IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Историја и учење на Баптистичката Црква
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Историја и учење на Баптистичката Црква

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
Автор
Порака
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Историја и учење на Баптистичката Црква
    Испратена: 08.Ноември.2008 во 11:01
Бидејќи во општо ми нараснаа коментарите за баптистичкото учење, сакам да отворам нова тема во врска со ова. Ќе ги префрлам коментарите од општо - овде, за да не се објаснуваме одново. Ги замолувам администраторите да ги избришат коментарите од општо и неврзано, за да нема дуплирање.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 11:04
Најпрвин ќе напишам за основачот на баптистичката црква, Џон Смит (или Смајт), и за неговото верување и учење. Да нагласам дека денешната историја не е сигурна дали токму тој е основачот на баптистичкото движење. Некои одат дотаму што тврдат дека Баптистите се произлезени од Анабаптистите. Сепак, најпрвин ќе ја разгледаме верзијата на Џон Смит, а подоцна може и другата.

Смит бил Англиканец. Своеволно, не според учењето на својата црква, тој си изградил свои убедувања.

Најпрвин, сметал дека која било форма на читање од книга за време на молитва е измислица на грешниот човек. Затоа баптистите денеска ја отфрлаат Литургијата. Молитвата, пеењето и проповедањето морало да бидат целосно спонтани. Одел дотаму што не дозволувал читање на Светото Писмо за време на клањање. Ова произлегува од неговото верување дека клањањето треба да биде по наредба на Светиот Дух.

Второ, Смит го измислил двостепениот поредок во црквата, пастор и ѓакон, за разлика од Реформистите кои имале тристепен поредок Пастор-Старец, Лаик-Старец и ѓакон.

Трето, со своите нови гледишта за крштението, кај него се појавила голема загриженост. Тој и неговите следбеници биле крстени како деца, а тоа не им пасувало на учењето. Затоа извршиле ново крштение. Тие биле првите верници на ова движење, па не постоел некој да го изведува крштевањето. Смит решил да се крсти самиот, и го сторил тоа!!!, а потоа почнал да ги крштева и своите следбеници.

Но! Смит не си останал доследен на своето учење. Пред да се упокои, тој ги напуштил баптистичките погледи, и сакал да го претопи своето стадо во менонитската црква (анабаптистичка (повторно крштение) гранка на радикалните Реформисти , роднини на амишите). Смит умрел пред да успее во тоа, но голем дел од стадото му се претопило во менонистите.

Целосното згаснување на баптистите го спречил Томас Хелвис, кој останал верен на учењата на Смит, и е основач на првата баптистичка заедница во Англија.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 11:04
Смит не дозволувал превод на Светото Писмо, па додека проповедал, импровизирал, читајќи од еврејската и грчката верзија на Светото Писмо.

Смит се крстил самиот со кофа и со црпалка. Овој чин на самокрштение била критикувана дури и од самите Реформисти, велејќи дека дури ни Христос самиот не се крстил. Та поради тоа, тој се повеќе се задлабочил во менонитското движење. Го прифатил тоа движење речиси во целост, вклучувајќи го и пацифизмот.

Денеска дури се смета за срамно од самите Менонити нивното изворно учење, но основачот на ова движење Мено Сајмонс и повеќето Менонити се до Дордехт, имале интересна теорија за Христовото рождество. Тие сметале дека Христос не добил никаква човечка природа од Марија, и дека „Тој поминал низ неа, како што водата минува низ цевка“. Сепак, Смит не забегал до толку, и ова го сметал за ерес, која наликувала на докетската ерес, која сметала дека Христос само наликувал на човек.

Хелвис (коосновачот на баптизмот) пак,  не сакал да биде пацифист и се залагал сепак да има армија, која би се користела во одбранбени цели.

Во диптисите на баптистичките цркви, Смит и Мено се заведени како Старци.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 11:09
Верувајќи дека нема вистинска црква од која може да се прими валидно крштение, Смит се крстил самиот себе. „Има силна гаранција дека човекот сам може да се крсти“ тој велел. „Бидејќи сам човек не е црква, така двајца можат да се крстат самите.“ 

Откако се запознал со Менонитите, Смит сметал дека тие се вистинската црква, се покајал за самокрштението, и побарал да биде одново крстен, овој пат од менонитите.

Поради ова, Хелвис го обвинил Смит за отпадништво и хула на Светиот Дух, и го одлачил Смита (заедно со смитовите следбеници) од неговата варијанта на баптистичка црква.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 11:16
Смит рековме се покајал за самокрштението, но ни самите Менонити не биле задоволни од Смитовата одлука. Смит бил англикански свештеник, но, веќе рековме дека сите Реформисти сметале дека останатите цркви не се валидни. Така, Менонитите посочиле дека, Смит немал валидно преемство ниту пак хиротонија, затоа и не би имал власт да се крсти самиот себеси (демек, да беше со преемство, немаше да биде страшно самокрштението). Покајанието на Смит се состоело во тоа што, тој сметал дека Менонитите го имаат преемството од времето на Христос.

Рековме дека Томас Хелвис се спротиставил на тоа, го анатемисал Смит, и ја формирал првата баптистичка црква во Англија. Баптизмот се појавува на почетокот на 17ти век, а веќе во 1626 година (за дваесетина години), броеле 150 членови во Англија.

Самите Смит и Хелвис имаат напишано секој по две исповедања на верата. Во првото исповедање на верата, во поглед на крштението и двајцата напишале дека крштението е внатрешен знак на ослободување од гревот, на умирање и повторно оживување, па затоа, не може да се практикува над деца.

Сепак, во второто исповедање на верата, во однос на крштението, Хелвис го има напишано следното: „Крштението, или водомиење, е надворешна манифестација на умирање за гревот, и чекорење кон нов живот, и затоа, не е мудро, да се практикува над деца.“

Во второто исповедање на верата, во поглед на крштението, Смит вели дека „надворешното крштение со вода треба да се извршува само над грешни и верни луѓе, но не и на невини или злобни личности. Само на грешниот човек и на верникот, му се покажува и открива духовното крштение на Христос.“

Интересно е што за неколку години и двајцата драстично ја менуваат својата доктрина. Од крштевање исклучиво на возрасни, подоцна Хелвис се согласува крштевање и на деца, ама не го препорачува, а Смит оди дотаму, што забранува крштевање на злобни луѓе или на невини луѓе.

Уште е интересно, дека во овие исповедања, и двајцата не кажуваат за потопување во вода, така што во првите неколку децении тоа се правело само со поливање. Во 1641 година, Ричард Блунт бил првиот баптист кој бил крстен со потопување. До тогаш, иако Хелвис не бил со Менонитите, се сметале за браќа по вера, но после крштението со целосно потопување, баптистите ја раскинале врската со Менонитите, затоа што Менонитите не практикувале целосно потопување, и од страна на баптистите биле сметани за некрстени.

Доктрината на Смит може да се сумира во четири точки:

1. Смит сметал дека во негово време, светот е во долгови заради антихристијанството, дека видливата црква со презвитерството и епископството е уништено, и дека е останата само невидливата и духовната црква, но некаде во дивината, без ред, управување и статут.

2. Ниту во црквите на Рим, Англија, ниту пак кај Сепаратистите или Анабаптистите (не ја споменува православната Црква), не може да се најде правоверен Нов Завет, ниту пак чистота.

3. Со отпуштање на крштението на деца, и со своето самокрштение, Смит сметал дека повторно е вратена видливата црква, клирот и поредокот, и тоа според кажувањата во Писмото.

4. Смит никогаш не порекнал дека преемството било загубено, но, сепак ги прифатил Менонитите како црква која постоела од претходно.

Баптистите уште на самие почетоци западнале во несогласија, и тоа главно за три прашања околу крштението:

1. Кој треба да крштева?
2. Кого треба да се крштева?
3. Како треба да се изведува (церемонијата) крштевањето.

Затоа во тоа време, црквата на Хелвис била наречена Главна баптистичка црква, но, не била единствена, од несогласијата произлегле и многу други баптистички ограноци, како на пример Саутварк црквата, која е наречена Мајка црква на Независните. Од неа се одделиле уште други 5 цркви.

Во 1642 година, расправиите многу зачестиле, се препокувале околу овие три точки, па така некои се крштевале и по трет пат (баптистичко крштевање, а ако се земе дека порано биле Англиканци или римокатолици, тогаш и по четврти пат).

Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 15:58
Кога Смит се преселил во Амстердам, тој се приклучил на црквата создадена од Џонсон и Еинсворт, и била наречена прастара или древна црква. По некое време, Смит и неговите следбеници го прекинале заедничарењето со оваа црква, се додека не се одречат и не ја проколнат „мистеријата на грешност“, која се наоѓала во нивните „обожувања и администрација“. Уште рекол за древната црква: „Антихристот не е целосно откриен или уништен, но на висок степен е величан“.

Ова го вели Еинсворт во писмо, напишано по напуштањето на Смит:
„Кога најпрвин започнаа кавгите, постоеше единствена разлика меѓу нас и Смит, но со текот на времето, тој драматизираше се повеќе и повеќе.
Разликата беше оваа: тој и неговите следбеници одбија да се причестуваат со нас, обвинувајќи не` за грев, дека ја користиме нашата англиска Библија во моменти на величење на Бог. Тој велеше дека треба да се донесат оригиналните Библии на еврејски и грчки, и од нив да се преведува симултано за време на читањето. Тој сметаше дека секој превод е апокрифен, а само оригиналите ги сметаше за канонски. Па така, секое превод го сметаше за незаконско, и сметаше дека е човечко како што е човечка омилијата или молитвата.
Најпрвин ова беше единствената разлика. Велеше дека ако се откажеме од нашите преводи на Библијата, повторно ќе сме можеле да се причестуваме заедно.“
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 21:38
Во однос на Светото Писмо и свештенството, еве што вели Џон Смит, основачот на баптистичката црква:

„Ова е по што се разликуваме од древното братство на Сепаратизмот:

1. Ние сметаме дека величењето на Новиот Завет е духовно, ако доаѓа од срцето, и дека читањето од книга, не е духовно, но е изум на грешниот човек, и е замена за духовно.

2. Ние сметаме дека пророштвото е дел од духовното, па затоа, за време на пророкување, незаконски е да ја користиме Библијата како помош.

3. Ние сметаме дека пеењето псалми е дел од духовното, па затоа, незаконски е да се користи Библијата за време на пеење на псалми.

4. Ние сметаме дека свештенството во црквата е незадолжително, и дека тристепеното свештенство составено од три видови на Старци (Пастори, Учители и Владетели) не е Божјо устројство, туку човекова измислица.

5. Ние сметаме дека сите Старци на Црквата се Пастори, и дека таканаречените лаички Старци се антихристијани.
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2008 во 01:14
Bravo bratce makarios ..


..
Originally posted by makarios makarios напиша:


Светото Писмо.Смит се крстил самиот со кофа и со
црпалка. Овој чин на самокрштение била критикувана дури и од самите
Реформисти, велејќи дека дури ни Христос самиот не се крстил.



Se krstil samiot sebe zashto nemalo nieden taka dostoen da go krsti, validno so preemstvo???

a sto e so negovite prethodnici pominale preku nevalidno krshtenie...






Изменето од belichka - 09.Ноември.2008 во 01:21
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2008 во 03:11
Ubavo bi bilo da se javi nekoj chlen na baptistichka crkva (dokolku ima takov megju nas) i da ni go pretstavi veruvanjeto i uchenjeto od negova strana.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2008 во 21:24
Смит бил обвинуван поради непостојаноста во своето учење. Во одбрана тој го изјавил следното:

„Да смениш лажна религија е препорачливо, а да задржиш лажна религија е за осуда. Турчин да стане Евреин, Евреин да стане Папист, Папист да стане Протестант - тоа се добри промени, а човекот останал истиот. Затоа, менувањето на религијата не е зло. Затоа, станувајќи од Пуританец во Браунист, и од Браунист во Баптист, не е лоша работа. Порано бевме лажени за крштевањето на деца, но сега знаеме дека тоа е грешка.“

Но, Смит и откако станал баптист, не бил постојан во своите убедувања. На пример, тој бил во недоумица како да го изведува крштението, со потопување, или со попрскување. Главно, првите идеи ги присвојува од Калвин, кој во 1536 година, во првото издание на книгата Востанување на христијанската религија вели:
„Caeterum mergatur ne totus qui tingitur, idque ter an semel, an infusa tantum aqua aspergatur, minimum refert: sed id pro regionum diuersitate Ecclesiis liberum esse debet.
(Дали тој што се крштева да биде целосно потопен, и дали да биде потопен еднаш или трипати, или пак да биде само попрскан со вода, не е од најголема важност: црквите треба да присвојат начин кој ќе одговара на климатските околности.)“

Но, покрај ваквите гледишта на Калвин, сепак, и друго влијаело (потсвесно, т.е. културолошки) Смит да го претпочита попрскувањето. Имено, за време на владеењето на кралицата Елизабета, средната и богатата класа створиле некаква си „култура“, и сметале дека нивните деца треба да се крштеваат со попрскување, или полевање на главата, за да не ги соблекуваат децата од убавите облеки, специјално приготвени за крштевање; ниту пак биле воодушевени од плачењето на децата, кога би биле потопени. Исто така, врз мислењето на Смит влијаеле и англиските благородници кои пребегале во Германија и Швајцарија за време на владеењето на крвавата Мери, па од германските земји, ги донеле либералните теолошки ставови на Калвин. Ваквата пракса, станала вообичаена слика во Англија, и кон крајот на седумнаесетти век, речиси сите така се крштевале. Затоа, не е ни чудо што Смит, поранешен англикански свештеник, ја усвоил оваа пракса.

