![]() |
|
ПРОЛОГ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 45678 16> |
Автор | |
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за словото Божјо што чисти како оган Вие сте веќе чисти преку словото што сум ви го проповедал (Јн. 15:3). Со слово Господ го создал светот, со слово го обновил, со слово простувал гревови, лекувал болести, изгонувал лоши духови, бури и
ветрови
стишувал. Со Своето свето слово Он и сега ги
исчистува луѓето, та исчистени да донесат поголем плод. Како лозите кога ќе се исечат и ќе се исчистат така словото Господово е силно, бидејќи произлегува
од
Сесилниот.
'Со
словото
Господово
се
создадоа
небесата" (Пс. 32:6). Словото Господово е светло како
сонце,
но,
кога
треба, тоа е и огнено,
па
го
изгорува
сето
она
што
оди
против
Господа.
Словото
Господово
е
слатко
како
мед,
но,
кога
треба, тоа е и горчливо како лекот. Словото Господово е добредојдено
како
пријател
кој
тропа
на
вратата
токму
кога
е
најпотребно но кога ќе затреба, Словото
Господово
е
како
судија
кој
затекнува
во
грев
и
осудува,
не
допуштајќи изговори. Словото Господово е вистинито,
праведно,
мудро,
милостиво:
затоа
е
така
сесилно.
Никој
и
ништо не може да Му
се
спротивстави,
ни
на
небото, ни на земјата. И зборот
човечки е моќен
кога
е
вистинит,
праведен,
мудар
и
милостив.
Но
како
што
болеста
може еден џин да
го
ослаби и изнемошти да постане
немоќен како дете така лагата, неправдата, безумноста и немилоста го снеможува зборот човечки и постанува ништо
како
чкртање
на
лисицата
против
месечината. Кој ги штеди зборовите, тој ги кове од чисто сребро. А кој немилосрдно
ги
растура,
тој
мора
да
ја
помешува земјата со среброто. Словото Твое е, о Господи, живот и
вистина.
Исчисти нé со Твоето сесилно Слово како што Си ги исчистил апостолите. Многумина да родиме плод и да се
удостоиме
за
Твоето
царство.
На
Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Претсмртна молитва на св. Трифун: 'Господи, Боже на боговите
и
Цару
на
царевите,
Најсвет
од
сите
светии,
Ти
благодарам
што
ме
удостои
да
го
завршам подвигот без колебање. И сега Ти
се
молам
да
не
ме
допре
раката
на
невидливиот
демон,
да
не
ме
одвлече во длабочината на погибелот туку Твоите свети ангели нека ме воведат во прекрасните Твои населби и направи
ме
наследник
на
саканото
Твое
царство.
Прими
ја
душата моја и услиши ја
молитвата
на
сите
оние
кои
ќе
Ти
принесуваат
жртва
во
мој
спомен;
погледни
на
нив
од
Твоето
свето
живеалиште; дарувај им обилни и негнилежни дарови.
Зашто Ти си единствен благ и милостив Дародавец, во вечни векови, амин”. Откако св. Трифун пострадал во Никеја и откако над
неговото
мртво
тело
се
случиле многу чудни исцеленија, никејските граѓани сакале да го погребат во
своите
гробишта. Но светителот му се јавил некому во визија и ја искажал својата желба да го
пренесат
во
неговото
село
Кампсада
каде
што
некогаш
чувал
гуски таму
да
го
сохранат. СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за Господа Исуса како свеж и здрав воздух
на
душата, и тоа: 1. како
свеж
и
здрав
воздух
со
кој
душата дише и од
трулење
се
спасува; 2.
како
свеж
и
здрав
воздух,
кој
пророците,
апостолите
и
светителите
го
вдишувале и биле здрави во душата; 3.
како
свеж
и
здрав
воздух
на
мојата
душа што го изгонува здивот на гревот во мене и ме прави
свеж
и
здрав
душевно. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1 ФЕВРУАРИ/14 ФЕВРУАРИ 1. Св. мч. Трифун.
