IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Манчестер Сити
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Манчестер Сити

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Izzy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 17:00
Nz kolku car4inja ima tuka.... Chelsea u poslednite tri godini (od kako go donesea Shevchenko i Ballack), imat potrosheno 20-30 miliona za celi 3 godini. Ne bidete tupavi za da treskate takvi gluposti, deka Chelsea se rasfrla so pari. Tottenham, City, Liverpool, Sunderland, pa duri i Stoke City, potroshija povishe pari odkolku Chelsea u poslednite nekolku godini. Gledaj gi transferite na Chelsea u poslednite nekolku godini pa togaj dumajte. Dec0 = 7m, Bosingwa = 12m, Anelka = 12m, Ivanovic = 8m, Zhirkov = 18m, Sturridge = 3.5m, Turnbull = free..... zboram za poslednite 2-3 sezoni, a pogledni gi kolku potroshija ostanatite ekipi u premier ligata. Abramovich prestana da se rasfrla so pari od kako go donese Ashely Cole, za zamena so Gallas. Toa beshe negovio posleden golem transfer. I pred da dumate gluposti za Chelsea, prvo rastrazete se, a ne samo "Chelsea frlat pari, ak'l nemat".

Изменето од Izzy - 29.Април.2010 во 17:01
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2010 во 08:59
Сити го донесе и Коларов

Манчестер Сити ја продолжи својата неверојатно активност на трансфер-пазарот ова лето. Англиските медиуми објавија дека вчера клубот го донел и четвртото засилување и тоа во името на српскиот репрезентативец Александар Коларов, инаку досегашен член на Лацио. Сумата која Сити ја плати за Коларов изнесува 17 милиони фунти, а со тоа младиот бек ги урна надежите на Жозе Мурињо дека ќе успее да го донесе во Реал Мадрид.

Коларов излезе на фудбалската сцена во 2007 година кога со репрезентацијата на Србија до 21 година стигна до финалето на Европското првенство. Потоа Лацио го откупи од ОФК Београд за 800 илјади евра, а сега ќе го продаде речиси 25 пати поскапо. Коларов одигра 82 натпревари за римскиот клуб и постигна шест гола, а во Србија го споредуваат со Роберто Карлос поради разорниот удар.

Со ангажманот на Коларов, сумата што Сити ја потроши за нови фудбалери достигна 75 милиони фунти. Од нив, по 24 милиони беа потрошени за Давид Силва и Јаја Туре, 15 за Џером Боатенг и сега 17 за Коларов. Интересно е тоа што претседателот на Лацио се уште демантира дека воопшто дошло до трансфер.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2010 во 12:36

Сити му нареди на Робињо да се врати во Манчестер

Извор: СараевоХ ком

Бразилскиот напаѓач Робињо добил рок од својот актуелен клуб Манчестер Сити најдоцна до 5.август да се врати во Англија, за да се реши прашањето околу продолжувањето на неговата фудбалска кариера.

Манчестер Сити го доведе Робињо во своите редови во август 2008. година за 32,4 милиони фунти, но Бразилецот не се снајде најдобро во новата сезона, па вториот дел на сезоната го помина како позајмен играч на бразилскиот клуб Сантос.

Иако договорно е врзан за Сити уште две години, Робињо сака да остане во Сантос, додека во Сити е обидуваат да вратат барем дел од вложените средства.

„Робињо го сака начинот на живот во Бразил. Го сака тамошниот фудбал и плажите. Не сака сето тоа да го менува за дождот во Манчестер. Постоеше и некоја понуда од Турција, но таа не ги задоволи критериумите на Сити. Сантос е негов матичен клуб, тука е најголема ѕвезда и сака да остане, но доби ултиматум и мора да се врати во Манчестер до 5. август“, коментираше анонимен извор близок до Робињо

Кон врв
Izzy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 01:27
Ako ako... sea ke go kupat i Balotelli, i ke se osekjat mn "jaki". Hahaha    koi idioti se tie? sea ke napravat ekipa od 114 napagja4a, i 80 defensive midfielders. idioti! 4ule, ama ne razbrale, sakat "golem" tim da pravat. FAIL!
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2010 во 06:41
Големите ѕвезди не сакаат во Сити

Неколку познати светски фудбалери одбиле да се преселат во Манчестер Сити во последните два дена од летниот преоден рок, открија англиските медиуми. Станува збор за Златан Ибрахимовиќ, Марко Бориело, Фернандо Торес...

"Секоја чест за нив, но тие се тим на иднината. Треба да чекаат, а јас немам време за чекање. Имам доволно години и сакам нешто да освојам", изјави Ибрахимовиќ откако дојде во Милан.

И Марко Бориело беше цел на "граѓаните", но повремениот италијански репрезентативец одлучи да остане во татковината.

"До последен момент се обидуваа да го донесат, но тој сакаше во Рим", откри агентот на Бориело.

Сити се обиде и со Фернандо Торес и тоа по вторпат откако арапските милијардери го презедоа клубот. Уште еднаш неуспешно.

"Немаше шанси, едноставно Фернандо не сака во Сити и ништо не се сменило во последните месеци", велат извори од Ливерпул.

Ако на тоа се додаде Буфон, јасно е дека се уште постојат фудбалери кои се имуни на арапските милиони.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 06:25
Манчини: Со Џеко можеме до титулата      
 

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини верува дека новото засилување на клубот. Един Џеко може да им помогне на "граѓаните" да ја освојат титулата во Премиер лигата оваа сезона...

Босанскиот голгетер дојде од германски Волфсбург за сума од 27 милиони фунти и во текот на вчерашниот ден го имаше своето деби на средбата со Вулверхемптон.

"Сигурно дека сум возбуден, бидејќи успеавме да донесеме еден многу добар фудбалер. Џеко неспорно е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и моја желба е тој да биде заедно на теренот со Марио Балотели и Карлос Тевез" - изјави Манчини.

Италијанецот додаде дека во моментов е вистинска штета затоа што Балотели е повреден, но Џеко е решението за титулата која со нетрпение ја чекаат фановите на клубот



Изменето од емил - 16.Јануари.2011 во 06:27
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 06:57
Балотели упати навредливи критики кон Мурињо, Меси и англиските медиуми      
 

 

Марио Балотели е повторно во центарот на вниманието со контроверзната изјава во која нагласи дека Жозе Мурињо треба да научи да се однесува пристојно, дека Лионел Меси не ја заслужи Златната Топка, дека Англиските медиуми се непрофесионални...

Играчот на Манчестер Сити во својата изјава за La Gazzeta dello Sport во рубриката extra time даде серија критики и обвинувања кон неговите колеги и медиумите. Балотели му се придружи на Франц Бекенбауер и се надоврза на неговата изјава дека Португалскиот стратег не знае за добро однесување.

"Мурињо е најдобриот тренер на светот, но треба да научи што се манири и почитување" - изјави Балотели.

Не е тајна дека Балотели и Мурињо имаа несогласувања во Интер, но во никој случај напаѓачот не е компетентен да дава вакви констатации.

Балотели е лут и на Англиските медиуми откако објавија дека тој ја изневерувал неговата девојка Софи Мид (која воедно е модел и победник во реалното шоу Големиот брат) со нејзината најдобра пријателка за време на Новогодишната вечер додека сите се наоѓале во истиот стан, па изјави дека не знаат да работат, а додаде и неколку зборови за неговите соиграчи од Манчестер Сити.

"Адам Џонсон има одлична техника, Емануел Адебајор е најсмешен, а Патрик Виеира и Александар Коларов многу ми помогнаа кога дојдов тука" - додаде Балотели.

"Мислам дека англиската лига е далеку понапредна од другите, но медиумите пак не ги бива за ништо"

"Се што можам да кажам за Софи е дека се видовме еднаш и потоа почна да ме бомбардира со пораки, додека една од нејзините пријателки многу повеќе ми го привлече вниманието"

"Скудетото мислам дека ќе го освои Милан, но ако размислам поубаво би рекол тимот кој ми даде многу - Интер"

"Најдобар играч во Серија А е Златан Ибрахимовиќ, тој е играч од друга планета, а би го избрал Себастијан Џиовинко како најдобар млад италијански играч"

"Мислам дека Меси не ја заслужи Златната Топка, наградата требаше да ја добие Весли Снајдер".



Изменето од емил - 18.Јануари.2011 во 06:58
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 10:46
 

Манчини: Можеме да го победеме Јунајтед и да се пласираме во финалето

    Роберто%20Манчини  


    Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини верува дека неговиот тим има сили да го победи градскиот ривал Јунајтед во полуфиналето на ФА Купот.


    Според Италијанецот двата натпревари помеѓу „црвените ѓаволи“ и „граѓаните“ во текот на сезоната (0:0 и 2:1) го покажаа тоа, иако Сити и не успеа досега да преовладува над својот ривал. Манчини смета дека неговиот тим веќе е многу блиску до најдобрите тимови, но признава дека има уште многу да се подобри за да може да стигне на нивното ниво, што според него може да се случи уште во следната сезона.

    „Одигравме веќе два натпревари со Манчестер Јунајтед во сезоната и се претставивме многу добро. Имаме сериозни шанси да се стигне до финалето. Ова ќе биде одлично полуфинале.“

    „Ќе видите што значи за фановите. Ние веќе сме многу блиску до Манчестер Јунајтед, на најдобрите тимови. Треба да подобриме уште малку нешта и можеби следната сезона ќе бидеме на исто ниво како нив. Важно е дека одиграме добар натпревар како на „Олд Трафорд“ последен пат и имаме можност да победиме.“
    - рече Манчини.


    Изменето од емил - 14.Март.2011 во 10:46
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2011 во 05:50
    Манчестер Сити го освои ФА Купот

    Манчестер Сити - Стоук 1:0 (0:0)
    Јаја Туре 75'

    Фудбалерите на Манчестер Сити по петти пат во клупската историја, а прв пат по 42 години го освоија ФА Купот, откако во финалниот меч на "Вембли" ја победија екипата на Стоук, која по прв пат се најде во позиција да се бори за престижниот трофеј.

    "Граѓаните", беа подобар противник во поголемиот дел од мечот, а голот на одлука беше постигнат од страна на Јаја Туре, кој со силен удар од казнениот простор го матираше голманот Соренсен.

    Сити така успеа во добра мера да ги наплати огромните пари вложени во тимот предводен од тренерот Манчини, бидејќи претходно избори пласман во квалификациите за Лигата на Шампионите, а сега го освои и првиот трофеј по 35 години пауза.


    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2011 во 05:51
    Манчини: Ова е само почеток, Туре: Чувството е неверојатно

    Италијанскиот менаџер на клупата на Манчестер Сити, Роберто Манчини верува дека освоениот ФА Куп е само прв во низата трофеј кој 'граѓаните' го освојуваат во годините кои претстојат.

    "Можам само да кажам дека сум многу среќен поради навивачите. По многу години заслуживме да го освоиме овој трофеј. Мислам дека не доминиравме на мечот и мора уште да се подобруваме, но јас сум многу среќен. Испишавме мал дел од историјата на Манчестер Сити, а тоа е само почеток"- рекол Манчини, кој на Сити му го донесе првиот трофеј во витрините по пауза од 35 години.

    Стрелец на единствениот гол во финалниот натпревар против Стоук беше Јаја Туре во 74. минута. Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска по средбата зрачел од радост:

    "Ова е остварување на сонот. Фантастично е да се победи и да се освои титулата поради клупската историја. Сакавме да освоиме некој трофеј и да се пласираме во Лигата на Шампиони. Чувството е неверојатно."

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 05:57
    Насри пред потпис со Манчестер Сити

    Иако се уште нема официјална потврда, Насри во Манчестер Сити за предвремен раскин на договорот со Французинот на Арсенал ќе му плати обештетување од 25 милиони евра. Анонимни претставници од преговарачкиот тим на Манчестер Сити изјавија дека Насри се согласил на трансферот, а во новиот клуб, францускиот репрезентативец годишно ќе инкасира сума од 5,3 милиони евра. Токму Насри беше еден од приоритетите на Манчестер Сити, кој во меѓувреме ангажираше уште еден фудбалер на Арсенал, Гаел Клиши, а дефанзивниот ред на тимот предводен од Роберто Манчини го засили и репрезентативецот на Црна Гора и досегашен член на Партизан, Стефан Савиќ. Насри во периодот од 2008 до 2011 година за Арсенал одигра 124 натпревари и постигна 27 погодоци. Манчестер Сити успеа да ја добие битката за ангажирањето на Насри, а во конк*ренција беа уште градскиот ривал, Манчестер Јунајтед, Челзи и Барселона.

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2011 во 06:17
    Сити ја прифатил понудата за Тевез

    Манчестер Сити ја прифатил понудата од Коринтијанс за напаѓачот Карлос Тевез, пренесуваат англиските медиуми. Понудата од 39 милиони фунти, која бразилскиот клуб ја даде минатата недела беше одбиена бидејќи "граѓаните" бараа 50 милиони, па се верува дека клубовите се нашле некаде меѓу и постигнале договор.

    Тевез е јасен во својот став да го напушти не само Манчестер Сити туку и европскиот фудбал за да биде со семејството, па Коринтијанс беше најбрз и практично единствен клуб кој себе си можеше да си дозволи да го доведе аргентинскиот голгетер.

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2011 во 14:47
    Агуеро пристигна во Манчестер, ги поминува медицинските тестови
     
     

     

    Според последните информации од Островот, Серхио Агуеро пристигнал во Манчестер и ги започнал медицинските тестови.

    Аргентинскиот репрезентативец наскоро треба да го комплетира фамозниот трансфер со Манчестер Сити, а според англиските медиуми, ’граѓаните’ за овој трансфер на Атлетико Мадрид ќе му плати 38 милиони фунти.

    Роберто Манчини на почетокот од оваа недела потврди дека Манчестер Сити е блиску до ангажман на напаѓачот, а вчера медиумите потврдија дека се е договорено и дека Аргентинецот денес ќе стави потпис на 5-годишен договор.

    Агуеро пред извесно време слета во Манчестер и во моментов ги поминува рутинските медицински тестови, а се очекува во наредните 24 часа трансферот и официјално да биде комплетиран
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2011 во 07:00
    Кун Агуеро пет години во Сити, отштетата 38 милиони фунти, на грбот со бројот 16


    Управата на Манчестер Сити потврди дека сега веќе поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Серхио Агуеро потпишал 5-годишен договор со "граѓаните", како и дека ќе го носи дресот со број 16.

    Агуеро ќе дебитира за Сити веќе во сабота, кога тимот на Манчини ќе учествува на Супер Купот во Даблин. Се огласија и Мадридѓани.

    "Атлетико му се заблагодарува на Агуеро за се што стори за нас во последните пет сезони и му посакуваме среќа во новиот клуб." - стои на сајтот на Атлетико.

    Мадридски Атлетико на име отштета за 23-годишниот Аргентинец ќе добие 38 милиони фунти.

    Агуеро е трето засилување за "граѓаните" во овој трансфер период, бидејќи пред него во клубот стигнаа Стефан Савиќ од Партизан и Гаел Клиши од Арсенал.
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,188 секунди.