Но, Реформистите отишле подалеку. Сето ова го сметале за символизам, а самата пракса дури ја сведувале на триење со влажни раце на одреден дел од телото на оние кои ќе се крстат. Исто така, на почетокот и Анабаптистите ја имале оваа пракса на прскање, и тоа, се до 1619 не е забележан ниеден случај со целосно потопување. Доктор Милер, кој бил Менонит, во своите книги, забележува дека баптистите во Холандија не ги крштевале своите верници со потопување.  Во 1619 година, Колегијанците, гранка на баптистите кои одбивале да крштеваат деца, биле првите кои практикувале крштение со целосно потопување.


Изменето од makarios - 09.Ноември.2008 во 21:25
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 03:36
Originally posted by makarios makarios напиша:


. На пример, тој бил во недоумица како да го изведува крштението, со потопување, или со попрскување. Главно, првите идеи ги присвојува од Калвин, кој во 1536 година, во првото издание на книгата Востанување на христијанската религија вели:„Caeterum mergatur ne totus qui tingitur, idque ter an semel, an infusa tantum aqua aspergatur, minimum refert: sed id pro regionum diuersitate Ecclesiis liberum esse debet.(Дали тој што се крштева да биде целосно потопен, и дали да биде потопен еднаш или трипати, или пак да биде само попрскан со вода, не е од најголема важност:
црквите треба да присвојат начин кој ќе одговара на климатските околности.))“



[QUOTE]
Но, покрај ваквите гледишта на Калвин, сепак, и друго влијаело (потсвесно, т.е. културолошки) Смит да го претпочита попрскувањето. Имено, за време на владеењето на кралицата Елизабета, средната и богатата класа створиле некаква си „култура“, и сметале дека нивните деца треба да се крштеваат со попрскување, или полевање на главата, за да не ги соблекуваат децата од убавите облеки, специјално приготвени за крштевање; ниту пак биле воодушевени од плачењето на децата, кога би биле потопени. Исто така, врз мислењето на Смит влијаеле и англиските благородници кои пребегале во Германија и Швајцарија за време на владеењето на крвавата Мери, па од германските земји, ги донеле либералните теолошки ставови на Калвин. Ваквата пракса, станала вообичаена слика во Англија, и кон крајот на седумнаесетти век, речиси сите така се крштевале. Затоа, не е ни чудо што Смит, поранешен англикански свештеник, ја усвоил оваа пракса. Но, Реформистите отишле подалеку. Сето ова го сметале за символизам, а самата пракса дури ја сведувале на триење со влажни раце на одреден дел од телото на оние кои ќе се крстат. [QUOTE]




Што значи начин, на крштевање по желба. Е ова ти е демократија.И сега некој ке ја обвинува МПЦ дека била политизирана. Ај, и да е така, барем не менува догми.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 03:45
Да разгледаме сега, што го натерало Смит да се крсти одново, и тоа извршувајќи си самокрштение.

Рековме дека Смит ја прекинал врската со „древната“ црква. За тоа тој пишува во своите книги „Разлики“, и „Знаците на Ѕверот“. Тој вели дека не можел да најде заеднички јазик со „древните“, и дека крштението што го примиле во детството, и што „древните“ го сметале за валидно, е несоодветно и недуховно до тој степен, што со добра совест не би можело повеќе да се толерира како фундаментална основа на христијанска организација. Му било откриено дека тој обред е фатален и погубен поради две причини.

Прво, крштението потекнувало од старите времиња преку лажната црква. Тие се одделиле од Црквата на Англија (англиканската црква) поради недуховните квалитети, но сепак, не се оделиле од крштението на таа црква; која пак, примила крштение од Рим. Смит во Рим гледал како на мајка на блудот, и извор на духовно гадење, или како што самиот Смит вели, „Антихрист на Божјото Слово“. Како антихрист, Рим безгранично го загадил и уништил целокупниот поредок востановен од Христос. Па така, и вистинското крштение било уништено. А бидејќи, Црквата на Англија примила крштение од Рим, и тоа крштение е ништавно. Затоа Смит инсистирал сите Сепаратисти или да се вратат во англиканство, или да извршат вистинско крштение. Исто така, сметал дека се што се одделува од Англиканците, треба да се оддели и од крштението на Англиканците, а ако не се одделат од крштението на Англиканците, не би постоела причина зошто воопшто би се одделувале од англиканската (лажна) црква.

(Интересно е што ни овде Смит не ја спомнува православната Црква.)

Второ, децата не можат „да се исповедаат со уста“,  да се „измие дете со Троица, не е вистинско крштение“; вистинското крштение треба да се „извршува над личности кои ќе ја исповедаат својата вера и гревови“. Па, бидејќи тој и неговите следбеници го примиле крштението како деца, тие не биле крстени. Па, нивната еклисиолошка состојба била смртно несоодветна, бидејќи како што „мајката Рим е блудница, блудници се и нејзините ќерки.“

Но, ако крштението отпаднало од луѓето, би било залудно да се бара наоколу, затоа што би било болно сознанието дека навистина го нема. Единствениот начин да се врати чистотата на крштението, е да се изврши од ново - на „библиски начин“. Откако го сториле тоа, Смит вели вака:
„Иако велите дека ние немаме право да се крстиме себеси, јас велам, дека, ако сакаме да воспоставиме вистинска црква, што е најблагородното нешто од Новиот Завет, тогаш уште повеќе е крштението. Ако вистинската црква не може да се издигне без крштение, тогаш, мора да се возобнови тоа крштение. Ако мора да се возобноват црквата и крштението, тогаш луѓето треба да го сторат тоа. Двајца луѓе заедно претставуваат црква. Човек да се крсти сам, е исто толку добро, колку што човек сам се воцрковува. Двајца луѓе одделно не се црква, но заедно претставуваат црква, и двајцата заедно ја подигаат црквата на себе, па така, нека двајцата луѓе се крстат самите: иако двајцата сеуште невоцрковени, секој одделно може да ја земе црквата на себе, во заедништво со другиот, така и секој од нив некрстен, има сила да се крсти себеси, во заедништво со другиот. Па така, секој човек оттргнат од отпадништвото на антихристот, нека ја возобнови црквата со крштение, кое ќе го изврши над себеси, во заедништво со другите.“


Изменето од makarios - 10.Ноември.2008 во 03:51
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 08:29
Originally posted by belichka belichka напиша:

Edno e krshtevanje, edna e crkva eden e Hristos...


Наскоро ќе постирам што направиле Смит и неговите следбеници пред да се крстат.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 23:30
Се поставува прашање зошто Смит и неговите следбеници не пристапиле да се крстат кај Менонитите во Амстердам, имајќи предвид дека и тие биле против крштевање на деца, а не биле ни наследници на ниту една „антихристијанска“ црква. Постојат четири причини:

1. Разликата во јазиците. Тоа било голема пречка за разјаснување на теолошките прашања;
2. Смит бил нестрплив да изврши крштение, а исто така се плашел да не станат непопуларни, поради тоа што ќе пријдат кај Анабаптисти;
3. Смит сметал дека Менонитите не сочуствувале многу со нив; и
4. Ако примиле крштение од Менонитите, тоа би значело да пристапат кон нивната црква, но приврзаниците на Смит претпочитале да бидат црква за себе.

Смит исто така верувал дека имале библиско право да го вратат крштението на земјата, да биде вратено од нив и за нив; затоа што антихристијанските цркви не биле способни да го извршат, а од друга страна тие го имале чистото крштение, неизвалкано со крштевањето на деца. За да го направат тоа, најпрво морале да ја расчистат сета нечистотија од минатото. Тоа го сториле со формално одрекување од своето претходно крштение, се откажале од својата претходна црква, а оние следбеници кои имале свештенички чинови (вклучувајќи го и Смит), се откажале и од свештеничките чинови. Исто така, тие пратиле и официјално соопштение дека повеќе не се членови на Христовата Црква; дека се некрстени; не се повеќе свештеници, ѓакони и мирјани; но дека се верници кои сакаат да се воцрковат според нов начин кој им го одобрувал нивната повеќе просветлена свест.

п.с. Во наредниот пост ќе пишувам како бил извршен самиот чин на крштение.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.