Роден
е
во
селото
Кампсада
во
Фригија
од
сиромашни родители. Во детството чувал гуски. И уште
од
детството
врз
него
била
благодатта
Божја, та можел да им ги исцелува болестите на луѓето и на стоката
и
да
изгонува
лоши духови. Во тоа
време
со
Римското
Царство
владеел
царот
Гордијан,
чија
ќерка
Гордијана
се
симнала
од
умот
и
со
тоа
својот
татко
го
фрлила
во
голема
жалост.
Сите
лекари
не
можеле на безумната Гордијана ништо да ‘и помогнат. Тогаш лошиот дух од безумната девојка проговорил и рекол дека
него
никој
не
може да го
истера
освен
Трифун.
По
многуте
Трифуни
од
царството
и
овој
млад
Трифун
бил
повикан
по
Божјата промисла. Тој бил доведен во Рим каде што ја исцелил царската ќерка. Царот му подарил многу дарови, а св. Трифун
при
враќањето сите им ги разделил на сиромасите. Во своето село ова свето момче продолжило да
чува
гуски
и
да
Му
се
моли
на
Бога.
Кога
се
зацарил
христоборниот Декиј, светиот Трифун бил тормозен и остро мачен за Христа. Но тој ги поднесол сите мачења со голема радост говорејќи: 'О кога би можел да се удостојам со оган и маки да
завршам за името на Исуса Христа мојот Господ и Бог!" Сите маки
ништо не му наштетиле и мачителите
најпосле
го
осудиле
на
исекување
со
меч.
Пред
смртта,
св.
Трифун
Му
се
помолил
на
Бога
и
Му
ја
предал
својата
душа на својот
Создател
во
250 година. 2. Св. мчци Перпетуа, Фелицита, Сатир и други со нив.
Во
времето
на
царот
Септимиј
Север
сите
биле
фрлени
во
затвор
како
христијани.
Света
Перпетуа
била
од
благороден
род.
Таа
ги
храбрела сите останати затвореници во самицата да не се плашат да пострадаат за Христа. Во сон Перпетуа видела скала од земјата до небото сета наредена со остри ножеви, мечеви, копја, јадици, клинци и со други
смртоносни
оружја. А на дното
на
скалата
лежела страшна змија. И видела како
Сатир
прв
истрчал по скалата до врвот неповреден, па од врвот ‘и викнал на Перпетуа: 'Перпетуа, те чекам, ајде, но варди се од змијата!" Охрабрена со тоа, Перпетуа ‘и застанала на главата на змијата како на прво скалило, па со ред брзо истрчала до врвот. Кога се искачила до врвот, влегла во небесата, ги видела прекрасните дворови небесни и била мошне радосна. Кога го раскажала својот сон, сите затвореници протолкувале дека им претстои скорешна смрт и тоа прво
на
Сатир.
Тоа
брзо
и
се
остварило.
Прв
бил
убиен Сатир, па Перпетуа, па останатите со ред. Како јагниња исклани за Христа Јагнето Божјо тие од Христа и примиле вечна
награда
во
Царството
на
светлината.
Пострадале
сите
за
Христа
во
202 -
203 година. 3. Преп. Петар Галатиски.
Во
својата
седма
година
го
напуштил родителскиот дом заради Христа и се повлекол
в
пустина.
Тука
со
пост
и
молитва
толку
се
усовршил што многу чуда правел со силата на Духот Божји. Околу 429 година се преселил во вечното Царство Христово, во својата 99. година. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА против сквернавење и за извршување на целиот Божји закон Ова требаше да го правите, но и она да не го оставате (Лк. 11:42). Овде се мисли на законот и милоста. Во душите на фарисеите и секташите нема
место
за
двете,
т.е. тие не можат и да ги
извршуваат прописите на законот и да прават
милост,
туку
препирајќи се за
тоа
што
е
поважно од овие двете, едното го испуштаат а второто го чуваат.
Фарисеите
формално
строго
ги
чувале
законските
прописи,
но
сосема
ги
напуштиле милоста и човекољубието. Секташите, пак, си ласкаат себеси дека ја чуваат правдата Божја, но сосема ги отфрлаат прописите на црковните закони. Православието претставува полнота на верата. Тоа заповеда да се прави тоа и да не
се
остава
она.
Тоа
е
внимателно
кон
надворешните прописи на верата како човек кога оди помеѓу земјени садови и
внимава
да
не
ги
искрши. Но тоа е уште
повеќе внимателно кон правдата
и
милоста
Божја, како човек кој оди меѓу земјени садови и
ги
цени
и
ги
чува,
не
заради
земјата
од
која
тие
се
направени,
туку
заради
скапоценоста
на
содржината што е во нив.
Празните
садови
што
никогаш
со
никакво
пиење
не
се
полнат
се
безвредни
како
и
празните
фарисејски
законски
форми.
Пијалакот,
пак,
што
се
истура
на
ветрот
се
растура
и
се
губи, бидејќи не се
истура
во
одредени
за
тоа
садови.
И така, во православието
нема
едностраност,
како
што
ја
немало
и
во
Господа
Исуса.
Господ
му
вели
на
Јована
Крстител
дека
кој
дише со правда
и
со
милост
Божја, треба да го
исполни
законот;
а
на
фарисеите,
на
празните
параграфлии
без
правда
и
милост
Божја им вели: 'Милост
сакам,
а
не
жртва!"
Очигледно е дека е
поважно она што треба да го
правиме
отколку
она
што
треба да го
оставиме.
Но
ни
малку
не
значи дека она
што
е
помалку
важно е непотребно. Во
човечкиот организам има полно важни и полно неважни органи, но сите тие заедно го прават човечкото тело. О Господи, сеопфатен, не давај
ни
да
бидеме
еднострани,
но
помогни
ни
да
ја
исполниме
целата
Твоја
волја.
На
Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Иако светите отци го фалеле монаштвото како ангелски чин; иако многумина од најголемите светители го проживеале векот и дошле
до
совршенство во глува и безживотна пустина, сепак, православната црква не им препорачува монашење на сите верници. 'Ниту сите во пустината се спасија, ниту во светот сите загинаа", рекол еден светител. На еден граѓанин, кој не бил наклонет кон монаштвото а сакал да
појде
во
манастир,
св.
Неофонт
му
рекол:
'Чедо,
местото
ниту
го
спасува
ниту
го
погубува човекот, туку делата го спасуваат или го погубуваат”. Нема корист ни од свето место ни од свет чин оној кој не ги исполнува заповедите Господови. Саул, кој живеел во царска раскош, пропаднал; Давид во исто таква раскош -
добил венец. Лот живеел помеѓу беззаконите Содомци -
и
се
спасил;
Јуда
бил
помеѓу апостолите и отишол -
во
Пеколот.
Којшто зборува дека не е можно
да
се
спаси
со
жена
и
деца,
тој
се
лаже. Аврам имал жена и деца, и 318 робови и слугинки, и мноштво злато и сребро
-
па
сепак
е
наречен 'другар Божји”. О колку служители на црквата и љубители
на
пустината
се
спасиле!
Колку
велможи и војници!
Колку
занаетчии и работници! Биди
побожен и човекољубив и ќе се спасиш. СОЗЕРЦАНИЕ
Мисловно да Го гледам Господа како домаќин во домот Свој, и тоа: 1.
како
Он
оди
по
овој
свет,
како
Оној,
кој
има
власт
заповедувајќи ‘и на природата и изгонувајќи ги
демоните; 2.
како
Он
грижливо се труди за секој човек со кого ќе се сретне,
како
домаќин за своите деца; 3.
како
Он
се
однесува
во
храмот
како
домаќин во домот, очистувајќи го храмот
од
трговците. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
31 ЈАНУАРИ/13 ФЕВРУАРИ 1. Св. Кир и Јован,
бесребреници и чудотворци. Овие милосрдни и чудни светители не биле браќа по крв,
туку
биле
браќа по дух.
Кир
најнапред
живеел
во
Александрија
и како
лекар
ги
лекувал
луѓето и со силата
Христова
и
со
физички лекови. Дознавајќи дека болестите најмногу ги напаѓаат луѓето заради гревовите, тој секогаш ги упатувал болните со покајание и со моитва
да
ја
очистат својата душа од гревовите,
та
преку
тоа
да
би
го
повратиле
и
здравјето
на
телото.
Кога
настанало
Диоклецијановото
гонење
на
христијаните,
Кир
се
оддалечил во Арабија каде што примил монашки чин. Но како што бил познат во Александрија, така се прочул и во Арабија, та луѓето и овде прибегнувале кон него за помош. Кога слушнал за Кир, Јован, тогашен римски офицер во Едеса, дошол во Арабија да го види Кира. Кога се виделе, тие двајцата се засакале еден со друг како браќа и останале
заедно
да
се
подвизуваат.
Во
тоа
време
мачителите измачувале некоја христијанка, Атанасија, со нејзините три ќерки во градот Каноп. Слушнале за ова Кир и Јован и
дошле во Каноп да ги храбрат мајката и ќерките за да не отпаднат од верата. И навистина, благодарејќи на
советите
на
овие
светители,
Атанасија
ги
претрпела
сите
мачења и со ќерките
била
погубена за Христа. Ќерките на Атанасија се викале: св. Теоктиста од 15 години, Теодотија од 13 години и Евдокија од 11 години.
Тогаш
мачителите ги фатиле Кир и Јован и,
по
мачењата и затворот, ги исекле
во
311 година.
Овие
свети
маченици направиле безбројни чуда и за животот
и
по
смртта.
Нивните
мошти во времето на царот Аркадиј биле пренесени во Рим. Тие се повикуваат на помош посебно при несоница, при осветување на вода и при елеосвештение. 2. Св. мчца Трифена.
Доброволно и храбро
поднесла
многу
маки
за
Христа.
Бидејќи не сакала
да
се
одрече од верата,
‘и бил
пуштен еден бесен бик, кој ја избодил и ја убил. Тоа се случило во I век. Неа
ја
повикуваат
на
помош
мајките
кои
не
можат да ги дојат своите деца. 3. Преп. Никита Печерски.
Како
монах,
не
го
послушал игуменот, се оддалечил од манастирот и се затворил
во
една
келија.
Заради
непослушноста, Бог му испратил едно искушение. Еднаш, кога Никита бил на молитва, му се јавил ѓаволот во вид на светол ангел и му рекол:
'Немој
повеќе да се
молиш,
туку
читај
книги,
а
јас
ќе
се
молам
за
тебе!" Никита послушал, престанал да се моли и почнал
да
чита
книги.
Го
читал
само
Стариот
завет,
а
Новиот
никако
не
можел да го отвори затоа што тоа не му го дозволувала ѓаволската сила. Со помош на ѓаволот и пророкувал и тоа
само
лоши дела, кражби,
палежи и останати
лоши дела што му
се
познати
на
ѓаволот
затоа
што
и
тој
во
нив
учествува. Најпосле, светите отци печерски увиделе дека Никита паднал во ѓаволска измама, па почнале да се молат на Бога за него. Никита се повратил, ја увидел пропаста во која бил, горко се покајал за непослушноста и гордоста и се
упатил
по
вистинскиот
пат.
По
долго
каење
и
многу
солзи,
Бог
му
опростил
и
го
дарувал
со
дар
на
чудотворство.
Се
упокоил
во
1108 година. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА
за тоа како луѓето мораат да бидат како децата за да бидат Божји синови Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно (Мт.
18:3). Така говори Господ и Неговиот збор
е
свет
и
вистинит.
Каква
е
таа
предност
на
децата
над
возрасните?
