IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 23>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 20:49
ИСТО КАКО ЉУБОВНА

Знам, ќе дојде и тој ден
и ти ќе се пресликаш светла насмевка   
во темните ходници на иднинатата
за да станеш мое единствено минато
а јас ќе живеам надвор
од секое ново утре
потежок за една празнина од вчера
и ќе ја кријам болката
со туѓа болка под насмевката.

Ссмеј се, најмило, смеј се,
насмевките твои нека ми тежат...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 10:04
ЌЕ МОЖЕШ ЛИ

Ќе можеш ли да го препознаеш часот,

чекорот негов, гласот,

кога ќе дојде?

Ќе можеш ли да го препознаеш часот

и со меки солзи да ми ги собереш сенките

од под тополите

крај бавчите на босоногото детство.

Ќе ги побараш ли тогаш во себе

жолтите мириси на летото

што ќе го зачував како и сите пред него

во вкусот на зелените кајсии

да не ме надраснеше пред првото вљубување?

Ќе ме повиеш ли со него

место со плач и крпички каење од срцето

како што јас те повив во себе

со осланетите цветови на радоста

кога те изгубив?

Ќе ме повиеш ли да не настинам,

да не изгаснам?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 00:27

КОГА СУМ САМ СО ТЕБЕ
    

Во автомобилот има место за петмина
а мене ми е најтесно кога сум сам со тебе.

И ми пречи се:
и ветробранското стакло
со сплескано лице на вознемирена ноќ
и менувачот
и знаменцето на Вардар на ретровизорот.

Пакосна насмевка на мачител има мислата
додека се лизга по твоите црни најлонки
со цветен дизајн
стрвно како крадец.

Нема оглав да ја оглавам
нема ортома да ја ортомисам -
двојни синџири со здивот ќе раскинат
белите огнови од твоите гради:
зоврива воздухот
потта ми мириса на лудило што ќе убие.

Сонувач бев без сон останав

Ох, колку си близу
колку си вистинска.

А зошто си кога не сум
кога немав време да го научам до крај
едностаниот јазик на совршената расипаност.

Во автомобилот има место за петмина
а мене ми е најтесно кога сум сам со тебе.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 20:05
ШТУРА СИНФОНИЈА


Расцутена синфонија на штурци
во високите треви на мислата...


Се што изгубивме
други ќе пронајдат,
се што спечаливме
други ќе поарчат.


Светлината ја облековме во црнина
на црнината облека од светлина и скроивме:
за да ја премолчиме вистината
и молчењето да го обвистниме


Две клети суштества
во надеж клета суштествуваме,
заб по заб - раззабени
во месото скапано си се пресликуваме:


јас во себе – ти во мене,
ти во себе – јас во тебе,
а времето во себе не не сака...


Надвор сме
а толку силно во него не има, сепак...


Мисло моја,
синфонија штура
штуро штурците ти штурат.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 00:19
КАИНАВЕЛСКО ПЛЕМЕ



Со каков нож да се отворам:

да се видам, па да кинисам...



Во мене гревовите се пресликани

на дедо ми и прадедо ми

- името што не си го знаеле...



Ц рни векови размотувале

зјајдупки да пополнат

и пак ништо немале...



Кога оној пред дедо ми

гревовите на кантар ги измерил,

планините пропиштеле

сосе птиците - жалосниците...



Си ги мерам стаплките

со трагите на пркосниците

- колку се мали...



Од стомина еден да сочувавме

големи ќе бевме...



О, клета реко од солзи и крв,

ќе има ли благлослов за водите твои

во векот од светлина што го ковевме...



А волци сме, си знаеме,

глад црна за сами себе не стрви...



Уште колку данок ни остана

да платиме, да преплатиме

- долг да не оставиме

кога од племето каинавелско

ќе кинисаме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 00:18
ЌЕ ОПСТОИМЕ

Гаврани грачат
очи да ти пијат
ко да малку им беше


Во твојата иловица
душата си ја огледувам
испукана
зажедната
а многуродна...

Твоите карпи
мои коски
настршлени
исправени
високи
дланки рапави
понудени
за гордоста гнездо...

Ветриштата твои
мој глас
во болката твоја испечен
во солзите твои искален
меч за сите битки
недобиени
што ќе ги добиеме

Кога газам по тебе
ко по себе да газам
толку сме исто
толку сме едно...

Не има
- ќе опстоиме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 00:17
НУЛТА ПРИКАЗНА

И ќе ги откопаме сите приказни
да не ни талкаат душите на претците


Раскажи ја приказната за принцезата
на дланка од воздишки што раснела
под дивите планини во срцето на јунакот
во пранги црни кога скапувал...

На три царства маќеата ја ветила
од три принца ниеден не и бил достоен...

Во девет лакти платно повиена
во девет води црни зацрнета
девет јуди на крст ја распнувале
сонот да не го досони...

Девет ловци мирасчии
девет сина Керубинови
со црни кучиња изесли
месото и го кинеле

Под девет камена вистина закопана
од девет чуми до коска раскостена
девет сонца на девет црни неба
- црни, неогреани...

Во девет кивоти солзалии
времето го броела
и нас да не дочека
сонот да го досони...

А мислевме – лесно ќе е...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 00:16
ПРИКАЗНА ЗА ЉУБОВТА

Ако Оче наш не ја научив,
да те љубам можам посилно од сите свештеници
во молитвите што те спомнале...


Мојата љубов си ја мери силата со врутоците
на времињата што те престигнувале
- со крикот на унесреќените растечена
место песна заспивалка...

Колку високо да ги изѕидам столбовите
за да си ги бакнам корените

И благослов за семето
и клетва за сеачот си
- постојбино на исконските страданија...

Некој братоубиец писаниетони го напишал
со крвата на убиените браќа
та зборот ветрот сега ни го враќа
како сува плунка во лицето...

Од сортата на пирејот сме биле
а трски на лик
- танчерки на ветрот дабје што корни...

Приказната за Самсон во коренот ни е сплетена
- зар самите да си ја расплетеме...

И благослов за семето
и клетва за сејачот си
- во каква песна да се надживееме
да се соѕидаме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 00:15
ПРИКАЗНА ЗА СОНУВАЧИТЕ

Во сонот туѓ,
а за тебе,
да се разбудиш,
да видиш се
што сакале да видат
со тебе,
ако не пред тебе,
а од очите да ги извадиш
и на слава
да не се прекрстиш
за нив...

Во ноќ црна,
ни сон кај не `рти,
икони да не видиш
со крвишта опточени,
ни чекор машки
трње што гази
пат да направи
со тебе да го чекори,
ако не пред тебе,
а на крст од презир
сонот да им го распнеш

Зар поважни сме
ние
од тие
во ноќ без ѕвезди што сонувале
оти сонот не го запомнивме
како што ни го запишале
па ги избришавме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 00:13
ПРИКАЗНА ЗА НЕРОДЕНИТЕ

Гласот ваш во далечините
Ги пребројува вековите...

Сите се наброј:
Толку, колку што наследивме
и толку колку што ќе оставиме -
ни еден побел од другите
ни еден поцрн од другите,
од нож на арнаути распорени
од заб на волци растргнати
- чекори тешки низ времето...

Со каков чекор да се измериме
до вашето доаѓње...

Eден од друг поголеми
еден од друг позаслужни,
а омразата ни е фалба
а фалбата омраза
-еден на друг стрвници настрвени:

Туѓа солза образот ни го бразди
образот наш сеирџиски...

Навикнавте, свикнавте...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 00:05
ЗА ИЛИНДЕНЦИТЕ

Небото жедно за херои било
Кога се втемелувале,
Кога се вѕидувале...

Ги раскинаа облаците
нов век кога се раѓаше:
реки сонце да потечат
- да се разлеат...

Мракот очи ли им глоѓаше,
лелек душа ли им сечеше -
со пушки извори раскопаа
- за свелината...

Од мајка до еден родени,
на мајка ниеден не ветен -
песната сами си ја напишаа
- на векот најубавата...


Со приказните од дедовците
- живи искри во очите,
ѓердан златен се нанижаа

на небото, меѓу ѕвездите..
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 00:00
ПРИКАЗНА ЗА ВОДАЧИТЕ

Во очите копја огнени носеле,
овде – онде мракот да го раскинат,
видот да ни пролета...

А видот птица ни бил
во примка лесно што се намамува...

Две торби на рамо, велат, носеле,
во едната - смрта презрена,
во другата - сонцето неогреано...

На починка од двете залак каснувале
со вкус на мисла за семето непосеано...

Уште велат:
чекорот на нас им мирисал
и можеле:
низ крошна од даб
во ѕвездите да не видат ноќе,
кога уморот во тревата им истекувал...

Кај ли ги загубивме, кај ли ги избришавме,
водачите наши, светлоносците.....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2011 во 23:59
ПРИКАЗНА ЗА МОГИЛИТЕ


Во крвта ни се испишани
сите имиња и презимиња
на црните скокачи во небото
кога стравот се чичкосувал меѓу пршлените
а на очите помила прашината им била...

А не биле многу,
таман толку колку што могили имало
низ планините, крај полињата,
од дедовците ископани
место ниви бериќетни...

Сека могила триш појќе раѓала
од клетата иловица...

Во ноќ со полна месечина
тропаат коските на безимените
во могилите - затревените...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2011 во 23:58
ПРИКАЗНА ЗА КОДОШИТЕ

Девет круга,
девет чуми,
девет колена сотрени
и девет суши настрвени
над девет сеидби непркнати,
девет сонца гламјосани
на девет неба затворени
девет века разнебидени
- уше колку ли ги има
пред нас,
во недогледот,
борчевите нивни
неодборчени...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.