи јубилејот.

Извор: А1

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 16:26
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 17:01
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Митот околу Кочо Рацин


Секако дека е убиен. Тоа дури и врапците на гранка го знаат, многу дупки во верзијата која беше пласирана имаше, дури и во поранештниот систем народот не секогаш веруваше во тоа што му се поставуваше.


Страхил Гигов во куќата на Кочо Рацин


Инаку академциите нека внимаваат малку пред да кажат нешто, не може Венко Марковски да го ставиме во заедно со Кочо Рацин, затоа што едниот животот го даде за своите ставови а другиот поради разно-разни причини се откажа од сето тоа. Да не говорам што се претрпе и додека беше жив. А најтрагично е што, дури сега некои се освестија дека тој е основоположник на современата поезија, до пред некое време друго се пишуваше, но подобро некогаш, отколку никогаш.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 17:22
Крвта вода не се прави,факт е дека Венко е пред Кочо Рацин и со твоето негирање само се повторува тезата дека има подобни македонци и оние другите.За Венко би дебатирал во секое време.А за Кочо Рацин секој чест на патриотот но до кога ќе се кријат неговите нарачатели,зошто и по толку години не се знае кој ја даде наредбата за неговото ликвидирање.

Изменето од mungos80 - 09.Февруари.2010 во 17:22
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 17:27
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Крвта вода не се прави,факт е дека Венко е пред Кочо Рацин и со твоето негирање само се повторува тезата дека има подобни македонци и оние другите.За Венко би дебатирал во секое време.А за Кочо Рацин секој чест на патриотот но до кога ќе се кријат неговите нарачатели,зошто и по толку години не се знае кој ја даде наредбата за неговото ликвидирање.


Те молам, наведи ми некое дело на Венко, кое е напишано пред делата на Рацин. Јас никого не негирам, фактите го прават тоа.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 17:31
Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 18:25
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито


Сепак, Рацин пишува пред Венко, а и многу повеќе отколку Венко. Во ред, не би спорел повеќе, јас имам друго гледиште, поаѓам од тоа, некој друг од друго поаѓа.


Изменето од Македон - 09.Февруари.2010 во 18:25
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 18:51
Твоето гледиште е друга работа.Во официјалната македонска литературна историја треба да се знае кој го напишал првото дело а не кој колку творел или како творел.Факт е дека Венко е една година пред Кочо.

Изменето од mungos80 - 09.Февруари.2010 во 18:51
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 19:05
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Твоето гледиште е друга работа.Во официјалната македонска литературна историја треба да се знае кој го напишал првото дело а не кој колку творел или како творел.Факт е дека Венко е една година пред Кочо.


Факт е, затоа што ти го земаш издавањето на  "Бели Мугри" како почетокот на современата македонска поезија и јазик, меѓутоа сепак, Рацин пишувал и пред тоа, проза, поезија, критики и слично.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2010 во 19:20
А кое дело е за тебе почеток?Никој не ја оспорува големината на Кочо Рацин туку не треба со такви медали да се кити некој за со тоа да му се намали вредноста на самиот автор.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.