Имаат
три
предности:
во
верата,
во
послушноста и во незлобноста. Детето го прашува родителот за сé. И што и да му
одговори
родителот,
тоа
му
верува.
Детето
е
послушно на својот родител и лесно ја
потчинува својата волја на волјата на родителот. Детето е незлобно, и
иако
брзо
се
лути,
брзо
и
опростува.
Тие
три
работи ги бара Господ од сите луѓе: верата, послушноста и незлобноста. Тој бара
луѓето безусловно да веруваат во Него како што детето верува на својот родител, безусловно да бидат послушни кон Него како што е детето послушно на својот родител; и да бидат
незлобни во односот еден кон друг, да не го паметат злото и да не
враќаат зло за злото. Верата, послушноста и незлобноста се
главни
одлики
на
детската
душа. Покрај нив, уште доаѓаат: бестрасноста и радоста. Детето не
е
среброљубиво, детето не е лакомо, детето не
е
славољубиво; тоа има непоматено око од пороци и непоматена радост од
грижи. О браќа, кој може повторно да нé
направи
деца?
Никој
освен
единиот
Христос.
Он
може повторно да нé
направи
деца
и
со
помош
на
нашето повторно раѓање, и тоа: со
Својот
пример,
со
Својата
наука
и
со
силата
на
Својот
Свет
Дух. О Господи Исусе, совршен во
послушноста и незлобноста, вечен
младенецу
на
небесниот Отец, помогни ни да бидеме како младенци со верата во Тебе, со послушноста кон Тебе и со
незлобноста на еден кон друг. На Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Еве пример како царевите бараат совет од светителите, како светителите ја избегнуваат суетата и богатството и како ги советуваат царевите. Православниот бугарски цар Петар тргнал со својата придружба по планината Рила, гонет од голема желба да го види св. Јован Рилски и да се ползува со неговата поука. И ги испратил царот луѓето напред да му јават на светителот. Но светителот не се согласил да се сретне со царот. Ожалостениот цар испратил повторно луѓе со нешто храна и доволно злато со молба, светителот да му напише некаков совет. Јован ја примил храната, а златото го вратил, не сакајќи ни да го допре, а на царот му одговорил: 'Ако сакаш небесно царство, биди милостив како Отецот небесен. Не надевај се на неправда и не биди користољубив; биди кроток, тивок и за секого достапен. Не примај пофалби од своите великодостојници. Твојот порфир нека свети со добродетели. Сеќавањето на смртта да не ја напушта твојата душа. Смирувај се пред стопите на мајката црква; приклонувај ја главата пред нејзините првопрестолници, та Царот на царевите, гледајќи ја твојата сесрдност, да те обдари со благо какво што никогаш во срцето на човекот не дошло”. Кога го добил тоа писмо, царот го целувал и потоа честопати го препрочитувал.
СОЗЕРЦАНИЕ
Мисловно да Го гледам Господа Исуса како пријател на децата, и тоа: 1.
како
пријател
на
небесните ангели, кои се невини како деца, послушни се и бестрасни; 2.
како
пријател
на
малите
деца
на
земјата,
кои
просто
и
лесно
веруваат
во
Бога; 3.
како
пријател
на
светителите,
кои
со
труд
и
благодат
се
очистени од гревот и постанале невини како
децата.
Изменето од orto - 12.Февруари.2007 во 09:24 |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
30 ЈАНУАРИ/ 12 ФЕВРУАРИ 1. Три Ерарси.
Светителите:
Василиј
Велики,
Григориј
Богослов
и
Јован
Златоуст
имаат
секој
посебно свој ден на празнување во месец јануари и тоа: Василиј
на
1 јануари,
Григориј
на
25 јануари
и
Златоуст
на
27 јануари.
Празникот
Три
Ерарси
е
востановен
во
ЏИ
век,
за
време
на
царот
Алексиј
Комнен.
Еднаш
од
некаде
настанала
во
народот
расправа
околу
тоа
кој
од
овие
тројца
е
најголем?
Едни
го
воздигнувале
Василија
заради
неговата
чистота
и
храброста други го воздигнувале Григорија заради неговата недостижна длабочина и височина на
умот
во
богословието,
трети
го
воздигнувале
Златоуст
заради
неговата
чудна
красноречивост и јаснотија во излагањето
на
верата.
И
така,
едни
се
нарекле
Василијани,
вторите
Григоријани,
а
третите
Јованити.
Но,
според
Божја промисла, овој спор биле решен во корист на црквата и на уште поголема слава на тројцата светители. Епископот Евхаитски Јован (14 јуни) имал една визија во сон. Имено најнапред му се јавиле секој од овие тројца светители поединечно во голема слава и неискажливо велелепие,
а
потоа
сите
тројца
заедно.
Тогаш
му
рекле:
'Ние
сме
едно
во
Бога,
како
што
гледаш,
и
ништо нема во нас противречно... ниту помеѓу нас има
прв
и
втор”.
Уште светителите го посоветувале епископот Јован да им напише една заедничка служба и да
им
се
одреди
еден
заеднички ден како празник. По повод на тоа чудно видение, спорот бил решен на тој начин, што се одредило 30 јануари како заеднички празник на сите овие тројца Ерарси. Овој празник грчкиот народ го смета не само за црковен, туку и за свој
најголем
национален
и
училишен празник. 2. Свешт. мч. Иполит, еп. Римски.
Пострадал
за
верата
во
времето
на
Клаудиј.
Кога
во
Рим
девицата
Хрисија
била
немилосрдно
мачена за Христа, тогаш зад неа застанал пред мачителите и св. Иполит
и
ги
изобличил мачителите. Заради тој протест и тој бил
даден
на
суд,
суден
и
осуден
на
смрт
по
долготрајните
измачувања. Му ги врзале рацете и нозете и
го
потопиле
во
морето.
Со
него
и
со
Хрисија
пострадале
уште 20 маченици. Св. Иполит пострадал во 269 година. 3. Св. мч. Теофил Нови.
Како
војвода
на
царот
Константин
и
Ирина,
бил
заробен од Агарјаните и 4 години бил држан во затвор. Кога ги одбил сите муслимански напади за да ја напушти христијанската вера, бил исечен со
меч
во
784 година
и
се
преселил
кон
Господа. 4. Св. Петар цар бугарски.
Син
е
на
Симеон,
голем
почитувач на св. Јован Рилски. Бугарската црква ја направил независна од Цариград и го сочувал православието во Бугарија од богомилите. По една неуспешна борба со Унгарците
и
со
Русите,
умрел
во
967 година,
во
56. година
од
животот. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА зо совршенството низ извршување на волјата Божја Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело (Јн.
4:34). Еве спасоносен пример што ни го дава нашиот Спасител! Он, Кој имал толкава сила и власт и
мудрост,
говори
дека
дошол во светот, не да ја изврши Својата волја, туку волјата
на
Својот
Отец
и
не
да
го
изврши Своето дело
туку
Неговото,
а
ние,
макар
немоќни како пајажина, непрестајно ја истакнуваме својата волја и некое свое
дело!
И
ако
Синот
е
рамен
на
Отецот,
како
што
вели
на
друго
место:
'Јас
и
Отецот,
сме
едно",
сепак,
Господ
Исус
вели
дека
дошол во светот да ја изврши волјата на Отецот
и
да
го
изврши Неговото дело. Тоа Он
го
вели
не
за
да
ја
покаже маленкоста на Своето
битие
пред
битието
на
Отецот,
бидејќи едно е
битието
туку
затоа
за
да
ја
покаже величината на Својата
љубов кон Отецот и нас да
нé
побуди од љубов кон Бога да ја усвоиме потполно Неговата волја. Сета наша беда во овој живот доаѓа оттаму што ние
не
ја
спроведуваме
волјата
на
Оној
кој
нас
нé
испратил
во
светот.
А
Неговата
волја
не
ја
спроведуваме
затоа
што
немаме
љубов кон Него. Бидејќи, ако некој некого љуби, тој му ја извршува волјата. Господ рекол: 'Ако
ме
љубите, пазете ги моите заповеди"
(Јн.
14:15). Со
што
Господ
Исус
можел да ја пројави Својата љубов кон Отецот, ако не со извршување на волјата на Отецот? И со што
ние
можеме да ја покажеме нашата љубов кон Господа Исуса распнатиот за нас на крстот, ако не со извршување на Неговата волја? О браќа мои, нашата волја е лажна
како
сенка,
да
не
ја
следиме
за
да
не
погинеме,
туку
да
ја
следиме
волјата
на
човекољубивиот Господ, Кој единствено знае што е најдобро за
нас. О Господи, смирен и
човекољубив, научи нé да
ја
извршуваме Твојата волја. На Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Колку повеќе еден човек напредува
во
духовното
сознание
и
очистувањето на срцето, толку повеќе низината во која
се
наоѓа му изгледа
пониска,
а
височината кон која се стреми -
сé
повисока.
Кога
еден
духовен
големец
лежел на смртната постела, слушнал дека другарите го фалат заради неговите големи подвизи, тој заплакал и рекол: 'Деца, јас не
сум
направил
ни
почеток на духовниот живот”. Кога св. Игнатиј Богоносец лежел окован во затворот, на Ефесјаните им напишал: 'Не ви заповедам јас како нешто да значам. Макар што сум во окови за името на Исуса Христа, сепак уште не сум се усовршил во Него. Сега почнувам да станувам ученик и зборувам
со
вас
како
со
колегиум
на
мои
наставници”. СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа Исуса во простотијата на однесувањето, и тоа: 1.
како
Он
просто
се
однесува,
како
со
рибарите, така и со книжниците и кнезовите; 2.
како
Он
на
секој
се
отповикува
и
влегува
во
куќата на секого кој ќе Го покани; 3.
како
низ
сета
простотија
на
Неговото
однесување
јасно
зрачи царската отменост. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
29 ЈАНУАРИ/11 ФЕВРУАРИ 1. Свешт. мч. Игнатиј.
Главното
празнување
на
св.
Игнатиј
е
во
зима,
на
20 декември.
На
овој
ден,
пак,
се
празнува
преносот
на
неговите
мошти од Рим, каде што маченички пострадал, во Антиохија, каде што порано бил архијереј. Кога св. Игнатиј бил повикан во Рим, пред царот Трајан да одговара за својата вера, на тој долг пат го следеле неколку граѓани од Антиохија, побудени од големата љубов кон својот добар пастир. Светителот Божји, бидејќи никогаш не сакал
да
се
одрече од Христовата
вера,
презирајќи ги сите
ласкања
и
ветувања
од
царот
Трајан,
бил
осуден
на
смрт
и
фрлен
во
големата
арена
пред
ѕверовите.
Ѕверовите
го
растргнале
и
тој
ја
предал
својата
душа на Бога.
Тогаш
неговите
придружници ги собрале растурените коски, ги пренесле во Антиохија и чесно ги сохраниле. Но кога Персијците ја зазеле Антиохија во VI век, моштите на св. Игнатиј повторно биле вратени од Антиохија во Рим. 2. Св. мч. Роман, Јаков, Филотеј, Иперихиј, Авив, Јулијан и Паригориј.
Сите
овие
пострадале
за
Господа
Исуса
Христа
на
Самосат,
во
времето
на
царот
Максимијан
во
297 година.
Филотеј
и
Иперихиј
биле
великани,
а
останатите
биле
младенци
од
познат
род.
Ги
убиле незнабожците со страшна смрт, заковувајќи клинци во
главата
на
секој
од
нив.
Чесно
пострадале
и
во
вечна радост се вселиле. 3. Преп. Лаврентиј Печерски.
Доброволно го избрал затвореничкиот живот како поранешните затвореници Исакиј и Никита, внимателно чувајќи се
од
ѓаволската
измама,
на
која
овие
двајцата
во
почетокот се предале. Со големо воздржување, молитва и богомислие го достигнал високиот степен на совршенство. Од уплашениот демон дознал дека во Печерскиот манастир од 118 монаси имало 30 на кои од Бога им е дадена власт
над
лошите духови. Се претставил пред Господа во 1194 година. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕСЕДА за Човекот кој никој не Го знае Кој си ти? Исус им одговори: 'Почеток, како и што ви зборувам" (Јн. 8:25). Господ Исус е почеток
на
создавањето,
почеток на обновувањето, почеток на спасението, почеток на воскресението и слава на
бесмртните. Каде и да се
сака
некое
зло
во
светот
да
се
искорени,
Он
е
почеток. Без Него не се може. Каде и да се
сака
некое
добро во светот да се ндгради, Он е почеток.
Без
Него
не
се
може. Ако се сака да се искорени неслогата и злобата
во
семејството,
во
селото,
во
градот,
во
целиот
свет,
без
Него
не
се
може. Со Него мора да се започне. Ако се сака да се внесе добра волја, мир, љубов и слога
во
семејството,
во
селото,
во
градот,
во
народот,
во
целиот
свет,
без
Него
не
се
може. Он е почеток. Зошто без Христа не може да се
искорени
злото,
ниту
доброто да се насади? Затоа што секое зло е од гревот,
а
гревови
единствено
Он
може да опростува.
Кога
Он,
и
само
Он,
опростува
грев,
тогаш
гревот
е
откорнат
од
коренот.
А
никакво
добро без Него не може да се
насади
затоа
што
во
Него
е
сета
ризница
на
добрата, сето семе на добро. Единствено Он е сејач на доброто по нивата на светот. Апостолот Павле, кој сето тоа го знаел подобро од нас, вели: 'Сé можам преку Исуса Христа Кој ме крепи" (Филип. 4:13), а без Исуса Христа кој може да започно да се лекува од злото, да ги лекува другите од злото и да всадува
добро во себе, и да всадува
добро кај другите? Никој, навистина никој. Затоа браќа, ако сме решени да го искорениме злото во себе и кај
другите,
и
наместо
зло
да
всадиме
добро во себе и кај
другите,
да
започнеме од почетокот, т.е. да започнеме со победителот на злото и со сејачот на доброто -
со
Господа
Исуса
Христа. О Господи Исусе Христе,
биди
ни
почеток во секоја борба против злото
и
почеток во секое добро дело. На Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
|
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАСУДУВАЊЕ
Отсуството на завист кај светителите е една поразителна
и
чудесна
појава.
Не
само
што
светителите
не
дозволувале
зависта
да
им
го
плени
нивното
срце,
туку
и
со
сите
сили
се
труделе
своите
другари
да
ги
возвишат, а себеси
да
се
понижат. Кога еднаш св. Иларион Палестински го посетил Антонија во Мисир, св. Антониј извикал: 'Добредојде, Деницо, ѕвездо утринска!" На тоа св. Иларион одговорил: 'Здрав да си и ти, светол
столбу, што ја поддржуваш вселената!" Кога св. Макариј го фалеле како монах, светителот одговорил: 'Опростете браќа, јас не сум монах, но сум видел монаси!" Кога некои му говореле на св. Сисое дека тој го достигнал св. Антониј во совршенството, Сисое одговорил: 'Кога јас би имал само
една
мисла
на
Антониј,
јас
би
бил
целиот
како
оган!" СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за Господа Исуса како слуга, и тоа: 1.
како
Он
доброволно слегол помеѓу луѓето
да
биде
слуга
на
сите; 2.
како
Он
на
никого
не
ја
откажал добрата услуга што од Него се барала; Изменето од sard - 10.Февруари.2007 во 13:20 |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 45678 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |