IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕГЕТАРИЈАНСТВО - Рецепти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕГЕТАРИЈАНСТВО - Рецепти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
Прашање: Дали сте вегетаријанец и каков?
Одговор Гласови Статистика
12 [16,90%]
7 [9,86%]
1 [1,41%]
36 [50,70%]
1 [1,41%]
0 [0,00%]
0 [0,00%]
4 [5,63%]
5 [7,04%]
3 [4,23%]
2 [2,82%]
0 [0,00%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 21:12
Во суштина јадењето хот-дог се сведува на ова...

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2012 во 16:37
Не сум.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2012 во 16:43
Овие ми се најхардкор од анкетата горе: тајм аутизненадување
 
Веган сум - не јадам: месо, риба, ни јајца ни млечнипроизводи
 
Се хранам терански (фрутаријански): не убивам ни растенија
 
Инаку јас не сум вегетаријанец.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2012 во 12:52
Не сум, но сакам да бидам вегетаријанка - лактовегетаријан.. па сега баш правам некакви истражувања во оваа област.  среќа 
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
brosnan Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brosnan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2012 во 23:55
Originally posted by nikita nikita напиша:

jas bev lakto vegetarijanec,a stanav od mnogu pricini:zaradi zivotnite,zatoa sto nemav potreba da vnesuvam meso,i zdravstveni pricini...ne sakam da vnesuvam masti vo mene!bev na nekoj nacin prinudena da prestanam poradi pritisokot od roditelite!

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 17:17
ОВЕСНИ КОЛАЧИЊА

За подготовка на 12 колачиња е потребно:
1 чаша интегрално пченично брашно;
½ чаша овесни снегулки;
1 прашок за печиво;
¼ лажичка цимет;
¼ лажичка сол;
2 лажици малтекс;
½ чаша кафеав шеќер;
3 лажици оризово млеко;
1 ванилин шеќер;
¼ чаша сечкани ореви;
¼ чаша суво грозје.
Подготовка:
Се комбинираат заедно пченичното брашно, овесните снегулки, прашокот за печиво, циметот, солта, и се мешаат во сад за мешање.
Во друг сад се комбинираат малтексот, шеќерот, оризовото млеко, ванилата и добро се измешуваат.
Потоа двете смеси од двата сада се смешуваат и сето тоа добро се измешува. Потоа се додаваат оревите и сувото грозје, и повторно добро сè се меша.
Врз плех, на кого е ставена мрсна хартија за печење, со лажица се формираат колачињата и се печат во загреана рерна, околу дваесетина минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 17:18
Веганска салата со кикирики и лимон
Потребно:

* 1/2 кг. несолени и непечени кикирики
* 1/2 парче зелка
* неколку чери домати (може и еден-два големи домати)
* тортиљи (печени во рерна па кршени, како чипс)
* магдонос
* 1/4 сок од исцедени лимони
* маслиново масло
* морска сол

Подготовка: Во тефлонска тава, ставете ги кикириките и тостирајте ги додека не добијат златна боја. Зелката исечете ја на четвртинки и нив ситно исецкајте ги на резанки. Зелката помешајте ја со магдоносот и доматите. Претходно помешајте ги лимоновиот сок, маслиновото масло и солта. Оваа смеса полијте ја врз зелката и доматите. На крај, ставете ги тостираните кикирики. Послужете со печени тортиљи.

Екстра полн вегетаријански клуб сендвич

Супер здрав, полн со свежина и разни шарени бои, овој екстра полн вегетаријански клуб сендвич ќе Ви го подигне расположението и ќе направи да се чувствувате одлично што сте го изеле. За ручек или лесна вечера, овој сендвич потполно ќе Ве изненади.
Потребно за 10 клуб сенвичи:

* лепчиња за тост - Тост леб
* 10 фино одбрани листови марула
* 8 парчиња домат, сечен на кругови
* 10 кругови кромид
* 1 авокадо
* една свежа краставица, сечена на кругови
* 8 тенки парчиња фета сирење
* 3 варени јајца
* сенф, мајонез (препорачувам соја мајонез)
* сол, бибер

Подготовка: За еден клуб сендвич, потребни се три лепчиња. Првото лепче намачкајте го со мајонез. Врз него ставете лист марула, па два кругови домат, потоа неколку мали кругови краставица. Посолете. Потоа, два кругови кромид. Ставете го второто лепче. Од горе, намачкајте го со сенф. Ставете едно кругче јајце. Попрскајте со бибер. Ставете едно парче фета сирење и најгоре, малку пасирано авокадо. Поклопете со последеното лепче. Исечете го сендвичот на два тријаголници.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 17:59

Секој има различни сфаќања и потреби за храна. Постојат различни причини зошто нешто јадете или не. Вегетаријанството сè повеќе се прифаќа како начин на исхрана.

7-pricini-zosto-da-bidete-vegetarijanec-01

Ова се топ 7 причини зошто да станете вегетаријанец:

1. Им помагате на животните и на глобалната сиромаштија

Наместо да се трошат милиони тони добиточна храна за да се одгледаат животни за храна на луѓето, може да има повеќе пари и храна за сиромашните и помалку убиени животни.

2. Јадењето месо го поддржува убивањето на животни

За разлика од некогашните фарми каде речиси се било по природен пат, денес има премногу механизми и вештачки обиди за добивање што повеќе месо за пократко време, па така животните се изложени на големи опасности и измачувања.

3. Јадењето месо е лошо за околината

Месната индустрија треба да биде главен фокус кога се соочуваме со проблеми како неплодност на земјата, климатски промени, загаденоста на воздухот, чистината на водата и биоразградливоста.

4. Не јадете птици

Според Светската здравствена организација се смета дека преносливите вируси од храната како птичјиот грип, можат да бидат избегнати само ако не јадете ниту месо ниту јајца од птици.

5. Ќе ослабете

Доколку не јадете месо, а по можност и останатите производи од животинско потекло како: млеко и јајца, при тоа да не ги јадете ниту оние рецепти кои ги содржат, слабеењето ви е загарантирано.

6. Заштедувате

Ќе заштедите во рестораните, бидејќи најскапите јадења содржат месо, а плус сега веќе и рестораните имаат специјално вегетаријанско мени, кое може да биде вкусно.

7. Модерни и интелигентни

Вегетаријанството не е нова појава. Постоеле многу значајни личности во минатото кои биле вегетаријанци: Платон, Сократ, Алберт Ајнштајн, Леонардо да Винчи, Мартин Лутер и др. Но, и денес има многу познати личности кои се вегетаријанци: Бред Пит, Дастин Хофман, Дру Баримор, Алиша Силверстон и други.

Секогаш може да најдете причини зошто да бидете или да не бидете вегетаријанец, ваше е да одлучите што повеќе ви се допаѓа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.