![]() |
|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 98> |
Автор | |||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Не ја мешај Охрана тука. Фактот е дека не се знае што точно се случило во Струмица. Мојата работна верзија ја напишав погоре.
Луѓето оделе кон покрајнините на градот да ги поздрават бугарските војници, а десетина есперантисти подигнувале некакви антишпекулантски пароли, ама никаде на сликата не се забележуваат. Мислам и во Струмица, како и во останатите македонски градови бугарски окупатори биле пречекани како ослободители од српското ропство, но тука на некој есперантист му текнало да ја претстави поинаку ситуацијата кога се сеќавал по 10-15 години. И кога историјата се пишува само по сеќаванја, а нема документи, така и си останало во македонската историја. Добро што се појави Чоли, да ја разјасни малку маглата. Значи струмичките членови на КПЈ знаеле уште на 8 април што ќе се случи со Македонија. Богдан Филов дали знаеш кога дознал дека Македонија нема да биде независна, а ќе биде присоединета кон Бугарија? Дневникот на Филов е документ, а сеќавањата на сведоците си се само сеќавања од дистанција на времето. Сестра ми имаше пријателка која се врати од Коми АССР со буркани месо од мечка. Сестра ми јадела, ама јас на моите другари расправав дека јас сум го јадел мечешкото месо и толку пати тоа го повторував, што во еден момент се запрашав дали навистина не сум јадел месо од мечка. Ако ги прашаш моите другари ќе ти кажат дека со сигурност Каснаковски јадел месо од мечка, донесено од една пријателка на сестра му од Коми, која подарила еден буркан на сестра му. Арно, ама сестра ми го јадел во нивната куќа. |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Бугарофилите оделе надвор од градот, затоа што во градот имало метежи, па ги пречекале окупаторите надвор од градот. Дали биле десетмина или не, не знам. Сликата е направена од бугарските војници, упати го прашањето во Бугарија, ако знаеле воопшто и што сликале тие. Каква цела Македонија сметаш дека пречекувала бугарски војници?! Во Егејска Македонија имало само неколку души што ги пречекале Охрана и другите нивни соработници, иако е точно дека имало пречек на Германците, на другите места не ги погледнувале, а ти велиш сета Македонија. Во Вардарска Македонија не сите излегле на пречекување. Јас еднаш кажав, секој што ги гледа тие слики, едвај може да собере пет-шест илјади, не повеќе, а тоа не било ниту 1/10 од Скопје. P.S. Анастеа вели дека било обратно, есперантистите биле во поворката, а тие другите се обидувале да ја разбијат. Сепак, таа го познава градот повеќе отколку јас, особено како изгледал порано. Поназад истотака Анастеа го објасни тоа, а и во книгата си пишува. Изменето од Македон - 11.Септември.2010 во 19:15 |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Да, но протестот се одржал во градот, односно пред Клубот. Профашистичките групи се упатиле надвор од градот, каде се сретнале со бугарските војници, каде можеби се упатиле и оние кои протестирале, не го знам тоа најдобро, затоа што таму се случил дочекот на бугарската војска од профашистите. Сепак, протестот се одржал во центарот на градот. |
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Значи луѓето оделе на пресрет на бугарската војска, „есперантистите“ се приклучиле кон поворката/колку биле 10ита?/, а пост фактум ја претставуваат работата се` едно тие ги организирале луѓето и тие биле присутни на нивната акција.
Има нешто кое не е во ред со сеќавањата, ама ќе го разјасниме тоа. Не е возможно Струмица да била исклучок од цела Македонија. |
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Кога на 18 април се пренел гласот за доаѓањето на бугарската војска, пред Клубот на есперантистите се собрало маса граѓани, предимно младинци и работници, и во поворка тргнале по улиците на Струмица, носејќи ја картата на Македонија и испишаните пароли, пеејќи револуционерни песни. Кога стигнале во центарот на градот, месните колаборационистички елементи се обиделе со сила да ја растурат поворката и да ги скинат транспарентите... Ако прочетеш натаму, ке се увереш што сите (и есперантисти и колаборационисти)се отправили надвор од градот: А поворката, приближувајќи се кон крајот на градот, сè повеќе се зголемувала, кон неа се приклучувале новопридојдени граѓани. |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Согласен сум... не може да се приеме сечко за безрезервно. Сепак теребе да се приеме што таа Багрена е живеела и учила во Струмица, играела со другите деца на споменатите игри. Односно неjните квалификации на паризаните како "србо-партизани" не требе да се взима вера, зоштоот таа е била мало дете и тогава не знаела за какви работи стаа дума. Таа прави квалификации од дистанциjата на времето (во кое време е попила разни пропаганди). Но сепак jас знам туj-онуj за составот на Косовско-Македонската бригада например, за да сум сигурен што кон 1943 г. (кога е напуснала Струмица) партизаните са били изклучително од пределите на Србиjа и Косово. |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
А снимката на d4 b3 каде што е напишано дека станува збор за Струмица, а всушност, ако се погледне убаво, тие кои ги поздравуваат војниците се истотака војници?! Вашите снимки да не се потврдени од Меѓународниот суд на правдата случајно како автентични? Второ, групата на бугарофилите и фашистички настроените граѓани ги пречекувала војниците надвор од градот, не во градот Струмица. Трето, сите снимки се пронајдени во участоците и други бугарски административни објекти, по повлекувањето на бугарските војници и администрација од Македонија. Тие снимки очигледно се правени од бугарската војска. |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
A сведоштвото на бугарката за српските партизани и она за српско-македонските партизани? Тоа како да го наречеме? масовно лудило и слепило при очи? Јас сеуште чекам да видам кои за кои српски партизански единици станува збор, или можеби станува збор за измислици на Бугарката, која окупаторот ја довел да живее во Струмица, па нормално, ја изразува благодарноста за таквото нешто. |
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Таа снимка е нагледен пример како се прави манипулациjа. Прво: не се знае во коj град и во кое време е правена снимката. Второ: дури и да е от Струмица од април 1941 г. снимката може да на групата кои посрештат со цвеке бугарските воjски Трето: коj може да е правил снимката? некоj од клубот на есперантистите или... од фотографите на бугарската пропаганда? |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
![]() |
|||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Сведоштвата не се кажани на 80 години туку многу порано. А знаеш да ги прифаќаш и нив како сведоштва, кога одат во ваш прилог. А на Каснакоски му беше убаво објаснето неколку страни понапред. Ако нешто уште не му е јасно ( или не сака да види) нека не спамира понатаму. Темава не е отворена за на некој лично да му се докажува и постојано да се повторуваат истите работи, кои за вас никогаш нема да бидат вистина! |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ние да ги оставиме?! Па ти побара да ти кажеме за колективната свест за окупацијата, а откако доби одговор, кој секако е далеку твоите сфаќања и оние на бугарската историска пропаганда, веднаш ја променуваш тактиката. Познато нешто, но нема да мине без да се разобличи, секако! Околу акцијата имаш слика, потоа го имаш сведоштвото на Минанова, која учествувала во таа акција, а и други писанија, како и сведоштвото од струмичани, презентирано од Анастеа. Тоа значи дека таа акција (протест) се случила, му се допаѓало тоа некому или не. |
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Наj скептично се отнасам кон сведоштва од предци сторени децении после собитиjата. Со дистанциjата на времето предците описват собитиjата не како са били, а како тие ги осекават сега. А кога става дума за разказано од чоек на 80 години и повеке, има момент на старческа деменциja... Во секоj случаj вакви спомени не требе да се приемат бескритично. Требе од много извори да се трси истината. |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
|||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
некогаш мислам дека бугариве се во право кога велат дека не ја окупирале денешна РМ иако знам дека не е така ......... просто ...... некои во тоа време , окупацијата не ја доживувале како таква туку како ослободување од тогашното Српско владеење ........ впрочем , и ден денес ги има такви ширум РМ а некои од нив се дури и на власт па преку своите политички партии го манифестираат тоа чествувајќи и величајќи ги разно разните бараби од времето на врховизмот како што е на пример тодор или ванчо .......... ништо чудно .......
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |