![]() |
|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 23> |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПЕСНА ЗА ВИЛИНОТО КОЊЧЕ
НА Мона Лиза Острицата на ножот од последниот триумф на асасите си ја бара сенката на сопствениот блесок во крвта на питомата квечерина, полна со мириси на босилек од саксијата на твојата насмевка. Аплаузот, со кој мислеа да го нахранат прегладнетиот самобендис, е мртва пеперутка на сцената на глупоста… А ти и понатаму ги откриваш тајните напивките со кои утрата се трезнат од мамурлакот на ноќта и од долгите беседи во ткајачницата на пајакот, толку едноставна и толку прекрасна, како вилино коњче со сонцепис на проѕирните крилја... Ти, мала чуварке на светото завештание на добрата вила и на клучот од вратата на светото проштение. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ДЕЦА
Јас не сум поет, Од зборовите, саде, играчки си направив - За да останам дете. Песната со плач ја намирисав - За да останам дете Уште тебе да те научам Како да играш криенка со брчките Па обајцата да останеме деца... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРЕДАВСТВО
Со каква стрела го рани Срцето на небото По кое наутро го пуштав сонцето На прегладнетите немирлики Да штрпка росни облачиња Што личлат на тебе. Птицата, што пееше арии Со глас надрочен од самосебе Во кафезот на мојата душа, Никогаш нема да сфати Како се нашла пред срцето на небото Истиот миг, кога бакнежот, Задишан од согорувањето на секундите, Што итаа роевито Кон огнот на твоите усни, Ја пронајде загубената формула За привлекување ненадејни громови. И небото, и птицата, и бакнежот Гнијат во пепелта на твоето предавство. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МОЛБА
Јавето ми е сон, А сонот кошмар... Не затворајте ми ги очите Кога ќе умрам! |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КЛУЧЕВИ
Пастелните звуци на песната На упокоените времиња Се лепат како поликолор на рапавиот ѕид на испразнетата соба на душата. Влезот и излезот се заклучени Со различни клучеви... Ги смешавме ли тогаш Во смешната караница, Па јас да не можам да излезам, А ти залудно да чекаш да ти отворам. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЧЕДО НА ВЕЧНОСТА
Ниту вчера, ниту после - миг бескраен, слеан во морето на вечноста Исклесана недореченост во каменот на незаборавот, дрворез во расцутена цреша, - цут недоцутен. Стои мигот во реката на времето, брег стамен, неронлив, - гранитна бескрајност... Која птица го задои та гласот му го закрепна, со седеф мазен го опточи? Ниту вчера, ниту после - миг заѕидан во ѕидот на неодминливоста... Миризлива несвенливост на мостот на времињата, недопишана страница на победата, - сон недосонет. Чуден пат го донесе уште почуден го однесе во прегратките на вечноста. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КЛОШАРСКА ПЕСНА
На еден голем човек чие име од почит ќе го премполчам Кога ноќта ќе се разлее како мастило и се ќе загрне во наметка од црн тул, клошарот го почнува сонот под отворено небо, под некој мост без кучиња, без погледи надрочени од презир, припокриен со потта на вајстиногласниците од булеварите, Собраниските седници, црнохроничарите и сите неспоменати сонувачи и воздивнувачи по птицата на големото животно признание што неправедно друг ја фатил со нивната примка... Неговиот сон ноќева под нивните големи мисли а никој не помислил да му го следи трагот во ноќта со небо скожурено од студ и ѕвезди без топлина, под чии светилки ги бара страниците на својот промашен живот Тој јавач на болот, што ги запознал сите осои на човечките души и сите беспаќа на големата надеж, катаноќ ги бара недоколваните трошки среќа во топлата постела на милозната госпоѓа, што го сожали со кошула од покојниот сопруг. А знае, ко да го видел со тажните очи во некое друго време крајот на истата приказна, дека зората му подготвува бакнеж што го вкочанува здивот за навек. Голем човеку, зарем требаше да ги чуваш солзите за друг да те исплаче ? |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СЛАТКО ОД ЦРЕШИ
Не едно девојче што го влечев за прцлата. Кога зрееја црешите, На ќумбетот во малото дворче Стававме големо тенџере и чекавме да зоврие шербетот Твоите очи личеа на презреани цреши И имаа сјај на босоного детство Во солзта што остануваше во нив Секогаш кога ќе те повлечев за прцлата Оти не знаев друг начин На кој ќе ти кажам колку многу Го сакам слаткото од цреши. Полна кофа алкајсии сипуваше мајка Во зовриениот шербет - гостите со слатко од цреши Ги добросувавме тогаш - гостувањето благо да им биде, А мене твоите црши Највкусни ми беа, Но немаше книга Што ќе ме научи како да ти кажам па само за прцлата те влечев... Сето маало мирисаше од слатко на мајка Кога со шербет врел се полнеа алкајсиите, А мене твоите цреши умот ми го блажеа И ги сечев босите табани по маалските сокачиња Вежбајќи акробации на надежен циркузант Кој за награда саде ќотек пред спиење добива оти во незнаење саде за прслата те влечеше. И денес жените поставуваат ќумбети И зовриваат шербет во големи тенџериња, Но денес никој не добросува гости со слатко, И девојчињата немаат очи со боја на презреани цреши ниту има циркузанти што за прцлата ги влечат... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ИДИЛИЧНА ПЕСНА
На Евридиче Овој пејзаж, што не ги спознал уште скриените искри во гламјите на човечката велеиздаја, суште ги бара безгрижните стадата срни, кога должината на скокот се мереше со единици радост, и потоците со песната на идилата на првото пролетно утро во чие небо се огледуваа белите бакнежи на срамежливите качунки, и жолтите миризби на глуварчињата. Овој пејзаж што ги прескокнал во сонот озабените очи на скриените вистини за сите современи митови, тагува по шепотот на мајските роси и вљубениот одраз на утринското сонце во нивните насмевки, Овој пејзаж, што ме буди на полноќ како молежливо тропање на прозорец од некој заталкан намерник, е прекрасна илустрација за насловната страница на читанката на заборавената етика... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КОТИЛО НА ЈАНЅИ
Сонот мој свикнал да ноќева на постела од паламиди и коприви, да ја траќа главата на зглавје во кое се ројат стршлените на страшната помисла на врзаната вреќа на новиот ден. Сонот мој од штрекала расновен, - гнездо без потка на птици прокудени... Трагот мој - беспредметна расправа на неродени пишувачи на книги, штуровез на кошула на неофајдени мисли глуво семе во испукана иловица, Трагот мој - врволешник од мравки под кожата... Јанѕи... Котилишта на јанѕи: во мислите во сонот... Ми ги бодат очите на радоста со ножеви од инфицирана клетва на времето што одамна го заклав, сакајќи да си го издлабам трагот длабоко во неговата недопрена срцевина. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВРАЌАЊЕ НА ЈАНЅАТА
Здив не здивнал - водовртина... Одоздола нагоре И пак удолу... Врти, сучи - конец недосучен Во умот црево развлечено Од стравот, Од немирот, Од неспокојот... Јанѕата двоглава, Јанѕата троглава, Јанѕата стоглава... Умот никој не ми го варди Умот штукнат Од мисла обезличена Умот недоумици што таи - оскоруши зелени на радоста... Ме глоѓа, Ме саклетисува, Ѕемнеж змијолик - стутулнница, Змијокот во грмушка исушена Од коренот фиданка што и рти Без бликнеж на сокови зелени... Јанѕата двоглава, Јанѕата троглава, Јанѕата стоглава... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СМРТТА НА СВЕТУЛКИТЕ
На А.К. Умираат ли светулките на радоста Како риби во река со испуштени фекалии Или ти им пресудуваш на поилото на надежта Со отровите на самопрезирот во твоите вени Мракот ти е бедем на боиштето Со сите непресметани маски на времето Што го величаш и толчиш истовремено На дланка од сончева преѓа Со толчникот на неспознатата радост Гаснат фенерчињата на мртвите светулки Во морето миризби на раната пролет А ти со завеси од црн драпер го сопираш сопственото дишење Во бесмислената игра на желбата да ја зачуваш хармонијата На песна на најцрниот Орфеј, Ќе побара ли некој отчет за чувствата, Во зората. во која сонцето ќе помине Покрај твојот прозорец како случаен патник, Без интерес за твоето отсуство во мислите на соседите, Или се ќе заврши како евтина хумороска СО безимен лик Што се чита од немајкаде во автобус на кратка релација? |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПАТ
На А.К. Патот долг е, - змија прекршена; развлечена сенка на окапана душа... Гледај, зад следниот свиок р`тат мечти од семки на залечен сон! Патоказите се поставени кај им е место... Чуму стравот да ти го мајтапи чекорот во огнот на Прометеј што го цврстеше...? Ако нема станици здив кај ќе собереш - од тулите од верба ќе ги кренеме, Ако нема поила срните на одот да ги оджедниш - во карпите на болот ќе ги ископаме... Змија прекршена е патот - со две глави на крајот - невид, Едната, јас што ја столчив, другата, твојот ред што го чека. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЦЕЛНО ТОЧЕЊЕ НА МЕЧОТ
Еден ќе нацрта сонце Вториот ќе рече – ѕвезда е, Третиот молчи... Долго ќе молчи и Ќе го точи мечот Од камењето ма молкот - Воинот од прославените битки Со лузни што не можат да пречат... Кога ќе го источи, Кога острицата ќе ја стокми Во каменот бразда да направи - солзата да му ја пронајде, Со крвта на зборот рана ќе отвори нова Во душата на мечот Од прадедовци искован, Што подвизи навикнал да брои Од колена редум... Секој подвиг – лузна нова... Еден ќе нацрта сонце, Вториот ќе рече - ѕвезда е, Третиот ко да не е таму, Ко да нема што да каже, Ко да нема што да рече - Да не ја растури играта Во молкот ќе се повлече... А, зарем некој ќе го разбере? |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |